Efekti Od Aerozagaduvanjeto Vrz Zdravjeto Na Populacijata.docx

  • Uploaded by: Irina Avramovska
  • 0
  • 0
  • October 2019
  • PDF

This document was uploaded by user and they confirmed that they have the permission to share it. If you are author or own the copyright of this book, please report to us by using this DMCA report form. Report DMCA


Overview

Download & View Efekti Od Aerozagaduvanjeto Vrz Zdravjeto Na Populacijata.docx as PDF for free.

More details

  • Words: 4,582
  • Pages: 19
Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје Медицински факултет Институт за јавно здравје

Семинарски труд на тема: Ефектите

од загадениот воздух врз здравјето на населението

Изработиле

Ментор

Ирина Аврамовска 16850

Проф. Д-р. Гордана Ристовска

Александра Ангелова 16885 Марија Гареска 16591 Мила Шишкова 16712 Александра Ефтимова 16739

Содржина

Аерозагадување и извори ........................................................................................ 3 Општи ефекти врз здравјето .....................................................................................4 Како загадувањето на воздухот влијае врз појавата на респираторни з а K б а Ситемски ефекти од аерозагадувањето .................................................................11 о к Ефектите од загадениот воздух врз здравјето на децата...................................15 л о у зв аа г њ а ад ?у в а њ е т о н а в о з д у х о т в л

2

1.0. Аерозагадување и извори Загадувањето на воздухот во средината е главен здравствен проблем кој остава последици врз сите луѓе во развиените држави и во државите во развој. СЗО проценува дека во 2012год, околу 72% од раните смртни случаеви кои биле поврзани со загадувањето на воздухот во средината, се случиле поради срцеви болести и инфаркт, додека пак 14% од смртните случаеви се јавиле како последица на хронична опструктивна белодробна болест или акутни долнореспираторни инфекции, и 14% од смртноста отпаднала на белодробен карцином. Некои случаеви пак може да се препишат на повеке ризик фактори истовремено. На пример, пушењето цигари и загадениот амбиентален воздух како веријабли, и двете придонесуваат за развој на карцином на белите дробови. Така, некои случаеви на смртност поради белодробен карцином би се намалиле доколку се подобри квалитетот на воздухот во животната средина или пак, доколку се спречи консумацијата на тутун. Според процената на Интернационалната Агенција за Истражување на Канцерот при СЗО од 2013 год., било заклучено дека надворешното загадување на воздухот е канцероген фактор за популацијата, со дефинирана блиска зависност на износот на ПМ честичките со високата инциденца на карциномите, особено карцином на белите дробови. Исто така е утврдена зависност помеѓу аерозагадувањето и пораст на бројката на карциноми на уринарниот тракт/мочниот меур. Амбиенталатлното (или надворешното) аерозагадување во градовите и руралните средини е пресметано дека предизвикало 3 милиони случаеви на предвремена смрт на глобално ниво во 2012 година; оваа рата на морталитет се должи на експозицијата на мали ПМ честички од 10 микрони или помалку во дијаметар (ПM10), кои предизвикуваат кардиоваскуларни, респираторни и заболувања, како и карциноми. Луѓето кои живеат во ниски или средно развиени држави диспропорционално го искусуваат товарот на аерозагадувањето со 87% (од 3 милионите предвремени смртни случаеви) кои се случуваат во ниско и средно развиените држави, додека најголема смртност е забележана во Западниот Пацифик како и Јужноисточните делови на Азија.

3

Според препораките од СЗО за контрола на квалитетот на воздухот од 2005 год, се потврдува дека со намалувањето на нивото на ПМ честички (ПM10) од 70 на 20 микрограми на метар кубен, може да ги намалиме смртните појави поврзани со аерозагадувањето за 15%. Овие насоки се валидни во светски рамки и се базираат на експретска евалуација на современите научни докази за :    

Партикуларна материја (ПМ) Озон (O3 ) Азотен диоксид (NO2 ) Сулфур диоксид (SO2 )

