Sostav Za Zivotot.docx

  • Uploaded by: mihaela231
  • 0
  • 0
  • May 2020
  • PDF

This document was uploaded by user and they confirmed that they have the permission to share it. If you are author or own the copyright of this book, please report to us by using this DMCA report form. Report DMCA


Overview

Download & View Sostav Za Zivotot.docx as PDF for free.

More details

  • Words: 330
  • Pages: 1
Животот е премиера, нема реприза. Тој е премногу краток, заминува в миг, затоа живеј го својот живот и бори се за своите цели. Животот нè учи на грешките, да не тагуваме по изгубеното, да не жалиме за спомените. Животот е еден и единствен. Понекогаш е суров и тежок, полн со предизвици и искушенија. Непредвидени ситуации во кои сме учесници, неми сведоци или обични смртници. Животот е како прочитан роман, но со голема разлика, во романот можеш да се вратиш на најубавата страница, а во животот не можеш да се вратиш на најубавиот ден.Животот нè учи да го сакаме она што го имаме, а не она по кое мечтаеме. Да живееме реално и вистинито, да ја откриеме смислата на животот низ среќа и радост... таа е целта на секој човек. Животот е убав со убави доживувања, со искрени другарувања со радост и смеа. Треба да се радуваме на животот и на новото изгрејсонце. За некој смислата на животот е вечна борба меѓу доброто и злото, војната и мирот, болеста и здравјето, радоста и несреќата. За мене смислата на животот е да бидеме секогаш гордо исправени пред секоја препрека, насмеани и полни со љубов. Да се живее, значи да се постои. Да се радуваш на успесите, да не тагуваш многу по несреќите и да бидеш оптимист. Живејќи треба да им помагаме на блиските, да делиме љубов и добрина и да очекуваме таа да ни биде возвратена.Да се бориш за своите идеали, да имаш своја цел во животот – таа е смислата на животот. Со сета своја сила треба да се бориме за животот да ни биде убав. Не треба да се препуштаме на судбината и да се помириме со неуспесите.Треба да бидеме трпеливи и упорни. Верувам во судбинското, но сакам да ја изменам судбината кон подобар и посреќен живот. Во ваквата борба е мојата смислата на животот. Животот е премногу краток за да бидеш сит, искористи го секој миг, годините се само бројки. Не сонувај го животот, живеј го својот сон .

Related Documents

Za
June 2020 47
Za
June 2020 38
Chitoonyo_yar-za
June 2020 16
Za Tebe
November 2019 29

More Documents from ""