Меѓѓ ународен славјански универзитет “Гаврило Романович Державин” Факултет за правни науки - Битола
--Правни студии –
Предмет: Граѓанско процесно право
--ДИПЛОМСКИ ТРУД--
Постапка за изземање на судии и последици кои произлеѓуваат од повредата на правилата за изземање __________________________________________________________________________________
Ментор:
Изработил:
Проф. Д-р Александар Илиевски
Влатко Трајкоски бр. ин.1482078
Битола, Август 2018
Вовед Правото на граѓанинот, да му суди независен и непристрасен судија, претставува гаранција на општеството дека судската власт ја исполнува должноста што и е доверена со Уставот , и дека тоа право на граѓанинот е подигнато на највисоко ниво, со негово гарантирање и доследна примена на Универзалната декларација за човекови права, како и со сите други документи на Советот на Европа. Главен и основен предуслов на секое едно општество, чијашто цел е демократско општество во кое владее правото е независноста на судовите. Нивната ефикасност, законитост во постапувањето, оневозможување на злоупотреба на правата и завршување на судските постапки во разумен рок утврдени со Законот за парнична постапка се од суштинско значење за постигнување на посакуваната независност. Како еден мал придонес во таа насока, во оваа тема, ќе биде обработена е Постапката за изземање на судии, со посебен осврт на причините кои може да придонесат за изземање на судии, како и последиците кои може да настанат со повреда на правилата за нивно изземање, санкции поради злоупотреба на овластувањето да се бара изземање како и лица на кои се однесуваат правилата за изземање. Исто така ќе биде изработено и поимот што е суд како функционира и како е составен.
2
Содржина
Абстракт...............................................................................................................................................2 Вовед....................................................................................................................................................4 1.
Поим за граѓанско процесно право.....................................................................................4
2.
Структура и предмет на граѓанска постапка......................................................................4
3.
Судот како субјект во парнична постапка..........................................................................4
Поим и причини за изземање на судии..............................................................................................6 1.
Поим за изземање на судии.....................................................................................................6
2.
Причини за изземање на судии...............................................................................................7
Постапка за изземање на судии..........................................................................................................9 1.
Постапка за изземање на судии на иницијатива на судијатаили судијата-поротник...........9
2.
Постапка за изземање на судии на иницијатива на странките............................................10
Лица на кои се однесуваат правилата за изземање на судија.........................................................12 Санкции поради злоупотреби на овластувањето за изземање........................................................13 Заклучок.............................................................................................................................................14 1.
Последици кои произлегуваат од повреда на правилата за изземање на судии............14
2.
Препораки за унапредување на моменталната состојба во судството...........................15
Користена литература........................................................................................................................17
3
Вовед 1. Поим за граѓанско процесно право
Граѓанската постапка е посебен метод на заштита на граѓанските субјективни права, регулиран со правни правила. Вкупноста на правните правила со кој се регулира граѓанската постапка претставува посебна гранка на правниот систем која што се именува како граѓанско процесно право. Граѓанското процесно право претставува систем на правни норми со кој се регулира структурата на граѓанската постапка, положбата на процесните субјекти во неа, нивните овластувања и должности, процесните дејствија што ги преземаат процесните субјекти и нивното процесно дејство како и одностите што се воспоставуваат меѓу процесните субјети при преземањето на процесните дејствија. Граѓанското процесно право е дел од позитивното право. Тоа ги опфаќа правните норми со кој се уредува начинот на заштита и остварување на граѓанските субјективни права кој се признати и стекнати според правилата на материјалното граѓанско право. Со нормите на граѓанското процесно право не се создаваат нови граѓански субјективни права односно нови граѓанско правни односи. Со нормите на граѓанското процесно право се регулираат процесно правните односи кои настануваат по повод заштитата на повредените или загрозените граѓански субјективни права. Во рамките на граѓанското процесно право се прави разлика помеѓу материјално и формално процесно право. Материјално процесно право ги опфаќа правилата на процесното право со кој се регулираат суштинските, материјалните претпоставки за остварување правна заштита во сверата на граѓанско правните односи. Тоа се правилата кои се однесуваат на надлежноста и составот на судот, способноста да се биде странка, процесната способност, уредно застапување и др. Формалното процесно ги регулира правилата за процесните форми во кој се преземаат дејствијата во постапката за правна заштита. Тука влегуваат правила за поднесоци, рокови, рочишта и др. 2. Предмет на граѓанско процесно право 4