2.0. Општи ефекти врз здравјето Дури и здравите луѓе можат да ги почуствуваат ефектите од загадениот воздух како што се респираторните иритации или потешкотии со дишењето за време на вежби или активности во надворешната средина. Вистинскиот ризик за појава на несакани влијанија зависи пред се од моменталната здравствена состојба, типот на полутантот и концентрацијата како и должината на експозицијата на загадениот воздух. Високите нивоа на загаденост на воздухот можат да причинат акутни здравтсвени проблеми вклучувајки:   

Влошени кардиоваскуларни и респираторни заболувања Дополнително оптоварување на срцето и белите дробови, кои мораат да работат повеќе за да ги задоволат кислородните потреби на телото Оштетени клетки во респираторниот систем

Долготрајната експозиција на загадениот воздух може да има перманентни здравствени ефекти како:    

Забрзано стареење на белите дробови Губиток на белодробен капацитет и нарушена белодробна функција Развој на заболувања како астма, бронхитис, емфизем и можно, карцином Скратен животен век

Оние кои се највулнерабилни на ваквите влијанија се:       

Индивидуи со срцеви заболувања, КАБ или конгестивни срцеви заболувања Индивидуи со белодробни заболувања како астма, емфизем или ХОББ Бремени жени Работници изложени на надворепни услови Повозрасни и стари лица Деца под 14 годишна возраст Спортисти кои тренираат во животната средина

4

Луѓето кои припаѓаат на овие групи можат да ги искусат овие ефекти дури и на пониски нивоа на загаденост на воздухот или пак ефектите врз нивното здравје може да имаат поголем интезитет.

2.1.

Штетни ефекти од специфичните полутанти 2.1.1. Суспендирани партикули (ПМ)

ПМ ги афектира луѓето повеќе од било кој друг полутант. Главните компоненти кои го сочинуваат се сулфати, нитрати, амонијак, натриум хлорид, црн јаглен, минерална прашина и вода. Се состои од комплексна мешавина на цврсти и течни партикули од органско и неорганско потекло суспендирани во воздухот. Најголем ризик за здравјето претставуваат оние со дијаметар од 10микрони или помалку(≤ PM10), кои можат да пенетрираат и да се наталожат длабоко во белите дробови. Хрониччната експозиција на партикли допринесува кон ризикот за развој на кардиоваскуларни и респираторни заболувања, како и белодробен карцином. Има блиска, квантитативна поврзаност помеѓу експозицијата на високи вредности на мали партикли (PM10 and PM2.5 ) и зголемените мортатлитет или морбитет, за време на дневните изложувања но и во поглед на општите влијанија. Оттаму, кога концентрациите на малите и фините партикли се намалени, асоцираниот морталитет исто така ќе се намали – доколку во предвид се земе дека другите фактори остануваат исти. Загадувањето со мали партикли имаат влијание врз здравјето дури и на многу ниски концентрации – односно не е забележано ниво на концентрација под кое не постои здравствен негативен ефект. Затоа, насоките дадени од СЗО од 2005 година имаат за цел постигнување на што е можно пониски концентрации на ПМ честичките.

5

Ефектите од ПМ честичките се чувствуваат на разни нивоа на експозиција од страна на многу луѓе кои живеат во градски и рурални средини како и во развиени и држави во равој – иако експозицијата во многу брзо-развојни градови денес е често многу повисока отколку во веќе развиените градови од слични димензии. Според препораките од СЗО, намалувањето на просечните годишни концентрации на ПМ честички(ПM10) од 70 μg/m3 , кои се чести во многу држави во развој, на препорачаните нивоа од 20 μg/m3 , може да ги намали смртните појави поврзани со аерозагадувањето за 15%. Сепак, дури и во Европската Унија, каде концентрациите на ПМ честичките во голем број градови се совпагаат со препораките од СЗО, проценето е дека просечниот животен век е 8.6 месеци пократок отколку што нормално би изнесувал, како резултат на ПМ експозицијата од хумано потекло. Во земјите во развој, експозицијата на полутанти во домовите која потекнува од согорувањето на цврсти горива при отворени огнови или во традиционалните печки го зголемува ризикот за појава на акутни долнореспираторни инфекции и асоциран морталитет помеѓу малите деца ; изворот на полутанти во домовите од цврстите горива исто така е главен ризик фактор за кардиоваскуларни болести, ХОББ и белодробен карцином кај возрасните. Присутен е и сериозен ризик за здравјето не само поради експозицијата на ПМ честичките, туку и поради експозицијата на озон, азотен диоксид и сулфурен диоксид. Како што е обично случајот со ПМ честиките, концентрациите се често највисоки во урбани средини на државите од ниска и средна класа. Озонот е главен фактор во морбидитетот и морталитетот кај астмата, додека азотниот диоксид и сулфурниот диоксите исто така имаат улога во астмата, бронхијалните симптоми, инфламацијата на белите дробови и намалената белодробна функција.

