45478321-seminarska-smetkovodstvo.doc

  • Uploaded by: mihaela231
  • 0
  • 0
  • May 2020
  • PDF

This document was uploaded by user and they confirmed that they have the permission to share it. If you are author or own the copyright of this book, please report to us by using this DMCA report form. Report DMCA


Overview

Download & View 45478321-seminarska-smetkovodstvo.doc as PDF for free.

More details

  • Words: 4,076
  • Pages: 16
У Н И В Е Р З И Т Е Т „С В. К Л И М Е Н Т О Х Р И Д С К И“ - БИТОЛА ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - СКОПЈЕ

СЕМИНАРСКА РАБОТА СМЕТКОВОДСТВО

ФУНКЦИЈА НА КЛАСА 4 - ТРОШОЦИ И РАСХОДИ ОД РАБОТЕЊЕТО

Ментор:

Од студент:

Проф. Д-р Деса Б. Косаркоска

Сејнур Шаиновски Индекс бр. 96/08 редовен

Мај, 2009 Скопје

Содржина: Вовед I.1. Трошоци од работењето II.2. Група 41 - Услуги со карактер на материјани трошоци II.3. Група 42 - Резервирања за трошоци и ризици II.4. Група 43 -Амортизација и вредносно усогласување на долгорочните и краткорочните средства II.5. Група 44 - Нематеријални трошоци од работењето II.6. Група 47 - Плати и надомести II.7. Група 48 - Расходи по основ на камати, курсни разлики и слични расходи II.8. Група 49 - Распоред на трошоци Заклучок Користена литература

2

Вовед:

Сметководството е актуелна тема и проблематика што постојано предизвикува интерес за проучување и приспособување кон современата теорија и стопанска практика. Тоа постојано се усовршува, така што се зголемува неговата улога и значењето, пред сé, како резултат на празарните законитости и конкурентското однесување на трговските друштва. Постои дефиниција која под трошоци подразбира парично изразен потрошок на елементите во процесот на репродукција. Бидејќи како елементи на производството се третираат материјалот, средствата за работа и работната сила, тука разликуваме трошоци на материјалот во кој влегуваат и туѓи услуги, трошоци на средствата за работа (амортизација) и трошоци на работната сила. Трошоците претставуваат фундаментален и решавачки фактор за успехот или неуспехот од работењето на секое претпријатие. Во практиката не постои пинакво мислење или каква било дилема за таквата улога и значење за трошоците. Поаѓајќи од комплексноста на проблематиката на трошоците, тие се предмет на истражување на многу економски дисциплини со што се обезбедуваат пософиустицирани елаборации за нивното место, значење и улога во работењето на претпријатијата.

