1762 ЛЕТО
Илјада и седимстотин шесдесет и второ лето в Охрида од Цариграда дошел салаор. Еј! Дошел салаор. Се претставил пред Арсенја, наша Патрика честнаго и му рек'л слово горко, слово жалостно. Еј! Слово жалостно. Царска волја е да тргнеш, денеска за Цариграда на тебе од врли Грци, голем поплак е. Еј! Голем поплак е. Собрал патрик свое стадо, в црква свјати Климентова благослов им дал последен, р'це заплетил. Еј! Р'це заплетил. Д'лго време липал старец, в молчење в'сенародно и по бела брада ронел с'лзи горешти. Еј! С'лзи горешти. Слушајте ме мили чеда, јас ќе идам в Цариграда на мене од врли Грци голем поплак е. Еј! Голем поплак е. Грцкиј патрик ќе ни строши, славна Охридска Столица и мене до смрт ќе држи в заточение Еј! В заточение.
Ќе прати владици Грци, лицем светци срцем в'лци ќе ве дават, ќе ве стрижат, ќе м'лзат до крв. Еј! Ќе молзат до крв. Меѓу народа ќе сејат, несогласје и раздори, да се мразат син со татка и со брата брат. Еј! И со брата брат. И ќе викнете до Бога, и крило не ќе најдете, смирени ќе наведете глави доземи. Еј! Глави до земи. Ќе ми бидете сираци, така било написано. Елате ми да ве гушна за последен п'т. Еј! За последен пат. Ч'рна т'га поразила, старо, младо, м'жи, жени, Вси со р'це заплетени с'лзи проливат. Еј! Солзи поливат. Тој ги гушка, тие т`жни, му целуват десна р'ка и од р'ка как' од извор с'лзи се лејат. Еј! Солзи се лејат. Вјахнал Патрик брза коња, и неволно уп'тил се. Тога грмкиј плач народен небо процепил. Еј! Небо процепил. Умилил се чесниј Патрик, свалил шапка навезана, погледал на сино небо, љуто прок'лнал. Еј! Љуто проколнал:
„Ох! послушај, милиј Боже! Хаир никога да немат Стамче беј и Бујар Лигдо, Пејко Челеби! Еј! Пејко Челеби.“ Милостивиј Бог послушал, патричка горешча клетва, слава нихна, семе нихно погубил со шум. Еј! Погубил со шум. И сега во куќи нихни, ткае пајак пајачина и на пусти стрехи нихни хукат хутове. Еј! Хукат хутове.
Браќа, Допуштам да сме предадени, но верувам и дека е тоа случајно. Ванчо излезе и беше убиен уште во 10 и три четврти раното, а исто така и четникот Јонче од Дворци (Кичевско), кој беше со Пецо. Мојата архива е распрсната низ целото село. Им ја доверив на три жени, кои не ги познавам. Ванчо исто така ја оставил архивата кај една жена, но не ја знам. Побарајте ја, ќе ја најдете. Причината зошто не ризикуваме да удриме утринава беше во тоа што од 7 - 8 страни ни отворија оган, па мислејќи дека се мнозина, решивме да се бориме, макар и против поголеми сили, кои што ги очекуваме да дојдат. Уверен дека не ќе бидеме спасени, за последен пат Ви испраќам братски поздрави на сите другари и пријатели. Спроти карпата каде што сме сега, го оставив во една дупка на ѕидот моето кесе со четири и пол наполеони, една лира и околу 40 гроша. Тоа се Охридски пари. Мојот последен совет до сите другари е да бидат искрени кон делото сите оние коишто му служат, зашто само искреноста и чесноста ја издигнале внатрешната организација и пак тие ќе ја спасат од аномалноста во која е поставена од несовесни наши другари. Да гледате колку што е можно побрзо да ги уништите оние досега раководни сили во
Организацијата, кои му нанесле штета на делото, како што е Сарафов, а не да се накажуваат само прости работници. Нашата идеја ќе биде постигната, ете зошто ќе умрам спокоен, со чиста совест пред законите на нашата св. Организација. Досега намерно со ништо не сум му напакостил на Делото, а ако сте забележале во мене некои грешки, бидете уверени дека тие станале против мојата волја. Молам извинување. Молам особено да ја поздравите мојата љубезна мајка, којашто никогаш не сум ја заборавил, бидејќи таа ме направи ваков. Нека ме извини и таа дека со ништо не се зарадувала од мене. Особено го поздравувам брат ми Ангеле. Го добив неговото последно писмо и останав задоволен. Да оди во истиот пат што ми го соопшти во писмото. Го советувам да не се одделува од мајка ми. Поздравете ги и роднините. За последен пат ќе ви повторам. Бидете искрени и пазете основните закони на Орган.устав. Останувам со братски бакнежи. Христо Узунов
