1. Prvo Predavanje Smetkovodstvo.ppt

  • Uploaded by: mihaela231
  • 0
  • 0
  • May 2020
  • PDF

This document was uploaded by user and they confirmed that they have the permission to share it. If you are author or own the copyright of this book, please report to us by using this DMCA report form. Report DMCA


Overview

Download & View 1. Prvo Predavanje Smetkovodstvo.ppt as PDF for free.

More details

  • Words: 1,813
  • Pages: 18
Универзитет ,,Гоце Делчев,, Економски факултет

ОСНОВИ НА СМЕТКОВОДСТВО

Предметен наставник

Доц.д-р Благица Колева

Финален испит = 30% Тестови( колоквиуми 2х 20) = 40% Други активности = 30% - присуство теоретска настава - присуство на вежби - стручен труд

ВОВЕД ВО СМЕТКОВОДСТВОТО Сметководството претставува една комплетна функција во организациите, при чие извршување водењето книги или водењето сметки не ја одбележува неговата содржинска, туку само нецелосно и крајно симплифицирано неговата формална страна. Во некои дефиниции се поаѓа од целите и задачите, во некои од содржината на сметководствената функција во дадено време, во некои од суштината на книжењата од принципите на двојното книговодство итн. Сметководството има за цел да го следи и квантифицира работењето на претпријатието кое се манифестира низ промената на средствата, обврските, капиталот и успехот во работењето.

Појавата на книговодството во античко врме е резулатат на ширењето на трговијата и трговската размена, односно средствата на трговска размена т.е парите, и потребата од евидентирање на трговските трансакции. Двојното книговодство за првпат се развило во 14 век во Италија, лулка на модерното книговодство. Luca Pacioli во неговата книга Се за аритметиката, геометријата и пропорциите за првпат го разработува книговодството. Во 1904 година, 50 години по именувањето како формална професија, околу 6000 експерти во светот ја носеле титулата сметководители. Во 1957, имало 38690 сметководи (Шкоти, Британци и Ирци). Денес, само Англискиот Институт за сметководители брои околу 120000.

Улога на сметководството Во рамки на претпријатието се извршуваат неколку функции: производствена, комерцијална, финансиска, сметководствена и сл. Треба да постои јасна дистинкција помеѓу сметководствената и финансиската функција. Финансиската ф-ја е извршна функција: 1) прибирање на средствата; 2) трансформирање на средствата;3) враќање на средствата и 4) трансформирање на изворите на средствата. Сметководствената ф-ја е информативна функција: 1) Сметководствено евидентирање (книговодство) - евидентирање на сметководствените настани, организација на евиденционата постапка, изготвување на збирни пресметки и презентирање на збирните пресметки. 2) Сметководствено планирање - ги обезбедува потребните податоци за планирање на активностите во еден подолг или пократок временски период. 3) Сметководствена контрола - се протега на исправноста на документацијата, како услов за правилното функционирање на финансиското и другото работење. 4) Сметководствена анализа - врши расчленување на резултатите до кои се доаѓа по сметководствен пат со цел тие опстојно да бидат испитувани.

Цели и задачи на сметководството Од почетокот пред сметководството се поставувале следниве две задачи за задоволување на екстерните потреби на претпријатието :  Да го утврди точниот износ на средствата и изворите со кои располага една организација  Да го утврди финансискиот резултат како нето ефект од вршењето на бројни стопански операции кои го претставуваат работењето на една организација за определен период. Денес пред сметководството се наметнуваат и следниве две задачи:  Обезбедување на информации за тековно деловно одлучување во организацијата  Обезбедување на информации за долгорочно деловно планирање во организацијата. Ваквите задачи можеме да ги групираме во три прашања на кои сметководството треба да даде одговор:  1. Прашања од евиденционен карактер - дали јас работам добро или лошо?  2. Насочувачки прашања - на кои проблеми треба да им обрнам посебно  внимание?  3. Прашања за кои треба да се донесат решенија - помеѓу многуте можни начини да ја обавувам својата работа, кој е најдобриот?