Предмет на граѓанското процесно право се правните правила за граѓанскта постапка. Правните нормите со кој се регулира граѓанската постапка се хетерогени со оглед на тоа дека граѓанската постапка не е единствен метод на правна заштита на граѓанските субјективни права. Како што граѓанската постапка се дели на парнична, вонпарнична и извршна така и во рамките на граѓанското процесно право се разликуваат, парнично, вонпарнично и извршно. Парничното право е дел од граѓанското процесно право што ги опфаќа правните норми, со кој се регулира структурата на парничната постапка, положбата на процесните субјекти во неа, процесните дејствија на субјектите во постапката и нивното процесно дејство, како и процесните односи што се воспоставуаат меѓу процесните субјекти при расправањето и одлучувањето на споровите од лични и семејни односи, од работни, трговски и др односи. Вонпарнично право е систем на правни норми со кој се регулира структурата на вонпарничната постапка, положбата на процесните субјекти во неа, процесните дејствија на процесните субјекти во постапката и нивнито процесно дејство како и процесните односи што се воспоставуаат меѓу процесните субјекти во врска со постапувањето и одлучувањето за лични, семејни односи, работни и трговски односи кога тоа е определено со закон. Извршно право како дел од граѓанското право ги опфаќа правните норми со кој се регулира структурата на постапката за присилно и извршување и постапка за обезбедување на побарувања. 3. Структура на граѓанско процесно право Правните норми на граѓанското процесно право се делат на две групи: организациски прописи и функционални прописи на граѓанското процесно право. Организациските прописи на граѓанското процесно право содржат правни норми за организација на судовите и другите органи и служби пред кој се остварува заштита на граѓанските субјективни права според правилата на граѓанската постапка или кој учествуваат во заштитата на правата во таа постапка, нивната надлежност и задачи како и други прашања во извршување на нивните функции. Во Република Македонија не е извршена кодификација на организациските процесни правила, така што тие се содржани во повеќе правни извори. Еден дел од овие правила се содржани во 5
процесните закони ( ЗПП, ЗВП, ЗИ, ЗОП ) а другиот дел со кој се регулира основањето, организицијата, видовите, надлежноста и составот на судовите и на другите правосудни органи и служби како и постапката за избор, односно именување на носителите на судиската и други правосудни функции ( Закон за судовите, Закон за државно правобранителство; Закон за адвокатура). Некои организациски процесни правила се содржани и во подзаконски прописи како што е судски деловник. Сите овие правни извори го сочинуваат организациското граѓанско процесно право. Од гледиште на правна систематика спорно е прашањето каде припаѓа организациското процесно право. Сигурно е дека организациското процесно право не припаѓа во целост и исклучиво во граѓанското процесно право. Тоа гравитира кон различни гранки на правниот систем така прописите со кој се уредува организацијата на судовите и на другите правосудни органи и служби, како и нивната положба во рамките на државната организација, без сомнение се дел од уставното право. Прописите за правната положба на судиите и функционерите во другите правосудни органи, како и прописите за работните односи на вработените, по својата природа се предмет на трудово право. Додека правилата за вршење на судската управа се предмет на управно право. Фукнционалните прописи на граѓанското процесно право содржат правила кој се однесуваат непосредно на граѓанската процесна постапка. Со нив се регулираат претпоставките за преземање на процесните дејствија, положбата на процесните субјекти во постапката, нивните овластувања и должности, процесните дејствија што тие ги превземаат нивната форма, содржина и дејство што го произведуваат, како и односите што при тоа се воспоставуваат меѓу процесните субјекти. Во Република Македонија не е извршена кодификација на процесните правила, тие се содржани во законите со кои се уредуваат одделните граѓански постапки. Организациските и функционални прописи на граѓанското процесно право се меѓусебно зависни и условени, така од организацијата на судовите во голема мера организацијата на самата постапка, особено бројот на степените ( инстанците ), како и можноста да се остваруваат определени процесни начела ( непосредност, контрадикторност и економичност ). 4. Извори на граѓанско процесно право Изворите на правото се делат на: материјални и формални. Развиениот правен поредок за заснова на изворите на правото во формална смисла. Тоа подразбира дека извор на правото е акт кој содржи општа норма, која што важи за сите случаи што можат да се 6
подведат под таа норма. Во земјите на пишаното право во кој спаѓа и Република Македонија формален извор на правото се пишаните правни норми. Во функција на определување на изворите на граѓанското процесно право значајна е одредбата од Уставот на Република Македонија, според која судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот. Изразот судат од оваа уставна одребна се толкува во поширока смисла и значи дека според на наведените извори судовите не само што одлучуваат туки и постапуваат односно ја спроведуваат постапката за правна заштита. Уставот, законите, меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот се формални извори на граѓанското процесно право. Покрај нив значење на формален извор имаат и автентичното толкување на законите, како и подзаконските нормативните акти и автономните правни акти. Во Република Македонија обичајот начелно не претставува извор на правото, па според тоа не претставува извор на граѓанското процесно право. Исклучок претставуваат случаите кога законот упатува на примена на правилата на меѓународното право кое по правило е обичајно право. Судската практика, мислењата на другите органи и науката за граѓанското право не претставувааат формални извори на граѓанското процесно право. Сепак ти е не се без влијание поради што имаат значење на фактички извори на граѓанското процесно право. 4.1 Формални извори на граѓанското процесно право Формални извори на граѓанското процесно право се многубројни и разновидни. Основен и заеднички формален извор на сите гранки во правото е Уставот на Република Македонија. Иако непосредно не ја уредува материјата на граѓанското процесно право, како акт со највисока правна сила Уставот содржи одредби релевантни за таа материја. Тука влегуваат одредбите особено за слободите и права на човекот и граѓанинот, и нивната заштита, како и одредбите за основните начела за задачите организацијата и функционирањето на судовите и другите правосудни органи. Уставот пропишува и одделни начела на граѓанска постапка или одделни аспекти на тие начела ( независност, јавност и начело на зборно судење ) Централно место меѓу формалните извори заземаат законите. Во Република Македонија материјата на функционалното граѓанско процесно право не е регулирана во еден законик – кодекс, туку за секоја од граѓанските постапки се донесени посебни закони. Основен извор на парничното процесно право е Законот за парнична постапка. 7