2.1.2. Озон (O3) Препорачана вредност од СЗО- 100 μg/m3 8часовен просек Препорачаниот лимит во препораките од 2005 година е намален од претходното ниво од 120 µg/m3 во претходните изданија на Препораки од СЗО за квалитетот на воздухот, што се потпира врз последните докази за поврзаност помеѓу дневниот морталитет и пониските концентрации на озон. Озонот на земјено ниво – кој не треба да се замени со озонскиот слој во атмосферата – е еден од главните конституенти на фотохемискиот смог. Тој се создава со реакција на сончевите зраци (фотохемиска реакција) од страна на полутанти како азотните оксиди, од автомобилските и индустриските емисии како и испарливите органски материи кои се ослободуваат од сообракајот, растворувачите и индустриските објекти, Како резултат на тоа, највисоките концентрации на озонското загадување се случуваат за време на сончево време. Прекумерното ниво на озов во воздухот може да има значаен ефект врз човековото здравје. Може да предизвика проблеми со дишењето, астма, да ја намали функцијата на белите дробови и да предивика белодроби заболувања.Во Европа во моментот озон е врвен полутант со најголемо значење. Неколку Европски студии докажуваат дека дневната рата на морталитет расте 0.3% , за срцеви заболувања 0.4% во услови на концетрација на озонот од 10 µg/m3 .

6

2.1.3. Азотен оксид (NO2) 40μg/m3 годишно ниво 200 μg/m3 1-часовен просек Сегашните препораки од СЗО за вредности 40 µg/m3 на годишно ниво е поставена за да се заштити популавијата од здравствените ефекти од гасовите. Како загадувач на воздухот, азотниот оксид има неколку поврзани ефекти.  При краткотрајни концентрации кои преминуваат 200 μg/m3 тој е токсичен гас кој предизвикува сигнификантна инфламација на дишните патишта.  Азотниот диоксид е главниот извор на азотни аеросоли, кои се важна фракција од PM2.5 и во присуство на УВ-зраци, озон Главен антропоген избор се процесите на согорување (топлина, производство на енергија и машини во возилата и бродовите) Епидемиолошките студии покажуваат дека симптомите на бронхитис кај децата кои боледуваат од астма се во пораст за време на долготрајно изложување на азотен диоксид. Намалена функција на белите дробови исто така се поврзува со азотните оксиди на концентрации кои момнетално се измерени во градови ширум Европа и Северна Америка.

2.1.4. Сулфур диоксид (SO2) 20 μg/m3 24-часовен просек 500 μg/m3 10-минутен просек Концентрацијата на сулфур диоксид од 500 µg/m3 не треба да биде надмината повеќе од 10 минутни временски периоди. Студиите покажуваат дека луѓето со астма искусуваат промени во белодробната функција и респираторните симптоми по експозициски период на сулфурен диоксид од 10 минути. Во 2005 год, ревизијата на 24-часовните препораки за концентрациите на сулфур диоксид од 125 на 20 μg/m3 била изведена поради следните начела:  Докажано е дека здравствените ефекети се поврзани со многу пониски вредности  Потребен е поголем степен на заштите  Иако бројот на жртви на штетните ефекти е сеуште непознат, намалувањето на концентрациите на SO2 е препорачливо за да се намали експозицијата на другите полутанти. Сулфур диоксидот е безбоен гас со остар мирис. Продукт е на согорувањето на фосилни горива и топењето на минерална руда која содржи сулфур. Главниот антропоген извор на SO2 е согорувањто на горива што содржат сулфур за потребите на домашно греење, продукција на енергија и моторни возила. SO2 може да влијае на респираторниот систем и на функцијата на белите дробови и причинува иритација на очите. Инфламацијата на белодробниот систем предизвикува кашлица, секреција на мукус, егзацербација на астмата и хроничен бронхитис и ги прави луѓето поизложени на инфекции

7

на респираторниот систем. Хоспитализациите за кардијални заболувања и морталитетот бележат пораст во денови со повисоко SO2 ниво.