3

I.1. Трошоци од работењето Слободно може да се каже дека проблеми се јавуваат кога треба да се укаже на начините и патиштата со кои се придонесло за намалување на големина и динамика на трошоците. Ова особено е значајно во современите конкурентски услови на стопанисување кога дејствувањето на пазарот и капиталот им наметнува на сопствениците единствена задача: постигнување поголемо производство со помали трошоци. За извршување на било каква активност мора да се трошат одредени средства и труд. Токму оттука, денес се почесто се слуша мислењето дека фокусот на економската наука и економската практика се става на укажувањето дека резултатите од работењето во сите сегменти во стопанисувањата треба да се остварат со помали вкупни трошоци на средствата и трудот. Постојат различни мислења за трошоците и расходите. Поточно, во различни периоди во развојот на стопанисувањето се јавувале различни приоди и се давале различни третмани на трошоците, како исклучително сложена и чуствителна проблематика. Од економски аспект, поимот тошоци се поврзува со процесот производство, поточно, со поимот ново создадени учиноци иако тоа во практиката не е така. Трошоците настануваат насекаде, во сите домени и сегменти од работењето и дејствувањето независно дали се работи за производствени или трговски претпријатија. Трошоците што настануваат во трговските претпријатија, бидејќи немаат производствен карактер добиваат третман на расходи. Поради тоа во производствените претпријатија трошоците сметководствено се евидентираат на соодветни сметки од класата 4 - трошоци и расходи од работењето. Расходите ги сочинуваат деловните расходи, расходите од финансирање и вонредните расходи. Деловните расходи ги сочинуваат:  Материјалните трошоци (трошоците на материјалот, енергијата, резервните делови и ситниот инвентар, услугите кои имаат карактер на маеријални трошоци и вкалкулирани долгорочни резервирања на материјалните трошоци);  Амортизацијата и ревалоризацијата на амортизацијата;  Нематеријалните трошоци (надомест на трошоците на работниците и населението), непроизводни услуги, репрезентација, премии за осигурување, трошоци за заштита на човековата околина, даноци кои не зависат од деловниот резултат, придонеси кои не зависат од деловниот резултат, банкарските услуги и чланарини на здрженијата, надомест на работниците за иновација и рационализација, останати нематеријални трошоци и вкалкулирани долгорочни резервирања на нематеријалните трошоци;  Вкалкулирани бруто плати;  Набавна вредност на продадените стоки и материјали; Всушност наброените расходи освен елементот набавната вредност на продадените стоки и материјали претставуваат трошоци и тие се опфатени во класата 4. Во билансот на успех деловните расходи претставуваат збир на трошоците искажани од класа 4 во пресметковниот период зголемени односно

4

намалени со вредноста на залихата на недовршено производство и готовите призводи на крајот во однос на почетокот на пресметковниот период. Според тоа, разликата помеѓу трошоците и расходите би била во тоа што трошоците се опфатени во класа 4, а расходите ги сочинуваат трошоците корегирани со разликата на вредноста на залихите на недовршеното производство и готовите производи на крајот во однос на почетокот на пресметковниот период. Во расходи можат да се пресметаат само оние расходи (трошоци) кои се непосреден услов за вршење на дејноста на организацијата или се последица на обавувањето на таа дејност односно само оние расходи кои се непосреден услов за остварување на нејзините приходи, вклучувајќи ги и трошоците за освојување на ново производство и трошоците за истражување. Во расходите исто така се пресметуваат и расходите за спречување штетни последици за дејноста на организацијата што настанале за други правни и физички лица, односно расходите за отстранување на таквите последици. Според тоа, трошоците односно расходите се пресметуваат во периодот во кој настануваат, но износите не трошоците за остварување на ново производство и трошоците за истражување и откривање можат да се резервираат и пренесат во идната година како долгорочни резервирања. Заради функционаност и подобра прегледност трошоците од класа 4 се организирани по конта како една целина. Понатаму, во овај труд, ќе бидат прикажани групите од класа 4 и ќе биди објасната поедниечно нивната функција. II.1. Група 40 - Трошоци за суровини, материјали, енергија, резервни делови и ситен инвентар Оваа група е посебно важна за производните претпријатија, бидејќи понекогаш и преку половина трошоци ги сочинуваат материјалните трошоци. Според тоа, на евиденцијата и манипулацијата на овие материјали треба да се посвети посебно внимание и стручност во работењето. За да може претпријатието систематски да ги прати и контролира движењето на метеријалните трошоци како и за потребите за калкулација на чинење на производот, потребите на анализа на работењето и слично битно е и потребно конто 400 да се расчлени на одделни аналитички конта според специфичностите на дејноста и желбата што се сака да се прати. Набавната вредност на материјалот односно резервните делови ја содржи нето фактурната вредност, царините, други увозни давчки, даноци и други давачки кои се наплатуваат со цената на добавувачот, трошоци за транспорт, осигурување и останати зависни трошоци на набавката. Методата на евидентирање на залихите на материјали односно на резервни делови по просечни набавни цени обезбедува при секоја нова набавка пресметување на нова просечна набавна цена по која се искажуваат потрошените материјали. По оваа метода финансискиот резултат реално се искажува, со што влијанието на инфлацијата се избегнува со ревалоризацијата. Кога материјалите се водат по плански цени мора да се евидентира отстапувањето помеѓу стварните и планските набавни цени. Со ставање на материјалите во производство потребно е да се пресмета отстапувањето што се однесува на потрошениот дел на материјали, со цел да се изврши нивна корекција.

