УНИВЕРЗИТЕТ ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”- ШТИП EКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-СТРУМИЦА Смер-финансии
Семинарска работа по предметот Теорија на фирми Тема:ПРЕДНОСТИ И СЛАБОСТИ НА МАЛИТЕ И СРЕДНИТЕ БИЗНИСИ
Ментор:
Изработил:
проф. д-р Круме Николоски
Борче Ангов бр. на индекс 083554
Струмица,Мај 2018
Содржина
1.Вовед.......................................................................................................................3 2.Главен дел..............................................................................................................4 2.1 Дефинирање на малите и средни бизниси..................................................4 2.2Предности на малите и на средните бизниси...............................................6 2.3.Слабости на малите и средните бизниси.....................................................8 2.4 Конкурентите како едни од најзначајните сили со кои се судруваат малите и средни бизниси во нивното посебно окружување..............................................11 3.Заклучок.................................................................................................................14 4.Користена литература..........................................................................................15
2
1.Вовед
Малите и средни бизниси се предмет на перманетно учење и истражување токму поради фактот што тие сe основни двигатели за постигнување забрзан економски раст, како место кое создава можности за зголемување на вработеноста и конкурентноста на една земја. Причина повеќе за зголемиот интерес за истите e и зголемениот број на мали и средни бизниси,независно од големата стапка на морталитет на малите претпријатија во првата година од своето работење, поточно во првите пет години, специфичните начини на нивно функционирање, позитивната клима која ја создаваат успешните мали и средни бизиси. Малите бизниси се можност за дејствување во одредена стопанска дејност со мал капитал.
Малите
претпријатија имаат едноставна организација структура под водство на сопственикот, токму преку таквата нивна поставеност се истакува неговата претприемачка природа. Иако најголем дел од нив остануваат мали нив целиот свој животен век сепак покрај големиот број на проблеми и замки со кои се соочуваат ти остануваат да бидат еден вид на локомотива која го влече целото стопанство во нагорна линија.Малите бизиси се распростаранети во сите секотори.Најприсутни во Р.Македонија се трговија на големо и мало, услуги, индустрија,како и градежништво. Токму на ваквите мали и средни претпријатија кои работат во областа на трговијата се соочуваат со предизвикот кој го носи новата технологија односно со предизвикот елетронска трговија.Електронската трговија е експлозивно појавување на Интернетот како главен канал на дистрибуција на добра, услуги, дури и на менаџерски и професионални работи.
3
2.Главен дел 2.1.Дефинирање на малите и средни бизниси
Според големината претпријатијата најчесто се делат на мали, средни и големи, но во последно време како посебна категорија се почесто се наметнуваат и микро претпријатијата.Кога размислуваме за малите бизниси прво што ни паѓаат на памет се бизниси од нашето непосредно опкружување како продавница во соседството,фризерскиот салон кој го посетуваме, пицерија и сл. Додека бизнисите како фабриката за мебел, автомобили ги сметаме за големи бизниси. Но всушност она што претставува големо во одредена индустрија во поглед на вработени, приходи, профит може да биде мало во друга и обратно.Од тука како основен проблем при поделба на бизнисите според големината се наметнува изборот на критериуми, според кои ќе се врши класификацијата. Најчесто како критериуми се земаат:бројот на вработени, висината на средствата(капиталот) со кој располага бизнисот, приходите, профитот и сл.Имајќи ги во предвид овие проблеми, при класификација на бизнисите според големината во праксата се користат различни показатали и различни гранични вредости. 1 Мал трговец е трговец кој во секоја од последните две пресметковни години, односно во првата година од своето работење ги задоволил два од можните три следни критериуми: Просечен број на вработени, врз основа на часовите на работа, да е до 50 работници, Годишен приход да е помал од 2.000.000 евра во денарска противвредност Просечната вредност ( на почетокот и на крајот на пресметковната година) на вкупните средства (вкупна актива) да е помала од 2.000.000 евра во денарска противвредност.
