Helsinki Committee For Human Rights Of The Republic Of Macedonia

  • Uploaded by: Ljuben Dimanovski
  • 0
  • 0
  • May 2020
  • PDF

This document was uploaded by user and they confirmed that they have the permission to share it. If you are author or own the copyright of this book, please report to us by using this DMCA report form. Report DMCA


Overview

Download & View Helsinki Committee For Human Rights Of The Republic Of Macedonia as PDF for free.

More details

  • Words: 154,107
  • Pages: 158
2

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

СОДРЖИНА I. АВТОРСКИ ПРИЛОЗИ Исо Руси 2008 ОД ЛОША ПОЛОША ГОДИНА......................................................................................................................................................4 Гордан Калајџиев ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО НАМЕСТО НА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПОЛИТИКАТА (ИЛИ ПОЛИЦИЈАТА).........................................................10 Сашко Дукоски ЗЛОУПОТРЕБА НА МЕРКАТА ПРИТВОР, ПРЕЗУМЦИЈА НА НЕВИНОСТ И ПРИМЕНА НА ПОСЕБНИТЕ ИСТРАЖНИ МЕРКИ.................13 Срашо Ангелески: ПРЕДИЗВИКОТ ОД УСВОУВАЊЕ НА СЕОПФАТНА АНТИДИСКРИМИНАЦИОНА ПОЛИТИКА И ЛЕГИСЛАТИВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА................................16 Елизабета Буова КОНТЕКСТ И НАСТАНИ ВО 2008 ГОДИНА ВО ОДНОС НА РОДОВАТА РАМНОПРАВНОСТ...................................................................................21 Христо Ивановски МЕДИУМИ И МЕХАНИЗМИ НА КОНТРОЛА-ЗАГРОЗЕНА СЛОБОДАТА НА МЕДИУМИТЕ.....................................24 II. ПРИЛОЗИ Список на членови на Бордот во 2008 .............................................................................................................................................................27 Програми кои се водни во 2008 со полн наслов, донатори и износи за нив ...........................................................................................................................27 III. АНАЛИЗИ Анализи на состојбата со затворените институции: ЈЗУ ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА „НЕГОРЦИ“...............................................................................................................28 ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА ВО ДЕМИР ХИСАР.............................................................................................................31 СПЕЦИЈАЛНИОТ ЗАВОД ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ДЕМИР КАПИЈА.........................................................................................35 ЗАВОДОТ ЗА РEХAБИЛИТАЦИЈА “БАЊА БАНСКО“ – СТРУМИЦА.................................................................................................38 ЈАВНАТА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА “СКОПЈЕ” – СКОПЈЕ..................................................................................43 ЗАТВОР ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО ОХРИД....................................................................................................................48 ВОСПИТНО ПОПРАВЕН ДОМ ТЕТОВО......................................................................................................................53 Анализа на измените на Законот за следење на комуникации и Законот за кривична постапка - ПРАВОТО НА ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРИВАТНОСТА ВО МАКЕДОНИЈА.................................................................................................59 Посебни извештаи ИЗВЕШТАЈ НА ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ВОНРЕДНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2008.........................68 Соопштенија TОРТУРАТА Е СÉ УШТЕ МЕЃУ НАС! - Порака по повод 26 јуни - Меѓународен ден на ООН за подршка на жртвите од тортура..........................................72 КОНТИНУИРАНО ИГНОРИРАЊЕ НА НАЧЕЛОТО НА ПРЕСУМПЦИЈА НА НЕВИНОСТ......................................................................................74 ДОСТОИНСТВО И ПРАВДА ЗА СИТЕ - Порака по повод 10 декември, Денот на човековите права и 60 годишнината од донесувањето на Универзалната декларација за човековите права.............................................75 Месечни извештаи.......................................................................................................................................76 Извештај за работата на младинската група........................................................................................................129 IV. ТРКАЛЕЗНИ МАСИ ПРЕПОРАКИТЕ НА КОМИТЕТОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТОРТУРА КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА........................132 ЗАШТИТА НА РАЗУМНИТЕ ОЧЕКУВАЊА НА ПРИВАТНОСТА НАСПРОТИ ЕФИКАСНОСТА ВО БОРБАТА СО КРИМИНАЛОТ И КОРУПЦИЈАТА ВО ПРАВНА ДРЖАВА..............................133 V. ОДГЛАСИ ВО МЕДИУМИТЕ.......................................................................................................................................134

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

3

Исо Руси

2008 ОД ЛОША ПОЛОША ГОДИНА

П

о некое непишано правило секоја изборна година - од стекнувањето на независноста па до денес – за Република Македонија е изгубена година. И 2008 не е исклучок. Но, ако претходните години се губеа поради фактот дека заради изборите замираа речи си сите поважни активности на власта, како реформите во многу области

4

на пример, во 2008 година не беше загубено само времето, туку за жал работите се одвиваа во правец спротивен од посакуваниот - започнаа да се движат наназад поништувајќи го и она малку што како напредок во воведувањето на владеењето на правото и демократизација што претходно како

така беше постигнато. Доминацијата на дневната политика и политизацијата или партизацијата на се на јавната сцена доби без претерување крајно загрижувачки димензии. И тоа беше повеќе од видливо во секој сегмент од областа што со своите активности ја покрива Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија. Ќе се обидеме да потсетиме на некои од овие несакани резултати кои ги забележавме во нашите реакции во текот на 2008 година. Уште на почетокот на 2008, во месечниот извештај за декември 2007 и јануари 2008 сметавме за потребно да се осврнеме на прашањето на секуларизмот во нашата држава. Повод беше информацијата дека Владата на една од своите јануарски седници (со акламација!) ја прифатило идејата да се донесе одлука за градење на црква (или возобновувањето на некогашната црква „Цар Константин и царица Елена“, сеедно) на Плоштадот во Скопје, меѓу Стоковната куќа и ресторанот „Дал-мет-фу“. Потоа, со потпис на заменик министерот за култура распишан е „меѓународен конкурс 4/08 за идејно архитектонско и урбанистичко решение за објект

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

– Православен храм на Плоштадот Македонија“ со награден фонд од 860 000 денари. Притоа не беше дадено никакво службено објаснување зошто државата, а не верската заедница, треба да гради верски објект. Не се коментираше ниту фактот дека во деталниот урбанистички план на Скопје во моментот на донесувањето на одлуката и по започнувањето на активности за градба на објектот претставува потез со кој се дезавуира целокупниот систем на урбанистичко планирање. Владата и Министерството за култура прејде преку тоа дека сите подготовките за изградба на црквата (вклучувајќи и трошење на буџетски пари за тоа) се вон од со законите предвидени процедури и како таква само е израз на самоволие и ароганција на владејачката гарнитура. Бевме во право и кога прогнозиравме дека владината одлука за градење на црква на централниот скопски плоштад, по принципот на врзани садови, поради очекуваната реакција дека се манифестира нееднаков третман кон останатите верски субјекти, „набрзина“ донесе одлука и доведе до слични информации за градење на идентичен начин (со државни пари) на џамија во центарот на Тетово. Но, сметките дека со ваков паралелен потез ќе се задоволат муслиманските верници се покажаа јалови. Беше формирано координативно тело од 37 невладини организации и здруженија на граѓани со исламска вероисповед, со поддршка на уште 40 турски невладини организации и здруженија за обнова на Бурмали-џамија, при што се покажа дека барањето за обнова на џамијата е постаро од одлуката за градба на црквата и што е побитно Исламската верска заедница, значи верска заедница, сака да биде инвеститор и за тоа не бара буџетски пари, што оваа понуда ја прави општествено поприфатлива. Така Владата предизвика ситуација со која мора да се справува: ако се обновува старата црква, на истиот простор, според истиот принцип треба да ги обнови и другите верски објекти што постоеле во минатото а се од други конфесии. Друга опција нема – Владата треба да го почитува Уставот, а не да се поставува над него (со кршење на еднаквоста, рамноправноста на сите верски заедници и религиозни групи) или треба да го менува Уставот вградувајќи ја нееднаквоста на верските заедници и религиозни групи. Но, во целата афера која се провлекува до денес и со грди случки, најпроблематично беше што Владата со оваа одлука најдиректно го доведе во прашање принципот на одвоеност на државата и верските заедници. И претходните Влади, особено онаа на ВМРО-ДПМНЕ (1998-2002) трошеше државни пари за Милениумскиот крст на Водно, црквата на Плаошник во Охрид, се обиде да воведе веронаука во образованието во форма на практикување на вера. Но, ако тогаш и можеше да се најде некое културолошко и цивилизациско образложение за таквите одлуки (2000 години од распнувањето на Исус Христос, оддавање почест на Климент Охридски...), за оваа одлука на Владата државата

да гради Црква нема ниту такво „тенко“ оправдување, освен ако за образложение кое држи не се земат изјавите на тогашниот владин портпарол и премиерот дека на главните плоштади на европските метрополи секаде има цркви и неуспешниот обид со огласи во печатот да не убедат во тоа. Хелсиншкиот комитет сметаше и дека оваа одлука е чекор понатаму во промоцијата на „државна религија“ или попрецизно, бидејќи поинаку и не може, „државни верски заедници“ видени во Македонската православна црква (МПЦ) и Исламската верска заедница (ИВЗ) и нивна очигледна фаворизација во однос на другите верски заедници присутни во државата. Политичките мотиви на владејачките партии се јасни и препознатливи. За оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ е и логичен чекор по обидот во предизборието за последните парламентарни избори да се добие благослов од МПЦ за кандидатите за членови на парламентот, додека нејзиниот (тогашен) албански коалиционен партнер пак и не криеше дека ја контролира ИВЗ. Не без значење беше и фактот дека овој исчекор дојде по долгото натегање околу донесувањето на новиот Закон за правна положба на црква, верска заедница и религиозна група и кубурењето со ексклузивитетот што во државната регулатива го имаа(т) МПЦ и ИВЗ и сериозните проблеми што Република Македонија ги има(ше) со верските слободи што доведе до тоа усвојувањето на овој закон да биде еден од условите за нејзиното евроатланско интегрирање. Полицијата / МВР очекувано не се поправи со стапувањето на сила новиот Закон за полиција па и натаму втеруваше страв со спектакуларни апсења, често со директен ТВ пренос. Уште повеќе по препорака на легендарната Румунка – борец против корупцијата и владина советничка Моника Маковеј, Министерството за правда преку Владата предложи, а парламентот експресно усвои измени на закони со кои се отвораа можности МВР, вакво какво што го имаме, до крај да почне да се однесува како партиска полиција. Притоа не консултирајќи ги и воопшто не почитувајќи ги предупредувањата дури и на експертите кои ги ангажира за пишување на закони од оваа област (на пример новиот Закон за кривична постапка)! А тие предупредија дека давањето поголеми овластувања на МВР во делот на примената на специјалните истражни мерки е крајно опасно, затоа што не постои ефикасен контролен механизам. Либерализацијата на прислушувањето, објаснета како потреба за поефикасна борба против корупцијата, лесно го одминува кршењето на човековите права и поради немањето на механизми за ефикасна контрола на неговата примена, проблем веќе увиден и вратен како јасна порака до нашата власт од страна на видни меѓународни организации и тела. Хелсиншкиот комитет во повеќе наврати, низ повеќе случаи, од кои некои добија судска разрешница, безуспешно предупредуваше на злоупотребата и на (претходно не така широката) посебни

истражни мерки. Како капак на се, при последниот ребаланс на буџетот на Република Македонија, МВР односно нејзината Управа за безбедност и контраразузнавање доби на располагање 25 милиони евра, кои според информациите објавени во печатот ќе ги троши за своите активности – досега УБК годишно, според истите извори трошела 400 000 евра. Официјален одговор за тоа на што УБК ќе ги потроши овие пари нема, но фактот дека тајната полиција добива средства колку што не потрошила во сите десетина изминати години заедно и за држави кои не се во политичката шема во која е сега Република Македонија е сигнал за загриженост, особено во поглед на заштита на човековите права. Полициските акции, особено кога се одвиваат во населени места каде мнозинството од населението се Албанци, во целиот период од стекнувањето на независноста се покажаа како крајно чувствителни, при што по правило поплаките на луѓето кои се сметаа за невини жртви при изведувањето на акциите никако да добијат задоволувачка официјална разрешница. Хелсиншкиот комитет во 2008 незадоволен од објаснувањата како се постапувало со приведените во полициската акција во село Бродец (7 Ноември 2007 година) и во согласност со наодите на факт фајндинг мисијата за овој случај се реши да иницира кривична пријава против НН сторител, Одговор на нашата иницијатива се уште чекаме. МВР во меѓувреме беше мотивиран и ефикасен на појавата на снимки од сослушувањето на приведените од Бродец да реагира на тој начин што сите свои напори ги вложи во откривањето на оној што снимката ја направил, а не во објаснување (и зошто не поведување постапка) од било кој вид на оние кои сослушувањето го вршеле. Суштинските недоразбирања меѓу Секторот за интерна контрола и професионални стандарди на МВР и Хелсиншкиот комитет околу снимките и повредите на приведените во полициската акција продолжија и во наредните месеци. Во случајот на полициската акција во селото Арачиново на 22 јануари 2008 година беше убиено едно лице посочивме и на немањето чувство за тоа како треба да се менаџираат слични акции. Полицијата како да има посебен приод кога се во прашање нејзините акции во единици на локална самоуправа со кои управуваат опозиционите политики партии, или уште полошо, во кои мнозинството население е немакедонско. Како да поаѓа од тоа дека и на локалната власт и население не им е во интерес справувањето со криминалот и неговите носители и нема воопшто намера да воспоставува взаемно корисна соработка со нив, па како по правило во спроведувањето на вакви акции се однесува како да ги изведува на непријателска територија населена од луѓе кои се нејзини природни непријатели. Слично како и при акцијата во село Бродец МВР не најде за сходно локалните власти и локалното население да ги информира и да им ја објасни потребата и целите на ак-

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

5

Исо Руси

6

цијата. Ефектите од вака изведуваните полициски акции се катастрофални. Не само што ги прекинуваат нормалните односи на институциите на системот задолжени за спроведување на законите и населението во чие име тоа се прави, туку директно ја стимулираат недовербата на населението кон нив, небаре државните институции по дефиниција се непријатели на населението. За жал и во овој случај, како и при акцијата во село Бродец, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди како да покажува дека е се уште кревок во однос на диктатот на раководните полициски структури, па не смогна сили да укаже на потребата од пообмислено менаџирање на ваквите акции, па се задоволи во манирот на старата пракса со својата оценка на акцијата истата само да ја оправдува независно од тоа како е изведена. На сметка на полициските акции од типот „спектакуларни приведувања“ реагиравме повеќе пати (од аспект на кршењето на принципот на пресумпција на невиност, употребата на „лисици“ и присуството на медиумите на ваквите настани). Интересно беше дека најавата на ваквите приведувања или дистрибуцијата на снимки од

тандем. Гледачите во Македонија ќе немаат можност да ја видат оваа претстава во која уживаа гледачите во Тирана и Приштина заради тоа што институциите на овие две држави веруваа во уметничкиот потенцијал на собраната екипа на проектот и вложија средства во неговата реализација во која учествуваа и уметници од Албанија и Косово. А дека најверојатно стануваше збор за истерување ќефови врз основа на лична и политичка нетрпеливост говори и реакцијата на Министерството по повод пишувањето на дневниот весник на албански јазик „Љајм“. Министерството во форма на „демант“ реагираше на пишувањето на весникот околу (не)финансирањето на проектот во написот на новинарката Анила Диша со наслов „Срам за Министерството за култура“. „Демантот“, кој беше испратен само до весниците на албански јазик, е полн со навреди за новинарката – авторката на текстот, но и за актерите во проектот. Круна на се е сепак употребата на терминот „каурска синтагма“ (“sintakse allashkinore”). Структурите на Демократската партија на Албанците, тогашни учесници во власта, така по втор пат во неполна година со неверојатната леснотија го

има рамномерна застапеност на сите дејности, а се вклучени и претставници од МАНУ, како врвна институција во земјава, и од МПЦ, отец Климент, кого Комисијата за односи меѓу верските задници го делегирала како член кој ќе ги покрива сите верски заедници во Македонија“. (Членувањето на свештеник во Советот со чудна функција да ги застапува сите верски заедници, за жал остава впечаток дека оваа Влада одвоеноста на државата од религијата и премногу ја доведува во прашање со вакви и слични решенија). По заедничката реакција на Сојузот на писателите Албанци, друштвата на сликарите (АРТ Визија), на историчарите, на писателите и на историчарите Албанци и Центарот за афирмација на културата „Скопје“ и Друштвото на албанските издавачи, како и на некои медиуми на албански јазик, Министерството и министерката изнесоа дополнителни информации според кои за член на Советот е поканет и заменик премиерот Абдилаќим Адеми и дека е вклучен уште неименуван вработен од Министерството за култура. На 18 ноември добивме допис од министерството во кој се вели дека станува збор за господинот Ѓулер Неби.

нив МВР ја смета за слободата на медиумите и право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Иако може да се констатира дека случаите на (не)владеење на правото кои имаат боја на меѓуетнички односи и во 2008 беа многу поретки во однос на некои тензични претходни години сепак забележавме дека и во 2008, седум години по конфликтот во 2001 и се што потоа се промени во основите на државата, не е можно да се почитуваат Уставот и законите и да се овозможи настава на мајчин јазик секаде каде што законските предуслови за тоа ќе бидат исполнети. Реагиравме и на одлуката на Министерството за култура да не учествува во финансирањето на театарскиот проект „Вујко Вања“ по Чехов во режија на, според многумина, најдобриот македонски режисер Слободан Унковски, во кој главниот лик го толкува познатиот актер Бајруш Мјаку. По претставата „Татко“ на Стринберг, која го претставуваше театарот од Македонија на повеќе светски сцени, беше тоа уште еден успешен проект на овој

употребија на јазикот на омразата, расистичкиот приод и ширењето етничка нетрпеливост. Формирањето на Советот за култура, дефиниран во во член 11 од Законот за култура како „стручно и советодавно тело на министерот за култура“: “Во Министерството за култура се основа Совет за култура како стручно и советодавно тело на министерот за култура. Членовите на Советот ги именува министерот за култура, од редот на истакнати уметници, стручни лица од областа на културата и од јавниот и општествениот живот, по принципот на стручност и компетентност и на соодветната и правична застапеност на граѓаните, кои припаѓаат на сите заедници, за време на мандатот на министерот за култура.“ Официјално беше објавено дека Советот за култура на 27 октомври 2008 година ја одржал првата конститутивна седница. По тој повод беше објавен и неговиот состав. Министерот за култура Елизабета Канческа – Милевска на конститутивната седница на Советот наведе дека “членовите се избрани за да

Но, оваа интервенција во составот на комисијата со јасна намера дополнително да се почитува уставниот принцип на соодветна и правична застапеност, предизвикува друг проблем непочитување на принципот на стручност и компетентност. Доколку се покаже дека политичар и вработен во државната администрација се членови на Советот, тешко дека може да се објасни зошто етничката заедница која тие ја претставуваат во Советот не е претставена со видни луѓе од културата, освен ако не се смета дека такви во нејзините редови нема. Уште еден случај – летното усвојување на Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата (донесен од парламентот на 25 јули 2008) – веројатно ќе има одраз на меѓуетничките односи во државава бидејќи може со право да биде протолкуван како стимулирање на раѓањето на нови припадници на само една етничка заедница. А колку е тоа можно во една мултиетничка заедница како Македонија останува да се види. Еден познат колумнист напиша „идејата за спас на македонската на-

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

ција од албанската супремација во блиска иднина добива карикатурални димензии кои многу бргу можат да добијат и драматични размери“. Но, за среќа Уставниот суд утврди дека измените на Законот за заштита на децата ги ставаат во нерамноправна положба (идните) мајки во зависност од тоа дали живеат во „невработени мајки што живеат во општини со подпросечен наталитет“ или не. Инцидентите на вонредните парламентарни избори 2008 на 1 јуни беа доживеани од домашната и меѓународната јавност како шок. Уште предизборната кампања со сигурност ги навести инцидентите на досега најлошо организираните избори во историјата на Република Македонија. Најнапред, речи си воопшто не се почитуваше законската одредба според која предизборната кампања трае 20 дена пред денот на гласање. Практично од самораспуштањето на парламентот започна офанзивна предизборна кампања во која се користеа сите расположливи средства. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ пред официјалниот почеток на кампањата во дневниот печат ја дистрибуираше својата изборна програма. Беа потребни десетина дена Владата под

ваат во прашање политичката волја за почитување на принципот на владеењето на правото или борбата против корупција. Начинот на кој се регулира плаќањето на платената политичка програма на најмоќните електронски медиуми. По некои процени петте политички партии и коалиции кои обезбедија места во новиот парламент емитувале околу 68 часа платена политичка програма на петте телевизии со национални концесии, и за тоа треба да платат 23 милиони евра (според цените на чинење). Тоа пак е само за оваа ставка далеку над со закон дозволените 1,7 милион евра по партија или коалиција. Од друга страна сосема извесно е дека „попустите“ или бесплатното емитување е начинот на кој ќе биде покриена оваа разлика во чинењето. Но, тоа го отвора прашањето на карактерот на овие „попусти„ или бесплатни емитувања – зошто се давани, од една страна или дали воопшто можеле да се одбегнат, од друга страна. Во двата случаи останува простор за елементот на коруптивност. Сите овие проблеми, по дефиниција остануваат нерасчистени од страна на надлежните (државниот ревизор или државната антикорупциска комисија, но и правосудството... ниту пак е

уште полошо полицијата во служба на коалицијата на власт се подели по етничка основа. По прв пат значајна вертикала во МВР е контролирана и злоупотребувана од албанскиот партиципиент во власта. Јалови беа предупредувањата дека функционер во МВР може да го контролира партискиот активист во истата личност, туку дека ќе се случува обратното – целата структура партиски активисти во МВР да го злоупотребуваат Министерството за партиски цели. Таква нормална реакција на надлежните не дојде ни по формалното самопризнание на МВР формално покрена постапки и против свои вработени. Без одговор останаа и јавно изнесените тврдења за полициски посети на домаќинства во Штип за време на викендите во предизборието што граѓаните го разбрале како притисок да се гласа за една опција, како и обвинувањата дека студентите на Тетовскиот универзитет се под притисок на одделни свои професори да гласаат за една од албанските партии. Се појавија и информации за рекетирањето на бизнисмени Албанци, но и овие тврдења останаа неиспитани. Феноменот на „анкетари“ по градо-

притисок на јавноста да ги стопира своите кампањи, но и покрај одлуката за стопирање Министерството за правда продолжи да објавува огласи во наредните денови. Целта сепак беше постигната – партиите од власта преку владините кампањи добија додатна (бесплатна) реклама. Владините (редовни) активности сепак содржеа елементи на предизборна кампања. Камен темелници, пуштања во употреба водоводи, промоции на кредити за самовработување на невработени... се што веќе е востановено како предизборен фолклор во државата. Сомнежот за сериозни злоупотреби на буџетските средства беа најавите, но и конкурсите за предизборни вработувања. Ваквите владини однесувања го потенцираа прашањето на однесувањето на Владата од моментот на распишувањето на изборите до нивното одржување, колку тогаш Владата се однесува како техничка, а колку заборава на тоа решавајќи се на одлуки и потези кои се етички спорни. Финансирањето на предизборните кампањи е проблем сам по себе, чии димензии во голема мерка ја доведу-

за очекување ТВ куќите или партиите сеедно, Управата за јавни приходи да ги гони за неплатениот ДДВ на евентуално подареното време за емитување ТВ спотови) иако станува збор за сосема јасно кршење на законите. Втерувањето страв и инцидентите се она што овие парламентарни избори неславно ќе ја издвојуваат предизборната кампања за овие парламентарни избори. Серија сериозни инциденти го обележаа предизборието. Работите стасаа до таму што веќе одомаќениот „Калашников“ беше заменет со рачни фрлачи. Кулминација беше пукањето во лидерот (или во неговиот автомобил – сеедно) на опозиционата ДУИ. И покрај острите реакции однадвор и притисокот инцидентите да се расчистат до крај остана неразјаснето дали на овие избори дел од полицијата беше партиски злоупотребен и вмешан како предизвикувач на инцидентите. Полицијата за време на кампањата демонстрираше дека и покрај сите бескрајни домашни и странски реформи, се уште е она што беше во поранешниот систем – партиска полиција. И

вите и селата кои евидентираа кој за кого ќе гласа, колку од нивните соседи сигурно ќе гласаат и сл. влезе на голема врата на овие парламентарни избори, за на последните локални и претседателски речи си до совршенство биде доработен и применет како една од формите на притисок на гласачите. Резултатите ревносно се бележеа на контото на овие партиски симпатизери како поени за наградата во вид на вработување или државна услуга со слична тежина во случај нивната опција да победи на изборите. Како дел од застрашувањето беше апсурдниот тајминг на промоцијата на изградба на нов затвор во рамките на стариот во Идризово. Апсењата „по список“ течеа како на фабричка лента во задолжително присуство на ТВ камери или пропратени со дистрибуција на службени снимки од приведувањето кои по „незнајни“ патишта пристигаа од МВР до електронските медиуми. „Случајно“ во време на кампањата се обнароди пресуда против една од водечките личности на опозициониот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) Јани Ма-

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

7

Исо Руси крадули, од високи владини структури им беа упатени закани за кривични пријави на лидерката на СДСМ Радмила Шеќеринска, и шефот на предизборниот штаб на ДУИ Изет Меџити. Веројатно никогаш нема да дознаеме како и колку ваквото втерување страв резултираше со апстиненција од гласање. Факт е дека најголемиот дел инциденти во предизборието, и речи си сите во кои беше употребено огнено оружје се случија во деловите на државата каде претежно живеат Албанци, и дека со нив воглавно беа доведувани во врска активистите на двете главни албански партии во Македонија. Грешеа и грешат оние кои сметаат дека се ќе се покрие со објаснувањето дека Албанците и нивните партии не се дораснати за демократија. Цената на инцидентите кои немаат етничка боја ја плаќа Република Македонија и сите нејзини граѓани. Непристрасното расчистување на инцидентите, докажувањето на вината на сторителите и доказите дека сето тоа е сторено по наредба на партиските врхушки како дел од нивното сфаќање како изборите се добиваат треба да биде вовед во процесот во кој партиските водства и самите партиите ќе понесат своја одговорност. Ако веќе сме сведоци на секои нови избори на множењето на сериозни инциденти, наместо нивното исчезнување, зошто тогаш да не се размисли и за санкционирање на докажаната вина и со забрана на вршење на партиска должност или забрана на

8

учество на партија на некои следни избори. Во сенката на инцидентите останаа и некои други проблеми сем споменатите, како неажурираањето на избирачкиот список, што содава гласачи-„мртви души“. Дојде до израз и контролата на медиумите по две линии: првата, де факто сопственоста на моќни ТВ од страна (не)формални партиски лидери и ефектот од фактот дека држава е еден од најголемите огласувачи. За медиумите кои не можеа да се скротат на овој начин се употреби стариот добар метод на притисок и закани (АлсатМ). Во екот на кампањата повторно беа „украдени“ само предавателите на Алсат М и ТВ Арт во Тетово (и повторно оние на другите електронски медиуми останаа нечепнати). Јавниот радиодифузен сервис покажа дека, колку и да е во јадна состојба МРТВ, никако да се откаже од неговите пропагандистички услуги. Неговата Втора ТВ програма, поради учинокот на информативните програми на албански јазик, ја понесе титулата на најголем манипулант со изборните информации. Состојбите - или поточно „реформите“ - во правосудството беа редовно илустрирани во нашите месечни извештаи и анализи на конкретни случаи. Реформите во правосудството, сега е веќе јасно, се свртеа во спротивниот правец од декларираниот. Барани години со ред како предуслов од двете адреси во Брисел кон кои наводно се стремиме (ЕУ и НАТО) пред се како обезбедување на само-

стојноста и стручноста во работата на правосудните органи, со други зборови елиминирање на секакво влијание, особено политичко во нивната работа, беа блокирани, саботирани и што ти не токму со цел да не се пресече папочната врвца меѓу дневната политика и правосудството. Откако во склад со тоа се рекомпонира Судскиот совет, истата шема се преслика во Советот на обвинителите, се зеде под кумовска контрола Врховниот суд, Јавното обвинителство, кога се во прашање чувствителни (читај случаи со елементи на политика) беше ставено во сенка од својот оддел за организиран криминал... На големо се најавуваше понатамошно (партиско) воведување ред со кои треба да се средат правосудните институции кои и досега ретко реагираа во правец на заштита на уставноста и законитоста. Претседателот на Судскиот совет изјави дека судството се чисти од корумпираните, само што според неговото објаснување тоа се прави со разрешување или со поднесување оставки, никако со правосилна осуда на суд за корупција. Стравот од последици по диктат на дневната политика не само што не се искорени во правосудството туку се чини сега е поголем од било кога. По правило, апсурдот беше заедничкиот именител, било да стануваше збор за мега судења (како „Змиско око“) или поединечни. За жал и во 2008 година во сенка на настаните кои се на границата меѓу дневната политика и владеењето на правото остана непочитувањето на корпусот социјални права. Република Македонија во Уставот е дефинирана и како социјална држава, во системот институции изградени се и оние кои треба да се грижат за остварување на оваа социјална функција на државата. Сепак години со ред сме сведоци на речи си неверојатна негрижа од нивна страна, случаи кои правопропорцијално се множат онака како што државата запаѓа во подлабока криза. Злоставувањето и негрижата за децата преку непостоење на елементарна заштита од физичко или ментално насилство, злоупотреба и запоставување (вклучувајќи и сексуална злоупотреба), облици на експлоатација штетни за детето... да не говориме за мерки за подобро физичко и психичко закрепнување и за социјална реинтеграција на детето кое е жртва стануваат се посурова реалност во нашето секојдневие. Хелсиншкиот Комитет во повеќе наврати излезе во јавноста со анализи на конкретни предмети и заклучоци дека загрижува податокот дека се зголемува бројот на случаи кои се доставуваат до Хелсиншкиот комитет, а во последниот период се зголемува и бројот на јавно објавени вакви случаи во кои е индицирана или дури е и неспорна повреда на правата на детето. Во овие настани залудно беше потенцирана улогата која треба да ја остваруваат Министерството за труд и социјална политика и центрите за социјална работа во негова надлежност. Во летните месеци на 2008, за разлика од сите претходни години (би рекле и во однос на конфликтната 2001) минаа во знакот на интензивна

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

И

спитувањето на јавното мнение „Довербата во граѓанското општество“ (МЦМС, 2008) покажа дека општата доверба во граѓанските организации е 41,7 проценти. Авторите даваат општо видување на резултатите на истражувањето: „Мнозинство од граѓаните веруваат дека граѓанските организации се за остварување на интересите на граѓаните и можност нивното мислење и дејствување да допре до јавноста. Ставовите дека граѓанските организации се средство со кое вешти поединци доаѓаат до пари и влијание и/или им служат само на интересите на странски држави и на нивните фондации се во малцинство. За 81,8 проценти од граѓаните, граѓанските организации се злоупотребувани од политичките партии и зад нив се кријат политички партии, но мало малцинство (25 проценти) тоа може да го илустрираат со пример на граѓанска организација зад која се крие политичка партија. Ова може да говори за стереотип за поврзаноста меѓу политичките партии и граѓанските организации, кој не е поткрепен со конкретни аргументи. Општото познавање на граѓанските организации е добро. Мнозинство граѓани (56,1 проценти) знаат успешни граѓански организации, а споредено со претходно знаат и повеќе за организации кои работат во конкретни области. Познавањето на граѓанските организации е подобрено во сите испитувани области во споредба со 2007 година. Најмногу се

познати организации кои работат на намалување на сиромаштијата, а најмалку оние кои работат на економски развој. Јавноста има позитивно мислење за граѓанските организации“. За Хелсиншкиот комитет, според истражувањето, поголем дел од анкетираните мислат позитивно (позитивно 28.3, многу позитивно 3.7 проценти; негативно 8.0, многу негативно 6.4 проценти). Комитетот е меѓу десетте најуспешни организации, во воедначена група по невладината Мост според тоа колку чуле за нас, потоа во првите 5 организации во однос на познавањето на граѓанските организации и нивното справување со општествените приоритети, при што постои пораст во однос на претходното истражување од 2007 година; некаде на средината на листата на успешни граѓански организации, препознаени сме како втори по придонесот на развојот на граѓанското општество; трети по придонесот во борбата против корупцијата,. Но, општата доверба во НВО од

2007 година до 2008 е намалена од 45,4 проценти на 41,2 проценти. Падот е уште поголем во однос на 2006 година кога општата доверба кога изнесувала 50,3 проценти. Ние сме на дното на листа на НВО кои според истражувањето стојат одредени политички партии или нивни лидери. Хелсиншкиот комитет во 2008 година се најде некаде во средината (по времетраење) на процесот кој го нарекува „мека трансформација“. Имено од почетокот на 2007 Комитетот влезе во активности на внатрешна консолидација како во однос на справување на ситуацијата по оставките на претседателот и 5 членови на Бордот на организацијата, така и редефинирање на својата програмска определба тргнувајќи дека Комитетот сам во тој момент водел само два проекта. Во 2008 година заврши подобрувањето на внатрешната регулатива на и Комитетот започна да аплицира и добива како единка се повеќе проекти кои по струк тура се блиски до нејзината основа активност грижата за состојбите на човековите права во државата. Сега веќе може да се каже дека комитетот се наоѓа во многу покомотна положба бидејќи доби и водеше и води 13 проекти, а во тек е одлучувањето по апликациите за други десетина помали или поголеми проекти кои се однесуваат на проширување, продлабочување на постоечките активности но и институционалната сигурност на организацијата.

политичка активност. И не толку поради вонредните парламентарни избори, колку поради се она што се случуваше по нив. За Хелсиншкиот комитет секако најбитно беше прашањето како сето тоа се одрази или може во иднина да се одрази на состојбата со човековите права во Република Македонија. Новиот состав на парламентот неславно да ја започна својата работа. За Комитетот чиј темел на активностите е инсистирањето на владеење на правото ваквото искривоколчување, невидена вулгаризација на функцијата на законодавниот дом на државата е директен атак на овој основен принцип на функционирањето на било која држава која претендира да биде демократска. Во ситуација кога новата влада не беше избрана заседаваше и донесуваше закони предложени од старата влада. На страна тоа што таква техничка, преодна влада ретко каде во светот предлага закони. Се случи и речи си невозможната за демократски земји ситуација во која членови на старата влада предлагач, воедно да бидат и членови на новиот парламент – во една личност да се спојуваат и предлагач и тој кој гласа за предлогот. Но, и тоа беше малку, па новиот парламентарен состав започна да донесува нови закони за рекордни времиња (во зависност од изворите за 35-40 секунди по закон). Во периодот од јули – август 2008 година беа донесени вкупно 172 закони од кои нови изгласани вкупно 50

(во јули месец 23, а во август месец 27), а изгласани измени и дополнувања на закони вкупно 122 (во јули месец 69, а во август 53) – рекордот беше постигнат на три сесии на парламентот на кои беа донесени 66 закони. Притоа освен што законите беа донесувани речиси без било каква дискусија од страна на парламентарците на позицијата, тие беа донесени без присуство на опозицијата и без за нив претходно да се расправа на собраниските тела (бидејќи тие едноставно не беа избрани!). И тука слабо е оправдувањето дека усвоените закони ја минале процедурата на итна постапка (осмислена како исклучок), инаку „елегантно“ решение користено и порано за одбегнување на трите задолжителни фази кои ги бара редовната процедура (која треба да биде правило). Хелсиншкиот комитет веќе години со ред се јавува на владиниот повик за помагање на невладиниот сектор со буџетски средства. Секоја година владината одлука за распределба на средства по овој постоечки механизам покажува дека е далеку од потребниот, кој објективно и транспарентно ќе го помага цивилниот сектор и се сведува на помагањето на свои организации и здруженија до таа мерка што средствата се делат и на оние кои по дејноста се упатени на финансирање од изворите на други министерства (на култура на пример). И оваа Влада очигледно не сака не само објективно да ги дели овие скромни средства,

туку воопшто нема намера да изгради друг ефикасен и општествено прифатлив механизам за поддршка на невладиниот сектор. Доаѓа до израз неразбирањето на фактот дека и невладиниот сектор работи за подобрувањето на квалитетот на живеачката на секој граѓанин и дека тој не е препуштен само на (не)грижата на државата. Хелсиншкиот комитет и натаму ќе се јавува на секој повик на државата се додека власта не ја сфати улогата и врз основа на тоа потребата за стимулација на активностите на невладиниот сектор. Сознанијата до кои дојде Хелсиншкиот комитет за состојбата на човекови права во 2008 година се пресликаа и во извештаите и другите документи на угледни меѓународни организации и тела кои се бават со истата проблематика. Многу едноставно може да се види на што Комитетот предупредувал во своите јавни обраќања и она што го констатирале високите комесаријати за човекови права на ООН и Советот на Европа, специјализирани тела како Комитетот за превенција на тортурата на Советот на Европа или меѓународно афирмираните Амнести интернешнал, Хјуман рајт воч, Фридом Хаус... Тоа не не прави среќни ни на ниво на ниво на суета (колку сме биле видовити и паметни!), Но, крајно време е оние на кои јавноста и НВО посочуваат наместо одговори од арсеналот на дневнополитички одговори да се справат со суштината на упатените замерки.

НЕШТО И ЗА НАС САМИТЕ

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

9

Д-р Гордан Калајџиев

ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО НАМЕСТО НА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПОЛИТИКАТА (ИЛИ ПОЛИЦИЈАТА)

Р

еформите во правосудството и политичкото влијание. Правната држава во која ќе се заштитуваат човековите права бара цврсти, компетентни и стабилни институции што ќе имаат капацитет да ги применуваат законите. Реформите спроведувани од трите последни влади за главна цел го имаа зајакнувањето на независноста и самостојноста на правосудството, елиминирањето на влијанието на политиката, но со време сè повидливи се елементите според кои, наспроти декларациите, дневната политика се обидува токму реформите во правосудството да ги искористи како алатка за политичко влијание. Наспроти прифаќањето на модерните идејни парадигми на основните слободи и права на човекот и владеењето на правото, судскиот систем во Република Македонија се наоѓа во состојба на перманентна криза која

10

се огледа во долгото траење и неефикасноста на судските постапки и артикулира еден општ недостаток на доверба во судството, што резултира со очигледна ерозија на вредностите на правниот поредок во целина. Чувството на криза произлегува и од фактот што судскиот систем се покажа неподготвен доследно да се справи со некои од основните општествени проблеми, како што се корупцијата и организираниот криминал, обезбедувањето правна сигурност и заштита на човековите права и слободи. 2. Имаме ли правец за реформите? Стратегијата за реформа на правосудниот систем, насочена кон унапредување на независноста на судството и зголемувањето на ефикасноста на судовите не донесе вистински резултати ниту на едниот ниту на другиот план. Така, сведоци сме дека стравувањата на кои многумина укажуваа, за можноста

Судскиот совет наместо гарант за независноста на судството, да се изроди во сушта спротивност - тело кое е изложено на силни политички притисоци, нетранспарентно и продолжена рака на извршната власт. Токму судскиот совет, и советот на јавните обвинители во практиката станаа алатка и катализатор на доминантноста на политиката над правото во судството за што сведочат примената на партиските оценки и критериуми за избор на судии, прикриени или отворени притисоци врз судството заради донесување на политички подобни одлуки и создавање на долготрајна клима на несигурност и загрозеност во судските редови. Втората област, растоварувањето на судовите од прекршочните предмети само привидно се манифестира како нивна зголемена ефективност. За жал, токму реформата на прекршочните постапки внесе дополнителен хаос и правна несигурност, а најмногу загрижува тоа што голем дел од постапките кои се водат пред државните органи не ги задоволуваат основните стандарди за правична постапка од членот 6 на Европската конвенција за човековите права, а се работи за постапки во кои се изрекуваат високи казни. Во таа смисла, досегашните напори за зголемувањето на ефикасноста на судовите не вродија со резултати. Освен ова, слабеењето на функцијата на Врховниот суд со самото тоа што во реформираниот судски систем истиот нема позначајно влијание врз судските спорови, поради што дојде до изразени разлики во судската практика и своевидна „феудализација“ на судскиот систем. Дополнително, нескриената политизација, еклатантна во „поставувањето“ на новиот претседател Врховниот суд, овој највисок суд во државата дополнително го демотивира и делегитимира во вршењето на неговата уставна задача да обезбедува единство во примената на законите од страна на судовите. Слична состојба има и по другите судови во државата. Згора на сè, годинава бевме сведоци на отворени напади на извршната власт врз Уставниот суд на РМ, последниот бастион на уставноста и законитоста. Целта на реформата судовите од организациски аспект требаше да биде судовите да се прилагодат и преструктуираат според рационални критериуми, а бројот на судовите и нивната јурисдикција според критериумот за ефикасност не е остварена. Наспроти ова, добивме нов апелациски суд во Гостивар, установен врз основа на политички критериуми. Посебно загрижува тоа што во земјава нема актуелна сеопфатна стратегија што би го опфатила системот во целина (и судството и полицијата). Не само што Стратегијата за реформа на правосудниот систем и придружниот Акционен план се одамна истечени, туку Стратегијата за реформа на полицијата (исто така со „истечен рок“) се креира и спроведува сосема независно од онаа за правосудството. Така, без да се има некаков осмислен концепт, рефор-

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Адвокат мите се водат во различен правец и со различна брзина, зависно од приоритетите на ресорното министерство и странските партнери кои обично даваат стручна и техничка помош. Овие последниве наместо да се водат од европските стандарди и најдобрите искуства по линија на помал отпор! се водат од законите и практиките на државите од каде што доаѓаат. Судството денес е затоа преплавено со голем број законски и подзаконски прописи кои се често од лош квалитет, од причини што понекогаш се подготвени неквалитетно и на брзина. Поради тоа правните норми бргу се менуваат, што негативно влијае врз правната сигурност на граѓаните, го забавува решавањето на судските спорови, ги оптоварува повисоките судови и создава конфузија на правните ставови и мислења. Посебно загрижува тоа што ниту во правните прописи ниту во полициската и судската практика не се води сметка за разумен баланс помеѓу желбата за ефикасност во борбата со криминалот и корупцијата со заштита на основните човекови права (физичкиот и морален интегритет, презумпцијата на невиност, правото на фер судење, слободата и приватноста на граѓаните и сл.). Тежнеењето кон ефикасност во борбата со криминалот во РМ доведе до ерозија на почитувањето на човековите права. Сакаме уште еднаш да потсетиме дека борбата со криминалот и корупцијата не е уставен приоритет! Напротив, човековите права и слободи се темелна уставна вредност на нашиот уставен поредок, а начинот на којшто постапуваме со осомничените е огледало за степенот на развој на нашата демократија. Стратегијата за реформа на казненото право за прв пат ја опфаќа целината на казнено-правниот систем и треба да се поддржи. За успехот на оваа реформа од клучно значење ќе биде јакнењето на независноста и капацитетите на јавното обвинителство. Формирањето на Правосудната полиција под раководство на јавното обвинителство, како главна алатка во откривањето и гонењето на криминалот и корупцијата, ќе придонесе за јакнењето на законитоста и професионалноста на органите на прогонот. Од друга страна, блиската соработка на крим-полицијата со јавното обвинителство МВР ќе го растовари од обвинувањата за политизираност и селективност во кривичните истраги. 3. Полициските злоупотреби и реформата на полицијата. Општо гледано, по првиот бран реформи во полицијата, откако интересот на меѓународната заедница се дефокусира на други сфери (политички дијалог и сл.), реформите во смисла на доследна имплементација и унапредување на концептот од Законот за Полиција се обезличија и западнаа во сериозна криза. Ова укажува на потребата реформите на полицијата да се земат сериозно и да продолжат со неопходната посветеност, при што ќе се коор-

динираат со една поширока акција за промовирање на професионализмот и сервисна ориентација на полицисувањето. Само така ќе може да се обезбеди дека полицијата ќе делува целосно во согласност со меѓународните стандарди за човековите права, вклучувајќи ги тука и правата на националните малцинства и другите ранливи групи. Од извештаите на Хелсиншкиот комитет, извештаите на Комитетот за превенција на тортура на Советот на Европа (КПТ), пресудите на Европскиот суд за човекови права и повеќе други релевантни владини и невладини организации се гледа дека домашните власти не се погрижиле доволно за да се отстранат изворите на сериозните повреди на човековите права. Имено, не се обезбедени заштитните механизми од полициски злоупотреби кои денес се општоприфатени во Европа, а на кои КПТ: информирање

на семејството, поука за правата, правото на бранител, лекар, процедури за постапување со осомничените и сл. Целта на овие цврсто востановени стандарди и процедури е превентивно да се дејствува на минимизирање на полициските пречекорувања. Условите за задржување се под нивото што обезбедува достоинствен и хуман третман. Хелсиншкиот комитет смета дека определувањето на сите 38 поголеми полициски станици (ПС) како место за задржување без истите да се опремат заради задоволување на европските полициски стандарди за заштита на правата на лицата лишени од слобода и задржани е несериозно и затоа трпи основани критики од КПТ. Истото е впрочем обично изигрување на законската обврска од ЗКП од 2004 год., на чие доследно имплементирање Хелсиншкиот комитет веќе подолго време инсистира. Од друга страна, на полето на ефикасна и ефективна реакција на сериозните инциденти со истраги кои ќе бидат брзи, темелни и целосни, а што од своја страна исто така превентивно ќе делува на појавите на полициски пречекорувања и злоупотреби не е направено речиси ништо иако на тоа со години укажува КПТ во препораките за Република Македонија, како и Европскиот суд за правата на човекот во неколку пресуди (Јашар, Сулејманов и сл.). Во извештаите на КПТ и релевантната литература Република

Македонија денес за жал се наведува како негативен пример за држава во која постои длабоко вкоренета и широко распространета практика на неказнување (impunity) службени лица кои ги злоупотребиле овластувањата. Така, интегритетот на системот на одговорност на овластените службени лица во случаите каде постојат наводи за злоупотреби во Република Македонија беше во фокусот на вниманието на КПТ и негова најголем извор на загриженост уште од посетата во октомври 2001 год. Во проверките при секоја следна посета на делегациите на КПТ секој пат одново се повторуваше дека и во случаите кога лицата задржани во полиција ќе се пожалеле пред јавниот обвинител или пред истражниот судија дека биле злоставувани, не постојат гаранции дека за случајот ќе биде спроведена ефикасна истрага. Комитетот затоа во повеќе наврати даде јасни препораки за борба со оваа загрижувачка ситуација и ги повика домашните власти истите да ги имплементираат во практика. Ваквите состојби, а особено упорното игнорирање на препораките на КПТ, доведоа до тоа Република Македонија да биде сериозно јавно прекорена во рамките на Советот на Европа. Со оглед на тоа што најголемиот дел повреди на човековите права од страна на полицијата се случуваат за време на апсењето и задржувањето во полициска станица како важни прашања кои треба да бидат предмет на унапредување на законодавството и практиката на овој план се: обезбедување пристап до адвокат и бесплатна правна помош за задржаните во полициските станици; изготвување на дежурна шема и листи на дежурни адвокати за задржаните во полиција; опрема на определени ПС за задржување; обука на службеници за прифат за постапување со задржаните; подготовка на нови поуки за правата на осомничените (на повеќе јазици); опрема на ПС за регистрирање на задржаните лица со можност за увид на Јавното обвинителство и Народниот правобранител; опрема и обука за снимање на сите распити на осомничените и жртвите, прирачник за интервју со осомничен, со сведоци и жртви и др. Хелсиншкиот комитет ги поддржува измените предложени од домашните експерти и ОБСЕ за нов ефикасен начин на истраги на полициските пречекорувања со воведување на посебен оддел во јавното обвинителство, кој би имал исклучива надлежност да ги гони сторителите на кривичните дела кои се службени лица во определени репресивни органи и би имал можност за поголемо насочување на полицијата, така што повредите на правата и слободите на поединците од страна на службените лица на репресивните органи да бидат во поголема мера и поефикасно гонети. 4. Заштита на приватноста. Последните измени во Законот за следење комуникации и Законот за кривичната постапка предизвикаа бурни реакции и несогласувања во експертската јавност, невладиниот сек-

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

11

Д-р Гордан Калајџиев тор и кај некои политички партии од опозицијата, како во врска со нивната содржина, така и поради фактот што вакви значајни закони со кои се уредува досегот на уставното право на приватност како едно од основните човекови права и слободи се донесени без никаква јавна или стручна расправа. Со овие скандалозни и контроверзни измени не само што се проширува можноста за примената на специјалните истражни мерки за дела кои не се од сферата на организираниот криминал, туку се предвидува истите нашироко да се применуваат и превентивно, а не само во случаи каде има основани сомневања за тежок криминал и корупција. Ваквите промени не се во согласност со европските и светските стандарди за почитување на човековите права, ниту се вообичаени како прифатлив метод во борбата со криминалот и корупцијата. Со тоа борбата со криминалот и корупцијата наместо во правна не води во полициска држава во која нема да се почитуваат основните човекови права и слободи. Деновиве во завршна фаза е подготовка на неколку нови закони со кои се предлагаат нови измени на правната регулатива во оваа сфера, како Законот за кривичната постапка (во кој се предлага редефинирање на посебните истражни мерки), Законот за внатрешни работи (каде се уредуваат поставеноста и овластувањата на Управата за безбедност и контраразузнавање, УБК) и наводно нов закон за безбедносната сфера, кој веќе некое време се навестува. 5. Контрола на тајните служби/ полициски овластувања на УБК. Министерството за внатрешни работи мора да креира нова законска рамка за контраразузнавањето, да предвиди нова организациска поставеност на УБК со цел да се зголеми нејзината ефикасност и да се избегне преклопувањето на надлежностите, како и да востанови тела за координација меѓу УБК и останатите органи во состав на МВР и Агенцијата за разузнавање, како и да изгради нова политика и постапка на идентификување на безбедносните проблеми помеѓу вработените на чувствителни позиции во државата. Последните настани го фокусираа вниманието на Управата за безбедност и контраразузнавање и ја детерминираа потребата од негова реформа, со цел да ја направи работата на овој контраразузнавачки сервис поефикасна и компатибилна на интересите на безбедноста на државата, сервис кој ќе биде крајно

Сашко Дуковски професионален и наместо на тесни политички елити, ќе им служи на однапред дефинираните интереси на заедницата (утврдени од Собранието на РМ). Начинот на кој сега се одвива расправата по измените на Законот за внатрешни работи затворена и нетранспарентна! не го гарантира ваквиот демократски пристап. Без каква било стручна расправа во владина и собраниска процедура се пуштени предлози за измени на Законот за кривична постапка и Законот за следење на комуникациите со цел да се прошири примената на посебните истражни мерки. Со ваквиот предлог не само што се проширува можноста за примената на специјалните истражни мерки за дела кои не се од сферата на организираниот криминал, туку се предвидува истите нашироко да се применуваат и превентивно, а не само во случаи каде има основани сомневања за тежок криминал и корупција. Ваквите предлози не се во согласност со европските и светските стандарди за почитување на човековите права, ниту се вообичаени како прифатлив метод во борбата со криминалот и корупцијата. Ваквите законски проекти со кои се уредуваат ограничувањата на основните човекови права и слободи мора да бидат ставени на широка стручна и научна расправа во институциите на правосудниот систем и цивилното општество со цел во една демократска расправа да се дојде до разумен баланс помеѓу ефикасноста во борбата со криминалот и корупцијата и основното човеково право на слобода, личен и телесен интегритет и приватност. Хелсиншкиот комитет активно се заложи за ратификација на Факултативниот протокол за превенција од тортура на ОН, којшто е нов механизам востановен од меѓународната заедница за превенција и елиминирање на мачењето или другите форми на нечовечко и понижувачко постапување или казнување. Факултативниот протокол нуди проактивен меѓународен и национален механизам за надзор и превенција на мачењето преку регуларни или периодични посети на местата каде се задржани лицата лишени од слобода. Хелсиншкиот комитет притоа инсистираше невладиниот сектор да биде дел од процесот на креирањето на телото за превенција од мачењето на национално ниво, а нивни претставници да членуваат во истото. За жал, Омбудсменот е десигниран како национален механизам за превенција, без да се гарантира учество на претставници на НВО.

1 www.helkom.org.mk 2 www.cpt.coe.int 3 www.humanrights.coe.int 4 www.echr.coe.int 5 Види: Report to the Government of “the former Yugoslav Republic of Macedonia” on the visit to “the former Yugoslav Republic of Macedonia” carried out by the European Committee for the Prevention of Torture and Inhuman or Degrading Treatment or Punishment (CPT) from 12 till 19 July 2004, Strasbourg 16 November 2006, CPT/Inf (2004) para.19-27. 6 Види: Proposed Mechanism for Enactment of the System for External Control of the Law-Enforcement Bodies, OSCE, Skopje, 2008. 7 Види анализата објавена на веб страницата на Хелсиншкиот комитет, www.helkom.org.mk 8 Види заедничкото протестно соопштение на Хелсиншкиот комитет, Фондацијата Институт отворено општество Македонија и Здружението за казнено право и криминологија на Македонија со кое се бараше предлозите за итна измена на ЗКП и Законот за следење на комуникациите да бидат повлечени од владина и собраниска процедура и да бидат ставени на широка стручна и научна расправа во институциите на правосудниот систем и цивилното општество со цел во една демократска расправа да се дојде до разумен баланс помеѓу ефикасноста во борбата со криминалот и корупцијата и основното човеково право на приватност.

12

Х

есиншкиот комитет во 2008 година констатира состојба која се провлекува долга низ години во правосудството на Р.Македонија, независно која номенклатура е на власт, злоупотребата на мерката за обезбедување на присаство на обвинетиот во кривичната постапка -притвор. Судиите, во прв ред истражните судии, а потоа и судечките совети со неподнослива леснотија ја изрекуваа и пролжуваа оваа мерка. И додека во некои случаи, паоѓајќи од начинот на извршувањето на делото, видот на делото и други објективни околности, притворот беше оправдан, оваа мерка беше изрекувана и во предмети за кои не би

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Адвокат

ЗЛОУПОТРЕБА НА МЕРКАТА ПРИТВОР, ПРЕЗУМЦИЈА НА НЕВИНОСТ И ПРИМЕНА НА ПОСЕБНИТЕ ИСТРАЖНИ МЕРКИ требало да се изрекува мерка притвор и во предмети во кои, едноставно не постоеја императивно набележаните услови за нејзино изрекување. Често најголема и најважна, се-

како незаконска причина, за определувањето на притворот е оддекот на конкретното кривично дело кое го добило во јавноста. Така, ако се работеше за некои од таканаре-

чените големи (за полицијата и обвинителството а не навистина) случаи, уште пред приведувањето на обвинетите кај истражен судија и давањето на нивната одбрана, се знаеше дека ќе биде определен притвор. Зачудува долгата и непроменета практика на истражните судии, која е непроменета, речи си цело време од осамостојувањето на Република Македонија, без било каква оценка за секој поединечен предмет и секој поединечен обвинет и вон законски потребните услови да изрекуваат мерка притвор, веднаш, со самото сослушување на обвинетиот. Притоа истражните судии не ја ценеа секоја причина за определување на притвор, туку изрекуваа притвор

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

13

Сашко Дуковски по сите три основи поредвидени во чл.184 ст.1 т.1,2 И 3 од ЗКП-пречистен текст. Така на пример изрекувана е мерка притвор поради опасност од бегство или криење на лица кои се родени и живеат во Скопје, во поодмината возраст, со формирано семејство кои објективно не би можеле да се дадат во бегство, ниту постои било каква реален показател за такво нешто. Исто така, незаконско,со едноставно препишување на законските услови се определуваше мерка притвор и поради наводно влијание врз сведоците или наводно уништување на трагите на кривично дело,во предмети кога сите докази се по писмена форма и обезбедени од страна на полицијата и Обвинителството. Ништо помалку незаконски не беше изрекувана и мерката притвор поради наводно повторување или довршување на некои дела. Ова е апсурдно кога мерката притвор поради повторување на делото е определувана на лица во случаи кога делото е извршено од одговорно или службено лице а во меѓувреме ваквото својство на овие лица им престанало. Како ќе го повторат делото кога тоа дело може да се стори само од лице со посебни својства (одговорно или службено лице)? По првичното определување на притворот, по автоматизам, за долг период кој обично трае повеќе месеци, по автоматизам, притворот беше продолжуван од страна на кривичните совети а жалбите беа, исто така по автоматизам одбивани, со голо препишување на законските одредби без било какво задлабочување во конкретниот предмет. Речи си по правило мерката притвор, се определуваше во максималниот рок од 30 дена при тоа не се земаше во предвид можноста дека и со пократко времетраење може да се оствари целта на притворот. Мерката притвор, иако со закон е пропишано дека треба да биде сведена на најкратко нужно време, најчесто се продолжуваше се до почетокот на судењето и по правило продолжува се до неговото завршување и правосилноста. Така во овие случаи мерката притвор де факто се претвора во служење затвор без изречена пресуда Многу малку се применуваат другите мерки како ветување на обвинетиот дека нема да го напушта местото на живеење, депонирање на патна исправа и сл. Давањето гаранција како мерка за обезбедување на присаство на обвинетиот во постапката е исто така малку применувана во пракса,а и тогаш кога е прифаќана најчесто е по протек на неколку месеци од определувањето на притворот. За напоменување е дека најчесто прифаќаната гаранција е во готови пари, додека во недвижен имот, значително помалку додека другите облици на гаранција како хартии од вредност, драгоцености и сл., се речи си непознати. Зачудува, но не одсега и селективноста на определувањето и укинувањето на мерката притвор,во ист

14

предмет со повеќе извршители. Додека за некои беше определувана со огромна леснотија мерката притвор, за исти дејствија на други обвинети не им беше определувана ваква мерка. Од друга страна додека на некои обвинети, во исти предмети, им беше прифаќана понудената гаранција, на другите сообвинети им беше потребно многу повеќе време и повеќе средства на име гаранција. Особено зачудува однесувањето на истражните судии. Секогаш кога се работеше за некој таканаречен голем предмет, а од страна на МВР беше најавена суштината на предметот, и беше кажано дека МВР очекува изрекување на мерка притвор, истражните судии по правило изрекуваа притвор, независно од законските услови. Ваквото однесување доведува до прашањето дали истражните судии се навистина независни или работат како продолжена рака на полицијата и обвинителството. Од друга страна, Хелсиншкиот Комитет укажува на негативната појава која стана пракса, спектакуларни апсења и прогласување на, само приведените лица ,за виновни и осудени пред отпочнување на постапката. Во врска со ваквото пракса занимлива е улогата на одделни, особено електронски, медиуми. Полицијата практично ги најавуваше доведувањата на лица во полициските станици и кај истражните судии. Се роди феноменот на „директни преноси“ на приведување лица со лисици на рацете како се носат кај истражниот судија, без притоа да се има било каква правна поткрепа, ниту за предметот а уште помалку за приведените. Напоменуваме дека станува збор само за приведени лица за кои воопшто не е почната судска-истражна постапка, кои на ваков начин се прогласуваат виновни уште пред започнување на постапката. Во овие случаи МВР де факто ги инструментализираше медиумите за остварување на своите пропагандни цели и притоа формално се оградуваше од поврзаноста со вака организираното покривање на приведувањата. Но, и тоа беше малку за МВР која за одредени случаи, за кои очигледно постоеше нивен интерес за „промовирање на вина“ без постапката воопшто да започне, самото почна со дистрибуција на свои службени снимки по медиумите. Хелсиншкиот Комитет исто така реагираше и во текот на летото 2008 година се обрати до МВР,со прашање, врз основа на кој пропис МВР секогаш приведените лица, со лисици на рацете ги предава на истражниот судија кога прописите кои ја регулираат оваа материја велат дека лисици се ставаат секогаш кога има опасност од бегство на осомничениот или пак употреба на сила? Исто така беше поставено прашање како е можно, новинар случајно да се најде во моментот на спењето на даночен инспектор, осомничен за примање поткуп, а апсењето е во кафеана оддалечена 15 километри од

Скопје? Наместо одговор од МВР на поставеното прашање, беше изразена критика на работење на Хелсиншкиот Комитет со огромно самофалење за сите дотогаш превземени акции. Понатамошното постапување на МВР ноторно покажува дека тоа нема намера да се откаже од, секогаш непотребно спектакуларните, со употреба на специјалци апсења, медиски подржани и покриени од селектирани новинари и да ги приведува осомничените кај истражен судија, како ретки егзотични животни, врзани, со лисици на рацете, независно дали за тоа има потреба или не . Со ваквото однесување и овој конгломерат на незаконско постапување се крши уставно загарантираната презумпција на невиност, односно се воспоставува презумпција на виност и само приведени лица а не и обвинети лица однапред се прогласуваат за виновни за дела кои можат да се докажат само со правосилна судска пресуда. Хелсиншкиот комитет потсетува на Кодексот на новинарите во Република Македонија каде што во принципите на однесување стои дека новинарите имајќи ја во предвид својата улога во градењето на демократијата и цивилното општество ќе ги бранат човековите права, достоинство и слобода. Врз основа на овие принципи новинарите се обврзуваат во судските постапки да го почитуваат начелото на пресумпција на невиност, и да не поттикнуваат омраза, насилство и дискриминација по било која основа. Хелсиншкиот комитет во континунитет ги следеше случувањата со приведувањата и со жалење констатира дека во најголем број на случаи не се почитува начелото на пресумпција на невиност кое е едно од основните постулати на кривичната постапка заштитено со Уставот на Република Македонија и Европската конвенција за човекови права.[1] Посебните истражни мерки во кривичното законодавство на Република Македонија беа внесени со единствена, сосема оправдана цел за ефикасна борба против организираниот криминал, кој често користи многу софистицирани методи за извршување на кривични дела. Во практичната примена кај овие мерки од самиот почеток се јавија низа пропусти и незаконски постапувања од страна на органите кои истите ги спроведуваа. Во најголемиот број на случаи посебните истражни мерки беа незаконски применувани без потребните законски предуслови за нивна примена. Така, и покрај кумулативно определениот законски предуслов за примена и прифаќање како доказ на посебни истражни мерки, како на пример аудио-визуелно снимање, во пракса, во судските предмети беа прикажувани слики без тон. Понатаму, беа превземани посебни истражни мерки во предмети каде немаше група туку само еден извршител а за делото не е предвидена казна затвор од најмалку 4 години. Ваквите незаконски посебни ис-

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

„Притвор пред судењето“ Анализата на решенијата за определување притвор донесени од македонските судови во периодот април 2004-јуни 2007 на мисијата на ОБСЕ[3] во Македонија како само да потвдува дека слабостите за кои Хелсиншкиот комитет говори во овој и другите свои публикувани изјаснувања се само продолжување, за жал и влошување на повеќе години спроведувана негативна практика. Притоа не треба да се заборави дека соред Одделот за владеење на правото на мисијата на ОБСЕ цел на Анлизата „беше да се утврди дали одлуките за притвор во судовите во државата се донесени во согласност со Законот за кривична постапка(ЗКП) и релевантните меѓународни стандарди како што се Европската конвенција за човекови права и фундаменталните слободи и Конвенцијата за граѓански и политички права на ОН“. Што се однесува до законската регулатива во Анализата се вели дека „може да се заклучи дека одредбите на националното законодавство кои го регулираат притворот се во согласност со меѓународните стандарди за човековите права“ бидејќи меѓу другото мерката ја сметаат како најстрога мерка во обезбедувањето присуството на обвинетиот и успешно спроведување на кривичната постапка и како таква не би требало да се применува во случаи кога со помалку строги мерки може да се постигне истата цел. Во општите согледувања на анализата се говори дека за употребата на сите три законски основи за определување на мерката притвор од член 199(1) од ЗКП и дека по правило најчесто се повикува на два или три од нив. Се наведува и тенденцијата на неколку судови (вклучувајќи го и најголемиот ОС Скопје 1) во скоро сите решенија да се наведуваат сите три основи. Притоа се констатира дека „во повечето од

тражни мерки најчесто беа конвалидирани од страна на првостепените судови,со кои истите беа озаконети и на нив се засноваа осудителни пресуди, спротивно на член 15 ст.2 од ЗКП. Апелационите судови најчесто, веднаш, ги потврдуваа пресудите засновани на вака незаконито превземени посебни истражни мерки. Врховниот Суд на Република Македонија со своја одлука ги укина и второстепената и првостепената пресуда за познатиот случај „ЈУГ“, децидно наведувајќи дека превземените посебни истражни мерки се превземени на незаконит начин. Исто така Врховниот Суд на Република Македонија се произнесе за незаконитоста на превземените посебни истражни мерки во случајот на осудените полицајци вработени на граничниот премин Деве Баир. Хелсиншкиот Комитет укажуваше и укажува дека, поаѓајќи од карактерот на посебните истражни мерки како такви, дека, истите треба да се превземаат секогаш во согласност со

Анализа на ОБСЕ

одлуките за притвор судиите не навеле специфични и јасни факти во однос на образложението кое стои зад нивната одлука, па оттаму се добива впечаток дека особено внимание им било посветено само на формата и постапката, а не на содржината“. Како проблематична практика која

законот и строго определените услови во ЗКП, бидејќи задираат длабоко во човековите права. Со законот за измени и дополнување на законот за следење на комуникациите (Сл.весник 110/08 од 2.09.2008 ), беа воведени низа кривични дела за чие откривање може да се превземе следење на комуникациите. Ова беше сторено без било каква консултација или анализа од стручната јавност со повикување на препораката на странски експерт ангажиран како советник на премиерот за борба против корупцијата. Зачудувачки е што ,по оваа измена ,следење на комуникациите сега може да се изврши и за такви багателни дела и тоа: - Царинска измама од 278-а од КЗ , - проневера во службата од чл.354КЗ , - послужување во службата од

постојано се јавува во одлуките на речи си сите судови се наведуваат: недавањето поткрепа на навдите за основано сомнение; немање адекватно образложение на законските основи за притвор и неземањето прдвид на применливоста на алтернативните мерки. Во Анализата се наведува дека 87 проценти од првостепено донесените анализирани одлуки за одредување притвор од страна анистражниот судија постојат одредени недостатоци во делот каде што треба да се наведе релевантно образложение со кое би се подржало одредувањето на мерката! Што е уште потрагично ваквото отсаство на релевантно образложение, по правило се јавува и во одлуките на второтепените, кривични совети. И на крајот на Општите согледувања се потврдува она што го констатираме и ние – „дека при одлучувањето дали да се примени мерката притвор во случаи каде што има двајца или повеќе обвинети, судиите не успеале да обезбедат индивидуална проценка на субјективните околности за секој од обвинетите одделно. Спротивно на ова, мерката притвор за сите обвинети е одредена под исти околности“. Во „Заклучоците и препораките“ на Анлизата како причини зошто одлуките за одредување на мерката притов треба да биде заснивана на факти и во согласност со домашните и меѓународни стандарди се наведени и: да се избегне можната злоупотреба на притоворот, или притворот да биде искористен како казна, притварање со цел изнудување докази; гарантирање конзистентна примена на законот и избегнување на можна лавина пресуди во Европскиот суд за човекови права против Владата во кои би била востановена повреда на член 5(3) од Кенвенцијата.

чл.356 од КЗ, Како и законската формулација за сторени кривични дела преку средствата за електронска комуникација, без определување за кои конкретно. Исто така, начинот на издавањето на наредбите е многу поедноставен па понекогаш е можно усно одобрение за следење на некоја комуникација. Ова дава основа ,за неверојатен број на злоупотреби и зиркање во приватноста на некое лице и тоа не за тешки кривични дела,туку за се и сешто.[2] Хелсиншкиот комитет уште еднаш укажува дека апсолутно ја поддржува борбата против било кој вид криминал, меѓутоа секогаш ќе настојува таа борба да се одвива во законски предвидената форма и од неа да не се отстапува и сите да бидат третирани еднакво пред законот, и само законити докази да бидат основ за судска пресуда.