5

Група 40 - Трошоци за суровини, материјали, енергија, резервни делови и ситен инвентар се расчленува на следните синтетички сметки: 400 - Потрошени суровини и материјали; 401 - Потрошена енергија; 404 - Потришени резервни делови; 405 - Отпис на ситен инвентар. За да се објасни функцијата на група 40 - ??? потребно е да се дадат неколку примери, односно практично да се согледа и да се потенцира суштинското значење и улога што трошоците го имаат при управувањето со трговските друштва. Во следните примери накратко ќе се разгледа главната функција на синтетичките сметки 400 и 401. Пример 1: Според требовање бр.1 издадени се суровини и материјали во производството за 150.000 денари. Пример 2: Добиена е фактура бр.5 за електрична енергија во месец Мај во износ од 12.000 денари. Р.бр.

Дата

Опис

Конто

1.

03.05.

Потрошени суровини и материјали Суровини и материјали на залиха спред требовање бр.1

400

Потрошена енергија Обврски кон добавувачи според фактура бр.5

401 220

2.

05.05.

Долгува

Побарува

150.000

310

150.000 12.000 12.000

II.2. Група 41 - Услуги со карактер на материјани трошоци Во контниот план, заради функционалност и прегледности, пред се за да се евидентираат сите услуги што имаат карактер на материјални трошоци се искажуваат во групата 41, на следните синтетички сметки: 410 - Транспортни услуги; 411 - Надворешни услуги за изработка на производи; 412 - Услуги за одржување и заштита; 413 - Трошоци за саеми; 414 - Наемнини - лизинг; 419 - Останати услуги. Транспортните услуги ги опфаќаат сите врсти превозни услуги кој ги прават другите претпријатија во полза на претпријатието. Овде спаѓаат услугите за превоз, поштенските, телефонските и телеграфските, услугите за утовар, растовар и претовар, кои се книжат на контото 410. 6

На контото 411 - Надворешни услуги за изработка на производи се книжат услугите од други претпријатија кои се користени за изработка на сопствени производи. Исто така, ако претпријатието врши услуги на други претпријатија, исплатените сметки се искажуваат на ова конто. На товар на ова конто се искажуваат само услугите кои се однесуваат за изработка на производот, за извршување на услуги и за вршење на дејноста на претпријатието. Услугите за одржување, без разлика дали се работи за тековно или инвестиционо одржување, се искажуваат на конто 412. Доколку правното лице чувствува потреба може да води аналитика посебно за инвестиционо, посебно за тековното одржување. Вложувањата во адаптација и модернизација или други вложувања со кои се зголемува капацитетот на основните средства имаат карактер на материјални вложувања. Според тоа, другите вложувања кои немаат ваков карактер се книжат како трошоци за одржување, на конто 412. На контото 413 се искажуваат трошоците кои се исклучиво поврзани за одржување на саеми. Така, на ова конто се опфаќаат трошоците за пропаганда и реклама, за репрезентација, дневниците, превозните трошоци на службени патувања кои настанале во врска со одржување на саемот. Наемнината е трошок за користење туѓи средства за работа, додека пак лизингот подразбира специфичен аранжман на користење на опрема со рочно плаќање, па по истекот на договорениот рок следи замена со ново или постои можност на откуп на користената опрема за остатокот од вредноста. На контото 414 се искажува трошокот за наемнина што се онесува на пресметковниот период, додека наемнината што се плаќа однапред се книжи на 190 - Однапред платени трошоци. Поради обемноста на трошоците опфатени на конто 419 - Останати услуги обавезно е потребно да се разработат аналитички сметки на ова конто по видови на трошоци водејќи сметки за специфичностите на претпријатието и рационалноста во работењето. Книжењата на ова конто се многу едноставни бидејќи на страната на побарува се јавува 220 - Обврски кон добавувачи или конто 1020 - Главна благајна, ако услугата е платена во готово. Практичниот дел на група 41 е прикажан преку следните примери: Пример 1: Претпријатието „Енигма“ добило фактура бр.15 на износ од 30.000 денари од „Минал“ за извршен превоз. Пример 2: Претпријатието „Енигма“ добило смектопотврда бр.24 на износ од 4.720 денари за извршени поправки на системот за парно затоплување од страна на приватно лице. Во овој износ е вклучен ДДВ 18%. Пример 3: Претпријатието „Енигма“ добило фактура бр. 23 на износ од 10.000 денари од АД „Скпски саем“ за учествување на саем.