3.0. Како загадувањето на воздухот влијае врз појавата на респираторни заболувања?

Со вдишувањето на загадениот воздух, тој преку дишните патишта навлегува длабоко во белите дробови, такашто не е никаков изненадувачки факт дека загадувањето на воздухот причинува сериозни оштетувања на респираторниот тракт. Експозицијата на загаден воздух може да провоцира нови случаи на астма, егзацербации на претходно постоечки респираторни болести или развој или прогресија на хронични болести вклучувајќи канцер на белите дробови, хронична опструктивна белодробна болест, емфизем итн. Загадениот воздух исто така негативно и сигнификантно влијае на развојот на белите дробови, создавајќи дополнителен ризик за развивање на респираторни болести подоцна во животот.

3.1.

Астма

Повеќе од 20 милиони луѓе во САД, вклучително и 6 милиони деца страдаат од астма. Астмата е хронична болест која е карактеризирана со инфламација и стеснување на дишните патишта што предизвикува сензација на стегање во градите, глад за воздух, визинг и кашлање. Ако не се третира, епизодите на астматичен напад можат да бидат скоро фатални. Астмата во моментов не може комплетно да се излекува и оштетувањето кое е предизивикано во текот на астматичните напади може да доведе до трајни последици врз респираторниот систем. Постојат многу тригери кои можат да провоцираат астматичен напад, како на пример, прашина, чад, полен, волатилни органски компоненти итн. Чести загадувачи на воздухот од оваа група се озон, јаглероден моноксид, сулфур диоксид и азотните оксиди.

3.1.1. Поврзаност помеѓу астмата и озонот Озонот е еден од најраспространетите загадувачи на воздухот во светот. Тој се создава кога волатилните органски компоненти ќе реагираат со азотните оксиди во присуство на сончева светлина. Озонот предизвикува иритација на дишните патишта и белите дробови во концентрации кои се релативно чести во урбаните средини, посебно во летните месеци. Зголемената концентрација на озон се поврзува со појавата на астма и други белодробни заболувања. За лицата со тешка астма,

8

симптомите се влошуваат дури и тогаш кога концентрациите на озон се под граничните вредности. Покачените вредности на озонот исто така ги влошуваат и срцевите потешкотии кај лицата со срцеви заболувања, како на пример ангина пекторис.

3.2. Хронична опструктивна белодробна болест, хроничен бронхитис и емфизем

Хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ) е заболување кое е карактеризирано со стеснување на дишните патишта, но овие промените кои настануваат за разлика од астмата се трајни и нереверзибилни. ХОББ настанува како резултат на експозиција на загадувачи кои предизвикуваат инфламација на дишните патишта како имунолошки одговор. Во поголемите дишни патишта, инфламаторниот одговор се презентира како хроничен бронхитис. Во алвеолите на белите дробови овој инфламаторен одговор доведува до деструкција на септалното ткиво и настанок на емфизем. Иако најголемиот број на лицата заболени од ХОББ се пушачи, експозицијата на загаден воздух игра голема и важна улога во развитокот на ХОББ и акутните егзацербации на истата.

3.3. Канцер на белите дробови

Канцерот на белите дробови најмногу се поврзува со консумирањето на тутун т.е. пушење на цигари. Иако ова е точно, има и останати ризик фактори кои влијаат на развитокот на канцерот, вклучувајќи го и загадувањето на воздухот. Посебно, ПМ честичките и озонот имаат огромно влијание врз морталитетот заради канцер на белите дробови.