Со овој закон се уредени општата (редовната) парнична постапка и неколку посебни парнични постапки, постапката во споровите од работни односи, постапката во споровите поради смеќавање на владение, издавањето платен налог, постапката во споровите од мала вредност и псотапката во стопанските спорови, како и постапката пред избраните судови. Меѓународните конвенции и договори ратификувани во согласност со Уставот се формален извор на граѓанското процесно право. Станува збор за мултилатерални и билатерални договри и конвенции кои содржат одредби од процесен карактер од значење за граѓанската постапка, или со кои се уредува материјата на меѓународната правна помош. Позначајни меѓународни конвенции и договори, кои се извор на граѓанското процесно право на Република Македонија се: Мултилатерални конвенции и договори: -
Европска конвенција за заштита на човековите права и основните слободи
-
Хашката конвенција за граѓанска постапка
-
Виенската конвенција за дипломатски односи
-
Виенската конвенција за конзуларни односи
-
Конвенцијата за признавање и извршување на станските арбитражни одлуки
-
Конвенција за укинување на потребата од легализација на странските јавни исправи и други. Билатерални договори:
-
Договорот помеѓу Република Македонија и Република Хрватска за правна помош во граѓанските и кривичните предмети
-
Привремената спогодба помеѓу Република Македонија и Република Грција
-
Договорот помеѓу Република Македонија и Република Словенија за правна помош во граѓсанските и кривичните предмети
-
Договорот помеѓу Република Македонија и Украина за правна помош во граѓанските предмети и други. 8
Обичајното право, начелно, не преставува формален извор на граѓанското процесно право, затоа што во оваа област по правило не се користат обичајни правила. Сепак по исклучок и обичајните правила можат да се јават како извор на граѓаснското процесно право, ако законот упатува на нивна примена. Таков е случајот со правилото според кое за надлежноста на судовит на Република Македонија за судење странци кои уживаат имунитет во Република Македонија и за судење странски држави и меѓународни организации важат правилата на меѓународното право, кое до сега по правило е обичајно право. Автентичните толкувања на законите ги дава Собранието на Република Македонија и тие се интегрален дел на толкуваните закони. Законите се применуваат во смисла на автентичното толкување од почетокот на нивното влегување во сила. Подзаконските норамативни акти и автономните правни акти се формален извор на граѓанското процесно право доколку се во согласност со Уставот и законите. Тука спаѓаат: Судскиот деловник, правилниците за надомест на трошоците во праничната постапка, за надоместоците и наградите за судиите поротници и судските преведувачи, адвокатските, нотарските и извршителските тарифи, правилниците за арбитражно судење итн. 5. Судот како субјект во парнична постапка
Во Република Македонија државната власт е поделена на законодавна, извршна и судска. Во системот на поделба на власта судската власт ја вршат судовите. Уставот на РМ ја прокламира самостојноста и независноста на судовите. Тоа се самостојни и независни државни органи кои судат и своите одлуки ги донесуваат врз основа на уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со уставот. Судовите се постојани органи на државната власт. Целите и функциите на судската власт, опфаќаат: I.
непристрасно применување на правото, независно од положбата и
II.
својството на странките заштита, почитување и унапредување на човековите права и основните
III.
слободи обезбедување на еднаквост, рамноправност, недискриминација по кој било
IV.
основ обезбедување правна сигурност врз основа на владеење на правото 9
Организацијата на судовите во РМ е уредена со Законот за судови (скр. ЗС). Во судскиот систем на РМ, судската власт ја вршат основните судови, апелационите судови, Управниот суд, Вишиот управен суд и Врховниот суд на РМ 12. 1. Во прв степен судовите судат во совети составени од двајца судии и тројца судии поротници за кривични дела за кои со закон е пропишано казна затвор во траење ид 15 години или казна доживотен затвор, а во совети составени од еден судија и двајца судии поротници за кривични дела за кои со закон е пропишана поблага казна. За кривични дела за кои како главна казна е пропишана парична казна или казна затвор до 5 години, во прв степен суди судија поединец. 2. Во втор степен судовите судат во совети составени од петмина судии за кривични дела за кои со закон е пропишана казна затвор во траење од 15 години или казна доживотен затвор, а во совети составени од тројца судии за кривични дела за кои е пропишана поблага казна. Кога суди во втор степен на расправа, советот е составен од двајца судии и тројца судии-поротници. 3. Во трет степен судовите судат во совети составени од петмина судии. 4. Судијата на претходната постапка, судијата, односно, советот за оцена на обвинителниот акт, претседателот на судот и претседателот на советот одлучуваат во случаите предвидени со овој закон. 5. Првостепените судови, во совет составен од тројца судии одлучуваат за жалби против одлуките на судијата на претходна постапка и против други решенија кога тоа е определено со овој закон. 6. По барање за заштита на законитоста судот одлучува во совет составен од петмина судии, а доколку барањето е поднесено против одлуката на Врховниот суд на РМ, за барањето Врховниот суд на РМ одлучува на општа седница. 7. Ако со овој закон поинаку не е определено, судовите од повисок степен одлучуваат во совет составен од тројца судии во случаите што не се предвидени во ставовите од 1-6 на овој член 8. Ако во првостепениот суд поради недоволен број на судии неможе да се оформи совет предвиден во ставот 5 на овој член, по барање на претседателот на тој суд, претседателот на непосредно повисокиот суд ќе делегира судија од друг суд од своето подрачје.3