1 Види ја анализата Континуирано игнорирање на начелото на пресумпција на невиност поместена во Прилозите на Извештајов 2 Пошироко види ја Анализа на измените на Законот за следење на комуникации и Законот за кривична постапка Правото на почитување на приватноста во Македонија поместена во Прилозите на Извештајов 3 Набљудувачка мисија на ОБСЕ во Скопје, март 2008

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

15

Срашо Ангелески

А

ПРЕДИЗВИКОТ ОД УСВОУВАЊЕ НА СЕОПФАТНА АНТИДИСКРИМИНАТОРСКА ПОЛИТИКА И ЛЕГИСЛАТИВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16

нти-дискриминационата политика и законодавство на секоја држава мора да ги рефлектира општественополитичките околности кои постојат во нејзиното општество и да претставува оригинален одговор спрема реалните проблеми и предизвици, посматрано од антидискриминациона перспектива. За да се оствари ова цел пред се е потребно сеопфатно емпиричко истражување направено од сите клучни перспективи и фокусирано врз сите клучни подрачја и прашања посматрани од истата антидискриминациона перспектива. Оваа акција (вклучувајќи и изработка на нов сеопфатен антидискриминациски закон), од своја страна, бара соодветен, искрен и здрав дијалог на национално ниво во кој се вклучени сите клучни субјекти (т.е. сите релевантни државни органи, националното собрание, академската заедница, невладиниот свет и пошироката општа јавност), кој (од друга страна) треба паралелно да се види и води во поширокиот контекст во врска со имплементацијата на Париските Принципи на Обединетите нации за национални институции за промоција и заштита на човековите права. Дали на Република Македонија и е потребен посебен и сеопфатен антидискриминациски закон или не? Ако,”не” , тогаш зошто? Ако ”да”, тогаш, како тој треба да изгледа? Каква треба да биде неговата содржина? Ова е прашањето, односно комплексот на прашања, во врска со кое / кои, во текот на последниве неколку години постоеја различни мислења и гледишта меѓу сите клучни домашни субјекти, вклучувајќи го посебно невладиниот свет во државата и релевантните државни органи. Во случајот на РМ, обезбедувањето на широк консензус меѓу сите клучни домашни актери во овој поглед не беше и се уште не е воопшто некоја лесна вежба, и истото досега се сведува на на (ненамерно) отсуство од соодветен “follow-up” на сите досегашни иницијативи за изработка на таквиот закон, односно дисперзација и фрагментизација на главниот фокус и цел, кои се заеднички на сите клучни актери повикани за дизајнирање на антидискриминациониот одговор на Република Македонија. Во светло на горенаведеното, овој труд е поделен во два дела: првиот дел претставува краток компаративен приказ на досегашните напори / иницијативи за изработка на антидискриминационен закон во Република Македонија; вториот дел се однесува на досегашната работа на Работната Група за изработка на нацрт антидискриминационен закон. Трудот завршува во форма на завршни коментари и препораки за идната акција во тој поглед. Компаративен критички приказ на досегашната домашна акција за изработка на антидискриминационен закон Првите нацрт - антидискриминациони закони во РМ беа изработени во текот на 2004 година од страна на

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Адвокат македонскиот Хелсиншки Комитет и Македонскиот Центар за меѓународна соработка. Овие да предлог-закони беа доставени до Владата на РМ, но истите “не пристигнаа до финалната легислативна инстанца” поради отсуство на поширок консензус по истите. За содржината на овие два нацрт - закони беше консултирана мисијата на ОДИХР/ОБСЕ, чие мислење односно клучна препорака, на кратко, се сведува на следнава констатација: “Овој документ содржи корисни индикатори во врска со подрачјата на грижа, кои идните нацрти на законот треба да ги земат во предвид; еден од критериумите се сведува на фактот што, степенот до кој што легислативата е ефикасна во обезбедувањето посакуваните права; законот мора да биде способен за целосна и јасна имплементација; остварувањето на ова цел бара легислатива, која е конкретна, со јасно ценење на социјалниот контекст и финансиските консеквенци за државата-имплементирач”[1]. Отсуството на вистински и поширок follow-up на горенаведените иницијативи беше најпрвин јасно рефлектирано во Финалните Заклучоци на Проектот (финансиран од страна на Фондација Институт oтворено општество Македонија - фондацијата Сорос) насловен “Проценка на потенцијалот на доброто владеење во Република Македонија”, кои го опфатија и подрачјето на антидискриминација, но без притоа да се направи ниедна референца спрема претходните, односно првите два горенаведени нацртзакони од ова подрачје. Поконкретно, со еден од тие заклучоци само се препорачува “изработување и усвојување на некој конзистентен стратегиски документ против дискриминација во РМ на правата на граѓаните и посебен закон за заштита на правата на македонските граѓани од дискриминација”. Овој главен наод е постулиран врз основа на една серија на “завршни забелешки”, од кои, една од нив потврдува дека “во Република Македонија нема направено ниедно сеопфатно истражување во поглед на формите и видовите на дискриминација во нашата држава, согласно на релевантната истражувачка работа во државите-членки на ЕУ”[2]. Во врска со овој (горенаведен) проект на фондацијата Сорос интересен е и фактот што проектните активности воопшто не ја земале во вид веќе отпочната работа на (во меѓувреме веќе основаната, во почетокот на 2008 година) Работна група за изработка на нов нацртантидискриминациски закон под раководство на Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Во овој поглед, интересни и релевантни (а, според мене, многу контрадикторни и недоследни) се “клучните препораки” на ова Работна група, во кои се содржани (меѓу другото) следниве факти/наоди[3]: “Критичките анализи чиј предмет е феноменот дискриминација во нашево општество – иако не може да се рече дека се чести, сеопфатни и темелни – упатуваат на непобитниот факт дека отсуствува неопходното ни-

во на заштита на правата на граѓаните од дискриминаторско однесување во разни области и по разни основи. Ваквите состојби се карактеристични за државите кои се наоѓаат во период на транзиција, како што е и Република Македонија, во кои се распаднати вредностите од поранешниот поредок, а нови се уште не се целосно изградени, со потребните норми за ефикасно функционирање во практиката. И покрај големиот број на закони кои ги третираат прашањата од областа на дискриминацијата, очекуваните резултати во сузбивањето на причините изостануваат. Република Македонија нема заокружена легислативна рамка за заштита на правата на граѓаните од дискриминација по разни основи. Имено, не постои конзистентен стратешки документ со прецизно дефинирани долгорочни цели и задачи. Исто така, не е донесен ниту посебен закон за недискриминација со кој би биле регулирани најбитните аспекти во оваа област. Неопходно е да се укаже и на фактот дека во Република Македонија нема изградено целовит систем на механизми и правни средства за процесуирање на поединечните случаи на дискриминација, кога, како сторители се појавуваат поединци или државни органи без кои не може да се обезбеди ефикасна заштита на загрозените права на граѓаните и надоместување на претрпените штети. Сознанијата укажуваат дека појавите на дискриминаторско однесување се најраширени во областите од општествениот живот кои се посебно значајни и чувствителни за остварувањето на правата на граѓаните. Имено, најчесто споменувани се: вработувањето и правата што произлегуваат од работниот однос, судството, здравството, образованието, јавната администрација и сл. Најзагрозена категорија од дискриминаторско однесување се лица од пониските социјални слоеви кои покрај незавидниот материјален статус, најчесто се и со пониско образовно ниво. Исто така, посебно загрижува тоа што жртви на дискриминацијата се и најранливите категории во општеството: деца, жени, стари лица, лица со инвалидност. Има укажувања и за дискриминација врз основа на етничка или верска припадност и политички определби”. Горенаведениот извадок од Информацијата на Работната група дава многу доволна и јасна основа и позадина за поставување на следниве (меѓу другите) прашања: Врз основа на кое истражување се направени горенаведените наоди на ова Работна Група?[4]; Кое е точното значење на формулацијата “нема ниеден стратегиски конзистентен документ со кој прецизно се опфатени долгорочните цели и задачи“? Кои се “релевантните меѓународни тела во поглед на неопходноста од подобрување на нашите прописи со антидискриминациони одредби, наведени во Информацијата на Работата група”? И во овој поглед, по-

важно, дали Групата ја земало во вид можноста од појава на дискриминаторско однесување од страна на полициските службеници при вршење на полициските задачи и/или од страна на затворските службени лица? Односно, дали се земени во вид сите релевантни инструменти на Советот на Европа и посебно препораките на ЕКРИ[5]? Приказ на Мислењата на ОБСЕОДИХР и Венецијанската Комисија во поглед на нацрт-законот изработен од Работната група По изработувањето на нејзиниот прв нацрт-антидискриминационен закон, Работната група при МТСП побарала (во месец мај 2008 година) мислење од ОБСЕ-ОДИХР за текстот на нацрт-законот, а слично такво барање било доставено и до Венецијанската Комисија при Советот на Европа. Во моментот кога ОДИХР го изработувал неговото мислење, Работната Група (во месец септември 2008) направила некоја ажурирана верзија на нацртзаконот. Во овој контекст, односно, со оглед на ваквата динамика околу развивањето на нацрт-законот, ОДИХР и Венецијанската Комисија направиле заедничка работна посета (“fact-finding mission”) во Скопје на 24-26 ноември 2008 година, после која, тие (во текот на месец декември 2008) ги испратиле нивните индивидуални мислења / коментари во поглед на септемвриската верзија на нацрт-законот[6]. 1. Резиме на Мислењето на ОДИХР Во својот коментар, мисијата на ОБСЕ-ОДИХР посебно ги истакнува следниве (меѓу другите) поенти: • И покрај позитивните аспекти на нацрт-Законот, истиот сепак содржи и некои сериозни слабости. Генерално, на “организацијата на секциите” треба да се посвети повеќе внимание. Поконретно, некои помалку важни одредби им претходат на некои позначајни одредби без да постои некоја очигледна причина за тоа. Некои дефиниции се утврдени на сложен начин. Некои фрази не кореспондираат со фамилијарната терминологија од правото на ЕУ во подрачјето на “еднаквоста”. Многу е важно клучните концепти и термини во македонскиот оригинален текст да бидат во согласност со точната терминологија на директивите на ЕУ од областа на еднаквоста, со цел да се избегне конфузија во судовите, меѓу административните органи, работодавците, давателите на услуги и граѓаните. • “Долгата листа” во поглед на основите на дискриминација во членот 3 е самоуништувачка за ефикасноста на самиот закон. Не е предвидено создавање на “специјализиран орган за еднаквоста” за промовирање на самиот закон и еднаквоста и недискриминацијата погенерално и постојат сомневања во врска со ефикасноста на користењето на системот на Народниот правобранител како алтернативен систем на парничење. • Нацрт-Законот е преоптоварен со комплицирани дефиниции и пре-

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

17

Срашо Ангелески обемна листа на основи на дискриминација. На него му недостасува фокус врз клучните елементи на дискриминацијата и нееднаквоста во Република Македонија, а ова слабост е пропратена/зајакната со отсуството на специјализирано тело за промовирање на еднаквоста и недискриминацијата и обезбедување на имплементацијата на Законот. • ОДИХР ја дели грижата на Венецијанската Комисија во врска со дефицитарностите во нацрт-текстот и во самиот процес на неговата изработка. Недостигот од вистинска консултација со Работната група комбинирана со слабоста во текстот ги поткопува тврдењата дека нацрт-законот сериозно ќе ги адресира прашањата во врска со дискриминацијата. Горенаведеното потоа е проследено со еден подетален приказ на конкретни препораки за одделени членови на самиот нацрт-закон. Следи селективен приказ на овие препораки: - Првиот приоритет треба да се состои во дефинирање на клучните форми на дискриминација, особено директната и индиректната дискриминација и вознемирувањето; - Дефиницијата на директна дискриминација треба да биде моделирана врз основа на дефиницијата во директивите на ЕУ за еднаквост; - Уставните документи и меѓународните стандарди содржат сосема долга листа на основи на дискриминација. На пример, Членот 14 на ЕКЧП стипулира дека ”Уживањето на правата и слободите утврдени во оваа Конвенција ќе биде обезбедено без дискриминација врз било која основа како пол, раса, боја, јазик, религија, политичко или друго мислење, национално или социјално потекло, асоцијација со национално малцинство, имотен или друг статус”. Исто така, тоа е и Членот 9 на Уставот, кој стипулира дека: “Граѓаните на Република Македонија се еднакви во нивните слободи и права без оглед на полот, расата, бојата на кожа, националното или социјално потекло, политички и верски верувања, имотен и социјален статус. Сите граѓани се еднакви пред Уставот и законот”. Антидискриминационите одредби во уставните и меѓународните документи обично се интерпретерираат во релација на директната одошто индиректната дискриминација, и дури тогаш, може да бидат предмет на исклучоци. Антидискриминациониот закон треба да биде изграден врз таквите права преку етаблирање на инфраструктура во врска со правото и политиката на еднаквост, како и преку фокусирање врз заштитата од идентификувачки инциденти на дискриминација признати во правото на ЕУ или кои се од посебна важност во државата. Со ова, полниот ефект на законот може да биде аплициран во развивањето на заштитата на загрозени или ранливи членови на општеството. Според тоа, препорачливо е, во контекст каде што антидискриминационите одредби (прописи) се законска новина, да се започне со некоја кратка листа на основи, на пример, оние во правото на ЕУ, дозволувајќи дополнувања преку легислативна ак-

18

ција или судска интерпретација преку основата на “друг статус”. - Се препорачува нацрт-Законот да содржи релативно кратка листа на дискриминациони основи и Владата треба критички да испита дали е поволно да се прошири ова листа врз основа на “причина по причина”. - Делот насловен како “Дефиниции” рефлектира конфузна структура во овој дел на нацрт-законот. Првиот приоритет треба да се состои во дефинирање на клучните форми на дискриминација, особено директната и индиректната дискриминација и вознемирување. - Се препорачува термините користени во нацрт-законот, кои ги рефлектираат клучните концепти на ЕУ, да коинцидираат со оние во правото на ЕУ[7]. Главната причина за ова препорака на ОДИХР (меѓу другото) е дефиницијата за “вознемирување”. Во ова смисла, ОДИХР потсетува дека, за државите на ЕУ, пренесувањето на

ЕУ-директивите не може да биде регресивно, односно, тие не можат да го намалат постоечкото ниво на заштита од дискриминација. Во овој поглед, е и потсетувањето на ОДИХР дека е неопходно посебно да се дефинира “сексуалното вознемирување”. Горенаведеното се однесува и на одредбите во врска со “сегрегацијата”. Во овој поглед, меѓутоа, ОДИХР потсетува дека сегрегацијата инволвира посериозно однесување од она што е генерално опфатено во антидискриминационите закони. На пример, не е типично, кривичното дело на омраза (hate crime) да биде вклучено во антидискриминационите закони, освен со исклучокот кога постои преклопување со одредбите во врска со вознемирувањето. ОДИХР посебно се реферира на делот на Законот насловен како “Исклучоци од дискриминација”, (Членот 14), акцентирајќи го фактот дека, “овој член утврдува еден широк, општ исклучок, особено кога пос-

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

тои објективно оправдлива основа согласно на … законот”. Иако меѓународните инструменти, како што е ЕКЧП, содржат листа на специфични исклучоци поврзано со некое партикуларно право, тие не дозволуваат таков општ исклучок. Се препорачува преформулирање на овој член на нацрт-законот. Во овој поглед, содржината на Членот 15, кој се однесува на “посебни/специјални исклучоци”, е од поголема грижа за ОДИХР. ОДИХР потсетува дека, половата и расната дискриминација во правото на ЕУ се предмет на многу ограничени исклучоци, кои се тесно интепретерирани од страна на Европскиот cуд на правдата. Во светло на горенаведенто, ОДИХР дополнително ги прави следниве две поопшти поенти: - Директната дискриминација МОРА СЕКОГАШ да биде предмет на ограничени оправдувања и исклучоци, и - Пристапот на “долгата листа” во поглед на основите на дискриминација

охрабрува тесни интерпретации на концептите на недискриминација и екстензивна употреба на исклучоците, што е спротивно на пристапот на Европскиот суд на правдата во поглед на концептите и исклучоците во врска си недискриминацијата. На крај, во поглед на делот насловен како ‘Институционална рамка”, ОДИХР ја дава ова препорака/ мислење: “Се препорачува Владата да земе во предвид етаблирање на специјализано тело за еднаквоста, кое може да има истражна и судска улога, но кое во најмала рака, треба исто така да биде способно и да интервенира во судска постапка. Тоа тело исто така треба да има цврста промотивна улога”. На крај, иако ОДИХР прави референца и спрема Париските принципи на ОН за основање и функционирање на национални тела за човековите права, сепак, во овој поглед појасни се ставовите / мислењата изразени во Мислењето на Венецијанската Коми-

сија, чија содржина/резиме е прикажана во наредниот дел на овој документ. И најважно, овде мора да се постави најклучното прашање: “Зошто Работната група го нема земено во вид и (аналогно) рефлектирано горенаведеното Мислење/Коментар на ОБСЕ-ОДИХР во поглед на првите два нацрт-антидискриминациони закони?[8] 2. Резиме на Мислењето на Венецијанската комисија[9] Мислењето на Венецијанската Комисија е направено врз основа на стандардите на Советот на Европа, особено Членот 14 на ЕКЧП, нејзиниот 12-ти Протокол, Европската социјална повелба, Директивите на ЕУ против дискриминација, со посебна внимание спрема документите на ЕКРИ (посебно Препораката бр. 7 од 2002 година) во врска со националната легислатива за борба против расизам и расна дискриминација. По потврдувањето на уставната одредба за недискриминација, Комисијата посебно го поздравува самиот обид за изработување на овој нацртзаконски текст, опишувајќи ја ситуацијата во нашата држава со референца на Извештајот на Европската Комисија, каде јасно е наведено дека “Република Македонија нема општ закон против дискриминација”, и дека ова е критикувано од страна на неколку меѓународни институции, inter alia, Европската Комисија и ЕКРИ. Во линија на ова е и нејзиниот конкретен акцент направен спрема најнеодамнешната изјава на Комесарот (на Советот на Европа) за човекови права: “ситуацијата во државата во антидискриминационата област остава многу работи да бидат посакани, и потребна е подобра антидискриминациона законска основа, како и преземање на конкретна суштинска акција во овој сектор”. Според генералните коментари на Комисијата: “Нацрт-законот е добро структуиран и поделен во 8 делови, со вкупно 35 членови. Меѓутоа, значителен број на прашања остануваат проблематични, кои го прават нацрт-законот да биде пред се едно сложено легислативно парче, сосема апстрактен и генерален, оставајќи многу простор за дискреција, и кој, во ова фаза, не би исполнил меѓународните стандарди. Исто така, “постојат и сомневања дека нацртзаконот (во ова содржина) би бил ефикасно имплементиран и операционализиран на начин што тој фактички би ја редуцирал дискриминацијата во државата”. Самата природа на предметот на антидискриминација бара (од своја страна) дополнително, посебно и општо преиспитување во поглед на процесот и техниката на донесување на легислативата, како и во врска со имплементацијата на самиот закон. Општиот дел на Мислењето потоа е проследен со посебен дел на “конкретни коментари по конкретните членови”, чија содржина генерално е слична на оние изложени од страна на ОДИХР. Во овој поглед, овој дел (како резиме) се сведува на следниве препораки: - нацрт-законот треба да биде

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

19

Срашо Ангелески направен на појасен и попрецизен начин; - треба експлицитно да се стипулира дека, забраната на дискриминација важи за сите физички и приватни органи; - треба да подобрат дефинициите во нацртот, особено оние во поглед на директната и индиректната дискриминација, позитивната акција теретот на докажување; - да се ревидираат термините во врска со дофатот на апликацијата на самиот закон; - потребно е да се намалат исклучоците и да се воведе општ принцип на пропорционалност; - да се зајакне институционалниот систем за имплементација и мониторинг на законот, препорачливо преку етаблирање на специјализирано тело за антидискриминација согласно на препораките на ЕКРИ. Алтернативно, треба да се зајакнат надлежностите и ресурсите на Омбудсменот над она, што е во овој момент предвидено во нацрт-законот; - да се изработи објаснувачки меморандум или некој друг вид на авторитативен текст во поглед на начинот, на кој што законот (ќе) треба да биде интерпретиран и применуван; и - да се усогласи нацрт-законот со другите релевантни делови на легислативата преку правење на соодветни амандмани, како и во нацрт-законот да се воведат “вкрстувачки референци” (cross-references) спрема другите релевантни закони . Како заклучок во врска со овој дел на трудот, веднаш може да се постави прашањето “Зошто Работната Група го игнорирала горенаведеното Мислење / Коментар на ОБСЕ-ОДИХР во врска со првите два нацрт-закони за антидискриминација, бидејќи ако тоа било случај, исто би било искористено како многу добра “lesson learnt” во поглед на истите прашања, на кои се дадени исти и/или слични препораки[10]. Ова, како форма на дисперзација на националниот обид за изработка на антидискриминациона легислатива & политика е веќе соодветно индицирано и во претходно изложените Мислења на ОДИХР и Венецијанската Комисија. Завршни коментари & препораки за идната работа врз нацрт-законот Во светло на сите претходно изложени поенти, соодветно е да се заклучи, односно претпостави дека идната верзија на нацрт-законот од страна Работната група ќе ги има вградено & соодветно рефлектирано сите конкретни препораки содржани во двете горенаведени мислења. Меѓутоа, погрешно ќе биде ако и во текот на фазата по мислењата не постои вистински и сеопфатен пристап во однос на комплексот на гореукажаните препораки/коментари. Во овој поглед, препорачливо е пред се Работната група при ревизија на нацрт-законот вид да ја посебно во вид клучната препорака на ОБСЕ-ОДИХР: “Обезбедување на ажуриран текст, кој пред се ќе ги исполни најпрво горенаведените четири главни предуслови за ефикасна антидискриминациона легислатива”. Се разбира, апсолутно е неоп-

20

ходно, при вршењето на горенаведената потенцијална ревизија на текстот, секогаш да се прави јасна разлика меѓу правната природа и содржина меѓу правните инструменти донесени во рамките на Советот на Европа, каде Република Македонија има полноправен статус (од една страна) и директивите од ова подрачје на ЕЗ (каде што Република Македонија има статус на држава-кандидат за полноправно членство, со свои уникатни специфики во рамките на правниот систем на Заедницата/Унијата (од друга страна). Многу е важно “кој инструмент, од која Организација, се следи и применува при ревизијата/подобрувањето на конкретен дел на нацрт-законот”. Ова јасно е потврдено и во горенаведеното Мислење на Венецијанската комисија: “Венецијанската Комисија посебно нагласува дека нејзиното Мислење не треба да биде видено како обид за нејзина оценка во поглед на прашањето “дали нацрт-законот претставува целосна и исправна имплементација на Директивите (на ЕЗ) 2000/43 за расна дискриминација и 2000/78 за еднаков третман во вработувањето и тренингот, согласно на критериумите на правото на ЕУ”. Аналогно, ова прашање е надвор од дофатот на работата на ова Комисија”. Имено, во случајот на стандардите на Советот на Европа, сите ратификувани инструменти од страна на нашата држава, автоматски стануваат составен дел на нашето домашно законодавство. Во овој контекст се наоѓа и неопходноста од паралелно ажурирање на Информацијата (изработена од страна на Работната група) во делот на меѓународните стандарди, со инкорпорирање на (пред се) препораките на Европската комисија (при Советот на Европа) за борба против Расизам и Нетолеранција-ЕКРИ и интегрално испитување на важноста и релевантноста на овие стандарди, кои се дизајнирани за асистенција на државите при нивните обиди за дизајнирање и имплементирање на нивната политика и легислатива токму во антидискриминациското подрачје. Имено, тоа не е само Препораката бр. 2 на ЕКРИ (како што е спомната и од страна на Венецијанската комисија во нејзиното горенаведено Мислење) туку подеднакво релевантни се скоро сите останати препораки на ова специјализирано тело. Би било соодветно и многу корисно ако евентуалното подлабинско размислување на Работната Група во врска со Препораката Но 2 за “Специјализираните тела за борба против расизмот, ксенофобијата и нетолеранцијата на национално ниво” биде ставено во рамки на некоја далеку поширока експертска дискусија на национален план во врска Париските принципи на ОН (веќе спомнати во двете горенаведени Мислења во контекст на нивната препорака за етаблирање на посебно тело во ова подрачје). Понатаму, при примената на веќе познатите директиви на ЕЗ од ова област, неопходно е секогаш да се има предвид фактот за нивната природа, цел, содржина и примена во контекст на оваа Организација. Паралелно со ова, корисно би било ако во

вид се земат и најновите релевантни развои во рамките на Европската Унија: најновиот предлог на Комисијата за донесување на нова директива за еднаков третман и новините предвидени во Лисабонскиот договор на ЕУ (кој треба да биде ратификуван од страна на сите држави-членки на ЕУ), особено инкорпорирањето на Повелбата на ЕУ за основни права, улогата и новите надлежности на Европскиот суд на правдата, и (најважно) можноста од пристапување на ЕУ во системот на Европската конвенција за човекови права на Советот на Европа (ЕКЧП). Во овој поглед, мора да се спомне и веќе основаната Агенција на ЕУ за основни права и можноста од некое нејзино евентуално и соодветно инволвирање во натамошниот развој на нацрт-законот (на пример, барање на нејзино мислење / коментар во поглед на финалната верзија на нацртзаконот и/или слично). Овде, се разбира, се наоѓа и прашањето, односно феноменот во врска со “повеќеслојната дискриминација”, што исто така би требало да биде соодветно земено во предвид од страна на Работната група дури и во ова фаза на изработувањето на нацрт-законот. Во светло на сите гореизложени поенти и размислувања, исто така, посебно треба да се истакне огромната практична важност на идејата за изработување на некој објаснувачки меморандум или некој друг вид на авторитативен текст во поглед на начинот, на кој што законот (ќе) треба да биде интерпретиран и применуван. Ова е точката, каде што треба да се базира главната рамка која ќе обезбеди обезбедување на полесен и поконцизен текст на законот (во однос на сите конкретни препораки на ОБСЕ-ОДИХР и Венецијанската комисија), а чија содржина, освен клучните меѓународни и посебно Европски стандарди од ова област, ќе може соодветно да го рефлектира релевантното преседантно право на (моментално) двете Европски судски инстанци, Стразуршкиот суд при Советот на Европа и Европскиот суд на правда на ЕУ. На крај, овој труд беше дизајниран да ја илустрира сложеноста на предизвикот од изработување на еден сеопфатен антидискриминациски закон во Република Македонија, акцентирајќи ја притоа посебно следнава глава теза: “за изработување на еден таков закон не се потребни само семинари и прибирање на мислења, туку потребно вистинска и повеќеслојна компаративна аналитичка работа и акција фокусирана врз реалните потреби на македонското општество и држава во ова подрачје. А, ова, го претпоставува најелементарното: постоење на вистинско и функцинално партнерство и дијалог меѓу сите клучни владини и невладини актери, домашната академска заедница и посебно македонската поширока јавност. Kолку повеќе актери се активно и правилно вклучени во фазата на изработувањето на законот толку поголеми ќе бидат изгледите за неговата успешна практична имплементација.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Елизабета Буова

Р

епублика Македонија постигна значаен напредок во процесот на европска интеграција, приближувањето кон европските практики, пред сè преку процесот на хармонизација на националното законодавство со законодавството на ЕУ. По една долга деценија работа на подигнување на свеста и преговори - активности главно спроведувани од невладиниот сектор, Законот за еднакви можности на жените и мажите беше донесен пред повеќе од две години (мај 2006 година). Законот, беше и сè уште е солиден напор за преговарање во оваа област и за обезбедување на простор за практиката на еднакви можности. Законот е доволно темелен во дефинирање на границите на неговиот законодавен опфат и институционалната рамка на системот. Со него експлицитно се инволвира локалната самоуправа, истиот забранува и санкционира. Сепак, Законот никогаш е успеа целосно да заживее, што значи дека со него се постигна само ограничен успех во воведувањето на родовата перспектива во главните текови и во подигнувањето на свеста. Евидентно, пропишаните санкции на апсурден начин беа третирани и од матичната институција - истите никогаш не беа спроведени или изречени. Една година подоцна, по интензивна десетмесечна дебата за нацртот, содржината и целта на Националниот акциски план за родова рамноправност (НАПРР), со силна поддршка од донаторите, особено од УНИФЕМ, беше дефиниран неговиот конечен нацрт. Потоа, откога беше повторно разгледан и изменет со цел да се усогласи со „македонската реалност “, планот беше официјално донесен во јули 2007 година, но оттогаш па до денес останува само со декларативно значење. На почетокот на оваа година беше донесен Оперативен план за 2008 година за НАПРР. Освен неколку повремени активности спроведени од Министерството за труд и социјални работи, пошироката јавност не е запознаена со спроведувањето на Оперативниот план. Имено, активностите беа првенствено насочени кон родово буџетирање, без истото да биде поддржано со паралелни и комплементарни активности во однос на воведување на родовата перспектива во главните текови. Застојот со Комисиите за еднакви можности за мажите и жените на локално ниво е уште едно прашање кое не добива соодветно внимание од страна на институциите задолжени за спроведување на Законот. Конкретно, имаше одреден напредок во формалното основање на Комисиите на локално ниво. Сепак, најголем дел од нив се

со виртуелен карактер, ретко одржуваат состаноци, па дури и ретко преземаат активности за воведување на родовата перспектива во главните текови, при што предност се дава на дневно политичките цели на локално ниво. Во однос на Координаторите за еднакви можности на централно ниво, треба да се забележи дека истите се назначени во 13 министерства, при што истите се и обучени. Исто така треба да се забележи дека вработените во јавните органи немаат воопшто никакви или имаат многу малку познавања за постењето на такви координатори и за нивната улога. Оттука, се нагласува јазот создаден од недостигот на мерки за сензибилизирање на средината каде што треба да работат координаторите - јавните органи. Во овој контекст, постои евидентно погрешно сфаќање кое мора да биде отстрането што е можно поскоро. Имено, концептот на еднакви можности (вклучително и во однос на родовите политики) целосно погрешно се разбира и се преклопува со заштитата на правата на жените, што е очигледно од составот на групата на координатори - само еден од тринаесет координатори е маж (истото важи и за составот на комисиите на локално ниво). Очигледно дека и другите јавни органи - како што е Агенцијата за државни службеници, Царинската управа, Државниот завод за статистика, Секретаријатот за европски прашања, Законодавниот секретаријат, Управа за јавни приходи итн., не се земени предвид во однос на назначувањето на координатори за еднакви можности - што или е знак за погрешни сфаќања или е знак за еднострано толкување на законските одредби. Во истиот контекст, по скоро двеипол години од спроведувањето на Законот за еднакви можности за жените и мажите (кој пропишува санкции, односно парични казни за неспроведување на Законот), во 2008 година надлежното Министерство за труд и социјална политика не можеше да назначи или да вработи Претставник за еднакви можности. Со оглед на надлежностите, улогата и законската важност на ова работно место и фактот што веќе се поднесени претставки во однос на спроведувањето на односниот Закон, пополнувањето на ова место е итна и приоритетна потреба. Прашањето на прибирање и обработка на родово сегрегирани податоци сé уште останува отворено и е оставено настрана во 2008 година. Законот за работни односи е изменет на големо незадоволство на синдикатите и на работниците, под изговор дека измените се во согласност со законодавството на ЕУ; промените главно се однесуваат на пензионирањето и должината на стажот за ма-

КОНТЕКСТ И НАСТАНИ ВО 2008 ГОДИНА ВО ОДНОС НА РОДОВАТА РАМНОПРАВНОСТ ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

21

Бети Буова жите и жените. Постигнат е значаен напредок во смисла на приближувањето и хармонизацијата со ЕУ во однос на активностите за Заедничкиот меморандум за инклузија – ЗМИ и отворениот метод за координација. Заслугата за ова ја има НВО секторот и донаторите во однос на координацијата. ЗМИ е многу важен документ и хетерогеноста на инволвираните институции, граѓанското општество и донаторите заслужува пофалба. Уште еден настан во областа на родовата рамноправност е Стратегијата за борба против семејно насилство – заеднички напор на Министерството за труд и социјална политика, центрите за социјална работа и НВО секторот, која беше претставена пред јавноста и донаторската заедница во мај 2008 година. Документот беше изработен „тајно“ – сé уште недостасува транспарентност и отвореност. Во јавноста нема доволно информации за нејзиното спроведување. Освен информацијата за нејзиното донесување, не постои никаков извештај за спроведувањето на Стратегијата. Во текот на посетата на Мирјана Докмановиќ,ангазирана како експерт од UNDP за семејно насилство и нејзината анализа на состојбата – беше повторно изнесен очигледниот заклучок – недостасува разбирање на семејното насилство како акт на дискриминација. Како што беше изнесено во Националниот план за усогласување со acquis communautaire, Законот за заштита од дискриминација требаше да биде доставен до Собранието при крајот на 2008 г., што не беше остварено. Беше снована работна група, која во соработка со НВО секторот работи на создавање на првото сеопфатно законско решение кое ги опфаќа сите облици на дискриминација. Сепак, не сите инволвирани страни се задоволни од нацрт текстот на законот. Активностите кои ја одбележаа целата година се активностите поврзани со мерките кои беа заедно воведени, промовирани и унапредувани од страна на Владата, Собранието и невладиниот сектор, од кои, скоро сите беа во областа на заштитата на здравјето на жената. Имено, во Буџетот и програмата на Владата беа определени наменски средства за програмите за ПАП тестови, мамографија и ХПВ вакцина, бесплатно за населението во Македонија. Сепак овие здравствени и превентивни мерки беа возможни само во неколку градови, што беше остро критикувано од невладините организации. Женското лоби во Собранието на Република Македонија беше доста активно и се залагаше за промени, за проширување на активностите и програмите и приближување на сите овие можности кон жените во Македонија, особено кон оние кои живеат под линијата на сиромаштија и оние кои се изложени на повеќекратна дискриминација. Министерството за здравство (и двата министри) вети и започна да работи на подобрување на ситуацијата. Со доаѓањето на новиот министер (кој доаѓа од партија која претходно беше во опозиција) имаше оправдано стравување дека овие

22

програми ќе бидат прекинати. Ова за среќа не се случи - новиот министер дури отиде и подалеку во смисла на спроведување и опфат. Владејачката конзервативна влада започна кампања за промовирање повеќедетни семејства, ветувајќи и обезбедувајќи значајна и социјална и финансиска поддршка за секое трето живородено дете. Оваа мерка предизвика многу расправи и незадоволство од различни страни. Главно, НВО секторот беше тој кој укажа на недостатоците на мерките кои резултираат со прекршувања на човековите права. Некои од тие недостатоци се следниве: во текот на кампањата и мерките

со јасна дискриминација на оние кои поради различни причини не оделе на такви прегледи (лоши финансиски услови, оддалеченост, недостаток на задолжителни прегледи). Популацијата на која и е намената оваа стимулативна мерка е популацијата во општините каде стапката на приоден прираст е под 2.1 промил, со што од опфатот на оваа мерка се исклучува голем дел од популацијата која инаку би се квалификувала за корисници на ваквата мерка. Воопшто не се спомнуваат семејствата кои посвоиле, или кои сакаат да посвојат повеќе деца- тука нема стимулативни мерки и поддршка; не треба да се каже дека се исклучени

акцентот е ставен врз семејството и тоа главно семејство со два родители; сепак конкретните одредби се однесуваат и ја фаворизираат мајката како примарен корисник и евидентно го занемаруваат таткото како можен корисник (особено во случај на можно отсуство на мајката и правото на таткото да добие социјална помош, без да се спомене обратната ситуација; правото на финансиска помош на невработената мајка, без да се предвиди таквото право за другиот родител во случај на негова невработеност); акцентот е ставен врз мајки кои редовно доаѓаат на здравствени прегледи,

самохрани родители кои посвојуваат деца. Во овој контекст нема предвидени комплементарни мерки за поддршка на бездетните семејства да посвојат деца. Сепак, треба да се наведе воведувањето на мерката со која на овие семејства им се дава предност во пристапот кон субвенционираните програми за третманот на стерилитет. Несоодветната дефиниција на оваа мерка од страна на Владата води до директно прекршување на човековите права гарантирани со Уставот и со неколку закони (Закон за семејството, Законот за еднакви можности). Ова дава впечаток дека се работи за

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

краткорочна активност без добро осмислена стратегија или без нејзино поврзување со вкупната кохерентна рамка од серија на мерки со кои се подобрува состојбата во земјата и за мажите и за жените во однос на нивното здравје, родителство и право на избор. Присуството на донатори, нивната достаточна координација и напорите кои тие ги прават на ова поле сè уште се значајни и важни. Суровата вистина е таа дека ќе имаат голем простор за работа, како и широк опфат на активности кои треба да се спроведат. Што се однесува до заштита на човековите права и родовата рамноправност, 2008 година ја одбележуваат повеќе настани. Владејачката елита распиша вонредни избори, на кои повторно ја освои власта. Сепак овој пат Владата има поинаков состав, односно дојде до промена на албанскиот партнер во коалиционата влада. За прв пат во постоењето на Република Македонија, како земја со плуралистички политички живот,во програма на една политичка партија унапредувањето и заштитата на човековите права се дефинира како приоритет во работењето на партијата. Воопштено говорејќи, изборите во било кој период доведуваат до одредено пореметување во општеството и загреана како, дебата така и општа атмосфера во државата. Без оглед на фактот што имаше 5000 набљудувачи, како домашни така и странски, денот на изборите ја отсликуваше општата атмосфера на непочитување. Се забележаа истите аномалии скоро на истите места, што резултираше со остри критики во однос на сите учесници во изборите, односно во нереформираните и недемократски практики. Се подразбира, сите случување можат да се поврзат со човековите права. Во резултатите од изборите се забележува опаѓање на учеството жените во политичкиот живот. Имено, законски загарантираната квота за партиите од 30%, на претходните избори во 2006 г. доведе до резултат кој беше доста промовиран во јавноста - квотата беше надмината за 3%. На овие избори квотата не се одржа на истото ниво, истата дури и не беше исполнета. Сегашната застапеност на жените во Собранието е помала од 30%, што само по себе претставува уназадување. Истото се случува и во однос на составот на новата влада. Уште една појава која ја шокираше јавноста е апсолутното зголемување на пријавени случаи на педофилија, како и случаи на семејно насилство, а водството го има педофилијата по број на случаи. Граѓанскиот сектор реагираше жестоко, особено на случаите на педофилија, но треба да се забележат и активноста на државните органи - во фазата на откривање и гонење. Сепак, вкупниот впечаток е дека има апсолутно отсуство на интегрален и интегриран систем поддржан од државата, преку кој би се спроведувале активности првенствено за превенција, како и за социјална грижа за жртвите, а недостасува и вистинско разбирање за грижата и постапувањето во однос на извршителите. Крајот на годината беше одбе-

лежан со покренатото прашање на укинување на абортусот. Во текот на декември, и на почетокот на следната година кампањата за подигнување на свеста. првично спроведена од неколку невладини организации, можеше да се забележи на секој чекор. По почетокот на кампањата, веднаш следеа изјави од група помлади пратеници во Собранието од конзервативната провиниенција, со критики за сегашната либерална политика во однос на абортусот, нагласувајќи дека истата е неодговорна и штетна по стапката на прираст во земјата. Воопшто не се споменуваат превентивни политики за тинејџерските бремености и нивното прекинување. Министерството за здравство не одговори благовремено на јавните повици што остави простор за сомневање дека се подготвуваат одредени амандмани на законодавството кое дозволува абортус. На крајот, Министерот изјави дека се разгледува можноста пристапот кон абортусот да биде ограничен и покритичен. Во однос на прашањето на абортусот и неговото укинување, како и промотивните активности и активностите за поддршка за трето и повеќе деца, постои очигледен недостаток на државна популациона стратегија заснована на докази, податоци од истражувања и/или предвидување на посакуваните ефекти. Се наметнува заклучокот дека Владата презела две ad hoc мерки, кои во јавноста се рефлектираа како популистички политики типични за десно ориентираните политички движења, предизвикувајќи бес, особено во вториот случај и придонесувајќи заинтересираните и засегнатите страни да се сомневаат во соодветноста на процесот на креирање на политиката по ова прашање. 2008 година ја одбележаа два значајни законодавни настани: донесувањето на Законот за задолжително средно образование и Законот за доживотно учење (образование за возрасни). Првиот закон ќе има значајно влијание на едно помалку истражувано или испитувано прашање - стапката на напуштање на образованието од страна на ученичките поради најразлични причини (живот во рурална средина, конзервативни и верски сфаќања, тинејџерска бременост и лоши резултати на училиште) и недостатокот на системски и систематски мерки кои ќе им обезбедат поддршка повторно да се вклучат во системот и да се намали можноста да бидат проголтани од неформалниот сектор. Со Законот за задолжително средно образование се нуди голема можност да се отстрани еден сегмент од повеќекратната дискриминација на жените и девојките (жените од руралните средини, припадничките на малцинствата), додека со Законот за доживотно учење се поставуваат темелите за последователни решенија за нивен напредок и продуктивно учество во општеството. И во двата случаја, спроведувањето на овие Закони претставува проблем, со што, пак, се зајакнува мислењето дека владеењето на правото и спроведувањето на законите се најслабата алка во синџирот.

Заклучок Како општ заклучок, она што ја одбележува состојбата во Македонија е усогласувањето и ревноста во овој контекст и, на крајот, отвореноста на институциите кон активности за хармонизација со практиките во ЕУ - настојување кое е дефинирано како државен приоритет и официјална заложба, што е предмет на оценка од страна на ЕУ на напредокот на Република Македонија во процесот на европската интеграцијата. Улогата на државните институции е огромна. Сепак, поради малиот капацитет истата останува многу ограничена и е главно информативна. Создадена е законска рамка и институционалните предуслови, сепак, како што е типично, и без никаков интерес да се одбегне стереотипот на земја која припаѓа на регионот на Балканот или Југоисточна Европа, пролонгираната односно втората транзиција го зема својот данок. Најраспространетата појава во оваа смисла е владеењето на правото, неговото неспроведување и општиот недостаток на реакција на ваквата состојба. Напорите во насока на родова рамноправност се жртви кои не успеале да станат добар пример и олицетворение на она што и како треба да се направи, а родовата рамноправност подлегна на истата слабост. Иднината на родовата рамноправност, воведувањето на родовата перспектива во главните текови и родовото буџетирањето во Македонија треба да се разгледуваат низ призмата на изнаоѓање методи, тактики, стратегии, патишта и практики за претворање на создадената законска и институционална средина во функционална реалност. На работењето на невладиниот сектор, сè уште, се гледа како на движечка сила, иако децентрализацијата и пренесувањето на надлежностите и одговорностите фати корен на локално ново. Итно се потребни насоки, со оглед на тоа што концептите и практичната имплементација на воведувањето на родова перспектива во главните текови и родовото буџетирање не се целосно разбрани. Затоа, засиленото присуство на националните структури, односно на Министерството за труд и социјална политика, како водечка институција во областа на родовата рамноправност, и зајакнатата соработка со граѓанското општество може да доведе до комплементарни напори во однос на соодветното разбирање и воведување на соодветни практики на локално ниво. Во случајот на Македонија, главното прашање кое е предмет на загриженост и натаму е неспособноста да се претворат добрите намери, декларативните и афирмативни изјави и документи во дела, т.е. ниското ниво на реализација и/или делумното спроведување. Пред сè, останува загриженоста околу политиките, активностите и мерките кои се донесени до ниво на совршена техника во составувањето и концептуализирањето на процесите, но без познавања, разбирање и/или волја, на крајот да се почитува на владеењето на правото.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

23

Христо Ивановски симптом на една потешка општествена болест. Медиумите и понатаму се длабоко поделени по етнички линии, или грубо кажано една вистина постои ако таа е напишана на македонски јазик, а сосема друга ако е пишувана на албански јазик. Иако се организираа многу трибини, курсеви, тркалезни маси, семинари... особено по периодот на донесувањето на Охридскиот рамковен договор, очигледно е дека некои новинари (или редакции) наместо да трагаат по вистината и по фактите, повеќе сакаат да се стават во улога на одбрана на националните каузи. Ние се сомневаме дека зад ваквите тенденции има и партиски влијанија. Медиумски простор

МЕДИУМИ И МЕХАНИЗМИ НА КОНТРОЛА-ЗАГРОЗЕНА СЛОБОДАТА НА МЕДИУМИТЕ

У

ставот на Република Македонија ја гарантира слободата на говорот и на медиумите. Според сите релеватни извештаи и анализи на меѓународни владини и невладини организации, како и на домнашни набљудувачи, Владата, генерално, ја почитува таа уставна одредба. Интернетот во Македонија е слободен, иако тој не е достапен за поголем процент од граѓаните. Загрижува што во последниве години има постојано назадување во доменот на слободите и правата на граѓаните (потврдени во последниот извештај на невладината организација со седиште во Вашингтон, САД, Фридом хаус, каде ние сме во групата “делумно слободни земји”). И кога зборуваме за овој ноторен факт, дека назадуваме со слободите, не можеме а да не истакнеме еден парадокс - дека државата усвојува се подобри закони, односно ги ускладува со европското законодавство, и наместо да се напредува во областите на слободата на медиумите и на говорот, тие назадуваат! Наместо слобо-

24

ди, ние за жал забележуваме се поголемо влијание и контрола од страна на Владата врз медиумите, особено врз електронските медиуми. Загрижува и се поголемата партизација на медиумите и тоа од две страни - првата е дека партиски лидери се сопственици на медиуми, и втората - партиите, особено тие од власта, сакаат да имаат директна контрола врз медиумите. Освен барањето законска рамка за ваквите негативни појави, кои директно удираат врз демократизациојата на земјата, сметаме дека во иднина ќе треба уредничките тимови, особено главните и одговорни уредници, да бидат клучот во заштитата на независната уредувачка политика. Ние пред неколку месеци слушнавме како еден сопственик на приватна ТВ јавно кажа дека тој е газда и новинарите и уредниците ќе играат како тој што свири, што сосема е јасно дека тука нема простор за независна уредувачка политика. Освен оваа политичка инфицираност на медиумскиот простор, ќе истакнеме и еден друг проблем кој подолго време останува да претставува

Медиумскиот пазар во Република Македонија е како ливада полна со цвеќиња - има многу и разновидни медиуми, но тоа не значи и дека има амбиент кој ќе гарантира и фер трка на пазарот или пак ослободеност од политички влијанија. Напротив. А, особено загрижува е што на неколку ТВ станици сопственици се лидери на политички партии (ТВ Канал 5, А1, Сител, само како примери). Владата не е сопственик на ниту еден весник, но ја има финансиската контрола врз единствениот радидуфузен сервис - националната ТВ - Македонска Радиотелевизија. Нема прецизен, односно официјален податок колкава е сумата на владините кампањи, односно огласувањето во медиумите. Еден дневен весник објави дека во 2007 година се потрошени околу 7 милиони евра, а таа цифра ниту беше потврдена, ниту пак демантирана од Владата. Проблематично е да се најде некоја попрецизна цифра затоа што тарифниците на медиумите не се транспарентни, а од друга страна нудат и извесни повластици. Добро би било кога со ова прашање би се позанимивало некое тело или агенција, а една можност е да се утврди платениот данок за уплатените владини пари. Во секој случај владиното финансирање на медиумите преку големиот број кампањи остава темна дамка врз слободата на медиумите, па затоа добро би било доколку овој проблем во иднина стане целосно транспарентен. Станува збор за буџетски средства, односно пари од даночните обврзници и ова не смее да биде тајна. Чудно е што и медиумите не се зафатија посериозно и подлабоко да го истражуваат овој проблем. Изборот на органите на МРТ функционира по стариот испробан рецепт уште од времето на еден друг идеолошки систем - нив ги избира Собранието со гласовите на мнозинството. Затое не е ни чудно што Јавниот сервис и е наклонет на Владата. Периодот на транзиција за жал не донесе реформи во МРТ која постојано е соочена со финансиски проблеми, а технолошки е многу назад споредена со другите јавни сервиси во регионот. МРТ години наназад се соочува со проблеми предизвикани од кадровски решенија зад кои најчесто стоеја владејачките партии. Тоа се одразуваше на севкупната атмосефра во

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Куќата, на меѓучовечките односи, кои честопати ескалираа до конфликти и штрајкови, кои немаа само социјална димензија, а сето тоа резултираше со опаѓање на квалитетот на програмата. За жал можеме да констатираме дека МРТ е уште далеку од она што треба да биде негова основна функција - Јавен сервис. МРТ не може да се ослободи од влијанието на партиите на власт (проблем кој има свој континуитет), а на овој “метод” на функционирање на пример се пожали Демократската партија на Албанците чиј лидер рече дека тој е бојкотиран од Јавниот сервис. Покривањето на пример на вонредните парламентарни избори во 2008 година, како и претседтелските и локалните избори што треба да се одржат во март и во април 2009 година ја потврдува тезата дека МРТ ги фаворизира партиите од власта. Така е и сега во 2009 година, со тоа што МРТ позитивно известува за владејачките партии, а многу понегативно за партиите од опозицијата. Ова е уште еден факт кој говори дека МРТ не ја извршува својата функција на јавен сервис. Во Република Македонија има пет телевизиски станици кои имаат национални концесии, односно ја покриваат целата територија на државата. Програми емитуваат и 46 локални и регионални ТВ. Советот за радиодифузија лани во август издаде и 10 дозволи за сателитски телевизии. Во земјата има и десетици приватни радиостаници, неколку новински агенции, а во поново време се развиваат и интернет порталите. Сите ТВ И весници на читателите им нудат и интернет изданија. Неверојатно брзо се развива и блогосферата, што го издвојуваме како позитивен процес. Десетте дневни весници (седум дневни весници на македонски јазик и три на албански) уште повеќе ја дополнуваат различноста, односно плурализмот на медиумскиот простор. Главно се печатат дневни весници на македонски и на албански јазик, а на продажните места можат да се најдат и весници од странство. На пазарот се нудат стотици најразновидни списанија, политички магазини, специјализирани изданија. Но, ова не значи дека имаме независно новинарство, а уште помалку дека е тоа развиено и со високи стандарди. Според многу оценки, а на коим им се приклучува и Хелсиншкиот комитет, со жалење можеме да констатираме дека има постојан пад на квалитетот на новинарството. Како најголем проблем се лоцирани партиското влијание кај најголемиот број дневни весници, како и финансискиот притисок од Владата. Имено, токму Владата е најголемиот огласувач, кој своите владини проекти постојано ги објавува во весниците и во електронските медиуми. Никој точно не знае колкава е сумата на тие владини кампањи, иако се спомнуваат “неколку милиони евра”. Практиката сепак покажува дека е многу тешко да се издржи на тој финансиски притисок во услови кога весниците/медиумите се соочуваат со финансиски проблеми. Дека се основани страхувањата од

новинарите оти се под постојан притисок на Владата се покажа и неодамна кога владиниот портпарол побарал списоци на сите новинари сосе нивните телефонски броеви и адреси. Тој дури кажал дека не го интересираат новинарите кои пишуваат за спорт значи влијанието сакаат да го имаат кај тие што пишуваат за политика и за економија, теми кои се поврзани и со партиските активности. За чудо, ова помина само со повлекување на барањето, но не слушнавме дека се преземени какви било санкции кон некој од ПР тимот на премиерот кој ги побарал податоците од новинарите. Да биде апсурдот поголем, токму пред неколку месеци владејачката ВМРО-ДПМНЕ објави јавно “гест на добра волја” со тоа што ги повлече 12-те тужби против новинари. Се чини дека брзо заборавиле што ветиле, па повторно се обидоа да стават капа врз новинарството, сакајќи веројатно да кажат дека имаат намера да ги контролираат новинарите. Така барем новинарите ја сфатија Владината порака. Овој притисок врз новинарите почна да биде видлив во јуни 2008 година кога токму премирот Никола Груевски јавно ги обвини новинарките - дописнички од Брисел дека шпекулираат со информации на штета на сопствената држава. Пораката беше - тие не се патриоти. И покрај жестоката критика од македонското Здружение на нови-

нари, како и од СЕЕМО, кон владините критики се приклучи весникот Вечер, кој дури повика на јавен линч за трите новинарки - две работат за ВАЦ, а една за Канал 5 ТВ. Ваквите текстови, како во Вечер во кој јавно се навредуваат новинари и други личности, пред се од опозоциојата, или објавување непроверени податоци, што веќе стана случај во речиси сите медиуми, ја наметнува потребата од стриктна регулација. На некој начин со донесување на новиот Закон за радиодифузија во доменот на електронските медиуми барем постои законска рамка во која тие егзистираат. Секако дека тука има место за измени, особено за натамошна деполитизација на Советот за радиодифузија, потоа за многу потранспаретно работење на ТВ куќите во делот на маркетингот. Но рамката барем е поставена. Сликата кај печатените медиуми е сосема поинаква и главно се е оставено на системот на саморегулација. Таков систем секако дека треба да постои, Кодексот на новинарите мора да се почитува, но прашањето е што кога тој е прекршен. Се поактивното ЗНМ и неговиот Совет на честа, кажуваат дека новинарите честопати објавуваат текстови и покрај тоа што недоволно ги провериле. Дел се напишани под притисок на уредниците, но дел не. Кој ќе ги казнува уредниците во таквите случаи?

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

25

Христо Ивановски Лани во Република Македонија се воделе дури 160 случаи за клевета, што секако јасно кажува во каков амбиент пишуваат новинарите. Лоша практика е што вината не ја преземаат редакциите, тука најчесто таа се префрла само на грбот на новинарот, а токму новинарите немаат доволно механизми за заштита. Не радува тоа што постојано расте бројот на тужени новинари за клевета, најчесто од политичари и моќници од сферата на бизнисот, оти ова јасно кажува дека е зголемен притисокот врз нив. Имавме на пример случај со дописник од Велес на едно радио да биде тужен, а новинарот само пренел ставови од прес-конференција, што е негова обврска. Ако е идејата само новинарите да проверуваат што некој рекол, тогаш навистина се губи смислата на новинарската професија. Затоа наместо камшик, во иднина ќе треба да се воспостави соработка со судската власт односно со Обвинителството, односно тие да бидат органите кои ќе ја следат новинарската информација, или сомнежот во нешто. Така и системот ќе биде многу поправеден и општеството ќе покаже свест за потреба од трагање по вистината и казнување на злото. Кога ги спомнавме случаите на клевета, треба да спомене дека од 2007 години се донесоа измени во Кривичниот законик, па клеветата на извесен начин се декримнинализира, односно најчесто се изрекува парична казна. Но, да не заборавиме дека случаите со клевета станаа многу популарни, па така во овој број од 160 случаи против новинари ќе го наведеме и случајот со проф. Љубомир Фрчкоски, кој инаку е колумнист во дневниот весник Дневник. За клевата го тужеше премиерот Никола Груевски заради изнесени обвиненија во неговата редовна колумна а во врска со случајот ОКТА. Судот во првата инстанца пресуди дека Фрчкоски е виновен за што е казнет со глоба од 1,9 милиони денари. Хелсиншкиот комитет ги поддржува заложбите на новинарите изразени преку ЗНМ за натамошна декриминализација на делото клевета со тоа што е за целосна примена на европското законодавтство, согласно препораките од Советот на Европа. На тој начин ќе се олабави јамката од вратот на новинарите и тие како и нивните европски колеги ќе можат јавно да изразат сомнеж во нешто. Со тоа на најдобар начин општеството ќе покаже дека новинарите немаат мисија да лажат, туку да трагаат по вистината, а во извршувањето на таа нивна мисија тие имаат право и да се сомневаат. Во услови на еден затворен владин систем на информирање, кога пристапот до информации од јавен карактер се уште е рестриктивен, иако е донесен закон, се надеваме дека декриминализацијата на клеветета ќе придонесе за натамошна јакнење на демократските процеси во земјата. Погоре во текстот ние посочивме и на потребата од донесување затштитни механизми за новинарите, што подразбира правна помош, формирање посебен новинарски синдикат, што треба да се стимулира, а не да

26

Еве што велат членовите за клевета и навреда во Кривичниот законик: Клевета Член 172 (1) Тој што за друг изнесува или пронесува нешто невистинито што е штетно за неговата чест и углед, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци. (2) Ако делото од став 1 е сторено преку печат, радио, телевизија,електронска пошта или со други средства за јавно информирање или на јавен собир, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. (3) Ако она што невистинито се изнесува или се пронесува е од такво значење што довело до тешки последици за оштетениот, сторителот ќе се казни со затвор од три месеци до три години. (4) Нема да се казни за клевета обвинетиот ако ја докаже вистинитоста на своето тврдење или ако докаже дека имал основана причина да поверува во вистинитоста на она што го изнесувал или пронесувал. (5) Тој што за друг лажно изнесува или пронесува дека сторил кривично дело за кое се гони по службена должност ќе се казни за клевета иако имал основана причина да поверува во вистинитоста на она што го изнесувал или го пронесувал, доколку изнесувањето или пронесувањето не е сторено под условите од член 176 став 2. Вистинитоста на фактот дека некој сторил кривично дело за кое се гони по службена должност може да се докажува само со правосилна пресуда, а со други доказни средства само ако гонењето или судењето не е можно или не е дозволено. Навреда Член 173 (1) Тој што ќе навреди друг, ќе се казни со парична казна или со затвор до три месеци. (2) Ако делото од став 1 е сторено преку печат, радио, телевизија, електронска пошта или со други средства за јавно информирање или на јавен собир, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци. (3) Тој што друг јавно ќе го изложи на подбив по пат на информатички систем поради неговата припадност кон определена заедница, етничка или расна група или верска определеност, ќе се казни со парична казна или со казна затвор до една година.

се гуши (вакви појави има во повеќе редакции) со цел новинарите во иднина да потпишуваат договори преку кои тие ќе бидат социјално заштитени. За жал сегашнава ситуација во оваа сфера не е воопшто добра. Потребата од такви механизми ја поткрепуваме и со фактот што повеќе новинари во изминатата година беа малтретирани или беа под постојан притисок од главните уредници или од нивните менаџери, а некои беа бркани од работа. Ќе ги наведеме само случаите со на пример главниот уредник на бесплатниот дневен весник Шпиц, Бранко Героски, кого сопственикот на весникот Велија Рамкоски го смени надвор од секаква процедура, само затоа што пишувал колумни кои нему не му биле по мерак. Героски значи беше сменет само поради јавно изнесен став! Нешто случно се случи и со еден од главните уредници на Канал 5 ТВ, Васко Попетрески. Неофицијално се зборува дека тој бил сменет затоа што сакал да провери информација од повеќе извори на што се спротивставил сопственикот на таа ТВ. Хелсиншкиот комитет ги поздравува напорите на ЗНМ кои се почесто се огласуваат кога се во прашање случаи за кршење на Кодексот на новинарите. Меѓутоа, загрижува тоа што се повеќе во медиумите се слуша и се чита јазик на омраза, а тоа останува неказнето. Очигледно е дека во ваквите случаи не функционира институтот саморегулација. Го охрабруваме ЗНМ да отвори јавна дебата во врска со овој проблем со цел да се најдат многу подобри механизми на казнување за таквите случаи. ХК сака да предупреди на некои сериозни проблеми во медиумската сфера, а кои можат да имаат свои реперкусии во јавноста и во целиот општествен амбиент во земјата. Првата е дека се гуши сериозно слободата на медиумите која се гледа во се поизразеното партиско и Владино влијание. Ова придонесе освен по етнички, медиумите длабоко да се поделат и по партиски линии, губејќи ја притоа својата основна намена веродостојно да информираат за настаните. Новинарството веќе стана слика и прилика на партиите кои во својата внатрешна структура се авторитарни. Оттука, наместо судир на идеи, ние во јавноста се почесто гледаме конфликт на идеологии, што во никој случај не е добро за креирањето на објективна слика на релевантните прашања и процеси во јавноста. Говгорот на омраза станува се поизразена форма на изразување, а тука пред се предничат медиумските куќи кои се под политичка и финансиска контрола на Владата, или од нејзините политички сателити. Веќе неколку години по ред медиумите во Репиблика Македонија добиваат лоши оценки, а зем,јата е окфалификувана како делумно слободно. Ова само кажува дека црвеното светло е запалено и оти слободата на медиумите е во сериозна криза, односно во опасност. Новинарите ќе мораат да се изборат за своите права и слободи, а се чини дека во моментов им недостасуваат вистински механизми на заштита, како и цврсто синдикално и еснафско организирање и здружување.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

ПРИЛОЗИ

Проекти на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во текот на 2008 г.

Временска Сума во рамка евра

Наслов на проектот

Поддржан од

Мониторирање на човековите права на територијата на Република Македонија

Норвешки хелсиншки комитет

Јуни 2008Мај 2009

45000

Подобрување на пристапот до правдата бесплатна правна помош

Шведски хелсиншки комитет

Јануаридекември 2008

70000

УНВФТВ

Јануаридекември 2008

Подобрување на пристапот до правдата поддршка на жртвите од тортура

19380

Членови на Бордот 1. Мето Јовановски 1994

Октомври 2007октомври 2008

10400

2. Сашко Дуковски Адвокат 1996

National Endowment for Democracy

Октомври 2007октомври 2008

32000

3. Христо Ивановски Дневник 2001

Интерншип програма

Амбасада на САД во Македонија

Октомври 2007октомври 2008

19950

4. Исо Руси ВД Претседател 2002

Втор дел од регионалната програма за човекови права

Институт Раул Валенбер, Шведска

Март-јуни 2008

20000

Јуни-јули 2008

21000

Промоција на механизми за еднакви можности на Бугарска фондација за локално ниво во родови истражувања Бугарија, Македонија и Војводина, Србија Подобрување на информираноста за работата на комитетот и за човековите права

Школи за човекови права Норвешки хелсиншки ( две) комитет

Школи за човекови права Норвешки хелсиншки Август 2008 ( две) комитет

21000

 

Заеднички проекти со Центарот за човекови права и разрешување на конфликти, 2007/2008

Наслов на проектот Училиште за толеранција

Поддржан од

Временска Сума во рамка евра

5. Периклија Бешка Флуид - проект 2004 6. Самет Скендери НВО Месечина 2004 7. Борјан Јовановски New moment video house 2005

СИДА - Шведска Јануари 2007 135900 агенција за соработка - јуни 2008

Промотивни активности СИДА - Шведска за Училиште за агенција за соработка толеранција

Декември 2008февруари 2009

17000

 

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

27

АНАЛИЗИ

ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОСЕТАТА НА ЈЗУ ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА „НЕГОРЦИ“ опслужува регионите Велес, Кавадарци, Штип и јужниот дел на Македонија. Болничката површина изнесува 1500 метри квадратни, односно околу 7,5 метри квадратни за пациент. Капацитетот на институцијата е од 210 до 215 места, а моментално во истата се сместени 208 пациенти поделени во машки и женски оддели и одделенија во зависност од типот и степенот на заболување.

14 август, 2008 година 1. ЈЗУ Психијатриска болница „Негорци“ 2. Капацитет 3. Персонал и кадровска организација 4. Пациенти, третман и грижа 4.1. Здравствена заштита 4.1.1 Случаи на заболени од ТБЦ 4.1.2. Хигиенско - санитарни услови 4.2. Програмски содржини, активности и контакти на пациентите надвор од институцијата 4.2.1. Програмски содржини и активности 4.2.2. Ресоцијализација 4.2.3.Мерка за безбедност 4.2.4. Посети 4.2.5. Исхрана 5. Проекти и донации 6. Инспекција 7. Потреби и активности кои треба да се преземат, а се истакната од страна на управата на ЈЗУ психијатриска болница Негорци 8. Прелиминарни забелешки на Хелсиншкиот Комитет 9. Препораки на Хелсиншкиот Комитет ---------------------------------------------------------1. ЈЗУ Психијатриска болница „Негорци“ На 14 Август 2008 година, делегација од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија составена од Ана Стојковиќ и Тони Менкиноски[1] ја посети Психијатриската болница „Негорци“. Претставниците на Хелсиншкиот Комитет беа примени од директорот на болницата д-р. Петар Кангов, невропсихијатар. Согласно со мандатот Хелсиншкиот Комитет при посетата на Психијатриската болница „Негорци„ , најнапред се одржа краток информативен состанок со директорот, а во врска со сегашната ситуација во институцијата. Потоа беа посетени сите одделенија и простории во болницата при што беше забележано следното : 2. Капацитет Психијатриската болница Негорци е регионална болница, лоцирана во близината на Гевгелија и ги

28

Во составот на Психијатриската болница „Негорци“ има две акутни одделенија, кои всушност претставуваат приемни одделенија поделени на машки и женски оддели. Од овие одделенија пациентите или се праќаат дома доколку нема потреба за нивна хоспитализација или во одделот за ресоцијализација, каде третманот за ресоцијализација трае од 3 до 6 месеци, а може и подолго, во зависност од случајот. Според мислењето на докторот потребно е да постојат посебни приемни одделенија со капацитет од 5 до 10 пациенти каде ќе им биде посветено адекватно внимание на истите, но за тоа за сега нема доволно средства. Во моментот за таа намена се користат акутните одделенија без поголем успех. За приемното женско одделение и судското одделение нема оддел за дневен престој. Во склоп на институцијата се наоѓаат: Судско одделение кое постои како засебно од 2006 год., Одделение за алкохолизам и Одделение за неврози и непсихотични заболувања, а истата е составена од 3 објекти. Зградите од кои се состои институцијата се доста стари, од 1947, 1948, 1950 година. Во сите овие поминати години, вршени се само мали поправки, има 2 новомонтирани бараки во 1980 и 1986 година и еден нов објект изграден во 1970 година кој функционира од 1972 година. Во рамките на болницата постои и свинска фарма на која работат луѓе со средно земјоделско училиште и повремено некои пациенти. Исто така, институцијата располага и со нива со компир, зелка, кромид на која сезонски работат и пациентите. За својата работа пациентите не се платени во фиксно одреден и редовен износ туку инцидентно и периодично со некој мал финансиски надомест или плаќањето го изразуваат во продукти најчесто цигари и сл. Дополнително болницата располага и со млин. 3. Персонал и кадровска организација Моментално се вработени 85 луѓе со редовен работен однос (наскоро се во план да објават оглас за уште 6 нови вработувања), 10 луѓе работат на договор, и тоа според следнава класификација: 9 лекари, и тоа: 5 психијатри и 4 невропсихијатри 1 психолог и се очекува уште еден со новите вработувања 3 социјални работници, се очекува да се вработат уште двајца со новите вработувања 40 медицински сестри 16 болничари 12 болничарки Останатото е технички персонал Моментално немаат општ лекар, што претставува проблем, но во иднина ќе бараат да се вработи и таков, исто така имаат потреба и од повеќе социјални работници и психолози. 4. Пациенти, третман и грижа 4.1. Здравствена заштита Во случај на потреба од медицинска интервенција

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Анализи на состојбата со затворените институции различна од онаа за што е специјализирана болницата, пациентите се упатуваат во општата болница во Гевгелија, за која цел установата поседува целосно опремено амбулантно возило во возна состојба. Не постојат соби за изолација, но директорот не информираше дека се користи мерката фиксирање за кревет на пациентите, но дека таа е потребна и медицински оправдана поради повремената агресивност на пациентите. Мерката опфаќа врзување на пациентот за креветот со ремени на рацете и нозете додека се прима потребната терапија за смирување. Треба да се напомене дека за време на посетата на претставниците од Хелсиншкиот Комитет не сретнаа ниту едно лице фиксирано за креветот. Исто така од страна на директорот и останатите лекари во установата добивме уверување дека веќе одамна не се користи електро – конвулсивна терапија (ЕЦТ) бидејќи се смета за застарен метод на лекување. Во однос на снабдувањето со лекови, не се забележани проблеми, а еднаш годишно се спроведува и вакцинација од грип. 4.1.1 Случаи на заболени од ТБЦ Моментално докторите се сомневаа дека имаат еден случај на ТБЦ кој бил упатен во Јасеново од каде истиот бил вратен. Истиот пациент во придружба на медицинско лице во моментот на нашата посета веќе беше однесен во Јасеново, но бидејќи истите се вратија додека сеуште траеше нашата посета бевме известени дека по прегледот се констатирало дека всушност не станува збор за ТБЦ. Пред 4 години имало случај на ТБЦ, по што пациентот се излекувал. 4.1.2. Хигиенско - санитарни услови Според директорот на болницата личната хигиена е на ниско ниво поради личните навики на пациентите, додека за колективната хигиена се грижат вработените и таа е на задоволително ниво. Два пати неделно се врши перење на облеката и постелнината. Во однос на облеката пациентите користат свои лични работи како и облека која ја добиваат како помош од австралискиот црвен крст со кој болницата соработува. Исто така се води сметка и за алиштата за спиење (пижамите) односно тие треба да бидат различни од оние со кои пациентите го поминуваат денот. 4.2. Програмски содржини, активности и контакти на пациентите надвор од институцијата 4.2.1. Програмски содржини и активности Со пациентите се работи во групи, додека индивидуално само по потреба. Исто така по потреба се спроведуваат болнички посети од психијатари и се прават посебни третмани за пациентите. Во процес е реновирање на игралиштето за работа на болничка гимнастика, се планира и изградба на терени за фудбал и кошарка. На прашањето до директорот како сега болните го поминуваат денот односно кои се програмите од социјален карактер што болните ги практикуваат, одговорот беше дека не постојат посебни активности туку се е сведено на „губење време“. Директорот исто така се сложи дека подобрувања во оваа насока се неопходни. 4.2.2. Ресоцијализација Според мислењето на директорот програмите за ресоцијализација не се успешни бидејќи пациентите се враќаат дома скоро во иста состојба, каде нивните семејства не можат да се справат со проблемите и тие се принудени повторно да се вратат во болницата на терапија. Како проблем од страна на директорот исто така беше посочено дека на пример лесно олигофрените болни не треба да бидат сместени во таа болница бидејќи таа за

нив не нуди соодветен третман, но истите остануваат таму бидејќи нема услови каде на друго место да се хоспитализираат. 4.2.3. Мерка за безбедност При разговорот со директорот и останатиот медицински персонал бевме известени дека за пациентите кои се присилно хоспитализирани се почитува постапката определена со Законот за вонпарнична постапка односно се известува надлежниот суд и се бара негово мислење. За ова прашање претставниците на Хелсиншкиот Комитет разговараа и со едно лице пациент кој претходната недела бил присилно донесен во болницата, при што тој ни потврди дека бил сослушан од судија и е донесена одлука за негова привремена хоспитализација. Од управата бевме известени дека поради критиките со кои се соочувале во минатото во однос на оваа постапка сега за истата се особено внимателни и се придржуваат кон законските правила. Според нив истото важи и за пациентите со изречена мерка на безбедност од судското одделение иако беше истакнато дека за овие пациенти е потребна поголема соработка со судот. 4.2.4. Посети Посетите се дозволени во секое време без најава. Истите се одвиваат во кантината и во дневните престои. Пациентите најчесто примаат посета од нивните роднини но за жал има и такви пациенти кои не примаат посета од никого. Пациентите од одделението за алкохолизам како и неврозно болните се слободни за шетање и ресоцијализација, додека болните од акутните одделенија се под засилен надзор од персоналот. Некои од болните можат да се шетаат само во дворот а други пак дури да излезат и надвор од кругот на болницата што многу ретко се случува затоа што истата е прилично изолирана и надвор од населено место и во својот состав има доволно простор и зеленило. 4.2.4. Исхрана Согласно информациите од директорот исхраната во институцијата е релативно добра, скоро сите денови во оброкот е вклучено месо, варива, итн. При самата посета претставниците на Хелсиншкиот Комитет имаа можност да ги увидат и условите во кујната каде во тој момент се подготвуваше оброк за ручек составен од варени компири, салата и пилешки стек. Кујната иако видливо стара беше чиста и уредна. 5. Проекти и донации Психијатриската болница Негорци има добиено донација од СОЖМ со која е изградена нова перална. Во моментов нема никакви донации. Имаат предлог до Владата за изградба на нова кујна, која е стара и во лоша состојба, меѓутоа сеуште немаат добиено одговор. Финансирањето на институцијата се реализира од буџетот на државата, дел од Фондот за здравство и дел од Министерството за здравство. Не се корисници на други финансиски средства обезбедени од проекти или донации. 6. Инспекција Болницата е често пати предмет на инспекција особено санитарната инспекција која доаѓа два пати годишно за проверка на храна, чистина на работни простории и слично. Директорот е задоволен од соработката со Министерство за здравство особено со Одделот за секундарна здравствена заштита. 7. Потреби и активности кои треба да се преземат, а се истакната од страна на управата на ЈЗУ психијатриска болница Негорци Како најголем проблем беше истакната потребата

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

29

АНАЛИЗИ од нов простор и реновација на постоечките капацитети, поради што болницата по сопствена иницијатива има во план изградба на нов простор од околу 160 м2. Со новата легалистива за поставување на камери во болниците, се предвидува да се постават 16 камери во ходниците и пред влезовите на зградите. Никаде во болницата нема истакнато куќен ред, за истиот нема објавено никакви брошури, летоци или слично но директорот тврди дека пациентите се добро запознаени со нивните права и обврски. За персоналот и управата не се организирани семинари или обуки иако истите ги сметаат за потребни. 8. Прелиминарни забелешки на Хелсиншкиот Комитет Претставниците на Хелсиншкиот Комитет ги посетија сите одделенија во придружба на директорот како и медицинскиот персонал од секое одделение засебно при што можеше да разговара како со персоналот така и со пациентите присутни во одделите. Одделенијата беа одделени од останатиот простор со решетки од метална конструкција кои се заклучуваа. Можеше да се забележи дека одделенијата за пациенти со акутни заболувања имаа најлоши услови за живот. Генерално во сите одделенија собите на пациентите беа по 10 м2 и 3-4 лица или 20 м2 со по 8 пациенти во нив при што очиглено беше дека недостига поголем простор за пациентите индивидуално. Собите одааваа впечаток дека се преполни со луѓе, во истите имаше само кревети со постелнина и ништо друго, што остава впечаток на безличност. Општата хигиена е просечна освен што беше видливо дека постелнината (кебиња и чаршави) како и душеците за спиење не беа чисти. Пациентитге носеа очигледно стари алишта. Во ходниците на машките оддели за хронично болни имаше ново изградени дрвени шкафчиња со засебни

клучеви за личните работи на пациентите, што беше и објаснување зошто во тие соби нема ништо друго освен кревети. Во останатите оддели пациентите имаа мали шкафчиња во самите соби кои не беа доволни и беа во лоша состојба. Сите соби генерално имаа прозори и со самото тоа доста дневна светлина, но сепак поради нивната неопременост и недоволната хигиена владееше атмосфера на сивило и летаргија. Трпезариите или местата за дневен престој имаа само маси и клупи или столчиња како и телевизори кои беа заклучени во метални шкафови со решетки бидејќи во минатото во неколку наврати телевизорите биле кршени од страна на пациентите кога истите биле агресивни. Пациентите само седеа во дневниот престој или на подот во ходниците без да бидат вклучени во никакви смислени активности што секако не е корисно за создавање на соодветна терапевтска средина. Тие беа под постојан надзор на персоналот. За поздравување е фактот што во сите одделенија на болницата имаше клима уреди и истите работеа за време на посетата што секако е неопходно имајќи ги во предвид високите температури за време на летниот период во гевгелискиот регион на земјата. Тоалетите беа на просечно ниво, очигледно стари и оштетени но со пристојна хигиена иако речиси ниеден од тоалетите немаше потребни средства за одржување на личната хигиена – сапуни, крпи и друго. 9. Препораки на Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Р.М Повеќе од потребно е во најскора иднина да се определат програми и активности за осмислување на времето на пациентите како збогатување на нивната терапевтска програма а се со цел за поголеми резултати во нивното закрепнување и подобра ресоцијализација. За остварување на претходната цел неопходно е вработување на терапевти за окупациска терапија од различен вид ;терапевт за музико терапија, арт терапија, и др. - Формирање на психосоцијален тим од вработените од овие профили (психолози и социјални работници) и примена на индивидуална и групна терапија (социодрама , психодрама ) во во лекувањето. За таа цел потребно е изнаоѓање на средства за изградба на соодветни сали за анимација, спортски објекти или слично според светските медицински стандарди. Исто така потребна е организација на семинари и обуки на медицинскиот и останатиот персонал, за споделување на искуства и пренесување на новините од медицински аспект во работата на болницата и нејзино усовршување. Подигнување на нивото на хигиена со редовно одржување на чистината во собите како и поинакво осмислување на целиот болнички простор. Публикација на соодветни брошури со правата на пациентите и нивно запознавање со истите као и овозможување куќниот ред да биде поставен на повеќе видни места насекаде низ болницата и истите да бидат лесно достапни за болните. Хелсиншкиот комитет се заблагодарува на љубезниот прием и одвоеното време од страна на директорот и вработените, како и нивната отвореност за прашањата од интерес на болницата поради што се надеваме дека со заеднички напори ќе допринесеме за подобрување на условите и подигнување на стандардите за живот во ЈЗУ Психијатриска болница Негорци. ---------------------------------------------------------------------------[1] Придружувани од волонтерите Маја Димитрова и Michael MacLennan

30

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Анализи на состојбата со затворените институции

ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОСЕТАТА НА ПСИХИЈАТРИСКАТА БОЛНИЦА ВО ДЕМИР ХИСАР Основниот суд треба да отвори ex officio постапка по приемот на извештајот од болницата (член 63). Потоа треба веднаш да нареди преглед, прегледување на сите факти при сместувањето во болницата и да го сослуша пациентот. Судот е обврзан да донесе одлука во рок од три дена по сослушувањето. Одлуката треба да го определи времетраењето на сместувањето или лекувањето, кое не смее да трае подолго од една година (Член 67). Ако јавната здравствена установа оцени дека задржаното лице треба да остане на лекување и по истекот на времето определено во решението на судот, е должна 30 дена пред истекот на тоа време од судот да побара продолжување на задржувањето. Решението за продолжување на времето за задржување судот го донесува врз основа на повторен преглед и сослужување на болното лице. Законот не предвидува учество на адвокат, презентирање на докази и процедура на сослушување пред окружниот суд и пред судот за жалби. На тој начин, не гарантира правичен процес и дозволува произволност и злоупотреба. 22 септември, 2008 година 1. Основни информации за начинот на сместување во болницата 1.1. Граѓанско сместување 1.2. Кривично сместување 2. Основни податоци 2.1. Видови одделенија 2.2. Прием во болницата 2.3. Услови за живот и хигиена 2.3.1. Исхрана 2.3.2. Терапија 2.3.3. Изолација и ограничување 2.4. Инспекција 2.5. Контакт со надворешниот свет 3. Листа на посебно детектирани проблеми 3.1. Други проблеми поврзани со човековите права 4. Препораки ----------------------------------------------------------------------------1. Основни информации за начинот на сместување во болницата Недоброволното сместување и лекување на душевно болни лица во Македонија може да се изврши преку две процедури - граѓанска и кривична. Процедурата за граѓанско сместување е регулирана со Законот за вонпроцесна постапка и Законот за здравствена заштита. Процедурата за кривично сместување е регулирана со Кривичниот законик и Законот за извршување на санкции. 1.1. Граѓанско сместување Законот за вонпроцесна постапка прави разлика помеѓу сместувањето во болница, што води до детенција, и сместување што значи отворен режим на лекување. Без разлика дали лицето е принудно донесено во болница или доаѓа доброволно а лекувањето претставува детенција, ако медицинскиот кадар во болницата смета дека лицето може да биде сместено и лекувано во болницата, тогаш тие имаат обврска да дадат известување до окружниот суд во рок од 48 часа по приемот(Член 59 од Законот за вонпарнична постапка). Извештајот треба да содржи информации за душевната состојба на лицето, фактите што ја докажуваат таа состојба и името на лицето кое го донело пациентот во болницата. Одлуката за принудна хоспитализација ја донесува судот. Не е потребно такво известување ако лицето е примено преку казнена процедура, или ако тој/ таа е со одземена деловна способност (Член 61).