9

4.0. Kако загадувањето на воздухот влијае врз појавата на малигни заболувања? Интернационалната агенција за истражување на ракот (IARC) ги класифицира загадувачите на воздухот како карциногени материи. IARC е дел од Светската здравствена организација (WHO) и е еден од примарните извори на информации за канцерогените супстанции. Во нивната евалуација, заклучуваат дека загадувањето на воздухот предизвикува рак на белите дробови и исто така е поврзано со зголемен ризик за рак на мочниот меур. IARC уште многу порано ги класифицирала многубројните посебни компоненти кои претставуваат загадувачи на воздухот како канцерогени, како на пример дизел издувните гасови, разни метали, прашини и слично. Но сега, за прв пат го класифицира општото загадување на воздухот, во целост како еден карциноген фактор. Исто така класифицира и друга голема компонента на загадувачи - particular matter - ПМ честички, како посебен карциноген. ПМ честичките претставуваат комбинација на екстремно малечки цврсти партикли и течни капки кои се наоѓаат во воздухот. Можат да содржат прашина, чад, хемикалии и др. Веќе е досега познато дека загадувањето на воздухот предизвикува зголемен ризик и од други болести, посебно на респираторниот и кардиоваскуларниот систем. Студиите покажуваат дека нивоата на експозиција на загаден воздух се сингнификантно зголемени во некои делови од светот, најмногу во рапидно индустријализираните земји со висока популација. Последните достапни податоци од Global Burden of Disease Project индицираат дека во 2010 година, 3.2 милиони смртни случаи во светот резултирале како последица на загаденоста на воздухот, вклучително и 223.000 поради рак на белите дробови. Извештајот на IARC е базиран на

10

повеќе од 1000 научни истражувања кои се извршени на 5 континенти. Студиите го анализирале ризикот од заболување од рак предизвикан од различни загадувачи на воздухот, посебно ПМ честичките и загадувањето поврзано со транспортот (сообраќајот). Резултатите се добиени од големи епидемиолошки студии кои вклучуваат милиони луѓе кои живеат во Европа, Јужна и Северна Америка и Азија. Согласно со IARC, предоминантни вештачки извори на загадување на воздухот се сообраќајот, стационарните генератори на енергија, индустриската емисија и резиденцијалните извори на топлина. Освен појавата на рак на белите дробови, забележана е поврзаност и со: 

рак на дојка



рак на црн дроб



рак на панкреас



леукемии



рак на кожа

5.0. Ситемски ефекти од аерозагадувањето Аерозагадувањето е асоцирано со значајни негативни ефекти врз зравјето кои водат до зголемување на генералниот морбидитет и морталитет во светски размери. Епидемиолошките истражувања покажале дека најголем процент од морталитетот поврзан со аерозагадување отпаѓа на кардиоваскуларните болести, предоминантно оние од исхемична природа. Хуманите студии покажале асоцијација со атеросклерозата а обемните анимални студии уште повеќе ја поддржуваат оваа хипотеза. Додека истовремено и гасовите и честичките се поврзувани со значајни ефект врз здравјето, повеќе научни докази имплицираат дека цврстите честички (ПМ) се одговорни за голем дел од проатерогените ефекти. Повеќе експериментални пристапи ја потврдуваат способноста на цврстите честички (ПМ) да предизвикуваат и/или да ги зголемуваат реакциите во кои се создаваат слободни радикали во клетките и ткивата. Се чини дека експозицијата на овие цврсти честички (ПM) води до развиток на системски прооксидирачки и проинфламаторни ефекети кои може да бидат од голема важност во развитокот на атеросклеротични лезии.