1
Закон за судови, Член 22 “Судски систем”, д-р Светлана Вењановска, Кичево 2014 3 Службен весник на РМ, Бр.150 од 18.11.2010година, Закон за кривична постапка 2
10
Поим и причини за изземање на судии 1. Поим за изземање на судии
Правото на судење од страна на независен и непристрасен суд е едно од фундаменталните човекови проценси права кое се гарантира со сите релевантни меѓународни документи. Во секоја демократска и правна држава независноста на судството и на судиите е обезбедена со голем број уставни и законски гаранции, кои сите заедно, на апстрактен план, треба да обезбедат слобода на судството и на судиите од каков било потенцијален извор на зависност, нелегитимно влијание, поттикнувања, притисоци, закани или интервенции, било непосредни или посредни. Други гаранции на судиската независност се: изборноста односно реизборноста на судиите, судискиот имунитет, постојаноста и неподвижноста на судиите, инкомпатибилноста на судиската должност со други служби и работи и релативно поблагата материјална одговорност на судиите. Сиве овие гаранции на судиската независност се на општ план (in abstracto) поради пто тие е разликуваат од изземањето, кое е гаранција за судиската независност во конкретна парница, т.е. на конкретен план (in concreto). Дури и да се обезбедени сите гаранции за судска независност, сепак можно е судијата да не биде целосно ослободен од сите можни извори на влијание и притисок. Во судењето може да биде доведена во прашање непристрасноста. Таа претставува неутралност и објективност на судиите при одлучување во конкретен случај. Тоа може да е резултат на одредени недозволени надворешни влијанија или на одредени субјективни својства на судијата. Поради дејствувањето на некој таков фактор судијата може да биде непосредно или посредно,
материјално,
морално, професионално,
или на некој
друг начин
заинтересиран за исходот на конкретната парница. Барањето за судење од страна на непристрасен суд налага таквиот судија да биде исклучен од вршење на судиската функција во конкретниот предмет. Тоа се постигнува преку институтот изземање судии. Изземањето на судиите е процесен институт што овозможува да се исклучат од вршење на судиската функција оние судии или судии-поротници , за кои, поради одредени односи со странките или предметот на спорот, постои сомневање за нивната непристрасност (објективност) во судењето на конкретна правна работа. Изземањето на судиите и судиите-поротници е уредено со Закон за парнична постапка – ЗПП. 11
Законските норми за изземање имаат когентна природа. Тоа пак, дали при донесувањето на одлуката учествувал судија, односно, судија-поротник што требало да се изземе, покрај тоа што е гаранција на судиската независност, истивремено е и работа на правилно или неправилно утврден состав на судот во конкретна парница, што е од посебно значење и за правната важност на постапката и на одлуката донесена во неа. 4
2. Причини за изземање на судии
Причините поради кои може да биде доведена во прашање непристрасноста на судијата или судијата-поротник во судењето може да се најразлични. Некои од нив се особено значајни и очевидни. За нив е должен да внимава судот и тоа во сите стадиуми на постапката, додека другите се помалку значајни и по неочевидни и тие се земаат предвид само ако на нив со веројатност укажат странките, а странките се должни тоа да го сторат веднаш штом за нив ќе дознаат, односно, најдоцна до завршувањето на расправањето во постапката од прв степен доколку, пак, одлуката се донесува без расправање – до донесувањето на одлуката. Судија или судија-поротник неможе да ја врши судиската должност: 1. Ако самиот е странка, законски застапник или полномошник на странка, ако со странката е во однос на соовластеник, сообврзник, или регресен обврзник, или ако во истиот предмет е сослушан како сведок или вештак; 2. Ако постојано или привремено работи кај работодавец кој е странка во постапката 3. Ако странката или законскиот застапник или полномошникот на странката му е роднина по крв во права линија до кој и да е степен а во странична линија до четврти степен, или му е брачен другар, вонбрачен другар или роднина по сватовство до втори степен, без оглед дали бракот престанал или не; 4. Ако е старател, посвоител, посвоеник, хранител или храненик на странката, на нејзин законски застапник или полномошник; 5. Ако во истиот предмет учествувал во донесувањето на одлуката на понискиот суд или на друг орган; 6. Ако постојат други околности што ја доведуваат во сомневање неговата непристрасност5 . 4 5
“Граѓанско процесно право применета програма” – Саша Дукоски, Кичево 2015 Закон за парнична постапка, Член 64
12
Во процесната теорија и во законодавствата вообичаено се прави разлика помеѓу две групи причини. Во првата група влегуваат причините кои според своето значење и општите мерила, со самото постоење го прават основано сомневањето дека судијата ќе биде непристрастен во конкретниот случај. Тие се доволна основа судијата да биде исклучен од судењето, без потреба да се докажува врската меѓу определен однос или својство и непристрасност на судијата. Станува збор за апсолутни причини кои судијата го прават “неспособен судија” (index inhabilis). Апсолутните причини за изземање судија се таксативно наведени во ЗПП. Станува збор за околности или својства кои го доведуваат судијата во некаква правна, економска, морална, професионална или работна поврзаност со предметот на спорот или со странките. Според својата природа и општите мерила, тие се такви што не оставаат простор за оценка дали судијата треба и може да суди во конкретната правна работа. Нивното постоење секогаш доведува до изземање на судиите или судиите-поротници. Во зависност од природата на поврзаност на судијата со конкретниот предмет може да се поделат во неколку групи:
Група I – причини кои се засноваат на општиот принцип дека никој не може да биде судија во сопствената правна работа (nemo index in causa sua). Судијата не може да ја врши судиската функција ако е самиот странка, законски застапник или полномошник на странката, или ако со странката е во однос на соовластеник, сообврзник или регресен обврзник6 .