1.2. Кривично сместување Лице може да биде сместено на задолжително лекување во здравствена организација во Македонија ако се докаже дека тоа е со нарушено ментално здравје и не може да биде судено. Оваа постапка се спроведува врз основа на судска наредба во контекст на кривична постапка и по медицински преглед. Поглавје 19 од Законот за извршување на санкции (Членови 240247) го регулираат извршувањето на безбедносната мерка која се нарекува “задолжително психијатриско лекување и сместување во здравствена институција”. По сместувањето, здравствената институција е обврзана да дава годишни извештаи до надлежниот суд за тековниот здравствен статус на лицето. Ако институцијата заклучи дека нема понатамошна потреба за таква мерка, треба да му предложи на судот пациентот да биде ослободен или пренесен во затвор за да го издржи остатокот од казната. 2. Основни податоци Психијатриската болница во Демир Хисар е изградена 1955 год. Дел од објектите се реновирани, но повеќето се во многу лоша состојба која не ги задоволува ниту минималните стандарди за сместување. Зградата во која е сместено Адолесцентното одделение е изградена 93-94 год. како донација од Холандската амбасада. Претставници на Хелсиншкиот Комитет ја посетија психијатриската болница во Демир Хисар на 25-ти август 2008 година и се задржаа четири часа. Пристигнаа околу 11,00 часот и прво разговараа со Директорката – менаџер Сузана Џамбазовска, а не беа во можност да разговараат со директорот др. Лазе Кузмановски, кој истиот ден ни најавија дека е службено отсутен од болницата. Бидејќи Директорот не беше во болницата за време на посетата, беше одржан дополнителен состанок со него на кој беа собрани информации околу буџетот на институцијата, изворите и постојаноста на финансирањето. Според информациите, 80% од средствата се надоместуваат од страна на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, а 20% од страна на Министерството за здравство. Во тој дел ни беше кажано дека од страна на Фондот не им се рефундираат 100% од средствата кои ќе ги потрошат и поради тоа се доведени во состојба на негативно салдо. Исто така Директорот и вработените се пожалија на малиот број на доктори и помошен персонал (хигиеничари) кои се неопходни за подобар третман на пациентите.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

31

АНАЛИЗИ Вкупно вработениот персонал брои 261 лице, од кои 30 во администрација и вработените постојано посетуваат разни семинари и конференции, а еднаш годишно и ротираат по одделенијата. Претставниците разговараа со главната сестра и една од докторките, со останатиот кадар и со пациентите. За време на посетата, претставниците на Комитетот ги посетија административната зграда, болничното окружување, сите одделенија (освен 6-то кое е затворено со решение уште во јуни 2006 год. по дадената препорака од страна на Светската здравствена организација и истата сеуште се реновира). Психијатриската болница во Демир Хисар е регионална болница за жители од југозападна Македонија над 18 годишна возраст. Болницата е под надлежност на Министерството за здравство. Капацитетот на болницата во 2004 год. бил 550 кревети, за истиот да се намали на 480 и на денот на посетата на бројката да достигне 420 кревети. На денот на посетата имаше 391 пациент, мажи и жени, од кои 34 беа отсутни или биле однесени на одмор кај роднините). Вкупниот број на присутни пациенти беше 357.

мрежно покривање на податоците преку компјутеризација. 2.1. Видови одделенија Во болницата има 10 одделенија. На табелата што ја даваме прикажани се податоците за видовите на одделенија и бројот на пациенти во секое од нив на денот на посетата: 1. Одделение за психотични жени 42 пациенти, еден отсутен 2. Одделение за акутно болни млади мажи и жени 11 жени; 19 мажи, еден отсутен 3. Одделение за хронично и суб-хронично болни мажи 58 пациенти, пет отсутни 4. Одделение за машка психо-геријатрија 37 пациенти 5. Одделение за хронично болни постари мажи 66 пациенти, еден отсутен

Во склоп на болницата функционира и Дневна болница за психози во која во моментот на посетата имаше евидентирано 82 пациенти и Центарот за ментално здравје во Прилеп во која беа евидентирани 112 пациенти.

6. Одделение за хронично болни мажи со психооргански синдром, резистентни на терапија, без хигиенски навики Затворено во Јуни 2006 – се реновира

Во болницата вкупниот персонал на болницата изнесува 261 вработени од кои, 11 се специјалисти невропсихијатри – психијатри, 1 специјалист интернист, 1 стоматолог и 1 стоматолошка сестра, 3 општи лекари, 5 социјални работници, 3 психолози, 96 сестри, 38 болничари и другиот дел е технички персонал (техничка служба).

7. Одделение за хронично болни жени резистентни на терапија 43 пациенти

За персоналот ни беше кажано дека ротираат од одделение во одделение и дека посетуваат обуки, семинари конференции и слични можности за презентација и делење на искуства со други лица од истата фела.

9. Одделение за мажи алкохоличари со доброволно лекување 16 пациенти, пет отсутни

Во секој случај заеднички дојдовме до заклучок дека во болницата има недостаток на чистачи и сaдоперачи. Заради потребите на администрацијата биле набавени 24 компјутери. Болницата планира во иднина да се направи

8. Одделение за женска психо-геријатрија 38 пациенти, еден отсутен

10. Одделение за мажи - судска психијатрија 61 пациенти, 20 отсутни Вкупно 391 пациенти, 34 отсутни 2.2. Прием во болницата Од страна на вработените во болницата ни беше кажано дека обично болните лица во болницата ги доведуваат нивните роднини со упат од матичен лекар. Потоа се врши специјалистички преглед од страна на психијатар и доколку лекарите утврдат основаност за сместување во болницата, подготвуваат наод и мислење кои во прилог на пријавата за прием за лекување на болното лице го доставуваат до судот. Судот излегува на самото место и во просториите на болницата презема потребни дејствија за утврдување на основаноста на поднесената пријава за задржување во болницата во кое го утврдува и времетраењето на задржувањето. Според Директорот и вработените судовите не реагираат веднаш на пријавите и не одговараат во законски предвидениот рок, туку чекаат да се соберат повеќе пријави/предмети за да може со една посета да покријат повеќе пациенти. Исто така, бевме известени дека судовите доаѓаат само еднаш кога го носат Решението за сместување. Ако пациентот е доброволно примен во болницата, но по определено време тој/таа сака да си оди, лекарката ни посочи дека би го пуштиле, но сепак пациентот ќе помине цел филтер на прегледи во болницата, после кои би излегло дека пациентот се уште има потреба да се лекува во болницата. 2.3. Услови за живот и хигиена Во објектите на болницата имаа централно греење и топла вода (која се затоплува со бојлери за време на пролетта, летото и есента).

32

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Анализи на состојбата со затворените институции Во објектите ставени се 8 клими кои иако беа вклучени, за жал не се чувствуваше никакво разладување. Централна вентилација нема. Материјалните услови се разликуваат од едно одделение до друго, како што велат лекарите во зависност од душевната состојба на пациентите кои се сместени таму. Најтрошни одделенија беа оние за пациентите со интелектуална попреченост и/или оние што се резистентни на терапија (5-тото, 7-тото и 8-тото одделение). Материјалното окружување беше строго и отуѓено, и немаше никаков личен имот (со одредени мали исклучоци). Просечниот број на пациенти кои користат еден нужник и еден туш беше 10. Нужниците и бањите не беа адаптирани за нивно користење од страна на луѓе со физичка попреченост. Покрај тоа, повеќе чешми немаат славини, со што нивното користење беше невозможно. Иако пациентите можат да се бањаат еднаш неделно (некои од вработените мислеа дека тоа е задолжително – болничарот во судското одделение не извести дека пациентите задолжително се бањаат еднаш неделно, но оние кои сакаат дозволено им е и почесто, а тие што не сакаат тогаш како одговор добивме кревање на раменици), а пациентите од акутното одделение наводно биле бањати секој ден. Хигиената во 5-тото, 7-тото и 8-тото одделение беше далеку од добро одржувана. Мирисот на урина во 5-тото, 7-тото и 8-тото одделение беше силен, иако главната сестра тврдеше дека подот се чисти постојано. Дури повеќе во 7-тото одделение беше затекната неизмиена урина на плочките од тоалетот. Не можеше да се види дали на пациентите им беа дадени доволно средства за одржување на лична хигиена (сапун, шампон, паста за заби, тоалетна хартија итн), иако ни беше кажано дека еднаш месечно има требовање за средствата за лична хигиена. Не беа видени вакви средства ниту во нужниците, ниту во собите. Пациентите добиваат пелени само ако/кога семејството ќе донесе. Од страна на надлежните во болницата ни беше кажано дека пелени не набавуваат затоа што финансиски не биле во можност. Во однос на личната хигена може да се утврди дека лицата кои не се способни самите да си ја одржуваат беа запуштени, неизмиени и со валкани алишта, а на нашето прашање за причината поради која на овие лица не им се дава чиста гардероба добивме одговор дека и чистата облека би ја извалкале за помалку од еден час. Пациентите во судското одделение беа сместени во соби, вкупно 11, чија големина се движеше од 15-22 м2. Собите беа во лоша состојба, посебно оние на првиот кат. Имаа пристап до природна светлина, како и адекватно вештачко осветлување. Подот во собите беше покриен со линолеум. Опремувањето беше елементарно (кревети и понекаде шкафчиња). На првиот кат од судското одделение во неколку од собите пациентите немаа ниту шкафчиња за лични предмети. Пациентите носеа цивилна облека. Ретко некој од нив имаше со облека од болницата. Судското одделение имаше три нужника (тазе измиени со црево) на вториот кат за околу 30 лица. Имаше три туша во бањата и два мијалника. Во истата соба имаше три мијалника кои не работеа бидејќи немаа славини. За останатите пациенти имаше два туша на првиот кат. Ни беше кажано дека постелнината еднаш неделно им ја менуваат, но истата беше многу стара и трошна. Третото и Петтото одделение беа сместени во друга двокатна зграда, која беше уште потрошна од онаа на судското одделение. Хигиената во овие одделенија беше на ниско ниво. Дел од душеците на некои од креветите се водоотпорни но повеќето не се. Ѕидовите и подовите беа нечисти и беше потребно итно реновирање. Имаше четири - пет кревети во секоја соба (околу 20 м2). Сите соби имаа големи прозорци (некои со решетки), што даваше директен пристап до сончева светлина и свеж воздух. Чаршафите и ќебињата на креветите беа стари и нечисти. Пациентите седеа во нечистите пижами. Таква состојба не е погодна за јакнење на личниот идентитет и самопочит; индивидуализацијата на облеката треба да биде дел од терапевтскиот процес.

Зградата каде се сместени жени, сите три оддели; геријатриски оддел – жени (8 оддел), хронично болни жени (7 оддел) и 1 оддел беа во лоша состојба, прозорците беа не исчистени од пролетта, а планираат да имаат генерално чистење есенва. Тоа значи два пати годишно се бришат прозорците во овие оддели, доколку наводите на болничарките беа точни. Материјалните услови во WC шолјите и тушевите беше под секое ниско ниво. 2.3.1. Исхрана Според главната сестра со која разговаравме, кога се подготвува менито, готвачот и лекарите се обидуваат да се придржуваат до книгата на рецепти и препорачаните калории по оброк. Според лекарката со која разговаравме, потврдена од страна на директорката менаџер на установата, ни беше кажано дека пациентите се исхрануваат три пати дневно и секогаш имаат некаков вид на месо за ручек. Директорот на дополнителниот состанок појасни дека свинско месо не се користи од почетокот на 2008 год., а до тогаш не се обрнувало внимание на верските ограничувања на пациентите за неконзумирање на одредени видови месо. Храната е иста за сите пациенти, освен во случаи каде што лекарите одредувале специјална исхрана за некои пациенти и наводно истото било заведено во посебна листа на јадења. 2.3.2. Терапија Според лекарите, сите пациенти примале лекови, но немало доволно лекови за сите пациенти. Некои од нив биле дефицитарни и во таков случај на пациентите им се давала замена за лекот. Во моментот болницата беше снабдена со risperidon и nozinon. Во времето на посетата бевме известени дека има недостаток од лекови за смирување на агресивни пациенти, но ниту една од сестрите не знаеше да каже кој лек се дава како замена за тие лекови. Како една од препораките кои во минатото и беа дадени на болницата беше започнување на употреба на нови невролептици (на пример, Рисполепт). Во почетокот на 2008 год. била започната употреба на овој лек, кој било обезбеден преку донации, а Директорот не извести дека за периодот од 7 до 12 месец е поднесено барање за ребаланс на Буџетот за да може да се продолжи со оваа терапија која се покажала доста ефикасна. Според лекарите, биле користени и други видови на терапија. Ова вклучувало групна терапија, сликање, спортување и работна терапија. Болницата имаше Дневен центар со неколку работилници кои се користеле за работна терапија доколку некој од пациентите изрази таква заинтересираност. 2.3.3. Изолација и ограничување Имаше една соба за изолација, сместена во судското одделение и една соба со видео надзор сместена на 5-тото одделение. Во случаи на агресија, пациентите се врзувале за креветите во нивните соби со кожни ремени. Фиксирана е само едната рака на пациентот. Времетраењето на фиксирањето не е ограничено, но од дневната книга на настани можеше да се утврди дека пациентите се фиксираат и на повеќе од 12 часа. Таква практика не може да има терапевтско оправдување и се смета за лошо постапување. 2.4. Инспекција Претставници од Министерството за здравство ја посетувале болницата најмалку еднаш во годината. Ни беше доставена документација за последните две

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

33

АНАЛИЗИ инспекции направени од страна на Министерството за здравство – дирекција за храна – подрачно одделение Битола во кои беа наведени недостатоците кои треба да се отстранат. Други документи за посетите на одредени инспекции не ни беа покажани. 2.5. Контакт со надворешниот свет Од страна на овластено лице ни беше кажано дека се организираат екскурзии за пациентите, секоја пролет. Пациентите кои ќе бидат однесени на екскурзии се избираат по тоа кој е активен во одделението за рехабилитација. 3. Листа на посебно детектирани проблеми: · Лошите материјални услови на некои од објектите, особено тоалетите; · Лошата лична хигиена на пациентите · Малиот број на хигиеничари · Снабдувањето со лекови и употребата на нивна евентуална замена · Односот на вработените кон пациентите · Употребата на каиши за фиксирање · Судовите не реагираат веднаш на пријавите и не одговараат во законски предвидениот рок · Граѓанската постапка за сместување на лица во психијатриска институција 3.1. Други проблеми поврзани со човековите права Делегацијата не слушна поплаки за тортура или други форми на лошо постапување со пациентите во болницата во Демир Хисар. Сепак бројот на починати лица во текот на една година кој како што не известија се движи од 20 – 30 лица е доста загрижувачки. Односите помеѓу вработените и пациентите, генерално, беа позитивни и без никакви тензии, со голема доза на незаинтересираност кај персоналот на болницата за пациентите и нивните потреби. 4. Препораки 1.

Македонски власти треба да им дозволат посети

на невладини организации на сите места - заради набљудување. Посетите треба да бидат постојани, ненајавени, а организациите треба да бидат во можност насамо да разговараат со пациентите и да имаат пристап до потребната документација. 2. Граѓанската постапка за сместување на лица во психијатриска институција за активен третман во Македонија треба да биде во согласност со меѓународните стандарди. Поконкретно, треба да се регулира: · Изведување на лицето пред суд преку специфична постапка за определување на законитоста на неговото/ нејзиното задржување ВЕДНАШ по иницијалното сместување; · Учество на адвокат од моментот на задржувањето и задолжително застапување за време на целата постапка, вклучително и жалбите. Треба да се развие систем на адекватна правна помош за пациентите кои не се во можност да ги платат адвокатските услуги; · Водење на судското сослушување за недоброволна хоспитализација согласно со процесните стандарди, вклучувајќи ја можноста да се појави пред судот лично, да презентира алтернативна експертиза, да се има доволно време за подготовка на неговата/нејзината одбрана и вкрстено испитување на сведоците. 3. Граѓанската и кривичната постапка за сместување во психијатриските институции за активен третман треба да бидат подложни на судско периодично ревидирање по службена должност и во краток временски период. 4. Методите на третман треба да се што е можно поразновидни и да вклучуваат што повеќе активности. 5. Голем приоритет треба да се даде на подобрувањето на условите за живот на пациентите во судското, 3-тото, 5-отто, 7-тото и 8-отто одделение на Психијатриска болница во Демир Хисар, особено, на реновирањето на санитарните јазли на одделенијата и обезбедување на лични шкафчиња за сите пациенти. 6. Фиксирањето да се прекине/намали времетраењето 7. Да се подобри личната хигиена на пациентите, да се обезбедат пелени за оние лица на кои им се потребни 8. Зголемување на бројот на хигиеничарите, посебно во оние одделенија каде лицата не се способни да помагаат во одржувањето на хигиената 9. Да постои можност за награда/казна на персоналот зависно од нивната ангажираност 10. Комплетно реновирање и одржување на тоалетите 11. Продолжување со терапијата со лекот Rispolept consta. 12. Да се изнајде начин на подобрување на веќе недоволна комуникација со Центрите за социјални работи во врска со посетеноста на пациентите од страна на нивни роднини. 13. Да се изнајдат начини за оддржување (или поновно воспоставување) на комуникацијата со семејствата на пациентите во врска со состојбата на пациентот, потребата од редовни посети од семејството и оддржување на добри односи со нивниот болен член. 14. Планирање на грижата за пациентот по напуштање на болницата и подготвувaње на пациентот за реинтеграција во општеството, вклучување во Центар за ментално здравје или дневна болница, социјален клуб или вработување во заштитна фирма. ----------------------------------------------------------------------------[1] Посетата беше извршена од страна на претставниците на Хелсиншкиот Комитет: Кети Јандријеска Јованова, Вјолца Мора Бајрами и Тони Менкиновски и волонтерот Mary Maclennan од Канада

34

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Анализи на состојбата со затворените институции

ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОСЕТАТА НА СПЕЦИЈАЛНИОТ ЗАВОД ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ДЕМИР КАПИЈА тација на лица попречени во психофизичкиот развој од најразлична возраст; - обезбедување здравствена заштита и рехабилитација - обезбедување едукативно воспитен третман - обезбедување најразлични облици на воспитно работна окупација во зависност од психофизичките способности - обезбедува и организира различни активности по различни поводи Претставниците на Хелсиншкиот комитет беа примени од правникот (бидејќи директорот беше на годишен одмор) во домот, главната медицинска сестра и еден дефектолог. На состанокот бевме известени за следново : Капацитет

14 август, 2008 година 1. Специјалниот завод за лица со посебни потреби Демир Капија 2. Капацитет 3. Персонал и кадровска покриеност 4. Штитеници, третман и грижа 4.1. Здравствена заштита 4.1.1. Превентива дејност 4.1.2. Систематскиот преглед 4.1.3. Хигиенско - санитарниот надзор 4.1.4. Куративна дејност 4.1.5. Случаи на заболени од ТБЦ 4.2. Програмски содржини и активности и контакти на корисниците надвор од институцијата 4.2.1. Програмски содржини и активности 4.2.2. Посети 4.2.3. Излети 5. Проекти и донации 6. Потреби и активности кои треба да се превземат , а се истакната од страна на управата на Специјалниот завод за лица со посебни потреби Демир Капија 7. Прелиминарни забелешки на Хелсиншкиот Комитет 7.1. Постапување, третман и грижа со штитениците 7.2. Животни услови на штитеници 7.3. Препораки на Хелсиншкиот Комитет ---------------------------------------------------------------------------Специјалниот Завод за лица со посебни потреби Демир Капија На 14 Август 2008 година, претставници на Хелсиншкиот Комитет (Ана Стојковиќ и Тони Менкиноски[1]) извршија посета во Специјалниот завод за лица со посебни потреби Демир Капија. Специјалниот завод е единствената институција во Република Македонија за сместување, нега, здравствена заштита, воспитно - едукативен процес и работна окупација на лица со посебни потреби од сите категории. Формиран е со решение бр. 204 од 20 октомври 1958 година, издадено од страна на извршниот совет на СРМ.

Основни дејности на установата се следни: - обезбедување и организирање заштита и рехабили-

Капацитетот на зградите за прием на штитеници е до 360 лица, во зависност од моменталниот број на пациенти различно и ги распоредуваат во просториите. Главната зграда е изградена во 1933 год и пред 2 години е варосувана, крајниот и средниот дел се градени во 1970 и подоцна реновирани, а има и сосема нов објект. Институцијата располага со 13 хектари сопствена економија, од кои 10 хектари се обработлива површина. За обработка на истата повремено се вклучуваат и некои од штитениците за што добиваат неопределен износ на надомест и тоа повремено, инцидентно од случај до случај или според потребите (ако им требало за шетање, културна активност, натпревар и сл.) Вработени Во заводот се вработени 133 работници на неопределено време според следната класификација : - 1 доктор кој во моментот е и вршител на должност директор - 9 медицински сестри - 5 инструктори - 2 социјални работници - 51 негуватели, со најмалку трет степен на образование (само во одделот Здравство работат 40 од нив) - 6 воспитувачи - 3 дефектолози - 4 хигиеничари - 5 работници во перална - 6 готвачи - 4 чувари - останатите 37 лица се технички персонал и администрација - 63 лица по договор на дело од различни области во согласност со моменталната потреба за што одлучува управата на заводот. Согласно информациите од вработените во Заводот, потребни се околу 190 работници, поради што во моментот недостатокот го дополнувале до ангажирање на работници од различни профили на определено време од по неколку месеци. Штитеници Во институцијата моментално се сместени 313 лица , на различна возраст , а се сместени во различни оддели , во зависност од : - Нивното примарно оштетување - Психофизичките способности и можности - Возраст.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

35

Во три објекти од кои во Одделот Здравство се ситуирани лица со најтежок степен на заболување. Поделбата во институцијата е следна : 1. Одделенија за лица со мултипли оштетувања - тешка или најтешка ментална ретардација и телесно оштетување - А1, А2, Б1, Б2. 2. Одделенија за лица со тешка или најтешка ментална ретардација - А3, А4, Ц1, Ц2 4.1. Здравствена заштита Според овластените лица од Специјалниот завод за лица со посебни потреби „Демир Капија“ активностите на заводот се состојат од превентива дејност, систематскиот преглед хигиенско - санитарен надзор и куративна дејност. 4.1.1 Превентива дејност Превентивната дејност се состои во спроведување на сите потребни мерки за спречување на појава на заразни заболувања и тоа: секојдневни визити, лабораториски испитувања и контроли, систематски и контролни прегледи, календарско вакцинирање, вакцинација против грип за хроничните болни и лицата со намален имунитет, хигиенско санитарен надзор, секојдневни прегледи на корисниците и пријавување на заразни заболувања, дезинфекција, дезинсекција, дератизација. 4.1.2 Систематски преглед На корисниците им се овозможува континуирано следење на здравствената состојба и евентуално откривање на некои заболувања кои ќе ги покажат резултатите со што ќе овозможи навремено лекување на новооткриените заболувања. Секоја година, поконкретно втората половина од годи-

ната се врши систематски преглед на сите вработени кои доаѓаат во контакт со корисниците и животните намирници. Истиот опфаќа: флуорографско снимање, копрокултура, клинички преглед, брис од нос и уста за антибиограм. 4.1.3. Хигиенско - санитарен надзор Хигиенско – санитарниот надзор се состои од контрола на хигиената во просториите и санитарниот јазол, контрола на одржувањето на хигиената на корисниците, задоволување на основните услови за хигиенско и еколошко отстранување на отпадниот материјал, секојдневна контрола на телесната хигиена на корисниците. Редовната контрола се врши од лица од управата на Заводот а екстерната од соодветните инспекции на државата. 4.1.4. Куративна дејност Куративната дејност се состои во спроведување на мерки и активности за лекување на настанатите заболувања преку кратки утрински визити наменети за итни случаи и главна визита која се реализира во 09.00 часот при што се вршат подетални прегледи на корисниците. Во текот на главната визита се ординира терапија, се даваат соодветни совети или по потреба конкретниот случај се упатува во друга здравствена установа. За подетална дијагноза, посложени интервенции односно давање на соодветна здравствената заштита на корисниците се остварува соработка и консултации со други медицински установи и тоа: амбуланта Демир Капија, здравствен дом Неготино, медицински центар Кавадарци, Велес, институтот за белодробни заболувања како и Институт за патофиза и останатите Клинички центри во Скопје. 4.1.5. Случаи на заболени од ТБЦ Во моментот има 2 лица заболени од туберкулоза, за кои по препорака на дополнително ангажираниот лекар д-р. Ѓоре Арсов, не е потребна изолација. Главната медицинска сестра исто така не информираше дека друг корисник заболен од туберкулоза починал пред еден месец, и еден пред една недела. Од истата бевме информирани дека на корисниците им се прави флуорографско снимање два пати годишно, и дека бројот на заболени и нивната смртност со текот на годините се намалува. Од страна на претставниците на Хелсиншкиот Комитет беше извршен увид во медицинските книги за евиденција во однос на заболените од туберкулоза од 2005 година наваму. При истиот беше констатирано : 2005 год., регистрирани 12 случаи на заболени, 4 починати, другите излекувани со тоа што 1 од истите се пренел и во 2006. 2006 год., регистрирани 6 случаи на заболени, 1 починат во 2006, уште 1 починат во 2007 а другите излекувани 2007 год., регистрирани 6 случаи на заболени, освен лицето кое заболело во 2006 а починало во 2007, другите заболени од 2007 биле излекувани, 2008[2] год, регистрирани 4 случаи на заболени од кои 2 лица веќе починати. 4.2. Програмски содржини и активности и контакти на корисниците надвор од институцијата 4.2.1. Програмски содржини и активности Во однос на програмите за организирање на времето постојат повеќе активности каде што штитениците работат со дефектолози. Располагаат со една креативна работилница и една работилница за индивидуални работи за корисниците со помал степен на заболување. Во овие програмски содржини спаѓаат различни ликовни техники, сликарски техники, графички техники како и просторно пластично обликување и конструирање. 4.2.2. Посети Штитениците можат да примаат посета во било кое време без најава. Најчесто ги посетуваат роднините или

36

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

им се јавуваат на телефон, а доколку се појави потреба или некој од корисниците посака да се јави негде и на него му се обезбедува телефон од вработените. На болните исто така им се дозволува и излегување надвор од комплексот на установата, со придружба или без, зависно од степенот на заболеност и способноста на лицата. 4.2.3. Излети Организирањето на излети претставува незаменлива вредност која се користи во секоја прилика и на тој начин, штитениците ја запознаваат и пошироката околина, објектите во неа и природната околина. Од друга страна излетите го развиваат чувството за помагање, истрајност, самостојност, совладување на препреки итн., а движењето по различни терени и на чист воздух го надополнуваат рехабилитациониот процес. Во претходните години како што не известија имало и организирани одмори надвор од земјата, на пример минатата година околу 30 од корисниците имале одмор во Бугарија. Стручниот тим ги определува групите на штитеници кои одат на излети и прошетки надвор од заводот а во зависност од степенот на способноста како и моменталната состојба на штитениците. 5. Проекти и донации Во моментот не се одвива никаков проект за потребите на Заводот. Во однос на донациите ги добивме следните податоци : за 2007/2008 година Заводот добил донација од 12.000 Евра од претседателот на државата Црвенковски за изградба на спортски терен, кој е во план, 15.000 Евра од винарска визба подрум Кула кои ги искористиле за тековни потреби, набавка на хигиенски средства и др., соработуваат со Црвен Крст од каде добиваат донации во алишта, Белгиска амбасада донирала средства за реновирање на еден од објектите 40.000 Евра донирал Космофон за паркот во околината на објектите, 13.000 денари ОКТА депонира месечно за Заводот кои се користат за тековни потреби, главен извор на финансиски средства е нормално државниот буџет

7.2. Животни услови на штитеници Генерално делегацијата на Хелсиншкиот комитет констатира подобрување на стандардите на живот во однос на посетата од 2005 година, но мора да се забележи дека во целиот Специјален Завод за лица со посебни потреби Демир Капија се ширеше неподнослив мирис на урина што остава лош впечаток за основните стандарди на живот на штитениците. Хигиената беше различна во зависност од одделенијата но генерално истата не беше на задоволително ниво поради што се чувствуваше непријатна миризба. Во некои одделенија ќебињата беа доста стари и искинати додека чаршавите нечисти. Тоалетите исто така не ги задоволуваа стандардите, тие покрај тоа што беа стари и оштетени не содржеа основни средства за хигиена како сапун и сл. Во зависност од годината на реновирање на објектите се движеа и условите во истите односно како што и претходно беше споменато, тие што беа постари, нивната внатрешност не ги задоволуваше основните животни стандарди додека реновираните објекти одаваа слика на пријатно место за престој. За поздравување се детските одделенија особено за неподвижните болни чии простории беа обоени во различни бои, украсени со разни детали и играчки кои го збогатуваа просторот. Во однос на креативната работилница жално е што и тие апаратури и алатки што ги имаат не се употребуваат поради недостигот на помал број дополнителни елементи па и самите вработени како и штитениците мораат да се задоволат со основните помагала наместо да се вложи минимален напор да се обезбеди целосно користење на средствата. Потребно е да се забележи постоењето на големиот и

6. Потреби и активности кои треба да се превземат, а се истакната од страна на управата на Специјалниот завод за лица со посебни потреби Демир Капија Според претставниците на управата има неодложна потреба од:

· реновирање на некои од објектите, особено тоалетите; · поквалитетно и квантитативно снабдување со лекови · издавање на информативна брошура за заводот · специјални програми за описменување на корисниците · вработување на поголем број на дефектолози · стручно дообучување и посета на соодветни обуки и семинари на вработените бидејќи до сега или немало или било ретко застапено. 7. Прелиминарни забелешки на Хелсиншкиот Комитет 7.1. Постапување, третман и грижа на штитениците Во текот на посетата делегацијата на Хелсиншкиот комитет слушна бројни, доследни и уверливи искази за добро постапување со штитениците од страна на персоналот, но својот заклучок го изведе исто така и од контактите со самите штитеници. Од персоналот бевме известени дека не ја употребуваат мерката фиксирање за кревет (врзување) туку проблемите ги решаваат со соодветна терапија. Но главна забелешка е дека не постои независен и објективен систем на жалби и инспекции , а кој ќе доведе до казнување на случаи на лош третман на штитениците од страна на персоналот.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

37

АНАЛИЗИ убаво уреден парк во склопот на објектот кој во моментот на посетата не можеше да се користи поради високите температури. Докторот по медицина кој врши визити и при тоа ги третира проблемите во врска со состојбата на корисниците на полето на дијагностиката, куративата, превентивата и рехабилитацијата, ја пишува историјата на болеста на корисниците и при тоа врши проценка на здравствената состојба на корисниците а потоа определува дијагноза и терапија, е еден и во исто време е директор на самата институција. 7.3. Препораки на Хелсиншкиот Комитет 1. Генерално за ваквиот тип на установи потребна е Владата на Р. Македонија да има јасен, долгорочен стратешки план за оддржливост и функционирање на истите што ќе води и ќе обезбеди повисок квалитет во нивното работење. Впрочем ова е и цивилизациска обврска на Македонија и во согласност со Акциониот План на Советот на Европа во поглед на хендикепираноста (2006-2015). Овој Акционен План на Советот на Европа во поглед на хендикепираноста се базира (меѓу другото) врз сите релевантни постоечки Европски и меѓународни инструменти, договори и планови, вклучувајќи ја Конвенција на ОН за лицата со хендикеп. Овој План, исто така, посебно ја има во предвид Новата Стратегија на Советот на Европа за социјална кохезија (2004), чија цел (меѓу другите) е да обезбеди пристап до човековите права за лицата, како што се децата, младите лица, мигрантите како и лицата со хендикеп[3]. 2. Потребно е да се подигне нивото на хигиена во целата установа бидејќи е недозволено во ова време на цивилизациски придобивки хигиената да не биде на највисоко ниво особено што за тоа не се потребни толку средства колку добра волја и посветеност, како не би се рушело личното достоинство на штитениците, основно право на секој човек. 3. Евидентна е и потребата во најскоро време да се изготви план и програма за организирање на времето на штитениците во групни и индивидуални добро опремени креативни работилници со поголем број обучени и мотивирани дефектолози. 4. Хелсиншкиот Комитет апелира да се изнајдат средства за дополнителна обука на стручните вработени, посета на соодветни семинари и размена на искуства со колеги како би се следел трендот на измените во оваа област. 5. Хелсиншкиот комитет исто така смета за потребно да се обезбеди информативна брошура во која ќе бидат содржани информации околу работата на Институцијата и правата на штитениците . 6. Да се зголеми бројот на вработените од другите стручни профили : дефектолози , социјални работници , да се вработи психолог и спецјални терапевти за окупациска терапија ,психотерапевти за различен вид терапија, сестри и болничари, а се во интерес и доброто на пациентите . 7. И на крај како едно од важните задачи за институцијата е преземање мерки и давањето на здравствена заштита на пациентите да не се извршува со еден доктор. 8. Неопходно е вработување на повеќе лекари. Хелсиншкиот Комитет го следи и планот за деинституционализација на Заводот Демир Капија, за што дополнително ќе се произнесе, но исто така укажуваме дека процес ќе трае подолго временски период , а што значи да истиот не треба да биде причина да се запостави и да не се вложува во промени во самиот Завод Демир Капија. ----------------------------------------------------------------------------[1] Придружувани од волонтерите Mаja Димитрова и Michael Mac Lennan [2] До нашата посета на 14.08.2008 год. [3] Посебна анализа на хелсиншкиот комитет за - Новите “стари” актуелни предизвици за Република Македонија во врска со лицата со инвалидност (www.mhc.org.mk)

38

15 август, 2008 година 1. Завод за заштита и рехабилитација “Бања Банско“ – Струмица 1.1. Основни податоци 2. Капацитет 3. Персонал и кадровска покриеност 4. Корисници, третман и грижа 4.1. Медицинскиот оддел 4.2. Здравствена заштита 4.2.1. Систематски преглед 4.2.2. Инспекциски надзор 4.3. Активности и контакти на корисниците надвор од институцијата 4.3.1. Посети 4.3.2. Излети/екскурзии 5. Проекти и донации 6. Потреби и активности кои треба да се превземат, а се истакнати од страна на управата на Заводот и од страна на самите корисници 7. Прелиминарни забелешки на Хелсиншкиот комитет 7.1. Постапување, третман и грижа со корисниците 7.2. Животни услови на корисниците 7.3. Препораки на Хелсиншкиот комитет ----------------------------------------------------------------------------1. Заводот за заштита и рехабилитација „Бања Банско“ во Струмица Претставници на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (Вјолца Мора – Бајрами и Кети Јандријеска Јованова[1]) на ден 15-ти август 2008 година го посетија Ј.У. Заводот за заштита и рехабилитација “Бања Банско“ – Струмица. Делегацијата на Хелсиншкиот комитет пристигнаа околу 11 часот и се задржаа скоро четири часа. Во почетокот делегацијата беше примена од страна на директорката Јустина Гноинска Димитриева, која заради оправдани причини не можеше да остане со делегацијата до крајот на посетата. Делегацијата во текот на посетата беше цело време придружуванa од страна на секретарот на заводот г. Васе Зимбаков. За време на посетата, делегацијата ја виде административната зграда и зградата за сместување, женски и машки оддел. 1.1. Основни податоци Заводот е социјална установа која пружа социјална заштита на лица со пречки во физичкиот развој. Заводот е единствена установа која згрижува лица со тешка попреченост во физичкиот развој на ниво на цела Република, па затоа корисниците кои се сместени во истата

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Анализи на состојбата со затворените институции

ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОСЕТАТА НА ЗАВОДОТ ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА ‘БАЊА БАНСКО’ - СТРУМИЦА потекнуваат од региони од цела Република. Основната дејност на заводот е: обезбедува и организира заштита и рехабилитација на деца и младинци попречени во физичкиот развој сместување, домување, исхрана, негување и згрижување обезбедува здравствена заштита и рехабилитација - обезбедува основно образование и воспитување - организира вонредно образование во средните училишта во Струмица обезбедува и организира различни облици на професионално работно оспособување во зависност од психо – физичките способности. Заводот е под надлежност на Министерството за труд и социјална политика и под надлежност на Министерството за образование и наука во делот на обезбедувањето на основното образование. Заводот е отворен во 1974 година со помош на Фондацијата Сју Рајдер и Советот на Општина Струмица. Зградата каде беше сместена во моментот администрацијата изградена е во текот на 2002 година, согласно проектот за деинституционализација, кој проект треба да заврши до 2012 година како куќно сместување. Во Заводот има и редовно основно образование од I – VIII одделение, по планот и програмата за редовно образование. Овој дел спаѓа под надлежност на Министерството за образование. Заводот има и наставен кадар за децата со специјални потреби. Од прво до осмо одделение, во учебната година 2007/2008 година имале 10 ученици, но заводот има пратено допис до Центрите за социјални работи со барање да бројот на децата се зголеми во иднина. Децата корисници на услугите на Заводот имаат книги и школски прибор, при што часовите се изведуваат секојдневно. По распоредот на часовите се изведува и тераписката сесија. Наставата ја изведуваат наставници, педагог и дефектолог. Во учебната 2008/2009 година ќе имаат 20 ученици во основно образование. Покрај основното образование постои и вонредно средно образование за оние ученици кои сакаат

да го продолжат школувањето. Средното образование се изведува во соработка со средните училишта во Струмица. Оваа учебна година ќе има 5 корисници во средните училишта во Струмица. Корисиниците пријавуваат испит, после што доаѓа професор кај нив и ги испрашува. Директорката на заводот не извести дека во текот на 2008 година имале размена на работни активности меѓу децата – корисници од Заводот и деца од слична институција во Полска. Од заводот учествувале четири деца корисници. Старата зграда, која беше изгорена од пожарот во текот на септември 2007 година и поради тоа беше целосно надвор од употреба, со донација на Италијанска амбасада и дел од добиеното обештетување од осигурувањето на објектот е реновирана и пуштена во употреба на 01.08.2008 година. Иако, стариот дел е комплетно реновиран, ентериерот не е целосно пополнет, односно зградата не беше целосно обезбедена со кревети и друг инвентар. Заводот има кабинети за дефектолог, социолог, компјутери и физиотерапија. 2. Капацитет Капацитетот на заводот е 70 корисници, а на денот на посетата имаше 56 корисници, мажи и жени. Што се однесува до популацијата во заводот, истата е хетерогена во секој поглед: нивното примарно оштетување - возраст (највозрасниот корисник е роден 1948 година, а најмладиот корисник роден е 1999 година) психовизички способности и можности етничката припадност (македонци - 47, роми - 3, турци - 2, албанци – 2 и друго – 2). Најзастапени дијагнози кај корисниците се: Церебрална парализа, Детска парализа, Прогресивна мускулна дистрофија, Епилепсија и Острогенесис имперфекта. Заводот вкупно има 24 апартмани и 30 соби за сместување на корисниците, со замисла за колективен начин

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

39

на живеење. Во новата зграда апартманите се изградени за самостојно живеење (за едно лице или до две лица). На двајца корисници (едно женско и едно машко лице) им било дозволено да живеат во еден апартман на нивно барање. Во изгорениот дел од зградата, кој сега е комплетно реновирано има 30 соби (15 за жени и 15 за мажи), и на долниот кат – приземје ќе биде сместена администрацијата. Во текот на 2008 година, поточно во март 2008 година во Заводот имало два смртни случаи, двајца корисници починале од природна смрт. Во текот на 2007 година, како последица на пожарот починале 3 деца - корисници на услугите на заводот. Корисниците на услугите во Заводот се примаат исклучиво со Решение од Центрите на социјални работи од подрачјето каде е живеалиштето на корисникот. Центрите за социјални работи заедно со Решението за сместување на лицето во Заводот доставува и лекарски наод и медицинско досие, заедно со здравствена книшка и здравствени картони. Од надлежните беа пофалени Центрите за социјални работи од Скопје, Струмица и Кочани, дека се редовни во доставувањрто на здравствените картони. 3. Персонал и кадровска покриеност Во Заводот биле вработени 30 лица на неопределено време, а последните 18 месеци се вработени уште дополнителни 15 лица на определено време. Од страна на директорката на Заводот ни беше кажано дека 14 лица од ново вработените се вработени од страна на Министерството за труд и социјална политика, од кои 8 лица се болничари, а едно лица (наставник по музичко образование) од Министерството за образование и наука. Структурата на вработените е следна: 3 дефектолози 1 социолог 1 физиотерапеут, 1 општ лекар (ја води матичната евиденција на корисниците) 1 психолог 1 социјален работник 4 главни сестри 18 негувателки (9 негуватели и 9 негувателки)

3 кувари 1 хаус мајстор 1 возач и 10 лица вработени од страна на Министерството за образование. 4. Корисници, третман и грижа Во објектите/зградите има централно греење и топла вода која се затоплува со бојлери. Кога температурите паѓаат под 10 степени целзиусови, Заводот уклучува дополнително греење. Во новата зграда наместо плочки сега е поставен линолеум. Само тоалетите се поплочени. Во новата зграда имаат поставено и противпожарен алармен систем, кој бил поврзан со градот Струмица. Материјалните услови се добри во двете згради, при тоа земајќи го предвид фактот да и двете згради/објекти се скоро реновирани и добро уредени и снабдени со инвентар. Во истата зграда имаше две огромни простории кои корисниците ги користат за слободни активности, гледање телевизија, играње шах и слични работи. На смена во моментот имаше 4 негувателки. Во ходниците предвидени се клими, а во просторијата за слободни активности (занималната) веќе имаат поставено. Во објектот има три тоалета за женските лица и три за машките лица. Трпезаријата беше исто така огромна сала, во која во моментот не беше проветреана и имаше некоја чудна миризба. Во истата имаше 4 маси со по 4 столчиња. Ни беше кажано дека поголемиот број од корисниците јадат во своите апартмани. Во заводот има и перална каде на корисниците им се перат и сушат алиштата. На корисниците два пати неделно им се менува постелнината и два пати неделно се тушираат. Корисниците на услугите на заводот немаа никакви примедби во врска со исхраната, и беа задоволни од добиената исхрана. Најмногу добиваат толпи оброци и варена храна. Се избегнува зрнестата и пржената храна. Во моментот во Заводот има 12-13 корисници кои користат храна согласно различни диететски причини. Од овластените лица ни беше кажано дека се уште во Заводот не е воведен ХАСАП системот, но очекуваат дека од страна на Министерството ќе им биле дадени насоки како постапката за ХАСАП системот ќе завршела, иако се свесни дека до крајот на 2008 година секоја институција мора да го има ХАСАП системот. Што се однесува до контролата на храната која ја користат корисниците на услугите на Заводот ни беше кажано дека истата ја вршат на секои 15 дена надлежните од Републичкиот завод за здрвствена заштита, при што се прави и листата на јадење за следните 15 дена. За хигиената по соби и апартмани задолжени се хигиеничари, но корисниците на Заводот не беа задоволни од нивниот однос ниту пак од нивната работа/чистење. Еднаш месечно им се дели на корисниците на Заводот потребен материјал за одржување на личната хигиена како и за одржување на хигиената во самите простории каде корисниците живеаат. 4.1. Медицинскиот оддел Медицинскиот оддел обезбедува примарна заштита и рехабилитација како и целосна грижа и нега за здраствената состојба на секој поединец/корисник преку тераписки третмани кои се ординираат од страна на лекар физијатар, кој доаѓа еднаш неделно и ја прати здраствената состојба кај корисниците. Медицинскиот персонал се состои од сестри, дефектолог, сестри физиотерапевтки и болничари. Корисниците се опфатени со медицинска рехабилитација или поточно физикална терапија и тоа

40

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

со: електро терапија, кинези терапија, хидро терапија, мануелна и електро терапија, парафино терапија и терапија за играње. Исто така се набавуваат ортопедски помагала и корисниците се учат како да ги користат истите. Целта на овој вид рехабилитација е да се одржува: - нивната психофизичка состојба активна, - борба против декубитусите, против контрактурите, - да ги одржува нивните постоечки психомоторни активности и - се разбира ако се работи за помлади корисници да овозможи и стварање на нови покрети. Овој оддел им помага на корисниците да ја одржуваат психофизичката состојба, мотивација и желба да бидат активни. Терапијата која треба да ја добијат корисниците, истата ја примаат во Заводот. 4.2. Здравствена заштита 4.2.1. Систематски преглед Според надлежните од Заводот уште при првото примање на корисникот на услугата на Заводот се бара од Центарот за социјални работи здравствениот картон на секој корисник, во кој следува запишување за сите контроли и третмани кои би ги користеле истите. Што се однесува до снабдувањето со потребните лекови, ни беше кажано дека немаат посебни средства за снабдување со лекови, но се снаоѓаат преку користење на финансиски средства од други ставки. Заводот има ангажирано еден лекар – општ лекар, кој не е вработен во Заводот, но доаѓа два пати неделно. Итните случаи доколку такви се појавуваат, се носат во Струмица или Скопје, со Итна помош. 4.2.2. Инспекциски надзор Инспекциски надзор врз Заводот имаат извршено Републички завод за здравствена заштита, Министерството за труд и социјална политика како и од страна на Министерството за образование и наука. Овластените лица ни посочија дека годишно МТСП и МОН вршат четири пати инспекции и надзори, по што следувало и заклучоци од истите инспекции. Нам не ни беа дадени на увид, но не уверуваат дека има заклучоци од спроеведените инспекции.

сликање и копаничарство. Сите овие активности бараат одредена психомоторна координација, бараат прецизност, бараат способност, умеење и знаење. Од заводото наведуваат дека се многу горди кога гледаат како од нивните немоќни раце, раце со намалени или ограничени способности се создаваат вистински уметнички дела. Заводот има организирано и неколку изложби за нивните производи. Корисниците учествуваат и во саеми покажувајќи ги нивните производи. 4.3.1. Посети Посети од огранокот на женската организација – секој Велигден прават велигденски пикник. Тогаш во Заводот се носат велигденски јајца. Ова е веќе традиција која се прави секоја година по ред веќе 11 година. 4.3.2. Излети/екскурзии Корисниците на услугите на Заводот наведоа дека надвор од капијата ретко ги шетаат, а за прошетка до градот треба да се плати приватно такси. Секоја година користеле годишен одмор во Струга, оваа година користеле 10 дена, кои на крајот испадна дека биле само 7 дена, со работна ангажираност и слободни активности. 5. Проекти и донации Материјалите и алатите за работа во одделот за професионално оспособување се дадени како помош од неколку организации/фондации. Директорката наведе дека поголемиот дел од добиените донации и помош се добиени од страна на Сју Рајдер Фондацијата. 6. Потреби и активности кои треба да се превземат, а се истакнати од страна на управата на Заводот и од страна на самите корисници Корисниците на услугите на Заводот се жалеа дека

И Центрите за социјални работи имаат право да вршат надзор, но и надлежните на Заводот и самите корисници ни се пожалија дека не сите Центри ги имаат посетено и постои слаба соработка со повеќето од нив. 4.3. Активности и контакти на корисниците надвор од институцијата Во Заводот постои и одделот за професионално оспособување, кој оддел има за цел работно да ги окупира и ангажира корисниците. Покрај тоа што се окупирани преку овие активности корисниците вежбаат, прават најразлични движења кои ја подобруваат нивната психомоторска координација, а воедно и целокупната нивна психофизичка состојба. Овие активности се изведуваат во една релаксирана атмосфера, атмосфера на позитивна енергија. Тоа е место каде што се дружат, комуницираат, разменуваат свои ставови и мислења, се градат во личности кои ќе даваат и имаат позитивен однос кон себе и кон другите. Исто така се одржуваат и создаваат другарски односи, односи на заемно почитување, односи на толеранција, заемно помагање и сл. Овој оддел им помага на корисниците да ја одржуваат психофизичката состојба, мотивација и желба да бидат активни. Активностите кои работно ги окупираат и ангажираат корисниците се: изработка на икебани од суво и вештачко цвеќе, плетење, везење, шиење, правење теписерии,

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

41

АНАЛИЗИ порано земале парична помош за туѓа нега, но не можеа да прецизираат од кога не ја добиваат паричната помош. Помошта која ја добивале за туѓа нега била околу 3.500 денари. Во врска со оваа проблематика сектретарот на Заводот ни кажа дека постапката за туѓа нега е во мирување се додека корисниците ги користат услугите на Заводот. Неофицијално од страна на секретарот на Заводот добивме податок дека издатоците на секој Центар за секој поединечен корисник се околу 17.000 денари, со кои парични средства се покрива сместувањето, медицинската нега и хигиената на корисникот. На корисниците исто така сега им е укинат и џепарлакот, од 1000 -1500 денари, кој го добивале од страна на Центрите за социјални работи. Најмногу корисниците на Заводот се жалеа за добиените решенија за плаќање на партиципација, кои почнале да ги добиваат минатата година. Според нив партиципацијата предвидена за возрасните корисници на услугите на Заводот е превисока, пред се затоа што нивните приходи се толку лимитирани и минимални што не можат да си дозволат дополнителни трошоци, особено ако се земе фактот дека самите си обезбедуваат облека, хигиенски средства, телефон, интернет и слично. Исто така финансиите кои ги добиваат не можат да покријат ниту ретки прошетки надвор од Заводот кои тие приватно ги прават во недостиг на организирани прошетки. Според корисниците, потребно е да се плати дури и на некој од вработените доколку има потреба за помош надвор од кругот на заводот, затоа што тоа официјално не спаѓа во доменот на неговите обврски. Друг проблем со кој се соочуваат е приватното плаќање за поправките на количките по истекот на гаранцијата, пред се во услови кога сите едногласно се согласија дека новиот мајстор кој би требало да биде надлежен за тоа, ретко успева да ги поправи и тие се принудени да побараат друг мајстор надвор од заводот кој секако мора сами да го платат. Решенијата за партиципација се различни за секој

корисник поединечно, износот е различен за сите корисници. Некои се во висина од 1500 ден., а некои 3500 ден., но сите се превисоки за и онака ниските стандарди на корисниците. Корисниците исто така се жалеа на непрофесионалниот однос на директорката, како и на неорганизираниот и несоодветниот персонал кој е вработен во последните 18 месеци. Директорката на Заводот без било каква причина од јануари 2008 година им го исклучила фиксниот телефон со забрана за користење и истиот корисниците на услугите на Заводот не смеаат да го користат. Корисниците се оставени сами да се снаоѓаат за купување на облека и се жалат на неспособноста на ново вработениот мајстор за поправање на количките, за разлика од стариот кој сеуште го користат за приватни потреби. 7. Прелиминарни забелешки на Хелсиншкиот комитет 7.1. Постапување, третман и грижа со корисниците Хелсиншкиот комитет за човекови права наоѓа забелешки во постапувањето/односот на директорката кон корисниците на услугите на Заводот, како и на несоодветната стручност на ново вработените лица во Заводот. 7.2. Животни услови на корисниците Хелсиншкиот комитет за човекови права не наоѓа забелешки во врска со животните услови на корисниците и сметаме дека заводот е добро покриен со материјалните услови во станбените згради и нивното опремување. Хелсиншкиот комитет се надева дека за скоро време ќе заврши опремувањето на старо/новиот објект и ќе се растерети и администрацијата и самите корисници. 7.3. Препораки на Хелсиншкиот комитет 1. Пополнување на персоналот со стручен и адекватен кадар за медицинска и психосоцијална помош 2. За таа цел неопходно е вработување на поголем број социјални работници, психотерапевти за различен вид психотерапија и социотерапија и окупациска терапија 3. Подорување на соработката на дел од Центрите за социјални работи со Заводот 4. Што поскоро завршување на тендерот за набавка на елементи за ентериерот во старо новиот објект/зграда 5. Редовно и задолжително изнесување на корисниците на прошетки надвор од објектот 6. Ревизија на Правилникот за видот и обемот на услугите од социјална заштита и висината на учеството на трошоците на корисниците, а не да се чека донесување на новиот Закон за социјална заштита за да се преиспита овој Правилник. 7. Изготвување на критериуми за висина на партиципацијата чии што износ би се определувал во зависност од матерјалната состојба на семејството на корисникот. 8. Континуирана обука на персоналот за примена на нови методи (индивидуални и групни) за подобрување на психофизичката состојба на корисниците 9. Уредување на дворното место, кое во моментот на посетата беше во катастрофална состојба ----------------------------------------------------------------------------[1] Со делегацијата присуствуваше и волонтер на Хелсиншкиот комитет, Дарко Ѓоргиев

42

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Анализи на состојбата со затворените институции

ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОСЕТАТА НА ЈАВНАТА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА ‘СКОПЈЕ’ - СКОПЈЕ (БАРДОВЦИ)

5 декември, 2008 1. Основни податоци за ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје “ – Скопје 2. Организациска поставеност, капацитет и кадровски ресурси на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје “ – Скопје 2.1. Организациска поставеност 2.2. Капацитет 2.3. Персонал и кадровска организација 3. Услови за живот и хигиена 3.1. Материјални услови 3.2. Исхрана 3.3. Сместување 4. Пациенти, третман и грижа 4.1. Основни информации за начинот на сместување во болницата 4.1.2. Граѓанско сместување 4.1.3. Кривично сместување 4.1.4. Присилна хоспитализација 4.2. Здравствена заштита 4.2.1. Мерка фиксирање 4.3. Програмски содржини, активности и контакти на пациентите надвор од институцијата 4.4. Надзор 5. Финансирање 6. Листа на посебно детектирање проблеми и потреби 7. Препораки _____________________________________________ 1. Основни податоци за ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје “ – Скопје Претставници на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, Ана Стојковиќ, Сена Беговска и Тони Менкиноски на 30 октомври 2008 година, ја посетија Психијатриската болница “Скопје“-Скопје (Бардовци). Претставниците беа примени и најпрвo разговараа со Директорот на болницата и заменик Директорот. Потоа беа посетени сите одделенија и простории во болницата. Јавната здравствена установа Психијатриска болница - Скопје формирана е во 1954 година, а започнала да работи во 1955 година под името Болница за душевно болни.

Во 1997 година согласно Законот за здравствена заштита, Болницата добила статус на јавна здравствена организација под името Психијатриска болница - Скопје и е воведена нова организациска поставеност на одделенијата функционално поврзани во центри за ментално здравје. Целта на формирањето на Болницата е да ги згрижува, сместува, лекува и негува лицата со ментални нарушувања, како и да врши нивна рехабилитација, ресоцијализација и реинтеграција. Психијатриската болница во Скопје лоцирана е во селото Бардовци, оддалечена неколку километри од центарот на градот, на голема површина на која се наоѓаат повеќе објекти за сместување на лицата со ментални нарушувања. Оваа болница е од регионален карактер и ги опфаќа претежно централниот и северно - источниот дел на Македонија. Болницата е под надлежност на Министерството за здравство. 2. Организациска поставеност, капацитет и кадровски ресурси на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје “ – Скопје 2.1. Организациска поставеност Јавната здравствена установа Психијатриска болница - Скопје е организирана во 9 оддели во кои се сместени лица со нарушени ментални и душевни растројства, а во составот на одделенијата формирани се 6 дневни болници и еден стационар. Имено поделбата на оваа институција е следнава: 1. Оддел „Центар за прием, дијагностика и интензивно лекување“ во чиј состав влегуваат: одделение за заедничка здравствена дејност; одделение за третман на соматски состојби кај лица со ментално нарушување; и одделение за епидемиолошки – психијатриски истражувања со медицинска статистика . 2. Оддел „Центар за акутни и ургентни состојби во психијатријата“ во чиј состав влегуваат: одделение за акутни состојби во психијатрија; машко одделение за ургентна психијатрија; и женско одделение за ургентна психијатрија. 3. Оддел „Центар за продолжено лекување, рехабилитација и ресоцијализација“ во чиј состав влегуваат: одделение за продолжено лекување рехабилитација и ресоцијализација (А); одделение за продолжено лекување рехабилитација и ресоцијализација (Б); одделение за психијатриска рехабилитација и ресоцијализација (Хостел); и одделение за работна терапија, рехабилитација, ресо-

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

43

АНАЛИЗИ цијализација и економија со хортикултура. 4. Оддел „Центар за продолжено лекување и нега“ во чиј состав влегуваат: одделение за продолжено лекување и нега (А); и одделение за продолжено лекување и нега (Б) . 5. Оддел „Центар за судска психијатрија и судско психијатриски експертизи“ во чиј состав влегуваат: одделение за лекување на осудени лица со ментално нарушување; и одделение за судско психијатриски експертизи. 6. Оддел „Центар за психогеријатрија“ во чиј состав влегуваат: одделение за дементен синдром; одделение за ментално нарушување; и одделение – дневна болница за психогеријатрија. 7. Оддел „Центар за превенција и третман на злоупотреба и зависност од алкохол“ во чиј состав влегуваат: одделение за прием, дијагностика и третман на злоупотреба и зависност од алкохол; одделение – дневна болница за превентива и третман на злоупотреба и зависност од алкохол; одделение за специјалистичко и субспецијалистичко консултативна дејност. 8. Оддел „Центар за превенција и третман на злоупотреба и зависност од дроги и други психоактивни супстанци“, во чиј состав влегуваат: одделение за прием, дијагностика и интензивно лекување на злоупотреба и зависност од дроги и други психоактивни супстанци; одделение – дневна болница за превенција и третман на злоупотреба и зависност од дроги и други психоактивни супстанци; и одделение за специјалистичко, субспецијалистичко консултативна дејност. 9. Оддел „Центар за вонболничка заштита и унапредување на менталното здравје“, во чиј состав влегуваат: одделение за вонболничка заштита и унапредување на менталното здравје со специјалистичко и субспецијалистичко консултативна дејност и дневна болница – Влае; одделение за вонболничка заштита и унапредување на менталното здравје со специјалистичко и субспецијалистичко консултативна дејност и дневна болница – Центар ; и одделение за вонболничка заштита и унапредување на менталното здравје со специјалистичко и субспецијалистичко консултативна дејност и дневна болница – Пролет ; 2.2. Капацитет Психијатриска болница - Скопје располага со 1037 легла во целокупниот капацитет. Пациентите, согласно здравствената состојба се распоредени во дневните

44

болници и во главната болница. Овој број е од променлив карактер, според искажувањето на одговорните лица. 2.3. Персонал и кадровска организација Во болницата вкупниот персонал изнесува 408 вработени и тоа: 40 лекари специјалисти, 12 психолози, 12 социјални работници, 4 виши медицински сестри, 128 медицински сестри, 12 болничари, 31 болногледачи и другиот дел е технички персонал. Од страна на директорот и заменик директорот ни беше кажано дека болницата традиционално врши едукација на нововработените додека останатите вработени со цел нивно усовршување посетуваат разни обуки, семинари , конгреси и собири во земјата и во странство. Управата на болницата укажа на малиот број на доктори, при што не информираа дека 7-8 од нив моментално се на специјализација во странство, така што кога истите би се вратиле не би имале недостаток од доктори. Но имаат потреба од 30-40 медицински сестри и околу нови 20-тина хигиеничарки, бидејќи сегашниот кадар од тој профил не ги задоволува потребите. 3. Услови за живот и хигиена Заради согледување на условите во кои се сместени пациентите во Јавната здравствена установа Психијатриска болница - Скопје, беше извршена обиколка од страна на тимот на Хелсиншкиот комитет. 3.1. Материјални услови Материјалните услови се разликуваат од едно одделение до друго. Најлоши материјални услови и незадоволително ниво на хигиена постојат во одделенијата за геријатрија, како и во одделенијата за хронично болни, особено машките одделенија. Во објектите на болницата има централно греење и топла вода. Постојат и колектори за соларна енергија, но истите не функционираат. Во просториите за дневен престој поставени се и клима уреди. Општата оценка на состојбата во собите е доста релативна и е различна од оддел во оддел. Во некои соби и покрај нивната пространост, беше забележлива пренатрупаност, па така во една соба има од 6 до 8 кревети. Опремувањето на собите е на елементарно ниво, кревети и шкафчиња, но во одредени одделенија во собите нема ниту шкафчиња за лични предмети, а некои од креветите се стари.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Анализи на состојбата со затворените институции Собите располагаат со големи прозорци кои овозможуваат доволна осветленост, на дел од нив има и решетки. Постелнината иако стара, уредно беше наместена и во главно чиста. Во сите одделенија има просторија за дневен престој опремена со телевизор, како и трпезарии.

служи наредниот ден. Просториите каде се служи храна ги задоволуваа основните хигиенски потреби и одаваа впечаток на чистина. Од страна на надлежните, претставниците на Комитетот беа информирани дека при секој оброк на пациентите во салата е присутно и медицинско лице поради специфичноста на пациентите.

Во сите ходници видливо беа поставени кутии за жалби и поплаки, и исто така насекаде во одделенијата беа поставени табли на кои беше истакнат куќниот ред и листа на правата на пациентите.

Во однос на условите и опременоста на кујната управата потенцираше дека во тек е подготовка и создавање услови за воведување на Хасап системот.

