10/22/2018
Печени компири со лук и рузмарин • Сè за храна
Печени компири со лук и рузмарин 15 ДЕКЕМВРИ 2015 | ПРЕДЈАДЕЊА
Ако барате идеја за посно јадење или прилог ви предлагаме да направите печени компири со лук и рузмарин. Прекрасната арома на рузмаринот и лукот го наполнуваат вкусот на компирите. Компирите се омилена намирница на голем број од нас. Може да се припремаат на голем број на начини, како пржени, печени, варени или во салата, а се подеднакво вкусни и често се наоѓаат на трпезите. Секако, кога станува збор за здравјето и храната, сите ние треба да се трудиме и да се храниме поздраво. Затоа наместо пржени, изберете печени компири со лук и рузмарин, кои се посни, вегетаријански, без глутен, најважно од сѐ е тоа што се здрави.
Состојки: 1 ½ кг компири ¼ чаша маслиново масло 1 ½ мала лажичка сол 1/2 мала лажичка црн пипер 2 до 3 чешниња ситно сечкан лук 2 лажици ситно сечкан рузмарин. https://sezahrana.mk/%d0%bf%d0%b5%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b8-%d1…
1/2
10/22/2018
Печени компири со лук и рузмарин • Сè за храна
Подготовка: 1. Загрејте ја рерната на 200 степени. 2. Чешнињата лук исчистите ги и ситно исчекајте ги. Техниката за најлесно чистење на лук, прочитајте ја тука. 3. Рузмаринот измијте ги и исечкајте го. 4. Во длабок сад ставете го маслиновото масло, солта, црниот пипер, лукот и рузмаринот. Убаво измешајте ги состојките. 5. Компирите излупете ги, измијте ги и исечете ги на половина или на четвртинки (во зависност од големината). Исечените компири ставете ги во садот со маслиновото масло, сол и лукот. Измешајте добро. 6. Вака приготвените компири ставете ги во тава за печење. Печете ги во загреаната рерна за време од 45 минути до 1 час додека станат крцкави и добијат убава кафеава боја. Во текот на печењето, тавата извадете ја два пати и промешајте ги компирите. 7. Топлите печени компири со лук и рузмарин извадете ги од рерната и послужете во комбинација со свежа салата или сос од кисело млеко.
https://sezahrana.mk/%d0%bf%d0%b5%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b8-%d1…
2/2