1
http://eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida_partaloska.pdf стр.6
4
Среден трговец се смета трговецот кој во секоја од последните две пресметковни години, односно во првата година од своето работење ги задоволил два од можните три следни критериуми: Просечен број навработени, врз основа на часовите на работа, да е до 250 работници, Годишен приход да е помал од 10.000.000 евра во денарска противвредност, Просечната вредност ( на почетокот и на крајот на пресметковната година) на вкупните средства (вкупна актива) да е помала од 11.000.000 евра во денарска противвредност.2
2.2.Предности на малите и средни бизниси 2
http://eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida_partaloska.pdf стр.9
5
Малите и средни бизниси успешно опстануваат на пазарот поради низа предности кои ги манифестираат во однос на големите бизниси. Предностите на малите и средни бизниси се однесуваат на: Развој на лични, непосредни односи-Малите бизниси се во добра позиција да развијат лични односи со клиентите, вработените и добавувачите, како
и
непосредни
контакти
со
потрошувачите.Блискиот
однос
со
потрошувачите обезбедува подобра услуга, соодветен одговор на нивните сугестии и приговори,создавајќи пријателска атмосфера. Овие предости на малиот бизнис особено доаѓаат до израз во секторот услуги, каде непосредниот личен контакт со корисникот на услугата е од големо значење за квалитетот на услугата и за задоволството на клиентот. Во големите бизниси
клиентите
можат
да
се
почувствуватаат
запоставени
и
игнорирани.Истражувањата покажуваат дека ваквата персонализирана услуга создава
патриотизам
кон
ваквите
мали
бизниси.Додека
непосредната
комуникација со вработените ги елиминира потенцијалните проблеми поврзани со погрешната интерпретација.Во одредени мали бизнси се произведуваат производи како музички инструменти,каде е потребна голема прецизност во работата, па затоа е и неопходен и непосреден и постојан надзор над работата на вработените. Ваквиот надзор е остварлив во малите бизниси поради малиот број на вработени. Малите бизниси од овој аспект исто така се погодни и за произвотво на производи за кои се потребни посебни знаења и вештини,(пример одреден уметнички талент), како и за производтво на производи во мали серии, најчесто луксузни или ексклузивни производи. Ниски општи трошоци-Поради малиот обем на работа, малите бизниси имаат пониски трошоци. Тие работат во мали простории со ниски трошоци за греење и осветлување.Исто така малите бизниси имаат мали залихи, па неплаќаат за складишта како и за одржување на залихите.Ниски трошоци резултираат со пониски цени за потрошувачите. Профитот служи како плата. Главен мотив за сопствениците на мали бизниси за отпочување со работа е тоа што профитот им служи како плата и на 6
тој начин тој работи за себе,профитот е еден вид на награда за сопственикот. Тој може да го контролира профитот со одликите кои ги носи. Флексибилноста-Една од најчесто истакнуваните предности на малите бизниси
е
нивната
флексибилност.Во
малите
бизниси
постои
помала
хиерархија и пократок синџир на команда за разлика од големите бизниси, што им овозножува поголема флексибилност, односно можат брзо да одговорат на промените на пазарот. Големите бизниси имаат цврсто воспоставен систем на работа и процедури кои тешко можат да се променат.Флексибилноста е и една од основните карактеристики на МСП.Флексибилноста е овозножена како резултат на низа фактори:непосреден контакт со пазарот, неформална организациска структура, користење на униврезални средства за работа и сл. Лесно се започнува со работа.Единствена правна пречка за започнување со работа се документација за локација, почетен капитал и дозвола за работа и регистрација.Не постојат други ограничувања за започнување со мало претпријатие. Едноставно одлучување-Сопственоста и менаџментот заснован на една личност овозможува едноставно одлучување.Одлуките зависат од знаењето со кое располага сопственикот. Инвентивност и иновации-Бидејќи немаат големи финансии за маркетинг, малите бизниси се инвентивни и користат различни ниско буџетни маркетинг
тактики
кои
може
да
бидат
поинтересни
и
поблиски
за
потенцијалните потрошувачи. Дополнителни услуги.Заради повисоките цени воведуваат различни дополнителни услуги (без потребна бирократија на големите) кои можат да бидат од големо значење за потрошувачите што претставува предност во однос на големите бизниси.3
2.3.Слабости на малите и средните бизниси
3
http://eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida_partaloska.pdf стр.22
7