Состојбата со тоалетите е задоволителна од аспект на нивното неодамнешно реновирање. Но со оглед да еден тоалет користат сите пациенти сместени во рамки на едно одделение како и имајќи во предвид дека капацитетот на искористеност во овој случај е огромен, истите бргу се оштетуваат. Неколку тоалети кои не беа реновирани, се во видно лоша состојба. Не беа забележани средства за одржување на лична хигиена (сапун, шампон, тоалетна хартија и.т.н), ниту во тоалетите, ниту во собите. Едно од објаснувањата на лекарите беше дека имајќи ја во вид категоријата на пациенти оставањето сапун е ризично за нивното здравје, но од директорот на болницата беше известено дека се планира поставување на пластични држачи за течен сапун. Она што остави длабок впечаток на делегацијата од Хелсиншкиот комитет е подготвеноста за дочек од страна на персоналот во Психијатриска болница – Скопје. Имено подовите во сите простории беа чисти, понекаде дури и се уште водени од миење и бришење. Но секако треба да се забележи и дека голем дел од просториите беа видно оштетени, речиси руинирани од влага и протечен покрив. Така во некои одделенија постои апсурдна ситуација, тоалетите се скоро реновирани, но поради протекување на кровот истите веднаш се оштетуваат. 3.2. Исхрана Што се однесува до храната, Директорот и заменик директорот не информираа дека храната е иста за сите, пациентите во основа биле задоволни, иако немавме можност да разговараме со нив, бидејќи во моментот на нашата посета, пациентите не беа во своите соби (освен оние кои спиеја или оние со најтешка ментална попреченост). Болницата сама подготвува и пече леб без адитиви за пациентите што од здравствени безбедносни причини се

3.3. Сместување Како недостаток на условите во болницата се забележува тоа што во судското одделение, нема оддел за жени, туку истите се сместени во женско затворено одделение. Со самото тоа пациентките од судското одделение се изложени на полоши и потешки услови од оние кои им следуваат како пациенти во судскиот оддел. Позитивна оцена и високи стандарди можеа да се забележат во однос на одделението за психијатриска рехабилитација, каде се сместени пациенти кои се подготвуваат за интеграција и враќање дома, наречен „Хостел“, во кој условите за престој се беспрекорни, хигиената е на високо ниво, инвентарот и кујната се нови, собата за дневен престој, тоалетите беа во одлична состојба. Пациентите се поттикнуваат сами да се грижат за себе со активности за самостојна грижа (подготвување оброк, сервирање и раскренување и сл.). Истото оддава впечаток на топлина и чувство на смиреност, слика многу поблиска до вистински дом отколку до болница. Ова одделение е изградено неодамна и ги задоволува стандардите утврдени со позитивните прописи. Но за жал во таканаречениот Хостел се сместени многу мал процент на пациенти. Капацитетот е максимум 13 легла и сите беа пополнети, а пациентите во овој оддел се задржуваат од 6 месеци до 1 година. 4. Пациенти, третман и грижа 4.1. Основни информации за начинот на сместување во болницата Законскиот основ согласно домашното и меѓународното право за сместување и лекување на душевно болни лица во Македонија претпочита разграничување на граѓанско-правниот и кривично-правниот аспект. Процедурата за граѓанско сместување е регулирана со Законот за вонпарнична постапка и Законот за здравствена заштита. Процедурата за кривично сместување е регулирана со Кривичниот законик и Законот за извршување на санкции.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

45

АНАЛИЗИ 4.1.2. Граѓанско сместување Процедурата за граѓанско сместување е уредена со одредбите од глава 2 – Задржување во јавна здравствена установа за лекување на душевни болести содржана во Законот за вонпарнична постапка. Согласно член 58 на овој Закон, судот одлучува кога душевно болното лице треба да биде ограничено во слободата на движењето или контактирањето со надворешниот свет, при што постапката е итна. Кога здравствена организација ќе прими душевно болно лице без негова согласност или без одлука на судот, како и во случај здравствената установа да прими лице со согласност потврдена со негова писмена изјава пред овластено лице и пред двајца писмени полнолетни сведоци кои не се вработени во установата, овластеното лице е должно во рок од 48 часа да поднесе пријава до судот. Пријавата содржи податоци за тоа кој го довел лицето во јавната здравствена установа, за природата и степенот на болеста и докази врз основа на кои установата заклучила за здравствената состојба на задржаното лице (член 60). По добивање на пријавата, судот е должен да нареди преглед на задржаното лице (член 64), да ги испита сите околности од значење за донесувањето на решение и да го сослуша лицето над кое се врши преглед (член 65), и во рок од 3 (три) дена да донесе одлука дали лицето ќе биде задржано во јавната здравствена установа или ќе биде отпуштено, за што треба да го извести Центарот за социјална работа (член 66). Со одлуката на судот, истовремено се определува и времетраењето на задржувањето кое не може да биде подолго од 1 (една) година (член 67), додека, доколку според оценката на здравствената организација треба да остане подолго од 1 година, потребно е во рок од 30 дена пред истекот да се побара од судот продолжување на хоспитализацијата (член 68). Во оваа ситуација, судот повторно определува преглед и сослушување на лицето, и по добиениот наод и мислење го продолжува периодот на лекување (член 69). 4.1.3. Кривично сместување Во однос на кривично-правниот аспект за лекување на лицата со ментално растројство, член 61 од Законот за вонпарнична постапка определува дека пријава не се поднесува ако лицето е задржано во јавната здравствена установа врз основа на решение донесено во постапка за лишување од деловна способност или во кривична постапка. Со одредбите од Кривичниот законик се уредува непресметливоста и битно намалена пресметливост на

сторител на кривично дело кој поради состојбата во која се наоѓал во времето на сторувањето на делото, по спроведената постапка може да биде упатен на извршување на мерката на безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа. Постапката за примена на мерката нормативно е уредена со одредбите од членовите 525-531 на Законот за кривична постапка, додека пак со Законот за извршување санкции во членовите 240-247 е пропишано извршувањето на оваа мерка на безбедност. По сместувањето, за текот и резултатот на третманот здравствената установа најмалку еднаш годишно е должна да го известува судот кој ја изрекол мерката на безбедност. Ако установата заклучи дека нема понатамошна потреба за таква мерка, треба да му предложи на судот пациентот да биде ослободен или пренесен во затвор за да го издржи остатокот од казната. 4.1.4. Присилна хоспитализација Во врска со проблемот на присилна хоспитализација, надлежните не информираа дека истиот е надминат, односно пациентите повеќе не се носат во болницата со придружба на полициски службеници, туку со возило на брза помош, при што на самиот почеток се разговара со лицето кое може да даде своја согласност за задржување, во спротивно се пополнува пријавата која се доставува до надлежниот суд. Се пожалија на големото доцнење во одлучувањето од страна на судот, кој без оглед на неговата законска обврска за итно постапување и донесување одлука во рок од три дена, понекогаш својата одлука ја носи и по 3 до 4 месеци од денот на поднесување на пријавата. Во таков случај, доколку лицето е во лоша здравствена состојба, сепак се хоспитализира и без судско решение, бидејќи одговорните не сакаат да преземат одговорност за последиците кои би можеле да настанат како резултат на негово отпуштање. Понекогаш се случувало пациентот да биде задржан, да се излечи и отпушти уште пред судот да донесе одлука по пријавата. 4.2. Здравствена заштита Активен ТБЦ не е евидентиран веќе 2-3 години. Смртните случаи се исклучиво последица на природни околности. Но доколку се појави ТБЦ болницата е опремена со посебна соба за изолација на пациентот. Редовно еднаш годишно на сите пациенти и вработените им се врши флуорографско снимање. Болницата располага со интерно одделение каде лекар интернист ги третира пациентите кои имаат потреба. Стоматолошка амбуланта исто така се наоѓа во склоп на болницата. 4.2.1. Мерка фиксирање Во врска со мерката за фиксирање, управата на болницата ги извести претставниците на Комитетот дека истата се применува само во исклучителни ситуации и само онолку време колку што е потребно (10-15 минути или час (час и половина), додека почне да делува терапијата за смирување, со медицински дозволени кожни ремени, за што се изготвува комплетна документација во која се внесува и времетраењето на фиксирањето. Оваа мерка особено се применува во ноќните часови кога се случува да се врши прием на нови пациенти, а бидејќи дежурале само 2 (два) техничари колку што им дозволува капацитетот, што го сметаат како пропуст, и тоа само за одредени пациенти со потешко ментално растројство кај кои постојат знаци на самоповредување или повредување други. За време на посетата, претставниците од Хелсиншкиот Комитет не сретнаа ниту едно лице фиксирано за креветот. За разлика од оваа мерка, согласно податоците од лекарите, шок-терапијата за последен пат била применета во 2002 година. 4.3. Програмски содржини, активности и контакти на пациентите надвор од институцијата Според информациите добиени од управата во болницата се применуваат окупациони терапии, групни и индивидуални психотерапии, социо-терапии, додека во

46

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Анализи на состојбата со затворените институции хостелот има и андропедагог.

преставниците на Хелсиншкиот комитет е следнава:

Она што особено изненадува, е податокот добиен од одговорните, дека денот на пациентите е потполно организиран со најразлични активности и работни и други креативни терапии. Болницата има посебно Одделение за окупациона терапија во кое беа изложени најразлични фигури, цртежи, поезии и сл. изготвени од самите пациенти, како и спортска сала опремена со најразлични справи, како и отворен фудбалски терен.

· Задржување на лица без соодветна судска одлука за таа цел, за што одговорноста е поделена меѓу судот и здравствената установа, но секако тоа е на штета на пациентите на кои надвор од законска процедура им се ограничува правото на движење и слобода ; · На некои одделенија неопходна им е санација во однос на бојадисување, замена на опремата и инвентарот и пред се уредување на тоалетите со промена на санитарните елементи; · Лошите материјални услови на некои од објектите, особено одделение за геријатрија; · Пренатрупаност на собите; · Недоволен број на медицински сестри; · Малиот број на хигиеничари. · Управата ја истакна потребата од постоење на посебна кантина во кругот на болницата каде пациентите ќе можат да поминуваат дел од времето како и да примаат посети од блиските.

Согласно информациите на медицинскиот персонал секое утро на пациентите им се мери пулс, температура и се обавува разговор во врска со дневната терапија, иако за жал не ја затекнавме ваквата практика. На претставниците на Комитетот им беше приложена посебна програма за дневни активности во одделението за третман на зависници од алкохол, во која составен дел беа и секојдневните попладневни едукативни разговори и предавања од областа на алкохолот. Во состав на болницата функционираат таканаречени клубови за лечење од алкохолизам. Истите се наоѓаат во градот каде во попладневните часови се организира групна психотерапија. Од страна на стручниот тим кој работи во одделот Хостел, претставниците на Комитетот беа известени дека дел од пациентите кои се отпуштаат во добра состојба од болницата а имаат свој имот на располагање се здружуваат со други пациенти и понатаму живеат заедно. Овие лица, иако отпуштени од болницата имаат повремен надзор од вработените во истата. Вработените ја истакнаа потребата за создавање на услови за таканаречената патронажа да биде поактивна. Екскурзии за пациентите редовно се организираат, а посетите се дозволени речиси во секое време. Пациенти од одредени одделенија сами излегуваат во и надвор од кругот на болницата по потреба, додека оние пациенти кои не можат сами, излегуваат придружувани од медицински персонал. Исто така, има телефони на кои нивните семејства можат да комуницираат со нив. Повремено се организираат излегувања и прошетки во градот секое одделение засебно со раководителот на истото, но од управата истакнуваат дека имаат потреба од почести организирани излегувања со пациентите како би им се збогатил нивниот престој во болницата.

7. Препораки Тргнувајќи од целта за унапредување на состојбите во психијатриските институции во Република Македонија, потребно е да се применат следните препораки: · Целосна примена на одредбите на Законот за вонпарнична постапка за задржување на лица на лекување во специјализирана здравствена институција, особено на одредбите за присилната хоспитализација. · Донесување посебна програма за санација и реконструкција на објектите и просториите во кои престојуваат и се лекуваат пациентите. · Преземање дополнителни активности за стимулирање на контактите на пациентите со семејствата преку соработка со центрите за социјална работа. · Постојан надзор над овие установи од страна на надлежните органи, како и надзор од страна на граѓанските организации, со цел за подобрување на нивната работа низ призмата на конструктивната критика. Хелсиншкиот комитет се заблагодарува на љубезниот прием и одвоеното време од страна на директорот и заменик директорот како и нивната отвореност за прашањата од интерес на болницата поради што се надеваме дека со заеднички напори ќе допринесеме за подобрување на условите и подигнување на стандардите за живот во ЈЗУ Психијатриска болница Скопје.

4.4. Надзор Во болницата се врши редовен инспекциски надзор и тоа 2 (два) пати годишно од страна на трудовата инспекција и 2 (два) пати годишно од страна на санитарна инспекција за проверка на храна, чистина на работни простории и слично. 5. Финансирање Главниот извор за финансирање на болницата е Министерството за здравство и Фондот за здравство додека помалку од странски донации. Според нивните податоци, во моментот немаат странски донации. Облеката за пациентите се донира од Црвен Крст, Ел Хилал како и други хуманитарни организации. Меѓу другото, управата и медицинскиот персонал изразија жалење во однос на финансирањето, во делот кој се однесува на патронажната служба која ја плаќаат од сопствени приходи, а која ги посетува пациентите дома по отпуштање од болницата, со цел земање редовна терапија. 6. Листа на посебно детектирани проблеми и потреби Генерална констатација во однос на оваа здравствена институција е дека стручниот персонал ги извршува обврските во однос на третманот и лекувањето на пациентите, иако со ограничени финансиски средства. Листата на посебно детектирани проблеми и потреби од страна на

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

47

АНАЛИЗИ

ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОСЕТАТА НА ЗАТВОРОТ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО ОХРИД не била постигната. За време на посетата во Затворот се наоѓаа 20 лица, 9 беа на работа, еден не беше вратен од отсуство т.е. се наоѓаше во бегство, а во затворот беше примено и едно ново лице. Во 2000 год. била извршена поголема реконструкција на малолетничкиот затвор особено на притворот, а во рамките на истиот постојано се вршат помали реновирања, особено на санитарните чворови. Во моментот на посетата директорот на затворот не извести дека се реновира магацинскиот простор кој во иднина ќе биде сала за спортски активности односно теретана каде малолетните лица ќе можат да го поминуваат своето слободно време. Воедно бевме известени дека перланата која била стара, ја замениле со нова машина при што било купено и сушара. Во затворот се вработени повеќе лица и тоа директор, заменик директор, две воспитувачки по професија психолози, служба за обезбедување која брои 22 лица, со тоа што ни беше кажано во смена има по 5 надзорника. 22 декември, 2008 1. Основни информации 1.1. Категории на лица 1.1.1. Распределба на категории на лица 1.2. Материјални услови 1.3. Исхрана 1.4. Медицинска грижа 1.5. Работа во затворот 1.6. Дисциплина, казнување и изолација 1.7. Употреба на сила и оружје 1.8. Контакт со надворешен свет 1.9. Слободни активности 1.10. Инспекција 2. Листа на посебно детектирани проблеми 3. Препораки -------------------------------1. Основни информации Претставници на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија Кети Јандријеска Јованова, Вјолца Мора Бајрами и Павлина Зефиќ извршија посета на Малолетничкиот затвор во Охрид на ден 06 Ноември 2008 год. Посетата се одвиваше повеќе од 4 часа, а претставниците разговараа со Директорот на затворската установа Мирче Ристевски, заменик директорот Аџибајрам Ризвани и двете воспитувачки во затворот. Затворската установа која е установа од затворен карактер се наоѓа во самиот град, а од соседните куќи е поделена само со еден висок зид. Објектот датира од 1959/1960 год. кога бил дел од полициската станица, за во 1962/1963 год. да биде одвоен како посебна затворска установа, во чиј што склоп се наоѓа и истражен дел за притворени лица од Охрид, Струга и Дебар. Во затворот се поставени и камери со кои се мониторираат само јавните површини на затворот. Во секој случај што се однесува до заштитата на приватноста на малолетните лица истата не е запазена, при што од околните куќи може да се види начинот на живеење на самите малолетници, односно нивното престројување, нивното одење во кујната, нивното искористување на слободното време и слично. Буквално се е на видик на станарите од околните куќи. Во моментот на посетата во малолетничкиот затвор се наоѓаат 30 малолетни лица кои издржуваат казна затвор и 7 лица кои се наоѓаат во притвор. Капацитетот на затворот е до 50 лица меѓутоа оваа бројка никогаш

48

Во превоспитната служба се вработени САМО 2 лица додека администрацијата брои 5 лица, а 3 лица работат во финансискиот оддел. Нелогичноста е во тоа што превоспитната служба, која игра голема улога во ресоцијализацијата на лицата е составена од 2 лица, а админстрацијата брои дури 5 вработени. На затворот му недостасува социјален работник кој до сега го немале, а на прашање дали побарале вработување на лице со професија социјален работик директорот мудро го одбегнуваше одговорот и не извести дека таа позиција е предвидена со систематизацијата. За 2009 год им биле одобрени 4 работни места, па Хелсиншкиот Комитет се надева дека меѓу овие лица ќе биде вработен и социјален работник. 1.1. Категории на лица Во затворот се сместуваат лица кои издржуваат казна затвор, а делото го сториле кога биле малолетници. Сите лица се наоѓаат за прв пат тука. Најчесто казните варираат во поглед на времетраењето и тие се од 1-10 год, но едно лице во моментот, издржуваше казна затвор од 6 месеци. Максимумот кој најчесто им се дава како казна на лицата е 8 год. па таква казна издржуваат 4 лица, а 7 год. казна им е дадена на 4 лица. Кривичните дела за кои малолетните лица се на издржување на казна затвор се различни, меѓу кои се и следните кривични дела убиство, разбојништво, кражба, тешка кражба и слични други дела. Фактот дека дури 10 лица се осудени за кривично дело Убиство, дава до знаење дека државата треба да преземе реални и соодветни мерки за поефикасна ресоцијализација на лицата кои веќе претходно поминале низ воспитните програми во Воспитно поправниот дом – Тетово. Во моментот на посетата на издржување на казна затвор за кражба и разбојништва беа 17 лица, за полов напад 2 лица, за задоволување на полови страсти 1 лице и за убиства 10 лица. Возраста на лицата се движи од 17-23 год. а доколку лицата навршат 23 год. тие не се преместуваат во друга установа. Лицата се со различна националност и тоа Албанци 7 лица, Македонци 8, Роми 13 и Турци 2 лица. 1.1.1. Распределба на категории на лица Откако малолетното лице ќе пристигне во малолетничкиот затвор врз истиот се врши опсервација и се утврдува какво е неговото поведение, па откако ќе се донесе заклучок за каква личност станува збор лицето се распределува во една од спалните. Воспитувачките зборуваа за поделба на лицата на добри и лоши, при што

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Анализи на состојбата со затворените институции добрите се распределуваат во 3 спални кои имаат многу добри услови и се скоро реновирани, додека пак лошите се распределуваат во останати 3 спални кои ги немаат сите услови кои им се на располагање на лицата во добриот дел. При одлучувањето кое лице во кој дел ќе биде сместен се земаат предвид кривичното дело за кое е осудено лицето, како и висината на казната која ја досудил надлежниот основен суд. Периодот за адаптација е индивидуален за секое лице поединечно. Секторот за прием е посебно одделение (приемно одделение) во кое се прима малолетното лице од страна на психолог и лекар, а периодот за опсервација во грото од случаите изнесува 15 дена, меѓутоа истиот може да варира. Секторот за прием е составен од психологот, воспитачот како и лекарот, кој го прегледува доведеното лице веднаш при приемот. Доколку малолетното лице биде примено во сабота или недела, тогаш првичниот преглед го врши лекарот во текот на првиот нареден работен ден. На лицата примени во секторот за прием не им се вршат тестови за хепатит Б или Ц, ниту пак било какви други тестови, освен доколку немаат претходно сомнение дека лицето кое е примено спаѓа во групата на ризични лица. Оваа пракса на задолжително тестирање само на ризичните лица е воведена од страна на затворот во текот на 2006 година. Во овој сектор веќе неколку години наназад нема социјален работник. Од страна на Црвен крст дадени се донации за 20 - тина тестирања за Хепатит Ц. Во тестирањето би биле вклучени лица од ризичната група, кои претходно не биле тестирани. Работно ангажираните лица на секои 6 месеци се подложни на санитарни инспекции при што секоја извршена инспекција им се запишува во санитарните книшки. 1.2. Материјални услови Во затворот има 6 спални во кои се наоѓаат малолетните лица кои се одвоени од притворското одделение. Во притворското одделение се наоѓаат 6 простории за притвор и 6 самици. Во затворот има посебна соба која служи како приемно одделение. 1.2.1. Материјални услови во затворот Спалните соби во кои се сместени лицата се со најразлична големина и во истите се наоѓаат од 3-5 кревети, а во една од спалните имаше 7-8 кревети, што е над законски дозволениот број[2]. Претставниците прво ги посетија собите за добрите лица во кои условите беа задоволителни, односно секоја

соба имаше свој телевизор, ДВД, кабловска телевизија, шкафчиња, природна светлина, природна вентилација, радијатори за затоплување, креветите беа уредно наместени со чиста постелнина. Креветите се класични и одвоени 30 см од подот. Останатите 3 спални кои се наменети за “лошите“ лица се разликуваа од другите 3 спални, меѓутоа и во нив условите беа на задоволително ниво. Вратите од собите беа со решетки што не беше случај во другите соби. Во една од собите се уште не беше поставен телевизор, но не известија дека тоа набрзо ќе биде решено. Собите беа со поголема квадратура од првите три и во нив имаше и повеќе легла. Во една од собите лицата имаат поставено теписон кој им бил даден од канцеларијата на воспитувачките. За секој кревет имаше нови душеци. Во 4 соби над креветите беа изложени верски слики и симболи, поставени од страна на самите лица, но персоналот не извести дека досега никој не се пожалил за тоа, па според нив тоа не претставува проблем. Во спалните за добрите лица беа напишани имињата на лицата кои се наоѓаат во собите, па претставниците констатираа дека во домот се наоѓаат 3 лица кои издржуваат казна која не ја сториле како малолетници и не ја издржуваат истата како малолетници, туку како полнолетни сторители на кривични дела. Од страна на вработените добивме известување дека со наредба од страна на Министерството за правда кај нив се сместени 3 полнолетни лица. Се работи за лица кои и во времето на сторувањето на кривичното дело било полнолетни. После неколку дена од извршената посета на затворот, од страна на Директорот на затвор Охрид бевме известени дека полнолетните лица се префрлени во затвор Струга. Сепак останува фактот дека на денот на посетата беше утврдено дека во него се сместени полнолетни сторители на кривични дела и доколку за истото не беше реагирано од страна на Хелсиншкиот комитет, прашање е дали тие лица ќе беа префрлени или ќе останеа во затворот Охрид. Тоалетот се состоеше од 3 чешми, 2 wc шољи, 2 писоари, 1 туш со 1 бојер кој имаше топла вода. Хигиената исто така беше на задоволително ниво. Ќелиите, односно собите се добри изолирани за да не се слуша врева, а дисциплината е регулирана со дневниот ред кој е јавно истакнат и кој се почитува од нивна страна. На малолетните лица постојано им се купува долна облека, алишта, патики, чорапи, и им се даваат хигиенски пакети, постелнината постојано им се пере и за таа намена

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

49

АНАЛИЗИ била купена и нова машина за перење Samsung како и сушара. На секои 2 недели се прави листа со лица кои се на ред да си ја перат облеката во пералната во која работат двајца оо нив. Секое малолетно лице при прием добива пакет за лична хигиена. Ист таков пакет лицата добиваат секоја втора недела. Просторијата за слободни активности располага со пет компјутера од кои еден е во употреба, има маса за пинг понг, која наскоро ќе се замени со нова, игри како табла и неколку маси со столчиња. Во истата јавно е истакнат дневниот ред како и распоредот со имињата на лицата кои имаат за задача да ја одржуват хигиената во затворот, распоред во кој лицата ротираат на една седница. 1.2.2. Материјални услови во притворот Условите во притворското одделение беа катастрофални, на подот се наоѓаа огромни дупки, целиот простор мирисаше на влага, притворените лица немаат природна светлина, а светлината во ќелиите доаѓаше единствено од сијалиците кои се наоѓаат во коридорот на притворското одделение, од кои дел не беа во употреба. Претставниците посетија една соба за притворените лица во која се наоѓаа 3 кревети и санитарен чвор во многу лоша состојба, во ќелијата еден од креветите беше наместен, а во истата се наоѓаше и шампон, по што претставниците добија впечаток дека некој престојува во таа просторија, иако вработените го тврдеа спротивното. Притворениците се изнесуваат надвор од своите ќелии само еден час во текот на 24 часовниот ден, што значи дека притвореницте се 23 часа внатре во самица, а само еден час надвор на слободни активности, т.е. шетање во кругот на затворот. Шетањето на притворениците се спроведувало по редослед по еден час притворениците од една ќелија, па после следната ќелија и така по ред, додека не се затвори кругот на изнесување на притворениците на шетање во кругот определен за истото. Самиците како што персоналот ги нарекува просториите во кои лицата се упатуваат поради лошото поведение беа во најлоши услови. Во нив се наоѓаше единствено еден кревет со душек кој беше во состојба на распаѓање, без светлина, без тоалет. Доколку затвореницте имаат физиолошка потреба тие треба да ги повикаат надзорниците за да бидат одведени до тоалет.

Самиците мора под итно да се реновираат. Внатрешните тоалети за притворениците беа во добра состојба, скоро реновирани, со нови плочки, три туша и 2 чешми, меѓутоа тоалетот кој се наоѓаше надвор од просториите за притворениците беше веќе во лоша состојба, тоалетните школки беа рѓосани. Во тоалетот се наоѓаше мал бојлер во кој постојано има топла вода, за да можат притворените да ги задоволат основните потреби како миење лице, бричење и сл. Малолетните лица и притворените лица се бањаат еднаш неделно, но во летните периоди тоа се прави по потреба особено за оние лица кои биле работно ангажирани, кои наводно се туширале секој ден. Директорот на затворот ни укажа дека наскоро притворското одделение ќе биде реновирано со средства предвидени со ребалансот на буџетот и истиот дел ќе биде готов до 20 Декември, а за него се одвоени 40.000.00 евра. Со реновирањата на притворското одделение предвидени се измени и во поглед на природното осветлување. Кујната каде што се приготвува храната за малолетните лица и притворениците беше уредна, чиста, а готвачката ни укажа дека на секои 6 месеци се врши дезинфекција на кујната и местата каде што се чува храната. Последната дезинфекција и дератизација е извршена на 10.08.2008 година. Лицата кои помагаат во кујната и лицата кои работат во кујната имаат свои санитарни книшки и постојано се проверуваат од страна на инспекторатите. Инаку, за потребите на кујната на затворот затворот има вработено една готвачка, на која и помагаат двајца од малелтните лица. Во просторијата во која се служат оброците се наоѓаат 5 маси со дрвени клупи, добро сочувани, но во истата немаше грееење. Трпезаријата како просторија сама по себе беше прилично ладна, па на наше прашање како се снаоѓаат во текот на зимата и дали им се пушта греење во текот на јадењето во зима, прашањето беше суптилно избегнато и не добивме одговор освен кренати раменици. Ова не доведува до знаење дека во такви услови на ниски температури во текот на зимските месеци малолетните лица се приморани да јадат на ладна просторија. Занималната претставува просторија каде малолетните лица ги одржуваат слободните активности како играње на пинг – понг, шах и употреба на двата компјутери. Занималната е голема просторија со 4 мали прозорци со димензии од 0.5 x 0.5, со 4 маси со неколку столици, а на одредени места со оштетен паркет. При влезот во занималната се почувствува лоша миризба и на истата и е потребно почесто проветрување. Истата просторија занималната ни беше кажано дека затворот ја користи за одржување на настава за основно образование. Дворот кој го користат малолетните лица е голем. Во едно негово ќоше беше поставен импровизирачки гулабарник, каде лицата ги чуваат гулабите. Во дворот беа поставени два магацини, од кои едниот ќе биде пренаменет во теретана. 1.3. Исхрана Во последниве две години храната била збогатена како во квалитет така и во квантитет, а на малолетните лица им се достапни 3 оброка дневно, 1 менада и ужина. Листата на јадење се подготвува од страна на готвачката вработена во кујната, а таа се одобрува од страна на директорот. Најчесто на менито се наоѓа пилешкото месо, а се одбегнува употреба на свинското месо поради различната вероисповед на малолетните лица. На малолетните лица кои имаат определени здравствени проблеми, со претходна согласност на лекарот, им се дава посебна храна. Во моментот на посетата на затворот ни укажаа дека немаат заразени од СИДА, но едно малолетно лице и едно притворено лице се заразени од хепатит Ц, па поради тоа храната им се служи во пластични садови кои по употребата се фрлаат, се со цел да не биде заразено уште некое малолетно лице или притвореник. Во секој случај за заразените лица бевме известени дека е под-

50

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Анализи на состојбата со затворените институции несено барање за нивно префрлување во друг затвор од безбедносни причини. 1.4. Медицинска грижа За здравствените потреби на малолетните лица ангажиран е еден лекар по професија невропсихијатар кој доаѓа во затворот 2 пати неделно, а по потреба и почесто. Доколку е нешто итно тогаш се повикува брза помош и лицето се упатува во ургентниот центар, а медицинските трошоци се на товар на затворот. Лекарот врши проверка на малолетните лица, а лабораториските анализи се вршат надвор од затворот. Затворот е во исчекување на 20 тестирања за хепатитц Ц само за ризичните лица, но доколку добијат поголем број, тестирањето ќе се изврши на сите лица. Малолетните лица не се вакцинирани бидејќи според тврдењата на директорот вакцините се многу скапи и не можат да си ги дозволат. Ниту вработените кои секојдневно се изложени на голем ризик, не се вакцинирани за заштита од болести. Бидејќи хомосексуалноста е присутна во затворот воспитувачките држеле едукативни предавања, а на малолетните лица им биле поделени брошури од Црвениот крст за сексуално преносливи болест, ХИВ, хепатит Б и Ц, меѓутоа според тврдењата на персоналот малолетните лица не пројавиле интерес за истите, а мал дел од нив ги прочитале брошурите. Стоматолошки преглед им бил извршен пред 2 години, а малолетните лица посетуваат заболекар само по потреба. Презервативи не им се делат, но доколку тие сакаат да се заштитат можат сами да си купат од свои средства. 1.5. Работа во затворот Дел од малолетните лица се работно ангажирани на најразлини места. Во моментот на посетата 8-10 лица го извршуваа својот работен ангажман, надвор од кругот на затворот. За работниот ангажман лицата соодветно се плаќаат, а платата е во зависност од работната позиција на лицата и износот варира од 500-1200 денари месечно. Платата на малолетните лица се чува кај референтот од каде што тие можат да си подигнат средства зависно од нивната потреба. Работата има голема улога во однос на раното ослободување на затвореникот.

За време на посетата воочивме дека надзорниците не носат со себе оружје, меѓутоа неколку од надзорниците ја носеа својата футрола за оружје, поради што претставниците изразија сомневање дека оружјето било тргнато само за време на посетата. 1.8. Контакт со надворешен свет Малолетните лица имаат право на посети кои се вршат во бифето на затворот, а времетраењето на посетите е од 1-2 часа. Посетите не се дозволени доколку малолетните лица се наоѓаат во самица, а можат да бидат одбиени од страна на директорот доколку постојат разумни причини за тоа. На малолетните лица им се дозволени телефонски повици два пати неделно, повиците се вршат од телефонската говорница, а малолетните лица од свои средства си купуваат телефонски картички. Надзорнците вршат контрола на бројот кој се повикува од малолетните лица. Малолетните лица лица можат да праќаат како и да добиваат писмена по пошта, но поштата, како онаа што се прима така и онаа што се испраќа се контролира од страна на директорот. За притворените лица целокупната кореспонденција со надворешниот свет оди пред надлежниот основен суд, т.е. истражниот судија или судечкиот судија. 1.9. Слободни активности Чести активности кои се одржуваат во рамките на затворот се спортските активности: фудбалот, кошарката, пинг-понгот, а во рамките на затворот се наоѓа и библиотека која ретко се користи од малолетните лица бидејќи голем дел од нив се неписмени. Во рамките на затворот се одвива настава за малолетниците, а наставата ја вршат наставници од Работничкиот Универзитет во Охрид. Настава посетуваат само 5 лица, 3 го продолжиле своето средно образование во матичните училишта и истите посетуваат вонредна настава, а едно лице завршило средно образование. 1.10. Инспекција Инспекцијата најчесто се врши од страна на Управата за извршување на санкции при Министерството за Правда.

1.6. Дисциплина, казнување и изолација Во моментот на посетата мора да се спомне дека малолетните лица беа видливо исплашени и не изразија спремност да поразговараат насамо со делегацијата. Доколку поведението на малолетните лица не е задоволително, односно тие извршат бегство или некој друг престап тие се казнуваат со праќање во самица, а периодот не може да биде подолг од 10 дена. За да се испрати едно лице во самица мора да се запази предвидената постапка, односно да се даде предлог за оваа мерка, изјави од сведоци и на крај да се добие согласност од директорот. Извештаи за поведението на малолетните лица редовно се испраќаат до Судот, Центрите за социјални работи, но директорот дава и предлози за условен отпуст доколку некое лице има добро поведение. Од страна на Директорот бевме изестени дека често се случува судот да го одбие предлогот на затворот за условен отпуст со образложение дека целта на превоспитувањето не е исполената иако судот директно не учествува во превоспитниот процес. 1.7. Употреба на сила и оружје Директорот на затворската установа не извести дека во оваа установа не постојат докази за употреба на сила и дека сила била употребена само во еден случај, каде што и тој бил сведок, кога притвореник нападнал надзорник. Досега биле суспендирани две вработени лица и тоа воспитувач поради поттикнување на малолетно лице на бегство и еден надзорник кој недозволено внесувал мобилни телефони за потребите на малолетните лица како и поради несоодветникот однос со малолетните лица.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

51

АНАЛИЗИ Нивна посета била извршена во текот на 2007 год. како и пред една седница, меѓутоа извештајот со препораките се уште не им бил доставен. По извршената последна посета од страна на Управата за извршување на санкции на затворот им биле дадени забелешки кои главно се однесуваат на подобро и ажурно водење на евиднецијата, ажурно пополнување на здравствените картони и слични забелешки, со децидна препорака дека рокот за нивно остранување е веднаш. Посети се вршени од страна и на Народниот правобранител од Кичево, кој врши посети еднаш месечно, ОБСЕ, чии претставници посетата ја извршиле пред скоро време и други невладини организации. Ретки се посетите од страна на судиите и Центрите за социјална работа, а во последните неколку месеци посета единствено била извршена од Судиката Василка Б. од Основниот суд Скопје I Скопје. 2. Листа на посебно детектирани проблеми - Превоспитната служба, која игра голема улога во ресоцијализацијата на затворениците, е составена од само 2 лица - Сместување на полнолетни лица, кои и во времето на сторувањето на кривичното дело било полнолетни во затвор за малолетници е во спротивност на законот и сите меѓународни документи[3] - Лоши услови во притворот: на подот се наоѓаа огромни дупки, целиот простор мирисаше на влага, притворените лица немаат природна светлина, а светлината во ќелиите доаѓаше единствено од сијалиците кои се наоѓаат во коридорот на притвирениот дел, од кои дел не беа во употреба - Лошата состојба на самиците - Во трпезаријата во која се служат оброците нема греење - И покрај постоењето на затвореници болни од хепатит Ц, останатите затвореници и вработените не се вакцинирани - Немањето на редовни, а камоли вонредни стоматолошки прегледи. Последените стоматолошки прегледи им биле извршени пред 2 год. а лицата посетуваат заболекар само по потреба - Ретки посети од страна на судиите и Центрите за социјална работа - Повреда на правото на приватност, затворот се наоѓа во самиот град, а од соседните куќи е одделен само со еден висок зид. 3. Препораки - Итно вработување на социјален работник

52

- Итна реконструкција на самиците и ќелиите во притворот - Редовни и задолжителни посети од страна на судиите и Центрите за социјална работа - Вакцинација на сите лица кои издржуваат казна во затворот и вработени, редовни целосни систематски и стоматолошки прегледи - Загревање на трпезаријата во која се служат оброците - Дислокација на затворот - Преземање на реални и соодветни мерки за поефикасна ресоцијализација на лицата кои веќе претходно поминале низ воспитните програми во Воспитно поправниот дом – Тетово. - Почитување на сите одредби од Законот за извршување на санкции, без селективен пристап - Поголема соработка од страна на судовите во однос на поднесените предлози за условен отпуст, тие треба да имаат повеќе верба во објективноста на одлуките на затворската управа која веќе со образложени причини поднесува предлози за условен отпуст ---------------------------------------------------------------------------[1] Посетата беше извршена од страна на претставниците на Хелсиншкиот Комитет: Кети Јандријеска Јованова, Вјолца Мора Бајрами и Павлина Зефиќ [2] Закон за извршување на санкции Член 265 (1) Во една просторија ноќе малолетните лица се сместуваат во засебни соби за ноќевање, согласно со можностите на установата. (2) Ако поради недостиг на простор, ноќе во една просторија се сместени повеќе малолетни лица, чиј број не смее да биде поголем од пет лица треба да се обезбеди надзор што ќе се остварува на начин со кој ќе може да му се укаже заштита на секое малолетно лице. [3] Во Прописите на Обединетите нации за заштита на малолетници лишени од слобода е предвидено дека системот на малолетничко право треба да ги поддржува правата и безбедноста и да ја промовира физичката и менталната добробит на малолетниците. Во Законот за извршување на санкциите (чл.24, 40 и 259) [3] е предвидено дека малолетните лица казната малолетнички затвор до наполнување на 23 годишна возраст ја издржуваат во посебни установи за извршување на казната малолетнички затвор, одвоено од полнолетните лица. И во Решението бр. 07-857/1 од 8 август 2008 год. на Министерството за правда за распоредување на осудените и малолетните лица е определено дека во затвор Охрид се распоредуваат само помлади полнолетни и малолетни машки лица осудени со правосилна пресуда на казна малолетнички затвор.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Анализи на состојбата со затворените институции

ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОСЕТАТА НА ВОСПИТНО ПОПРАВНИОТ ДОМ - ТЕТОВО повторно дислоциран од Скопје во Тетово. Поминати се скоро 8 години од првичното дислоцирање на домот од матичното место и власта не успеала да помогне за брзо решавање на спорот, па така младите денес се приморани да живеат во тешки услови во затворот за возрасни, со кои се мешаат на спортското игралиште секој ден. Сиот персонал, вклучувајќи го и Директорот, воспитувачите и стражарите, патуваат секој ден од Тетово. Заменик директорот Максути не извести дека во процедура е изготвувањето на проектот за изградба на домот и дека е пронаједена локација за таа цел во с. Желино тетовско од 14.000 м2, сопственост на Министертвото за одбрана. 1. Основни податоци

26 декември, 2008 1. Основни информации 1.1. Категории на лица 1.1.1. Распределба на категории на лица 1.2. Материјални услови 1.3. Исхрана 1.4. Медицинска грижа 1.5. Работа во домот 1.6. Дисциплина, казнување и изолација 1.7. Употреба на сила и оружје 1.8. Контакт со надворешен свет 1.9. Активности 1.10. Инспекција 2. Листа на посебно детектирани проблеми 3. Препораки -------------------------------------------------------------Посета на Воспитно поправниот дом - Тетово На ден 21.10.2008 година делегација на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија составена од претставниците Вјолца Мора Бајрами, Кети Јандријеска Јованова и Павлина Зефиќ изврши посета на Воспитно поправниот дом – Тетово, лоциран во објектот на КПУ Затвор Скопје – Скопје уште од 2001 година кога е префрлен во Скопје. Посетата се одвиваше 4.5 часа, а претставниците пристигнаа во 10:00 часот. Претставниците разговараа со заменик директорот на Воспитно поправниот дом – Тетово, г. Бурим Максути, началничката на превоспитната служба, лекарот и надзорникот од Секторот за обезбедување. На претставниците им беше дадена можност слободно да разговараат со малолетниците, но поради присутвото на дел од вработените на домот, истите не покажаа спремност да разговараат слободно, па побараа разговорите да бидат изршени без нивно присуство. Дел од разговорите беа извршени без присуство на вработените на домот. На денот на посетата, Воспитно - поправниот дом за малолетници беше сместен во едно крило од затворот “Скопје”. Воспитно - поправниот дом е дислоциран во Скопје за време на вооружениот конфликт во 2001. Во Тетово, во матичното место домот имал неколку згради и работилници во стилот на шведски павиљони, во кои се вклопени цела мрежа на различни програми за теориско и практично оспособување и обучување на малолетниците, со кои се задоволувале потребите, правата и обврските на истите. По завршувањето на конфликтот, објектот не бил

Воспитно поправниот дом - Тетово е установа од полуотворен карактер и истиот датира од 1962 год. кога од Крагуевац се префрлени штитеници во овој дом. Во овој дом од 1974 год. се воведени и Европските затворски правила кои и денес се применуваат во рамките на истиот. Домот е единствениот вид на коективна институција за малолетниците во Македонија. Вкупната површина на домот изнесува околу 100 - 120 м2 за целиот објект. Капацитетот на домот е 20 лица. Во рамките на домот во моментот на посетата беа заведени 22 малолетника, од кои 18 присутни, а 4 се наоѓаа во отсуство. Според евиденцијата на домот во истата се евидентирани 35 малолетници, од кои еден е во притвор, а 12 се во бегство, од кои 4 странски лица. Домот располага со 6 спални соби кои се поделени како воспитни групи. Квадратурата на спалните соби е од 10-12 м2 и бројот на леглата во истите варира од 4 до 6 легла во соба. Стандардот од 4 м2 на еден малолетник не може да се исполни поради натрупаноста во Домот. Во Домот еднаш годишно се вршат ситни поправки, било извршено варосување, минатата година бил реновиран санитарниот чвор, а за поголемите поправки се викаат сервисери. Персоналот на институцијата се состои од следните вработени лица: - 2 социјални работници, - 1 педагог, - 1 дефектолог, - 1 лекар (вработен за потребите на здравнствената служба, кој е во функција и на лаборант и на медицинска сестра), - 4 психолози - воспитачи - 6 вработени во инструкторскиот сектор (во секторот се вклучени 2 готвачи, 1 молер, 1 тапатар, 1 столар и 1 вработен во агрономската економија – сите со високо квалификувано образование), - 15 вработени лица на неопеделено во секторот за обезбедување (во секторот за обезбедување се вклучени 1 заповедник, 1 комадир 1 возач надзорник, 12 надзорници) - 3 надзорници, вработени лица на опеделено во секторот за обезбедување, - 8 вработени во администрацијата, која се наоѓа во Тетово. Хигиеничари не се вработени во домот бидејќи малолетниците се тие кои се грижат за чистотата на домот. Во домот нема вработено ниту стоматолог, но доколку се појави потреба од стоматолошки интервенции или прегледи тогаш на закажани термини лекарот на домот малолетниците ги носи надвор од кругот на домот со придружба доколку има потреба. Во текот на разговорот беше истакнато дека реалната

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

53

АНАЛИЗИ бројка на надзорници која е потребна за ваков вид на институцијата е 34 надзорника, но сепак според наводите на началникот на службата за обезбедување и со моменталниот капацитет на институцијата имаат 24 часовно покривање, при што по 3 надзорници биле ангажирани преку ден, а за време на вечерното посматрање биле ангажирани по 2 надзорника. Од страна на малолетниците добивме наводи за несоодветно однесување на дел од надзорниците, односно дека истите честопати им упатуваат најразлични вербални закани, пцовки и сл. Од страна на заменик директорот ни беше кажано дека имаат потреба и од двајца воспитувачи заради потребите на превоспитната служба, како и дека домот има поднесено барање за 8 нови вработувања, за кое барање чекаат одговор. 1.1. Категории на лица во детенција Малолетниците во домот се момчиња, од различна националност и групите се хомогени. Возраста на истите се движи од 14 - 23 год. Според статистиката на домот воспитно поправна мерка им е изречена и на 4 странски државјани кои моментално се во бегство. Малолетниците во Воспитно - поправниот дом се сторители на различни кривични дела: кражби, убиства, силувања, итн. Делата ги имаат извршено за прв пат. Доколку извршат второ кривично дело се испраќаат во Затворот за малолетници во Охрид. Лицата можат да останат во домот додека не наполнат 23 години. Ретко кој од малолетниците има добиено пресуда, со точно утврдена должина на престојот во моментот на влегувањето во домот. Должината на престојот зависи главно од нивното поведение. Домот води евиденција за националноста на малолетниците кои се наоѓаат во домот и на секои 3 месеци се изготвува извештај кој се доставува до Министерството за правда. Одлуката за сместување на малолетник во домот ја донесува судија, на главен претрес и во присуство на обвинител и претставници на Центарот за социјални работи од подрачјето каде живее малолетникот. Одлуката за прекинување на престојот ја донесува комисија составена од претставници на судот, јавното обвинителство, Центарот за социјални работи и членови на персоналот на домот (вообичаено Директорот, и членови на одделението за образование).

54

1.1.1. Одделенија во рамките на домот Малолетниците со лошо поведение, се сместуваат во затвореното одделение каде што се држат под надзор и каде што правилата се поригорозни, со редовни контроли и огрничувања на движењата на малолетникот. Во ова одделение малолетникот е задолжително со некое од останатите лица кои исто така се казнети и времето на казната е во траење од 3 - 7 дена. Доколку малолетникот покаже прогрес во своето образование и однесување се префрла во полуотвореното одделение. Доколку покаже дополнителен прогрес се префрла во отвореното одделение, каде што се добиваат поголеми привилегии, како на пример, домашна посета и повеќе средби со нивните семејства. Сместувањето во овие три одделенија (затвореното, полуотвореното и отвореното одделение) е единствената форма на сеграгација во Воспитно - поправниот дом. Стручниот тим кој работи со малолетниците е составен од социјален работник, социолог, психолог и лекар. Во ваков состав работи и стручниот тим со малолетникот додека истиот се наоѓа во приемното одделение[1], по неговото пристигнување во домот. Во приемното одделение се врши систематски преглед и задолжително запишување на податоците во здравствениот картон. На малолетникот му се објаснуваат правилата на домот, куќниот ред, се вршат разговори со психологот и сл. Потоа стручниот тим изготвува стручен наод кој служи како основа за подготовка на програмата за работа со малоленикот. Програмата се реализира од страна на воспитувачите кои изготвуваат извештај за реализација на истата. Реализираната работа е различна за секој малолетник поединечно. Еднаш месечно од страна на тимот се прави проучување на личноста на малолетникот. 1.2. Материјални услови и хигиена Зградата во која е сместен домот е поделена на два ката. На првиот кат се наоѓа собата за дневен престој, која се употребува како училница и работилница за стручните предмети. Оваа просторија се користи и како трпезарија. Двете простории во затвореното одделение се во многу лоши материјални услови, со мирис на влага и стари, риунирани тоалети без врата кои се наоѓаат во

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Анализи на состојбата со затворените институции самите простории. Сите спални соби се на вториот кат во зградата. На вториот кат има шест спални соби. Собата, која ја нарекуваат “привремена соба” и ја користат за сместување на новопримените малолетни лица, додека истите не се адаптираат на условите во институцијата, е во полоша состојба во споредба со другите, бидејки истата беше снабдена само со кревет и ново поставени полици на ѕидот. Вообичаено, малолетните лица поминуваат еден до два месеца во оваа соба, зависно од случај до случај. На денот на посетата, ни беше кажано дека во оваа соба не престојува никој, но од страна на самите лица ни беше посочено дека едно лице е сместен во истата под медицински надзор. Останатите соби беа далеку поубави и почисти. Тие се нарекуваат “постојани ќелии” и во нив малолетниците се сместуваат откако ќе се навикнат на редот во институцијата. Тие се со иста големина како “привремената” соба, но некои од нив имаа завеси на прозорците, теписи на подот, полици, радија и касетофони, многу постери и слики обесени на ѕидовите. Спалните соби во кои се сместени малолетниците се добро осветлени, постои природна вентилација, секоја соба има сопствен приклучок за струја а правило во домот е светлата во собата да се гаснат во 2200 часот. Клима уреди се поставени само во три простории и тоа во трпезаријата, која воедно е и просторија за слободни активности, во одделението со засилено превоспитно влијание и во библиотеката. Греењето во спалните соби е парно греење кое се регулира од страна на затворот „Скопје”, а во секоја соба има и дополнителни радијатори кои служат за дополнително загревање на собите. Секоја соба има кревети (кои се двокатни и се 30 cм2 над подот), со чиста постелнина, ќебиња и душеци, масички, столчиња, полици, меѓутоа недостсуваа шкафчиња во кои малолетниците можат да ги чуваат своите лични работи и облеката. Некои од шкафовите беа заклучени, но на наше прашање дел од малолетниците ги отворија истите при што делегацијата можеше да се увери во уредното одржување на личната гардероба. Од страна на домот на малолетнците им се даваат кебиња, чиста постелнина, перници, кои исто така можат да бидат донесени и од самите лица кои се наоѓаат во домот. Домот исто така ги снабдува малолетниците и со облека и средства за лична хигиена (паста, четка, тоалетна хартија, сапун, шампон и бикче). Според наводите на заменик директорот и надзорникот на службата за обезбедување, малолетните лица понекогаш се деструктивни кон опремата во собата, особено додека не се навикнат на животот во институцијата, па во такви периоди кршат дел од инвентарот.

Постелнината постојано се пере во пералната (машината за перење и сушарата со кои располага домот) во која е ангажиран еден од малолетниците и истата се менува еднаш неделно или по потреба. Вработените не известија дека во рамките на домот за потребите на малолетниците во употреба се два тоалети, 2 чешми и 2 санитарни чвора, 2 туша со 2 бољери и дека малолетниците постојано имаат топла вода на располагање. Меѓутоа во моментот на посетата во домот во употреба беше само еден тоалет во кој хигиената беше на катастрофално ниво, а во употреба беше и еден туш, меѓутоа во домот немаше вода поради, како што не известија вработените, поправки на цевките. Средствата за хигиена наводно им биле дадени од страна на домот, купени со буџетски средства. Дворот кој го користи домот е мал и истиот има пристап до спортското игралиште. Освен дрвената плоча за заштита од сонце, во дворот не постои друго место под сенка. На денот на посетата делегацијата не увиде дека некој од малолетниците ги користат бенефитеите на дворот туку заедно со членовите на персоналот, дел од превоспитната служба мирно си седеа под дрвената плоча. Дел од лицата смесетни во домот си седеа во близина на домот, без било каква нивна ангажираност. Делегацијата успеа да разговара со неколку момчиња. Тие предложија повеќе проблеми. Прво се пожалија на лошите материјални услови, на малиот простор, на недостатокот од шкафови, на недостаток на греење, на недостаток на топла вода. Втората забелешка се однесуваше на работењето на дел од превоспитната служба, како и во начинот на кој малолетниците си го остваруваат правото за викенд. Трето, малолетниците се пожалија дека возрасните затвореници доаѓаат во нивниот дел од затворот (на игралиштето за фудбал или во собата со телевизор) при што се прави мешаница на возрасните со малолетниците. Во такви ситуации можни се и провокации. При извршувањето на посетата делегацијата можеше да се види непосредната близина на затворот и можноста за контакт со возрасните затвореници. Исто така се доби впечаток дека односот помеѓу малолетниците и персоналот не е многу добар и на највисоко ниво. 1.3. Исхрана Храната која им се дава на малолетниците е најразновидна, постои листа на јадење (која се составува од страна на лекарот, магационерот и воспитувачот) која согласно

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

55

АНАЛИЗИ потребите на малолениците се менува[2]. Вработените истакнаа дека исхраната содржи околу 14.000 кило џули, дека истата е доста квалитетна, и ги задоволува потребите на малолетниците. На малолетниците им се достапни 4 обрака и тоа појадок во 7 часот наутро, ужина во 10 часот, ручек во 1330 и вечера во 1830. Оброците се служат во затворската кантина во која се наоѓа и книгата за исхраната во која се води секојдневна евиденција, а најчесто оброците содржат пилешко, говедско или пак риба поради тоа што помеѓу малолетниците се наоѓаат лица кои се со муслиманска вероисповед. 1.4. Медицинска грижа За здравјето на малолениците се грижи еден лекар, кој ги врши сите прегледи кои се потребни. Во случај на тешка повреда на малолетникот истиот со присуство на лекар се упатува на лекување во Градската болница или пак во Клиничкиот центар. Малолетниците не се здравствено осигурени иако домот во неколку наврати правел обиди за да се смени тоа тие обиди завршиле бесуспешно. Зачудува фактот зошто малолетниците би се сметале како здравствено не осигурени бидејќи согласно член 5 став 1 точка 13 од Законот за здравствено осигурување и член 12 став 1 точка 21 од Законот за здравствена заштита, каде се наведува дека “лицата на издржување на казна затвор, лицата кои се наоѓаат во притвор, ако не се осигурени по друга основа, и малолетните лица кои се наоѓаат на извршување на воспитна мерка упатување во воспитно-поправен дом, односно установа.“. Лекарот како што не известија им стои на располагање на малолетниците 24 часа, иако неговото работно време е од 830 до 1630 часот малолетниците можат телефонски да го повикаат во случај на сериозна повреда. Во рамките на домот една од спалните служи и како приемно одделение и како амбуланта. Со лекарстава најчесто се снабдуваат од Тетово, а во текот на наредната недела домот ќе добие и донација од Бирото за лекови, преку Министерството за здравство. Систематски прегледи на малолетниците им се вршат два пати годишно. Досега лекарот има регистрирано 7 слу-

чаи на хепатит Ц и 5 случаи на хепатит Б меѓу малолетниците[3]. Во домот нема лица кои се ХИВ позитивни. Но, имаа заведено 4 - 5 лица зависници. Во домот немаат метадонска терапија, туку само витаминска терапија. Меѓутоа меѓу малолетниците имало и лица кои биле заболени со трипер-секусално пренослива болест. Се со цел да се заштитат останатите малолетници да не бидат заразени лекарот извршил вакцинација на сите малолетници, при што како превентива другите лица биле советувани и на истите им биле доделени презервативи. Задолжително се врши проверка на крвна слика два пати годишно на секој од малолетниците. Вакцинирани биле и вработените кои се во секојдневен контакт со малолетниците. Во 2008 год. биле извршени 2 операции на слепо црево и една од голтање на жилет а трошоците за овие здравствени услуги биле покриени од страна на домот. Досега во рамките на домот не е евидентиран смртен случај. Сите повреди на малолетникот се евидентираат во картонот за кој се грижи лекарот. За психичкото здравје на малолетниците лекарот се консултира со психијатар. Доколку малолетниците имаат потреба од стоматолог истите се носат на приватен стоматолог и овие трошоци повторно ги покрива домот, иако според стандардите на Комитетот за превенција од тортура е предвидено дека на малолетниците треба да им се гаратира соодветен пристап до разновидна специјалистичка здравствена заштита, вклучително и стоматолошка. Сите малолетници имаат своја санитарна книшка. Домот не соработува со Фондот за здравство, но заменикот на домот не извести дека стапиле во контакт со Глобал Фонд и со Уницеф од кои очекуваат добра соработка. Лекарот ја истакна потребата од вработување на медицинска сестра, меѓутоа ова барање и барањето за добивање медицинско возило им биле одбиени. Доколку некој од малолетниците е казнет и треба да биде упатен во оддлението со превоспитнио влијание лекарот најпрво го проверува и укажува дали истиот е во можност да ја прифати санкцијата. При враќање од бегство задолжително се врши проверка на крв, ХИВ Хепатит Б и Ц. 1.5. Работа во домот Малолетниците извршуваат различни работни задачи како молерисување, готвење, перење, и сл. и за истите работни ангажмани од страна на домот им се дава определен надоместок од 100 - 800 денари според тежината на работната задача. Вработените кажаа дека 800 денари се платени лицата кои работат во кујната или пак молерисуваат, но еден од малолетниците не извести дека за молерисувањето кое тој го извршил добил надоместок од 250 денари. Парите се чуваат кај воспитувачите и тие го регулираат трошењето на парите. Во извештајот кој го изготвуваат индивидуално за секој малолетник стои нивната работа па согласно истата се мери и нивното поведение и можноста за давање определни погодности како што се на пример слободниот ден кој е најзначаен за малолетниците. 1.6. Дисциплина, казна, изолација Во оддлението со засилено превоспитно влијание се упатуват оние лица кои се вратени од бегство, или пак се ризични и сл. Во домот се практикуваат неколку дисциплински мерки: опомена, јавна опомена, ограничување на 20 % од џепарлакот и одземење на бенифиции во период од три месеци. Бенефициите вклучуваат отсуство, дополнителни посети, телефонски разговори и примање пакети. Најстрогата дисциплинска мерка е сместување во дисциплинска ќелија. Дисциплинските мерки ги изрекува директорот на домот согласно правилник за кој се известени и самите малолетници, но директорт има и функција да врши контрола над постапката.

56

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Анализи на состојбата со затворените институции Во двете простории малолетниците ја издржуваат својата казна која варира од 3 - 7 дена, но во времето на издржувањето на казната малолетникот никогаш не е сам. Во просториите има по 6 кревети и санитарен чвор. Во домот има книга за евеидентирање на дисциплинска мерка самица, при што ни беше кажано дека во текто на 2008 година вкупно биле изречени 72 мерки самици, од кои 60 само заради бегство. 1.7. Употреба на сила и оружје Вработените во надзорната служба во домот ни укажаа дека своите средства за присилба не ги користат врз малолетниците во рамките на домот. Министерството за правда има донесено наредба со која се забранува употребата на средствата за присилба. Делегацијата имаше можност да ја види наредбата. Најчесто проблемите помеѓу малолетниците во домот ги решават со разговори, па надзорникот на домот не извести дека постојат потешкотии да се справат со малолетниците бидејќи често тие се мета на провокации од нивна страна. При посетата надзорникот на домот ни го покажа ормарот во кои се заклучени а со тоа и оддалечени палките и оружјето на надзорниците, при што ни укажаа дека истите не го користат своето оружје во рамките на работното време во домот. Меѓу самите малолетници постоеа дилеми дали палките се користат од страна на надзорниците за нивно „казнување” па така дел од нив кажаа дека постојат такви случаи а дел тоа го негираа. 1.8. Контакт со надворешниот свет На малолетниците во домот им се овозможени дозволи од членовите на семејствата и посетите не се временски ограничени. Тие се изведуваат во посебна просторија која се наоѓа на влезот во затворот „Скопје” но проблемот е во тоа што истата се користи и од страна на возрасните затвореници. Најчесто посетите се вршат за време на викендите меѓутоа домот не ја исклучува и можноста тие да се одржат и за време на работен ден, односно до 1400 часот. На малолетниците им се дозволени телефонски разговори во текот на целиот ден, но зачудувачки беше фактот што вработените во домот не негираа дека постојано им се чита личната пошта на малолетниците, односно пратките кои што ги праќаат[4] како и тие што ги примаат. Вработените ова го правдаа со фактот дека тоа го прават поради безбедноста на малолетниците и дека малолетниците се запознати дека писмата се читаат.

не се изведуваат поради несоодветните услови во Домот и немањето доволно простор. Малолетниците се служат и со определени погодности како што се излегувања од домот, наградни денови за покажано добро поведение, посети на базен во летните денови, екскурзии. Постојат и спортски натпревари со „25 Мај” и „Ранка Милановиќ” за кои малолетниците покажуват посебен интерес. Во рамките на домот постои и библиотека која е доста сиромашна и не располага со литература, меѓутоа поради неписменоста на дел од малолетници истата речиси воопшто не се користи. Во рамките на библиотеката се наоѓаат и два компјутера кои им се на располагање на малолетниците, но некои од нив ни кажаа дека компјутерите не им се постојано на располагање бидејќи на истите им се ставени лозинки. Исто така за време на посетата едниот од компјутерите беше расипан. Од страна на персоналот на домот не ни беа дадени објаснувања ниту дали малолетниците лица пројавиле интерес за практикување на својата религија, ниту пак дека домот прави напори истата да ја практикуваат. Воедно во склопот на територијата каде е сместен домот, нема услови ниту пак иградени места за религиозни цели. 1.10. Инспекција Инспекциите во Домот најчесто се вршат од страна на управата за извршување на санкциите при Министерството за правда, Заводот за здравствена заштита (земање брисови за анализа на водата и бактериолошки анализи), членови на Советот на Европа, Комитет за превенција од Тортура – КПТ, Народниот правобранител, ХОБС, меѓутоа ретки се посетите на Центрите за социјални работи кои речиси и не соработуваат со домот, а мал е бројот на судиите кои ги посетуваат малолетниците и се грижат за поведението на истите.[6] Во текот на септември 2008 година имало и флурографско снимање на сите малолетници сместени во домот. 2. Листа на посебно детектирани проблеми - Малолетниците лица сместени во домот не се сметат за здравствено осигурани што е во спротивно со

Домот е посетуван и од страна на Народниот правобранител, два пати бил посетуван во текот на 2008 година и од страна на Комитетот за превенција од тортура, од Министерството за правда а била остварена и посета на Европскиот претставник Ерван Фуере. Летниот период домот бил посетен и од страна на невладината организација ХОПС. Посети се вршат и од страна на медиумите и новинарите. 1.9. Слободни активности Малиот простор и недостатокот на опрема во Домот не дозволуваат голем број на организирани активности. Согласно законските одредби кои наложуваат малолетниците да завршат основно образование, во рамките на домот малолетниците го продолжуваат своето образование или пак започнуваат со описменување. Наставата се врши од страна на наставници од работничкиот универзитет „АС Макаренко”. Настава од 1-2 одделение[5] посетуваат 4 малолетници, од 2-4 одделение настава посетуваат 9 малолетници, 5-6 одделение 10 малолетници, од 7-8 одделение 4 малолетници. Училишните часови се одржуваат во собата за дневен престој. Во домот се наоѓаат и двајца малолетници кои посетуваат настава во средно училиште (хотелска струка), наставата ја вршат вонредно, а учебници добиваат од Министерството за правда. Вработените ни предочија дека во сведителствата кои им се издаваат на малолетниците не стои дека наставата се вршела во рамки на воспитно поправен дом. Во рамките на слободните активности спаѓаат теоретска и практична настава, најразлични секции кои на жалост

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

57

АНАЛИЗИ

Анализи на состојбата со затворените институции

постоечките законски норми[7]. - Употребата на дисциплинската мерка “самица“, која согласно меѓународните стандарди преставува нехумано казнување кое е спротивно со меѓународните стандарди[8]. - Ограничување на 20 % од џепарлакот како дисциплинска мерка против непослушните малолетни лица, што е во спротивност со правилата за награда за нивната сработена работна активнсот. - Ретките посети на Центрите за социјални работи и речиси тоталното несоработување со домот, како и малиот број на судиите кои ги посетуваат малолетниците и се грижат за поведението на истите - Одобрување на потребните вработувањата во сите сектори, кои се битни за ефикасно продолжување на работните задачи во домот. - Не можноста за ефикасно реализирање на целта на извршувањето на воспитните мерки преку постоечките програми на домот со крајна цел ресоцијализација на малолетниците и обезбедување правилен развој на нивната личност. - Непосредниот контакт и мешањето на малолетниците со возрасните затвореници 3. Препораки O Домот треба веднаш да се дислоцира на место кое ќе биде адекватно за сместување на малолетниците O До дислоцирирањето на домот, Македонските власти ВЕДНАШ треба да преземат итни мерки за физичко делење на малолетните лица во затворот “Скопје” од возрасните затвореници, како што се бара според меѓународните стандарди[9]. O Веднаш да се направат напори да малолетните лица сместени во домот бидат опфатени со Законот за здравствена заштита и здравствено осигурување, при што би можеле да ги искористат и здравствените услуги од секундарната и терцијалната превентивна заштита[10], доколку се појави таква потреба

O Континуирано професионално обучување за постапувањето и контролата при вршење на своите работни задачи, на целиот персонал вклучувајќи ги и надзорниците O Внимателно избирање и вработување на персоналот според својата лична зрелост и способност за да се справат со предизвиците што ги носи работата, бидејќи истите треба да бидат посветени на работата со млади луѓе и да можат да раководат и да ги мотивираат лицата кои се под нивна одговорност O Редовни и задолжителни посети од страна на судиите и Центрите за социјални работи O Користењето на самиците како дисциплинско казнување на малолетници треба веднаш да се прекине, бидејќи таква пракса претставува нехумано казнување кое е спротивно со меѓународните стандарди O Продолжување со добрата започната практика на здравствена едукација, преку програми кои би ги содржеле информациите за заразните болести, лекување и превенција во однос на заразно преносливите болести O Воспоставување на соодветен правичен механизам кој би бил надвор од административниот орган на домот и целосно независен во разгледувањето на жалбите и поплаките на малолетниците, по што би следувало преземање на соодтвентни акции и контроли O Казнетите малолетници да се чуваат одвоено од останатите, при што задолжително да им се овозможи и обезбеди пристап до материјали за читање и барем еден час секојдневна рекреација на отворено O Македонски власти треба да им дозволат посети на невладини организации на сите места заради набљудување. Посетите треба да бидат постојани, ненајавени, и организациите треба да бидат во можност да направат приватни разговори со лицата сместени во институцијата како и пристап до потребната документација O Треба да се изградат места за религиозни цели, како и да се склучат договори со верски организации, со цел затворениците да имаат можност да ја практикуваат религијата, бидејќи неискажувањето на интерес не значи немање интерес. ---------------------------------------------------------------------------[1] Поради недостигот од простор една од спалните соби им служи како приемно одделение, односно соба за стационирање. [2] Доколку истите постат или пак не јадат определено јадење истото се менува откако ќе им биде укажано од страна на малолетникот [3] Последниот преглед бил во периодот април - мај [4] На прашање дали се чита и личната пошта која малолетниците ја праќаат до определна институција како што е Народниот правобранител или пак Хелсиншкиот комитет вработените рекоа дека „читањето на поштата се врши зависно од тоа до која институција се праќа“ [5] За една учебна година малолетниците добиваат сведителство за завршени две години [6] Посети се вршат од Центрите за социјални работи во Кавадарци, Штип, често и од Битола но вработените не можеа да се сетат кога за последен пат биле посетени од Центарот за социјални работи во Скопје, каде што и се наоѓа Домот. [7] Законот за здравствена заштита член 12 став 1 точка 21 и Закон за здравствено осигурување член 5 став 1 точка 13 [8] Правила на Обединетите нации за заштита на малолетниците лишени од слобода, дел К. Дисциплински постапки, точка 66 и 67 [9] Правила на Обединетите нации за заштита на малолетниците лишени од слобода, дел В. Категоризација и поставеност, точка 29 [10] специјалистичко-консултативната здравствена заштита и болничката (краткотрајна и долготрајна) здравствена заштита.