Група II – причини кои укажуваат на определена морална врска меѓу судијата и странките, која може да произлегува од брак или вонбрачна заедница, сродство или односи блиски со сродството – старателство и посвојување (доколку странката му е роднина по крв, по права линија до кој и да е степен, а во странична линија до четврти степен, или му е брачен другар, вонбрачен другар или роднина по сватовство до втор степен, без оглед на тоа дали бракот престанал или не7, или ако е старател, посвоител, посвоеник, хранител или храненик на странката, на нејзиниот законски застапник или полномошник 8 .
6
Закон за парнична постапка, Член 64, Став 1, Точка 1 Закон за парнична постапка, Член 64, Став 1, Точка 3 8 Закон за парнична постапка, Член 64, Став 1, Точка 4 7
13
Група III – околности кои укажуваат на веќе реализиран професионален или друг ангажман на судијата во истата правна работа, во текот на кој судијата веќе го изразил своето мислење и/или знаење. Судијата неможе да суди ако во истиот предмет е сослушан како сведок или вештак или ако во истиот предмет учествувал во донесувањето на одлуката на понискиот суд или на друг орган 9 . И определена работна поврзаност на судијата или судијата-поротник со некој од стрнаките во постапката претставува апсолутна причина за негово изземање. Евидентна
е
материјалната
и
моралната
поврзаност,
а
со
тоа
и
заинтересираноста на судијата или судијата-поротник за исходот на постапката ако тој постојано или повремено работи кај работодавец кој е странка во постапката10 . Втората група ја сочинуваат причините кои сами по себе не се сигурен показател дека непристрасноста на судијата е довеена во прашање, но се доволна основа за сомневање дека судијата може да биде непристрасен во конкретниот случај. Станува збор за релативни причини кои укажуваат на “сомнителен судија” (index suspectus). За постоење релативни причини за изземање, судот води сметка само на барање на странките. Странката треба да го докаже постоењето на конкретната околност или својство, но и фактот дека токму таа околност или својство во конкретниот случај ја загрозува непристрасноста на судијата. Како најкарактеристични можат да се наведат следниве примери: пријателство или непријателство меѓу судијата и странката, ако судијата и странката се во подалечен степен на крвно сродство или сродство по сватовство, ако судијата и странката се свршеници или живеат во конкубинат, ако се кумови, ако судијата советува некоја од странките во текот на постапката и т.н.
Постапка за изземање на судии Иницијатива за изземање на судијата или судијата-поротник може да даде самиот судија, односно, судија-поротник или странките.
9
Закон за парнична постапка, Член 64, Став 1, Точка 5 Закон за парнична постапка, Член 64, Став 1, Точка 2
10
14
1. Постапка за изземање на судии на иницијатива на судијатаили судијата-поротник
Секој судија, по службена должност, води сметка за постоењето причини кои го прават index inhabilis во конкретната правна работа. Судијата или судијата-поротник штом ќе дознае дека постои некоја од причините за изземање што се таксативно наведени во ЗПП (апсолутни причини за изземање), должен е да ја прекине секоја работа врз тој предмет и за тоа да го извести претседателот на судот, кој ќе определи замена
11
. Всушност, кога постои некоја апсолутна причина за изземање на судија,
судијата е автоматски изземен и нема потреба да се одлучува за тоа дали судијата треба или не треба да биде исклучен. Затоа, претседателот на судот само определува друг судија кој ќе постапува и ќе одлучува во конкретниот предмет, наместо изземениот судија. Ако станува збор за изземање на претседателот на судот кој постапува во конкретен предмет, тој самиот ќе си определи заменик од редот на судиите на тој суд. Во случаите кога тоа не е можно, претседателот на судот ќе го извести непосредно повисокиот суд, кој ќе определи во тој предмет да постапува друг стварно надлежен суд од неговото подрачје. Со тоа се врши нужна делегација на надлежности. Ако судијата или судијата-поротник смета дека постојат други околности што ја доведуваат во сомневање неговата непристрасност (релативни причини за изземање), тој е должен за тоа да го извести претседателот на судот, кој ќе одлучи за изземањето 12 . Ако постои некоја релативна причина за изземање, што го прави претседателот на судот index suspectus, претседателот на судот ќе го извести за тоа претседателот на непосредно повисокиот суд, кој ќе одлучи за изземањето13 .