СВЕТИ КЛИМЕНТОВОТО ДЕЛО
Како следбеник на светите браќа Кирил и Методиј, Св. Климент учествувал и имал удел во Моравската мисија – светителска мисија која се случувала на тлото на денешна Чешка, Словачка и други околни региони во Средна Европа во втората половина од IX век. Оваа мисија била поттикната од барањето за помош на самиот моравски кнез Ростислав испратено до ромејскиот василевс Михаил Трети, со цел да се избегне латинизацијата и германизацијата во тој реон. Од ромејскиот василевс биле испратени светите браќа Кирил и Методиј во Моравија, каде таму отвориле многу школи со кои се ширела Христовата вера преку словенскиот јазик и писменост создадени врз основа на македонскиот солунски говор. Но по смртта на Св. Кирил, а потоа и на Св. Методиј во 885 година, настанал прогон врз нивните ученици од
Моравија, каде со прогонот всушност се ставило и крај на оваа мисија. Меѓу прогонетите и едни од малку преживеаните се наоѓале Св. Климент и Св. Наум, подоцнежните учители кои ке ја продолжат кирилометодиевата традиција на нашиот Полуостров. Година по смртта на Св. Методиј, во 886 година, Св. Климент со помош на бугарскиот цар доаѓа во областа Кутмичевица (денешна Југозападна Македонија и Југоисточна Албанија), каде ја втемелува славната Охридска книжевна школа. Денес се претпоставува дека објектите на таа школа се наоѓале во месноста Имарет. Во оваа школа како особеност ке претставува зачувувањето на кирилометодиевската традиција, додека употребата на кирилицата ке се јави во општа употреба неколку века подоцна, дури по XII век. Освен педагошката и преведувачката дејност на првоучителите од Охридската книжевна школа, важна улога Св. Наум и Св. Климент ке имаат и во втемелувањето на Македонската Православна Црква. Св. Климент ке биде назначен како Прв Словенски односно Епископ Велички, и истиот светител денес се смета како основоположник на Охридската Архиепископија, заштитник на градот Охрид и Македонија, почитуван низ сиот словенски свет, а особено во Бугарија и Србија. Многу веројатно е дека седиштата на Св. Климент, да претставувале повеќе на број, односно имало неколку центри од каде се спроведувала сета просветителска дејност. Струшкиот реон е особено богат со топоними, цркви и преданија поврзани од овој историски период, а постои и теорија за главното седиште на Св. Климент дека се наоѓало во Горна Белица. Од апокрифот за житието на Св. Климент, наоѓаме податоци дека главни центри претставувале Кефалинија односно Главиница (Јужна Албанија) и Охрид. Се претпоставува дека името Климент, е земено од страна на нашиот светец, од Св. Климент кој бил епископ Римски, светец кој живеел и бил современик од Апостолската ера, близок со апостолот Петар. Моштите на Св. Климент Римски биле пронајдени и однесени во Рим од страна на светите браќа Кирил и Методиј, дополнително ставајќи на значај, на оваа нивна посета во Рим, настани од каде словенската богослужба односно литургијата на словенскиот црковен јазик базиран врз солунскиот говор добивал меѓународно признание. Од денешна гледна точка, настаните со чудесното откривање на моштите на Св. Климент Римски, нивниот пренос во Рим и признанието на црковнословенскиот јазик, како и земањето како свештеничко име од страна на најмудриот ученик на светите браќа Кирил и Методиј, неможе да претставува случајност, затоа што животот на Св. Климент Римски, како и животот на Св. Климент Охридски, исто така е исполнет со многу просветителски и проповеднички дејности. По прогонот од Моравија, областа која била предадена на Св. за дејствување, исто така неможе да претставува случајност. Кутмичевица и Велика, е област во која од географски поглед историски период е реон со незнајни точно утврдени граници.