58

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Анализа на измените на Законот за следење на комуникации и Законот за кривична постапка

ПРАВОТ НА ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРИВАТНОСТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Вовед

С

о легализација на Посебните истражни мерки (ПИМ) во Р. Македонија се прошири репертоарот на средствата со кои овластените служби за законска присилба многу поуспешно може да се спротистават на подемот на организираниот криминал и тероризам. Меѓутоа истовремено се прошири и можноста од поголемо навлегување во приватниот живот на поединецот. Внесувањето во казнено-процесното законодавство на посебни методи кои доскоро ги применуваа само тајните служби е релативно нова појава во споредбеното и меѓународното право. Од една страна, се признава дека методите на тајно следење, снимање и прислушување претставуваат опасност за демократијата и човековите слободи и права во име на нивната заштита. Од друга страна, постои свест дека демократските општества денес се загрозени од софистицирани форми на криминал, шпионажа и тероризам, поради што и државите мора да имаат средства со кои ќе може ефикасно да им се противстават на ваквите закани. Оттука, се прифаќа еден разумен компромис помеѓу барањата за заштита на демократското општество и индивидуалните права. Главната идеја е определени дејства на државните органи што може битно да зафаќаат во сферата на граѓанските слободи и права правно да се регулираат за да може да се заштитат од злоупотреби и да се обезбедат разумните очекувања за приватноста во демократското општество, а наедно резултатите да може да се користат како докази во постапката. Како и да е, наместо постепено да градат се поконзистентни решенија засновани врз досегашните искуства и добрите практики на развиените европски држави, најновата „офанзива“ на Владата од битка против организираниот криминал агресивно се нафрли врз корупцијата која одеднаш стана најголемо зло за нашата млада демократија, што резултираше со проширување на примената на посебните мерки врз широк круг кривични дела. Хелсиншкиот комитет уште во средината на 2007 год. објави анализа во врска со тогаш најавените промени во Законот за кривичната постапка (ЗКП), кога апелираше до релевантните институции дека во една правна држава во која владее правото и каде се почитуваат основните човекови права и слободи не треба да се девалвира законот и она што значи човеково право за сметка на нелегално применети мерки заради сузбивање на криминалот во државата. Притоа, примената на посебните истражни мерки мора да се ограничи само доколку се работи за повисока општествена опасност која е пропорционална и

соодветствува со ограничувањето на основните права и слободи на човекот. Уставот на Република Македонија како една од темелни вредности на уставниот поредок ги предвидува основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот.[1] Истиот го нормира почитувањето и заштитата на приватноста на личниот и семеен живот на граѓанинот, на достоинството и угледот на личноста.[2] Уставот предвидел и можност за ограничување на наведените слободи и права под точно утврдени услови. Така, неповредливоста на домот може да се ограничи единствено со судска одлука кога е во прашање откривање или спречување на кривични дела или заштита на здравјето на луѓето, но кај почитувањето и заштитата на приватноста на личниот и семејниот живот на граѓанинот, на достоинството и угледот на личноста, Уставот нема предвидено ограничување. Целите заради кои се допушта отстапување од неповредливоста на тајноста, со Амандманот XIX сега се прешироко поставени. Секоја мерка со која што се ограничува правото на почитување на кореспонденцијата и комуникациите мора да штити интерес кој е доволно значаен да го оправда ограничувањето на приватноста. Иако одредбата содржи навидум затворена листа на цели што легитимно може да го оправдаат ограничувањето, овие цели се конципирани со премногу општи термини и имаат силна идеолошка и политичка конотација што може да допушти преширока флексибилност во нивната примена. Ова особено се однесува на сферата на националната безбедност каде што практично нема објективни критеријуми што ќе може да спречат масовно и арбитрерно упаѓање во приватноста на комуникациите. Тоа само не доведува во состојба, судот да ја легитимира арбитрерноста, наместо да ја спречува.[3] Измени во македонското законодавство во однос на дерогацијата од правото на приватност и употребата на посебните истражни мерки Посебните истражни мерки се воведоа по соодветните измени на Уставот на РМ (Амандман XIX) со Законот за кривична постапка (ЗКП) во 2004 год. и Законот за следење на комуникации (ЗСК) од 2006 год. и тоа за точно определени ситуации, во процедура утврдена со закон. Од материјалите по расправата при донесувањето на овие прописи се гледа дека истите се допуштаат само како крајно средство (ultima ratio), еден вид нужно зло, единствено за

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

59

АНАЛИЗИ

Анализа на изме

најтешките форми на организиран криминал.[4] Тие се применуваат кога постојат основи на сомневање дека се подготвува, во тек е извршување или е сторено кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку четири години, како и за кривични дела за кои постојат основи на сомневање дека се подготвуваат, во тек е извршување или е сторено кривично дело од страна на организирана група, банда или друго злосторничко здружение, заради обезбедување податоци и докази неопходни за успешно водење на кривичната постапка, кои на друг начин не можат да се обезбедат или нивното обезбедување би било сврзано со поголеми тешкотии. Со новите измени на ЗКП и ЗСК[5] се зголеми бројот на кривичните дела за кои е дозволена употреба на посебни истражни мерки па тие сега ги опфаќаат следните кривични дела од Кривичниот законик: - неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од членот 215, - изнуда од членот 258, - уцена од членот 259, - перење на пари и други приноси од казниво дело од членот 273, - криумчaрeње од членот 278,

- царинска измама од членот 278-а, - злоупотреба на службената положба и овластување од членот 353, - проневера во службата од членот 354, - измама во службата од членот 355, - послужување во службата од членот 356, - примање поткуп од членот 357, - давање поткуп од членот 358, - противзаконито посредување од членот 359, - незаконито влијание врз сведоци од членот 368-а, - злосторничко здружување од членот 394, - терористичка организација од членот 394-а, - тероризам од членот 394-б, - кривични дела против државата (Глава XXVIII) и - кривични дела против човечноста и меѓународното право - (Глава XXXIV), на овој закон, како и за кривични дела сторени преку средствата за електронска комуникација.“ Со овие најнови измени на законите прилично широко се отворија вратите за употреба на посебните истражни мерки и во превентивни цели (дури и за сомневање дека некој ќе стори кривично дело). Со истите се промени и условот во случаите кога станува збор за кривично дело за кое е пропишана казна до 5 години истото да биде извршено од организирана група, банда или друго злосторничко здружение. Со најновите измени на законите, се избегнува кумулативното условување и минималната граница се намалува дури на една година пропишана казна, доколку се земат предвид некои од кривичните дела за кои е дозволена употребата на овие мерки. Во Законот е предвидено дека наредбата за примена на посебните истражни мерки може да ја издаде јавниот обвинител или истражниот судија во предистражната постапка, и само истражниот судија во текот на истражната постапка. Притоа треба да се има предвид дека наредбата се донесува со цел да се овозможи прибирање на податоци и докази за водење на кривична постапка кои на друг начин не би можеле да се соберат, или нивното собирање би било сврзано со поголеми потешкотии. Согласно ЗКП се предвидува дека доказите кои се добиени со примената на посебните истражни мерки ќе бидат прифатливи единствено доколку се употребени на начин и постапка утврдени со овој закон. Новините во споменатите закони го опфаќаат и времетраењето на употребата на посебните истражни мерки при што

60

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

ените на Законот за следење на комуникации и Законот за кривична постапка досега дозволеното траење од најмногу четири месеци (30 дена + 90 дена) во ЗСК сега е продолжено за период од најмногу една година. Со оглед на тоа што измените на двата закона беа донесени еден по друг во кус временски период, зачудува очигледна недоследност во истите, па така најдолгиот период за кој е дозволена употреба на посебните истражни мерки согласно ЗКП е седум месеци, додека овој период согласно ЗСК е една година. Како ќе се одрази ова во практиката останува да видиме. Значајна измена во ЗСК е промената на обврската на надлежните органи веднаш да ги уништат податоците собрани со употреба на посебните истражни мерки, доколку за лицето не се подигне обвинение. Сега во членот 22 од законот е регулирано дека во случај кога надлежнииот јавен обвинител нема да поднесе барање за спроведување истрага, материјалите собрани со следење на комуникациите се чуваат во јавното обвинителство сe до истекот на законскиот рок за застареност на кривичното гонење за делото, значи еден релативно долг временски период. Особено спорна и доста конфузно регулирана е и законската можност за издавање на усна наредба за употреба на посебни истражни мерки која остава простор за изигрување на законот и негова повреда. Ова се однесува за т.н. итни случаи, кога постои опасност од предизвикување ненадоместлива штета за успешно водење на кривичната постапка. Тогаш истражниот судија може да издаде усна наредба со која ќе дозволи следење на комуникациите за време од 48 часа, врз основа на поднесено усно барање за следење на комуникациите од страна на надлежниот јавен обвинител. Останува впечатокот дека се измешани превентивното, предделиктно делување и постделиктното истражување на случајот. Имено, определени ургентни ситуации вообичаено се предвидуваат во случаи кога се загрозени безбедноста, животот и здравјето на некое лице или се заканува друга штета од поголеми размери. Навистина, Уставниот амандман XIX остави можност и за превентивно користење на мерките „заради спречување или откривање кривични дела“, која сфера сега се меша со делувањето и функциите на органите на прогонот и судот post delictum. Европската конвенција за човековите права и правото на приватност во контекст на посебните истражни мерки Европската конвенција за човекови права (понатаму Конвенцијата) е во сила во Република Македонија од 1997 година, а согласно со член 118 од Уставот на Република Македонија, таа е дел од внатрешното право на нашата држава. Имено, меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон. Со тоа, Конвенцијата има предност пред нормите на внатрешното право кои се во колизија со неа. Од гледна точка на теоријата не би требало да постојат проблеми при примената на нормите од Конвенцијата. Но, во нашата судска практика примената на нормите на Конвенцијата е ретка и претставува повеќе исклучок, отколку правило. Уште поретка е примената и повикувањето на судската практика на конкретни решенија на Европскиот суд за човекови права. Причините за ваквата состојба се комплексни и би можеле да бидат предмет на посебно истражување. Во време кога постои сериозен интерес од заштита на националната сигурност, јавното здравје и јавниот ред и борба со криминалот, државата има постојана потреба да добива, набљудува и оценува информации. Индивидуата од друга страна, има потреба и право на почитување на неговиот дом и коресподенцијата. Во својата практика Европскиот суд се стреми да ги изедначи сериозните потреби на државата со заштита на личната сфера, каде и нагласува дека секое мешање во животот на едно лице со посредство на посебни истражни мерки или собирање на информации треба да биде придружено со доволни гаранции од произволност и злоупотреба. Во тој правец Европски суд за човекови права потенцира дека гаранциите треба да бидат прецизни, предвидливи, неопходни и пропорционални спрема кои Судот го цени секое тврдење за неоправдано мешање во живото на едно лице. Од една страна, националното законодавство треба да

биде доволно јасно и сеопфатно за да му даде на граѓанинот доволно индикации кои се однесуваат на условите според кои јавната власт има право да навлегува и тајно да се меша во правото на приватност на едно лице. Од друга страна, националното законодавство треба исто така да биде доста прецизно, дозволувајќи и на државата во определен степен возможното мешање, како и опфатот на истото и начинот на неговата употреба. Кога тоа е воспоставено со закон, треба националната власт апсолутно да се придржува на законот. Во овој контекст треба да се спомене дека оправдувањата исклучително поврзани со заштитата на националната сигурност, се примаат со резерва од страна на Европскиот суд. Имено, тоа според Судот не и дава за право на државата неограничена слобода на проценка која се однесува на тајното користење на тајни мерки спрема лица кои се наоѓаат под нејзина јурисдикација. Европскиот суд за човекови права прифаќа широка дефиниција на поимот „коресподенција” по членот 8 и тука ги вклучува писмените материјали, особено оние кои се испратени по пошта, како и телефонските разговори. Повеќето пресуди на Европскиот суд кои се однесуваат на членот 8 се во врска со интервенцијата во правото на лична коресподенција на затворениците или во врска со технологиите на набљудување, како на пример со телефонското прислушување. Во случајот Malone направен е длабок преглед на прислушувањето на телефонските разговори од полицијата. Според позитивното право на властите на Обединетото Кралство во овој случај посебните истражни мерки се легално применети. Но, Европскиот суд за човекови права сметал дека има повреда на член 8 став 2, зошто посебните истражни мерки не се изречно предвидени во закон. [6] Подетално ова прашање е разработено во два случаја против Франција и тоа Kruslin и Huvig.[7] И во двата случаи се оспорува прислушувањето на телефонските разговори од страна на полицијата кое преставува мешање во правото на апликатите во тајноста на коресподенцијата и личниот живот. Поради тоа Европски суд за човекови права се произнел и во своите пресуди оценил дека Франција го нарушила членот 8 став 2 од Европската конвенција при што воедно констатирал: „Прислушувањето и другите форми на следење на телефонските разговори преставуваат сериозно мешање во личниот живот и коресподенцијата и поради тоа треба да се засновани на „закон”, кој е особено прецизен. Од основно значење е да постојат јасни, стриктни правила особено кога се има во предвид непрестајниот развој и усовршување на технологиите користени за тие цели”. Во случајот А против Франција[8] Судот оди дотаму што смета дека снимањето на телефонскиот разговор, дури и да е по иницијатива и со согласност на еден од соговорниците и покрај тоа што разговорот е исклучително поврзан со кривични прашања го засега правото на почитување на тајноста на коресподенцијата на апликантот. Француската влада истакнува дека снимениот разговор не спаѓа во личниот живот на апликантот. Но Европскиот суд за човекови права смета и констатира дека националното право не содржи основи за мешање во правото на коресподенција. Поради тоа има повреда на членот 8. Одредбата од чл. 8 ст. 2, од Конвенцијата, дозволува државата да го наруши општото право на приватност прокламирано во став 1 на истиот член, со цел да спречи некое кривично дело или ако е тоа во интерес на националната безбедност. Од јуриспруденцијата на Судот во Стразбур може да се заклучи дека државата „најчесто е способна да покаже и да ја оправда целта“ на примента на ПИМ, но потешко е таа да докаже дека мешањето во приватниот живот било „неопходно во едно демократско општество“ и дека тоа „е во согласност со закон“. Двете барања, државата кумулативно треба да ги задоволи за да биде нејзината интервенција во согласност со Конвенцијата. Под поимот „неопходно во едно демократско општество,“ Судот подразбира мешањето во приватниот живот на

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

61

АНАЛИЗИ

Анализа на изме

поединецот да биде одговор на „итна општествена потреба“[9], при што не е доволно таквото мешање да е „само“ пожелно и разумно, и воедно, државата треба да покаже дека постои однос на пропорционалност,[10] меѓу целта што сака да се оствари и средствата што се користат. Под поимот „пропорционалност,“ се подразбираат два моменти: [11] - пропорционалност помеѓу целта на мерките и средствата кои се користат за таа цел, - пропорционалност или правична рамнотежа помеѓу општите интереси на заедницата и заштитата на правата на индивидуата. При определувањето на пропорционалноста, Судот утврдува дали одредено мешање во приватниот живот на граѓаните е премногу нападно или наметнува преголем товар за одредени поединци, доколку, интересот на заедницата го оправдува тоа. Истовремено, државата треба да покаже дека мешањето во приватниот живот на поединецот не било поголемо од потребното. Во контекст на истото, Судот подразбира дека кога мешањето во приватниот живот на поединиецот е од „наметлив карактер“, или информациите што ги собира државата се од посебен чувствител, односно, сензитивен карактер,[12] оправдувањето на државата треба да биде силно аргументирано.[13] Во случајот Klass против Германија Судот посочува дека „овластувањата за тајното надгледување на граѓаните

карактеристично за полициските држави, се толерира во рамките на Конвенцијата, само кога е стриктно потребно за заштита на демократските институции“.[14] Во иста смисла, Судот смета дека организираниот криминал, тероризмот или шпионажата може да создадат потреба од високо ниво на мешање во приватниот живот на поединецот, заради нивната сериозна закана по демократското општество, но во секој случај треба да се има предвид, од една страна, општествената важност на целта, а од друга страна, нивото на наметливост во приватниот живот на граѓаните. Натаму, Судот смета дека покрај пропорционалноста, државата треба да внимава на принципот на супсидијарност. Имено, нема да се смета за неопходно мешање во приватниот живот на поединецот, ако државата имала на располагање други алтернативни мерки, со чија примена би можело да се постигне истата цел.[15] На крајот, членот 8 од Конвенцијата не содржи експлицитни одредби за процедуралната заштита при одредувањето на ПИМ, меѓутоа Судот смета дека постоењето на процедурална заштита при одредувањето на ПИМ претставува уште еден критериум при определувањето на поимот „неопходно“. Второто барање кое државата кумулативно треба да го исполни (покрај „неопходно“), е „во согласнот со законот“,

62

што со други зборови е барање постапката, условите и другите околности кои се однесуваат на примената на ПИМ, да бидат пропишани со прецизни законски одредби, со цел да се избегне самоволната дискреција на државата. Поинаку речено, законот стриктно мора да го дефинира кругот, односно, категоријата на лица кои би можеле да бидат објект на примена на ПИМ, видот на кривичните дела за кои е дозволена примената на ПИМ, времетраењето на истите (кое мора да биде разумно прифатливо), начинот на спроведувањето на мерките и начинот на вршење контрола и надзор над спроведувањето на истите, режимот на користење и чување на добиените снимки од примената на ПИМ и другите околности кои се важни за примената на ПИМ, а воедно се рефлектираат на слободите и правата на индивидуата. Всушност, ваквото барање директно го тангира принципот на правна сигурност на граѓаните, кој е фундамент на концептот на владеењето на правото, односно на концептот на правната држава. Постоењето на тој принцип овозможува заштита од правна несигурност и неправичност при спроведувањето на законот и воедно, обезбедува, овластувањата што ги има државата да бидат спроведени според пропишаните законски правила. Под поимот „закон“, Судот подразбира било каква законска рамка на домицилната држава, со која се регулира примената на ПИМ. Во таа насока, доколку домицилната држава нема законска рамка, тоа исто значи прекршување на (чл.8) Конвенцијата. Судот не инсистира (меѓутоа препорачува) „законската рамка“ да е во форма на правен акт

- закон, туку бара правен акт кој има правна тежина.[16] Покрај формалната страна на „законската рамка“ Судот инсистира на одредени содржински карактеристики што треба да ги исполнува законот, а тие се однесуваат на прецизноста, јасноста, и одреденоста на нормите што ќе овозможат на граѓаните да може да предвидат (до одреден разумен степен) кога може да дојде до повреда на нивниот приватен живот.[17] Исто така, легислативата треба да биде пропратена со соодветна процедурална заштита од самоволното дискреционо право на извршната власт при примената на ПИМ.[18] Уште повеќе, доколку државата има дискрециони права, таа е должна да го посочи обемот на таа дискреција,[19] со цел да с создаде правичност во постапувањето, и државата да ги сведе дискреционите права на минимално ниво.[20] Во контекст на горенаведеното, Судот бара законот да биде доволно пристапен до граѓаните за тие да бидат запознаени со можноста кога нивните индивидуални права и слободи може да бидат загрозени. Тоа од друга страна не значи дека Законот треба да создаде можност на граѓаните однапред да бидат во состојба да предвидат дека тие се објект на примена на ПИМ, бидејќи со тоа би се нарушила ефикасноста на кривичниот прогон и државата „сама би се

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

ените на Законот за следење на комуникации и Законот за кривична постапка разоружала“. Судот не претендира да создаде обрска на државата секогаш да ги информира граѓаните за примената на ПИМ. Имено, во случајот кога собраните докази од примената на ПИМ се употребуваат како докази во кривична постапка, лицата против кои биле насочени ПИМ, разбирливо, ќе бидат запознаени, а додека во случаите кога ПИМ биле суспендирани, Судот смета дека „можеби е потребно лицата кон кои биле насочени ПИМ да бидат информирани за нив, иако не постои правило дека таквото откривање е неопходно потребно“.[21] Одредбите од законот, исто така, мораат да бидат прецизни и недвосмислени за да може граѓаните да го сообразат своето однесување кон законот. Меѓутоа, барањето за прецизност на Законот не е загрозена доколку одредени одредби може да се толкуваат на повеќе начини.[22] Како рекапитулација на гореизнесеното може да се цитираат одредени изнесени толкувања на Судот во различни случаи: „Правилата со сила на закон мора да ги регулираат околностите во кои наметливото надгледување е дозволено,[23] и мора да содржи соодветна и ефикасна заштита од злоупотреба која ќе обезбеди дека нема да биде наложено случајно и без соодветно внимание.[24] Заштитата мора да вклучува „пристапни и прецизни“[25] одредби (закони) кои го регулираат овластувањето за надгледување и кои се доволно јасни и прецизни. Таа мора да им дава на граѓаните индикации за околностите под кои ќе се применат техниките за надгледување и условите кои државата мора да ги задоволи пред да ги примени[26]. Додека овие правила не мора да содржат сеопфатни дефиниции,[27] тие не може едноставно да ја остават одлуката на тоа дали надгледувањето ќе се случи по слободна дискреција на извршната власт или Судот[28] и мора да се посочи обемот на секоја дискреција која може да се примени со доволна јасност[29]. Правилата мора да бидат во форма која е правно обврзувачка и мора да се достапни на јавноста.[30] Правилата мора да ги дефинираат категориите на луѓе кои се подложени да бидат објект на надгледување, видовите на кривичните дела заради кои истрагата е оправдана, прифатливото времетраење на надгледувањето и околностите во кои секоја снимака ќе се чува во досие од страна на државата. [31] Правилата исто така мора да го посочуваат обемот и начинот на кој во пракса ќе се спроведе надгледувањето,[32] а мора да постојат и соодветни методи на одговорност за овластувањето на примената на надгледувањето и негова контрола и надзор.[33] Овој надзор не мора да му биде доверен на судот,[34] иако тоа е пожелно, па дури и важно,[35] но мора да се довери на некој независен и способен да практикува континуирана контрола. Откако ќе се прекине надгледувањето можеби ќе треба да се извести субјектот на надгледувањето, меѓутоа ова не се бара кога таквото известување е непрактично или би ја поткопало ефикасноста на операцијата“. [36] Посебните истражни мерки и правото на приватност од меѓународна перспектива

Во борбата против организираниот криминал и примената на посебни истражни мерки донесена е и Регионална стратегија за земјите од Југоисточна Европа на 23 септември 2005 година. Стратегијата предвидува општи насоки во однос на примената на посебните истражни мерки, а во релација на гаранција на основните права слободи и на човекот. Таа опфаќа судска заштита и создавање на национален систем на известување во однос на примената на овие мерки, како евидентен доказ на спроведената контрола. Конвенцијата при Организацијата за обединети нации за транснационален и организиран криминал ги предвидува посебните истражни мерки во членот 20 од Конвенцијата, нагласувајќи дека нивната примена треба да е законски предвидена и во насока на ефикасна борба против организираниот криминал, при што секоја држава востановува специфични програми за обука на лицата во нејзините служби за откривање и спречување на кривичните дела наведени во оваа Конвенција. Изразувајќи го својот став по употребата на посебните истражни мерки во 2007 год. Хелсиншкиот комитет ја предочи и Препораката бр. (2005)10 за примена на специјални истражни мерки во релација на сериозни кривични дела, вклучително и тероризмот донесена од страна на Комитетот на министри при Советот на Европа. Согласно оваа препорака, се имплицира употребата на овие мерки во рестриктивна смисла, доколку има основано сомнение дека е извршено сериозно кривично дело или дека такво се подготвува од некое лице или група. Оваа препорака упатува на потребата за особен надзор над примената на овие мерки, како и гаранцијата за заштита на процедуралните права на обвинетиот во текот на постапката наспроти примената на доказите добиени со специјалните истражни мерки. Оваа препорака признава дека користењето на специјалните истражни техники е суштинска цел, но за борба против најсериозните форми на криминал, вклучувајќи ги и актите на тероризам. Општ принцип на истата е дека земјите членки треба да преземат соодветни законски мерки со цел да обезбедат соодветна контрола врз примената на специјалните истражни техники од страна на судските органи или други независни органи преку претходно овластување, надзор за време на истрагата или разгледување ex post facto. Согласно препораката, специјалните истражни техники треба да се користат само кога постои доволна причина да се верува дека е извршено и подготвено сериозно кривично дело и за истите е потребно да се обезбеди пропорционалност помеѓу ефектите од нивното користење и целта која била идентификувана. Притоа кога се одлучува за нивно користење потребно е да се направи проценка во однос на сериозноста на кривичното дело, земајќи ја предвид наметливата природа на посебните истражни техники кои се користени.

Како што веќе беше истакнато во анализата на Хелсиншкиот комитет од 2007 год., поради изразената потреба од поефикасна борба против организираниот криминал и тешките кривични дела Советот на Европа ги охрабрува државите во применување на посебните истражни мерки во рамките на законските процедури, но сепак препорачува да се прави баланс во нивна примена наспроти гаранцијата за основите права и слободи на човекот, стипулирани во Европската конвенција за човекови права и преку практиката на Европскиот суд за човекови права.

Комитетот на министри понатаму им препорачува на земјите членки да обезбедaт дека надлежните органи применуваат помалку наметливи истражни методи отколку специјалните истражни техники доколку таквите методи овозможуваат да биде спречено или откриено кривичното дело, како и откриен неговиот сторител на ефикасен начин. Меѓутоа, за жал новите законски измени во македонското законодавство во однос на посебните истражни мерки не ги следат доследно овие препораки, имајќи го во обѕир проширувањето на опсегот на кривичните дела за кои се дозволени вакви мерки наместо да се пронаоѓаат поефикасни а помалку наметливи решенија за откривање на сторители на кривични дела.

Во рамките на Советот на Европа на оваа тема донесена е и Конвенција за спречување на тероризмот, која е потпишана од страна на Р. Македонија на 21.11.2006, но сe уште не е ратификувана. Согласно неа, во делот од Преамбулата се предвидува дека во борбата против тероризмот особено треба да се води сметка за демократските вредности во општеството и фундаменталните права и слободи на човекот преземањето на мерките.

Од друга страна, битната гаранција во барањето до истражниот судија за одобрување на прислушкувањето да се наведат причините поради кои податоците и доказите на друг начин не може да се обезбедат, која е еден од клучните инструменти не само што не заживеа во практиката, туку и натаму се разводнува со проширување и врз ситуациите кога тоа би било поврзано со поголеми тешкотии (член 10 став 1 точка 5, сега точка 6 од ЗСК).

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

63

АНАЛИЗИ

Анализа на изме

Меѓу другото, Комитетот препорачува земјите членки да обезбедат соодветна обука на надлежните органи за користење на специјалните истражни мерки и од областа на кривичното законодавство како и релевантна обука за човекови права, за што сме сведоци дека не се случи во реалноста. Комитетот на министри на Советот на Европа своето мислења по однос на употребата на посебните истражни мерки го има изразено и во Насоките за човековите права и борбата против тероризмот,[37] каде потенцира дека сите мерки преземени од страна на државата во борбата против тероризмот мора да ги респектираат човековите права и принципот на владеење на правото, да се законски регулирани и мора да бидат предмет на соодветна супервизија од страна на надворешно независно тело. Според истите насоки, кога мерките ги ограничуваат човековите права, ограничувањата мора да бидат дефинирани што е можно попрецизно и истите да бидат неопходни и пропорционални на целта што треба да се постигне. Понатаму, за мерките кои ја нарушуваат приватноста, какви секако се посебните истражни мерки, мора да биде возможно да се оценува нивната законитост пред надлежен суд. Правото на ефикасен правен лек е основен постулат на секоја правна држава и е базична претпоставка за правна сигурност во едно демократско општество поради што е и составен дел на сите препораки. Може да се заклучи дека кај нашите законски решенија во однос на употребата на посебните истражни мерки и

64

покрај препораките отсуствува концизно решение за оценување на законитоста на постапката за употреба на овие мерки. Имено, член 6 од ЗСК регулира дека лицето чија комуникација е следена има право да ја оспорува автентичноста на собраните податоци и законитоста на постапката за следење на неговите комуникации, во постапка утврдена со ЗКП, каде пак не постојат посебни одредби за истото. Сепак, законодавецот остава можност за надомест на штета за лицето чија комуникација била следена спротивно законот. Од овие законски решенија останува сосема нејасно која е точната процедура за едно лице кое сака да ја оспорува законитоста на собраните податоци одвоено од контекстот на останатиот дел на кривичната постапка, како би можело подоцна да поведе постапка за надомест на штета. Комитетот на министри на Советот на Европа во својата Препорака Бр.(95)4[38] до земјите членки за заштита на личните податоци во сферата на телекомуникациските услуги, со посебен акцент на телефонските услуги смета дека вмешувањето на државните органи во средствата за комуникација вклучително и употребата на средства за следење на комуникациите мора да биде овозможено само кога е законски определено и претставува неопходна мерка на едно демократско општество во интерес на заштитата на државната и јавна безбедност, монетарните интереси на државата или сузбивање на криминал. Имајќи ги во предвид најновите измени како на ЗКП така и на Законот за следење на комуникации и проширување на опсегот на кривичните дела за кои е дозволена употреба средства за следење на комуникации, тешко дека може да се каже дека кривичните дела како изнуда[39], уцена[40],

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

ените на Законот за следење на комуникации и Законот за кривична постапка проневера во службата[41], примање и давање поткуп[42] и слични се дела од сферата на државната и јавна безбедност или монетарна политика. Истата препорака понатаму пропишува дека во случај на вмешување на државните органи во средствата за комуникација, домашното право треба да регулира: - право на пристап и исправка на субјектот на информациите; - во кои околности одговорните јавни институции се овластени да одбијат да обезбедат информации на засегнатото лице или да го одложат нивното обезбедување; - чувањето или уништувањето на таквите податоци. На оваа тема Комитетот на Министри на Советот на Европа се има произнесено и во Препораката Бр. (85) 10[43] каде ја потенцира потребата од заштита на индивидуата од неоправдано следење на комуникациите и нарушување на приватноста. Исто како и претходните и оваа препорака укажува на фактот дека употребата на средства за прислушување бара детално законско регулирање, особено во врска со начинот на извршување на истото, преносот на информациите здобиени со прислушувањето како и употребата на таквите податоци во односната земја. Извршувањето на прислушувањето може да биде условено меѓу другото и со: - барање до судските власти во најкус рок да ги уништат оние делови од собраните податоци кои не можат да бидат од важност за кривичната постапка и да достават извештај за уништувањето на истите до засегнатата страна, - по завршувањето на прислушувањето, соодветните органи да го известат лицето кое било предмет на прислушување или друго засегнато лице за направеното прислушување, - уверување дека доказите прибавени со прислушување нема да се употребат од органите за ниедна друга цел освен таа наведена во барањето за прислушување. Во истата насока продолжува и Препораката на Комитетот на Министри при советот на Европа Бр. (87) 15[44] за употребата на лични податоци во секторот на полицијата каде е регулирано дека субјектот на информации треба да има пристап до полициското досие во разумни интервали и без оддолжување во согласност со закон. Исто така, согласно оваа препорака субјектот на информациите треба да има можност на исправка на податоците содржани во досието. Личните податоци до кои благодарение на правото на пристап ќе дојде лицето кое е субјект на податоците а истите се неточни или ирелевантни треба да бидат избришани или поправени или за нив треба да се додаде изјава за исправка вметната во истото досие. Оваа препорака, исто како и претходните препорачува лицето треба да биде информирано дека постојат информации за него веднаш откако тој ќе престане да биде предмет на полициски активности. За жал, спротивно на препораките од Комитетот на министри на советот на Европа упатени до земјите членки како што е и Република Македонија во законските решенија на нашата земја изостанува правото на пристап. Регулацијата на ова право е испуштена и во измените на ЗСК кои не оставаат можност за лице што било предмет на употреба на посебни истражни мерки и на кое de facto му се нарушила приватноста, да биде информирано за истото по завршувањето на употребата на мерките доколку за него не се подигне обвинение. Да биде апсурдот поголем и покрај тоа што правото на пристап не беше предвидено ни со основниот ЗСК ниту со ЗКП, со измените на истите се оди уште подалеку во дерогацијата на ова право па се регулира дека не само што лицето нема да биде известено дека било предмет

на употреба на посебни мерки туку и податоците собрани со истите а доколку не се покрене обвинение, наместо да бидат веднаш уништени, ќе бидат чувани во посебни обвивки во просториите на Јавното обвинителство се до застарување на делото. На ваквото решение во законот логично се наметнува прашањето како на тоа лице кое било предмет на употреба на посебни истражни мерки му се дава можност да ја оспорува законитоста на тие мерки и право на правна заштита кога истото и не е свесно дека било предмет на употреба на специјални истражни мерки. Потребно е да се заклучи и дека со ваквите законски решенија ширум се отвора вратата за злоупотреба на податоците кои ќе се чуваат иако не претставуваат основ за правна постапка со што најгрубо се поткопува принципот на правна сигурност на граѓаните на едно демократско општество. Она што може да се забележи од сите овие препораки е дека никаде не се предвидува можноста од издавање усна наредба за употреба на посебни истражни мерки. Сепак, таква можност е предвидена во измените на Законот за следење на комуникации. Според истите, како што погоре беше објаснето, истражниот судија може да издаде усна наредба за следење на комуникации по претходно усно барање од страна на јавниот обвинител, но кое треба да биде потврдено со писмено барање во рок од 24 часа, по што истражниот судија треба да донесе писмена наредба за следење. Меѓутоа вака регулираната постапка во себе содржи и една необјаснива контрадикторност кога законот предвидува дека ако истражниот судија не се согласи со писменото барање, по барањето одлучува кривичниот совет на надлежниот суд согласно ЗКП.[45] Изгледа логично дека ако истражниот судија еднаш се согласи усно на усното барање на јавниот обвинител, подоцна за само 24 часа по истото барање, поднесено писмено, нема да има спротивно мислење. Сепак, не е исклучено, врз основа на собраните информации (со мерката и на друг начин), судијата да заземе и поинакво становиште. Од друга страна, оваа одредба би требало да се толкува така што без (усната) согласност нема да има примена на мерката, а доколку органите на прогонот сакаат да ја оспорат одлуката на истражниот судија, ќе мора да поднесат и писмено барање и жалба. Овој член предвидува и уште една можност, ако во рок од 24 часа од усно издадената наредба, што значи во време кога веќе тече следењето на комуникациите на определено лице, надлежниот јавен обвинител не достави писмено барање до истражниот судија, ќе се смета дека не е издадена наредба за следење на комуникациите, а податоците собрани со истото ќе се уништат. Истото се однесува и на случајот кога кривичниот совет ќе го одбие барањето за следење на комуникации што од своја страна значи дека усно одобреното следење трае и повеќе од 24 часа додека да реши советот.[46] Оваа измена вака формулирана претставува сериозно отстапување од начелото на правна сигурност и ефикасен правен лек. Имено, со пропустите направени при формулацијата на измените и неможноста за лицето да биде известено дека било предмет на следење на комуникациите, кои подоцна се покажале како правно неосновани, се губи и можноста за одговорност на органите поради нивните пропусти со што се остава голем слободен простор за нивно произволно и правно непоткрепено однесување. Од друга страна пак, во исто време лицето се лишува и од правото на надомест на штета поради неосновано следење, бидејќи нема начин да сознае дека било предмет на употреба на посебни мерки, со што експлицитно се манифестира авторитарната моќ на државата спрема поединецот. Заклучоци и препораки Заклучоци Најновите измени во домашното законодавство претставуваат загрозување на правата на граѓаните на

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

65

АНАЛИЗИ

Анализа на изме

неповредливост на нивната приватност во неколку насоки: · Постои вакуум меѓу законски предвидената и фактичката контрола од страна на судството, како и контрадикторност во примената на усното барање на Јавниот обвинител. Покрај ова, судот не е ниту во реална положба да може основано (превентивно) да проценува дали навистина постојат закани во смисла на криминална или безбедносна опасност; · Не постои систем на ефикасна и постојана надворешна контрола врз примената на посебните истражни мерки во смисла на обезбедување дека мерките навистина се применуваат само со наредба на суд и во законска процедура со сите гаранции од арбитрерност и злоупотреби; · Основата за користење на овие мерки без притоа да се има судска санкција оставаат можност од нивна злоупотреба, а со тоа органите на власта слободно да ги практицираат и да се кријат под заштитата на законот. Поимите „непосредна опасноста од извршување...“ или „загрозување на националната сигурност се општи и не конкретизирани и во практика даваат широка можност за нарушување на права на граѓаните; · Материјалите собрани од примената на овие мерки, а кои не се доволен основ за покренување на обвинение, се архивираат кај Јавниот обвинител сe до апсолутна застареност на кривичното гонење за кое било наредено следењето на комуникациите. Ова претставува сериозна закана за кршење на правата на граѓаните и самоволни или незаконити мешања во нивниот приватен живот. · Кога се користат посебните истражни мерки, макар и со спазување на соодветниот ред и постапка и кога не е установено дека имало основа за нивната примена, како и кога не се постигнати и целите и резултатите за нивната примена, постои мешање во личниот живот на човекот. По престанувањето на употреба на овие средства за набљудување, секое лице треба да биде известено дека спрема него се користени посебни истражни мерки. Со ова му се ограничуваат на секое лице правата гарантирани со Уставот на Р. Македонија да побара заштита за неговите нарушени права - нешто што не е предвидено во законските одредби. · Судската контрола инаку се нуди како доволна гаранција против арбитрерноста, злоупотребите и дискриминацијата. Во сферата каде што злоупотребите се потенцијално толку лесни во поединечни случаи, а може да имаат многу штетни последици по демократското општество во целина, во принцип е пожелно контролата да му се довери на судството.[47] Сигурни сме дека е подобро отколку без неа, но таа може да има многу недостатоци што сигурно нема да ги надомести оние во регулативата и системот во целина. Искуствата од државите што ја практикуваат ваквата контрола покажуваат дека бројот на одбиени барања за прислушкување или таен надзор од друг вид е незначителен. Со оглед на фактот дека кај нас вакви податоци не се објавени, само ќе потсетиме дека нашите искуствата

66

од одлучувањето по барањата за претреси, притвор и сл., покажуваат исто така низок степен на критичност на судството. Тоа кај нас сe уште нема сфатено дека заштитата на правата на граѓаните од државата се негова примарна задача. Судиите имаат развиено премногу попустлив пристап кон извршната власт и еден бирократски пристап во толкувањето на правото. Ако е тоа така во области во кои судиите се добро изверзирани, може да замислиме што нe очекува во лизгавата и тајна сфера на националната безбедност, каде судијата има малку познавање, ќе се врши притисок за брзо одлучување, а тој по правило ќе одлучува врз основа на еднострани информации. Покрај тоа, ако досега во услови на апсолутна правна забранетост

имавме масовно прис луш кување, може основано да очекуваме примената на дел од мерките сега полесно да се скрие. · Иако во јавноста мерките се најавуваа како стриктно насочени кон најсериозните закани од организираниот криминал, тероризмот и сл., се отвора пат специјалните мерки широко да се користат. Како што сега стојат работите, терминолошката конфузија, големиот број недоречености, широкиот круг отстапки, нискиот праг за одобрување на зафаќањето во приватноста и малата веројатност за некаква ефикасна контрола упатуваат на тоа дека во Република Македонија арбитрерното зафаќање во приватноста не се редуцира, туку напротив, на извесен начин се „легализира“. Приватноста и слободата многу лесно се маргинализираат кога ќе се пристапи кон одмерување од случај до случај, а во тоталитетот на случаи сe повеќе се соочуваме сериозна закана од полициска држава. · Легализацијата на некои мерки е уставно спорна без амандмански интервенции во членовите 25 и 18 од Уставот на Р. Македонија. Имено, член 25 од Уставот на Р. Македонија на најопшт начин предвидува заштитата на приватниот живот на поединецот, и притоа заштитата е дадена апсолутно (без исклучоци). Ваквата состојба не создава простор за примена на одредени ПИМ. Во иста насока е и членот 18 од Уставот на Р. Македонија во кој е прокламирано начелото на „информационо самопределување“ на граѓаните. И во овој случај, de lege lata состојбата не остава „уставно нормативен простор“ за примена на мерката компјутерско споредување на лични податоци на граѓаните. · Мерките што се легализирани во ЗКП на Р. Македонија не ги почитуваат доследно принципите на законитост, сразмерност и супсидијарност; · Легализираните мерки не се доволно прецизни и јасни. Препораки · Некои од легализираните ПИМ се „нетипични,“ и од тие причини не би требало да останат во репертоарот на мерките во ЗКП. · Да се предвиди одредена категорија лица (со оглед на нивната професија) и места (со оглед на нивниот пиетет), кои би биле изземани, со предвидување на исклучоци од изземањето, од можноста над нив да бидат применети

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

ените на Законот за следење на комуникации и Законот за кривична постапка одредени мерки. · Мора да се обезбеди доволен, правилен и независен систем на контрола врз примената на мерките кои зафаќаат во приватноста на граѓаните. Која контрола ќе се смета за доволна и правилна може да зависи од конкретниот систем. Во случаите кога националниот систем дозволува користење на посебните истражни мерките надвор од опфатот на судската контрола, законодавството треба да е јасно и прецизно. Во законите треба јасно да определи: кои категории на лица можат да бидат подложени на употреба на посебните истражни мерки, во какви услови тие може да се употребат, како и врз основа на што посебните истражни мерки можат да се преземат, правилата на користење на истите, чувањето и уништувањето на собраните информации, лицата кои имаат пристап до тие информации итн. · Согласно барањето за нужност и пропорционалност нагласено од страна на Европскиот суд за правата на човекот, сите мерки не може да се применуваат освен за најтешки кривични дела и организиран криминал. · Бидејќи овие мерки претставуваат дерогација на основните права и слободи на човекот зашто со истите се нарушува правото на приватност на човекот, нивната примената треба да се врши со особена претпазливост во насока на единствено законски предвидената дерогација на правата на човекот а со цел да се оневозможи произволност и злоупотреба. Законската рамка мора да обезбеди ефикасен надзорен механизам кој ќе ја контролира примената на овие мерки. · Во ЗКП целосно да се уреди примена на посебните истражни мерки пост-деликтно, а превентивната и сферата на националната безбедност да се уреди со друг закон (ЗСК или Закон за Полиција). · Со ЗКП треба да се допушти надзор врз телекомуникациите и слични методи, само ако постои разумно сомневање, засновано врз факти што може да се артикулираат, дека едно лице сторило или се обидело да стори кривично дело. Можноста овие мерки да се применуваат за допрва да дојдеме до некакви сознанија за инкриминирани дејствија не е прифатлива. · Во сферата на одбраната и безбедноста ќе мора да се постават построги граници и принципи што судовите ќе ги користат за оценка на барањата на извршната власт кои ќе бидат во конфликт со правата и слободите на поединецот. Врз барањата што се повикуват на интересите на националната безбедност треба да се гледа со здрав скептицизам. Безбедносните служби ќе треба да докажат дека постои директна, непосредна, конкретна и сериозна штета, а не само неопределена или шпекулативна закана. Предложената мерка мора да биде пропорционална и неопходна, ограничена на најмало можно зафаќање нужно за постигање на целта. Колку што е тоа можно, треба да се формулираат и применат строги и објективни правила, а не некакви лабави тестови за одмерување на интересите. · Националните норми, исто така, треба да дозволат граѓаните да имаат достап до независна институција, поточно судот, пред кој ќе можат да го обжалуваат секое решение со кое се воведуваат овие мерки кон некое лице како и начинот на кој тоа е сторено. · Собраниските комисии за контрола врз примената на следењето на комуникациите и за надзор врз УБК и АР мора сериозно да ја сфатат својата важна улога во правната држава и да ја практикуваат континуирано и ефикасно. За таа цел е очигледно потребно да се создадат определени алатки и претпоставки. ---------------------------------------------------------------------------[1] Член 8 од Уставот на Република Македонија. [2] Член 25 од Уставот на Република Македонија. [3] Згора на тоа, откако еднаш мерката со лесно ќе се покрие со судски налог, граѓаните нема да можат дополнително да остварат ефикасна судска заштита, со оглед на тоа што органот што ја нарушил

приватноста ќе има "црно на бело" дека постапил "законито". [4] Види: Расправа за уставните амандмани, Полициска академија, Скопје, 2005. [5] Законот за изменување и дополнување на ЗСК (Службен весник на Р.М. бр.110 од 02.09.2008 год.); Законот за изменување и дополнување на ЗКП (Службен весник на Р.М., бр. 83 од 10.07.2008 год.). [6] Види: Malone v. the United Kingdom, 2.08.2004, Series A, No. 82 (1995). [7] Види: Kruslin v. France 24.04.1990, Series A, No. 176-A (1990); Huvig v. France 24.04.1990, Series A, No. 176-B (1990). [8] Види: A. v. France. 23.11.1993, Series A, No. 277-B (1994). [9] Sunday Times против Обединетото Кралство, 1980 год., 2 EHRR 245 [10] Иако терминот „пропорционалност,“ не е наведен во членот 8 од Конвенцијата, истиот игра клучна улога во јуриспруденцијата на Судот. [11] James против ОК 1986, 8 EHRR 123, Sporrong против Шведска 1983,5 EHRR 35, Smith and Grady против ОК, 2000 – 29 EHRR 493. [12] Тајно надгледување лица со посебни функции и должности (судии, политичари, свештени лица итн.). [13] Kopp против Швајцарија 1999 г. 27 EHRR 91. [14] Klass против Германија, 1979/80 – 2 EHRR 213. [15] Campbell против Обединетото Кралство, 1992 15 EHRR 137. [16] De Wide и други против Белгија, 1971 г., 1 EHRR 373. [17] Sunday Times против Обединетото Кралство, 1979/80, 2 EHRR 245. [18] Huvig против Франција, 1990 г., 12 EHRR 528. [19] Silver против Обединетото Кралство, 1983, 5 EHRR 347. [20] Sunday times против Обединетото Кралство, 1979/80, 2EHRR 245. [21] Klass против Германиј 1978., 2 EHRR 214. [22] Castells против Шпанија 199, 14 EHRR 445. [23] Kruslin против Франција 1990, 12 EHRR 547. [24] Klass против Германија, 1979/80, EHRR 214. [25] Melone против ОК 1985, 7EHRR 14. [26] Huvig против Франција 1990 12EHRR 528. [27] Hewitt and Herman против ОК 1992, 14 EHRR 657. [28] Valenzuela Contreras против Шпанија 1999, 28ENRR 483. [29] Leander против Шведска, 1987, 9 EHRR 433. [30] Hewitt and Harman пр. ОК 1992, 14 EHRR 657. [31] Huvig против Франција 1990 г. 12 EHRR 528. [32] Корр против Швајцарија 1998, 27 EHRR 91. [33] Klass против Германија 1979/80 EHRR 224. [34] Ibidem. [35] Корр против Швајцарија 1999 27 EHRR 91. [36] Klass против Германија 1979/80 EHRR 214. [37] 11 јули 2002 год. [38] Усвоена од Комитетот на министри на 7 февруари 1995. [39] Член 258 од ЗКП. [40] Член 259 од ЗКП. [41] Член 354 од ЗКП. [42] Член 357 и 358 од ЗКП [43] Препорака за практична имплементација на Европската конвенција за меѓусебна соработка во кривични прашања во однос на следење на комуникациите. Оваа Конвенција е потпишана од страна на Р. Македонија на 28.07.1999, а стапила на сила на 26.10.1999. [44] Усвоена од Комитетот на министри на 17 септември 1987. [45] Член 11-а од Законот за изменување и дополнување на ЗСК. [46] Исто. [47] Види: Klass v. FRG, 1978, para. 56. Isto: Rotaru v. Romania, 2000.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

67

ПОСЕБНИ АНАЛИЗИ

ИЗВЕШТАЈ НА ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ВОНРЕДНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2008

Првите вонредни парламентарни избори во Република Македонија, сега без сомнение може да се констатира, беа и најлошо организираните избори во нејзината историја.

Д

ржавната изборна комисија (ДИК) одлучи да се прегласува на 193 избирачки места со околу 190 000 потенцијални гласачи во 1-та, 2-та и 6-та изборна единица. Бројки кои експлицитно говорат за нерегуларно гласање за над 10 проценти од вкупното гласачко тело (1.779.116 запишани во единствениот гласачки список) и во половина од постоечките изборни единици. Или ако сакате оценка низ етничка призма: изборите не беа фер и демократски барем за една четвртина од населението на државата. Паднаа во вода првичните оценки за 1-2 проценти нерегуларности и демократски и фер избори, штетни и по самото тоа што де факто признаваат поделба на државата на интересен и неитересен дел во зависност од етничката припадност, делови во кој може да владее или не правото. Се покажа невозможно да се победи дома, кога се губи надвор – не можете да го славите како победа сопстевниот успех на изборите кои релевантни меѓународни организации ги оцениле како пораз на демократијата. Прегласувањето за жал ќе биде само шанса симболично да се поправи впечатокот од инцидентите од 1 јуни, кои ќе бидат темна дамка за демократските процеси во земјата. На нив ќе не потсетуваат често од многу страни и за жал во моменти кои се клучни за нашата евро-атланска интеграција, колку и да е маргинализирана оваа наша перспектива. Она што ќе се памети ќе биде фактот дека за нас не важи синтагмата дека „Нема избори и нема изборен резултат кој што може да оправда загуба на еден човечки живот“ бидејќи изборите беа платени со еден човечки живот, повеќемина повредени од огнено оружје, а гласањето и пребројувањето на гласовите беше нарушено од бројни нерегуларности, вбројувајќи ги и заплашувањата, тепачките, заканите со оружје, кражбата кршењето и полнењето на избирачките кутии, манипулации со изборните материјали... често и во присуство но и активно учество на официјални лица кои на гласачките места биле присутни за тоа да го спречат (и тоа го прават без тронка срам во присуство на странски наб-

68

људувачи, при тоа манифестирајќи гордост за стореното). Во таква атмосфера не се ни чудни 75-те изборни места со енормна излезност, дури од 99 до 100 проценти, и речиси стопостотно гласање за една политичка партија. Факт е дека најголемиот дел од инцидентите во предизборието и на денот на гласањето, и речиси сите во кои беше употребено огнено оружје се случија во деловите на државата каде претежно живеат Албанци, и дека со нив воглавно беа доведувани во врска активистите на двете главни албански партии во Македонија. Грешеа и грешат оние кои сметаат дека се ќе се покрие со објаснувањето дека Албанците и нивните партии не се дораснати за демократија. Цената на инцидентите кои немаат етничка боја ја плаќа Република Македонија и сите нејзини граѓани. Зад секој акт на насилство сепак стои конкретна личност како извршител или нарачувач чија професија не е етничката припадност. Затоа вината не треба да се генерализира или партиски да се балансира. Ниту сите Албанци правеа инциденти, ниту сите албански политички партии во земјата се доведуваа во врска со нив. Малку што може да и се приговори на американската амбасадорка во Македонија кога вели: „Тука не станува збор за етнички Македонци или етнички Албанци, туку за граѓани на Македонија. Ако треба да одржите или сакате да имате единствена држава, тогаш прашањето не е за кој ентитет станува збор или во кој дел од земјата, туку за граѓани кои не сакаат да им бидат украдени изборите со употреба на сила. А тоа е задача на власта која треба да ги обезбеди“. Непристрасното расчистување на инцидентите, докажувањето на вината на сторителите и доказите дека сето тоа е сторено по наредба на партиските врхушки како дел од нивното сфакање како изборите се добиваат, треба да биде вовед во процесот во кој партиските водства и самите партии ќе понесат своја одговорност. Ако веќе сме сведоци на секои нови избори, на множењето на сериозни инциденти наместо нивното исчезнување, зошто тогаш да

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

не се размисли за санкционирање на докажаната вина со забрана на вршење на партиска должност или забрана на учество на партијата на некои следни избори. Беше повеќе од јасно дека расчистувањето на инцидентите во предизборието е најдобрата превенција за тоа да нема инциденти на денот на изборите. Бидејќи не се случи да се откријат сторителите и челниците на политичките партии кои од нив барале вакви активности, нерасчитените предизборни инциденти само ја отворија вратата за посериозните инциденти на самиот ден на гласањето. Ненаоѓањето на виновниците го засили впечатокот дека за ваквите кривични дела не следи казна. Држава = Партија Но, едно од најпоразувачките сознанија во врска со она што ни се случи со овие избори е пукањето по речиси сите шафови на институциите на државата. Одговорноста за организацијата на сите избори вклучувајќи ги и овие пред се лежи во државните институции и оние кои со нив раководат. Цели сегменти на власта не се ни обидоа да си ја вршат работата соласно должностите пропишани со Уставот и законите. Најголемото достигнување беше да глумат привид дека функционираат. Се покажа дека институциите на државата се партизирани до крај, и дека единствено што е важно се партиските интереси. Почнувајќи од сосема легитимното право да се материјализира високиот рејтинг (тука барем има малку простор времето да покаже дали тоа ќе биде во полза или на штета на некои други национални или државни интереси) се до тоа дека се беше подредено на победа по секоја цена. Не се знаеше кој пие, ама се знае кој плаќа: предвреме започната агресивна и скапа кампања финансирана од непознати извори вон сите законски лимити; јавно искажаниот збор никогаш не бил на пониско ниво, до крај контролирани и замолчани медиуми во кои воскрснаа партиските пропагандисти и активисти, и серија сериозни инциденти кои останаа нерасчистени и практично ја отворија вратата за грдите настани од 1 јуни. На овие избори се постави едно навистина системско прашање, а тоа е каква влада имаме во период кога е распуштен Парламентот. Дали е таа навистина само техничка, односно преодна или не. Во извештајов подолу, на повеќе места нудиме аргументи за оваа дилема (владина пропаганда, активности во време на предизборието, трошење на буџетски пари за изборни активности). Одговорна власт би се потрудила да ги прецизира законските решенија, и да оневозможи во периодот од распишувањето на изборите до нивното завршување Владата да се однесува поинаку од техничка, или во колку тоа се покаже како недоволно ефикасно да посегне за решенија како експертска/ чиновничка влада за овој период.

со своето толкување на случајот на пукањето во Раковец во кој страдаа за среќа само автомобили. Втерувањето страв и МВР Серија сериозни инциденти го обележаа предизборието: напади на партиски штабови, тепање на партиски активисти, малтретирање на постари лица само поради тоа што издале деловен простор, Тетово преку ноќ осамна црвено откако 1000 сини знамиња на Демократската унија за интеграција (ДУИ) беа заменети со партиските на ДПА, при тоа никој а најмалку локалната полиција тоа да го забележи... Работите стасаа до таму што веќе одомаќениот „Калашников“ беше заменет со рачни фрлачи. Кулминација беше пукањето во лидерот (или во неговиот автомобил – сеедно) на опозиционата ДУИ. Колку и да се труди да се дообјасни, претседателот на ДПА Мендух Тачи, како лидер на моќна политичка партија од досегашната владина коалиција беше во право кога најави „касапаана“ за време на вонредните парламентарни избори. Прашање, кое веројатно ќе остане без одоговор, колку Тачи беше во улогата на „касап“ во оваа пиеса со пеење и пукање. Опозицијата во повеќе наврати ја спомена вмешаноста на професионални полицајци, особено припадници на Алфите, во и околу инцидентите. Власта и не се потруди да одговори. Без одговор останаа и јавно изнесените тврдења за полициски посети на домаќинства во Штип за време на викендите во предизборието, што граѓаните го разбрале како пристисок да се гласа за една опција, како и обвинувања дека студентите на Тетовскиот Универзитет се под притисок на одделни свои професори да гласаат за ДПА. Се појавија и информации за рекетирањето на бизнисмени Албанци, но и овие тврдења останаа неиспитани. По 1 јуни ОБСЕ ќе обзнани дека нивната Канацаларија за демократски институции и човекови права (OSCE/ODIHR) примила многубројни известувања од политичките партии и граѓани за други наводни инциденти (како движења на возила со вооружени лица во текот на ноќта по селата, и наводни илегални премини на лица од Косово со цел да прават инциденти во време на изборите). За дел од нив ќе се испостави дека не биле пријавени кај надлежните државни органи. Дали ќе се запрашате зошто?

ДИК во предизборието речиси ја немаше, се прогласи за ненадлежна во случајот на слични имиња на листите на Социјал-демократската партија и Социјал-демократскиот сојуз (СДСМ), изборен трик употребен и на изборите во 2006. По гласањето на 1 јуни од премиерот, владиниот портпарол и други ДИК беше означена како извор на информацијата дека инцидентите се однесуваат на 1 до 2 проценти од гласањето. За потоа преку серија децидни изјави – упатства или „делење задачи“ од страна на владиниот портпарол, премиерот и министри пристапи кон поништување на гласањето на голем број избирачки места. Ваквите примери секако ги отсликуваат и односите меѓу државните органи кои би требало да бидат наполно независни во своето делување. Државното обвинителство, иако во случајот на сличните имиња од кандидатските листи на СДП и СДСМ превзеде некои активности, ја искористи неажурноста на МВР по однос на нивното барање за проверка на (не) дадените и (не)потпишани согласности на „дублерите“ од СДП како алиби ништо да не стори пред изборите, па СДП сепак отиде на избори со кандидатите со слични имиња и презимиња. Обвинителството веројатно ќе се прослави и

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

69

ПОСЕБНИ АНАЛИЗИ По градовите и села шетаа „анкетари“ евидентирајќи кој за кого ќе гласа, колку од нивните соседи сигурно ќе гласаат. Резултатите ревносно се бележеа на контото на овие партиски симпатизери како поени за наградата во вид на вработување или државна услуга со слична тежина во случај нивната опиција да победи на изборите. Иако најголем број од овие и слични „партиски активности“ се случуваа во изборната единица во која таа ја предводеше листата на својата партија, Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска се задоволуваше со изјавата дека полицијата ги превзема сите неопходни дејствија за разоткривање на случаите. Полицијата едноставно и овој пат демонстрираше дека и покрај сите бескрајни домашни и странски реформи, е сеуште она што беше во поранешниот систем – партиска полиција. И уште полошо, полицијата во служба на коалицијата на власт се подели по етничка основа. По прв пат значајна вертикала во МВР е контролирана и злоупотребувана од албанскиот партиципиент во власта. Јалови беа предупредувањата дека функционер во МВР може да го контролира партискиот активист во истата личност, туку дека ќе се случува обратното – целата структура партиски активисти во МВР да го злоупотребуваат Министерството за партиски цели. По 1 јуни сведоци сме на серија изјави на странски дипломати во земјава кои ја изразуваа својата запрепастеност од фактот дека, на денот на изборите во својство на странски монитори биле сведоци на „проактивната“ улога на припадници на полицијата, кои и не го криеле своето задоволтво што наместо да спречуваат, учествувале или во најмала рака толерирале нерегуларности во изборниот процес. Тие без трунка респект за реформираната наша полиција, ја означија како партиска. Власта во екот на предизборието, денови со ред ја промовираше изградбата на нов затвор во Идризово и реновирањето на постоечките. Апсењата „по список“ течеа како на фабричка лента со задолжително присуство на ТВ камери, или пропратени со дистрибуција на службени снимки од приведувањата кои по „незнаени“ патишта пристигаа од МВР до електронските медиуми. „Случајно“ во време на кампањата се обнароди пресуда против една од водечките личности на опозициониот Социјал-демократски сојуз (СДСМ) Јани Макрадули, од високи владини структури им беа упатени закани за кривични

пријави на лидерката на СДСМ Радмила Шеќеринска, и шефот на предизборниот штаб на ДУИ Изет Меџити. Веројатно никогаш нема да дознаеме како и колку ваквото втерување страв резултираше со апстиненција од гласање, што за професионалниците во полнење кутии е само олеснување за вршење на нивната работа. Од друга страна стравот беше очигледен и кај оние што непосредно требаше да се грижат за спроведување на изборите. OSCE/ODIHR во својот прелиминарен извештај за изборите ги наведува податоците според кои, многу членови на избирачките одбори во регионите со високи политички тензии во предизборието побарале да бидат ослободени од работа во одборите, од страв од можно насилство на денот на изборите, па се наведува бројката од 50 поединци во Тетово, или примерот на Брвеница каде 5 од 18 избирачки одбори се изјасниле дека нема да работат во колку на денот на изборите нема постојано присуство на полицијата на избирачките места. Постфестум реакции По добивањето на оценката дека изборите се надвор од меѓународните стандарди, и неуспехот инцидентите да се релативизираат со тоа што за единствени виновници солидарно ќе се прогласат водечките албански партии, и особено откако беше прозван од влијателни странски дипломати, МВР превзеде активности и според мнистерката Јанкуловска (до моментов на пишување на извештајов) „за 20-тина случаи на нарушување на изборниот процес, експресно беа спроведени поголем број акции во кои беа приведени околу 50 лица. Од досега документираните случаи веќе се пријавени 40-тина осомничени. Против 38 сторители се поднесени пријави за сторени над 25 тешки кривични дела“. Јавноста беше известена и дека меѓу уапсените за изборни инциденти има двајца полицајци и еден поранешен висок функционер на МВР. Со тоа и МВР го даде својот скромен придонес во потврдата на информациите дека „во некои случаи, набљудувачите забележаа како полицијата и други служби за спроведување на законот стојат додека нерегуларностите се случуваат, или активно им помагаат на извршителите“ (OSCE/ODIHR). И не е без важност тоа што во конкретниот случај на полицајци и поранешен висок функционер, МВР успеа да го почитува принципот на презумпција на невиност (не видовме снимки од спектакуларни приведувања, ниту пак службени видео снимки беа емитувани некаде). Како репер за ефикасноста на ваквите изнудени постфестум реакции на надлежните државни институции ќе потсетиме дека и по повод инцидентите на Парламентарните избори 2006, по речиси идентично остар притисок на претставниците на меѓународната заедница, надлежните органи поведоа серија постапки против лица осомничени за предизвикување изборни инциденти. Две години подоцна медиумите (по иронија на случајот во екот на предизборната кампања) ја објавија информацијата дека ниту едно од лицата не доживеало судско финале за делата за кое било обвинето, и дека единствениот случај на казнето лице во врска со изборните инциденти во 2006 е сведокот кој теретел друго лице за сторен изборен инцидент. Засега нема ниту најава дека МВР ќе се справи со „паралелните вооружени индивидуалци“ кои се поврзани со политички партии (американската амбасадорка Џилијен Милованович). По се судејќи невладиниот сектор во Македонија ќе мора своите активности во сузбивањето на нелегелно поседуваното оружје да го прилагоди и во правец на „демилитаризација на партиите“, бидејќи партиите очигледно покрај свои заштитари (или токму преку нив) имаат буквално и свои параполиции или паравојски! Контролирани или купени медиуми Констатацијата дека најмоќните, особено електронските медиуми, се контролирани или купени од страна на (владеечките) политички партии дојде до израз за време на овие вонредни парламентарни избори. За да се оствари оваа „меѓузависност“ се „стави во погон“ широк спектар средства. Од една страна беше упо-

70

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

требен елегантен „catch 22“ па сопственици на медиуми (во случајот на две национални телевизии, нивните татковци) се најдоа на кандидатските листи на коалицијата „За подобра Македонија“, од друга страна наголемо се шпекулираше дека пристрасноста беше обезбедена со собраните наоди на претходните (финансиски) инспекции и закана од нивно процесуирање.

Во доменот на ниска политичка култура веројатно ќе остане фолклорната традиција на пуштање во промет на објекти, (и на незавршени објекти меѓу кои скопското средно училиште „Зеф Љуш Марку“ е веројатно шампион), ставање камен- темелници и слични пригодничарски потези кои оставаат бројни дупки, скели, огради и слични сигурни назнаки за немањето намера нешто да се изгради до крај.

За медиумите кои не можеа да се скротат на овој начин се употреби стариот добар метод на притисок и закани. Од прекинот на снабдување со електрична енергија на предавателите на некои електронски медиуми во чувствителни зони во времето кога тие емитуваат политичко-информативни програми, и едноставното симнување на нивните програми од понудата на локалните мрежи на кабловска ТВ, уште пред изборите се направи чекор напред. Така АлсатМ беше посетен од инспектори на УЈП и првостепено казнет со висок износ во евра, за во времето по полициската акција во Бродец да се упатуваат закани со кривични пријави и да им се „крадат“ предаватели исклучиво само во нивна сопственост од заеднички објекти на повеќе електронски медиуми. Во екот на кампањата повторно беа „украдени“ само предавателите на Алсат М и ТВ Арт во Тетово (и повторно оние на другите електронски медиуми останаа нечепнати). Коментирајќи ги шансите виновниците за овие „кражби“ да бидат пронајдени, портпарол на МВР даде изјава со предвидување дека сторителите тешко ќе можат да бидат откриени бидејќи не биле видени!

Во доменот на политичката етика остануваат најверојатно и предвремениот почеток на кампањата. Победничката ВМРО-ДПМНЕ ја подели својата изборна програма преку еден дневен весник неколку дена пред официјалниот почеток на кампањата: Тука некаде може да се смести и обидот на Министерството за правда да продолжи со своите огласи во печатот и по највата на Владата дека ги стопира своите рекламни кампањи за време на кампањата. Под етика, која никој не ја респектира ќе остане и нивото на јавниот говор употребен за време на кампањата и по изборите. Впрочем дали јазикот може да биде еднакво убиствен како и оружјето ако се употребуваат во исто време?

Сепак она што се случуваше и овој пат со јавниот радиодифузен сервис покажува дека колку и да е во јадна состојба МРТВ никако да се откаже од неговите пропагандистички услуги. Неговата Втора ТВ програма, поради учинокот на информативните програми на албански јазик, ја понесе титулата на најголем манипулант со изборните информации. OSCE/ODIHR говори за „силна пристрасност во полза на ДПА која добила 47 проценти од ударните вести за покривање на нејзините политички и изборни активности со изразито позитивен тон, наспроти 19 проценти воглавно со неутрален тон во однос на ДУИ”. Невладиното „Медиумско огледало“ зборува за скандалозна неуедначеност во полза на ДПА, и за пример го споменува неемитирањето на веста за пукањето во Раковец ( на Ахмети или неговиот автомобил), потоа реакции на ДПА на некои ставови на ДУИ, воопшто неемитувани на оваа програма. Советот за радиодифузија пак говори за неизбалансираност повторно во полза на ДПА. Злоупотреба на буџетски пари и останато

За жал во доменот на етиката ќе останат и сериозните дилеми околу (зло)употребата на децата во кампањата за овие избори, злоупотребата на личните податоци (за матурски и роденденски честитки). Веројатно во доменот на правнички стручни анализи останува и дилемата на неусогласеноста на Изборниот законик со некои закони кои го регулираат правосудството, а кои беа донесени подоцна, во поглед на второстепената жалба на оние кои се сметаат оштетени од одлуките на ДИК (проблем што може деновиве да стане актуелен поради незадоволството на ДПА со некои одлуки на ДИК за прегласување). За деновите откако изборите ќе останат зад нас, ке остане и одговорот на енигмата, како може да се реализира скапа кампања со лимитирани со закон средства за предизборни активности. Со други зборови Антикорупциската комисија и Државниот ревизор ќе треба да испитаат како ќе бидат платени многу големиот број емитувани спотови на барем двете главни партии на овдешните ТВ станици. Засега на обичните граѓани ќе им остане само сомнежот дека покрај својот глас на партиите учеснички на овие избори им дале и малку повеќе од своите во буџетот издвоени средства. На крајот само како потсетување – догодина не очекуваат локалните и претседателските избори.

Во текот на предизборието владини структури најавија вработување на 5000 Албанци во државната администрација, како извојуван чекор или придонес на ДПА во остварување на правичната застапеност на немнозинските заедници. Засега нема сигурни податоци за тоа дали воопшто дојде до вработување по овој основ. Антикорупциската комисија излезе со бројка помала од 500 предизборни вработувања како прекршување на предизборните правила. Владата пак во овој случај како и во случај на забревтаните пропаганди кампањи во предизборието се правдаше дека станува збор за одамна планирани активности, пред воопшто да се знае дека ќе има вонредни парламентарни избори. Иако не постои законска забрана за ваков вид владини кампањи во печатените медиуми по аналогијата на забраната за истите во електронските медиуми сосема е јасно, барем на етичко ниво дека ваквите кампањи во печатот се коруптивни во најмалку две нијанси. Прво што владините кампањи евидентно им помагаат на партиите во власта (пропаганда платена со владини пари), и второ што поради интензитетот на објавување претставуваат сериозен приход за осиромашените весници, кои сакале или не ќе треба да го ценат тоа. Ако информациите и редовните владини активности се на етичката граница на злоупотреба на изборните правила, вистинска енигма е користењето на државната инфраструктура за предизборните активности (почнувајќи од неплаќањето патарина до користењето на службени автомобили и други средства и услуги на сметка на државната администрација).

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

71

СООПШТЕНИЈА

ТОРТУРАТА Е СЕ УШТЕ МЕЃУ НАС! Порака по повод 26 јуни – Меѓународен ден на ООН за подршка на жртвите од тортура[1]

Х

елсиншкиот комитет за заштита на човековите права на Република Македонија веќе втора година по ред добива подршка од Доброволниот фонд на ООН за жртвите од тортура[2] за своите активности поврзани со жртвите на тортурата во нашата држава. Комитетот е на добар пат да ја добие поддршката и за 2009 година. Кога аплициравме и за прв пат ја добивме поддршката на Фондот бевме единствената НВО од РМ, во 2008 со нас уште една НВО ја доби подршката на Фондот. Еден од предусловите што требаше да го исполниме беше и доставувањето на десет случаи на жртви на тортура обрабодени според меѓународните стандарди – првата година употребивме случаи од неколку години, во наредните доволни беа само случаите во претходната година... Тогаш и не изненадува што само пред неколу месеци Комитетот за борба против тортура на Советот на Европа ја критикуваше Македонија за лошо постапување со лица лишени од слобода. Извештајот беше изготвен по десетдневната посета на делегација од Комитетот на Македонија во мај 2006, на шест затвори и притвори. Комитетот укажува дека „значителен број” лица, меѓу кои и малолетници, изјавиле дека полициските сили со нив лошо постапувале. Во извештајот се пренесуваат изјави на затворениците, кои тврдат дека полицајци во цивил за време од 24 часа во посебни простории ги испрашувале удирајќи ги со нозе, раце и пендрек за да проговорат, а некои притоа изгубиле свест. Комисијата укажува дека сила, неретко, применувале неискусни полицајци, но и оти тоа е поврзано со површно водени истраги. Во извештајот се оценува дека таквата состојба може да се смета за вид на соучество на официјалните инстанци, поради фактот што македонската држава не е подготвена да се соочи со тој проблем. Во извештајот од македонските власти се бара да спроведуваат политика на „нулта толеранција“ кон насилството и да спроведат вистинска истрага во случаи кога има сомневање за малтретирање.

72

И оваа година повеќе сериозни случаи на (полициска) тортура се документираат во Хелсиншкиот комитет. Заклучокот се наметнува сам по себе – Тортурата е се уште меѓу нас! За жал и денес жртвите на тортурата се меѓу нас. Од друга страна, состојбите во казнено –поправните установи се такви што речи си и нема разлика меѓу оценките за нив од невладиниот сектор, меѓународните организации, но и самата Влада, која во екот на предизборната кампања промовираше изградба на нов затвор во Идризово и реновирање на повеќе од постоечките затвори во државата. Одбележувајќи го 10 декември, Денот на човековите права, упативме јавен апел до Владата да го ратификува за Факултативниот протокол кон Конвенцијата против тортурата или другите нехумани или понижувачки казни и постапки. Апелот го повторивме и во месечниот извештај за фебруари 2008 година. Во меѓувреме работите скромно се раздвижија (Комитетот имаше работни средби во Министерството за надворешни работи, кое работи на законот за ратификација на Протоколот, тимот на УН во земјава организираше семинар, се активираа и други НВО со иста цел), но факт е дека нацрт-законот за ратификација не Протоколот не влезе во владина процедура, а нема ни најави дека новата влада го ставила во своите приоритети. Македонска делегација предводена од министерот за правда учествувајќи на 40-та сесија на Комитетот против тортура на ОН што се одржа во Женева на одбраната на вториот периодичен извештај на Македонија по Конвенцијата против тортура и друг суров, нехуман и деградирачки третман или казнување се пофалила со постигнатиот напредок во сите сфери кои се од интерес за остварувањето на човековите права, посебно за спроведување на реформи во правосудниот систем, кривичното материјално и процесно законодавство, полицијата, пенитенцијарниот систем, организираниот криминал, трговијата со

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

луѓе и семејното насилство. Министерот во Женева изјавил дека “Владата на Македонија, е цврсто определена да го измени ликот на казнено-поправните установи во државата“ и дека „се реформира пенитенцијарниот систем во согласност со пошироката реформата на казнено законодавство “. Токму затоа и апелираме новата Влада да ги забрза подготовките за донесување на законот за ратификација на Факултативниот протокол кон Конвенцијата против тортурата или другите нехумани или понижувачки казни, Државите кои го ратификуваат Протоколот ја преземаат обврската да назначат, постават или креираат едно или повеќе тела на национално ниво кои ќе бидат овластени да вршат посета на местата на задржување и да ги публикуваат нивните извештаи. Да потсетиме накратко што е Протоколот. Станува збор за нов механизам за превенција и елиминирање на мачењето или другите форми на нечовечко и понижувачко постапување или казнување, и нуди проактивен меѓународен и национален механизам за надзор и превенција на мачењето, преку регуларни или периодични посети на местата каде се задржани лицата лишени од слобода. Протоколот им остава на државите голема флексибилност во тој поглед: слободни се да формираат целосно нова структура, за таа цел да ги искористат веќе постојните механизми за заштита на правата во државата (омбудсманот, парламентарните комисии, граѓанските организации и сл.), или да ги комбинираат постојните со нови. Националните механизми за превенција ја алармираат владата за генералната ситуација која постои во местата за задржување на лицата лишени од слобода, а особено за политиките или случаите на мачење или нечовечко и понижувачко постапување и казнување. Препораките кои ги подготвуваат овие тела треба да бидат раководни насоки за владите во унапредување на положбата на лицата лишени од слобода, и условите во кои се задржуваат.

На националните механизми за превенција мора да им биде овозможена и дозволена посета на местата за задржување. Овие посети мора да бидат испланирани, претходно најавени и координирани. Меѓутоа, тоа не ги ограничува ваквите тела да ги посетат местата за задржување и ненејавено, и да извршат нивна инспекција, да остварат средба со лицата лишени од слобода, со вработените и да останат колку е потребно со цел да ја утврдат фактичката состојба, и условите во кои се задржуваат лицата лишени од слобода. Мора да се обезбедат финансиски средства кои целосно ќе ја покријат ваквата активност на националните механизми за превенција со цел истата да биде ефикасна. Со оглед на големата важност на овој проактивен меѓународен и национален механизам за надзор и превенција на мачењето преку регуларни и периодични посети на местата каде се задржани лицата лишени од слобода со цел интензивирање на заштитата на лицата лишени од слобода, Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ ја повикува новата Влада на РМ за поскора ратификација на Протоколот, при што невладиниот сектор да биде дел од процесот на креирањето на телото(а) за превенција од тортурата на национално ниво и да учествува во неговата работа. 26 јуни, 2008 ---------------------------------------------------------------------------[1] На 12 декември 1997 година, на десет годишнината од стапувањето на сила на Конвенцијата против тортурата и друго сурово, нехумано и понижувачко постапување и казнување, Генералното обрание на со резолуцијата 52/149 го приогласи 26 јуни за Меѓународен ден на ООН за поддршка на жртвите на тортурата [2] United Nations Voluntary Fund for Victims of Torture е формиран 1981 година. Собирајќи средства од доброволни прилози од влади, НВО и поединци, финансира активности на НВО за поддршка на жртвите на торурата и членовите на нивни семејства.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

73

СООПШТЕНИЈА

КОНТИНУИРАНО ИГНОРИРАЊЕ НА НАЧЕЛОТО НА ПРЕСУМПЦИЈА НА НЕВИНОСТ

Хелс Хелс Хе л ин ншк шкио иот от ко к мит ми ите тет во к во кон о ти он тиун унит итет ет ги ги след следи и случ сл учувањ увањ њат ата со о пр ри иве в ду дува ва ања њ та а во в о пос осле ледн ледн днит и е не н к ко олк лку у ме ес се еци ц / посл по след ед дни ни ите те е год год дин и и[[1], 1]] и со о жале жа ењ ње е кон нстат ст тат атир ир ра де дека ка во в о нај најјголе голе го лем м бр број ој н на а сл случ учаи аи не се по не поч чи ч читу иту тува в нач ва чел лот ото о на прес пр ресум умпц пциј пц ијја на н нев ев вин инос ост т ко к ее едно ед но од ос осно н вн но в ит и е по п ст с ул улат ати ат и на а к ив кр ивич ич и чна ата пос оста тапк та пк ка за з шт штит тен но со Уст тав авот от т на Ре Републ публ блик ика ик а Маке Ма кедо ке кедо дон ни ија ја и Евр вроп опск с ат ск та кон ко нв вен енција ци ија ја за чо чове в ко ови пра пра рава в . ва

Н

ајнапред во некои случаи постои во најмала рака сомнителна примена на процедурите пропишани со интерните акти на Министерството за внатрешни работи. Во Уставот на Република Македонија се гарантира принципот на пресумпција на невиноста[2] и правото на приватноста, достоинството и угледот на личноста[3]. Овие уставни заложби се преточени во Законот за полиција[4], како и во Кодексот на полициска етика[5] кои ги обврзуваат полициските службеници во извршување на овластувањата да го почитуваат достоинството, угледот и честа на лицата. Согласно Законот за кривична постапка, секој кој е гонет од државата или приватно, го ужива правото на „претпоставка на невиност“. Тоа со сигурност не е она право кое секојдневно го гледаме во Македонија, каде уапсените ги снимаат како ги спроведуваат до истражен затвор или истражен судија, а настанот е топ тема во сите медиуми. Со оглед на фактот дека Министерството за внатрешни работи е организатор и реализатор на полициските акции на приведување, сосема е симптоматично како за истите медиумите се точно известени за денот, часот и местото

на приведување, па се во можност спектаклот на уривање на нечие достоинство да го прикажат на целокупната македонска јавност. Ова дотолку повеќе што полицијата е обврзана со Кодексот на полициска етика објективно да ја информира јавноста притоа внимавајќи на принципите на доверливост на податоци и заштита на личниот интегритет, како и заради причините на водење на кривичната постапка[6]. Кому служи таа неетичка сензација која го руинира човековото достоинство и сите правни правила и норми на едно демократско општество за какво што се смета македонското? Кога говориме за начелото на пресумпција на невиност мора да споменеме дека покрај ова начело, со прикажувањето на оперативните снимки се повредува и правото на приватноста, личниот и семеен живот, угледот и достоинството кои исто така се гарантирани со Уставот и меѓународните акти. Повторно укажуваме дека ова право не може да се ужива кога на телевизиите се вртат снимки од приведени лица, и притоа се рецитираат нивните имиња, или пак како во некои случаи кога за иронијата да биде поголема, МВР информира со иницијали пропратени со слика и поблиска определба на професијата на лицето. Поради сето ова, Хелсиншкиот комитет инсистира на примена на Членот 8 од Европската Конвенција за човекови права, што подразбира дека при обезбедувањето на информации за осомничени, обвинети или осудени страни во кривичните постапки треба да се почитува нивното право за заштита на приватноста. Особено внимание од страна на државните органи и медиумите треба да се посвети на штетниот ефект од презентирањето на информацијата која овозможува идентификација на овие лица кои се само осомничени, а не и докажани сторители на кривични дела. Интригантно е и прашањето дали во ваквите акции полицијата може да ги оправда средствата за врзување на лица (лисици), со спречување на отпор спрема полициски службеник, бегство или самоповредување на лицето, или пак лисиците на приведените лица се само еден сегмент на „циркуската“ претстава што Министерството ја пласира со помош на медиумите! Во оваа прилика, Хелсиншкиот комитет потсетува на Кодексот на новинарите на Р. Македонија каде што во принципите на однесување стои дека новинарите имајќи ја во предвид својата улога во градењето на демократијата и цивилното општество ќе ги бранат човековите права, достоинство и слобода. Врз основа на овие принципи новинарите се обврзуваат во судските постапки да го почитуваат начелото на пресумпција на невиност, и да не поттикнуваат омраза, насилство и дискриминација по било која основа. Хелсиншкиот комитет во ниту еден случај нема намера да го минимизира правото на јавно информирање, но ги повикува новинарите да бидат внимателни и притоа да не ги повредуваат другите базични права како што се пресумпцијата на невиност и правото на почитување на приватниот и семеен живот, кои се загарантирани и со Европската Конвенција за човекови права. Хелсиншкиот комитет ја охрабрува и оценува како позитивна борбата на државата против корупцијата и сузбивањето на криминогените дејствија, но УКАЖУВА дека таквите акции не смеат да ги повредуваат основните принципи и заложби за почитување на основните човекови права и слободи, на начин што директно го рушат принципот на пресумпција на невиност, правото на почитување на приватниот и семеен живот, дигнитетот и угледот на личноста, а за сметка на прибирање политички поени, или можеби само анимирање на јавноста. 21 јули, 2008

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------[1] Месечни извештаи за декември 2007/јануари 2008, ноември 2007, јули/август 2007, февруари 2007, март 2008, јуни 2008. [2] Член 25 од Уставот “На секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот. “ [3] Член 13 “Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука. “ [4] Член 32 од Законот за полиција (Сл.весник бр.114/2006), кој почна да се применува од ноември 2007 година “Во извршувањето на полициските овластувања полицискиот службеник е должен да постапува хумано и да ги почитува достоинството, угледот и честа на лицата како и основните слободи и права на човекот и граѓанинот. [5] Член 56 од Кодексот на полициска етика донесен 04 јуни 2007, “Полициските службеници го почитуваат личното достоинство и индивидуалните потреби на лицето кое е повикано, приведено или лишено од слобода заради постоење на основи на сомневање дека извршило кривично дело.“ [6] Член 19, Кодекс на полициска етика, Службен весник на Р.М бр. 114/2006

74

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

ДОСТОИНСТВО И ПРАВДА ЗА СИТЕ

чoвeчкaтa припaднoст“, додека вториот член одредува дека „Ситe прaвa и слoбoди нaвeдeни вo oвaa Дeклaрaциja им припaѓaaт нa ситe луѓe, бeз oглeд нa нивнитe рaзлики, кaкo штo сe: рaсa, бoja, пoл, jaзик, рeлигиja, пoлитичкo или другo убeдувaњe, нaциoнaлнo или oпштeствeнo пoтeклo, сoпствeнoст, рaѓaњe, или друг стaтус“. За жал и 60 години по усвојувањето речиси нема земја во светот во која Декларацијата целосно се почитува и каде наполно се реализирани исклучителната визија и определеност на нејзините творци. Достапна на 360 јазици, што ја прави најпреведуван документ на светот, Декларацијата е се уште идеал – принципите за правда и еднаквост не се достапни на секој припадник на човековиот род. Достоинство и правда за сите е мотото со кое се одбележува овогодинешниот Ден на човековите права и 60 годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација. И тука пред нас има многу работа. И натаму нашата полиција се доведува во врска со употребата на тортура, кршењето на принципот на презумпцијата на невиност и инструментализацијата на медиумите во спектакуларните приведувања. Мерката притвор и натаму заличува на казна затвор неизречена со пресуда на суд. Користењето на посебните истражни мерки уште повеќе се проблематизира со либерализацијата на нивната примена без соодветен механизам на контрола. Состојбите во затворите и затворените инститиуции се најчесто навреда за елементарното човечко достоинство.