2. Постапка за изземање на судии на иницијатива на странките
Постапка за изземање на судија може да се поведе и по барање на странка. Странката може да бара изземање и поради апсолутна и поради релативна причина за изземање. Барањето за изземање на судија или судија-поротник странката може да го 11
Закон за парнична постапка, Член 65, Став 1 Закон за парнична постапка, Член 65, Став 2 13 Закон за парнична постапка, Член 65, Став 3 12
15
поднесе во писмена форма, како поднесок упатен до судот или да го изнесе усно, на записник на рочиштето пред судијата чие изземање го бара. Странката е должна во предлогот за изземање да ги наведе околностите на кои го заснова своето барање за изземање. Барањето за изземање треба да биде образложено, така што странката ќе ја наведе конкретната законска причина што ја доведува во сомневање непристрасноста на судијата и ќе понуди докази за тоа. Странките можат да бараат изземање само на судијата или на судијата-поротник пред кого се води постапката односно, на претседателот на судот кој треба да одлучи за барањето на изземање. Странката не може да бара изземање на сите судии од еден суд кои би можеле да постапуваат во еден предмет.14 2.1. Поднесок на барање за изземање на судии од страна на странката
Странката е должна да поднесе барање за изземање кога ќе дознае дека постои причина за изземање на конкретниот судија, судијата-поротник или претседателот на судот. Барањето за изземање странката може да го поднесе најдоцна до завршувањето на главната расправа пред првостепениот суд, а ако главната расправа не се одржала, најдоцна до донесувањето на одлуката 15. Ако се бара изземање на судија од повисок суд, барањето за негово изземање странката може да го поднесе во правниот лек или во одговорот на правниот лек, а ако пред повисокиот суд се одржува расправа, тогаш до завршувањето на расправата16. Барањето за изземање не е допуштено ако:
се однесува на сите судии од еден суд кои би можеле да постапуваат во тој
предмет барањето е засновано на исти причини, односно околности, за кои е веќе
одлучено во барањето не е образложена причината поради која се бара изземање се бара изземање на претседателот на непосредно повисок суд кој треба да одлучува по барање за изземање претседател на понизок суд
14
www.pravo.org.mk Закон за парнична постапка, Член 66, Став 5 16 Закон за парнична постапка, Член 66, Став 6 15
16
Недопуштеното барање за изземање веднаш го отфрла судијата-поединец или претседателот на советот кој постапува по предметот, а против неговото решение не е дозволена посебна жалба17 18. Кога судијата или судијата-поротник, претседателот на советот, членот на советот или претседателот на судот ќе дознае дека е поднесено барање за негово изземање, должен е веднаш да ја запре работата врз конкретниот предмет. Ако станува збор за барање за изземање поради релативни причини, до донесување на решението за барањето овие лица можат да ги превземаат само оние дејствија за кои постои опасност од одлагање19. Ако во конкретниот случај судијата-поединец или претседателот на советот оцени дека барањето за изземање очигледно е истакнато заради попречување на судот при превземање на одредени дејствија, или заради одложување на постапката, тие се овластени со решение да одлучат постапката да продолжи понатаму. Против решението за продолжување на постапката не е дозволена посебна жалба 20. Во сите наведени случаи, кога во постапката се превземаат определени дејствија, а сеуште не е одлучено по барањето за изземање, преземените дејствија се условни. Ако подоцна барањето за изземање биде усвоено, преземените дејствија или донесените одлуки ги укинува судијата-поединец или претседателот на советот21. За барањето на странката за изземање одлучува претседателот на судот. Ако странката бара изземање на претседателот на судот, за неговото изземање одлучува претседателот на непосредно повисокиот суд. За барањето на странките за изземање судија на Врховниот суд на РМ одлучува претседателот на тој суд, а за барањето за изземање на претседателот на Врховниот суд на РМ одлучува Врховниот суд на РМ на општа седница22. 2.2. Решение по барањето за изземање
За барањето за изземање се одлучува со решение. При одлучувањето по барањето за изземање, претседателот на судот треба да ги утврди фактите на кои се заснова барањето. Постоењето на фактите треба да се утврди до степен на веројатност. 17
Закон за парнична постапка, Член 66, Став 3 и 4 www.pravdiko.mk 19 Закон за парнична постапка. Член 68, Став 1 20 Закон за парнична постапка, Член 68, Став 2 21 Закон за парнична постапка, Член 68, Став 3 22 Закон за парнична постапка, Член 67, Став 1-3 18
17
Пред донесувањето на решението за изземање се зема изјава од судијата или од судијата-поротник чие изземање се бара, а по потреба можат да се извршат и други извиди. Барањето за изземање ќе се усвои ако од него произлегува дека причините на кои
се повикува странката се веројатни и доволни да предизвикаат сомневање за
непристрасно судење. Во спротивно, барањето ќе се одбие. Против решението со кое се усвојува барањето за изземање не е дозволена жалба, а против решението со кое барањето е отфрлено или одбиено не е дозволена посебна жалба 23. Ако на спротивната странка со истакнувањето неосновано барање за изземање и се причинети определени трошоци во постапката, таа има право да поднесе барање за надоместок на тие трошоци. Решението за досудување на трошоците на постапката го донесува судот без одлагање. Против тоа решение не е дозволена посебна жалба, а присилно извршување заради наплата на досудените трошоци може да се бара и пред правосилноста на решението2425. 2.3. Валидност на дејствијата преземени по поднесено барање за изземање
Кога судијата или судијата-поротник дознае дека е ставено барање за негово изземање е должен веднаш да ја запре својата работа врз предметот, а ако станува збор за изземање од членот 33, став 2 на овој закон до донесувањето на решението за барање може да ги презема само оние дејствија за кои постои опасност од одлагање. Од судска практика пред донесување на ЗПП/98, ги бележиме следните правни стојалишта: -
Ако судијата, како член на советот на повисокиот суд учествува во донесувањето на одлуката со која е укината одлуката на судот од понизок степен тој не е изземен да учествува во разгледувањето на повторната одлука на судот од понизок степен по истиот предмет, ниту пак да суди како судија на првостепен
-
суд по истиот предмет Самото учествување во една фаза од првостепената постапка не претставува законска пречка истиот судија да ја врши судиската должност во второстепената постапка, во тој предмет, ако не учествувал и во донесувањето на првостепената одлука која се побива со правниот лек;
23
Закон за парнична постапка, Член 67, Став 5 Закон за парнична постапка, Член 68, Став 5 25 Кирил Чавдар, Кимо Чавдар,- “Закон за парнична постапка”, второ изменето и дополнето издание, Скопје 2011 24
18
-
Судијата не може да ја врши судиската должност во предметот во кој е сослушан како сведок, а не ако само е предложен како сведок, но не е сослушан.
