ПОВАЖНИ НАБРОЈУВАЛКИ ПО ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ – II КОЛОКВИУМ ГЕОРГИЕВСКИ АНДРЕЈ
1.Кај нас се употребуваат следните видови на гипс: -штук (градежен гипс), кој се употребува при малтерисување и изработка на префабрикувани елементи и украсни предмети во ентериер; -алабастер (моделарски гипс), кој се употребува во вајарство, архитектура, за фино малтерисување; -гипс, кој претежно се употребува за малтерисување; - гипс, кој се употребува за кошулки, подлоги и готови подови. -покрај горенаведените, се употребуваат естрих гипс и алаун гипс.
2. Примена на гипсот Во градежништвото гипсот се користи за произвотство на гипсени, гипс- картонски, гипсцелулозни плочи, малтери и облоги од гипс кои служат за обложување на ѕидови, подови и тавани. По правило, елементите (или материјалите) направени од гипс не се употребуваат во случаите кога е можен нивен допир со вода, но сепак нивната примена во градежништвото е голема.
3. Видови на системи за сува градба и нивна примена Облоги на ѕидови- Обложување на постоечки ѕидови заради подобрување на топлинска, звучна, противпожарна заштита и заштита од штетни зрачења со лепење на гипскартонски плочи или ѕидна облога од гипскартонски плочи на метална потконструкција. Неносиви преградни ѕидови- За поделба на простории со комплетна изолација, како и за обликување на ентериерот со изведба на преградни ѕидови со еднослојна или повеќеслојна облога од гипскартонски плочи. Инсталациони ѕидови- Водење и обложување на целокупна водоводна, електрична или друга инсталација – во ѕид. Тавански облоги и спуштени тавани- Подобрување на топлинска, звучна, противпожарна заштита и заштита од штетни зрачења кај масивни или дрвени меѓукатни конструкции – особено практично кај реновирања и санации; за водење и обложување на целокупна водоводна, електрична или друга инсталација – на таван, со можност ентериерот убаво да се обликува
Суви подови -За израмнување и подобрување на изолационите својства на постоечки меѓукатни конструкции – особено практично кај реновирања и кај дрвени меѓукатни конструкции; погодни за водење на подно греење. Двојни подигнати подови- Водење на електрични, компјутерски и други инсталации во под – во административни и индустриски згради и во лаборатории. Обложување на столбови, греди и канали -Подобрување на противпожарна заштита на постоечка дрвена или челична конструкција; за обликување на ентериерот. Обложување на поткровја- Поделба на просторот, изолација и ентериерно обликување со примена на соодветни градежни делови со мали тежини и без вода. Рационално решение за под, ѕид, парапети, коси покриви, прозорци и сл.
4.Според својата намена и состав, гипскартонските плочи се делат на следните видови: -Гипскартонски градежни плочи, кои вообичаено се користат во градежништвото; -Гипскартонски импрегнирани плочи кои се користат во влажни простории т.е. кујни и бањи. Обложени се со специјален импрегниран картон кој ја намалува водовпивливоста; -Гипскартонски противпожарни плочи за противпожарни барања во градежништвото, во чие јадро се додадени незапалливи стаклени влакненца кои како арматура овозможуваат плочата да остане цела и да спречи пожарот да се рашири во други простории; *Малтерите се користат за: -ѕидање на сите видови ѕидови од камен, градежна керамика, варовничко-силикатна тула, бетонски и згуро-бетонски блокови и елементи од лесен бетон, -внатрешно и надворешно малтерисување на ѕидани и бетонски ѕидови, бетонски столбови, греди и долни површини на меѓукатни конструкции, -обложување (како спојно средство) на ѕидни и подни површини со различни видови на керамички и камени плочи и плочки, -заштита на основниот – носивиот материјал/елемент од конструкцијата од различни влијанија (противпожарни, хидроизолациони, антикорозивна заштита итн.)
5. Видови малтери Според намената, малтерите се делат на: -малтери за малтерисување,
-малтери за ѕидање, -декоративни малтери, -инјекциони малтери, -малтери за хидроизолација, -малтери за звучна и топлинска изолација, -малтери за заштита од зрачење. *Малтерот за малтерисување, пак, треба да има потребна конзистенција во дадените граници: -за основен слој: 8 до 10 cm -за завршен слој: 7 до 8 cm - ако завршниот слој е со додаток на гипс: 9 до 12 cm.
6. Обоени метали Во зависност од физичко-механичките својства и распространетоста во природата, обоените метали може да бидат: -лесни обоени метали (со волуменска маса до 4500 kg/m3 ) – алуминиум (Al), магнезиум (Mg) и др. -тешки обоени метали (со волуменска маса над 4500 kg/m3 ) – олово (Pb), бакар (Cu), цинк (Zn), никел (Ni) и др., -благородни метали – злато (Au), сребро (Ag), - ретки метали – малку распространети во природата *За да се добие јасна слика за структурата на стеблото на дрвото, се прават пресеци кои се меѓусебно нормални: -радијален пресек – изведен по оската и еден од дијаметрите на стеблото, -напречен пресек – нормален на оската на стеблото, -тангенцијален пресек – пресек изведен паралелно со оската на стеблото.