Климент, Областа од тој Познати
се само градовите Охрид, Девол и Главиница, како градови кои влегувале во состав на таа област. Охрид и околината околу Охридското Езеро, е област која уште од раноантичките, доцноантичките и ранохристијанските периоди, е богат со разни прикази како значаен реон. Се претпоставува дека основач на градот Охрид(Лихнидон) е Кадмо, прастар митски јунак кој го убил змевот. Градот Лихнид подоцна служел како база за заштита на западните граници на македонската држава под водство на старите василевси, почнувајќи од Филип Втори, а во време на римско-македонските војни истиот град бил база за римските легии. Од најраните христијански периоди, Св. апостол Павле, поминувал и се подвизувал во овие краишта, пренесувајќи го Словото, дури и првите христијански цркви на овој наш Полуостров, се изградени токму тука. Ваквиот дијалектички редослед несомнено го прави охридскиот крај мистичен бисер во многудимензионална смисла. Јазикот и писмото, се основните елементи за остварување на општа комуникација, елементи кои се изучуваат од страна на комуникологијата денес како наука. Кога се посакува да се пренесе некоја информација или порака, од една личност кон друга, испраќачот на пораката мора нејзе првин да ја кодира во јазик, или писмо. Примачот на таа порака, мора да го препознава тој код, односно јазик или писмо, со цел да може да ја декодира и да ја разбере суштината и смислата на пренесената порака. Овој процес укажува за значајот на јазикот и писмото, и упатува кон тоа дека овие елементи на комуникација, претставуваат длабоко интимни чувства кај одредена личност. Односно ние и внатре во себе можеме да разговараме, разговор или комуникација позната во науката како интраперсонална. Таа длабока интима кај човекот со кој истиот се служи со одреден јазик или писмо за да оствари комуникација, може да предизвикува и чувство за припадност кон одредена групација или колектив, односно некоја личност ке се чувствува за припадник или блиска на одреден колектив, доколку се разбира со тој колектив на јазик и писмо кој нему му е познат. Затоа јазикот и писмото, уште од времето на Филип Втори, имале сериозно државно и институционално внимание како работи од стратегиски значај. Пример во државата на Филип а подоцна и на Александар и сите негови Дијадоси, Коине или Општиот јазик бил прогласен за административен јазик. Продолжувањето на кирилометодиевата традиција, на црковнословенскиот јазик со глаголско писмо, на тлото на Македонија, од страна на Климентовата школа, на нашиот народ дало можност за духовно устројување и ширење на Христовата вера, независно од ромејската(византиската) волја. Односно сме стекнале духовна и културна независност, елементи кои се важни за одржување или стекнување на политичката и економската независност на одреден народ. Од изворите дознаваме дека над 3500 ученици произлегле од Охридската школа, ученици кои подоцна станувале млад кадар кој вршел просвештение меѓу Македонскиот народ, додека трудот кој го вложувале
за духовното устројување на запуштеното население Св. Климент и Св. Наум, преку Охридската Архиепископија, дало подоцна богати плодови во делот на меѓучовечките односи и нивна материјална благосостојба. Многу кратко, сите услови кои се благодарение од трудот на Св. Наум и Св. Климент, како и од трудот на мнозина нивни ученици, дале и резултат во полето на политичката и државничката независност. Односно духовното и културното осамостојување, прераснало во создавањето на Самуиловото Царство, држава која од Ромејското Царство по нејзино уредување не се разликувала по ништо друго, освен по јазикот и писмото. Тој жесток и масовен конфликт тогаш помеѓу државата која за општа употреба го користела коине јазикот и алфабетот за писмо и државата која за општа употреба го користела црковнословенскиот јазик и глаголицата за писмо, е всушност стариот извор и корен на крвната одмазда и политичката нетрпеливост кој денес е отсликан помеѓу грчката и македонската нација. За тоа колку била значајна и потребна на македонското население, Охридската Архиепископија, како сопствена Црква и црквена администрација, најдобро говори текстот на песната која ги опишува настаните поврзани околу нејзиното подоцнежно укинување, од страна на Султанот и ставањето на епархиите под управа на Цариградската Патријаршија: „Грцкиј патрик ќе ни строши, славна Охридска Столица и мене до смрт ќе држи в заточение Еј! В заточение. Ќе прати владици Грци, лицем светци срцем в’лци ќе ве дават, ќе ве стрижат, ќе м’лзат до крв. Еј! Ќе молзат до крв. Меѓу народа ќе сејат, несогласје и раздори, да се мразат син со татка и со брата брат. Еј! И со брата брат. И ќе викнете до Бога, и крило не ќе најдете, смирени ќе наведете глави доземи. Еј! Глави до земи. Ќе ми бидете сираци, така било написано. Елате ми да ве гушна за последен п’т. Еј! За последен пат…” извадок од Песна за Патрикот, 1762 лето. Тој говор од текстот на песната, јасно укажува за важноста и улогата на сопствената црква, во делот на нашиот внатрешен, меѓусемеен и меѓуопштествен мир и благосостојба, работи кои ние како припадници на овој народ во најголем дел денес ги немаме. Затоа е потребно посебно внимание од страна на верничкиот дел од населението, државата и општеството, а посебно свештеничкиот дел, или оние кои ја претставуваат нашата обновена Охридска Архиепископија како
Македонска Православна Црква, страствено да ја чуваат нејзината суштина, а преку неа ревносно да служат на Православната Вера и да го шират Евангелието, кој во голем дел е заборавено и занемарено, со цел да можеме успешно да се одбраниме и штитиме од напакостите опишани во песната по укинувањето на Охридската Архиепископија како автокефална црква во 1767 година, и кои истите драстично ги воочуваме и во современото време. Нека ни е вечна нашата Црква свјати Климентова! Нека е вечен споменот, празникот и славата во чест на нашиот архипастир Св. Климент Охридски!