Порака по повод 10 декември Денот на човековите права и 60 годишнината од донесувањето на Универзалната декларација за човековите права

Г

енералното собрание на Обединетите Нации на 10 декември 1948 година ја усвои Универзалната декларација за човековите права. Отогаш до денес таа претставува камен темелник и меѓник за основните слободи и права на човекот било каде тој да живее. Декларацијата е основа на меѓународното право во доменот на човековите слободи и права, а како минуваше времето стануваше и дел од заедничките стандарди вградени во уставите на речиси половина од државите членки на ООН, вклучувајќи го и Уставот на Република Македонија. Триесетте члена на Универзалната декларација како израз на признавањето на врoдeнoтo дoстoинствo, и нa eднaквитe и нeoтуѓиви прaвa нa ситe члeнoви нa чoвeштвoтo сe тeмeлитe нa слoбoдaтa, прaвдaтa и мирoт вo свeтoт; сознанието дека нeпoчитувaњeтo и oмaлoвaжувaњeтo нa чoвeкoвитe прaвa рeзултирaa сo вaрвaрски пoстaпки штo прeтстaвувaaт нaврeдa нa чoвeкoвaтa сoвeст, додека сoздaвaњeтo нa свeт вo кoj луѓeтo ќe ja уживaaт слoбoдaтa нa гoвoр и убeдувaњe, и ќe бидaт oслoбoдeни oд стрaвoт oд вojнa и сирoмaштиja претставува нajгoлeм идeaл нa ситe луѓe; свеста дека е суштeствeнo чoвeкoвитe прaвa дa бидaт зaштитeни сo зaкoн, a чoвeкoт дa нe бидe принудeн пoслeдeн излeз дa бaрa вo пoбунaтa прoтив тирaниjaтa и угнeтувaњeтo; потребата дa сe унaпрeдувa рaзвojoт нa приjaтeлскитe oднoси мeѓу нaрoдитe. Токму затоа првиот член на Декларацијата ќе стане мото на заложбите за почитување и унапредување на човековите слободи и права: „Ситe чoвeчки суштeствa сe рaѓaaт слoбoдни и eднaкви пo дoстoинствo и прaвa. Tиe сe oбдaрeни сo рaзум и сoвeст и трeбa дa сe oднeсувaaт eдeн кoн друг вo дуxoт нa oпштo

Владеењето на правото не ни е доблесна особина. Реформите во правосудството наместо да го отсранат политичкото влијание од него, се почесто се сфаќаат од политичарите како алатка за ефикасно делење задолжителни инструкции за обвинителите и судиите. Кај нас не е лесно ни да се штрајкува, а врз медиумите се воспоставува ефикасна контрола. Заморени од предолгите судења, но и нанесените неправди граѓаните правдата се почесто ја бараат во Стазбур. Уставно дефинирани како социјална држава најмалку вложуваме во почитувањето на социјалните права, кои се една од најранливите категории кај нас. Опасно импровизираме со секуларизмот на државата. Далеку сме од тоа да се фалиме со начинот на кој најчесто избираме, го спроведуваме законодавството за борба против корупцијата. Пред нашите народни избраници се уште не стасале ратификацијата на меѓународни документи во области во кои покажуваме евидентни слабости, на пример Факултативниот протокол кон Конвенцијата против мачењето или другите свирепи нехумани или понижувачки казни и постапки или Конвенцијата за борба против трговијата со луѓе на Советот на Европа од 2005 година. Рејтингот на нашата држава во последните меѓународни рангирања за значајни области како перцепцијата на корупцијата, остварувањето на правото на здружување, слободата на говорот... не белжи напредок и најчесто паѓа. Високиот комесар за човекови права на ООН во својата порака за одбележувањето на јубилејот препорачува идната година да се прогласи за меѓународна година за учење на човековите права, како начин да се обезбедиме дека на идните генерации ќе им се даде максимум можности за остварување на она што им е ветено со исклучителниот документ познат како Универзалната декларација за човековите права. Можеби во тоа е и лекот за нас. Во меѓувреме Хелсиншкиот комитет ќе го прави она што и досега го правеше – жестоко ќе се бори за заштита на човековите права на Република Македонија. 10 декември, 2008

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

75

Месечни извештаи

МЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБАТА СО ЧОВЕКОВИТЕ Декември 2007 Jануари 2008 ПРАВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА I. ЈАВНИ НАСТАНИ И ПОВРЕДИ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРИНЦИПИ 1.1. Секуларизмот во Република Македонија 1.2. Меѓуресорско тело за човековите права 1.3. Полициската акција во Арачиново 1.4 Според Министерството за внатрешни работи, спектакуларните апсења се во духот на слободата на медиумите II. ПОВРЕДИ НА ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА 2.1. Трансформација на работното место од определено на неопределено време, со посебен осврт на овој проблем во образованието 2.2. Случај Јордан Донев III. ПОЛИЦИСКИ И СУДСКИ СЛУЧАИ 3.1. Случај Ангел Димитров -----------------------------------------------I. ЈАВНИ НАСТАНИ И ПОВРЕДИ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРИНЦИПИ 1.1 Секуларизмот во Република Македонија Според информациите пласирани во овдешните медиуми, потврдени и од владиниот портпарол, во втората половина на јануари Владата донела одлука за градење на црква (или возобновувањето на некогашната централна градска црква „Цар Константин и царица Елена“, сеедно) на Плоштадот во Скопје, меѓу Стоковната куќа и ресторанот „Дал-мет-фу“. Одлуката е донесена (со акламација!) на крајот на една од јануарските седници на Владата на РМ по презентирањето на идета од страна на премиерот. Потоа, со потпис на заменик министерот за култура распишан е „меѓународен конкурс 4/08 за идејно архитектонско и урбанистичко решение за објект – Православен храм на Плоштадот Македонија“ со награден фонд од 860 000 денари. Рок за доставување на проектите е 23 март, а ако се оди онака како што е најавено на лето треба да започне и изградбата на црквата. Притоа нема никакво службено објаснување зошто државата, а не верската заедница, треба да гради верски објект. Не се коментира фактот дека во деталниот урбанистички план на Скопје не е предвидена изградба на ваков објект, па започнувањето на активности за градба на обjектот претставува потез со кој се дезавуира целокупниот систем на урбанистичко планирање. Така, барем во оваа фаза, сите подготовки за негова изградба (вклучувајќи и трошење на буџетски пари за тоа) се вон од со законите предвидени процедури и како таква само е израз на самоволие и ароганција

76

на владеачката гарнитура. Владината одлука за градење на црква на централниот Скопски плоштад, по принципот на врзани садови, поради очекуваната реакција дека се манифестира нееднаков третман кон останатите верски субјекти, „набрзина“ донесе одлука и доведе до слични информации за градење на идентичен начин (со државни пари) на џамија во центарот на Тетово. Но, со тоа не само што не престанаа очекуваните реакции, туку дојде до нови барања на други верски заедници за други верски објекти на плоштадот во главниот град. Се формира и Координативно тело од 37 невладини организации и здруженија на граѓани со исламска вероисповед, со поддршка на уште 40 турски невладини организации и здруженија за обнова на Бурмали-џамија, а нема зошто да не се очекува дека и другите верски заедници во земјата ќе излезат со слични предлогбарања упатени до Владата на РМ. На овој начин Владата предизвика ситуација со која мора да се справува: ако се обновува старата црква, на истиот простор, според истиот принцип треба да ги обнови и другите верски објекти што постоеле во минатото а се од други конфесии. Друга опција нема – Владата треба да го почитува Уставот, а не да се поставува над него (со кршење на еднаквоста, равноправноста на сите верски заеници и религиозни групи) или треба да го менува Уставот вградувајќи ја нееднаквоста на верските заедници и религиозни групи. Во целата работа напроблематично е што Владата со оваа одлука најдиректно го доведува во прашање принципот на одвоеност на државата и верските заедници[1]. Но не само тоа. И претходните Влади, особено онаа на ВМРО-ДПМНЕ (1998-2002) трошеше државни пари за Милениумскиот крст на Водно, цркавата на Плаошник во Охрид, се обиде да воведе веронаука во образованието. Но, ако тогаш и можеше да се најде некое културолошко и цивилизациско образложение за таквите одлуки (2000 години од распнувањето на Исус Христос, оддавање почест на Климент Охридски...), за најновата одлука на Владата државата да гради Црква нема ниту такво „тенко“ оправдување, освен ако за образложение кое држи не се земат изјавите на владиниот потпарол и премиерот дека на главните плоштади на европските метрополи секаде има цркви. Оваа одлука е едноставно чекор понатаму во промоцијата на „државна религија“ или попрецизно, бидејќи поинаку и не може, „државни верски заедници“ видени во Македонската Православна Црква (МПЦ) и Исламската верска заедница (ИВЗ). Во таа насока одлуката за изградба на православна

црква, и евентуалната одлука за градење на џамија во Тетово, само ги фаворизира овие две верски заедници. Политичките мотиви на владеачките партии се јасни и препознатливи. За оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ е и логичен чекор по обидот во предизборието за последните парламентарни избори да се добие благослов од МПЦ за кандидатите за членови на парламентот, додека нејзиниот албански коалиционен партнер пак и не крие дека ја контролира ИВЗ. И воведувањето на веронаука во образованието, оспорено пред Уставниот суд, е еден вид услуга на власта на овие фаворизирани верски заедници со цел да се воспостават поблиски взаемни односи. Па затоа и не чуди обидот на Владата (со писмен допис!) да влијае на Уставниот суд пред неговото изјаснување по поднесената иницијатива. Овој исчекор доаѓа по долгото натегање околу донесувањето на новиот Закон за правна положба на црква, верска заедница и религиозна група (кој патем ќе се применува од мај годинава) и кубурењето со ексклузивитетот што во државната регулатива го имаа(т) МПЦ и ИВЗ и сериозните проблеми што Република Македонија ги има(ше) со верските слободи што резултираше усвојувањето на овој закон да биде еден од условите за нејзиното евро-атланско интегрирање. 1.2. Меѓуресорско тело за човековите права Извршната власт во Република Македонија во обид да ја подобри состојбата со човекови права формирала Меѓуресорско тело за човековите права, составено од претставници на неколку министерства, и други државни органи и тела[2]. Меѓуресорското тело за човековите права, има за цел да воспостави координација помеѓу ресорските министерства, да учествува во унапредување и давање предлози во однос на законската регулатива во областа на човековите права како и размена на информации, податоци и реализација на препораките од извештаите на надлежните комитети на ООН и Советот на Европа. Согласно Одлуката ова тело е должно да ја информира Владата еднаш годишно за својата работа. Формирањето на вакво тело навистина е потребно и претставува позитивен чекор во промоцијата на човековите права во Македонија . Промоцијата на човековите права е во тесна врска врска со заштитата и превенцијата од нивна повреда. Според Мери Робинсон, поранешен Висок комесар на ОН за човекови права, 21 век треба да претставува век на превенцијата на човековите права.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Неоспорно е дека вистинската цел на промоцијата на човековите права е во нивната заштита и превенција што е можно повеќе и подобро од страна на државата. Загрижува фактот што Меѓуресорското тело за човекови права преставува речиси целосна непознаница за пошироката јавност, а да не говориме за постигнатите резултати во неговата работа. Останува да се надеваме дека ова Меѓуресорско тело за човекови права не е можеби уште една формална обврска, препорака дадена од Европската комисија или пак е само форма без содржина со цел да се покријат суштинските недостатоци во однос на човековите права, нивното унапредување и заштита. Тргнувајќи од демократските принципи извршната власт во Република Македонија треба да ја информира јавноста за работата на ова тело, за превземените активности и да овозможи соодветна соработка на ова тело со невладиниот сектор кој работи во областа на човековите права. 1.3 Полициската акција во Арачиново Полициската акција во Арачиново во која беше убиен Насер Небија (22 јануари 2008) е уште еден доказ за немањето чувство за тоа како треба да се менаџираат слични акции. Полицијата како да има посебен приод кога се во прашање нејзините акции во единици на локална самоуправа со кои управуваат опозиционите политики партии, или уште полошо, во кои мнозинството население е немакедонско. МВР како да заборава дека една од приоритените реформи во држава во последниве неколку години е децентрализацијата со која треба битно да се зголеми влијанието на граѓанинот врз дејствувањето на институциите на системот и односите на взаемна доверба. Наместо да поаѓа од тоа дека и на локалната власт и население им е во интерес справувањето со криминалот и неговите носители и да воспоставува взаемно корисна соработка со нив, полицијата како по правило во спроведувањето на вакви акции се однесува како да ги изведува на непријателска територија населена од луѓе кои се нејзини природни непријатели. Слично како и при акцијата во село Бродец МВР не најде за сходно локалните власти и локалното население да ги информира и да им ја објасни потребата и целите на акцијата. Неинформирањето на локалните власти за намерата и целта на полициските акции на територијата на единиците на локалната самоуправа говори за недовреба на МВР кон нив од едноставна крајно загрижувачка и проблематична причина дека станува збор за опозициони политички партии или пак за население на кое не треба да му се верува. Ефектите од вака изведуваните полициски акции се катастрофални. Не

само што ги прекинуваат нормалните односи на институциите на системот задолжени за спроведување на законите и населението во чие име тоа се прави, туку директно ја стимулираат недовербата на населението кон нив, небаре државните институции по дефиниција се непријатели на населението. За жал и во овој случај, како и при акцијата во село Бродец, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди како да покажува дека е се уште кревок во однос на диктатот на раководните полициски структури, па не смогна сили да укаже на потребата од пообмислено менаџирање на ваквите акции, па се задоволи во манирот на старата пракса со својата оценка на акцијата истата само да ја оправдува независно од тоа како е изведена. МВР во напорите да ги „покрие“ незадоволството на локалното население и локалните власти и овој пат се послужи со својот доброувежбан метод на инструментализиација на дел од медиумите преку кои беа пласирани повеќе „информации“ со цел да се одвлече вниманието од искажаното незадоволство. За Хелсиншкиот комитет и ова е уште еден доказ дека новиот Закон за полиција, одобено во однос на процедурите за преиспитување на делувањето на полицијата, е далеку од посакуваните ефекти на една вистински реформирана полиција. 1.4. Според Министерството за внтрешни работи, спектакуларните апсења се во духот на слободата на медиумите Хелсиншкиот комитет, во претходниот извештај за месец ноември го повика Министерството за внатрешни работи да даде објаснување во однос на примената на средствата за присилба, “лисици“ при последните актуелни апсења, како и за објаснување за присуство на медиумите во однос на ваквите апсења. Во одговорот добиен од страна на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди од 25 Декември 2007 година Комитетот доби објаснување дека „лисиците“ се применуваат поради можноста за бегство на осомничените што воедно е законски основ за нивна примена. Образложението за овој основ според МВР е претходно бегство на неколку осомничени, што доведува до аналогна опасност дека и останатите ќе побегнат, без да ги наведува околностите при кои овие лица биле апсени. Во однос на медиумите, МВР оправдувањето го наоѓа во слободата на медиумите и право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Комитетот го потсетува повторно Министерството дека сепак правата што ги има секое осомничено лице, особено кога станува збор за правото

на слобода и сигурност на личноста, правото на приватност и пресумпцијата на невиност треба да бидат видно повеќе заштитени наспроти слободата на медиумите. Комитетот сосема се залага за слобода на медиумите и нивна независност во информирањето на јавноста, но сепак доследно останува на фактот дека информацијата може да се добие и пренесе на друг начин, а во исто време да се зачува дигнитетот на личноста на осомничените. II. ПОВРЕДИ НА ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА 2.1. Трансформација на работното место од определено на неопределено време, со посебен осврт на овој проблем во образованието Хелсиншки комитет подолг период добиваше претставки од граѓани, вработени во образовниот систем поради нивниот нерегулиран работен статус, во смисла на трансформација на работниот однос од определено на неопределено, иако ги исполнуваат законските услови за тоа. Лицата најчесто вработени во основните или средни училишта чекаат согласност за да им се трансформира работниот однос на неопределено време, поради што голем број од нив се решаваат на судски постапки и дополнителни трошоци за остварување на законското право. Законот за работни односи ја предвидува ваквата можност согласно член 46 од истиот според кој “Договор за вработување може да се склучи на определено време,...,со прекин или без прекин до четири години. Работниот однос заснован со договор за вработување на определено време, се трансформира во работен однос на неопределено време, ако работникот продолжи да работи по истекот на рокот од ставот (1) на овој член, под услови и на начин утврдени со закон“. Имено, веќе во општите одредби на договорот за вработување постои правило дека договорот за вработување се склучува на неодредено време. Тоа е една од карактеристиките на трудово-правната природа на договорот за вработување. Заради таа карактеристика, нагласена и во меѓународни документи,[3] пред се од аспект на заштита од вработување на определено време како и за да се избегне изигрување на одредбите за отпуштање на работници, се нагласува обврската на работодавецот експлицитно пред засновање на договорниот однос со работникот да нагласи дека истиот ќе биде заснован на определено време поради природата на самата работа. Покрај тоа сегментот на договорот за вработување изречно го нагласува и Директивата на Советот на ЕУ за обврските на работодавачот да ги информира работниците за условите за вработување. Во врска со веќе наведените меѓународни документи, треба законски да се утврдат случаите

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

77

Месечни извештаи кога може работен однос да се склучи на одредено време. Согласно домашната регулатива, законодавецот предвидел можност за трансформација на работниот однос од определено на неопределено за ист работник кој за иста работа склучува последователно договори за период од 4 години. Оваа законска одредба иако императивна, во праксата нема целосна автоматска примена, дотолку повеќе што постојат “одредени пракси“ кои ја отежнуваат примената на оваа законска одредба и ги принудуваат работниците да поведуваат судски постапки.[4] Наведената одредба во став 2, предвидува дека трансформацијата ќе се врши “под услови и на начин утврдени со закон,“ но ниеден закон не содржи таква одредба. Од друга страна ЗРО не упатува ова прашање да биде доуредено со колективен договор, туку исклучиво со закон, што укажува на правна празнина која во практиката ќе создава проблеми при нејзиното толкување. Токму како резултат на ваквата пракса, Комитетот воочи проблеми во остварување на ова право по истек на законски предвидениот рок, особено за лица вработени во воспитнообразовните установи. Имено, станува збор за процедура која не е никаде изречно предвидена со закон, а сепак го попречува остварувањето на правото на работникот стипулирано во членот 46 став 2. Сознанијата на Комитет во однос на овој проблем во основните и средни училишта, упатуваат на тоа дека откако поминалe четири години работен стаж за еден работник во исто училиште, директорот на училиштето поднесува барање за согласност за трансформација на работниот однос на односното лице до Министерството за образование и наука, кое барање потпишано од негова страна, како и од Министерот за финансии, претставува основа за објава на јавен оглас, како и основа за пријава на работникот во Агенцијата за вработување како вработен на неопределено работно време. Таквата пријава не може да се изврши без потписите на наведените министри. Често се случува, согласно праксата во Комитетот, да работниците чекаат со месеци, а некои со години за добивање на согласност од страна на наведените Министерства. Хелсиншкиот Комитет укажува на потребата за до прецизирање на законските одредби, поточно комплетно уредување на постапката и начинот на трансформација на работниот однос

од определено на неопределено време, особено во областа на образованието. Тоа воедно подразбира и предвидување рокови за давање на согласност со цел да се исправи оваа правна недореченост и отстрани било каков облик на правна несигурност за работниците, при што реализација на ова право нема да зависи исклучиво од волјата на ресорните министри. 2.2. Случај Јордан Донев Г-дин Донев се обрати до Комитетот во врска со престанокот на работниот однос како инспектор (државен службеник) во Управната инспекција поради исполнување на законскиот услов, старосна пензија. Согласно одлука на Уставен суд бр.161/2005 од 21.12.2005 година објавена во Службен весник бр.04/06 се поништува член 104 став 1 од Законот за работни односи[5], врз основа на што не може да престане работниот однос по овој основ. Во одлуката, Уставниот суд се повикува на заштитата на дискриминација, еднаквоста на граѓаните пред законот и правото и слобода на работа, укажувајќи дека секое работно место мора да му биде достапно на секој граѓанин. Судот утврдил основа за поништување на овој член бидејќи оспорената законска одредба не е во согласност со начелото на еднаквост на граѓаните нез ависно од полот и начелото на достапноста на секое работно место секому под еднакви услови, пред се поради фактот што условите за старосна пензија се различни за мажи и жени. Законот за работни односи е lex generalis во однос на регулирање на правата и обврските кои произлегуваат од работниот однос. Странката како државен служебник го обжалила решението за престанок до Комисијата при Агенцијата за државни службеници кои му укажуваат дека во законот за државни службеници, како lex specialis, се уште е императивна одредбата дека на работникот кој се стекнува со право на пензија државниот орган може да му го прекине работниот однос.[6] Во однос на одлучувањето, Комисијата при Агенцијата воопшто не ја зема во предвид укинатата одредба од Законот за работни односи, туку врши рестриктивно и формално применување на одредбата од законот за државни службеници, а кое се однесува за идентична основа. Оттука Комитетот со загриженост констатира дека на овој начин постојат две групи на работници за кои постојат

поинакви основи за престанок на работниот однос. Тоа се сите работници за кои важи Законот за работни односи во кој старосната пензија не е законски основ за престанок на работен однос и државните службеници за кои директно се применува Законот за државни службеници во кој овој основ и понатаму е во сила. Ваквата законска неконзистентност и игнорантски однос спрема одлуките на Уставниот суд претставува основ да се дискриминира одредена категорија на работници за сметка на сите останати. Комитетот ги повикува државните органи да водат сметка за примена на законските измени и во случаи на некомпатибилност на одредени законски решенија од иста област да поднесат иницијативи до Уставниот суд за нивна усогласеност со lex generalis прописите. III. ПОЛИЦИСКИ И СУДСКИ СЛУЧАИ 3.1. Случај Ангел Димитров Ангел Димитров од Кавадарци се обрати до Комитетот поради нестручно и несовесно постапување на судија од Основен суд Кавадарци. Во пресудата за неговиот предмет каде странката е тужена за надомест на долг заведен под П бр. 148/00 од 02. 04. 2003 година, судијата утврдил солидарна одговорност на странката за направен долг согласно Законот за претпријатија, при што се повикувал на овој закон при утврдување на меритумот во спорот. Законот за претпријатија е укинат со донесување на законот за трговски друштва кој е објавен во Сл, весник на РМ бр. 29/96 од 06. 06. 1996 година, а тужбата на тужителот е поднесена во текот на 2000 година, односно кога во примена не бил Законот за претпријатија на кој се темели пресудата на судијата. Во однос на конкретниот судија, странката има поднесено барање до Судскиот совет на РМ од каде чека одговор во однос на неговите наводи за нестручно и несовесно работење на судијата. Комитетот смета дека Судскиот совет треба внимателно да го испитува работењето на судиите и нивната стручност во примена на законската регулатива кога е повикан тоа да го стори. Иако тоа е предмет на второстепена судска контрола и можност за укинување на таква пресуда, сепак е индикатор за познавањето и примената на законите кои можат да бидат на директна штета на граѓаните, што бара и дополнителна контрола за стручноста на конкретниот судија.

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------[1] Член 19 од Уставот на РМ: Се гарантира слободата на вероисповеста. Се гарантира слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата. Македонската православна црква, другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред законот. Македонската православна црква, другите верски заедници и религиозни групи се слободни во основањето на верски училишта и на социјални и добротворни установи во постапка предвидена со закон. [2] Одлуката на Влада, бр. 19-1378/1 од 29.03.2006 година (Сл. Весник бр.44/2006) [3] Директивата на Советот на ЕУ 25.06.1991 година во која се третираат мерки за подобрување на безбедноста и здравјето на вработените за одредено време, како и Конвенцијата бр.158 и Препораката 166 на МОТ за престанување на работниот однос на иницијатива на работодавачот [4] Според Мислење на Министерство за труд и социјална политика, објавено во Коментар и водич низ законот за работни односи на Здружението на правници од стопанството во РМ, март 2006, “кога се работи за јавна или друг вид на установа која се финансира од Републичкиот буџет, за да може работниот однос да се трансформира на неопределено време, треба претходно да се обезбедат средства за плати и придонеси за конкретното работно место и потребата да е утврдена како таква во актот за систематизација на установата.“ [5] Член 104 став 1 од ЗРО “(1) Работодавачот има право да го прекине договорот за работа на работникот кога работникот ќе исполни услови за остварување старосна пензија согласно со закон. “ [6] Одлука на Комисијата за Агенцијата за државни службеници бр. 12-15658/2 од 26.11.2007

78

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

МЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБАТА СО ЧОВЕКОВИТЕ Февруари 2008 ПРАВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА I. ЈАВНИ НАСТАНИ И ПОВРЕДИ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРИНЦИПИ 1.1. Втор повик до Владата на Република Македонија за ратификација на Факултативниот протокол кон Конвенцијата против мачењето или другите свирепи нехумани или понижувачки казни и постапки 1.2. Кон полициската акција во село Бродец, тетовско 1.3. Нападот на Горан Гаврилов индикатор за состојбите во радиодифузијата II. ПОВРЕДИ НА ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВA 2.1. Недореченост на Законот за платниот промет 2.2. Третманот на лицата заболени од Хепатит Ц III. ПОЛИЦИСКИ И СУДСКИ СЛУЧАИ 3.1. Организационите и етичките аспекти на здравствената заштита во затворите 3.2. Одделни случаи на полициска бруталност -------------------------------------------------I. ЈАВНИ НАСТАНИ И ПОВРЕДИ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРИНЦИПИ 1.1. Втор повик до Владата на Република Македонија за ратификација на Факултативниот протокол кон Конвенцијата против мачењето или другите свирепи нехумани или понижувачки казни и постапки Во својата порака по повод 10 декември, меѓународниот ден на човековите права, Хелсиншкиот комитет упати јавен апел до Владата на РМ за ратификација на Факултативниот протокол кон Конвенцијата против мачењето или другите нехумани или понижувачки казни и постапки. Во меѓувреме до ратификација на факултативниот протокол не дојде, но затоа расте бројот на македонските невладини организации кои добиваат меѓународни грантови за следење на практицирањето на тортурата од страна на нашите државни институции, а состојбите во нашите казненопоправни институции се предмет на релевантни извештаи за состојбата на човековите права во Република Македонија. Затоа Комитетот и во оваа прилика го повторува јавниот апел до Владата за ратификација на Факултативниот протокол кон Конвенцијата против мачењето или другите нехумани или понижувачки

казни и постапки со надеж дека таа конечно ќе пристапи кон обврската што ја превземала, воедно надевајќи се дека кон апелот ќе се придружат и останатите невладини орагнизации кои дејствуваат во оваа област. Во продолжение повторно на јавноста и ги нудиме нашите аргументи за потребата од ратификација на овој факултативен протокол и неговата примена во РМ. Афирмирајќи ги човековите права како универзална вредност и цивилизациска придобивка, меѓународната заедница прифати дека мачењето конституира сериозна повреда на фундаменталните права на човекот – неговото достоинство, телесниот интегритет и безбедноста на личноста. Заокружувањето на борбата против мачењето беше сторено низ усвојувањето на Конвенцијата против мачењето или другите свирепи, нехумани или понижувачки казни и постапки. Со Конвенцијата не само што е дефиниран поимот на мачењето, туку се предвидуваат строги обврски за државите во поглед на почитувањето на ова право преку преземање ефикасни законски, административни и други правни мерки заради спречување на мачењето. Дваесет години по усвојувањето на Конвенцијата против мачењето, Генералното собрание на ОН со резолуција од 18 декември 2002 година го усвои Факултативниот Протокол кон Конвенцијата, кој стапи во сила по депонирањето на дваесеттиот инструмент на ратификацијата на 22 јуни 2006 година. Целта на Протоколот е да им помогне на државите да ги исполнат своите обврски превземени со Конвенцијата против мачењето на ОН. Факултативниот протокол е положен на два столба. Првиот, етаблира систем на превенција на случаите на мачењето, наместо реакција на истите откако ќе се случат. Вториот столб е соработката на државите членки во превенцијата и елиминирањето на случаите на мачење. Со тоа, Факултативниот протокол креира систем на независна инспекција на местата на задржување со цел за превенција на мачењето и мониторинг на условите кои владеат во ваквите места. Државите членки на Протоколот, од друга страна пак, имаат обврска да назначат, постават или креираат едно или повеќе тела на национално ниво кои ќе бидат овластени да вршат посета на местата на задржување. Понатаму, државите членки имаат обврска да ги публикуваат извештаите на националните тела за посета на местата на задржување на лицата

лишени од слобода. Намерата на Факултативниот протокол е преку посетите и извештаите кои ќе произлезат од нив да отвори расправа меѓу властите и телата за надзор со цел да се спречат кршењата на човековите права и да се отстранат причините кои ги генерираат условите за мачење. Со донесувањето на Факултативниот протокол потврден е фактот дека што поголема е отвореноста и транспарентноста на местата за задржување и притворање помали се можностите за злоупотреба на силата од страна на овластените службени лица, а со тоа и поголема е заштитата на лицата лишени од слобода кои се исклучително ранливи и незаштитени од можноста да бидат субјект на мачење или нечовечко или понижувачко постапување или казнување. Членовите на меѓународните и националните механизми за превенција од мачењето имаат мандат да вршат посети на местата за задржување на постојана или периодична основа. Ваквата власт со која се снабдени експертите од кои се компонирани овие тела е исклучително важна затоа што за ваквите посети не треба претходно добиена согласност од државата. Важно е да се напомене дека текстот на Факултативниот протокол не упатува на формата и видот на националните механизми за превенција на мачењето. На државите членки им е оставена голема флексибилност во тој поглед: слободни се да формираат целосно нова структура, за таа цел да ги искористат веќе постојните механизми за заштита на правата во државата (омбудсманот, парламентарните комисии, граѓанските организации и сл.), или да ги комбинираат постојните со нови. Според манифестираната практика од страна на државите членки, повеќето од нив се одлучиле за варијантата за целите на Протоколот да ги искористат постојните механизми за заштита на човековите права како што се омбудсманот и постојните парламентарни комисии, проширувајќи ги нивните капацитети за надзор и над случаите на мачење. Во некои држави пак, се води расправа за можно креирање на ново тело кое би било некој вид поврзување на невладиниот сектор со националните институции за заштита на правата. Ова ја потврдува заложбата на повеќето држави дека невладиниот сектор мора да биде дел од процесот на креирањето на телата за превенција од мачењето на национално ниво. Креирањето на националните механизми е круцијален во процесот

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

79

Месечни извештаи на градењето на нивната ефикасност. Националниот превентивен механизам не располага со судски функции и не е замена за судската власт во државата. Не се под владина контрола, но не се работи за невладина организација, иако не го исклучува невладиниот сектор во учеството во нивното креирање и функционирање. Со оглед на големата важност на овој проактивен меѓународен и национален механизам за надзор и превенција на мачењето преку регуларни и периодични посети на местата каде се задржани лицата лишени од слобода со цел интензивирање на заштитата на лицата лишени од слобода, Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ ја повикува Владата на РМ за поскора ратификација на Протоколот, при што невладиниот сектор да биде дел од процесот на креирањето на телото(а) за превенција од мачењето на национално ниво, а исто така нивни претставници да членуваат во истото. 1.2. Кон полициската акција во село Бродец, тетовско

Иако уште пред десетина години беа донесени првите закони кои конечно ја регулираа оваа сфера, се покажува дека и натаму владее хаосот во оваа област, која само се мултиплицира со воспоставувањето на кабелските оператори. И натаму имаме работење вон рамките на законте: емитување „на диво“ на радио и ТВ програма, вон или неускладено со законот работење на кабелските оператори, да не говориме за другите придружни појави (односот кон вработените при што се кршат нивните елементарни права во поглед на висината на платите, неплаќањето на придонесите за здравствено и пензиско осигурување...). На крајот цената ја плаќаат граѓаните преку она што го добиваат од електронските медиуми како финален производ или услуга. Сосотојбите директно се одразуваат на квалитетот на програмата и информациите кои преку моќните електронски медиуми им се достапни на граѓаните. Притоа речиси непотребно е да се говори за погодноста што ваквата хаотична состојба ја дава за директни политички притисоци и закани, влијанија на уредувачката политика, па дури и оштетување на имотот, (зло)употребата на буџетски пари за реклами и огласување... без за сето тоа да има барем минимални напори на надлежните државни институции за средувањето на хаосот.

промет предвидено е да доколку некое лице (правно или физичко) нема доволно средства на неговата сметка во соодветната банка врз чија основа би требало да се реализира судското решение за присилна наплата на неговите достасани обврски врз разни основи, неговата банка би требало да ги извести сите други банки да го запрат користењето пари од сметките што тоа лице ги отворило во тие банки. Во главно таквото решение е законски основано и оправдано. Но, проблемот што тука би можел да се појави е дали таквото решение може да се применува и спрема сметки во кои должникот - физичко лице се појавува како нечиј старател, законски застапник, како полномошник на носителот на сметката итн. Хелсиншкиот комитет апелира до надлежните органи навремено да ги расчистат тие и слични дилеми со донесување на посебни упатства за оперативна примена на законот за платниот промет. 2.2. Третманот на лицата заболени од Хепатит Ц

Хелсиншкиот Комитет ги повикува надлежните органи да ја признаат грешката, спроведат вистинска истрага за начинот на кои биле третирани приведените лица во полициската акција и да поднесат кривична пријава против сите сторители на кривични дела, без селективна примена на законот.

2.1. Недореченост на Законот за платниот промет

Невладината организација ХЕПТА испрати допис до Хелсиншкиот комитет со кој не известува дека со одлука на Министерството за здравство и Фондот за здравство, со позитивната листа на лекови, според која заболените од Хепатитис Ц лекувањето поточно соодветната терапија треба да ја добиваат и продолжат на Инфективната клиника во Скопје, а не на инфективните одделенија во своите градови. По добиениот допис од Министерството за здравство и бирото за лекови, ХЕПТА не информираше дека дел од ситуацијата се променила т.е. пациентите истата почнале да ја примаат на инфективните одделенија во своите градови, но останува проблемот со навремена дијагностика и недостапност на терапија за сите пациенти кои ги исполнуваат критериумите за отпочнување со терапија. ХЕПТА смета дека наместо подобрување, овие лица се соочуваат со нови негативни состојби со кои се кршат нивните основни човекови права за навремена дијагностика и достапен третман. Со одложувањето на дијагностиката и третманот на лицата заболени од Хепатит Ц, не се почитува ниту Законот за заштита на населението од заразни болести, со што се загрозуваат не само нивните, туку и животите на целото население во Републиката.

Од 1 јануари 2008 година стапи во сила новиот закон за платниот промет. Со него се внесуваат новини и решенија што се компатибилни со актуелниот систем на платен промет во Европската Унија.

Хелсиншкиот комитет за човекови права го подржува ставот на ХЕПТА, и поради сериозноста на овој проблем ги повикува надлежните органи да пристапат кон сериозно и навремено решавање на настанатата ситуација.

1.3. Нападот на Горан Гаврилов индикатор за состојбите во радиодифузијата

Но постојат дилеми и нејасности во поглед на неговата практична примена, поточно во делот III, вршење на работите на платниот промет. Во членот 22 на Закон за платниот

Во месец февруари преку медиумите беше прикажана снимка од притворено лице од полициската акција во село Бродец, тетовско. Од снимката со сигурност можеше да се констатира дека лицето имаше телесни повреди по главата и дека од истите со тешкотии можеше да се утврди неговиот идентитет. Исто така од разговорот со ОСЛ, кое не можеше да се идентификува, јавноста се увери во начинот на постапувањето со овие лице за време на истражната постапка. Со ова само се потврди точноста и објективноста на констатациите на објавената Анализа за полициската акција во село Бродец на 7 Ноември 2007 година на Хелсиншкиот комитет. За жал, од страна на Министерството за внатрешни работи наместо да се преземат конкретни мерки и да се поднесе кривична пријава против сторителите на кривичните дела кои извршиле тортура врз приведените лица, акцијата беше насочена кон снимателите на видео клипот кој всушност докажа дека сепак имало употреба на прекумерна сила во оваа акција.

Нападот (со посегање по неговиот

80

живот) врз сопственикот на радио мрежата Канал 77 Горан Гаврилов, како што покажува и досегашниот развој на истрагата, е само уште еден индикатор за состојбите кои владеат во нашата радиодифузија, а тие се хаотични, со видливо присуство на финансиски и политички интереси.

Хелсиншкиот комитет очекува дека власта ќе биде подеднакво ефикасна и во средувањето на состојбите во областа на радиодифузијата како што беше и во изнаоѓањето на напаѓачите на Гаврилов, најнапред со спроведување и почитување на постоечката законска регулатива, а потоа и со нејзина квалитативна надградба, за да може да се создаде простор и во оваа област примарни интереси да бидат подготвување и пружање програма и услуги на задоволство на граѓаните. II. ПОВРЕДИ НА ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА

III. ПОЛИЦИСКИ И СУДСКИ СЛУЧАИ 3.1. Организационите и етички аспекти на здравствената заштита во затворите

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

До Хелсиншкиот Комитет за човекови права се обрати лицето К.Ф. од Гостивар преку својот бранител, во врска со неговата нарушена здравствена состојба и барањата за адекватен лекарски преглед во Клиниката Скопје во Одделот за кардиологија. Според наводите на странката, осомничениот, кој се наоѓал во притвор, веќе подолго време бил со нарушена здравствена состојба, при што кај него биле утврдени повеќе дијагнози, односно боледувал од повеќе болести. Бидејќи, како што истакнува неговиот бранител, осомничениот и претходно имал здравствени проблеми, при извршената посета во КПУ Шуто Оризари во Скопје каде ја издржувал мерката притвор, истиот се жалел на болки во градите, гушење и други симптоми со појачан интензитет од претходните кои ги имал кога бил хоспитализиран во Одделот за кардиоваскуларни заболувања. Меѓу другото, а како резултат на загриженоста за здравствената состојба на К.Ф, според наводите на неговиот бранител, тој и семејството на осомничениот, на неколку наврати се обратиле до затворскиот лекар и Директорот на установата, со цел превземање на соодветни дејствија за заштита на здравјето на осомничениот, но сето тоа без никаков одговор. Уште поалармантна е потребата за превземање соодветни чекори, особено за надзор над примената на законските одредби за здравствена заштита во затворите, кога ќе слушнеме за фатални последици и настапување смрт на затвореник, сето тоа (според наводите на странките) како резулатат на негрижата за нивното здравје и непревземање соодветни мерки за превенција. На тоа укажува повторно пример од реалноста. До Хелсиншкиот Комитет за човекови права на РМ се обрати лицето Н.А. татко на починат затвореник С.А. Според наводите на странката неговиот син (роден 13.06.1980 во Скопје) починал на ден 29.10.2007 година. Се работи за лице кое одлежувало казна затвор во КПУ Идризово. Според потврдата за смрт и лекарскиот извештај за причината за смрт, неговиот син починал од гнојно воспаление на мозокот. Според сознанијата на странката, неговиот син два месеца однапред се жалел на главоболки и барал да биде прегледан, но бил одбиван од страна на надлежните лица во затворот, што најверојатно придонело за неговата смрт. Реално се наметнува потребата од дополнувањето и допрецизирање

на законските одредби кои се однесуваат на здравствената заштита во затворите, како и нивно целосно почитување и применување од страна на службените лица кои ја сочинуваат затворската администрација и медицинскиот персонал, а која потреба произлегува од бројните практични примери во реалноста кои на некој начин ја потврдуваат спротивната состојба во оваа област. Како поткрепа на овој факт е и Препораката бр. 7 на Советот на Европа за организационите и етички аспекти на здравствената заштита во затворите од 1998 година, која може да послужи како релевантен пример на документ кој содржи комплетна листа на принципи, права и обврски врз основа на која може да се изврши значајна дорегулација на премногу општите одредби во нашите закони. Фактот дека вака стипулираните одредби не се доволни или пак и да се доволни сепак не се целосно спроведувани и почитувани од затворската администрација, говори и фактот што за само два месеца во Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ се обратија две странки (кои не се и единствените) во однос на два случаи на недоследна примена и неовозможување на затворениците да ги користат правата на здравстевна заштита, кои понекогаш имаат и фатални последици како во вториот случај. 3.2. Одделни случаи на полициска бруталност До Хелсиншкиот Комитет се обратија лицата Боге Угриновски од с. Подбреѓе, Андон Спасов од Скопје и Грозде и Злате Денчовски од Скопје, кои поднесоа претставки жалејќи се на понижувачкото однесување и бруталноста на полицијата. Имено, сите три странки, во различни ситуации тврдат дека биле физички нападнати и претепани од полициски службеници при што се здобиле со повреди по телото и главата кои оставиле последици по нивното здравје, за што располагаа и со соодветна медицинска документација. Бидејќи според фактичката состојба, постоеја сериозни индиции дека припадниците на МВР ги злоупотребиле своите овластувања во вршењето на должноста и постапиле спротивно на правната регулатива[1], за сите три случаи посебно, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија се обрати до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, со допис преку кој беа побарани информации за

активностите кои Секторот ги има превземено во врска со постапувањето на полициските службеници, дали е спроведена истрага како и каков е исходот од истата. Во духот на подобрената соработка со Секторот, добивме известувања во кои Секторот потенцирајќи и цитирајќи ги навредливите зборови и пцости со кои наводно странките се обратиле до полициските службеници, не известува дека полициските службеници биле предизвикани да употребат сила – зафат, па дури во два од трите случаи МВР поднело кривични пријави против странките за кривично дело "Напад на службено лице при вршење на работите на безбедноста"[2], поради што претставките се неосновани. Не може да остане незабележан фактот што во временски период од два месеци, во три одвоени поплаки од граѓани при спроведената истрага Секторот за внатрешна контрола заклучува дека професионално обучени полициски службени лица биле предизвикани од вербални провокации на странките да интервенираат и притоа не можеле да ги совладаат туку морале да употребат сила што резултирала со телесни повреди, а истата Секторот да ја смета за оправдана и згора на тоа да ги товари и странките за напад на службено лице. Хелсиншкиот Комитет апелира до МВР и Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди да не го злоупотребува пропишаното кривично дело Напад на службено лице при вршење на работите на безбедноста, затскривајќи ја својата должност за темелна истрага и санкционирање на полициски службеници кои ги пречекориле службените овластувања[3] и ги потсетува да ја спроведат во пракса декларираната заложба за заштита и почитување на човековите права. Комитетот се согласува со наводите во Писмото на Премиерот упатено до МВР и полициските службеници за нивниот бон -тон и добро однесување, но сепак потсетува дека Владата е колегијален орган во чија надлежност е донесувањето на точно определени акти, а формата писмо не е правен акт со правна сила, дотолку повеќе што обврските и надлежностите за полициските службеници се регулирани со постоечки правно важечки закони и подзаконски акти кои само треба соодветно да бидат имплементирани во пракса наместо да служат како декларативен параван за почитување на човековите права.

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------[1] Член 32 ст.2, Закон за полиција: "Во извршувањето на полициските овластувања полицискиот службеник е должен да постапува хумано и да ги почитува достоинството, угледот и честа на лицата како и основните слободи и права на човекот и граѓанинот." [2] Член 383 од Кривичен законик на Р.М [3] Член 37, Кодекс на полициска етика, 04.06,2007 "Полициските службеници не смеат да предизвикуваат, поттикнуваат или толерираат никаков чин на тортура, мачење, нечовечко или понижувачко постапување или казнување, а со чл.56 од истиот Кодекс е предвидено дека Полициските службеници го почитуваат личното достоинство и индивидуалните потреби на лицето кое е повикано, приведено или лишено од слобода заради постоење на основи на сомневање дека извршило кривично дело."

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

81

Месечни извештаи

МЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБАТА СО ЧОВЕКОВИТЕ Март 2008 ПРАВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА I. ЈАВНИ НАСТАНИ И ПОВРЕДИ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРИНЦИПИ 1.1. Конкурсот за упис во средните училишта: Зошто едноставно кога може до крај комлицирано и штетно! 1.2. Минитерството за култура наместо уметност шири јазик на омраза 1.3.Дискриминација на децата родени со вештачко оплодување 1.4. Неефикасност во заштитата на зелените површини 1.5. Дополнување за ратификацијата на факултативниот протокол кон Конвенцијата за тортура Соработка меѓу Хелсиншки Комитет и МНР II. ПОВРЕДИ НА ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА 2.1. Како се остварува социјалната заштита во П.У.Д.О. - „Младост“? 2.2. Правото на работа и пресумпцијата на невиност III. ПОЛИЦИСКИ И СУДСКИ СЛУЧАИ 3.1. „Итноста“ на кривичната постапка во случај на постоење изречена мерка притвор, случај Миодраг Марковиќ 3.2. Случај Зебуше Красничи 3.3. Случај Елизабета Насеска ______________________________ I. ЈАВНИ НАСТАНИ И ПОВРЕДИ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРИНЦИПИ 1.1. Конкурсот за упис во средни училишта: Зошто едноставно кога може до крај комлицирано и штетно! Министерството за образование на крајот на месец март го објави конкурсот за запишување на ученици во средното образование со кој во некои средни училишта од повеќе општини е предвидено отварање на паралелки во кои наставата би се одвивала на албански јазик. Конкурсот предизвика серија реакции на претставници на локалните самоуправи, училиштата каде се предвидува отварањето на паралелките, претставници на локални организации, граѓани... Реакциите можат да се сведат на негодување со најавата за отварање на парлалки на албански јазик. Медиумите објавија дека со

82

објавениот конкурс не се согласиле дури и претседателот (инаку државен секретар во Министерството за образование) и „членовите– Македонци“ (израз употребен во печатот) на комисијата на Министерството која одлучуваше за конкурсот. Аргументите против беа од немањето просторни и кадровски услови до пребројувањето колку Албанци има во тие средини. Во „сапунската опера“ се вклучија и помалку невообичаени организации како борците против анархија со барање советите на пелагониските општини да одржат итни седници, а за проблемот да се произнесат и наставничките и родителските совети упатувајќи притоа и предупредување дека „ќе преземат активности со порадикални мерки доколку Владата не го спречи самоволието на (министерот) Рушити“. Во реакциите пак на партиските ограноци на некои партии се споменуваат и теснопартиски интереси. Свој прилог дадоа и медиумите на македонски јазик при што се публикуваа и „бисери“ за кои мислевме дека по осудесеттите и деведесеттите години од минатиот век кои нема веќе повторно да ги среќаваме. Сето тоа реакциите на објавениот конкурс ги обои политички, и за жал од позиции на очигледна заштита на „македонската кауза“ која ете се брани и со тоа што ќе се спречи образование на мајчин јазик на другите етнички заедници, особено албанската. Проблемот воопшто не е нов, ниту може да се врзе за оваа влада и помалку или повеќе се јавува речиси секоја нова учебна година. Во минатото ваквите состојби беа „надминувани“ на тој начин што по протестите во општините и училиштата Министерството се повлекуваше, а за учениците кои имаат право да се школуват на мајчин јазик во средното образование се бараа хибридни решенија како носење во други општини и сместувања по интернати. А работата е крајно едноставна, ако се разбира се остави настрана дневното политиканство. Според Уставот на Република Македонија „Припадниците на националностите имаат право на настава на својот јазик во основното и средното образование на начин утврден со закон“ (член 48), додека Законот за средно образование ги пропишува условите според кои "За припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик и неговото

кирилско писмо, воспитнообразовната дејност во јавните средни училишта се изведува на јазикот и писмото на соодветната заедница на начин и под услови утврдени со овој закон." (член 4, став 2 од истиот Закон). Плус, според измените на овој закон средното образование од следната учебна година станува „задолжително за секој граѓанин, под еднакви услови утврдени со овој закон". Значи средното образование не е веќе само право, туку и обврска. Министерството и единиците на локалната самоуправа се тука само да го почитуваат Уставот и да го спроведуваат законот, се останато е само дневна политика со цел кај „своите“ на сметка на „другите“ да се добијат ефтини политички поени. Хелсиншкиот комитет на овој начин ја поддржува изјавата на 21 невладина организација, иницирана од Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар „Средно образование за сите“ во која се искажува загриженост од ставовите кои ги изразуваат некои претставници од локалните самоуправи и претставници од средните училишта во однос на прашањето на отворање на паралелки на албански јазик. 1.2. Министерството за култура наместо уметност шири јазик на омраза На почетокот на месец март годинава премиерата на „Вујко Вања“ на Чехов ја наполни до последното седиште салата на Детскиот центар, во старата скопска чаршија. Претставата е во режија на, според многумина, најдобриот македонски режисер Слободан Унковски, а главниот лик го толкува познатиот актер Бајруш Мјаку. По претставата „Татко“ на Стринберг, која го претставуваше театарот од Македонија на повеќе светски сцени, уште еден успешен проект на овој тандем. Премиерата за жал, всушност беше изведба за македонските пријатели на екипата на проектот. Министерството за култура не ја финансираше работата на Унковски и Мјаку и гледачите во Македонија ќе немаат можност да ја видат оваа претстава. „Тешко е што сопствената земја не те поддржува“, ќе изјави во тие денови режисерот Унковски. Но веројатно е уште потешко да се објасни зошто овдешната јавност ја нема можноста да ужива во квалитетите на проектот. Можност што од нему познати причини, во секој случај неразбирливи и неприфатливи, Министерството за култура ни ја

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

ускрати. Можност каква што гледачите во Тирана и Приштина во текот на истиот месец ја имаа заради тоа што институциите на овие две држави веруваа во уметничкиот потенцијал на собраната екипа на проектот и вложија средства во неговата реализација во која учестуваа и уметници од Албанија и Косово. Човек може да најде разбирање за бирократското слепило и очигледна некомпетентност на бирократијата од Министерството за култура, но никако не може да ја сфати нејзината леснотија и ароганција со кој проектот е одбиен и така оневозможено на овдешната публика да го види. Парите очигледно не се проблем бидејќи оваа Влада во многу случаи демонстрира дека има „широка рака“ во трошењето на парите на даночните обврзници па и за квази уметнички проекти и дела. А дека најверојатно станува збор за истерување ќефови врз основа на лична и политичка нетрпеливост говори и реакцијата на Министерството по повод пишувањето на дневниот весник на албански јазик „Љајм“. Министерството во форма на „демант“ реагираше на пишувањето на весникот околу (не)финансирањето на проектот во написот на новинарката Анила Диша со наслов „Срам за Министерството за култура“. „Демантот“, кој беше испратен само до весниците на албански јазик, е полн со навреди за новинарката – авторката на текстот, но и за актерите во проектот. Круна на се е сепак употребата на терминот „каурска синтагма“ (“sintakse allashkinore”). Структурите на демократската партија на Албанците во власта, така по втор пат во неполна година продолжуваат со неверојатната леснотија на употреба на јазикот на омразата, расиситичкиот приод и ширењето етничка нетрпеливост. 1.3. Дискриминација на децата родени со вештачко оплодување Универзалната декларација за човекови права, прифатена како во меѓународниот правен поредок така и во Рeпублика Македонија како база за нормирање и заштита на основните човекови права определува дека сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права[1]. Сепак, согласно информациите кои проструија во јавноста изминатиот месец, очигледно е дека професорите од Богословскиот факултет не се на истото мислење кога сметаат дека децата родени по пат на вештачко оплодување се различни од другите деца и затоа треба да бидат лишени од можноста да бидат крстени според обичаите на христијанската религија. Според нив, раѓањето на еден нов живот по пат на вештачко оплодување е грев. Со ова директно се дискриминираат тие во однос на

другите деца иако македонската држава ја има прифатено забраната за дискриминација по потекло по раѓање или кој и да е друг статус[2], дотолку повеќе што Рeпублика Македонија со самото прифаќање на Конвенцијата за правата на детето за дел од националното право, се обврзала дека ќе обезбеди еднакви права за сите деца на нејзина територија без никаква дискриминација и без разлика на раѓањето или друг статус на детето или неговиот родител. Ваквото гледиште на челниците на Богословскиот факултет, со кое тие одбиваат да крштеваат живо родено дете се коси и со правото на живот нормирано во бројните меѓународни акти за човекови права кои велат дека правото на живот е неделиво од човековата личност[3], а државите признаваат дека секое дете има вродено право на живот[4]. Неизбежно се поставува прашањето како професорите од Богословскиот факултет можат да препознаат кое дете е родено со вештачко оплодување имајќи ја во предвид законската обврска на здравствените установи да обезбедат заштита на сите лични, медицински и генетски податоци за донаторот и примателот[5], (класифицирани информации), или можеби имаат поинаков начин на доаѓање до информации и некаков систем на обележување на децата. Ваквиот став на Богословскиот факултет е уште повеќе запрепастувачки со оглед на воведувањето на веронауката во основните училишта[6] која треба да започне во новата учебна година. Професорите од Богословскиот факултет одат дотаму што велат дека црквата нема да презема посебни мерки спрема верниците што извршиле вештачко оплодување бидејќи „сите сме грешни", поради што Хелсиншкиот комитет прашува какви мерки и стојат на располагање на црквата и од каде и правото да казнува некого? 1.4. Неефикасност во заштитата на зелените површини На ден 05.03.2008 година пред Министерството за надворешни работи на Република Македонија беа забележани паркирани возила на зелените површини[7], покрај предвидениот простор за паркирање на возилата. Хелсиншкиот комитет за човекови права реагираше и оствари телефонски разговори со Министерството за внатрешни работи[8] - Служба 192, Општина Центар, Град Скопје и Министерството за животна средина,

кои согласно законската регулатива се надлежни органи за ова прашање, со барање да се интервенира во овој случај[9]. Меѓутоа бевме изненадени од нивниот одговор кој гласеше „Не сме надлежни по тоа прашање“. Надлежните органи нивната обврска ја префрлуваа на други органи, по што дојдовме до сознание дека всушност тие не знаат кој е надлежен за случајот. Кога конечно се дојде до еден од надлежните органи за санкционирање на паркирањето на зелени површини, а тоа покрај полициските службеници се и комуналните инспектори[10] назначени од страна на општините, од страна на општина Центар добивме одговор дека сите инспектори се на семинар. Заштитата на животната средина е категорија која е нормирана во повеќе закони[11] во кои постојат јасно дефинирани законски решенија за овој предмет по кои можат да постапуваат горенаведените органи, истите ги затвараат очите пред уништувањето на животната средина, а сторителите остануваат неказнети. Сите бевме сведоци на акцијата која беше организирана од страна на Владата на Република Македонија „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина“ во која повеќе од 2 милиони дрвца беа засадени, и која беше една од најмасовните акции на Балканот. Хелсиншкиот комитет за човекови права ја подржува акцијата и се надева дека во иднина таа ќе премине во традиција. Се прашуваме каков е ефектот на овие акции ако во останатите 364 дена од годината, надлежните органи не превземаат дејствија за спречување на ваквите дела, уништувачите на зеленилото остануваат неказнети, крајниот резултат од овие случувања повторно го чувствуваат граѓаните, а ниту една од надлежните институции не превзема одговорност за ваквата состојба. 1.5. Дополнување за ратификацијата на факултативниот протокол кон Конвенцијата за тортура - Соработка меѓу Хелсиншки Комитет и МНР Во текот на изминатите месеци, Хелсиншкиот комитет упати два јавни апели до Владата на РМ за ратификација на Факултативниот протокол кон Конвенцијата против мачењето или другите нехумани или понижувачки казни и постапки. Република Македонија го потпиша Протоколот на 1 септември 2006 година. Како што веќе наведовме, Факултативниот протокол е основан

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

83

Месечни извештаи на два столба. Првиот, етаблира систем на превенција на случаите на мачењето, наместо реакција на истите откако ќе се случат, а вториот столб е соработката на државите членки во превенцијата и елиминирањето на случаите на мачење. Со тоа, Факултативниот протокол креира систем на независна инспекција на местата на задржување со цел за превенција на мачењето и мониторинг на условите кои владеат во ваквите места. Намерата на Факултативниот протокол е преку посетите и извештаите кои ќе произлезат од нив да отвори расправа меѓу властите и телата за надзор, со цел да се спречат повредите на човековите права и да се отстранат причините кои ги генерираат условите за мачење. Со Факултативниот протокол потврден е фактот дека поголемата транспарентност на местата за задржување и притворање придонесува кон помали можности за прекумерна употреба на сила од страна на овластените службени лица, а со тоа и поголема е заштитата на лицата лишени од слобода кои се исклучително ранливи и незаштитени од можноста да бидат субјект на мачење или нечовечко или понижувачко постапување или казнување. Во меѓувреме по одржаниот семинар за ратификација на Факултативниот Протокол кон Конвенцијата на ООН против тортура, а организиран од страна на Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права, Тим на ООН во Македонија и Асоцијацијата за превенција од тортура, беше одржан состанок помеѓу претставници на Хелсиншкиот Комитет за човекови права и претставници од Министерството за надворешни работи. На состанокот беше дискутирано за моделот на националниот превентивен механизам и ратификацијата на Протоколот. На оваа средба одржана во Министерството за надворешни работи наидовме на соработка и наскоро го очекуваме ратификувањето на ОПКАТ. Со оглед на големата важност на овој проактивен меѓународен и национален механизам за надзор и превенција на мачењето преку регуларни и периодични посети на местата каде се задржани лицата лишени од слобода со цел интензивирање на нивната заштита, Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ ја поздравува укажаната соработка од страна на Министерството за надворешни работи во однос на идејата за вклучување на невладиниот сектор во процесот на креирањето на телото(а) за превенција од мачењето на национално ниво, а исто така и

84

вклучување на нивни претставници како членови на истото. II. ПОВРЕДИ НА ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА 2.1. Како се остварува социјалната заштита во П.У.Д.О. „Младост“? До Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија со барање за правна помош се обратија семејствата на Лековиќ Синан, Лековиќ Зехра, Микиќ Сашо и Микиќ Благица. Ним Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје на 26 Февруари 2007 година им издал решение времено да се сместат во П.У.Д.О. - „Младост“ објект во Чичино Село, општина Сарај. Тим на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија за потребите на проектот „Мониторинг на прекршувањето на човековите права на територијата на Република Македонија “ изврши посета на објектот. Од фактичката ситуација која беше утврдена на самото место може да се констатира дека во овој комплекс – објект се сместени уште и бегалци од Радуша, бегалци од други земји, жени - жртви на семејно насилство и останати. Споменатите четири семејства се сместени во една барака, а подоцна заедно со нив, во истата барака, сместен е и уште еден млад брачен пар - зависници од дрога, со мало дете кај кое е констатирана заразна болест “Хепатитис Ц”. Условите под кои живеат се надвор од сите стандарди на цивилизирано живеење, поточно бараките се во распаѓање, ѕидовите, изработени од гипс се испукани, додека таванот е прокиснат и пропушта атмосферска вода. Во просториите каде престојуваат овие лица не е извршена никаква дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Само за споредба, во законот за извршување на санкции во делот за сместување на осудените лица или член 102 се вели: „Просториите во кои се сместуваат осудените лица не смеат да бидат влажни и за секое осудено лице просечно треба да се обезбеди 9 (девет) метри кубни простор.“ Во наведениов случај претходно кажаното е незамисливо. Тоалетот и бањата се заеднички, санитетскиот инвентар е искршен, работи само еден бојлер, електричната инсталација е доста оштетена и опасна по живот. Во склоп на овие четири семејства живеат и две малолетни деца, кои одат во училиште. Во врска со нив, во неколку наврати биле поднесени

барања за слободни автобуски карти со кои тие би можеле да патуваат до училиштето, но на нив се уште не им е одговорено од страна на релевантните органи. Едниот од родителите секој ден своето дете го носи со велосипед до училиштето без разлика на временските услови. Хелсиншкиот комитет, повторно со жалење констатира дека социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните согласно со начелото на социјална праведност во Република Македонија е на многу ниско ниво и надвор од сите цивилизациски стандарди. 2.2. Правото на работа и пресумпцијата на невиност Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во континуитет укажува на повреди на принципот на пресумпција на невиност и со жалење констатира дека продолжува непочитувањето на ова основно начело на кривичната постапка, заштитено со Уставот на Република Македонија, Законот за кривична постапка и Европската конвенција за човекови права. Уште поалармантен е фактот дека овој основен постулат на кривичната постапка не се почитува ниту кога станува збор за едно од основните права на човекот – ПРАВОТО НА РАБОТА, што секако заслужува критика. Имено, во случајот со осомничените цариници на граничниот премин Деве Баир за сторено кривично дело "Примање поткуп", во месечниот извештај за месец јуни 2007 година, Комитетот се произнесе во однос на сериозните индиции за злоупотреба на посебните истражни мерки. Како резултат на следење на натамошниот дел на судската постапка против овие лица, која се уште е во тек, Хелсиншкиот комитет дојде до сознанија, поткрепени со соодветна документација врз основа на која видливо е дека за сите осомничени лица во рамки на Агенцијата за вработување, Центар за вработување Скопје, работниот однос заснован на неопределено време, на работни задачи – Работник во МВР, им престанал на ден 22.02.2007 година по основ казна затвор до 6 месеци. Меѓутоа, истите овие лица на кои работниот однос им престанал без притоа воопшто да знаат дека “биле обвинети, ниту пак дека се водела кривична постапка против нив, а уште помалку дека истата завршила со правосилна пресуда со која се осудени на казна затвор“, биле приведени во полициска станица под сомнение за стореното кривично дело наредниот ден 23.02.2007 година, а Решението за спроведување истрага, со одредување и на мерката притвор е донесено на ден 24.02.2007 година. Согласно член 13 од Уставот

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

на Република Македонија: „Лицето обвинето за кривично дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука“. Во конкретниот случај вината на осомничените се уште не е утврдена со правосилна судска одлука, дури повеќе од една година по престанокот на работниот однос, оттука изненадувачки е како и кога била “донесена правосилната судска одлука“ врз основа на која на спорниот датум наведен во одјавата на осигурувањето со заснован работен однос од страна на Центарот за вработување Скопје, работниот однос престанал? Можеби позагрижувачки е фактот дека со ваквиот акт на Центарот за вработување Скопје, сторена е и повреда Законот за работни односи според кој кога работникот заради издржување на казна или неможност да ја врши работата за период пократок од шест месеца договорот за вработување не престанува да важи и работодавачот не смее да го откаже[12]. Зачудувачкото постапување на институциите продолжува и со Предлогот за донесување решение за откажување на работниот однос на осомничените лица кој е даден дури 03.04.2007 година од страна на работодавачот, во конкретниот случај МВР, по што следува и Решението за отказ, речиси два месеци откако биле одјавени во Центарот за вработување. Законот за работните односи предвидува дека за отказ од страна на работодавачот мора да постои основана причина, која работодавачот е должен писмено да ја образложи и докаже[13], но претходно писмено да го предупреди работникот на неисполнување на обврските. Целта на оваа одредба е да се ограничи работодавачот и да се заштити работникот од неговото произволно однесување при давањето отказ, што во наведениот предмет не е случај со оглед на фактот дека јасна е повредата на начелото за пресумпција на невиност и правата од работниот однос. Комитетот повторно потсетува дека правата што ги има секое осомничено лице, правото на приватност и пресумпцијата на невиност треба да бидат видно повеќе заштитени. Исто така Хелсиншкиот комитет смета дека Министерството за внатрешни работи и Центарот за вработување Скопје треба да дадат објаснување на основот за престанок на работниот однос наведен во Одјавата издадена од Центарот со оглед на фактот дека се уште не е ниту завршена првостепената кривична постапка, што претпоставува дека не може ниту да стане збор за некаква осуда на казна затвор.