Карактеристики на сметководствените информации Сметководствените информации треба да ги поседуваат следниве четири квалитативни карактеристики: 1. Разбирливост; 2. Релевантност; 3. Веродостојност; и 4. Споредливост. За оваа цел треба да се почитуваат следниве девет сметководствени концепти: 1. Концепт на двострано набљудување; 2. Концепт на вредносно мерење; 3. Концепт на субјектот; 4. Концепт на континуитет; 5. Концепт на историски трошок (набавна вредност); 6. Концепт на внимателност; 7. Концепт на значајност; 8. Концепт на реализација (настанување); и 9. Концепт на спротиставување.

Корисници на сметководствените информации Како корицници на сметководствените информации се јавуваат: 1. Вложувачи (инвеститори) и акционери; 2. Вработени; 3. Заемодаватели; 4. Добавувачи и останати доверители; 5. Купувачи; 6. Владите и нивните агенции; и 7. Јавноста. Менаџментот на претпријатието е првенствено одговорен да изготвува и презентира финансиски извештаи на претпријатието.

СМЕТКОВОДСТВЕНИ ДОКУМЕНТИ Сите промени во деловните книги се книжат врз основа на сметководствените документи. Секоја деловна промена во средствата и изворите на средствата, расходите и приходите, трошоците и учиноците, како и резултатот од работењето, во деловните книги, се книжи само врз основа на уредни и веродостојни сметководствени документи. Сметководствениот документ претставува писмена исправа со која се потврдува постоењето на еден сметководствен настан. Под оформување на сметководствената документација, всушност се подразбира патот на еден документ, почнувајќи од неговото издавање до неговото книжење и архивирање. Како заеднички елементи што ги содржат документите спаѓаат: датумот и местото на издавање на документот, име на документот, самиот настан, износот, имињата на фирмите или лицата кои учествуваат во деловниот настан, печат и потпис на овластени лица. Групирани од различни аспекти, најчесто се наведуваат следните групи на документи: 1. интерни и екстерни документи, 2. изворни и изведени документи, 3. основни и дополнителни документи, и 4.документи од аспект на тоа во која деловна функција се издаваат.

Сметководствената документација најчесто се дели на: - влезна книговодствена документација - ја составуваат деловните партнери и физичките лица надвор од претпријатието, - излезна книговодствена документација - се формира во претпријатието и потоа се доставува до деловните партнери и другите организации и лица, и - интерна книговодствена документација - главно се формира во самото книговодство и служи како подлога за регистрирање на одредените книжења во деловните книги. Влезна сметководствена документација ја сочинуваат: 1. доставниците на добавувачи за испорачаниот материјал, стоката или трајните средства, 2. фактурите на добавувачите, 3. писмени одобренија од добавувачите за бонитетите, попустите, прифатените рекламации итн., со што се корегираат обврските спрема добавувачите, примени меници и други хартии од вредност, 4. извештаи од деловните банки за состојбата на сметката, пресметаните провизии пресметаните камати и слично. Излезна сметководствена документација ја сочинуваат: 1) издадените фактури на купувачите за продадената стока, материјал или извршени услуги, 2) испратниците за материјалот или стоката, 3) товарните листови и другите транспортни документи, 4) издадените меници и други хартии од вредност, 5) издадените налози за плаќање од сметките на деловните банки,

6) издадените одобренија на купувачите за признаените бонитети, попустите, дадените рабати или за вратена неисправна стока и слично. Интерна сметководствена документација ја сочинуваат: 1) приемниците за материјал, стока или записниците за извршените услуги, 2) записниците за прием на стоката, материјалот и слично, 3) рекламационите записници во врска со приемот на материјалот, стоката или извршените услуги, 4) требувањата за материјалите, алатите и ситниот инвентар, 5) повратните требувања, 6) благајничките налози за уплатите и исплатите од благајната, 7) реверсите, 8) книговодствените налози за книжење на деловните промени, 9) пописните листи и сл.

Исправноста на документите се контролира од три аспекти: 1. од аспект на нивната формална исправност- има за цел да утврди дали документот ги содржи сите елементи: името на документот, количината, цената, износот, датумот на издавање, бројот на изгадените примероци, потпис на овластено лице. 2. од аспект на нивната материјална, суштинска исправност- има за цел да утврди дали сметководствениот настан, односно деловната трансакција навистина е случена онака како што е наведена во документот. 3. од аспект на исправноста на пресметките во нив, пресметковна исправностима за цел да утврди дали се точни пресметките извршени во документот.

