%98%d0%88%d0%90 %d0%98 %d0%88%d0%90%d0%92%d0%9d%d0%9e%d0%a1%d0%a2_%d0%9f%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%b0%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5 %d0%b1%d1%80_2_22_10_2008[1]

  • November 2019
  • PDF

This document was uploaded by user and they confirmed that they have the permission to share it. If you are author or own the copyright of this book, please report to us by using this DMCA report form. Report DMCA


Overview

Download & View %98%d0%88%d0%90 %d0%98 %d0%88%d0%90%d0%92%d0%9d%d0%9e%d0%a1%d0%a2_%d0%9f%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%b0%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5 %d0%b1%d1%80_2_22_10_2008[1] as PDF for free.

More details

  • Words: 1,399
  • Pages: 27
ПОЛИ ЦИ ЈА И ЈА ВН ОСТ

ПРЕД АВАЊЕ БР. 2 22.1 0.2008 Доц . д- р Фр осина Ташевс ка-Реме нски

ШТО Е ТЕМА НА ПРЕДАВАЊЕТО? • • • • •

Што се односите со јавноста; Принципи на односите со јавноста; Функции на односите со јавноста; Видови односи со јавноста; Методи на работа во односите со јавноста.

ШТО СЕ ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА? Комуниколошка научна дисциплина која се заснова и на други дисциплини: реториката, јавното мислење, маркетингот, масовните медиуми и масовното комуницирање, новинарството, етиката, правото, економијата и други нејзини дисциплини.

ШТО СЕ ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА? Односите со јавноста се функција на управување која воспоставува и одржува взаемно корисни односи меѓу организацијата и различната јавност од која зависи нејзиниот успех или неуспех.

ШТО СЕ ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА? Дисциплина на менаџментот. Нејзината суштина е иста без разлика дали се употребува во полтичката арена, на деловно и комерцијално поле, во општествените односи, во доброволните цели,во собирањето помош или во било која друга ситуација.

ШТО СЕ ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА? РЕКС ХАРКОУ (основач на Американското друштво за односи со јавноста): „односите со јавноста се посебна управувачка функција која придонесува во воспоставување и одржување взаемни канали на комуницирање, разбирање, прифаќање и соработка меѓу организацијата и нејзините групи на јавност, опфаќа управување со проблемите или со важни прашања“;

ШТО СЕ ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА? -му помага на раководството да се информира за јавното мнение и да реагира на него; -ја дефинира и ја истакнува одговорноста на раководството да му служи на јавниот интерес; -му помага на раководството да оди во чекор со промените и успешно ги користи, служејќи како систем за рано предупредување, кое помага да се предвидат трендовите и како свои главни алатки ги користи истражувањата и етички правилните техники на комуницирање.

ШТО СЕ ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА? СКОТ КУТЛИП ЦЕНТЕР и ГЛЕН БРУМ односите со јавноста ги определуваат како: „функција на управување која воспоставува и одржува заемно корисни односи помеѓу организацијата и различната јавност од што зависи нејзиниот успех или неуспех“.

ШТО СЕ ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА? ЛОРЕНС ЛОНГ и ВИНСЕНТ ХЕЈЗЕЛТОН односите со јавноста ги дефинираат како: „комуникациска функција на управување преку која организацијата ја приспособува, ја менува или ја одржува својата околина во намера на остварување на своите цели“ Според нив, односите со јавноста треба да поттикнат на отворена, двонасочна комуникација и на заемно разбирање, при што во тој процес и организацијата ги менува своите ставови и однесувања, а не само целната публика.

ШТО СЕ ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА? ЕНЦИКЛОПЕДИЈА „БРИТАНИКА“: „политика и дејност, планирајќи да го опфатат најважното за подобрување на општествените претстави кон личност, корпорации и владини агенции или други организации“.

ШТО СЕ ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА? БРИТАНСКИОТ ИНСТИТУТ ОД PR (The British Institute of Public Relations) односите со јавноста ги разгледува како „менаџмент на репутација“, односно : „PR-от е сврзан со репутацијата-со резултатите од тоа што правиш, што кажуваш и што другите кажуваат за тебе. Практиката на PR-от е дисциплина која се грижи за репутацијата со цел да потхранува разбирање и поткрепа, како и да влијае на мнението и на поведението на публиката.“

ШТО СЕ ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА? ПРОФ. ХЕНРИ МИНЦБЕРГ, истакнувајќи стратегиската улога на односите со јавноста сугерира пет можни толкувања (пет П): 1. ПЛАН -свесно планирање на текот на акцијата“ 2. ПРОНИКЛИВОСТ -маневар со кој се надмудрува конкуренцијата“ 3. ПОСТАПКА -посебен тек на акцијата насочене кон целта (случајна и намерна)“ 4. ПОЗИЦИЈА -средство со кое организацијата се лоцира во својата средина-стратегијата претставува поредничка сила меѓу организацијата и нејзината околина“ 5. ПЕРСПЕКТИВА -стратегијата овде претставува средството со кое организацијата се согледува однатре; начин на кој раководството го чувствува својот свет и опкружувањето“.

ШТО СЕ ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА? Во Мексико Сити, во август 1978 година, е усвоена деларација под име „Мексиканска декларација“, која гласи: „Праксата односи со јавноста е уметност и наука која се занимава со анализа на трендовите, со предупредување на нивните последици, со советување на лидерите на една организација, при тоа остварувајќи планирани програми на акција што ќе биде во интерес и на општеството и на организацијата“.