III. ПОЛИЦИСКИ И СУДСКИ СЛУЧАИ 3.1. „Итноста“ на кривичната постапка во случај на постоење изречена мерка притвор, случај Миодраг Марковиќ Миодраг Марковиќ е државјанин на Република Црна Гора, обвинет во Република Македонија за кривично дело “Перење пари и други придонеси од казниво дело“ по член 273 од Кривичниот законик на Р.М. Станува збор за случај со кој беше запознаена и пошироката јавност преку средствата за јавно информирање, но и случај за кој се заинтересира и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и чиј судски процес е предмет на постојано набљудување. Хелсиншкиот комитет во континуитет укажува на потребата судските власти да ги почитуваат стандардите за употреба на притворот како средство за обезбедување присуство на обвинети лица, кој воедно претставува последна мерка која се применува доколку целта не се постигнува со поблага мерка[14]. За жал, судските органи и понатаму продолжуваат да го злоупотребуваат притворот на начин што го користат како нужна мерка за обезбедување на обвинетиот во водење на кривичната постапка. Дека е тоа така говори и фактот што лицето Миодраг Марковиќ ја издржува мерката притвор повеќе од 16 месеци. Со потерница издадена од Јавното обвинителство на Република Македонија обвинетиот, тогаш осомничен, бил уапсен во Република Србија во месец декември 2006 година каде издржува мерка притвор се до октомври 2007 год, кога е екстрадиран во Р.М. И покрај законската определба за итност во постапувањето во предметите со притвор[15], првостепената кривична постапка против обвинетиот се уште е во тек, и истата континуирано се одолговлекува без притоа да се имаат во предвид штетните последици од ваквото индиферентно однесување во однос на мерката притвор. Последен пример за таквото одолговлекување е одложувањето на главниот претрес за околу еден месец заради превод на писмен доказ предложен од страна на ОЈО, за разлика на претходниот рок од две недели овозможен за превод на огромен доказен материјал приложен од страна на бранителите. Хелсиншкиот Комитет во оваа прилика сака да потсети на принципот на еднаквост на условите за страните во кривичната постапка. Уште поалармантна е ситуацијата ако се води сметка и за тоа дека, во текот на еден од главните претреси кој беше набљудуван од страна на Комитетот, бранителите на г-дин. Марковиќ дадоа предлог за укинување на мерката притвор и за земање во предвид на останатите законски предвидени мерки

за обезбедување присуство на обвинетиот, нудејќи гаранции за определување на истите, при што од страна на Заменикот Јавен обвинител беше истакнат приговор против таквиот предлог, без истиот да даде никакви правно издржани аргументи во поткрепа на приговорот. Предлогот не беше прифатен од страна на Судот со едно едноставно образложение „ Се уште траат причините за изрекување на мерката притвор“. Хелсиншкиот Комитет смета дека особено кога се решава за ограничување на слободата на движење на личноста, при определување или продолжување на мерката притвор треба да се пристапи со должно внимание и релевантно правно издржани и образложени причини како и итно постапување, бидејќи се работи за едно од основните човекови права. Хелсиншкиот комитет за човекови права во неколку наврати го критикува ваквиот однос на злоупотреба на мерката притвор, и повторно апелира до судските органи да ги земаат во предвид алтернативните мерки подеднакво како притворот, со оглед на фактот дека истиот претставува средство за обезбедување присуство, а не казна за обвинетиот, притоа да не се заборави и на пресумпцијата на невиност како уставен принцип[16]. 3.2. Случај Зебуше Красничи До Хелсиншкиот комитет за Човекови права на Република Македонија, а преку Amnesty international , се обрати роднина на лицето Зебуше Красничи, која побара помош истата да се најде. Красничи на 23.02.2008 во станот во кој живеела под кирија била уапсена од страна на полицијата. Врз основа на нејзината претставка, а и претходно добиено одобрение од страна на МВР, г-ца Зебуше Красничи беше посетена од страна на претставник на Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Р.М. во просториите на Транзитниот центар за странци. Во случајов се работи за лице родено во Скопје 1976 година, по националност Албанка, која поседува само извод од матична книга на родени и е без државјанство. Во текот на разговорот со г-ца Красничи ни беше кажано дека таа сака да остане во Република Македонија и да поднесе документи за добивање на државјанство, дека цел живот живеела на територијата на Република Македонија и дека има роднини кај кои може да престојува и кои би се грижеле за неа. Врз основа на добиените податоци од странката се работи за лице против кое никогаш не е водена ниту прекршочна, ниту кривична постапка. Европската Конвенција за државјанство[17][18] предвидува дека

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

85

Месечни извештаи правилата за државјанство на секоја држава ќе се засноваат на начелата секој да има право на државјанство и бездржавјанството да се избегнува . Имајќи го во предвид фактот дека Законот за странци[19], определува за оваа постапка да се користат одредбите од Законот за општата управна постапка се подразбира дека и во оваа постапка важат начелата за економичност и итност[20] на истата. Со оглед на итноста на случајот и имајќи предвид дека г-ца Красничи се наоѓа во Транзициониот центар за странци веќе скоро два месеца, а постојат законски можности за нејзино пуштање и сместување на друго место врз основа на чл.110[21] од Законот за странци, Хелсиншкиот Комитет апелира до Министерството за внатрешни работи да ја разгледа можноста да донесе Решение со кое ќе се овозможи сместување на странката кај нејзините роднини, а во согласност со законот и имајќи ги предвид околностите на случајот. Сакаме да истакнеме дека и Народниот правобранител, воочувајќи ги проблемите со здобивање на државјанство со природување, поднел Иницијатива за промена на Законот за државјанство во овој дел, која Хелсиншкиот комитет ја поздравува и поддржува. 3.3. Случај Елизабета Насеска Од страна на СОЕПТУ “Кузман Јосифоски-Питу” – Прилеп на 22 Април 2006 година објавен е оглас за наставник по економски предмети на кој конкурирале 9 кандидати, од кои 8 ги исполнувале бараните критериуми. Директорката на СОЕПТУ “Кузман Јосифоски - Питу” – Прилеп носи Одлука за избор на наставници по економски предмети на 17.05.2006 (бр.02-118 од 17.05.2006 година). Таа, пред законски определениот рок

за приговори, на 17.05.2006 година склучува Договори на неопределено време со избраните кандидати. На ден пред донесувањето на Одлуката бр. 02-118, на 16.05.2006 година директорката ги одјавува избраните кандидати, со кои претходно има склучено договори на определено работно време од 09.11.2005 до 31.08.2006 година. Одлуката 02-118 од 17.05.2006 година, Елизабета Насеска ја добила на 22.05.2006 година. Елизабета Насеска, незадоволна од вака извршениот избор од страна на директорката, во законски определениот рок, поднесла Приговор до Училишниот одбор, кој Приговорот ГО ПРИФАТИЛ И ОДЛУЧИЛ ДА ЈА ПОНИШТИ Одлуката бр.02-118 од 17.05.2006 година за извршениот избор и ја задолжил директорката да изврши нов избор од пријавените кандидати во рок од 8 дена. Директорката донела нова Одлука бр.02-175 од 06.07.2006 година, при што повторно за наставници по економски предмети на неопределено работно време ги избрала истите кандидати. И на оваа Одлука Елизабета Насеска поднела Приговор, во законски определениот рок. Училишниот одбор се состанал на ден 03.08.2006 година, го разгледал Приговорот, ГО ПРИФАТИЛ ВО ЦЕЛОСТ и ОДЛУЧИЛ ДА ЈА ПРЕИНАЧИ Одлуката бр.02-175 од 06.07.2006 година, со донесување на своја Одлука бр.02-206 од 11.08.2006 година. Бидејќи директорката на училиштето не ја спровела оваа одлука од Училишниот одбор Елизабета Насеска на 31.08.2006, поднела Тужба до Основен суд - Прилеп, за спроведување на Одлуката. Со пресуда на Основниот суд во Прилеп П.бр.738/06 од 24.11.2006

година одбиено е тужбеното барање на Елизабета Насеска, како неосновано, а со кое бара да биде задолжен тужениот да ја спроведе Одлуката бр. 02-206 од 11.08.2006 година донесена од страна на Училишниот одбор, а во врска со огласот за прием на наставник по економски предмети, на начин што СОЕПТУ “Кузман Јосифоски-Питу” со Елизабета Насеска ќе склучи договор на неопределено време за работно место - наставник по економски предмети, почнувајќи од 01.09.2006 година. Против Одлуката на Основниот суд во Прилеп била поднесена Жалба до Апелациониот суд во Битола. Покрај жалбата бил доставен и Поднесок со барање за закажување на расправа при второстепениот суд согласно одредбите на чл.351 ст.2 од ЗПП, а во врска со чл. 352 од ЗПП. Апелациониот суд во Битола со своја Пресуда Рсз. бр. 16/2007 Жалбата на Елизабета Насеска ја одбива како неоснована и Пресудата на Основниот суд-Прилеп, П.бр. 738/06 од 24.11.2006 година ја потврдува. Поднесена е Ревизија во законски определениот рок до Основниот суд во Прилеп. Добиено е Решение од Основниот суд во Прилеп со кое Ревизијата се отфрла како недозволена, по што е поднесена Жалба против истото до Апелациониот суд во Битола, кој ја одбил жалбата како неоснована. Хелсиншкиот комитет со жалење констатира дека индициите што укажуваат на злоупотреба на службената должност на работењето на директорката, а кои се нормирани во Законот за средно образование[22] ќе треба да ги утврди Судот за Човекови права во Стразбур. Повторен неуспех на македонското судство.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------[1] Член 1, Универзална декларација за човекови права [2] Член 14, Европска конвенција за човекови права [3] Член 6, Меѓународен пакт за граѓански и политички права [4] Член 6, Конвенција за правата на детето (ООН) [5] Член 17, Закон за биомедицинско потпомогнато оплодување, Сл.Весник на Р.М. бр.37 од 19.03.2008 год. [6] Закон за изменување и дополнување на законот за основно образование, Сл.Весник на Р.М. бр.51 од 24.05.2007 год., Член 2, “ Членот 13 се менува и гласи: “Во основното училиште се организира и верско образование, како изборен предмет. ...” [7] Закон за одржување на јавната чистота и јавни површини член 8„ На јавните и сообраќајните површини не е дозволено паркирање на возила надвор одопределните места за таа цел, натовар и истовар на возила, особено на места каде што се наоѓаат улични хидранти, шахти и сливници“ [8] Закон за полиција член 5 „Полициските работи, се дејствија на полициските службеници што се однесуваат на сречување на вршење кривични дела и прекршоци, откривање и фаќање на нивните сторители и преземање на други со закон определени мерки за гонење на сторителите на тие дела“ [9] Закон за прекршоци член 27 „Кој го оневозможува користењето или оштетува јавни згради, јавни чешми, извори, плажи, паркови, шеталишта или други јави објекти и инсталации или истите ги загадува со материи и отпадоци со кои се загадува животната средина и природата ќе му се изрече глоба во износ од 100-400 евра во денарска противвредност“ [10] Закон за комунални дејности член 3 гласи „Комунални дејности во смисла на овој закон се отстранување и чување на непрописно паркирани возила............ Член 33 „Општините, односно Градот Скопје за вршење на работите во областа на комуналните дејности, во рамките на нивните надлежности утврдени со закон, назначуваат комунални инспектори.“ [11] -Закон за животна средина, Сл.Весник на Р.М. бр.53 од 05.07.2005 год. - Закон за градот Скопје, “Сл. весник на Р М.” бр.55/04 од 16.08.2004 год. чл.10 ст. 3 - Закон за локална самоуправа “Сл. весник на Р М. бр.5, 29.01.2002 год. Чл. 22 ст. 2 [12] Член 45 став 1, Закон за работни односи [13] Ибид, член 72 [14] Член 185 од ЗКП: „ Мерките што можат да се превземат спрема обвинетиот за обезбедување на негово присуство и за успешно водење на кривичната постапка се покана, приведување, ветување на обвинетиот дека нема да го напушти престојувалиштето односно живеалиштето и други превентини мерки со кои се обезбедува присуство на обвинетито, гаранција, кучен притвор и притвор“ [15] Член 198, Закон за кривична постапка: „ Траењето на мерката притвор мора да биде сведено на најкратко нужно време. Должност е на сите органи што учествуваат во кривичната постапка и на органите што им укажуваат правна помош да постапуваат со особена итност ако обвинетиот се наоѓа во притвор“ [16] Устав на Р.М. член 13 „ Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука“ [17] чл.4 од Европската Конвенција за државјанство [18] Република Македонија ја потпиша Европската Конвенција за државјанство на 6.11.1997 год. [19] член 6, Закон за странци [20] чл.17, Законот за општа управна постапка: “Постапката се води економично и итно без одлагање, со што помалку трошоци и губење време за странката и за другите лица кои учлествуваат во постапката, но така што ќе се прибави се што е потребно за правилно утврдување на фактичката состојба и за донесување на законито и правилно решение“. [21] член 110 “Странец кој не може присилно да се отстрани, како и странецот од членот 108 став 4 на овој закон, доколку има обезбедено сместување и средства за издржување во Република Македонија и од околностите на случајот може да се оцени дека не е потребно сместување на странецот во Прифатниот центар, Министерството за внатрешни работи може да донесе решение со кое ќе му го ограничи движењето само во местото на престој и ќе одреди обврска за негово редовно јавување во одредени временски периоди на најблиската полициска станица.” [22] Сл. весник на Република Македонија” бр.44/95,24/96,34/96,35/97,82/99,29/02,40/03,42/03,67/04 и 55/05 -чл.102, алинеја “Училишниот Одбор- одлучува по приговори и жалби на вработените во училиштето”.

86

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

МЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБАТА СО ЧОВЕКОВИТЕ Април 2008 ПРАВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА I. ЈАВНИ НАСТАНИ И ПОВРЕДИ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРИНЦИПИ 1.1. Спроведувањето на законодавството за антикорупција 1.2. Неефикасност на „Барањето за заштита на законитост“ 1.2.2. Барањето за заштита на законитоста и неговата искористеност во Македонскиот правен систем 1.2.3. Барањето за заштита на законитоста и постапката пред Европскиот суд 1.2.4. Препораката П(2004) 6 на Комитетот на министри на Советот на Европа II. ПОВРЕДИ НА ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА 2.1.Случај на отпуштена група контролори на летање. Како се трошат државните пари ? 2.2. Дискриминаторската одредба содржана во измените на Законот за здравствено осигурување за Уставниот суд не е повод за оценување! III. ПОЛИЦИСКИ И СУДСКИ СЛУЧАИ 3.1. Случај Данчо Арсов 3.2. Случај: притворени лица во полициската акција Змиско око _______________________________ I. ЈАВНИ НАСТАНИ И ПОВРЕДИ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРИНЦИПИ 1.1. Спроведувањето на законодавството за антикорупција Во наредниот период Државната комисија за спречување на корупцијата во Република Македонија ќе работи во делот на нејзините надлежности кои произлегуваат и се поврзани со финансирањето на изборната кампања. Значи нејзината активност ќе биде насочена кон утврдување на евентуална злоупотреба на буџетски средства и средства на јавните фондови за финансирање на изборна кампања и утврдување на противправни и анонимни извори на финансирање на изборните кампањи. За да може да се каже дека постои вистински напредок во областа на антикорупцијата, мора да укажеме дека неа не ја чинат само солидни законски текстови и кампањски акции кои се насочени само во една цел, туку пресудно е дали ќе се остварат очекуваните позитивни ефекти и ќе бидат опфатени сите области и ќе има конкретни резултати. Комисијата треба да врши перманентна проверка на анкетните листови за имотната состојба

на избраните и именувани функционери од претходниот состав на власта како и дали промените во имотната состојба се пријавени во законски определениот рок. Доколку се погледнат податоците за имотната состојба на веќе објавените анкетни листови, ќе се утврди дека добар дел од нив се непотполни, по што согласно законот за спречување на корупцијата (член 36), Државната комисија и УЈП имаат обврска да покренат постапка за испитување на имотната состојба. Хелсиншкиот комитет апелира Државната комисија во согласност со нејзините утврдени надлежности според законот за спречување на корупцијата да продолжи да ја евидентира и следи имотната состојба и промената на имотната состојба на избраните и именуваните функционери, службени лица и одговорни лица во јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал. Надминување на проблемите со корупцијата е препорака што речиси секојдневно ја слушаме како хендикеп за нашата брза европска иднина. Воедно се надеваме дека нема да се повтори состојбата која беше наведена во Извештајот на Европската комисија за прогресот направен во РМ за 2007 година, според која: "корупцијата е широко распространета и претставува сериозен проблем и дека пристапот за справување со корупцијата се уште не е сеопфатен " . 1.2. Неефикасност на „Барањето за заштита на законитост“ Правото на ефикасен правен лек кое е нормирано во Членот 13[1] од ЕКЧП е во центарот на кооперативните односи помеѓу конвенцијата и македонскиот правен систем. Заедно со Член 35 став 1 од ЕКЧП[2], значи дека Конвенцијата условува истовремено обезбедување на ефикасни национални правни лекови и користење на истите од индивидуите пред да поднесат апликација во Стразбур. Хелсиншкиот комитет раководејќи се од Препораката П(2004) 6 на Комитетот на министри на Советот на Европа каде е наведено дека – „Владите на земјите членки можат почетно, да побараат експертите да направат студија за ефикасноста на постојните домашни правни лекови во посебни области во поглед на предлагање на подобрувања. Националните институции за промовирање и заштита на човековите права, како и невладините организации, можат, исто така, корисно да учествуваат во оваа работа. Располагањето и ефикасноста на домашните правни лекови треба да бидат држени под постојано разгледување и особено треба да бидат испитувани при подготовката на законодавството кое се однесува на правата и слободите според Конвенцијата“, изврши сеопфатна анализа на користењето и ефикасноста

на барањето за заштита на законитост во кривичната постапка. 1.2.2. Барањето за заштита на законитоста и неговата искористеност во Македонскиот правен систем Барањето за заштита на законитост е вонреден правен лек кој служи за заштита на законитоста, не е само во корист на една од странките, туку со цел воспоставување на правниот поредок и единствена примена на законите, иако на крајот на краиштата тој резултира и со одлука која се изрекува во корист на една од странките. Овој вонреден правен лек во кривичната постапка може да се подигне против правосилни судски одлуки и против судската постапка што им претходела на тие правосилни одлуки. Јавниот обвинител на Република Македонија може да подигне барање за заштита на законитоста ако е повреден законот. За барање за заштита на законитоста одлучува Врховниот суд на Република Македонија. Од доставените податоци од страна на Јавното обвинителство на Република Македонија до Хелсиншкиот комитет за бројот на доставените барања за заштита на законитоста во кривична постапка до Јавното обвинителство во периодот од 2000 година до 2007 и бројот од прифатените и отфрлени барања во овој период изгледа вака: - Во 2000 година вкупно се поднесени 258, од нив отфрлени се 235, прифатени 23 иницијативи за поднесување барање за заштита на законитоста; - Во 2001 година вкупно се поднесени 243, од нив отфрлени се 215, прифатени 28 иницијативи за поднесување барање за заштита на законитоста; - Во 2002 година вкупно се поднесени 261, од нив отфрлени се 241, прифатени 20 иницијативи за поднесување барање за заштита на законитоста; - Во 2003 година вкупно се поднесени 279, од нив отфрлени се 259, прифатени 20 иницијативи за поднесување барање за заштита на законитоста; - Во 2004 година вкупно се поднесени 352, од нив отфрлени се 314, прифатени 38 иницијативи за поднесување барање за заштита на законитоста; - Во 2005 година вкупно се поднесени 386, од нив отфрлени се 349, прифатени 37 иницијативи за поднесување барање за заштита на законитоста; - Во 2006 година вкупно се поднесени 439, од нив отфрлени се 410, прифатени 29 иницијативи за поднесување барање за заштита на законитоста; - Во 2007 година вкупно се поднесени 355, од нив отфрлени се 330, прифатени 25 иницијативи за поднесување барање за заштита на законитоста; Од претходно наведеното може да се утврди дека 95% од поднесените барања за заштита на законитоста во кривична постапка се отфрлаат од страна на Јавното обвинителство.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

87

Месечни извештаи Податоци на одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Македонија за поднесени барања за заштита на законитоста КЗЗ за периодот од 2000 до 2007 година, се следни: - Во 2000 година вкупно во работа биле 40, од нив одбиени се 9, уважени 23 барања за заштита на законитоста; - Во 2001 година вкупно во работа биле 40, од нив одбиени се 10, уважени 20 барања за заштита на законитоста; - Во 2002 година вкупно во работа биле 36, од нив одбиени се 7, уважени 22 барања за заштита на законитоста; - Во 2003 година вкупно во работа биле 32, од нив одбиени се 4, уважени 16 барања за заштита на законитоста; - Во 2004 година вкупно во работа биле 68, од нив одбиени се 6, уважени 58 барања за заштита на законитоста; - Во 2005 година вкупно во работа биле 50, од нив одбиени се 7, уважени 41 барања за заштита на законитоста; - Во 2006 година вкупно во работа биле 39, од нив одбиени се 12, уважени 24 барања за заштита на законитоста; - Во 2007 година вкупно во работа биле 35, од нив одбиени се 5, уважени 28 барања за заштита на законитоста. Од претходно наведеното , како и од споредувањето на резултатите може да се заклучи дека постои строго селективна, рестриктивна и посредна примена на ова вонредно правно средство во Македонскиот правен систем. 1.2.3. Барањето за заштита на законитоста и постапката пред Европскиот суд Битен аспект на постапката пред Европскиот суд за човекови права за испитување на допуштеност на апликациите е фактот што товарот на докажување дека апликантот не ги исцрпил сите правни средства што му стоеле на располагање, односно дека тие правни средства му биле достапни и дека биле ефективни е на страна на државата чии органи ја сториле наводната повреда. Значи според Европската конвеција како и според Правилата на судот треба да бидат исцрпени сите правни средства како право на апликантот и нивното искористување да зависи само од неговата волја, а не од волјата на некој друг субјект. Ефикасноста на Барањето за заштита на законитоста погледнато низ призмата на прецидентното право изградено од страна на Судот во Стразбур се состои од неколку елементи, меѓу кои се институционална и извршна ефикасност. Ефикасноста треба да се оценува во однос на претпоставената повреда на членот од материјалното право и треба да се одредува земајќи го во предвид збирот на постапки кои се на располагање во националното право. Институционалната ефикасност условува донесувачот на одлука за прифатливост на Барањето за заштита на законитоста да биде “доволно независен” од власта за која се тврди дека е одговорна за повреда на Конвенцијата. Но, според член 40 од Законот за Јавно обвинителство[3] постои сомнение дека се работи за зависен орган, дотолку повеќе што во член 30 од Законот за

88

Јавно обвинителство[4] и Законот за кривична постапка или членот 403[5] (каде е нормирано дека единствен овластен предлагач на БЗЗ е Јавно обвинителство) наведува дека несомнено постои „конфликт на интереси“ . Или поточно еден ист орган може се појавува во двојна улога во текот на кривичната постапка. На почетокот на постапката како овластен орган кој поднесува и застапува обвиненија пред судовите, а во постапката за Барањето за заштита на законитоста како овластен орган кој цени дали ќе прифати или не да подигне барање во корист на странката за заштита и испитување на повредите на законот на кои се повикува подносителот на барање. Извршната ефикасност упатува на тоа дека не е доволно ефикасниот правен лек да биде достапен во националниот правен систем. Неговиот подносител мора да биде во состојба да има ефикасна полза од него. Со други зборови ова правно средство треба да му биде на располагање на апликантот што значи да е релно достапно. Барањето за заштита на законитоста никако не би можело да се смета за правно средство што треба да биде исцрпено за како услов за допуштеност на апликација пред Европскиот суд, од едноставна причина што неговото искористување зависи од волјата на јавниот обвинител, а не од волјата на странката во спорот. 1.2.4. Препораката П(2004) 6 на Комитетот на министри на Советот на Европа Располагањето со ефикасни домашни правни лекови станува особено важно во правец на подобрувањето на македонскиот правен систем, а и квантитативни и квалитетни ефекти на работната норма на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Препораката П(2004) 6 на Комитетот на министри на Советот на Европа ги охрабрува земјите членки да ги преиспита нивните респективни правни системи во светлината на прецедентното право на Судот и да преземат , неопходни и соодветни мерки преку нивните законодавства. Од една страна, обемот на апликациите кои треба да се испитуваат треба да се намали: помалку апликанти ќе се чувствуваат присилени да го покренат случајот пред Суд доколку испитувањето на нивните жалби пред домашните власти било недоволно темелно; Од друга страна, испитувањето на жалбите од страна на Судот ќе биде олеснето доколку испитувањето на вредноста на случаите било извршено порано од страна на домашните власти, благодарејќи на подобрувањето на домашните правни лекови. II. ПОВРЕДИ НА ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА 2.1. Случај на отпуштена група контролори на летање. Како се трошат државните пари? Хелсиншкиот комитет за човекови права со загриженост прашува дали

продолжува ненаменското трошење на парите на граѓаните. Јавноста мора да биде информирана за начинот на кој се потрошени нивните, односно “буџетските“ пари. Игнорантскиот однос, нетранспарентноста и неодговорноста на Владата да ја известува јавноста за трошењето на средства од Буџетот е спротивно на Уставот, како и на Законот за слободен пристап до информации, како еден од основните постулати на законитост, одговорност и контрола на јавноста врз работата на државните органи и избраните и именувани функционери. Во контекст на проблемот, до Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија се обрати група поранешни контролори на летање, посочувајќи на нивниот проблем, кој меѓу другото е проблем на граѓаните и на целата држава. Имено станува збор за лица кои врз основа на Одлука на Министерството за транспорт и врски поради итна и неодложна потреба од контролори на летање, одлука која е донесена согласно седница на Владата на РМ , посетувале и завршиле обука во Република Чешка, а потоа и дообука во РМ со цел стекнување меѓународно признати лиценци како би можеле соодветно и професионално да ги извршуваат итните и неодложни должности. Севкупните трошоци за школувањето во земјава и во странство во траење од околу 3 години, биле покриени од средства на Буџетот на Република Македонија, при што особено треба да се истакне дека станува збор за школување и работа на доста стресна и одговорна задача. Истите овие контролори на летање, за чие школување, според нивните наводи се потрошени милионски суми евра, и кои “итните и неодложни“ должности ги извршувале кус период по стекнувањето со меѓународно признатите лиценци, на крајот се оставени на улица, поточно раскинати се нивните договори за давање услуги на соодветните работни места. Уште поалармантен е фактот, дека според наводите на странките, станува збор за политичка игра врз основа на партиската припадност, при што во рамки на Владата се дискутира и подготвува друга група на контролори за школување во земјава и странство за кои исто така би се потрошиле милионски суми на народни пари, со оглед на фактот дека РМ има голема потреба од контролори на летање. Хелсиншкиот комитет за човекови права на ден 10.03.2008 година се обрати со писмен допис до Агенцијата за цивилно воздухопловство, како и до Управата за цивилна воздушна пловидба при Министерството за транспорт и врски, со барање информации за вистинитоста на наводите на странките, причините за престанок на анганжманот на контролорите на летање за чија обука се потрошени големи буџетски средства, како и поради потребата од истите за Република Македонија, особено во однос на тоа дали навистина е неопходно да се трошат буџетски средства кога нема никаква потреба за тоа, односно кога за истата цел државата веќе располага со професионално обучен кадар за вршење

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

на задачите на контролори на летање. За жал, одговорот на сите прашања од таквиот допис очигледно се избегнува и од двете институции, што само го потврдува фактот дека граѓаните на Република Македонија, според Владата на РМ не би требало да бидат запознаени со начинот на кој се инвестираат/трошат нивните, поточно буџетските пари. 2.2. Дискриминаторската одредба содржана во измените на Законот за здравствено осигурување за Уставниот суд не е повод за оценување! Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Р. Македонија, поднесе Иницијатива со која бара Уставниот суд на Р. Македонија согласно надлежностите кои ги има да донесе решение за поведување на постапка за оценување на уставноста и по спроведената постапка да донесе Одлука за поништување на член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување (поточно став 3 од изменетиот член 17). кој гласи: “... 3) Висината на надоместокот на плата пресметан врз основа на членот 16 на овој закон не може да биде повисока од износот на две просечни месечни нето плати исплатени во Републиката во претходната година...” Во образложението на иницијативата од страна на Хелсиншкиот Комитет е наведено дека донесувањето на членот 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување претставува директно прекршување на одредбите на Уставот на Република Македонија и Европската Конвенција за човековите права, ратификувана од страна на Република Македонија. 1) Со оваа одредба се прави повреда на членовите 8 став 1 алине 8[6], 9[7], 34 и 42 став 1 и 3 од Уставот. Со оспорениот член од Законот, правото на надоместок на плата за време на отсуство од работа се ограничува со горната граница од две просечни месечни нето плати исплатени во Републиката во претходната година. Со ваквото законско решение, очигледно е дека осигурениците кои плаќаат повисоки придонеси, односно имаат примања повисоки од две просечни месечни нето плати исплатени во Републиката во претходната година, се во нерамноправна положба во однос на другите осигуреници. Исто така, со донесувањето на овој член се дестимулира раѓањето, доењето и користењето на целото породилно отсуство кај мајките чии примања се повисоки од две просечни месечни нето плати исплатени во Републиката во претходната година. 2) Со оспорениот член од Законот се прави повреда на чл. 14[8] од Европската конвенција за човековите права, со кој се забранува дискриминацијата по било кој основ и Протоколот бр. 12[9] кој предвидува генерална забрана на дискриминацијата и претставува дополнение на членот 14 од Европската

Конвенција за човекови права. Во конкретниов случај, со донесувањето на членот 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, Република Македонија го ограничува пристапот до веќе предвиденото право на паричен надомест и тоа ограничување се однесува само на лицата чија плата е повисока од износот на две просечни месечни нето плати исплатени во Републиката во претходната година. 3) Законот за здравствено осигурување го уредува здравственото осигурување на граѓаните, правата и обврските од здравственото осигурување како и начинот на спроведување на здравственото осигурување. Според член 12 став 1 точка 1 од овој закон, во рамките на задолжителното здравствено осигурување се обезбедува право на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест и повреда и за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство. Меѓутоа, според Законот за здравственото осигурување, остварувањето на правото од задолжителното здравствено осигурување е условено со плаќање на придонес за задолжително здравствено осигурување, при што сите осигуреници плаќаат придонес, а права користат само оние кои имаат потреба. Оттука, произлегува дека во здравственото осигурување е воспоставен принцип на взаемност помеѓу правата на осигурениците и плаќањето на придонес за здравствено осигурување, па оттука принципот на солидарност и взаемност воспоставен со Законот се состои во различните вложувања на осигурениците во Фондот. Врз основа на ова може да се заклучи дека сумата која му следува за време на боледувањето МОРА да зависи и да биде пресметана врз основа на вложувањата кои ги прави осигуреникот во Фондот и во никој случај истата не може да биде ограничена и тоа селективно за одреден број на осигурени лица затоа што истите вложувале поголема сума. Правата на осигурениците кои произлегуваат од здравственото осигурување треба да бидат еднакви за сите осигуреници. Во чл. 40 од Законот за здравствено осигурување утврдено е дека основица за пресметување и плаќање на придонесот за задолжително здравствено осигурување, за осигурениците на кои се утврдува плата е бруто платата и надоместокот на платата. Бруто плата, во смисла на овој закон, претставува платата во која се содржани и придонесите и даноците што се плаќаат од платата, односно надоместокот на плата. Меѓутоа, тука не е одредена горна граница на основицата, туку напротив, одредена е само минималната граница која не може да биде помала од најниската плата по работник утврдена со колективен договор помножена со просечниот коефициент на сложеност на трудот кај работодавецот.

Од страна на Уставниот суд беше добиен допис со кој не известуваат дека Судот веќе одлучувал за уставноста на оспорената одредба и со Решение У.бр.216/2005 од 31 мај 2006 година одлучил да не поведе постапка за оценување на неговата уставност. Во Решението воопшто не се разгледувани наводите дека се работи за дискриминација на осигурениците кои плаќаат повисоки придонеси, односно имаат примања повисоки од две просечни месечни нето плати исплатени во Републиката во претходната година, туку се даваат образложенија на претходно поднесените иницијативи. Исто така, во решението е наведено дека: - “Според Судот овој систем на вредности определени со Уставот, на чија основа е воспоставено задолжителното здравствено осигурување не треба да се поврзува со она што се посочува во иницијативите, дека во задолжителното здравствено осигурување требало да владее принципот на “еднаква вредност на давањата и примањата“ односно во основата на ова здравствено осигурување да владее ново финансиско правило според кое висината на надоместокот на плата, само и исклучиво да зависи од висината на придонесот кој бил исплаќан за здравственото осигурување индивидуално за секој осигуреник и исклучиво во рамки на индивидуалните давања и примања, надвор од колективот на останатите осигуреници.“ Хелсиншкиот Комитет имајќи ја предвид важноста на ова прашање повторно го повикува Уставниот суд да ја преиспита својата одлука и по службена должност да ја поправи грешката со која се дозволува дискриминација на дел од граѓаните. III. ПОЛИЦИСКИ И СУДСКИ СЛУЧАИ 3.1. Случај Данчо Арсов Данчо Арсов бил вработен во Министерството за Внатрешни Работи од 1999 година. Најнапред бил распореден во СВР Скопје, ОВР ООР Чаир, како помлад инспектор по организиран криминал, а потоа во 2003 година бил унапреден како инспектор по организиран криминал во ОВР ООР Гази Баба. На 6 мај 2004 година на Данчо Арсов за време на неговото боледување доставено му е Решение за престанување на работниот однос со отказ бр.25555/1. Причина била дека Арсов ги пречекорил своите овластувања. Во законски предвидениот рок, или на 28 Мај 2004 година, тој доставил приговор до Комисијата за решавање во втор степен од областа на работните односи при Владата на Р. Македонија преку Министерството за Внатрешни работи на Р. Македонија. Откако бил одбиен приговорот, на 10 јуни 2006 година Данчо Арсов поднесол Тужба за поништување на Решение за престанување на работниот однос со отказ бр.25555/1 и враќање на работа до Основниот суд Скопје II Скопје.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

89

Месечни извештаи Но во меѓувреме, ОЈО од Скопје со обвинителен предлог КО.бр.4144/04 од 08.06.2006 година, го обвини Данчо Арсов од Скопје, за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.1 од КЗ. Имено се работи за истата причинско последична врска поради која било донесено Решение за престанување на работниот однос со отказ бр.25555/1. Основниот суд Скопје I Скопје одржал главен претрес, а по изведување на доказите, заменик јавен обвинител во завршен збор го повлекол обвинителниот предлог, оценувајќи и сметајќи дека нема докази да обвинетиот Данчо Арсов го сторил кривичното дело што со обвинителниот предлог му се става на товар, Злоупотреба на службената положба и овластување. Согласно со наведеното Основниот суд Скопје I Скопје како првостепен кривичен суд на 30 Јануари 2007 година донесол пресуда со која го одбил обвинението. Во истата се потврдува дека нема докази со кои би се утврдила одговорноста за злоупотребата на службената положба и овластување од страна на Данчо Арсов а што и потврдува дека не постои повреда и злоупотреба на дадените овластувања. Иако во Законот за парнична постапка е предвидено дека во споровите од работни односи пред првостепениот суд мора да се завршат во рок од шест месеци од денот на поднесување на тужбата, до сега веќе се поминати веќе четири години. Исто така во овој период во постапката по работните односи сменети се веќе тројца судии пред првостепениот суд кои работат на предметот. Хелсиншкиот комитет смета дека во наведениов случај има повреда на судење во разумен рок, неефикасни правни лекови и повреда на правото на работа. 3.2. Случај: притворени лица во полициската акција Змиско око

По претставка на роднините на притворените лица во полициската акција "Змиско око" кои се жалеа на условите во притворот, претставници од Хелсиншкиот Комитет извршија посета на притворено лице и увид во просториите во затворот Скопје, како и состанок со директорот на истиот.

разговарано и со директорката на затворот која ја потврди неговата пребукираност уште повеќе поради фактот што за делата за организиран криминал на цела територија на државата надлежен е затворот Скопје, а само по полициската акција Змиско око беа притворени 48 лица.

За жал поплаките на притворените лица во голем дел се потврдија со она што беше воочено на самото место како и со забелешките во Извештајот на Комитетот за превенција на тортурата.

Од извршената посета на Затворот Скопје можеше да се извлече заклучок дека состојбата во затворот е под потребното ниво, управата на затворот како и сите релевантни институции се свесни за истото, но не постои соодветна комуникација меѓу нив ниту желба за успешно надминување и решавање на проблемот.

Тие се сместени во соби со голема влага, трошни материјални услови и недоволна светлина и хигиена, каде тоалетот не е одделен со врата од останатиот дел на малата просторија. Иако за несоодветноста на ваквите услови во затворите Р. Македонија е во неколку наврати предупредувана уште од 2002 од страна на Комитетот за превенција на тортурата, државата се уште нема превземено мерки за подобрување на истите. Притворените лица исто така се жалат и на недостапноста на примерок од Куќниот ред на затворот, со кој би биле запознаени со своите права и можности за време на траењето на притворот. Во редот на нивните поплаки спаѓаат и бавната и несоодветна медицинска нега, недоволниот и недоволно обучен персонал, ограничената можност за едно седмично капење и сл. Меѓутоа несомнено е дека најголем проблем за притворените лица е многубројноста во затворот која двојно ги надминува капацитетите на истиот што создава нечовечки услови. Во соба со четири кревети се сместени шест лица, двајца од кои спијат на валкани душеци на подот чија една половина е сместена под некој од креветите и не можат да бидат целосно протегнати поради недоволен простор. Недостасува и простор за личните предмети. За ваквата состојба беше

Од друга страна, иако бранителите на притворените лица во акцијата Змиско око, постојано реагираа на условите во притворот и нудеа гаранции за соодветна замена на мерката притвор со друга мерка а Хелсиншкиот Комитет апелираше за рестриктивна употреба на мерката притвор, сепак 42 лица беа задржани во затворот Скопје четири месеци во нечовечки услови за да по тој период Судот на предлог на Јавниот Обвинител оцени дека сепак мерката притвор може да се замени со куќен притвор. Состојбата со многубројноста на притворените лица во однос на капацитетот на затворот Скопје е воочена и од страна на Комитетот за превенција на тортура во сите нивни извештаи во кои се бара од државата да изнајде решение за ваквиот проблем. Со цел да не се нарушуваат човечки услови на живот и повреда на достоинството на личноста, Хелсиншкиот Комитет апелира на претпазлива употреба на мерката притвор на што треба да претходи создавање на услови за нејзино издржување, а не нејзина злоупотреба и повикува на употреба на другите соодветни мерки на обезбедување.

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------[1] Членот 13 од ЕКЧП: Правото на ефикасен национален правен лек- “Секој човек, чии права и слободи, признати со оваа Конвенција, се нарушени, има право на жалба пред националните власти, дури и тогаш кога повредата на овие права и слободи ја сториле лица при вршење на службена должност.” [2] Член 35 став 1 од ЕКЧП или Критериуми за прифатливост –„ 1. Судот може да прифати случај само откако ќе бидат исцрпени сите домашни правни средства, врз основа на општо прифатените принципи од меѓународното право, и во рок од 6 месеци сметано од датумот на кој е донесена конечната интерна одлука.“ [3] Член 40 од ЗАКОН ЗА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО Сл.Весник на Р.Македонија бр. 150 од 12.12.2007 година – став (1) -„Јавниот обвинител на Република Македонија, по предлог на Владата на Република Македонија, го именува Собранието на Република Македонија за време од шест години со право на повторно именување“. [4] Член 30 од ЗАКОН ЗА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО Сл.Весник на Р.Македонија бр. 150 од 12.12.2007 година (1) Во остварувањето на функцијата на гонење на сторителите на кривични дела и прекршоци, јавниот обвинител: - ги има овластувањата што ги имаат Министерството за внатрешни работи и другите државни органи за откривање на кривични дела и нивните сторители и на прибирање на докази заради кривично гонење на сторителите на кривични дела, - во предистражна постапка има овластувања да издава наредби за примена на посебните истражни мерки, - ја раководи предистражната постапка и ги има на располагање овластените службени лица во Министерството за внатрешни работи, Финансиската полиција и Царинската управа во согласност со закон, - може сам да го преземе секое дејствие потребно за откривање на кривичното дело и откривање и гонење на неговиот сторител за кое со закон е овластено Министерството за внатрешни работи, Финансиската полиција и Царинската управа, - да одлучува за преземање или продолжување на кривичното гонење за сторителите на кривични дела, - да поднесува и застапува обвиненија пред судовите, - да изјавува редовни или вонредни правни лекови против судски одлуки; - да поднесува барање за поведување прекршочна постапка и - да врши и други дејствија определени со закон. (2) Јавниот обвинител врши и други дејствија определени со закон за ефикасно функционирање на кривичноправниот систем и спречување на криминалот. (3) Во случај на непостапување на другите државни органи од ставот (1) алинеја 1 на овој член, јавниот обвинител може сам да ги презема дејствијата што ги вршат овластените службени лица во Министерството за внатрешни работи или другите државни органи. [5] Законот за кривична постапка или членот 403 –„Против правосилни судски одлуки и против судската постапка што им претходела на тие правосилни одлуки, јавниот обвинител на Република Македонија може да подигне барање за заштита на законитоста ако е повреден законот“. [6] Член 8 Темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија се: ... хуманизмот, социјалната правда и солидарноста; [7] Член 9 Ст.1 Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слобосите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување; имотната и општествената положба. Ст.2 Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви. [8] Член 14 од ЕКЧП Уживањето на правата и слободите, признати со оваа Конвенција, ќе се обезбеди на сите без дискриминација, без оглед на пол, раса, боја на кожа, јазик, религија, политичко или друго уверување, национално или социјално потекло, припадност на национално малцинство, сопственост, род или друг статус. [9] Протокол 12: Генерална забрана на дискриминација 1. Уживањето на правата утврдени со закон ќе бидат загарантирани без дискриминација, без оглед на пол, раса, боја, јазик, религија, политичко или друго мислење, национално или социјално потекло, припадност на национално малцинство, сопственост, раѓање или друг статус. 2. Никој нема да биде дискриминиран од страна на било која власт по било кој основ како оние наведени во параграф бр.1.

90

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

МЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБАТА СО ЧОВЕКОВИТЕ Мај 2008 ПРАВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА I. ЈАВНИ НАСТАНИ И ПОВРЕДИ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРИНЦИПИ 1.1. Предизборната кампања ги навести инцидентите од 1 јуни 1.2. Планинска бура 1.3. Селективно "Змиско око" 1.4. Ограничување на времето за посета на адвокатите од страна на Основниот суд во Битола II. ПОЛИЦИСКИ И СУДСКИ СЛУЧАИ

самовработување на невработени... се што веќе е востановено како предизборен фолклор во државата. Сомнежот за сериозни злоупотреби на буџетските средства беа најавите, но и конкурсите за предизборни вработувања. Ваквите владини однесувања го потенцираа прашањето на однесувањето на Владата од моментот на распишувањето на изборите до нивното одржување, колку тогаш Владата се однесува како техничка, а колку заборава на тоа решевајќи се на одлуки и потези кои се етички спорни.

2.1. Случај Роберт Поповски 2.2. Случај на несоработување на Јавно Обвинителство и Министерство за внатрешни работи III. ПОВРЕДИ НА ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА 3.1. Случајот на 400 вработени во РЕК „Осломеј“ Кичево 3.2. Продолжуваат проблемите при трансформација на работниот однос од определено на неопределено време _______________________________ I. ЈАВНИ НАСТАНИ И ПОВРЕДИ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРИНЦИПИ 1.1. Предизборната кампања ги навести инцидентите од 1 јуни Предизборната кампања со сигурност ги навести инцидентите на досега најлошо организираните избори во историјата на Република Македонија. Речиси воопшто не се почитуваше законската одредба според која предизборната кампања трае 20 дена пред денот на гласање[1]. Практично од самораспуштањето на парламентот започна офанзивна предизборна кампања во која се користеа сите расположливи средства. Владеечката ВМРО-ДПМНЕ пред официјалниот почеток на кампањата во дневниот печат ја дистрибуираше својата изборна програма. Беа потребни десетина дена Владата под притисок на јавноста да ги стопира своите кампањи, но и покрај одлуката за стопирање Министерството за правда продолжи да објавува огласи во наредните денови. Целта сепак беше постигната – партиите од властта преку владините кампањи добија додатна (бесплатна) реклама. Владините (редовни) активности сепак содржеа елементи на предизборна кампања. Камен темелници, пуштања во употреба водоводи, промоции на кредити за

Партиските спотови на националните телевизии и нивната цена се прашање за себе. По некои проценки петте политички партии и коалиции кои обезбедија места во новиот парламент емитувале околу 68 часа платена политичка програма на петте телевизии со национални концесии, и за тоа треба да платат 23 милиони евра (според цените на чинење). Тоа пак е само за оваа ставка далеку над со закон дозволените 1,7 милион евра по партија или коалиција[2]. Дури и да им бил одобрен огромен попуст или пак ТВ куќите да им го подариле бесплатно времето на одделни партии, останува обврската да се плати данокот за додадена вредност. Иако станува збор за сосема јасно кршење на законите имајќи ја во вид досегашната практика тешко е да се очекува дека Државниот ревизор[3] ќе „фати“ некоја од поголемите партии дека потрошила повеќе од со законот предвидениот максимум средства за изборни камапањи, ниту пак е за очекување ТВ куќите или партиите сеедно, Управата за јавни приходи да ги гони за неплатениот ДДВ на евентуално подареното време за емитување ТВ спотови. Додатната цена на ваквите скапи предизборни кампањи е и врзувањето со бизнис заедницата која помага политички партии со очигледно доста пари, и особено по изборните победи очекува тие да им бидат вратени со услуги од страна на власта. И тука се става точка на војната, борбата... како сакате крстете ги напорите за спречување на корупцијата. Втерувањето страв и инцидентите се она што овие парламентарни избори неславно ќе ја издвојуваат предизборната кампања за овие парламентарни избори. Серија сериозни инциденти го обележаа предизборието. Работите стасаа до таму што веќе одомаќениот „Калашников“ беше заменет со рачни фрлачи. Кулминација беше пукањето во лидерот (или во неговиот

автомобил – сеедно) на опозиционата ДУИ. Опозицијата во повеќе наврати ја спомена вмешаноста на професионални полицајци, особено припадници на Алфите, во и околу инцидентите. Властта и не се потруди да одговори. Но по реакциите, особено на претставниците на меѓународната заедница, МВР и самото ги потврди овие тврдења покренувајќи постапки и против свои вработени. Без одговор останаа и јавно изнесените тврдења за полициски посети на домаќинства во Штип за време на викендите во предизборието што граѓаните го разбрале како пристисок да се гласа за една опција, како и обвинувањата дека студентите на Тетовскиот Универзитет се под притисок на одделни свои професори да гласаат за ДПА. Се појавија и информации за рекетирањето на бизнисмени Албанци, но и овие тврдења останаа неиспитани. По градовите и селата шетаа „анкетари“ евидентирајќи кој за кого ќе гласа, колку од нивните соседи сигурно ќе гласаат. Резултатите ревносно се бележеа на контото на овие партиски симпатизери како поени за наградата во вид на вработување или државна услуга со слична тежина во случај нивната опиција да победи на изборите. Полицијата за време на кампањата демонстрираше дека и покрај сите бескрајни домашни и странски реформи, се уште е она што беше во поранешниот систем – партиска полиција. И уште полошо полицијата во служба на коалицијата на власт се подели по етничка основа. По прв пат значајна вертикала во МВР е контролирана и злоупотребувана од албанскиот партиципиент во власта. Јалови беа предупредувањата дека функционер во МВР може да го контролира партискиот активист во истата личност, туку дека ќе се случува обратното – целата структура партиски активисти во МВР да го злоупотребуваат Министерството за партиски цели. Власта во екот на предизборието, денови со ред ја промовираше изградбата на нов затвор во Идризово и реновирањето на постоечките. Апсењата „по список“ течеа како на фабричка лента во задолжително присуство на ТВ камери или пропратени со дистрибуција на службени снимки од приведувањето кои по „незнаени“ патишта пристигаа од МВР до електронските медиуми. „Случајно“ во време на кампањата се обнароди пресуда против една од водечките личности на опозициониот

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

91

Месечни извештаи Социјал-демократски сојуз (СДСМ) Јани Макрадули, од високи владини структури им беа упатени закани за кривични пријави на лидерката на СДСМ Радмила Шеќеринска, и шефот на предизборниот штаб на ДУИ Изет Меџити. Веројатно никогаш нема да дознаеме како и колку ваквото втерување страв резултираше со апстиненција од гласање, што за професионалците во полнење кутии е само олеснување во извршувањето на нивната работа. Факт е дека најголемиот дел инциденти во предизборието, и речиси сите во кои беше употребено огнено оружје се случија во деловите на државата каде претежно живеат Албанци, и дека со нив воглавно беа доведувани во врска активистите на двете главни албански партии во Македонија. Грешеа и грешат оние кои сметаат дека се ќе се покрие со објаснувањето дека Албанците и нивните партии не се дораснати за демократија. Цената на инцидентите кои немаат етничка боја ја плаќа Република Македонија и сите нејзини граѓани. Непристрасното расчистување на инцидентите, докажувањето на вината на сторителите и доказите дека сето тоа е сторено по наредба на партиските врхушки како дел од нивното сфакање како изборите се добиваат треба да биде вовед во процесот во кој партиските водства и самите партиите ќе понесат своја одговорност. Ако веќе сме сведоци на секои нови избори на множењето на сериозни инциденти, наместо нивното исчезнување, зошто тогаш да не се размисли и за санкционирање на докажаната вина и со забрана на вршење на партиска должност или забрана на учество на партија на некои следни избори. Беше повеќе од јасно дека расчистувањето на инцидентите во предизборието е најдобрата превенција за тоа да нема инциденти на денот на изборите. Бидејќи не се случи да се откријат сторителите и челниците на политичките партии кои од нив барале вакви активности нерасчитените предизборни инциденти само ја отворија вратата за посериозните инциденти на самиот ден на гласањето. Ненаоѓањето на виновниците го засили впечатокот дека за ваквите кривични дела не следи казна. Како репер за ефикасноста на изнудените постфестум реакции на надлежните државни институции ќе потсестиме дека и по повод инцидентите на Парламентарните избори 2006, по речиси идентично остар притисок на претставниците на меѓународната заедница, надлежните органи поведоа серија постапки против лица осомничени за предизвикување изборни инциденти. Две години подоцна медиумите (по иронија на случајот во екот на

92

предизборната кампања) ја објавија информацијата дека ниту едно од лицата не доживеало судско финале за делата за кое било обвинето, и дека единствениот случај на казнето лице во врска со изборните инциденти во 2006 е сведокот кој теретел друго лице за сторен изборен инцидент. Констатацијата дека најмоќните, особено електронски медиуми, се контролирани или купени од страна на (владеечките) политички партии, дојде до израз за време на кампањата за овие вонредни парламентарни избори. За медиумите кои не можеа да се скротат на овој начин се употреби стариот добар метод на притисок и закани (АлсатМ). Во екот на кампањата повторно беа „украдени“ само предавателите на Алсат М и ТВ Арт во Тетово (и повторно оние на другите електронски медиуми останаа нечепнати). Јавниот радиодифузен сервис покажува дека, колку и да е во јадна состојба МРТВ, никако да се откаже од неговите пропагандистички услуги. Неговата Втора ТВ програма, поради учинокот на информативните програми на албански јазик, ја понесе титулата на најголем манипулант со изборните информации. Подетално, и за останатите аспекти на предиборната кампања види го Извештајот на Комитетот за парламентарните избори 2008[4]. 1.2. “Планинска Бура” Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди на 4-ти Јуни 2008 година до Хелсиншкиот комитет достави одговор на нашето барање за дополнителни информации од полициската акција „Планинска Бура“, а во врска со прикажаните видео снимки на кои се гледаа повредите на лицата лишени од слобода од страна на полициски службеници при спроведувањето на акцијата. Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди не извести дека по спроведената детална истрага во врска со оперативната акција „Планинска Бура“, а посебно во делот по приведувањето на лицата во полициски станици, констатирано е дека – „НЕ Е утврдена злоупотреба и пречекорување на овластувањата на поедини припадници на полициските сили“. Причината за ваквиот став е дека - „физичката сила од страна на полициските службеници била соодветна, сразмерна, основана и неопходна бидејќи во спротивно би се довеле во прашање животите на цивилното локално население и на припадниците на полициските сили“. Исто така „видео записите“ од делот на акцијата „Планинска Бура“ според Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди неовластено се направени од полициски службеници со употреба

на мобилни телефони, односно - „се работи за самоволно однесување на полициски службеници“ , а начинот на кои снимките станале достапни за јавноста не е утврден и – „сеуште се работи на утврдување на лицата кои што снимките ги пуштиле во електронските и други медиуми“. Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди ги измешал времињата и настаните, па на крајот на истиот допис категорички тврди дека – „полициските службеници кои ги направиле снимките се суспендирани од работните места и против истите е поведена постапка пред Комисија за отказ при МВР за утврдување на нивната одговорност“. Но, тоа е и најмалиот порблем. Хелсиншкиот комитет и во наодите на својата мисија за испитување на фактите,[5] и особено по појавата на фотографии и видео снимки од „сослушувањето“ на дел од приведените во акцијата, укажа на фактот дека од моментот на приведување на дел од лицата па се до нивното предавање во полициската станица најмалку е употребена „соодветна, сразмерна, основана и неопходна“ физичка сила туку е употребена прекумерна сила. Тоа не само што е видливо од фотографиите и снимките кои циркулираа на интернет, туку е сосема јасно и во она што е дел на информацијата на Секторот за полициската акција во селото Бродец, дека по „приведувањето во Полициската станица „Гази Баба“ во 18,30 часот повикана е екипа на Брза помош со цел да изврши медицински преглед на донесените -приведени лица“ и натаму „Притоа е констатирано дека пет лица се донесени во полициската станица со повреди од таков карактер, чие лекување не може да се врши амбулантно, заради што истите се пренесени во Ургентниот центар заради укажување соодветна медицинска помош“[6]. Сосема е јасно, Секторот прави замена на приоритетите. Во секоја држава во која владее правото надлежните најнапред би се позанимавале со она што е прикажано на снимките, а не со тоа кој ги направил снимките. Гонејќи ги оние кои ги направиле снимките МВР сака да не убеди дека, состојбата на приведените воопшто нема да беше онаква каква фотографиите и снимките ја прикажуваат само поради тоа што фотографии и снимки ќе немаше ако вработените во МВР не се „однесувале самоволно“! За жал со ваквите очигледно контрадикторни информации Секторот само докажува дека и покрај напредокот во неговата работа во однос на некои претходни времиња, сепак го практикува она што беше и најголемата болка на претходните внатрешни контроли – независно од се, полицијата никогаш не пречекорува овластувања! Во конкретниот случај се надеваме дека во текот на судењето

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

на обвинетите во случајот Бродец, Судот ќе умее да цени на кој начин се добиени признанијата и нема да дозволи да биде уште една алка во „полициската солидарност“. 1.3. Селективно “Змиско око” "Секој е должен да пријави кривично дело за кое се гони по службена должност"[7], вели Законот за кривична постапка, согласно на што таква обврска постои и за државните органи, институциите што вршат јавни овластувања и други правни лица, за дела за кои се известени или за кои ќе узнаат на некој друг начин[8]. Согласно истиот закон, ако постојат основи за сомневање дека е извршено кривично дело за кое се гони по службена должност, Министерството за внатрешни работи е должно да ги преземе потребните мерки да се пронајде сторителот на кривичното дело[9], а Jавното обвинителство е должно да ги гони истите сторители[10]. Овие законски обврзувачки одредби очигледно, барем до сега, не важат за институциите во случајот „Змиско око“, на чие судење (набљудувано од Хелсиншкиот Комитет), на очиглед на Јавното обвинителство, Судскиот совет и јавноста се прикажуваат снимки прибавени со посебни истражни мерки на кои јасно се гледа како лица со работно место на патарините не издаваат фискални сметки за наплатена услуга, но истите не се наоѓаат на обвинителната клупа заедно со другите 72 лица обвинети. Да биде иронијата уште поголема овие снимки се употребуваат како докази предложени од страна на самиот Jавен обвинител против лица кои исто така работеле на патарините, но се обвинети за злоупотреба на службената положба и се притворени. Јавниот обвинител е должен да преземе кривично гонење ако постојат докази дека е сторено кривично дело за кое се гони по службена должност[11], дотолку повеќе што доказите се прибавени во соработка со МВР и се користат во постапка против сторители на исто кривично дело во исти или слични околности. Хелсиншкиот Комитет потсетува на начелата на објективност, непристрасност и неселективниот во работата на Јавното обвинителство и судските органи, како услов за воспоставување на владеење на правото и правната држава. Поради тоа, Хелсиншкиот Комитет за човекови права БАРА од надлежните органи почитување и спроведување на законските обврски до крај, заради задржување на достоинството и вербата во правните институции, а не поткопување на правната држава поради овие или оние причини. 1.4. Ограничување на времето за посета на адвокатите од страна на

Основниот суд во Битола

е пренесен во Арестанското одделение при Клиничката болница во Скопје.

Хелсиншкиот Комитет беше известен од страна на неколку адвокати од Битола дека при барањето посета во затворот Битола на странки кои се наоѓаат во притвор, од страна на судиите во Основниот суд Битола им било ограничувано времето кое им се дозволува за посета, и често било определувано на минимални 15 минути.

Од страна на претставници на Хелсиншкиот Комитет оштетениот беше посетен во затворот во Битола каде лично се уверија во лошата здравствена состојба на притвореното лице која настанала поради прекумерната употреба на сила при приведувањето.

Претставник од Хелсиншкиот комитет оствари посета заедно со адвокат од Битола и за жал се увери во наводите на адвокатите. Иако се работеше за предмет во кој на адвокатот му беа потребни информации за да ја подготви одбраната, од страна на судот беше добиена дозвола за посета во време траење од 15 минути, спротивно на чл.70 од Законот за кривична постапка каде е наведено дека “Ако обвинетиот се наоѓа во притвор бранителот може со него слободно и без надзор да се допишува и да разговара...“ Посетата се оствари во дежурната соба на затворот во присуство на уште четири овластени службени лица од затворот кои за тој период ги вршеа секојдневните обврски и воопшто не беше можно да се разговара со странката. Врз основа на членот 6 од Европската Конвенција, правото на правично судење предвидува и дека секој оној кој е обвинет за кривично дело има право на адекватно време и услови за подготовка на неговата одбрана. Ова начело имплицира дека адвокатот на обвинетиот има неограничен и доверлив пристап до која било странка во притвор, со цел да разговара по сите елементи во случајот. Исто така, затворската управа мора да обезбеди адекватни услови со цел посетите од адвокатот да бидат доверливи и да не бидат прислушувани од затворските власти. Хелсиншкиот Комитет се обраќа до судиите во Основниот суд во Битола со напомена дека, судијата треба да го има во предвид правото на обвинетиот за слободна комуникација со одбраната, кое се смета дека има апсолутно централно место во концептот за правично судење.[12] II. ПОЛИЦИСКИ И СУДСКИ СЛУЧАИ 2.1. Случај Роберт Поповски При приведувањето на Роберт Поповски од Струга, од страна на службено лице - припадник на специјалната полиција, тој бил удрен по вилицата со кундакот од пушката, иако не пружал никаков отпор. По приемот во затворот Битола било утврдено дека постои скршеница на вилицата и била извршена хируршка интервенција на одделението за максилофацијална хирургија во Клиничката болница во Битола, а потоа

Дополнителен проблем со кој се соочуваше г-дин. Поповски беа лошите услови во кои ја примаше медицинската терапија во затворот во Битола, терапија која му е потребна за заздравување и спречување на евентуални несакани дополнителни последици. Истата состојба продолжува и по неговиот трансфер во Затворот Скопје, од причина што иако само пред неколку месеци врз него е направен оперативен зафат тој сеуште не е подложен на лекарски преглед и потребната медицинска нега. Иако во осетлива здравствена состојба странката нема обезбеден кревет во затворската просторија, и наместо тоа користи душек за спиење. Имајќи предвид дека тортурата е апсолутно забранета согласно меѓународните документи и стандарди ратификувани од страна на Република Македонија, Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија на ден 10.04.2008 год. поднесе кривична пријава[13] до Основното јавно обвинителство во Струга. Законот за полиција[14] нормира дека “Во извршувањето на полициските овластувања полицискиот службеник е должен да постапува хумано и да ги почитува достоинството, угледот и честа на лицата како и основните слободи и права на човекот и граѓанинот.“ Понатаму Кодексот на полициска етика[15], предвидува дека: “Полициските службеници не смеат да предизвикуваат, поттикнуваат или толерираат никаков чин на тортура, мачење, нечовечко или понижувачко постапување или казнување.“ Праксата на Европскиот суд за човекови права[16] наведува дека, државата е должна да превземе делотворна официјална истрага, кога лицето изнесува спорни тврдења дека било изложено на сериозно малтретирање од страна на полиција, и да се овозможи идентификација и казнување на оние кои се одговорни за тоа. Доколку не се постапи на ваков начин, општата правна забрана за тортура и други нехумани и понижувачки постапки, ќе биде неефикасна во практиката и ќе им овозможи на службениците да ги злоупотребуваат правата на оние кои се под нивна контрола, поради користење на својата виртуелна неказнивост“. Обврската за Република Македонија за спроведување на ефикасна истрага во случаи каде постојат индиции за тортура беше

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

93

Месечни извештаи констатирано во повеќе пресуди на Европскиот суд за човекови права[17]. Хелсиншкиот Комитет ги повикува надлежните органи сериозно да ги сфатат забелешките на Европскиот суд за човекови права, да наложат да се спроведе ефикасна истрага и да се казнат сторителите на овие кривични дела без постојаното прогледување низ прсти само затоа што тие се припадници на Министерството за внатрешни работи – специјална полиција. 2.2. Случај на несоработување на Јавно Обвинителство и Министерство за внатрешни работи До Основното Јавно Обвинителство Скопје, поднесена е кривична пријава за кривично дело - Тешка кражба по чл.236 ст.1 т.1 од Кривичниот законик. Постапувајќи по поднесената кривична пријава, Основното Јавно Обвинителство Скопје со цел проверка на наводите од кривичната пријава[18], до Секторот за внатрешни работи Скопје поднело Барање за собирање потребни известувања. Меѓутоа и покрај ургенцијата на Основното Јавно Обвинителство од 5 Ноември 2007 година бараните податоци не му се доставени. Со оглед дека од Секторот за внатрешни работи Скопје не му е писмено одговорено по однос на неговото Барање, а имајќи ја во предвид расположливата писмена документација за пријавениот кривично правен настан, Основното Јавно Обвинителство сметало дека не постои ниту еден доказ со кој евентуално би се потврдило дека е сторено кривично дело - Тешка кражба, или онака како што е наведено во кривична пријава од лицето кое ја поднело. При тоа Основното Јавно Обвинителство на 25 Март 2007 година едноставно донело Решение со кое ја отфрлило кривичната пријава. Во поткрепа на своите наводи Основното Јавно Обвинителство навело дека „... ова обвинителство не располага со податоци дали ваков настан бил регистриран и пријавен во надлежната полициска станица, и дали од страна на овластените службени лица по однос на пријавениот настан биле превземени одредени мерки во смисла на откривање на сторителот и обезбедување на соодветни писмени докази....“ Во својата правна поука Основното Јавно Обвинителство го упатува оштетениот да го превземе кривичното гонење. Јавно Обвинителство ја отфрлило кривичната пријава врз основа на член 152 став 1 од ЗКП [19], но при тоа заборава на обврската од ставот 2[20] на истиот член. Имено Јавниот обвинител, ако не е во можност да оцени од самата пријава дали се веројатни наводите на пријавата или ако податоците од пријавата не даваат

94

доволно основа да може да одлучи да го преземе сам или преку други органи, ќе бара од Министерството за внатрешни работи да соберат потребни известувања и да превземат други мерки заради откривање на кривичното дело и на сторителот на делото. Дотолку повеќе што ставот 7 и 8[21] од истиот член определува рок и должност за Министерството за внатрешни работи да постапат по барањето на јавниот обвинител.

работа зголемена за 50%“ се толкува различно.

Хелсиншкиот комитет смета дека е недозволиво граѓаните на Р. Македонија да трпат штета и неможност за остварувањето на нивните основни човекови права, само поради несоработката на Јавно Обвинителство и Министерството за внатрешни работи, институции кои се должни да ги обезбедуваат правата на граѓаните.

3.2. Продолжуваат проблемите при трансформација на работниот однос од определено на неопределено време

III. ПОВРЕДИ НА ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА 3.1. Случајот на 400 вработени во РЕК „Осломеј“ Кичево До Хелсиншкиот комитет се обратија 400 лица вработени во РЕК „Осломеј“ Кичево кои работат во смена и непрекинато, а по завршувањето на смената имаат неделен одмор во траење од два дена, како и работниците кои работат во една смена. Од постоењето на РЕК „Осломеј“ Кичево, вториот слободен ден им се сметал исто како и неделата за работниците од првата смена. Кога државниот празник им се совпаѓал со вториот слободен ден, исто како што се постапува кога е во недела, и наредниот ден се смета како празник при што соодветно им се исплаќал како работа во празник. Иако нема никакви законски[22] измени во начинот на плаќањето, од средината на 2007 година ваквото право им е скратено па во случај кога празникот се совпаѓа со вториот слободен ден тие не добиваат никаков надоместок. Вработените во РЕК „Осломеј“ Кичево се обратиле до правната служба на АД за производство на електрична енергија „Електрани на Македонија“ и според одговорот кој го добиле произлегува дека – „по однос на прашањето за работник кој работи во смени, ако празникот односно неработниот ден се совпаѓа со неработниот ден утврден со законот нема право на надомест на плата, ниту пак зголемена плата“ при тоа повикувајќи се на членот 65 од колективниот договор . Се поставува прашањето дали членот 3 од Законот за празници на Република Македонија, кој гласи дека доколку празниците паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен, важи и за работниците кои работат на смени? Исто така зошто членот 65 од колективниот договор каде стои – „ за работа во неработен ден, на празници утврдени со закон, работникот има право на надомест на плата за поминатите часови на

Имајќи го предвид изнесеното Хелсиншкиот комитет смета дека во вакви случаи потребно е ангажирање на Економско –социјалниот совет[23] во поттикнување на мирно решавање на колективните работни спорови. Воедно укажуваме дека со изменетиот Закон за празници нема никакви измени во начинот на плаќањето.

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во својот месечен извештај декември 2007/јануари 2008, укажа на правната празнина создадена со новините во член 46[24] од Законот за работни односи која во континуитет создава проблеми во практиката при неговото толкување. Од ставот 2 на овој член произлегува дека, ако работникот продолжи да работи по истекот на рокот од четири години, во таков случај, работниот однос на определено време се трансформира во работен однос на неопределено време. Доколку работодавецот не донесе одлука за промена на договорот за вработување во наведената смисла, работникот може тоа право да го оствари пред надлежен суд. Проблемите кои ги предизвика член 46, што особено беше согледано со зголемување на бројот на претставки поднесени до Хелсиншкиот комитет од страна на лица вработени во воспитно-образовните установи, се однесуваа на прашањето на исполнетоста на условите во врска со траењето на работниот однос дали може да биде земен во предвид работниот однос пред влегувањето во сила на новиот ЗРО? За жал, одговорот на ова прашање во краен случај зависи од произволната оцена на судот, што секако од своја страна, во голем број случаи доведе до различен третман на вработените лица кои своето право го остваруваат по судски пат. Во обидот да се реши ваквото прашање, Уставниот суд на РМ донел Решение[25] во чие образложение се наведува дека: „Покачувањето на границата од три (според дерогираниот Закон за работни односи) на четири години како услов за трансформација на работниот однос, не треба да претставува пречка, односно неможност работникот кој засновал работен однос на определено време по претходниот закон кога како услов бил предвиден рок од три години, неговиот работен однос да се трансформира од определено во неопределено време по проток на четири години од моментот на засновање на работниот однос, а не од моментот на влегување во сила на постојниот закон. Поинаквото толкување и пресметување на рокот

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

од четири години би ги довело во прашање легитимните очекувања на работникот односно правата кои ги имал до моментот на влегување во сила на новиот закон што практично би претставувало повреда на правната сигурност на граѓаните како елемент на владеење на правото. Судот оцени дека оспорената одредба не може да биде доведена под сомнение ... период од четири години, се однесува на случаите на засновање на работен однос од моментот на засновање на истиот, а не од моментот на влегување во сила на овој закон“. Сепак, до Хелсиншкиот комитет сеуште пристигнуваат голем број претставки во врска со оваа проблематика, што укажува дека на дел од судовите пред кои граѓаните

ги остваруваат своите права, ваквото Решение на Уставниот суд не им претставува релевантно толкување на член 46, бидејќи се уште продолжува различната пракса и во голем број случаи не се зема во предвид периодот поминат на работното место пред влегување во сила на новиот закон. Како потврда на ваквата пракса е случајот на работник (чии податоци на негово барање не ги објавуваме) кој поднел тужба со цел трансформација на работниот однос. Основниот суд донел Пресуда со која се усвојува тужбеното барање на тужителот, се утврдува дека работниот однос заснован на определено време се трансформира на неопределено време, и се задолжува тужениот работодавец да ја спроведе постапката

за трансформирање на работниот однос на тужителот. Постапувајќи по жалба на тужениот, Апелациониот суд Скопје ја уважил жалбата, а тужбеното барање на тужителот го одбил како неосновано бидејќи: „со одредбата од став 2 на член 46 се регулираат правни односи кои би настанале во иднина по стапувањето во сила на Законот“. Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ изразува жалење поради ваквата судска пракса која доведува до повреда на правата на работниците, при што меѓу другото, со своите пресуди судовите придонесуваат за проширување на просторот за самоволно однесување на работодавачите, и неоправдано долго траење на работниот однос на определено време.