Лица на кои се однесуваат правилата за изземање на судија Правилата за изземање на судија или судија-поротник предвидени со ЗПП соодветно се преименуваат и на записничарот. За изземање на записничарот одлучува судијата поединец односно претседателот на советот 26. Во парничната постапка и вештакот може да биде изземен поради истите причини поради кои може да биде изземен судија или судија-поротник. Странката може да поднесе барање за изземање на вештакот штом ќе дознае дека постои причина за изземање и тоа по правило пред почетокот на изведувањето доказ со вештачење. Во барањето за изземање на вештакот странката е должна да ги наведе околностите врз кои го заснова своето барање за изземање. За барањето за изземање вештак одлучува парничниот суд. Судијата на замолениот суд и претседателот на советот одлучуваат за изземање на вештак ако ним им е доверено изведувањето доказ со вештачење. Против решението со кое се усвојува барањето за изземање не е дозволена жалба, а против решението со кое барањето се одбива не е дозволена посебна жалба. Ако странката дознала за причината за изземањто по извршеното вештачење, таа има право да приговори на вештачењето од таа причина. Во тој случај судот ќе постапи како барањето за изземање да е ставено пред извршеното вештачење27. Судот нема да го прифати вештачењето како доказ по приговор од спротивната страна, ако донел одлука по барање за изземање на вештакот. И кога судот определил супер вештачење, странките можат да приговорат за изземање на вештаците ако постојат истите причини поради кои може да биде изземен судија или судија-поротник28. Странка во постапка може да биде секое физичко и правно лице. Со посебни прописи се одредува кој може да биде странка во постапката, освен физички и правни лица. Наведените правила за изземање вештак согласно се применуваат и за изземање на преведувачите и толкувачите 29. Одредбите за изземање на судија и на судија-поротник ќе се применуваат и за записничарот. За изземање на записничарот 26
Закон за парнична постапка, Член 69 Закон за парнична постапка, Член 239, Став 6 28 Закон за парнична постапка, Член 239, Став 1 и 2 29 Закон за парнична постапка, Член 248 27
19
одлучува судијата поединец, односно, претседателот на советот. Одредбите за изземање на судии и судии-поротници согласно ќе се применуваат и врз јавните обвинители, освен во случаи кога постои основот од Членот 33, став 1, Точки 4 и 5. Јавниот обвинител на јавното обвинителство одлучува за изземањето на јавните обвинители во јавното обвинителство. За изземањето на јавниот обвинител на јавното обвинителство одлучува јавниот обвинител на непосредно повисокото јавно обвинителство.
Санкции поради злоупотреби на овластувањето за изземање ЗПП пропишува и репресивни мерки притив лицата кои го злоупотребуваат овластувањето да бараат изземање на судија, спротивно на целите поради кои постои овој процесен институт. Така, ако судот утврди дека странка, вмешувач, полномошник или законски застапник на странката го истакнал барањето за изземање заради очигледно попречување на судот во преземањето на одредени дејствија или заради одолжување на постапката, ќе ги казни наведените лица со парична казна пропишана со ЗПП поради слоупотреба на процесните овластувања и тоа:
физичко лице со парична казна од 700-1000 евра во денарска противвредност правно лице со парична казна од 2500-5000 евра во денарска противвредност 30
Заклучок 1. Последици кои произлеѓуваат од повреда на правилата за изземање на судии
Ако во донесувањето на пресудата учествувал судија или судија-поротник кој според закон мора да се изземе (поради апсолутна причина за изземање), или кој со решение на судот бил изземен 31, постои апсолутна суштествена повреда на одредбите на парничната постапка. Поради оваа апсолутна суштествена повреда на одредбите на парничната постапка може да се изјави редовен правен лек- жалба, како и вонредни 30 31
Закон за парнична постапка, Член 68, Став 4 во врска со 10, Став 2 и 3 Закон за парнична постапка, Член 343, Став 2.2
20
правни лекови – ревизија32 и повторување на постапката 33. Против пресуда донесена во прв степен странките можат да изјават жалба во рок од 15 дена од денот на доставувањето на преписот на пресудата, ако во овој закон не е определен друг рок. Навремено изјавена жалба спречува пресудата да стане правосилна во делот што се побива со жалбата. Жалба можат да изјават странките, бранителот, законскиот застапник на обвинетиот и оштетениот. Во корист на обвинетиот жалба можат да изјават и неговиот брачен/вонбрачен другар, роднина по крв во права линија, посвоител, посвоеник, брат, сестра и хранител. Јавниот обвинител може да изјави жалба, како на штета, така и во корист на обвинетиот. Оштетениот може да ја побива пресудата во однос на одлуката за трошоците на кривичната постапка, а доколку е досудено имотно-правно побарување и во тој дел. Жалба може да изјави и лицето чиј предмет е одземен или од кое е конфискуван имот или имотна корист прибавена со кривичното