Контирање, книжење, движење и чување на книговодствената документација Рационалното движење на книговодствените документи е еден од значајните фактори за ажурно книговодство. Движењето на книговодствените документи започнува од местото на нивното формирање, следи местото каде што треба да се задржат, потоа местото за нивна контрола и на крај книговодството како место за нивно контирање и книжење. Контирањето е стручна работа сочинето од анализа на деловниот настан врз основа на податоците во книговодствените документи, и подготовка на налог за книжење во кое се определуваат контата на кои треба да се евидентираат деловните промени. Врз основа на налогот за книжење, потоа промените се евидентираат во дневникот и се книжат во главната книга и аналитичките книги. Уредноста е една од основните принципи за организација на книговодството. Со закон или сметководствен стандард се определува должината на чување на документите.

СМЕТКОВОДСТВЕНА ЕВИДЕНЦИЈА

Под евиденција најчесто се подразбира регистрирање појави, настани и податоци или информации и нивни групирања врз база на определени правила (статистичка, оперативна и сметководствена евиденција). Предмет на сметководствената евиденција се т.н. сметководствени настани. Сметководствените настани се евидентираат ( се книжат ) хронолошки, систематски и аналитички приложувајќи определена ( сметководствена ) постапка, која е заснована врз определени правила. Хронолошко евидентирање значи книжење на сметководствените настани според временскиот редослед на нивното настанување. Дневникот спаѓа во задолжителните деловни основни книги во кој хронолошки се регистрираат сите деловни промени во текот на целиот период на работењето. Систематското евидентирање значи книжење на настаните по предмет, односно нивно групирање на соодветни сметки, што покажуваат поединечна состојба и промени на пооделните средства, изворите, приходите и расходите. Главната книга се состои од сметки на кои се води евиденција (книжи) за состојбата и движењето на сите средства и на изворите на средствата, приходите, расходите, трошоците и учиноците, како и резултатите од работењето. Аналитичката евиденција се води на помошните книги. Помошните книги служат за евидентирање на пооделни средства, приходи, расходи, трошоци, учиноци и резултати од работењето.

Сметководствените настани во основните и помошните деловни книги се книжат според принципите на двојното сметководство. Станува збор за методолошки општо усвоена постапка според која се евидентираат сметководствените настани. Книговодството е потполна и формална евиденција. Потполна евиденција - според принципите на двојното сметководство секој сметководствен настан предизвикува две промени кои што мораат да имаат едновремено квантитативно зголемување и намалување. Формална евиденција - секое книжење мора да биде засновано врз документ. Книжењето без документ претставува фалсификат. Не сите стопански настани се и сметководствени настани. Услови за да еден стопански настан, стане и сметководствен настан се: 1) да биде изразен во пари; 2) да предизвикува промени во големината и структурата на средствата и изворите; 3) да има оформено документација. Сите промени предизвикани од сметководствените настани, на крајот од периодот ќе се најдат групирани во сметките во коишто поединечно можат да се видат состојбата и промените на секое посебно средство, извор, приход и расход. За да се види целокупноста на средствата и изворите на средства и целокупноста на приходите и расходите на крајот од пресметковниот период се сочинуваат финансиски извештаи.

БИЛАНСИТЕ ВО ПРЕТПРИЈАТИЈАТА

Финансиските извештаи се структурирани финансиски презентирања на финансиската состојба и на трансакциите извршени од страна на претпријатието. Тие имаат за цел да обезбедат информации во врска со финансиската состојба, работењето и паричните текови на претпријатието кои се корисни за широк круг на екстерни и интерни корисници. Управниот одбор или друго управувачко тело е одговорно за подготвување и презентирање на финансиските извештаи. Составни делови на финансиските извештаи се билансот на состојба, билансот на успех, извештај за промените на капиталот, извештај за паричниот тек, сметководствени политики и објаснувачки забелешки. Финансиските извештаи треба објективно да ја презентираат финансиската состојба, финансиското работење и паричните текови на претпријатието. При подготвувањето на финансиските извештаи менаџментот треба да применува сметководствени политики. Сметководствените политики се специфични принципи, основи, правила и практики усвоени од страна на претпријатието при подготвувањето и презентирањето на финансиските извештаи. Во Република Македонија, во подготвувањето и презентирањето на ф.и. се применуваат Меѓународните сметководствени стандарди и Меѓународните стандарди за финансиско известување (извор:Службен весник на РМ бр. 159/09).

Related Documents


More Documents from ""