7

Р.бр.

Дата

1.

13.05.

2.

3.

15.05.

19.05

Опис

Конто

Долгува

Транспортни услуги Обврски спрема добавувачи спред фактура бр.15

410 220

30.000

Услуги за одржување и заштита Обврски спрема добавувачи Обврски за ДДВ според сметкопотврда бр.24

412 220 260

4.720

Трошоци за саеми Обврски спрема добавувачи според фактура бр.23

413 220

10.000

Побарува 30.000

4.000 720

10.000

II.3. Група 42 - Резервирања за трошоци и ризици На контата од групата 42 се водат трошоците за кои се мисли дека ќе настанат во идните години, а сега се спроведува резервирање односно товара трошоците на работење. Претпријатието може да донесе одлука дека поради можни трошоци и ризици што можат да се дават во идните години да изврши резервирање на товар на деловниот резултат на сегашниот пресметковен период. Со ова истовремено се формираат извори на средства за таа намена, така што стварните трошоци што покасно ќе настанат се книжат на товар на соодветните конта на трошоци, со одобрување на контата од групата 93 - Долгорочни резервирања. Ако по истекот на одреден период не настанат или не се потрошат во целост резервираните трошоци, истите се приходуваат. Групата 42 се расчленува на следните синтетички сметки: 420 - Резервирања за трошоци за надомест на штети; 421 - Резервирања за пензии на вработените; 422 - Резервирања за инвестициско одржување; 423 - Резервирања за гаранции; и 429 - Останати долгорочни резервирања за трошоци и ризици. Може да се забележи дека резервирањата на ваквите трошоци и ризици можат да влијаат врз билансот на успех, односно врз утврдувањето на финансискиот резултат на трговските друштва. II.4. Група 43 -Амортизација и вредносно усогласување на долгорочните и краткорочните средства Пресметката на амортизацијата, е регулирана со повеќе законски прописи. Набавната вредност на материјалните и нематеријалните вложувања, односно цената на чинење служи како основица за отпис на вложувањата. Отписот на основните средства за кои максималниот век на користење е утврден пократок од 15 години, почнува по истекот на месецот кога средството е набавено, додека за средствата за треање за повеќе од 15 години се пресметува по истекот на годината во која отпочнало користењето на средствата. Така, амортизацијата зависи од векот на траење на средството а не од неговиот вид. 8

Векот на употреба на средството што се амортизира треба да се проценува имајќи ги во предвид следните фактори:  Очекуваното физичко трошење;  Застарувањето;  Законските и други ограничувања за користење на средството. Амортизациските стапки треба одвреме-навреме да се преиспитуваат, анализираат и да се усогласуваат. Амортизацискиот износ на средствата што се амортизираат треба сметководствено да се распореди на систематска осова на секој пресметковен период во текот на користниот век за нивна употреба. За секоја група средства треба да биде спомнато следното:  Користените методи на амортизација;  Векот на употреба или користените стапки на амортизација;  Вкупно распоредената амортизација за периодот;  Бруто износот на средствата што се амортизираат и соодветната амортизирана акомулација. Трговските друштва треба да го определат методот и видовите на амортизација, односно како ќе вршат отпишување на средствата: o Пропорционалниот метод; o Функционален медот; o Дегресивен метод; o Прогресивен метод. Вкупната амортизација не би требало да биде помала од 50% од годишниот износ на амортизацијата утврдена според пропишаните стапки. Амортизацијата на средствата се пресметува од двете групи сметки: - група 01 - нематеријални средства; - група 02 - нематеријални средства. Износот на амортизација се пресметува на тој начин што основата, односно набавната вредност се множи по стапката и се добива износот на амортизација на средствата за тековната година. Утврдениот годишен износ е познат како амортизациска квота (големина). Кога годишниот износ на амортизација ќе се подели со 12 (бројот на месеците) се добива едномесечен износ на амортизација кој, всушност, е предмет на сметководствената евиденција и по правило се книжи во последниот ден од месецот, со што се врши сметководствено отпишување на средствата во практичното работење на трговските друштва. Или, поинаку кажано, од економски аспект, при тоа настанува пренесување на дел од вредноста на постојаните средства во вредноста на новопроизведените учиноци.