дело, како и правното лице на кое му е изречено одземање на имотната корист. Бранителот и лицата од ставот 2 на овој член можат да изјават жалба и без особено овластување од обвинетиот, но не и против неговата волја. За жалбата против пресудата одлучува второстепен суд. Странката може да се одрече од правото на жалба, од моментот кога е објавена пресудата или од моментот кога ќе и се достави преписот на пресудата. До донесувањето на одлуката на второстепениот суд странката може да се откаже од веќе изјавената жалба. Одрекувањето или откажувањето од жалбата неможе да се отповика. Повторување на постапката може да се бара ако таа причина не била без успех изнесена во поранешната постапка и ако странката без своја вина не можела таа околност да ја изнесе пред поранешната постапка да биде завршена со правосилна судска одлука34. Повредата
на
правилата
за
изземање
на
записничарите,
вештаците,
преведувачите и толкувачите претставува релативна, суштествена повреда на одредбите на парничната постапка поради која може да се изјави жалба 35, а ревизија само ако повредата е сторена во постапката пред второстепениот суд36. Со цел на странката да би и отпаднале сите можни сомневања во врска со одреден предмет, постои можност за поднесување на барање до претседателот на судот 32
Закон за парнична постапка, Член 357, Став 1.1 Закон за парнична постапка, Член 392, Став 1, Точка 1 34 Закон за парнична постапка, Член 393 35 Закон за парнична постапка, Член 343, Став 1 36 Закон за парнична постапка, Член 375, Став 1.2 33
21
за назначување на друг судија во одреден кривичен предмет. Често пати, статистички може да се потврди редовна застапеност на еден ист бранител/ка - полномошник за странките во предмети кои ги води еден судија. Со цел да се придонесе за зацврстување на довербата во судството и владеење на правото, што претставува интенција и заложба на сите чинители во нашето општество, исклучително важно е во такви случаи да се донесе позитивна одлука на таквото барање.
2. Препораки за унапредување на моменталната состојба во судството
Независноста на судството како институција, се огледува на неговата независност и самостојност во однос на органите на законодавната и извршната власт, но и во однос на политичките партии, државните и сите други институции, центри на моќ, јавно мислење, роднински или пријателски врски, како и во однос на сите други извори на можни притисоци. Но состојбата на судската независност во една земја не се одредува само со законите кои се однесуваат на ова прашање. Таа е резултат на почитувањето на независноста на судството во праксата, но и условите и околностите под кои се спроведува правдата. Судиите не треба да се непристрасни само затоа што законот така вели.37 Независноста на судијата како личност се огледа во неговата решеност да ја брани независноста и самостојноста на судството и секогаш да суди по закон, во сите случаи и во секоја прилика, без оглед на последиците. Оттука, перцепцијата на судиите за нивната независност и непристрасност е исто толку суштинска, колку што е и правната рамка. Меѓутоа, сите принципи и стандарди кои се однесуваат на независноста и непристрасноста на судството и судиите, не секогаш се применуваат во практиката и не доследно од сите и во сите сегменти. Поради овие недоследности, се поставува прашањето: Што треба да се направи во иднина во судството, за да се унапредат востановените основи на независност и непристрасност, и да им се даде содржина и правец за натамошно јакнење на својата положба во општеството,
37
Независност на судството, Правна анализа од Organization for Security and Co-operation in Europe, Spillover Monitor Mission to Skopje
22
со крајна цел за остварување на правата и слободите на граѓаните и сите други субјекти? За да може да се отстранат ваквите неповолни состојби во остварувањето на непристрасноста на судиите, потребно е и понатаму да се продолжи со развивање и примена на институционалните гаранции. Меѓутоа, сето ова нема да даде резултат доколку не настанат промени во свеста и однесувањето на судиите и доколку тие самите, не се изборат за своето место и улога во општеството, преку доследна и практична примена на гаранциите за независност, самостојност и непристрасност.
23
24
Користена литература
[1] “Граѓанско процесно право” – Книга Прва, Парнично Право, д-р Арсен Јаневски, д-р Татјана Зороска-Камиловска (второ изменето и дополнето издание) [2] “Судски систем”, д-р Светлана Вењановска, Кичево 2014 [3] “Граѓанско процесно право применета програма” – Саша Дукоски, Кичево 2015 [4] “Закон за парнична постапка”, второ изменето и дополнето издание, Кирил Чавдар, Кимо Чавдар, Скопје 2011 [5] “Независност на судството”, Правна анализа од Organization for Security and Co-operation in Europe, Spillover Monitor Mission to Skopje
[6] Службен весник на РМ, Бр.150 од 18.11.2010година, Закон за кривична постапка
[7] Закон за судови
[8] Закон за кривична постапка
[9] Закон за парнична постапка
[10] www.pravdiko.mk
[11] www.pravo.org.mk
25
26