11

5.1. Асоцијација помеѓу аерозагадувањето кардиоваскуларни болести

и

појавата

на

Како што е наведено погоре, експозицијата на аерозагадување е веќе докажан ризик фактор за кардиоваскуларни заболувања, и се повеќе се третира како таков, оосбено поради тоа што е променлив и поради тоа што влијае на голем број на луѓе во светот. Иако загадувачите на воздухот се комплексна смеса на гасови (озон, јаглероден моноксид,азотни оксиди) и цврсти честички, кардиоваскуларните ефекти највеќе се последица од дејството на последните. Овие амбиентални партикли, или цврсти честички, можат да бидат класифицирани во однос на нивниот аеродинамичен дијаметар во фракции со различна големина како PM10(‘торакални честички’, <10 μm), PM2,5-10 (‘груби’ честички 2.5–10 μm), PM2.5 (‘фини’ честички, <2.5 μm) и ултрафини честички (UFP, <0.1 μm). Разни механизми биле обработени и претпоставени како би се објаснил начинот на кој инхалацијата на амбиентални честички би можела да резултира со системски кардиоваскуларни последици. Три најзначајни механизми на дејство кои водат до PM-поврзани кардиоваскуларни ефекти се (1) Активација на пулмоналните рецептори која води до дисбаланс на автономниот нервен систем и со тоа предизвикува дисритмии; (2) Развивање на пулмонален оксидативен стрес и инфламација со ‘системско преплавување’ на медијатори на инфламацијата (цитокини, активирани клетки); (3) Пристап на партиклите или нивните хемиски конституенти во системската циркулација. Последниве два механизма може да водат кон индукција на атеротромботични ефекти кои се одговорни за акутен коронарен синдром и за исхемична болест на срцето.

12

Табела 1: Потенцијални механизми како експозицијата на ПМ води кон кардиоваскуларни болести

5.2. Како цврстите честички ПМ влијаат врз појава/влошување на атеросклерозата? ПМ-поврзаната атеросклероза е најверојатно резултат на системски прооксидативни и проинфламаторни ефекти. Овие системски ефекти може да потекнуваат од зголемена продукција на реактивни хемиски соединенија кои содржат високо реактивен кислороден атом и од развиеното воспаление во белите дробови кое на некаков начин се пренесува во системската циркулација и другите ткива (пример: ослободување на медијатори на воспаление во крвта) или пак може да биде резултат на транслоцирање на партиклите или нивните хемиски конституенти во системска циркулација каде потоа директно влијаат на таргетираните васкуларни места. Механизми за кои се претпоставува дека се вклучени во ПМ-проатерогени ефекти 1. Докажани во хумани студии 

Системско воспаление – Зголемени циркулирачки проинфламаторни медијатори

13

 

Системски оксидативен стрес –Покачени маркери на липидна, ДНК или протеинска оксидација, покачен плазма хомоцистин Системска хипертензија – Покачен систолен и дијастолен притисок, покачени нивоа на ендотелин-1

2. Докажани во клеточни и/или анимални студии    



Оксидативен стрес во системските ткива – Зголемена црнодробна пероксидација и upрегулација на антиоксидансните гени во црниот дроб Алтерација во циркулирачките липопротеини – Оксидативна модификација на ЛДЛ и создавање на дисфункционален ХДЛ Васкуларни прооксидирачки ефекти – Зголемено создавање на високо реактивни кислородни соединенија во макрофаките и ендотелните клетки Васкуларни проинфламаторни ефекти – Зголемено производство на проинфламаторни цитокини во ендотелните клетки и макрофагите, зголемена експресија на клеточни атхезивни молекули на ендотелните клетки, зголемена моноцитна атхезија на ендотелните клетки Васкуларни токсични ефекти – Намалена вијабилност на ендотелни клетки и макрофаги, зголемена пермеабилност на ендотелни клетки

5.3.

Асоцијација меѓу аерозагадувањето и мозочната патологија

Експозицијата на цврсти честички (ПМ) и гасовити материи во воздухот, како што ни е веќе познато се јасно поврзани со воспаленија на респираторниот тракт (особено значајни во педијатриската популација), оштетувања на назалната респираторна и олфакторна слузница, системски воспаленија и зголемена продукција на медијатори на воспаление кои се способни да достигнат до мозокот. Токсичните ефекти од аерозагадувањето врз нервниот систем вклучуваат невролошки компликации и психијатриски растројства. Невролошките оштетувања предизвикуваат сериозно последици, особено кај децата. Кај психијатриските заболувања се покажало дека се влошуваат агресијата и антисоцијалното однесување. Интересно е, што неодамнешни истражувања дури покажале и поврзаност помеѓу аерозагадувањето и бихејвиоралната хиперреактивност, криминалното однесување и однесувања несоодветни на возраста. Поврзаноста на аерозагадувањето со патолошките промени во мозокот може да ги разгледаме преку примерот на Мексико сити. Жителите на овој град се експонирани на значајно високи нивоа на озон, цврсти честички (ПМ) и асоцирани липополисахариди. Во испитувањата спроведени врз кучињата од овој град се покажало дека постојат фокални воспалителни промени во нивниот мозок и се покажале промени слични на оние што ги среќаваме кај Алцхајмеровата деменција, со што се претпоставило дека мозокот како орган исто така е значајно афектиран од аерозагадувачите.