7. Производи од дрво Стремежот кон рационална потрошувачка на дрвото доведе до неколку различни степени на обработка на дрвото: -обична дрвена граѓа (традиционален облик на експлоатација на дрвото) – производот ги покажува сите својства на природно дрво; -материјали на база на дрво добиени со примена на различни индустриски постапки кои обезбедуваат рационална потрошувачка на дрвената граѓа – фурнири, шперплочи, панел плочи; -синтетички, сложени материјали добиени со т.н. длабока преработка на дрвото, постапките се сведуваат на добивање на различни облици на целулоза кои понатаму се преработуваат.
8. Дрвена граѓа Дрвената граѓа се добива со механичка обработка на дрвото – режење, сечење, дупчење, цепење итн. Производи со изменета структура на дрвото - за овие производи од дрво може да се користат и различни отпадни дрвени материјали. Принципот на составување е иситнат дрвен материјал плус некакво врзивно средство или лепак. Градежна галантерија - во оваа група се вбројуваат елементи од дрво со мали напречни пресеци кои се добиваат со сечење, рендирање и фрезување (глодање) на дрвената граѓа.
9. Поим и историјат на керамиката Денес се разликуваат следните видови керамика: -теракота - керамика од печена и неглазирана глина со црвена боја, од која се изработуваат водоводни цевки, кровни покривки и друго; -фајанс („полупорцелан“) - од фина глина која се пече при пониски температури во печки и има непроѕирна бела глазура која е погодна за сликање, а името го добил по градот Фаенце кој се наоѓа во Италија. -мајолика - полупорцелан од фина глина; - порцелани - најквалитетни керамички прозиводи со бела боја, сјај и стаклест изглед.
10.Грубата градежна керамика понатаму се дели на: градежна керамика за изработка на ѕидови, блокови за меѓукатни конструкции, покривна градежна керамика (ќерамиди). Фината градежна керамика, пак, се дели на:керамички плочки, специјални плочки и придружни елементи при примена на плочки (закривени плочки, аголни елементи, завршни елементи), канализациони и дренажни цевки и фасонски делови, санитарнотехнички производи (лавабоа, WC шолји, писоари), останати фини керамички материјали: шамот, теракота, порозни производи (плочи и цевки за филтрирање), експандирана глина – керамзит и др.
11.Во зависност од видот на мешавината, постојат повеќе видови на вештачки асфалти: -површински обработки, -пенетрации, полупенетрации и покриен макадам, -асфалтни бетони (асфалт-бетони), -лиени асфалти, -специјални асфалти.
12. Според својата намена, изолационите материјали се делат на три основни групи: -материјали за топлинска изолација, -материјали за хидроизолација, -материјали за звучна изолација.
13. Класификација на материјали за топлинска изолација Термоизолационите материјали може да се класифицираат според различни критериуми, меѓу кои: -според потекло на суровините за добивање, -според вредноста на коефициентот на топлоспроводливост, -според вредноста на волуменската маса, и -според местото и начинот на подготовка.
14.Термоизолационите материјали се делат на: -минерално потекло -органско потекло -термоизолациони малтери и бетони
15. Експандираниот полистирен се применува за: -изолирање на темели, -изолирање на подрумски ѕидови, -изолација на рамни и коси покриви, -изолирање на меѓукатни конструкции, подови и ѕидови, кај објекти кои се градени на класичен начин, како и кај оние кои се градени од префабрикувани елементи, -изолација на рамни и коси покриви, и -изработка на оплата за бетонски елементи.
16.Материјалите за хидроизолација треба да ги задоволат следниве услови: -да не пропуштаат и да не впиваат вода, -да се постојани во контакт со вода и во контакт со материјалите на кои се нанесуваат, -да имаат добра атхезија за материјалите на кои се нанесуваат, -да се задоволително пластични на ниски, и задоволително постојани на зголемени температури, -добро да поднесуваат нагли температурни промени, -да се способни да ја следат дилатацијата на подлогата на која се нанесуваат и да се во состојба да „премостат” мали прснатини кои може да се јават во подлогата, -да се отпорни на механички и на атмосферски влијанија (стареење), -да се лесни за примена, незапаливи, нетоксични, добри изолатори од струја и сл.
17.Според основните суровини од кои се добиваат, хидроизолационите материјали можат да се поделат на: -јаглеводородни материјали, -синтетички материјали, -метални ленти (фолии), -водонепропустливи малтери.
18. За звучна изолација се применуваат две основни групи на материјали: -материјали за апсорпција на звук - материјали со чија помош се смалува енергијата на одбиените (рефлектирани) звучни бранови, па со тоа се намалува јачината на звукот во просториите, -материјали за звучна изолација - материјали кои се користат за ослабување на звукот произведен со удар.
19.Материјалите кои се применуваат за звучна апсорпција може да се поделат на три групи: -порозни, -механички резонатори, -акустични резонатори.
20. Коефициентот на апсорпција на порозниот материјал е поголем доколку: -порозноста на материјалот е поголема, -дебелината на материјалот е поголема, -фреквенцијата е повисока
21.Во зависност од нивната волуменска маса се разликуваат следниве видови полимер-бетони: -конструктивен тежок полимер-бетон со тешки полнежи, -конструктивен топлоизолационен лесен бетон со минерални порозни полнежи (на пр. керамзит), -топлоизолационен исклучително лесен бетон со многу порозни полнежи (пенопласти, плута, дрво, перлит и др.).
22.Полнежите во пластичните маси можат да бидат: -прашести – минерални (кварцно брашно, креда, талк и сл.) и органски (дрвено брашно); -влакнести – дрвени и стаклени влакна; -слоевити – хартија, стаклени и памучни ткаенини, дрвен фурнир и др.