ШТО СЕ ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА? Службена изјава за односите со јавноста на Американското друштво за односи со јавноста -Односите со јавноста им служат на широк круг институции во општеството, како што се: синдикатите, работните организации, државните установи, доброволните здруженија, болниците, училиштата, факултетите и верските установи. -Експертот за односи со јавноста служи како советник на управата, но и како посредник кој помага целите да се преточат во разумна, јавно прифатлива политика и активност.

ШТО СЕ ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА? -Предвидување, анализирање и интерпретирање на јавното мнение, ставовите и прашањата кои можат да имаат позитивно или негативно влијание на работата или плановите на организацијата. -Советување на управата на сите нивоа на организацијата во сообразност со политиката, насоките на дејствување и комуникација имајќи ги превид нивните јавни последици и општествента и граѓанската одговорнот на организацијата. -Перманентно истражување, спроведување и оценување на програмите за работа и акција, а во врска со информирањто и постигнувањето на јавно разбирање неопходно за успехот на организацијата.

ШТО СЕ ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА? -Оформување и спроведување на плановите на организациите за влијание врз јавната политика и менувањето на истата. -Поставување цели, планирање, буџетирање, вработување и оспособување кадри, подобрување на работните услови, накратко, управување со ресурсите кои се потребни да може да се направи сè што е наведено.

ШТО СЕ ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА? -Професионалната дејност на односите со јавноста може да бара знаење од областа на комуникологијата, психологијата, социјалната психологија, социологија, полиикологија, економијата, правото и начелата на менаџментот и етиката. Техничкото знаење и вештината се бараат за истражување ставови, анализа на јавни теми, оноси со медиумите, огласување преку пошта, институционално огласување, публикации, посебни настани, говори и презентации.

ПАРАМЕТРИ НА ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА 1.

Управата - национална, регионална, локална, меѓународна;

2.

Бизнисот и стопанството - мали, средни, големи, меѓународони;

3.

Општествените заедници и општествените работи;

4.

Образовните установи - универзитети, колеџи итн.;

5.

Болниците и здравството;

6.

Доброволните организации (или НВО);

7.

Меѓународните односи.

ЧЕТИРИ ОСНОВНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА СПОРЕД ФОРМУЛАТА R-A-C-E: • Research – истражување – каков е проблемот? • Action and Planning – (дејство и планирање) – што треба да се направи за тоа? • Communication (комуникација) – што треба да и се зборува на публиката? • Evaluation (оценка) – дали сме стигнале до аудиториумот и каков е ефектот?

ФУНКЦИИ НА ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА 1. Контрола над мнението и поведението на публиката. 2. Реакција на публиката. 3. Постигнување на заемно поволни односи меѓу организацијата и заинтересираната внатрешна и надворешна публика.

ФУНКЦИИ НА ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА 1. Подготовка, планирање и исполнување на програмата, поткрепување на напорите на менаџерите; 2. Одговор на заемните дејства меѓу организацијата и нејзината пулика; 3. Проследување на сознанијата, на мнението и поведението на публиката, како во организацијата, така и надвор од неа; 4. Го анализира влијанието на политиката и дејноста на организацијата на публиката;

ФУНКЦИИ НА ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА 5. Се приспособува кон новата ситуација кога определена политика или дејност на организацијата е во конфликт со интересите на публиката. 6. Ја советува менаџерската екипа за промените во политиката. 7. Изградува и подготвува двонасочна комуникација меѓу оргнизацијата и нејзината публика.

ВИДОВИ ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА 1.

По својата на насоченост има два вида: -Односите со јавноста наречени Human Relations - насочени кон развивање и зацврстување на деловната и човековата атмосфера во самата организација. -Создавање неопходни врски и влијанија надвор од организацијата во сите сфери, организации, социјални групи или односи со јавноста, во потесна смисла на зборот.

ВИДОВИ ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА 2.

По својата на функционалност има два вида: -бели (односи со јавноста); -црни (бариерни односи со јавноста).

3.

По критериумот продолжителност постојат три типа: -перманентен; -кампањски; -непосредни, ад хок односи со јавноста.

4.

Во зависност од видот на комуникаторите: -од организацијата, и -институционален.

ВИДОВИ ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА 5. Во зависност од начинот на финансирање: -бесплатен; -супстидијарен. 6.

Инструментите на хуманите односи кои се насочени внатре во организацијата: -домашни списанија; -„црана табла“; -актуелни и социјални репортажи; -писма на раководството до работниците; -аудиовизуелни медиуми.

ОСНОВНИ ВИДОВИ НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА ВО ПОЛИЦИЈАТА

• • • • • • • • • •

Односи со медиумите; Односи со социјалните групи; Односи со етничките заедници; Односи со професионалните групи; Односи со заедницата; Односи со целните групи; Односи со политиката; Односи со граѓаните; Комуникации со вработените; Корпоративниот идентитет;

МЕТОДИ НА РАБОТА ВО ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА ВО ПОЛИЦИЈАТА -Известувања за печатото или медиумите; -Историјат или студии случај; -Статистички прикази; -Огласници; -Интервјуа; -Поддршка на печатот за некој настан; -Извествања на аналитичарите; -Финансиски извештаи; -Политичко лобирање, заради приоритети; -Циркулари и публикации; -Видео и филм; -Конференции и семинари; -Специјални настани; -Корпоративен имиџ.