9

Преку примерот се гледа книжењето за амортизација за еден месец Пример 1: Пресметана е амортизација на основно средство, со набавна вредност 24.000 денари, од 10% на годишно ниво и врз основа на ова ќе се спроведи следното книжење. Р.бр.

Дата

Опис

1.

31.05.

Амортизација на постројќи и опрема Акомулирана амортизација на постројќите и опремата според пресметка за амортизација за еден месец

Конто

Долгува

4301 0291

Побарува

2.400 2.400

II.5. Група 44 - Нематеријални трошоци од работењето Деловните субјекти во своето работење покрај материјални трошоци прават и нематеријални трошоци. Во група 44 - Нематеријални трошоци од работењето спаѓаат следните синтетички сметки со кои поденечно се книжат настаните: 440 - Дневници за службени патувања и патни трошоци; 441 - Надоместоци на трошоци на вработени, подароци и помошти; 442 - Трошоци за промоција, пропаганда, реклама, репрезентација и спонзорство; 443 - Премии за осигурување; 444 - Даноци, придонеси, чланарини и други давачки кои не зависат од резултатот; 447 - Банкарски услуги и трошоци за платниот промет; 449 - Останати нематеријални трошоци. Преку следните книжења ќе се види како практично се користат овие сметки: Пример 1: Препријатието „Енигма“ добило фактура бр. 636/07 за извршена оглас од страна на весникот „Дневник“ во износ од 2360 денари од кој износ 360 денари отпаѓаат на ДДВ. Пример 2: Препријатието „Енигма“ примило полиса за осигурување на обртни средства од осигурителната компанија „Вардар“ на износ од 15.000 денари. Пример 3 : Поднесена е патна сметка од работникот Миле за извршено службено патување. Патните трошоци изнесуваат 540 денари, а дневницата е 1000 денари. Врз основа на истата направен е каса исплати бр. 34 во износ од 1540 денари.

10

Р.бр.

Дата

Опис

1.

08.06.

Трошоци за промоција, пропаганда, реклама, репрезентација и спонзорство Побарувања за ДДВ Обврски спрема добавувачи спред фактура бр.636/07

2.

3.

10.06

15.06

Премии за осигурување во земјата Обврски кон добавувачи според полиса Дневници за службено патување во земјата Патни трошоци во земјата Главна благајна Според каса исплати бр.34