Иако за малите и средни бизниси постојано зборуваме како за едни од најголемите работодаватели и за едни од клучните двигатели на економијата, сепак како мали и средни бизниси за место на пазарот треба да се натпреваруваат со големите глобални гиганти кои како такви располагаат со неограничена финансика сила и со воспоставени и добро познати брендови па во оваа „борба“ малите и средни бизниси во своето функционирање се соочуваат со низа слабости: Компаративна неефикасност.Оваа неефикасност се јавува како резултат на поголемите трошоци по единица производ што ги имаат малите бизниси во споредба со големите бизниси. Овие зголемени трошоци се повзани со истите фактори на флексибилност кои придонесуваа за предности кај малите бизниси. Недостиг на планирање.Малите и средни бизниси се постојано под влијание на пазарните промени и флуктуации.Затоа,малиот и среден бизнис потребно е да развие сеопфатен бизнис план, во кој детално се предвидени стартните и оперативните трошоци, како и да се пресмета кога се очекува бизнисиот да почне да генерира приходи. Исто така сопствениците на мали бизниси треба да развиваат планови за најлошите и најдобрите сценарија во своето работење. Доколку не се направи тоа може да биде погубно за малите бизниси.Исто така се јавува и потреба од стратегиско планирање,особно во средните бизниси кои во споредба со малите бизниси располагаат со повеќе средства и поголемо пазарно учесто за да се вклучат во процесот на стратегиско планирање. Работа многу часови дневно. На почетокот, сопственикот-менаџерот на малиот бизнис во исто време мора да бидете и продавач, сметководител, менаџер за човечки ресурси, па така и работното време, со оглед на тоа што треба да се завршат многу важни работи, ќе ви биде подолго од осум часа. Многу често сопственикот доаѓа прв наработа и последен си оди.Сето ова се однесува на фактот што сите работи сами ги вршат не се поготвени да делегираат дел од одговорноста. Ризик поврзан со клучните луѓе во бизнисот. Малите бизниси се зависни од способностите, знаењата, вештините, професионалните и личните карактеристики на сопственикот и членовите на неговиот тим, а било какви 8
промени поврзани со нив(повлекување, здраствени проблеми и сл) можат да доведат до проблеми во работата на бизнисот, а често и до сериозни кризи во работата. Висок пазарен ризик. Голем дел од малите бизниси работењето го засноваат на еден или неколку производи. За разлика од нив големите бизниси имаат
голем
асортиман
на
различни
производи,
па
доколку
падне
побарувачката за некој производ, загубата од овој пад се компензира со продажбата од друг производ.Оваа можност не постои за малиот бизнис, па ако падне продажбана на еден производ, тоа ќе резултира во намалување на нивните приходи. Недостиг од финансики средства.На малите бизниси не им се достапни сите извори на средства како на големите бизниси,а тие што им се достапни често се по неполовни услови.Банките не се наклонети кон одобрување на кредити на малите бизниси поради големиот кредитен ризик. Поради овие проблеми малите бизниси, особено ново настанатите најчесто обезбедуваат финансики средства преку:лични заштеди, заеми од пријатели и роднини или комерцијални кредити. Малите бизниси исто така обезбедуваат средстава и преку т.н бизнис ангели-богати инвеститори, кои во замена за удел во бизнисот инвестираат во мали бизниси кои се развиваат. Недостиг на специјализација.Големите бизниси имаат цели оделенија посветени за секој аспект од бизнисот, одделение за продажба, за сметковотсво и сл.Секој од овие сектори се состои од голем број вработени кои се специјализирани во овие специфични задачи.Ваквата специјализацијата која што постои во големите претпријатија обично придонесува за зголемена ефикасност и ефективност во работењето. Малите бизниси често не можат да си го дозволат овој луксуз.Наместо тоа,вработените често работаат различни задачи во текот на денот, пополнуваат каде што можат,без оглед на нивното ниво на стручност или работењето во малото претпријатие се одвива преку сопственикот кој располага со општи знаења а не специјализирани. 4
4
http://eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida_partaloska.pdf стр.24
9
Слика 2. Слабост на малите и средните бизниси
10
2.4. Конкурентите како едни од најзначајните сили со кои се судруваат малите и средни бизниси во нивното посебно окружување
Конкуренцијата постои во бизнисот,и за да можеме ефикасно да и се спротиставиме на пазарот, мораме да знаеме што прави, која маркетинг стратегија ја спроведува и на кој начин комуницира со клинтите.Сепак,начинот на кој како сопственик на мал бизнис се пристапува и се справува со неа,може да придонесе за успех или неуспех во бизнисот.Започнувањето со сопствен бизнис е игрње игра и победување во таа игра, сепак сопственикот треба да ја дефинира победата,започнувајќи со сопствениот став.Имајќи правилен став е поттик за успешно справување со конкуренцијата. Малиот бизнис може да ја зголеми флексибилноста на бизнисот во одговор на барањата на клиентите и на промените на пазарот. Малиот бизнис може да значи дека бизнисот може да биде пофлексибилен во односна системите за производство или во однос на цената.Тука можат да се наведат и уште неколку други важни работи што треба да се знаат во однос на конкуренцијата: -Да се биде различен, но не непрепознатлив.Да се биде уникатен е важно-но тоа е, исто така, нож со две оштрици.Да се биде премногу уникатен е навистина голема работа.Но тоа не е најидеално решение,бидејќи постојат други луѓе кои прават слични работи,и нема да можат да се направат истите работи подобро од нив.Затоа е најважно потрошувачите или клиентите да се во состојба да го идентификуваат бизнисот,а потоа до гоповрзат производот во прилог со тој бизнис.Значи, ако се работи за еден продавач на сладолед,не е потребно да се додава хамбургер во менито само да се биде различен. Едноставно,треба да се врши фокусирање на подобрување на продажбата на сладоледот од конкуренцијата. -Да се пронајде препознатлива карактеристика за бизнисот. Треба да се пронајдат начинида се издвои бизнисотво рамките на индустријата.Ова е другата страна од тоа да се биде уникатен.Треба да се придобијат порошувачите и клиентите,а не конкуренцијата,еден начин да се направи ова е да се биде препознатлив по нешто.Постојат многу работи што можат да се