14

Децата, адолесцентите и возрасните жители на Мексико сити се претпоставува дека имаат сигнификантна up-регулација на циклооксигеназата-2 (COX-2) и интерлеукин-1 бета (IL-1beta) во олфакторниот булбус и фронталниот кортекс, како и неуронална и астроцитна акумулација на 42 амино-киселинсската форма на бета-амилоидниот пептид (Abeta-42), вклучувајќи и дифузни амилоидни плаки во фронталниот кортекс. Патогенезата на Алцхајмеровата болест се карактеризира со мозочна инфламација и акумулација на бета-амилоидниот пептид, кои предизвикуваат појава на невритични плаки и неврофибриларни ‘заплеткувања’, кои се патолошките белзи на Алцхајмеровата болест. Со овие податоци за дисрупција на назалната бариера, системското воспаление, up-регулацијата на COX2 и IL-1beta и Аbeta 42 акумулацијата во мозочното ткиво можеме да претпоставиме дека долготрајната експозиција на аерополутанти, особено цврстите партикли, може да биде ризик фактор за појава на невродегенеративни заболувања како и Алцхајмеровата болест.

5.4.

Аерозагадувањето и ефектите врз очите

Окото претставува орган чија вулнерабилност во однос на загадувањето често ја занемаруваме. Дури и загадувањето во домовите може да предизвика негативни ефекти врз очите. Клиничките ефекти од аерозагадувањето варираат од асимптоматски промени до синдром на суви очи. Хроничната експозиција на аерозагадување го зголемува ризикот за појава на ретинопатии и со самото тоа сериозни промени во очниот апарат. Во прилог на тоа, веќе постојат и докази кои ја покажуваат асоцијацијата меѓу полутантите и иритација на очите, синдром на суви очи, дури и во крајни случаеви –слепило. Соодветно на податоците, може да се каже дека нивото на аерозагадување е поврзано со краткорочно зголемување на посетите кај офталмолог.

5.5.

Аерозагадувањето и ефектите врз имуниот систем

Многу од болестите кои се окарактеризирани со дисфункција на имуниот систем можат да бидат афектирани од факторите на надворешната средина, како што е лошиот квалитет на воздухот. Овој фактор предизвикува сериозни компликации во имуниот систем како што се: абнормално зголемување на серумските нивоа на имуноглобулини (IgM, IgA) и на компонентната C3 од комплементот. Експозицијата на овие имунотоксини може исто така да предизвика имуна дисфункција на различни нивоа, што може понатака да служи како основа за зголемен ризик од бројни невроинфламаторни болести, каде има алтериран имун одговор во мозокот.

6.0. Ефектите од загадениот воздух врз здравјето на децата 1 во 4 смртни случаи кај деца под 5 годишна возраст се заради нездрава животна средина. Секоја година ризик факторите од средината како што се аерозагадувањето, изложеноста на чад од цигари,

15

нездрава вода за пиење, недостаток на основни санитарни услови и неадкватна хигиена, го земаат животот на 1,7 милиони деца под 5 годишна возраст според новите извештаи на СЗО. Изложеноста на наведените ризик фактори од животната средина може да започне уште во утробата на мајката и го зголемува ризикот за предвремено раѓање. Дополнително, кога новороденчињата и децата од преучилишна возраст се изложени на аерозагадување и чад од цигари имаат зголемен ризик за пневмонија во детството, а во тек на целиот живот имаат зголемен ризик за хронични респираторни заболувања како што е астмата. ИЗложеноста на аерозагадување исто така го зголемува нивниот ризик за добивање на срцева болест, мозочен удар и рак. Аерозагадувањето се наоѓа на прво место за смрт кај деца под 5 годишна возраст.Во светот 570 000 деца под 5 годишна возраст умираат од респираторни инфекции, како пневмонија. Децата се највулнерабилна група заради поголемиот број на вентилации во минута, неразвиен имун систем, вклучување во различни активности и притоа поминување на поголем дел од денот надвор. Поголем број на епидемиолошки студии ја покажале поврзаноста меѓу морталитетот и морбидитетот кај децата. Притоа постојат неколку критериуми односно загадувачи во воздухот кои се потенцијални предизвикувачи на здравствени проблеми кај децата и тоа : -

Озон ПМ честички Азот диоксид Сулфур диоксид Јаглероден моноксид

6.1.