Конто

Долгува

Побарува

2.000 442 160 220

360 2.360

443 220

15.000

4400 4402 1020

1.000 540

15.000

1.540

II.6. Група 47 - Плати и надоместоци Платите од секогаш претставуваат проблем кој се истражува и анализира. Овој проблем е присутен и во развиените и во неразвиените земји. Покрај тоа што платите претставуваат компкесен проблем тие се многу чувствителна и динамична категорија и од нив зависи кватификацијата на вложениот труд и резултатите од трудот. Решението на овај проблем треба да се бара во поголемата либерализација и економски вреднување на вложениот труд. Имено, од економски аспект платите мора да станат основно мерило за трудот и резултатите на трудот. Друго, платите треба да добијат улога на мотивирачки фактор, на зголемен интерес на работа и развој, како на ниво на претпријатие, така и на ниво на стопанство во целина. Само на овај начин можи да се смета дека платите ќе станат основен двигател за развој на националната економија. Платите и надоместоците за плати сметководствено се евидентираат на групата 47 - Плати и надоместоци. Синтетички сметки кои влегуваат во оваа група се: 470 - Вкалулирани плати; 471 - Вкалкулирани надоместоци на плати. Книжењето на платите треба да се стави во корелација со сметките од група 27, кои што се јавуваат на страната на побарува: 270 - Обврски за плати и надоместоци на плати; 271 - Нето плати; 272 - Надоместоци на нето плати; 273 - Даноци од плати; 274 - Придонеси од плати. Повеќето трговски друштва исплатата на платите ја извршуваат преку банките, бидејќи тој начин се смета дека е посовремен, поефикасен и попрактичен.За разлика од порано, кога кај исплатата на платите се

11

забележуваше сметката 102 - Благајна на страната на побарува, во денешно време на таа страна се јавува сметката 100 - Жиро сметка. Одкако ќе се достави прегледот на вработените до банката и ќе се изврши книжење, се смета дека исплатата на платите е завршена. Пример 1: Во претпријатието „Енигма“ е извршена пресметка на плати за месец Јуни 2007 и поради тоа е добиена следната состојба: 1. нето плати на вработените 900.000 ден. 2. даноци од плати 270.000 ден. 3. придонеси од плати 72.000 ден. 4. бруто плати 1.242.000 ден. Пример 2: На едно вработено лице, врз основа на платено отсуство од работа, му е пресметан надоместок на нето плата од 26.000 денари. Р.бр.

Дата

Опис

1.

31.06

Обврски за плати и надоместоци на плати Нето плати Даноци од плати Придонеси од плати според платен список создавање обврска за плати и давачка за плати

1а.

1б.

1в.

2.

2а.

2б.

31.06

31.06

31.06

31.06

31.06

31.06

Даноци од плати Придонеси од плати Благајна Жиро сметка според извод платени давачки и според касов извештај подигнати плати Нето плата Благајна според касов извештај и платен список Вкалкулирани плати Обврски за плати и надоместоци на плати вкалкулирани плати за месец јуни

Конто

Долгува

270 271 273 274

1.242.000

273 274 102 100

270.000 72.000 900.000

271 102

900.000

470

1.242.000

Побарува

900.000 270.000 72.000

1.242.000

900.000

270

1.242.000

Обврски за плати и надоместоци за плати Надоместоци на нето плати според изготвена пресметка

270 272

26.000

Благајна Жиро сметка според извод

102 100

26.000

26.000

26.000

Надоместоци на нето плати Благајна надоместоци на нето плати

12

2в.

31.06

Вкалкулирани надоместоци на плати Обврски за плати и надоместоци на плати вкалкулирани надоместоци на плати за месец јуни

272 102

26.000

471

26.000

26.000

270

26.000

II.7. Група 48 - Расходи по основ на камти, курсни разлики и слично Трошоците и расходите имаат идентично значење, бидејќи и двете категории негативно влијаат врз работењето на препријатијата. Имајќи го предвид негативното влијание на расходите врз квалитетот на работењето, има повеќе синтетички сметки кои се користат при книжењето. Овие податоци со третман на расходи се битни за менаџментот на претпријатието како и за донесување на одлуки и решенија. Токму за тоа е потребно менаџментот во секое време да располага со овие информации и тоа одделно за секој од овие видови расходи: расходи направени врз основа на камати, расходи кои произлегле како резултат на курсни разлики,расходи врз основа на затезни камати и др. Пример 1: Претпријатието „Енигма“ има добиено од добавувачите известување бр. 123 на износ од 5.000 денари за пресметана затезна камата како расход поради неблаговремено плаќање на обврските за извршени набавки. Пример 2: Работникот бил на службен пат и поднесува патна сметка до благајната. Во прилог на патната сметка е приложена авионска карта во износ од 500€, хотелска сметка 200€, и му следува дневница 300€. Курсот кога работникот се раздолжува е 61.3 денари за 1€, а кога трошел 61.5 денари за 1€. Р.бр.