11
контролираат во рамките на бизнисот, потребно е да се вложи труд и да се биде препознатлив по нешто. -Да се прошират и зајакнат општите стоки или услуги. Може да постојат многу сличности со конкуренцијата, но тоа не значи дека не може да се создаде разлика.Треба да се направи листа на општи стоки или услуги кои заеднички се нудат со конкуренција,треба да се пронајде ставка или услуга што може да се направи подобро или да се додаде содржина што конкуренцијата ја нема и со тоа да се направи зајакнување на производот. -Да се биде свој и фокусот да се насочи кон заштита на идентитетот.Нетреба да се дефинира бизнисот според индустријата или според другите играчи коисе во неа.Бизнисот,е индивидуален-може да има и други како него, нотие нема да бидат раководени од иста страна.Така,потребно е да се создаде сопствен идентитет, а притоа да не се одстапува од него,базирајќи ја секоја одлука што ќе се донесе како сопственик на мал бизнис без
разлика
дали
тоа
боли,помага,или
го
потврдува
идентитетот
на
компанијата. -Цена. Може да се поседуваат најдобри производи,најдобра поддршка за клиентите, но клиентите да се ценовно чувствителни.Цената е основен фактор во маркетинг миксот и мора паметно да се дефинира за своите производи – треба да се има на ум дека цената е единствениот
елемент на маркетинг
миксот кој генерира профит, сите други носат трошоци.Откако еднаш компанијата ќе се запознае со цените и понудите на конкурентите, во можност е да ги користикако точка за ориентација при формирањето на своите цени. Сепак, треба да се биде свесен дека и конкуренцијата ќе ги промени своите цени, како реакција на промената на цените. Во основа, компанијата ја користи цената за позиционирање на својата понуда во однос на своите конкуренти. 5
5
http://www.eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Dimeska_Julijana.pdf стр.49
12
Слика 3. Конкуренција
Слика 1. Од идеја до решение на проблемот и надминување на конкуренцијата
13
3.Заклучок
Во услови на глобализација на светската економија, секторот на малите и средни претпријатија нужно се интернационализира, а за тоа е потребно соодветно да се подготви. Единствено конкурентно способните претпријатија, што вклучуваат и примена на најсовремени знаења и нови технологии, можат да станат дел од светскиот пазар на стоки и услуги преку деловна соработка, партнерство и директни договори. Во рамките на тој контекст менаџерите треба да создадат услови за прифаќање на новините кои ги нуди техничко -технолошкиот развој а од нивната брзина во одлучувањето, од прифаќањето на новите знаења и искуства во користењето на најновите техники и технологии, зависи нивото на нивното ефикасно работење и стопанисување. Од друга страна пак Република Македонија е во големо заостанување во освојувањето и примената на современите технологии, а едновремено е ставена во значителна технолошка зависност од странство. Со цел да се продлабочи и да се засили соработката со странските партнери а со тоа и да се обезбеди соодветен технолошки развој на македонската економија потребно е преземање на низа законски и економски мерки како што се законска и друга поддршка на лизингот, лиценците, франшизингот како форми на трансфер на технологија и инструменти за финансирање на малите и средни претпријатија, активно вклучување во програмите на ЕУ во интерес на зголемување на партнерството и соработката со странски партнери, промоција на програми и проекти
за
приближување
кон
европските
стандарди,
создавање
на
институционална инфраструктура за промоција на претприемништвото и конкурентноста како и создавање на поволно деловно опкружување за непречен развој на претприемништвото. Сите овие мерки неопходно е да бидат реализирани од причина што долгорочните перспективи за развој на домашната економија се согледуваат токму од овој сектор.
14
Користена литература
1.
Д-р
Димитар
Ефтимоски,М-р
Славица
Ковачевска
Велкова,Зоран
Златковски:”Основи на бизнисот за прва година економско-правна и трговска струка”Скопје,2010 година 2.http://eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/magisterski_trud_vida_partaloska.pdf 3.http://eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/doktorska_disertacija_Aneta_Ri steska.pdf 4.http://www.eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Buleska.pdf 5.http://www.eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Dimeska_Julijana.pdf
15