Различни ефекти од аерозагадувањето врз здравјето на децата

6.1.1.

Морталитет

Во последно време се забележува зголемување на морталитетот кај деца и возрасни заради загадувањето на воздухот. Sudden Infant Death Syndrome (SIDS) односно ненајдена смрт кај новородено е водечка причина за смрт кај новородени во Канада и други развиени земји, а е поврзана со изложеност на аерозагадување. Посебно е изразено влијанието на ПМ честичките и тоа не само кај новородени туку и кај деца помали од 5 годишна возраст.

6.1.2.

Влијание во бременост

16

Високи нивоа на загадувачи во воздухот влијаат на различен исход од бременоста вклучувајќи : предвремено раѓање, мала родилна тежина, плод со ментална ретардација , абнормална родилна должина, абнормална големина на глава и мала големина на плодот во споредба со гестациската старост. Сепак не постојат докази за тоа во кој период од бременоста аерозагадувањето има најголем ефект.

6.1.3.

Зголемен ризик за дефекти при раѓање

Забележана е сигнификантна поврзаност помеѓу пренаталната изложеност на јаглероден моноксид и вентрикуларен септален дефект додека изложеноста на озон е поврзана со зголемен ризик за развој на аортни и валвуларни дефекти како и дефекти на пулмонална артерија.

6.1.4.

Респираторни заболувања

Изложеноста на загадувачи во воздухот се поврзани со неколку акутни и хронични респираторни здравствени ефекти и кај деца со астма и кај здрави деца. Кај децата кои веќе имаат астма е забележано зачестено појавување на симптомите, а исто така кај здравите деца е забележано зголемување на инциденцата и преваленцата на астма во детска возраст особено меѓу деца кои редовно се вклучени во спортски активности.

6.1.5.

Нарушување на имун систем

Изложеноста на аерозагадувањето го нарушува имуниот систем кај децата. Повеќе студии покажале дека штетните материи од воздухот го нарушуваат како клеточниот така и хуморалниот дел од имуниот систем.

6.1.6.

Зголемен ризик од витамин Д дефицит

Деца кои што живеат во региони со поголемо ниво на загадувачи во воздухот имаат поголем ризик за да развијат витамин Д дефицит. Докажано е дека сончевата радијација и тоа ултравиолетовите Б зраци кои што доаѓаат до земјата се обратнопропорционално поврзани со нивото на загадувачи во воздухот. УВ-Б зраците се неопходни за конверзијата на 7 дехидрохолестерол во холекалциферол ( Вит.Д3)

17

7.0. Графички приказ на неспецифични респираторни заболувања

7.1. Кај предучилишни деца и училишни деца во однос на годишниот просек Од евалуацијата на податоците може да се констатира дека помалку заболуваат децата од село во однос на град, како и циклична сезонска варијација на морбидитетот.

7.2. Кај предучилишни деца и училишни деца во однос периодите во школската година

18

Заклучок

Забележан е сигнификантен морбидитет и морталитет кај децата заради аерозагадување. Како што растат нашите градови т.е како што се зголемува популацијата посебно во поголемите градови мораме да бидеме свесни за аерозагадувањето и неговите ефекти, особено врз децата. Мора да се земат во предвид дека можеби постојат сеуште недокажани загадувачи во воздухот кои што може да имаат во воздухот ефект врз идните генерации со тоа што би имале влијание врз генетскиот материјал. Мора да се спроведе темелно истражување во оваа област за да се соберат доволно информации. Овој предизвик мора да биде сериозно прифатен доколку сакаме да го заштитиме здравјето на децата не само денес туку и во иднина.

19

Related Documents


More Documents from ""