Дата

Опис

Конто

1.

31.06.

Затезни камати Обврски спрема добавувачи во земјата известување бр. 123

484

2.

31.06.

Патни трошоци во странство Останати дневници за службено патување и патни трошоци Дневници за службено патување во странство Курсни разлики од работењето со неповрзани субјекти Девизна благајна според патна сметка

Долгува

Побарува

5.000

220

5.000

4403

30.650

4409

12.260

4401

18.390

485 103

200 61.500

II.8. Група 49 - Распоред на трошоци Сметката 490 - Распоред на трошоците се користи исклучиво за пренусување на трошоците, според видовите и активностите книжени на соодветни сметки од класата 4 на сметководствениот план. Однодно, ттсошоците мора да бидат префрлени на сметките на класа 6. по

13

спроведувањето на ваквото книжење салдото на сметката 490, на крајот на секој пресмековен период е нула. Тоа книжење се спроведува на тој начин што на позитивната страна од сметката 490 се содржани сите дотогаш прикажани книжења на износите на пооделните синтетички сметки од трошоците од класата 4. Пример 1: Претпријатието „Енигма“ на крајот на годината во класата 4 ја има следната состојба: 400 - Потрошени суровини и материјали 100.000 401 - Потрошена енергија 4.000 410 - Транспортни трошоци 15.000 412 - Услуги за одржување и заштита 80.000 430 - Амортизација според минимални стапки 180.000 447 - Банкарски услуги и трошоци за платниот промет 2.000 452 - Кусоци 1.200 470 - Вкалкулирани плати 1.242.000 484 - Затезни камати 4.000 Вкупни трошоци 1.628.200 Примената на сметката 490 во нејзината завршена функција практично може да се согледа во следната сметководствена практика: Р.бр.

Дата

Опис

Конто

1.

31.12.

Производство Распоред на трошоците пренос на трошоци на сметката 600 производство

600 490

Распоред на трошоците Потрошени суровини и материјали Потрошена енергија Транспортни услуги Услуги за одржување и заштита Амортизација според минимални стапки Банкарски услуги и трошоци за платниот промет Кусоци Вкалкулирани плати Затезни камати затворање на сметките од класа 4

490

2.

31.12.

Долгува

Побарува

1.628.200 1.628.200 1.628.200

400 401 410 412

100.000 4.000 15.000 80.000

430

180.000

447 452 470 484

2.000 1.200 1.242.000 4.000

14

Заклучок: Работењето во претпријатието се состои, главно од трошењата на средствата за производство - средствата за работа, и предметите на работа, како и работната сила, но исто така и паричните средства за измирање на разните обврски кои се создаваат при работењето. Трошоците претставуваат фундаментален и решавачки фактор за успехот или неуспехот од работењето на секое претпријатие. Секое претпријатие се стреми да оствари поголемо производство со помали трошоци, бидејќи тошоците се основни фактори на производство, а оттаму и елементи на цената на чинење на учиноците. Трошоците се прикажани во класа 4 од контниот план. Преку синтетичките сметки кои што ги содржи оваа класа се евидентираат сите трошоци кои настануваат со работењето на претпријатието. Со ова се укажува на функцијата која ја има класа 4 во сметководтствената евиденција. Исто така, менаџерите можат во секое време да се информираат за секој трошок кој настанал, и врз таа основа можат да донесуваат важни одлуки за работата на претпријатието.

15

Користена литература:

1. Д-р Трајко Русевски, Душко Димитров, Прирачник за книговодство, Скопје, Јули 1993; 2. Д-р Здравко Здравкоски и м-р Игор Зравкоски, Сметководство - учење и практика, Прилеп, 2004; 3. Д-р Гордана Витанова, Основи на сметководство; 4. www.wikipedia.org

16

More Documents from "mihaela231"