Parodija Tri Godini Vlada

  • May 2020
  • PDF

This document was uploaded by user and they confirmed that they have the permission to share it. If you are author or own the copyright of this book, please report to us by using this DMCA report form. Report DMCA


Overview

Download & View Parodija Tri Godini Vlada as PDF for free.

More details

  • Words: 421
  • Pages: 2
SOCIJALDEMOKRATSKA MLADINA NA MAKEDONIJA ul. Biha}ka br.8; 1000 Skopje; Makedonija tel.: (02)3293-138, faks: (02) 3293-139

Пародија по повод навршувањето на 3 години Влада на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски Водител: Добар ден на сите, јас сум Вашиот денешен водител Миленко Груевски. Ви должам едно извинување од мојот драг колега Слободан Томиќ кој требаше да ја води оваа свечена манифестација. Тој е оправдано отсутен, мораше да ги подигне 90-те илјади евра што му ги должи МТВ во најкраток можен рок. Денес, во соработка со невладината органицација „Осиромашуваме“ во чест на 3 годишнината од владеењето на пастирот наш Никола Груевски, решивме да избереме 3 најмонументални дела кои зборуваат и опоменуваат за постигнувањата на оваа Влада во областа на економијата и подобрување на животниот стандард. И секако, да му доделиме 3 награди на нашиот пастир Никола за 3-те години лаги и осиромашувања. Локација: БИК Водител: За осиромашување на земјоделците, за тепањето на млекопроизводителите и за уништувањето на нивните животи, ја доделуваме третата награда, нашиот БИК. Наградата ќе ја додели млекопроизводителот од Могила. Го поканувам пастирот да ја прими наградата. Млекопроизводител: Од овој бик 3 пати дневно млеко да пиеш, пастиру наш вековен!!! Груевски: Многу сум среќен за наградата. Се заблагодарувам на Гордана Јанкуловска за тоа што ги тепаше земјоделците, на мојот драг кум Ставревски затоа што не им даде пари и на себе затоа што 3 години ги лажев и уште ќе ги лажам!!! Водител: Ве молам да се префрлиме кај следниот објект – чистачот на чевли

Локација: Чистач на чевли Водител: За осиромашувањето на вработените во текстилната индустрија. Нашиот премиер-пастир овозможи многу вработени во текстилната индустрија да се занимаваат со оваа благородна професија и со тоа да придонесат за почисти чевли на граѓаните на Македонија, се разбира, доколку ги имаат. Втора награда – магистратура. Наградата ќе ја додели нашиот поранешен текстилен работник ... од Штип!!! Го поканувам пастирот да ја прими наградата. Груевски: Ставре, оваа награда немаше да ја добијам да не беше и твојата катастрофална економска политика!! Или не, најзаслужен сум јас, бидејќи 3 години лажам !!! Локација: Просјак Водител: Прва награда. Оваа престижна награда е за зголемување на невработеноста и сиромаштијата, за поскапените цени, за пропаднатите инвестиции, за украдените пари и безброј реклами. Наградата за особени промашувања во економијата и осиромашување на македонскиот народ ќе ја додели овој просјак жртва на нашата катастрофална економија. Груевски: Оваа награда ми е најдрага. Заслугата е само моја. Јас успеав за 3 години да упропастам се, дури и да ветам 8 милијарди. Јас успеав во тоа што го ветив, УСПЕАВ ДА ГИ ОСИРОМАШАМ ГРАЃАНИТЕ!!!

Related Documents

Ko Vlada Svetom
December 2019 3
Tri
October 2019 65
Tri Go No Me Tri
June 2020 22
Quan Tri
May 2020 42