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------[1] Член 74 од Изборниот законик (1) Изборната кампања започнува 20 дена пред денот определен за одржување на изборите и не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите. (2) Советот за радиодифузија е должен да ги следи програмите на електронските медиуми во Република Македонија за времетраењето на изборниот молк и на денот на одржувањето на изборите. (3) Советот за радиодифузија е должен веднаш по утврдувањето на неправилностите (агитирање, информации поврзани со изборната кампања, рекламни пораки со кои се врши претставување на партиски програми и партиски симболи), да го извести органот надлежен за електронски комуникации кој е должен во рок од 24 часа по приемот на известувањето да поднесе пријава пред надлежниот основен суд за покренување на постапка за казниво дело. [2] Член 84 од Изборниот законик При финансирањето на изборната кампања, организаторот на изборната кампања може да потроши најмногу до 60 денари по запишан избирач во изборната единица, односно општината за која има поднесено листа на кандидати, односно листа на кандидат. [3] Член 71 од Изборниот законик (1) Организаторот на изборната кампања задолжително отвора жиро - сметка со назнака “за изборна кампања”, во рок од 48 часа по потврдувањето на листата на кандидати и во тој рок од 48 часа, доказот за отворена жиро-сметка се доставува до надлежната изборна комисија. ... (4) Организаторот на изборната кампања на жиро-сметката од ставот (1) на овој член, ќе ги депонира сите средства добиени од правни или физички лица за финансирање на изборната кампања. (5) Сите трошоци за кампањата исклучиво ќе се покријат од средствата на жиро-сметката за изборната кампања. Член 72 (1) За законитоста на спроведувањето на изборната кампања е oдговорен организаторот на изборната кампања. (2) Организаторот на изборната кампања е одговорен и за оние дејствија на изборната кампања за кои ќе овласти други лица. Член 85 (1) Организаторот на изборната кампања е должен да поднесе финансиски извештај за изборната кампања. (2) Финансискиот извештај за изборната кампања содржи податоци за вкупниот износ на средствата, изворите на финансирање и направените трошоци. (3) Финансискиот извештај се доставува до Државниот завод за ревизија, Државната изборна комисија и Собранието веднаш, а најдоцна во рок од 30 дена по денот на верификација на мандатите. (4) Финансискиот извештај за изборната кампања јавно го објавува Државната изборна комисија на својата интернет страница. ... (7) Државниот завод за ревизија доколку утврди неправилности во финансискиот извештај на организаторот на изборната кампања, а се поврзани со надминување на лимитот за изборна кампања или финансирање на изборна кампања спротивно на одредбите на овој законик ќе ги извести надлежните органи заради поведување на соодветна постапка. Член 189 (1) Со парична казна од 200.000 до 300.000 денари ќе се казни за прекршок политичка партија која нема да поднесе извештај за финансирање на изборната кампања од членот 85 на овој законик, односно кога за финансирање на изборната кампања се користени средства согласно со членот 83 од овој законик. (2) Со парична казна од 200.000 до 300.000 денари ќе се казни за прекршок политичка партија, доколку во изборната кампања потроши повеќе финансиски средства отколку што е утврдено во членот 84 од овој законик. (3) Со парична казна од 20.000 до 50.000 денари ќе се казни и одговорното лице на политичката партија за дејствијата од ставовите (1) и (2) на овој член. [4] http://www.mhc.org.mk/?ItemID=C7F991F506BF02448222722F064FA5B2 [5] http://www.mhc.org.mk/?ItemID=C1414A8E084BFB4CA3B194EAA389E881 Скопје, 27 декември 2007 [6] Информација на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди (Бр.11.2-1851/5 од 19.11.2007 година) [7] Член 142 ст.3, Закон за кривична постапка [8] Член 142 ст.3, Закон за кривична постапка [9] Член 144, Закон за кривична постапка [10] Член 42, Закон за кривична постапка [11] Член 17 , Закон за кривична постапка [12] Campbelland Fell v. the United Kingdom 28 јуни 1984. [13] - Мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување“член 142 ст. 1 од Кривичниот законик, - Малтретирање во вршење на службата“ од член 143 став 1 од КЗ, -Тешка телесна повреда“ од член 131 став 1 и 3 од КЗ. [14] член 32 став 2, Законот за полиција[14], (Сл.весник бр.114/2006), [15] член 37, Кодекс на полициска етика [16] Asenov против Бугарија, Апликација број 90/1997/874/1086 од 28 октомври 1998 [17] Јашар против Р.М, Џеладинов и други против Р.М. и Сулејманов против Р.М [18] КО бр.1074/07 од 23 Март 2007 година [19] Член 152 став 1 од ЗКП - (1) Јавниот обвинител со решение ќе ја отфрли пријавата ако од самата пријава произлегува дека пријавеното дело не е кривично дело за кое се гони по службена должност, ако настапила застареност или делото е опфатено со амнестија или помилување, ако постојат други околности што го исклучуваат гонењето или ако не постојат основи на сомнение дека пријавениот го сторил кривичното дело. За отфрлање на кривичната пријава, јавниот обвинител му доставува на оштетениот примерок од решението со поука дека има право во рок од осум дена од приемот да го преземе кривичното гонење, а подносителот на пријавата го известува за причините за отфрлањето. [20] Член 152 став 2 од ЗКП (2) Ако јавниот обвинител не може да оцени од самата пријава дали се веројатни наводите на пријавата или ако податоците од пријавата не даваат доволно основа да може да одлучи дали ќе бара спроведување истрага или ако до јавниот обвинител само допрел глас дека е извршено кривично дело, а особено ако извршителот е непознат, јавниот обвинител, ако не е во можност тоа да го преземе сам или преку други органи, ќе бара од Министерството за внатрешни работи да соберат потребни известувања и да преземат други мерки заради откривање на кривичното дело и на сторителот [21] Член 152 став & и 8 од ЗКП (7) Министерството за внатрешни работи и другите државни органи, институции што вршат јавни овластувања и други правни лица согласно со ставовите (2) и (3) на овој член се должни веднаш да постапат по барањето на јавниот обвинител, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето. Само во исклучително сложени случаи за тешки кривични дела извршени од повеќе лица на поголемо подрачје или од организирана криминална група по барањето на јавниот обвинител, Министерството за внатрешни работи, другите државни органи и другите правни лица се должни да постапат во рок не подолг од 90 дена од денот на приемот на барањето. (8) Јавниот обвинител може секогаш да бара од Министерството за внатрешни работи, од другите државни органи, од институциите што вршат јавни овластувања и другите правни лица, до кои поднел барање за собирање на потребни известувања, веднаш да го известат за мерките што ги презеле. [22] Закон за празниците на Р.М. бр. 21/98 и Закон за изменување на законот за празниците на Р.М. бр. 18/07 [23] Член 246 од ЗРО, Овластувања на Економско-социјалниот совет “(1) Заради утврдување и остварување на усогласени дејности со цел за заштита и промоција на економските и социјалните права, односно интереси на работниците и работодавачите, водење на усогласена економска, развојна и социјапна политика, поттикнување на социјален дијалог и склучување и примена на колективни договори и нивно усогласување со мерките на економската, социјалната и развојната политика, се основа Економско- социјален совет. (2) Дејноста на Економско-социјалниот совет се темели на потребата затристрана соработка меѓу Владата на Република Македонија (вонатамошниот текст: Владата), синдикатите и здруженијата на работодавачите, во решавањето на економските и социјалните прашања и проблеми. (3) Економско-социјалниот совет: 1) ги следи, проучува и оценува влијанието на економската политика и мерките на економската политика на социјалната стабилност и развој;” 2) ги следи, проучува и оценува влијанието на социјалната политика и мерките на социјалната политика на економската стабилност и развој; 3) ги следи, проучува и оценува влијанието на промените на цените и платите на економската стабилност иразвој; 4) му дава образложено мислење на министерот за труд за прашања и проблеми поврзани со склучувањето и примената на колективните договори; 5) им предлага на Владата, работодавачите и синдикатите, односно на нивните здруженија на повисоко ниво, водење на усогласена политика на цени и плати; 6) дава мислења по предлози на закони од областа на трудот и социјалната сигурност; 7) ја промовира и потгикнува потребата на тристрана соработка (трипартитен социјален дијалог) меѓу социјалните партнери за решавање на економските и социјалните прашања и проблеми; 8) го поттикнува мирното решавање на колективните работни спорови и 9) дава мислења и предлози на министерот за труд во врска со другите прашања утврдени со овој закон. [24] Член 46 од Законот за работни односи, „Службен весник на РМ“ бр.62/2005 : „(1) Договор за вработување може да се склучи на определено време за вршење на работи кои по својата природа траат определено време, со прекин или без прекин до четири години. (2) Работниот однос заснован со договор за вработување на определено време, се трансформира во работен однос на неопределено време, ако работникот продолжи да работи по истекот на рокот од ставот (1) на овој член, под услови и на начин утврдени со закон“. [25] Решение на Уставен суд бр.48/2007-0-0 да не се поведе постапка за оценување на уставноста на член 46 став 2 од Законот за работните односи.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

95

Месечни извештаи

МЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБАТА СО ЧОВЕКОВИТЕ Јуни 2008 ПРАВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА I. ЈАВНИ НАСТАНИ И ПОВРЕДИ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРИНЦИПИ 1.1. Расте бројот на пријавени случаи на злоупотреба на деца – Институциите (и натаму) спијат 1.2. Предлогот за измена на Законот за здравствена заштита укажа на кршење на концептот на правната држава во Македонија 1.3. Јавен линч! Во која правда да веруваме сега? 1.4. Дозволено самоволие во верските образовни установи! Државниот просветен инспекторат “ненадлежен“ за надзор? II. ПОВРЕДИ НА ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА 2.1. Случај Небојша Арсовски и Здружението на Хрвати од Република Македонија. 2.2 Случај Живков Ристо III. ПОЛИЦИСКИ И СУДСКИ СЛУЧАИ 3.1 Употреба на мерката Притвор во постапката спрема малолетниците 3.2. Во чии интереси работи Основното Јавно обвинителство Скопје? 3.3. Случај: Цветан Стојкоски 3.4. Случај: Мирче Горанчиќ --------------------------------------------------I. ЈАВНИ НАСТАНИ И ПОВРЕДИ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРИНЦИПИ 1.1 Расте бројот на пријавени случаи на злоупотреба на деца – Институциите (и натаму) спијат Едно од основните права на децата е правото на живот и развој. Сите видови на злоупотреба, насилство, злоупотреба или запоставување на децата, со кои се загрозуваат физичкиот или психичкиот интегритет на детето и го спречуваат неговиот развој, претставуваат повреда на тоа основно право. Заштитата на правата подразбира, пред се разни општествени активности насочени кон спречување на овие појави, како и организирање и непосредно спроведување на заштитни интервенции во конкретни случаеви на злоупотреба и запуштање на децата. Конвенцијата за правата на детето содржи и посебни одредби за правата на децата на физички, психички и морален интегритет, со кои се предвидуваат мерки за : - Заштита од физичко или ментално насилство, злоупотреба и запоставување (вклучувајќи и сексуална злоупотреба) – чл.19 - Заштита од сите облици на сексуално искористување и сексуална злоупотреба – чл.34

96

- Заштита од сите други облици на експлоатација штетни за детето – чл.36 - Мерки за подобро физичко и психичко закрепнување и за социјална реинтеграција на детето кое е жртва – чл.39 Алармантна е бројката од десетина нови случаи на сексуална злоупотреба на деца во Македонија само во текот на месец јуни. Иако останува прашањето дали се работи за зголемување на бројот на случаи на злоупотреба на деца или се работи на зголемување на бројот на пријавени случаи, сепак тоа не ги оправдува надлежните органи кои во текот на изминатите години можеле и требале да преземат нешто за да не дојде до вакви злоупотреби.

насока не само на санкционирање на сторителите на овие повреди, туку и во насока на нивна превенција. 1.2. Предлогот за измена на Законот за здравствена заштита укажа на кршење на концептот на правната држава во Македонија. Не е можно во исто време да се биде контролор и да се биде контролиран. Иронијата е лајт мотив на нашиот јавен политички и општествен живот. Процесот на законските измени и трансформацијата на Клиничкиот Центар иронично укажаа на проблемите во здравотото, функционирање на демократијата и правната држава во Македонија.

Хелсиншкиот Комитет во неколку наврати излезе во јавноста со анализи на конкретни предмети[1] и заклучоци дека загрижува податокот дека се зголемува бројот на случаи кои се доставуваат до Хелсиншкиот комитет, а во последниот период се зголемува и бројот на јавно објавени вакви случаи во кои е индицирана или дури е и неспорна повреда на правата на детето.

Имено, по одлуката на Уставниот Суд за поништување на одлуката на Владата за трансформација на Клиничкиот Центар, правниците дијагностицираа симптоми на кршење на уставните принципи во обидите да се постигне планираната трансформација преку Собранието, со предлогот за измена на Законот за здравствена заштита на министерот/ пратеник Селмани.

Една од најповиканите институции која треба да се грижи за правата на децата е Министерството за труд и социјална политика и Центрите за социјална работа во негова надлежност. Во нашите Анализи веќе неколку пати наведовме дека во изминатиот период, ниту Mинистерството, ниту центрите не покажаа дека имаат капацитет, знаење, воља и желба навистина да ги извршат обврските кои им се доделени во врска со децата.

Ваквото однесување е во спротивност со принципот на поделба на власта, кој е признат за темелна вредност на уставниот поредок на Македонија во чл.8[2] од Уставот на РМ, како и со принципот на неспоивост на функцијата пратеник и министер, кој е уреден со чл.63[3] и чл.89[4] од Уставот и со чл.6[5] од Законот за избор на пратеници во Собранието на РМ од 2002 год.

Центрите за социјална работа се служби кои имаат клучна улога во заштитата на децата од злоупотреба. Таа улога е заснована на нивните значајни функции во социјалната заштита на семејството и децата, но и на нивните законски надлежности за заштита на правата на децата. Тие треба да бидат иницијатори и координатори на целокупниот процес на заштита на децата од злоупотреба. Тој процес вклучува активности на повеќе различни државни органи (полиција и правосудство), како и стручни институции (здравствени, социјални и образовни). Распределбата на улогите на сите учесници во заштитата треба да овозможи ефикасно запирање на насилството и да обезбеди адекватна заштита на децата со што е можно помали дополнителни трауматски последици. Поаѓајќи од главната цел – обезбедување на најдобриот интерес на детето – овие улоги мора да бидат поврзани во единствен процес на стручно препознавање, истражување-докажување, одлучување и реализација на заштитните интервенции. Хелсиншкиот Комитет смета дека може и мора уште многу да се стори на општествено ниво за да се превенира злоупотребата и запоставувањето на децата и ги повикува сите надлежни органи ВЕДНАШ да преземат чекори во

Функционална правна држава како идеал кој се стремиме да го постигнеме, опфаќа легалитет во дејствувањето на државните органи и органичена државна власт (limited government) со Уставот и законите. Фактот што власта грубо ги занемарува принципите признати во Уставот, како највисок акт во хиерархијата на правото, укажува на тешки заболувања и деформации во нашиот политички систем. Ниту еден орган на државната власт не е над Уставот, ниту Собранието кое го донесува Уставот, а ниту Владата. Неспоивоста на владиниот кабинет со пратеничкиот состав е творба на Француската револуција од 1789, симбол на новиот почеток и новото општетсвено уредување на слобода, еднаквост и братство. Уставот на Франција од 1791 година содржи ваква забрана како превентива да се спречи корумпираното однесување на високите службеници од времето на Ancien regime, што постоело можност да се случи доколку министрите истовремено бидат и пратеници. Иронично е што и Македонија се наоѓа во доба на политички пропагирана преродба и раскрстување со идеите и постапките на стариот режим, кога во јавноста се појавува прашањето за кршењето на овој принцип на неспоивост на функцијата министер и пратеник. Основната идеја на овој принцип многу јасно ја изразува една често пати цитирана реченица на Шарл де Гол: Не е можно во исто време да се биде

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

контролор и да се биде контролиран. Во име на политичката и правната контрола и за зачувување на легалитетот во функционирањето на државните органи, укажуваме на неуставноста и незаконитоста на ваквите постапки. 1.3. Јавен линч ! Во која правда да веруваме сега? Начелото 10 од Препораката Rec. (2003)13 на Комитетот на министри[6] која се однесува на обезбедување на информации преку медиумите во врска со кривичната постапка предвидува заштита од штетно влијание и наведува дека „... полициските служби треба да апстинираат од јавно обезбедување на информации што може да носи ризик од наштетување на правичноста на постапките“. Но дали тоа беше запазено во случајот со дописникот на “Утрински весник” од Кичево Владо Таневски? Имено, за жал Портпаролот на МВР Иво Котевски изјави за медиумите дека – “карактеристично е за сите четири жени дека биле на поодмината возраст, сите живееле во ист дел на Кичево, имале понизок степен на образование и главно заработувале како хигеничарки. Ваквиот профил на жртвите, делумно соодветствува со профилот на покојната мајка на осомничениот, која работела како хигеничарка во болница и со која според документираните сознанија, тој бил во исклучително лоши односи“. Согласно Законот за кривична постапка, секој кој е гонет од државата или приватно, го ужива правото на „претпоставка на невиност“[7]. Тоа со сигурност не е она право кое секојдневно го гледаме во Македонија, каде уапсените ги снимаат како ги спроведуваат до истражен затвор или истражен судија, а настанот е топ тема во сите медиуми. Ова право не може да се ужива и кога Портпаролот на МВР ќе излезе пред камерите и ќе каже дека „имале несоборливи докази“ за приведениот, на тој начин директно вршејќи притисок врз независноста на Судот. Ова беше доволно за да се сретнат канонади од епитети во сите медиуми кои имаа заеднички именител – „сериски убиец“ и кои имаат штетен публицитет не само за сега веќе починатиот и неговото семејство туку и за сета јавност во Македонија[8], притоа заборавајќи го фактот дека лицето беше се уште само "осомничен". Сето ова не доведува до прашањето од кои извори до македонската јавност допреа слики од увидот, најверојатно од местото на живеење на осомниченото лице, снимки од лицето при приведување па уште и од различни агли за да сето тоа кулминира со слики од неговото мртво тело и тоалетот во затворската просторија кои со денови се прикажуваат на медиумите? Кому му служи таа неетичка сензација која го руинира човековото достоинство и сите правни правила и норми на едно демократско општество за какво што се смета македонското? Поради ова, Хелсиншкиот комитет инсистира на примена на Членот 8 од Европската Конвенција за човекови права, што подразбира дека при обезбедувањето на информации за осомничени, обвинети или осудени страни во кривичните постапки треба да се почитува нивното право за заштита на приватноста. Особено внимание од

страна на државните органи и медиумите треба да се посвети на штетниот ефект од презентирањето на информацијата, која овозможува идентификација на овие лица. При тоа, Хелсиншкиот Комитет со големо разочарување остро го осудува начинот на информирање за случајот на г-дин Владо Таневски од страна на Министерството за внатрешни работи зачинето со шпекулативни новинарските епитети од одредени медиуми. Македонија беше сведок на јавно линчување на личноста и нејзиното достоинство, газење по етичките и моралните стандарди и повредување на начелото на пресумпција на невиност како еден од основните постулати на правната држава. Друг аспект на целиот случај е отворањето на прашањето за предметите на Ристески и Мирчевски кои имаат изречена казна доживотен затвор за убиството на Митра Силјановска. Во која правда треба да веруваме сега? 1.4. Дозволено самоволие во верските образовни установи! Државниот просветен инспекторат “ненадлежен“ за надзор? Согласно член 3 од Законот за средно образование: „(1) Секој под еднакви услови утврдени со овој закон, има право на средно образование. (3) Не се дозволени дискриминации засновани на пол, раса, боја на кожата, национално и социјално потекло, политичко и верско уверување, имотна и општествена положба“. Од друга страна, Законот за правната положба на црква, верски заедници и религиозни групи (Сл. Весник на РМ бр. 113 од 20.09.2007 година) во својот член 22 ја уредува можноста црква, верска заедница и религиозна група да основаат верски образовни установи од сите степени на образование, освен од основното образование, за школување на свештени лица и верски службеници, како и ученички и студентски домови за сместување на лицата кои се школуваат во тие установи. Значаен е фактот што согласно став 2 од истиот член 22: „Верските образовни установи се изедначени со другите образовни установи и нивните ученици и студенти ги имаат истите права и обврски“. За жал, Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ дојде до сознание дека ваквите законски одредби се уште не го имаат пронајдено своето место во реалноста, со оглед на фактот дека Државниот просветен инспекторат, Министерството за образование смета дека законските одредби не му ја даваат надлежноста истиот да врши надзор над работата на верските образовни установи. Имено, до Хелсиншкиот комитет за човекови права се обрати лицето Сефадин Емини, вонреден ученик во трета година во Средното исламско училиште “Иса Бег Медресе“ – Скопје, а во врска со прекинот на неговото школување од страна на Директорот на истото. На ден 23.01.2008 година при пријавувањето на испити од трета година, бил известен од страна на секретарот на училиштето дека школувањето му е прекинато, со едноставно образложение од страна на Директорот на училиштето дека тој наводно бил против исламската заедница. Во врска со пријавата за прекин на

школувањето од лицето Сефадин Емини до Државниот просветен инспекторат, истиот се огласил за ненадлежен за надзор во ова училиште со упатување проблемот да се реши интерно во рамки на истото. Хелсиншкиот комитет за човекови права се обрати со писмен допис до Државниот просветен инспекторат со цел да не известат за основот според кој се огласуваат за ненадлежни, како и надлежната институција до која би можеле да се обратиме за случајот. Во доставениот одговор, не известуваат дека средното исламско училиште, согласно Законот за средно образование не е опфатено со системот на средни училишта, како и дека Министерството за образование и наука и инспекторатот немаат надлежност за надзор бидејќи училиштето “Иса Бег Медресе“ било верско училиште и како такво не било верифицирано и запишано во регистарот на средните училишта. Имајќи го во предвид случајот, се поставува прашањето дали ваквиот одговор се коси со горе цитираните став 1 и 3 на член 3 од Законот за средно образование и член 22 став 2 од Законот за правната положба на црква, верски заедници и религиозно групи? Од друга страна, индикативно е и прашањето дали одговорот е во колизија и со член 26 став 2 од Законот за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група со кој јасно е пропишано дека: „Одговорното лице во верската образовна установа, ученичкиот или студентскиот дом е должно да му ги стави на располагање на органот на државната управа надлежен за прашања за образованието податоците потребни за вршење увид во нивната работа и во рок определен од тој орган да ги отстрани евентуалните недостатоци“. Со оглед на тоа да Државниот просветен инспекторат го избегна одговорот на прашањето кој очигледно останува непознат за сите, имено кој е надлежен да врши надзор во верските образовни установи и дали можеби им е дозволено самоволие на одговорните лица во нивни рамки, Хелсиншкиот комитет изразува голема загриженост поради фактот што Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат ја избегнуваат обврската која за нив произлегува од горе стипулираните законски одредби. За таа цел Комитетот се обрати и до Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи на Владата на РМ, во надеж дека ќе се реши дилемата дали овие училишта се оставени сами на себе, и дали можеби истите “лебдат“ во образованиот систем на нашата земја? II. ПОВРЕДИ НА ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА 2.1. Случај Небојша Арсовски и Здружението на Хрвати од Република Македонија. До Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија се обрати лицето Небојша Арсовски од Скопје како и Здружението на Хрвати од Република Македонија. Небојша Арсовски како и Здружението на Хрвати од Република Македонија , секој поединечно, се обратиле до Државниот завод за Геодетски работи

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

97

Месечни извештаи – Сектор за премер и катастар, со свои барања за пристап до информации од јавен карактер. Здружение на Хрвати од Р. Македонија подносител, со барање бр.1118/5848 од 30 Ноември 2007 год., а Небојша Арсовски од Скопје барател со барање со ист број од 10 Ноември 2007 год. Предмет на барањата е целосен увид во документацијата за барање 1118/5848 поднесено на 03 Октомври 2007 год., за објекти на КП 2520/1, КО Центар 2, почнувајќи од 1995 год., до денес. Со оглед на тоа дека не добиле никаков одговор од страна на Државниот завод за Геодетски работи – Сектор за премер и катастар Небојша Арсовски и Здружението на Хрвати од Република Македонија поднесле поединечни жалби до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на ден 23 Април и 23 Мај 2008 година донела две поединечни решенија со кои двете жалби се уважуваат и се задолжува Државниот завод за геодетски работи на барателите да им овозможи увид во бараната информација “Целосен увид во документација, за Барање 1118/5848 поднесено на 03.10.2007 година за објекти КП 2520/1 – Центар II почнувајќи од 1995 година до денес“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението. На 19 јуни 2008 година Државниот завод за Геодетски работи – Сектор за премер и катастар[9] до Здружението на Хрвати од Р. Македонија и Г-дин Небојша Арсовски доставило Известување во кое се наведува дека Државниот завод за Геодетски работи не е во можност[10] да постапи по наведеното Барање од причини што предметот со сите списи е доставен до органите на прогонот и истиот до денес не е вратен[11] во Секторот за катастар на недвижности – Скопје. Во овој случај постои повреда на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, и неизвршување на законските обврски од страна на Државниот завод за геодетски работи – Сектор за премер и катастар, кој и доколку навистина го доставил предметот со сите списи до органите на прогонот, сторил повреда на чл. 3аконот за катастар на недвижности, според кој „Агенцијата обезбедува сигурност на податоците во електронска форма во ГКИС преку мерки на физичка и техничка заштита, како и преку двојно чување на податоците на две физички оддалечени локации“ 2.2. Случај Живков Ристо На Живков Ристо од Скопје , со решение бр. 37-381/7 од 04.10.2005 година, Комисијата за решавање во управна постапка од областа на транспортот и врски и животната средина, како второстепен орган во Министерството за транспорт и врски му ја одбила жалбата како неоснована и го потврдила Одобрението за градба бр. 3416-1064/9 од 24.05.2005 година. Во законски предвидениот рок од 30 дена по добивањето на решението или поточно на 20 февруари 2006 година , Живков Ристо поднел тужба за поведување на управен спор[12].

98

И покрај бројните ургенции од страна на Живков Ристо за забрзување на предметот тој се уште не е решен како од Врховниот суд [13]така и сега од Управниот суд[14]. Во меѓувреме или на 19 мај 2005 година, Ристо Живков до Основното Јавно обвинителство – Скопје поднел кривична пријава против надлежните лица од Министерството за транспорт и врски Подрачна единица Центар Скопје, за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 од Кривичниот законик. До сега тој нема добиено никаков одговор од страна на Основното Јавно обвинителство – Скопје, но зачудувачки е одговорот на оваа институција доставен до Народниот правобранител. Имено во одговорот е наведено дека:цитираме – „по добивањето и проучувањето на кривичната пријава, беше поднесено барање за собирање потребни известувања до Министерството за транспорт и врски, Подрачна единица Центар Скопје, па со оглед дека до месец октомври истата година немаше одговор на барањето, беше поднесена ургенција. По ургенцијата од Министерството бевме известени дека барањето не било доставено до нив, поради што бараат повторно истото да се достави, што беше и сторено на 21.11.2005 година. На 30.03.2006 година повторно по факс беше доставено барањето за собирање потребни известувања заедно со примерок од кривичната пријава по барање на Министерството, а со истото образложение дека не се во состојба да го најдат предметот, бидејќи на почетокот на месец март беше повторно ургирано за ажурирање на постапката. Во месец април 2006 година бевме известени дека предметот и ургенцијата се препратени на надлежност до градоначалникот на општина Центар. Како до месец февруари 2007 година немаше одговор на поднесеното барање беше поднесена ургенција до градоначалникот на Општина Центар и до Министерството за транспорт и врски - Сектор за нормативно правни и управни работи, па на нивно барање по трет пат им беше по факс испратено истото барање. Во месец ноември 2007 година до Министерството за транспорт и врски Сектор за нормативно правни и управни работи беше испратена трета ургенција и истовремено до министерот на ресорното министерство Г-дин Миле Јанакиевски, беше доставено известување и барање за ажурирање. На ваквото постапување од страна на ова Обвинителство беше одговорено во месец јануари 2008 година со информација од општина Центар во која сме информирани дека врз основа на поднесена тужба преку Управниот суд на Република Македонија, против решението бр. 37-227/2 од 27.02.2006 година донесено од страна на Влада на Република Македонија, Комисија за решавање на управна постапка од втор степен од областа на транспорт и врски и животна средина, од страна на лицето Ристо Живков, предметот со сите списи на барање на второстепениот орган доставена е на ден 17.04.2006 година, со цел да биде доставен до Врховниот суд на разгледување по поднесената тужба, и до изготвувањето на информацијата

органот немал добиено никаква достава за одлучување на Врховниот суд, поради што не се во можност да ни ги достават бараните податоци.“ Хелсиншкиот Комитет изразува загриженост за ваквиот начин на работа на државните органи инволвирани во конкретниов случај, и јавно ги повикува во иднина да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на правата на странките. III. ПОЛИЦИСКИ И СУДСКИ СЛУЧАИ 3.1. Употреба на мерката притвор во постапката спрема малолетниците Во Прописите на Обединетите нации за заштита на малолетници лишени од слобода е предвидено дека системот на малолетничко право треба да ги поддржува правата и безбедноста и да ја промовира физичката и менталната добробит на малолетниците. Лишувањето од слобода на малолетник мора да биде крајна мерка и за најкраток можен период, и ќе се ограничи само на исклучителни случаи. Притворот против малолетник ВО СЕКОЈ СЛУЧАЈ не може да трае подолго од 90 дена. Затоа и постапката против малолетниците е посебна и за неа важат посебни одредби. Врз основа на Законот за кривична постапка на Република Македонија мерката Притвор врз основа на чл. 492 може само во исклучителни случаеви да се определи и на малолетник. Притворот во подготвителната постапка го определува и укинува судијата за малолетници, а во судската постапка советот за малолетници. До Хелсиншкиот Комитет се обрати мајката на малолетникот НН на кого во текот на судската постапка пред Основниот суд Скопје 1 Скопје со Решение КМ.бр.24/08 му е изречена Мерка притвор до правосилност на постапката. При изрекувањето на мерката, од страна на советот за малолетници употребен е членот 371[15] од ЗКП, член кој не може да се употреби за малолетните сторители на кривични дела. Во членот 470[16] од Законот за кривична постапка изрично е наведено дека за малолетните сторители на кривични дела се применуваат посебни одредби, а другите одредби на овој закон се применуваат доколку не се во спротивност со одредбите на оваа глава. Хелсиншкиот комитет изразува голема загриженост поради фактот што од страна на судот е направен ваков пропуст со што директно се повредуваат правата на детето, а и сите меѓународни и национални документи кои се однесуваат на заштита на правата на детето и обврската на сите државни органи да работат во насока на “најдобриот интерес на детето“. Очекуваме во најкус можен рок да биде исправена грешката и притворот да биде сведен на законски определениот рок. 3.2. Во чии интереси работи Основното Јавно обвинителство Скопје? До Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија се обрати родителот на А.Н. во врска со неажурното постапување од страна на правосудните институции и особено Основното Јавно

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

обвинителство Скопје по предметот К.бр.1701/07. Имено, странката не извести дека по пријава за обљуба врз малолетно лице, поточно нејзината малолетна ќерка од страна на нејзиниот поранешен сопруг до ОЈО Скопје на 12.08.2004 год е поднесена кривична пријава за делото. По истекот на период од цели две години во кои случајот бил во фаза на истрага, подигнат е обвинителен акт пред надлежниот суд против лицето за кое постои сомнение за сторување на кривичното дело каде дури на 08.03.2007год. е започнато судењето и закажан главен претрес. Иако се работи за тешко кривично дело уште повеќе што е сторено против малолетник, имајќи го во предвид и запрепастувачкиот факт дека ваков случај бил задржан во фаза на истрага повеќе од две години, наместо ажурност во судската постапка странките се соочени со ново оддолжување на истата и тоа поради причини на страната на ОЈО, застапникот на обвинението, кое во овој случај треба да биде најзаинтересирана страна за брзо завршување на постапката. Имено, Хелсиншкиот Комитет за човекови права се обрати до Основното и Вишото Јавно обвинителство Скопје, како и до Основен суд Скопје 1 Скопје (од каде сеуште немаме добиено никакво известување), со барање информации за причините за оддолжување на судската постапка. Во добиениот допис од страна на Вишото јавно Обвинителство Скопје сме известени за различните причини за одложување на главниот претрес како по барање на Зам.ОЈО затоа што не била во можност да го проучи предметот, иако истиот две години претходно поминал во фаза на истрага, потоа од причина што Зам.ОЈО не ги имала поднесено списите на предметот со себе, за да потоа претресите од периодот од 24.09.2007 до 02.04.2008 во траење од цели шест месеци како и последниот од 30.06.2008 се одложуваат поради отсуство на застапникот на обвинението. Ако се имаат во предвид надлежностите и законските обврски на јавното обвинителство како единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични дела[17], да ја врши својата функција законито, непристрасно и објективно[18], врз основа на Уставот и законите, и особено да се грижи за ефикасност на кривичноправниот систем[19], неминовно се поставува прашањето дали ОЈО Скопје ги исполнува своите законски обврски во овој случај ? Сосема е индикативно зошто застапник на обвинение кој треба да биде заинтересиран да ја докаже вината на обвинетиот во кус рок без непотребно оддолжување на постапката, и со тоа да одговори на обврските од својата функција и да ги заштити правата на оштетената, дотолку повеќе што во овој случај оштетената во моментот на сторување на кривичното дело била малолетна, е безмалку единствената причина за одолговлекување на постапката и со тоа за продолжување на агонијата на оштетената? Хелсиншкиот Комитет со загрижување

го забележува неодговорното и игнорантско однесувањето на ОЈО поради што АПЕЛИРА до ОЈО Скопје и Основен Суд Скопје 1 Скопје да се придржуваат кон Уставните и законските обврски и да овозможат правично судење во разумен рок, се со цел заштита на правата и интересите на граѓаните и почитување на начелата на владеење на правото. Во однос на небулозниот одговор за причините за одложувањето, Хелсиншкиот Комитет смета дека со самото избегнување да се наведат мерките кои се преземени од нивна страна претставува несовесно, незаконски и неодговорно однесување и на самото обвинителство кое избегнува да преземе мерки против јавниот обвинител кој постапувал по предметот или други мерки за забрзување на предметот. 3.3. Случај: Цветан Стојкоски До Хелсиншкиот комитет за човекови права на Р.М. се обрати лицето Цветан Стојкоски кој имал поведено граѓански спор по основ барање за отстранување на извор на опасност од штета. Имено, лицето од причина што неговиот сосед на растојание од само 5-6 метри од неговата куќа имал подигнато голема живинарска фарма од која се ширело непријатна миризба а отпадните материи од истата ги исфрлал во близина, како тужител на 10.04.2006 год. повел спор против соседот за отстранување на фармата, односно извор на опасност од штета. Основниот Суд Скопје 2 Скопје во текот на постапката извел повеќе писмени докази, ги сослушал сведоците и тужителите, дури извршил и увид на самото место, за да после шест одржани рочишта, и траење на постапката од година и осум месеци, на 15.01.2008 год. судот донесе Решение (П.бр.955/06) со кое СЕ ОГЛАСУВА ЗА НЕНАДЛЕЖЕН, а тужбата на тужителот ја отфрла поради АПСОЛУТНА НЕНАДЛЕЖНОСТ. Сепак, судска постапка во траење од шест рочишта разбирливо само по себе повлекува и судски трошоци кои странката е должна да ги надомести во висина од 25.584,00 денари. Имајќи ја во предвид законската обврска за судот по службена должност, веднаш по приемот на тужбата да оценува дали е надлежен[20] врз основа на наводите во тужбата и врз основа на фактите што му се познати на судот[21], необјасниво е од кои причини на судот му била потребна повеќе од една година, и шест рочишта за да сфати дека е апсолутно ненадлежен по предметот ? Притоа Хелсиншкиот Комитет потсетува дека согласно начелото на економичност на постапката "судот е должен да настојува постапката да се спроведе без одолжување, во разумен рок, со што помалку трошоци[22]", што е дијаметрално спротивно од постапувањето на судот во овој случај на кого му требало да изведе голем број на докази пред да се прогласи за ненадлежен по предметот. Поради ваквите случаи, Хелсиншкиот Комитет БАРА од правосудните органи да се придржуваат до законските обврски како на граѓаните би им се овозможил брз пристап до правдата и би се избегнало

непотребно финансиско оптеретување, со што ќе се подигне и вербата во судската заштита. 3.4. Мирче Горанчиќ, Скопје По сообраќајна несреќа случена на ден 15.09.1995 година во Скопје, била заведена граѓанска постапка за надомест на штета од страна на тужителот Мирче Горанчиќ против тужениот АД Осигурување и реосигурување Македонија – Скопје. Тужбата е поведена во текот на 1999 година во Основниот суд Скопје 2 – Скопје и била заведена под П. Бр. 1433/99. На ден 03.05.2000 година Институтот за судска медицина изготвил Наод и мислење по однос на времетраењето и интензитетот на претрпениот бол, претрпениот страв, дали постоело намалување на општата животна активност, намалување на работната способност, дали имал потреба од нега од трето лице, како и дали постоело нагрденост кај тужителот Мирче Горанчиќ. Врз основа на изведените докази во текот на судската постапка, Основниот суд скопје 2 - Скопје на ден 24.10.2000 година донел Пресуда со која тужбеното барање на тужителот делумно го усвојува, при што го задолжува тужениот да му плати на тужителот на име надомест на нематеријална штета[23] вкупен износ од 428.000 денари со законска затезна камата од денот на пресудувањето (24.10.2000 година) па до денот на конечната исплата, и да му исплати на име надомест на материјална штета[24] вкупен износ од 321.570 денари со законска затезна камата од денот на утужувањето (12.07.1999 година) па до денот на конечната исплата. Со истата пресуда поголемото тужбено барање се одбива како неосновано. Врховниот суд на Република Македонија одлучувајќи по изјавена ревизија од страна на тужителот, на седница одржана на ден 12.03.2003 година донел Решение Рев. Бр. 453/01 со кое изјавената ревизија ја уважува, а пресудата на Апелациониот суд во Скопје Гж. Бр. 1841/01 од 31.05.2001 и пресудата на Основниот суд Скопје 2 – Скопје П. Бр. 1433/99 од 24.10.2000 година, во побиваниот дел по однос на одбиеното тужбено барање под став III од изреката на првостепената пресуда СЕ УКИНУВААТ, и предметот во тој дел се враќа на Основниот суд Скопје 2 – Скопје на повторно судење. При повторното судење по налог на судот било извршено вештачење, од страна на вешто лице дипломиран инжињер агроном, во врска со годишната заработувачка на тужителот од стопанисување со 100 овци, а по одбивање на производните трошоци по однос на добивака од јагниња, месо, млеко, волна сирење, урда, арско ѓубре и слично во период од 16.09.19995 година, до денот на вештачењето, па и во иднина. На ден 28.02.2005 година Основниот суд Скопје 2 – Скопје повторно донесува пресуда со која делумно го усвојува тужбеното барање на тужителот Горанчиќ со тоа што сега досудените износи се видно поголеми и тоа: за нематеријална штета и за направени трошоци за пружена нега од трето лице. Во законски предвидениот рок и двете странки во судскиот предмет имаа вложено жалби, кои на нејавна седница одржана на ден 21.12.2005 година Апелациониот суд во Скопје ги има уважено и предметот го враќа на повторно

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

99

Месечни извештаи разгледување и одлучување. При повторното судење судот прифатил да се изведе доказ со финансово вештачење по однос на лимитот на осигурителното покритие, и во јули 2007 година бил изготвен побараниот наод и мислење од страна на вешто лице при Здружението на судски вештаци. На одржана усна главна расправа од 18.09.2007 година судот донел Решение со кое се допушта изведување на ново судско медицинско вештачење предложено од страна на тужениот, со напомена да достави докази дека е депониран депозит во износ од 20.000 денари.

На записник за одржана главна расправа, на 14.02.2008 година, донесено е Решение со кое расправата се одлага за неопределено време. Во меѓувреме кон крајот на месец февруари оваа година Клиниката за трауматологија при Медицински факултет – Скопје издала Потврда дека Осигурителната компанија Кјуби – Скопје нема префрлено парични средства за вештачење за лицето Мирче Горанчиќ. Во конкретниот случај имаме флагрантно кршење на член 6 став 1[25] од Европската конвенција за човекови права, поврзано со член 10 став 1[26] од Законот

за парнична постапка и членовите 6 став 2[27] и 10 став 1 алинеја 3[28] од Законот за судови. За жал, и досегашните апели на Хелсиншкиот комитет во однос на почитување на правото на судење во разумен рок преку детектирање на случаи каде постапката била неосновано одложувана, не влијаеше суштински за подобрување на работата на судовите, при што Хелсиншкиот комитет зема за право да повторно укаже на непочитувањето и флагрантното кршење на начелото на судење во разумен рок од страна на судските органи.

-------------------------------------------------------------------------------[1] www.mhc.org.mk [2] Устав на Република Македонија, Член 8 Темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија се: - поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска; [3] Устав на Република Македонија, Член 63, ст. 6 Со закон се утврдува неспојливоста и неизбирливоста на функцијата пратеник во Собранието со вршење на други јавни функции или професии. [4] Устав на Република Македонија, Член 89, ст.2 Претседателот и министрите не можат да бидат пратеници во Собранието. [5] Закон за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, Член 6 ст.1 Функцијата пратеник е неспојлива со функцијата претседател на Република Македонија, претседател на Владата на Република Македонија,министер, судија на Уставниот суд на Република Македонија, судија, јавен обвинител, Народен правобранител и со други носители на функции кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија и Владата на Република Македонија. [6] Препорака Rec. (2003)13 на Комитетот на министридо земјите членки за обезбедување на информации преку медиумите во врска со кривичната постапка (Усвоена од Советот на министри на 10 јули 2003 на 848-та средба на замениците министри) [7] Пресумпцијата (претпоставката) за невиност значи дека лицето кое е обвинето за кривично дело се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска пресуда, како што вели чл. 2, ст. 1 од ЗКП. Препорака Rec. (2003)13 на Комитетот на министриНачело 2 - Претпоставка за невиност- Почитување на принципот на претпоставка за невиност како составен дел на правото за фер судење. Затоа, мислењата и информациите во врска со тековните кривични постапки треба единствено да се пренесуваат преку медиумите кои нема да и наштетат на претпоставката за невиност на осомничениот или обвинетиот. [8] Препорака Rec. (2003)13 на Комитетот на министриНачело 11 - Штетен публицитет пред судскиот процес Онаму каде што обвинетиот ќе покаже дека обезбедувањето на информации може да резултира или резултирало со прекршување на неговото или нејзиното право на фер судење, тој или таа треба да има ефективно помошно средство. [9] ЗАКОН ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ Сл.Весник на Р.Македонија бр.40 од 26.03.2008 година Предмет на уредување - Член 1 Со овој закон се уредуваат основните геодетски работи, премерот на недвижностите во функција на катастарот на недвижностите, востановувањето и одржувањето на катастарот на недвижностите, државните топографски карти, регистарот на просторни единици, содржината и управувањето со податоците од Геодетско-катастарскиот информационен систем на Република Македонија, воспоставувањето, одржувањето и јавниот пристап до Националната инфраструктура на просторните податоци, како и основањето на Агенција за катастар на недвижности. [10] ЗАКОН ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ Сл.Весник на Р.Македонија бр.40 од 26.03.2008 година Чување и заштита на податоците во Геодетско – катастарскиот информационен систем Член 31 (1) Податоците од ГКИС во писмена форма се чуваат во посебни простории, услови и опрема за сместување, заради нивна трајна заштита. (2) Податоците од ГКИС во електронската форма се чуваат во посебни комјутерски системи. Електронска форма на Геодетско-катастарскиот информационен систем Член 32 (1) Агенцијата обезбедува сигурност на податоците во електронска форма во ГКИС преку мерки на физичка и техничка заштита, како и преку двојно чување на податоците на две физички оддалечени локации. (2) Во ГКИС во електронска форма, за секоја запишана промена во катастарот на недвижности се регистрира дата и час кога промената е запишана, како и лицето кое ја запишало промената. (3) Електронскиот систем обезбедува строго контролиран пристап до ГКИС со различен степен на достапност. [11] ЗАКОН ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ Сл.Весник на Р.Македонија бр.40 од 26.03.2008 година Користење, дистрибуција, пристап и издавање на податоците од Геодетско-катастарскиот информационен систем Член 34 (1) ГКИС овозможува користење, дистрибуција и пристап до неговите податоци, како и нивно издавање. (2) Непосреден пристап до податоците во писмена форма од ГКИС се врши во работните простории во присуство на овластено лице вработено во Агенцијата. (3) Користење, дистрибуција и пристап до податоците од електронскиот систем на ГКИС од страна на корисниците се остварува преку глобална електронска мрежа која е поврзана со локалната електронска мрежа на Агенцијата. Електронско поврзување [12] Законот за управни спорови што Собранието па Република Македонија го донесе на седницата одржана на 12 мај 2006 година број 07-1997/1 [13] Законот за управни спорови Член 66 - „Постапката по тужбите за покренување на управен спор поднесени до Врховниот суд до денот на влегувањето во сила на овој закон, ќе се спроведе па следниов начин: - управните предмети кои до денот на влегувањето во сила на овој закон пред Врховниот суд не се решени ги презема Управниот суд. Врховниот суд управните предмети кој ги примил по вонредни правни средства должен е да ги реши во разумен рок. Упатство за начинот на преземањето на предметите од Врховниот суд на Република Македонија донесува министерот за правда најдоцна во рок од три месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон“. [14] Законот за управни спорови Член 1 - „ Заради обезбедување судска заштита на правата и правните интереси на физичките и правните лица и заради обезбедување на законитоста, Управниот суд (во натамошниот текст: судот ), во управни спорови одлучува за законитоста на актите на органите на државната управа, Владата. други државни органи, општините и градот Скопје. организации утврдени со закон и на правни и други лица во вршење на јавни овластувања (носители на јавни овластувања), кога решаваат за правата и обврските во поединечни управни работи. како и за актите донесени во прекршочна постапка“. [15] Член 371 (1) Кога ќе изрече пресуда со која обвинетиот се осудува на пет или повеќе години затвор, советот ќе определи притвор ако обвинетиот веќе не се наоѓа во притвор. (2) Кога ќе изрече пресуда на помала казна затвор од став 1 на овој член советот може да определи притвор под условите од член 199 став 1 точки 1 и 3 на овој закон, а ќе го укине притворот ако обвинетиот веќе се наоѓа во притвор а повеќе не постојат причините поради кој бил определен. (3) Советот секогаш ќе го укине притворот и ќе нареди обвинетиот да се пушти на слобода ако е ослободен од обвинението или е огласен за виновен а е ослободен од казната или е осуден само на парична казна, или му е изречена судска опомена или условна осуда, или поради засметувањето на притворот казната веќе ја издржал или ако обвинението е одбиено, освен во случај кога е одбиено поради ненадлежност на судот. (4) За определување или укинување на притворот по објавувањето на пресудата до нејзината правосилност ќе се применува одредбата на став 2 на овој член. Одлуката ја донесува советот на првостепениот суд (член 22 став 6). (5) Пред донесувањето на решението со кое се определува или укинува притвор во случаите од ставовите 2 и 4 на овој член ќе се сослуша јавниот обвинител кога постапката се води по негово барање. (6) Ако обвинетиот веќе се наоѓа во притвор а советот најде дека сe уште постојат причините поради кои бил определен притвор или дека постојат причините од ставовите 1 и 2 на овој член ќе донесе посебно решение за продолжување на притворот. Посебно решение советот донесува и кога треба да се определи или укине притворот. Жалбата против решението не го задржува извршувањето на решението. (7) Притворот што е определен или продолжен според одредбите на овој член, може да трае до започнување со издржување на казната, односно до правосилноста на пресудата, но најдолго додека не истече времето на траење на изречената казна затвор. (8) Кога судот ќе изрече казна затвор, обвинетиот кој се наоѓа во притвор со решение на претседателот на советот може да се упати во установа за издржување на казна и пред правосилноста на пресудата ако тој го бара тоа. [16] Член 470 (1) Одредбите на оваа глава се применуваат во постапката спрема лица кои извршиле кривично дело како малолетници, а во време на поведувањето на постапката, односно на судењето не наполниле 21 година. Другите одредби на овој закон се применуваат доколку не се во спротивност со одредбите на оваа глава. [17] Член 2 од Закон за јавно обвинителство [18] Член 5 од Закон за јавно обвинителство [19] Ибид [20] Член 14 ст.1, Закон за парнична постапка, Сл. Весник бр.79/05 од 21.09.2005 [21] Ид., член 14 ст.2 [22] Член 10 ст.1, Закон за парнична постапка, Сл. Весник бр.79/05 од 21.09.2005 [23] за претрпени физички болки, за претрпен страв, за претрпени психички болки поради намалена животна активност и за претрпени психички болки поради нагрденост [24] за изгубена заработувачка поради намалена работна способност, за трошоци за такси превоз од с. Бањани до медицинските установи каде му е пружена медицинска услуга и назад и за направени трошоци за пружена нега од трето лице за време од 6 месеци [25] Член 6 - Право на правично судење 1. Секој, при определување на неговите граѓански права и обврски или кога е кривично гонет, има право на правично и јавно судење во разумен рок, пред независен и непристрасен трибунал основан со закон. [26] Член 10 – Закон за парнична постапка Судот е должен да настојува постапката да се спроведе без одолжување, во разумен рок, со што помалку трошоци и да ја оневозможи секоја злоупотреба на правата што на странките им припаѓаат во постапката. [27] При одлучувањето за граѓанските права и обврски и при одлучувањето за кривичната одговорност, секој има право на правично и јавно судење во разумен рок пред независен и непристрасен суд основан со закон. [28] Постапката пред судот се уредува со закон и се заснова врз следниве начела: ........ - судење во разумен рок,

100

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

МЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБАТА СО ЧОВЕКОВИТЕ Јули - Август 2008 ПРАВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА I. ЈАВНИ НАСТАНИ И ПОВРЕДИ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРИНЦИПИ 1.1. Македонија како црна дупка 1.2. Последните девет пресуди на Европскиот суд за правата на човекот, укажуваат на непочитување на обврските од ЕКЧП од страна на Македонија! 1.3. Кривична пријава за “Мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување” и “Малтретирање во вршење на службата” за припадници на полицијата во акцијата “Планинска бура” II. ПОЛИЦИСКИ И СУДСКИ СЛУЧАИ 2.1. Случај Александар Петровски 2.2. Случај Рабије Зејадиновска. 2.3. Кој ја кажува вистината, Министерството за внатрешни работи или Јавното обвинителство? 2.4. Судски превод и судски преведувачи в. случај Бродец III. ПОВРЕДИ НА ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА 3.1. Случај Мишеви 3.2. Случај Лазо Арсовски 3.3. Случај Димче Михајловски _______________________________ I. ЈАВНИ НАСТАНИ И ПОВРЕДИ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРИНЦИПИ 1.1. Македонија како црна дупка Летните месеци годинава, за разлика од сите претходни години (би рекле и во однос на конфликтната 2001) минаа во знакот на интензивна политичка активност. И не толку поради вонредите парламентарни избори, колку поради се она што се случуваше по нив. За Хелсиншкиот комитет секако најбитно е прашањато како сето тоа се одрази или може во иднина да се одрази на состојбата со човековите права во Република Македонија. Во оваа прилика ќе се обидеме да споделиме со јавноста некои наши согледувања токму во овој правец. Новиот состав на парламентот неславно ја започна својата работа. Во ситуација кога новата влада не беше избрана заседаваше и донесуваше закони предложени од старата, техничка влада. На страна тоа што таква техничка, преодна влада ретко каде во светот предлага закони. Се случи и речиси невозможната за демократски земји ситуација во која членови на старата влада предлагач, воедно да бидат и членови на новиот парламент – во една

личнст да се спојувааат и предлагач и тој кој гласа за предлогот. Но, и тоа беше малку, па новиот парламентарен состав започна да донесува нови закони за рекордни времиња (во зависност од изворите за 35-40 секунди по закон). Парламентарците имаат задача да ги артикулираат политичките стремежи на народот, мислењето на гласачите. Во идеален случај сите избирачи се претставени од оваа или онаа партија во парламентот. Во Македонија парламентот и владата се упатени едни на други и немаат потреба од консензус при формулирање на темелните политички одлуки, нив ги носат едногласно и експедитивно. Во периодот од јули – август 2008 година беа донесени вкупно 172 закони од кои нови изгласани вкупно 50 (во јули месец 23, а во август месец 27), а изгласани измени и дополнувања на закони вкупно 122 (во јули месец 69, а во август 53) – рекордот беше постигнат на три сесии на парламентот на кои беа донесени 66 закони. Притоа освен што законите беа донесувани речиси без било каква дискусија од страна на парламентарците на позицијата, тие беа донесени без присуство на опозицијата и без за нив претходно да се расправа на собраниските тела (бидејќи тие едноставно не беа избрани!). И тука слабо е оправдувањето дека усвоените закони ја минале процедурата на итна постапка (осмислена како исклучок), инаку „елегантно“ решение користено и порано за одбегнување на трите задолжителни фази кои ги бара редовната процедура (која треба да биде правило). За Комитетот чиј темел на активностите е инсистирањето на владеење на правото ваквото искривоколчување, невидена вулгаризација на функцијата на законодавниот дом на државата е директен атак на овој основен принцип на функционирањето на било која држава која претендира да биде демократска. Бидејќи до апсурд се доведуваат односите меќу законодавната и извршната власт. Беспоговорното аминување на парламентарците од партиите на власт до апсурд ја доведува во прашање дури потребата од парламент – мнозинството во парламентот може да го смени Уставот и на Владата да и го даде правото и да предлага и да си усвојува закони! (Кога веќе парламентарците кои ја поддржуваат безгранично гласајќи во секунди без и малку размислување и веруваат и сметааат дека есенцијата на мудроста и стручноста е по дефиниција содржана во секој владин предлог закон). Ако пак се вулгаризира до крај мнозинството што во новиот парламент го имаат оние кои стојат зад актуелната Влада трите фази во донесување на закони се залудно трошење на време и енергија – зошто е потребна расправа по комисии кога и таму мнозинството има

мнозинство. Уште помалку треба да се губи време на мислењата на опозицијата, која и по 2006 ја кочеше Владата во нејзините незапирливи чекори напред, а ефикасноста на парламентот беше една од главните причини за одење на вонредни парламентарни избори! Секако тоа е легитимно право на оние кои имаат мнозинство гласови во парламентот, но тоа за жал нема врска со парламент во држава која го почитува владеењето на правото и претендира да биде демократска. Реформите во правосудството, сега е веќе јасно, се свртеа во спротивниот правец од декларираниот. Барани години со ред како предуслов од двете адреси во Брисел кон кои наводно се стремиме (ЕУ и НАТО) пред се како обезбедување на самостојноста и стручноста во работата на правосудните органи, со други зборови елиминирање на секакво влијание, особено политичко во нивната работа, беа блокирани, саботирани и што ти не токму со цел да не се пресече папочната врпца меѓу дневната политика и правосудството. Откако во склад со тоа се рекомпонира Судскиот совет, направија напори да се преслика истата шема во Советот на обвинителите, се зеде под кумовска контрола Врховниот суд, Јавното обвинителство, кога се во прашање чувствителни (читај случаи со елементи на политика) е ставено во сенка од својот оддел за организиран криминал... Сега на големо се најавува понатамошно (партиско) воведување ред со кои треба да се средат правосудните институции кои и досега ретко реагираа во правец на заштита на уставноста и законитоста. Претседателот на Судскиот совет изјави дека судството се чисти од корумпираните, само што според неговото објаснување тоа се прави со разрешување или со поднесување оставки, никако со правосилна осуда на суд за корупција. Стравот од последици по диктат на дневната политика не само што не се искорени во правосудството туку се чини сега е поголем од било кога. Полицијата / МВР очекувано не ги оправи со своето стапување на сила новиот Закон за полиција па и натаму втерува страв со спектакуларни апсења со директен ТВ пренос. По препорака на легендарната Румунка – борец против корупцијата и владина советничка Моника Маковеј, Министерството за правда преку Владата предложи, а парламентот експресно усвои измени на закони со кои се отвараа можности МВР, овакво какво што го имаме, до крај да почне да се однесува како партиска полиција. Притоа не консултирајќи ги и воопшто не почитувајќи ги предупредувањата дури и на експертите кои ги ангажира за пишување на закони од оваа област (на пример новиот Закон за кривична постапка)! А тие предупредија дека давањето поголеми овластувања на МВР во делот на примената на специјалните истражни мерки е крајно опасно, затоа што никој не може да контролира колку долго

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

101

Месечни извештаи траело прислушувањето и за каква цел. Либерализацијата на прислушувањето, објаснета како потреба за поефикасна борба против корупцијата, лесно го одминува кршењето на човековите права и поради немањето на механизми за ефикасна контрола на неговата примена. Хелсиншкиот комитет во повеќе наврати, низ повеќе случаи, од кои некои добија судска разрешница, безуспешно предупредуваше на злоупотребата и на (нелиберализираните) посебни истражни мерки. Како капак на се, при последниот ребаланс на буџетот на Република Македонија, МВР односно нејзината Управа за безбедност и контраразузнавање доби на располагање 25 милиони евра, кои според информациите објавени во печатот ќе ги троши за своите активности – досега УБК годишно, според истите извори трошела 400 000 евра! Официјален одговор за тоа на што УБК ќе ги потроши овие пари нема, но фактот дека тајната полиција добива средства колку што не потрошила во сите десетина изминати години заедно и за држави кои не се во политичката шема во која е сега Република Македонија е сигнал за загриженост особено во поглед на заштита на човековите права. Образованието за владеачката партија и во претходниот половичен мандат и според најавите и во новиот имаше и има посебна важност. Се вети компјутер за секој ученик во задолжителното образование, средното образование се прогласи за задолжително... Но, ако компјутерите и со година задоцнување стигнаа по училиштата во овогодинешниот упис на ученици во задолжителното средно образование се јавија сериозни проблеми кои како директен резултат го имаат оставањето вон средните училишта на голем број ученици. Се повторува и проблемот со реализацијата на уставното право на образование на мајчин јазик, особено на албански јазик до таа мерка што во одделни средини речиси целиот прв месец на новата школска година минува во знакот на (не)успешното разрешување на проблемите кои требаше да бидат решени пред објавувањето на конкурсите за упис. Илустративен е примерот на средното економско училиште „Перо Наков“ во Куманово каде 700 ученици кои се распоредени во 24 паралелки следат настава во десет мали училници и во три смени. Ваквите проблеми кои се повторуваат години со ред најлесно се префрлаат и по правило ги нарушуваат меѓуетничките односи пред се кај намладата популација. Уште еден случај – летното усвојување на Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата (донесен од парламентот на 25 јули 2008) – веројатно ќе има одраз на меѓуетничките односи во државава бидејќи може со право да биде протолкуван како стимулирање

102

на раѓањето на нови припадници на само една етничка заедница. А колку е тоа можно во една мултиетничка заедница како Македонија останува да се види. Еден познат колумнист напиша „идејата за спас на македонската нација од албанската супремација во блиска иднина добива карикатурални димензии кои многу бргу можат да добијат и драматични размери“. Но, измените на Законот за заштита на децата ги ставаат во неравноправна положба (идните) мајки во зависност од тоа дали живеат во „невработени мајки што живеат во општини со потпросечен наталитет“ или не. Мерките на популационата политика во двата правца (смалување или зголемување на наталитетот) се секогаш деликатна, чувствителна работа во која не само што треба да се води грижа за личностите на кои ќе ги почувствуваат, туку и на основнините човекови права кои најлесно се кршат. Значи треба многу ум! Се чини во држава како нашата - во која глупоста по правило е „заштитен знак“- умна популациона политика е невозможна мисија. Така и во овој случај имаме ефтина популистичка наместо популациона политика. Во стампедото закони усвоени во летните месеци (по итна постапка, по иронија на случајот изгласан негде пред полноќ!) се најде и Законот за лобирање како уште еден пример за глупоста на власта. Овој закон малку што има со усогласувањето со европското законодавство – еден од под аргументите од потреба за ефикасен, незакочуван парламент, бидејќи слични закони имаат само три европски држави (Литванија, Полска, Унгарија). Проблемот се јавува ако се има на ум дека поимот лобирање е дефиниран како „активност насочена кон законодавната и извршната власт на централно ниво, како и кон локалната власт, заради остварување определени интереси во процесот на донесување закони и други прописи“ (чл. 2, ст. 1). Според оваа дефиниција, секој контакт на граѓанин или здружение на граѓани со власта (или нејзините претставници) ќе треба да се смета за лобирање. А за да биде легално тоа, согласно со новите правила, граѓаните ќе треба да се регистрираат како лобисти. А фирмите што лобираат, ќе треба да го регистрираат тоа во Централниот регистар. Лиценца за граѓани-лобисти, според Законот за лобирање, издава генералниот секретар на Собранието на РМ. И не само тоа. За оваа активност потенцијалниот лобист или „лицето да има високо образование од областа за која се лобира“ (чл. 7, ст.2). Во спротивно, лиценца нема да добие и следствено на тоа нема да може да лобира, а евентуалните активности ќе бидат нелегални! Е сега видете како тоа може да се толкува и одрази на активностите на цивилниот сектор на пример! Ова е само дел, многу мали фрагменти од она што се случуваше летово, а што е во доменот на оценувањето на актуелните состојби на човековите права за кои Комитетот ги изготвува месечните извештаи. За жал свесни сме дека за посочените и други изработени работи од дневната политика ќе треба да ги следиме и да се бавиме

интензивно и во наредниот период. Во овој момент со сигурност можеме да ги најавиме анализите за ефектите од почетокот на веронауката во основните училишта, или поцелосната анализа на измените на Законот за заштита на децата. Во јавноста веќе беа пласирани и реакции на меѓународни организации. Европската комисија за заштита на приватноста порача дека уапсените, обвинетите, пациентите, па дури и минувачите на јавни места може да бидат снимени само со нивна претходна согласност. Затоа пак Парламентарното собрание на Советот на Европа беше прецизно предупредувачко - нема повторно да воведе мониторинг за Македонија, но затоа постмониторингдијалогот ќе биде засилен. Образложението е дека Паневропската асамблеја со ова сака сака да и помогне на Македонија во воспоставувањето на политичкиот дијалог и внатрешната интеграција на земјата. Сепак, ако не се постигне напредок во дефицитот на демократијата, не е исклучено за неколку месеци на дневен ред повторно да биде ставено враќањето на мониторингот. Сосотојбите во земјата последниве месеци беа повод и за алармантни прогнози и дома. „Фашизмот тропа на мала врата“ е наслов во “Шпиц“ како резиме на изјави на експерти кои сметаат дека „во Македонија се создава плодна почва за „преродба“ на фашизмот и тоталитаризмот“, дека “расте моќта на тајната полиција и се поттикнува милитаристички менталитет“, дека „расте омразата и нетрпеливоста кон индивидуалноста и поинаквото мислење. Луѓето почнуваат да се плашат јавно да зборуваат“ (Жарко Трајаноски). Истиот автор во колумна во „Дневник“ ќе забележи „Со Груевски на чело, македонското општество станува се' повеќе општество на спектаклот, општество на колективната илузија. Груевски продолжува да прави политички спектакли и по спектакуларната предизборна кампања. Продолжи да ги гради спектакуларните цркви и музеи. Продолжи да испраќа рекламни писма правејќи сега политички спектакл од драмата на илјадници македонски бегалци. Собранието почна да носи закони со спектакуларна брзина. Министерствата и владините агенции продолжуваат со спектакуларните кампањи. „Фамилијата“ спектакуларно ја зајакна независноста на судството воспоставувајќи кумска врска помеѓу парламентарната и судската власт. Министерството за внатрешни работи продолжува со спектакуларни акции и со спектакуларни апсења. Дури и декласираната опозиција почна да сфаќа дека живее во општество на спектаклот, па спектакуларно го напушти Собранието.“ Љубомир Фрчковски во својата колумна во „Дневник“ прогнозира: „Дефиниција на она што ни се случува е дека нашата демократија е пред колапс - соочена со корпоративна држава, авторитарни методи на власт и меѓународна изолација. Првото искушение на овој мал наш монструм ќе биде наесен. Ако се одлучи за изолација, без решение за името:

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

системот, иако не признавајќи, ќе се делегитимира.“ Никола Гелевски во својата анализа во „Утрински весник“ ќе запише: „Загрижува состојбата на демократијата во Република Македонија. Реално, слабеат сите можни сили и капацитети во општеството. Јакне само извршната власт, и тоа пред се' нејзините репресивни механизми. Не само што речиси е укината темелната демократска поделба на власта (на судска, законодавна и извршна), туку извршната власт атакува врз буквално сите сфери на општественото живеење. Притоа, стандардот на услугите што го добиваат граѓаните од државата (здравство, образование итн.) драматично опаѓа.“ Оддалечувањето од ЕУ и НАТО и користењето на оправдувањето на спорот со Грција за името како аргумент за тоа имаат дневно-политичка употребна вредност. Воколку потрае веројатно ќе се плати соодветната цена, бидејќи се маргинализира фактот дека членството во ЕУ и НАТО е повеќе насушна безбедоносна потреба на Република Македонија. Но (само) изолацијата има и друга цена. Ставена на страна, вон видеокругот на Брисел, Македонија ќе биде и внатре на политички план поровка и поплодна почва за кршење на човековите права и јакнењето на автократската власт. „По овие избори ништо во Македонија нема да биде исто.“ – порача Драган Павловиќ Латас – „ Почнува крајот на транзицијата во која десет олигарси бираа Влада и министри. Се понатаму беше прашање на техника. Завршува ерата на неокомунистите, и нивната доминација на Универзитетите, Судовите, Дипломатијата, Советот за радио дифузија, Синдикатот, Невладиниот сектор, Асоцијациите на новинари, писатели, МАНУ... Националната банка. Процесот не е завршен. Напротив. Сега му почнува крајот. Доста беше. Кој сфатил, добро. Кој не, ќе сфати на наредните избори.“ Ќе стане ли Македонија црна дупка, ако веќе не е? Познатиот Франсис Фукојама неодамна јавно се запраша дали влегуваме во времето на автократите, имајќи ги на ум Владимир Путин во Русија, Первез Мушараф во Пакистан, Хуго Чавез во Венецуела, Роберт Мугабе во Зимбабве... Притоа тој вели: “Денешните автократи, исто така, може да се покажат изненадувачки слаби кога станува збор за идеи и идеологии. Нацистичка Германија, Советскиот Сојуз и Кина на Мао беа особено опасни, бидејќи беа изградени врз моќни идеи со потенцијално универзална привлечност... Но, овој вид идеолошки тирани повеќе не постојат. И покрај неодамнешните авторитарни предности, либералната демократија останува најсилна, најшироко прифатена идеја во светот. Повеќето автократи, вклучувајќи ги Путин и Чавез, се уште сметаат дека треба да се приспособат на надворешните ритуали на демократијата, иако ја уништува нивната суштина. Дури и Кина на Ху Џинтао се почувствува присилена да зборува за демократијата во подготовките на Олимписките игри во Пекинг. И Мушараф доволно се покажа

како демократ со тоа што дозволи да биде истеран од функцијата под закана за импичмент.“ Ќе важи ли ова и за Македонија? 1.2. Последните девет пресуди на Европскиот суд за правата на човекот, укажуваат на непочитување на обврските од ЕКЧП од страна на Македонија! Во традиционалното право за правата на човекот, како и во Европската конвенција за заштита на човековите права како регионален меѓународен инструмент, државите се задолжуваат да се воздржат од мешање во определени основни права на човекот. Со тоа, државата треба да го почитува, унапредува, заштитува личниот живот на индивидуите, државата не треба да се однесува кон некое лице на нечовечки начин и така натака. Оваа обврска за почитување и немешање во правата на човекот е основа за одговорност на секоја држава не само пред меѓународната заедница и нејзините институции туку и пред нејзите граѓани. Во текот на првото шестомесечие на 2008 година, Европскиот суд за правата на човекот во девет пресуди констатирал дека Македонија ги нарушила позитивните обврски да ги заштити правата од член 3, член 6, член 13 како и член 1 од протокол 1 од Конвенцијата[1]. Воедно покрај другите задолженија од овие пресуди, Македонија треба да исплати и 21 035 € во име на правичен надоместок на некои од апликантите, а останатите се надеваме дека оштетата ќе ја побараат пред македонските судови. Имено во случаите Џеладинов и други против Република Македонија;Трајковски против Република Македонија; Сулејманов (за жал веќе починат) против Република Македонија, Судот утврди дека постои повреда на член 3 од Конвенцијата. Во овие пресуди Европскиот суд за правата на човекот повторува и им укажува на македонските национални власти дека, кога поединец дава веродостојна изјава дека претрпел третман спротивен на член 3 од страна на полицијата или други слични државни службеници, таа одредба, гледана во врска со генералната обврска на државата под член 1 од Конвенцијата „на сите лица под нивна надлежност да ги обезбеди правата и слободите утврдени во... Конвенцијата„ подразбира дека мора да има ефикасна официјална истрага. Таква истрага треба да е во состојба да доведе до идентификација и казнување на одговорните лица. Инаку, генералната законска забрана за тортура и нечовечко и деградирачко однесување и казна, покрај нејзината основна важност, во пракса би била неефикасна и би било можно во одредени случаи државните службеници да го злоупотребат тоа право, без никаков ризик да бидат казнети. Понатака Европскиот суд за правата на човекот утврдил дека истрагата во врска со сериозните тврдења за малтретирање мора да биде темелна. Тоа значи дека надлежните органи

мораат да ги превземаат сите разумни чекори кои им се на располагање, за да ги обезбедат доказите во врска со инцидентот, вклучувајќи ги, меѓу другото, исказот на сведокот и вештачењето. Било каков недостаток во истрагата кој се однесува на способноста за да се утврди причината за повредите или идентитетот на сторителите би бил ризик за неисполнување на овој стандард. Заклучокот на Европскиот суд за правата на човекот е дека истрагата мора да биде експедитивна. Дали ова ќе се повтори или веќе се повторува во Македонија како на пример во случаите Бродец ( http://www.mhc.org.mk ) и Севдаиљ Ѓуреци ( http://www.mhc.org.mk/WBStorage/Files/Report_2007_07_08_MK.pdf ), оста-нува да се види. Доктрината за „живиот инструмент”, или социолошкиот метод[2], ја покажува полната слобода на Европскиот суд за правата на човекот во толкување на самостојноста на Конвенцијата. Но судската практика на Европскиот суд за правата на човекот треба да биде применета и во резултатите и праксата на судовите во Македонија. Целосен напредок на човековите права во Македонија може да дојде само со примена на заклучоците од Европскиот суд за правата на човекот. Неизменетата практика, непримена на праксата на Европскиот суд за правата на човекот и статиката на законодавство самото по себе значи нарушување на Конвенцијата. Европскиот суд за правата на човекот повеќе пати укажал на фактот дека „општиот дух на Конвенцијата е да ги поддржува и проширува идеалите на демократското општество”.[3] "Поимот "повреди на човековите права" не е ништо друго освен разубавувачки израз за најтешки злосторства, кои државата ги врши врз граѓанинот. Повреди на човековите права како злосторства, кои се вршат по налог, одобрување или под заштита од влади во најголема мера го загрозуваат и внатрешниот и надворешниот мир на секоја држава. 1.3. Кривична пријава за “Мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување” и “Малтретирање во вршење на службата” за припадници на полицијата во акцијата “Планинска бура” Во текот на утрото на 7 Ноември 2007 година од страна на Министерството за внатрешни работи беше изведена полициската акција наречена “Планинска бура”. Во акцијата беа убиени шест лица, а по спроведување на истата беа приведени/лишени од слобода тринаесет лица. Според податоците од роднините, лицата биле лишени од слобода околу 15 часот, а според официјалната Информација на МВР, по приведувањето лишените лица биле однесени во полициската станица “Гази Баба”, околу 18 часот. Во 18:30 часот била викната Брза помош да им се направи медицински преглед, а пет лица биле однесени во Ургентниот центар заради укажување на соодветна медицинска помош бидејќи имале повреди од таков карактер, чие лекување не може да се врши амбулантно. Сите лица кои биле амбулантно лекувани во Ургентниот

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

103

Месечни извештаи Центар имаат доказ за здобиените телесни повреди. Во прилог кон наведеново се и прикажаните снимки од притворено лице од каде со сигурност можеше да се констатира дека лицето имаше телесни повреди по главата, и дека со тешкотии можеше да се утврди неговиот идентитет. За жал, од страна на Министерството за внатрешни работи наместо да се преземат конкретни мерки и да се поднесе кривична пријава против сторителите на кривичните дела кои извршиле тортура врз приведените лица, акцијата беше насочена кон снимателот на видео клипот кој всушност докажа дека сепак имало употреба на прекумерна сила во оваа акција. Иако е поминат подолг временски период по извршувањето на полициската акција “Планинска бура” во с. Бродец, а при тоа имајќи го предвид фактот да за прекумерната употреба на сила и малтретирањето од страна на припадниците на Министерството за внатрешни работи врз сега осудените лица, ниту еден државен орган (ниту јавно обвинителство, ниту истражен судија) не вложил напори да го почитува членот 142 од Законот за кривична постапка и да поднесе формална кривична пријава против сторителите на кривичното дело. Хелсиншкиот Комитет и тогаш, и сега повторно ги повикува надлежните органи да ја признаат грешката, спроведат вистинска истрага за начинот на кои биле третирани приведените лица во полициската акција и да поднесат кривична пријава против сите сторители на кривични дела, без селективна примена на законот. На 30 Јули 2008 година, по добиената писмена согласност од страна на четворица обвинети во случајот Бродец, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Тетово против НН сторители, припадници на полицијата кои земале учество во полициската акција “Планинска бура” во с. Бродец и НН сторители, припадници на полицијата при Полициска станица “Гази Баба” – Скопје, за едно кривично дело “Мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување” врз основа на член 142 став 1 од Кривичниот законик и едно кривично дело “Малтретирање во вршење на службата” врз основа на член 143 од Кривичниот законик. Хелсиншкиот комитет очекува дека надлежните органи ќе ја увидат сторената грешка, поднесената кривична пријава ќе ја подржат и поради очигледноста на веродостојноста на доказите ќе спроведат ефективна и вистинска истрага и ќе спроведат кривична постапка против обвинетите. II. ПОЛИЦИСКИ И СУДСКИ СЛУЧАИ 2.1. Случај Александар Петровски До Хелсиншкиот комитет за човекови права се обрати лицето Петровски

104

Александар, а во врска со неразумното долго траење на граѓанската постапка во која тој се јавува како странка, како и поради упорното непочитување на напатствијата на повисокиот суд од страна на Основен суд. Во граѓанската постапка која започнува уште во 1996 година била донесена Пресуда П.бр.2824/96 од страна на Основниот суд во Битола на 7 јули 2003 година, со која тужбеното барање на тужителот да се задолжи тужениот да му плати одреден износ на име долг со домицилна камата сметано од 1 Јуни 1996 година се одбива како неосновано и против-тужбено барање за исплата на друг износ со домицилна камата до денот на исплата исто така се одбива како неосновано. Постапувајќи по жалби, Апелациониот суд во Битола, донел Решение Гж.бр.1244/2004 на 22 Јуни 2004 година со кое жалбите се уважуваат, првостепената пресуда се укинува и предметот се враќа на повторно судење. При повторното судење, Основниот суд во Битола со Пресуда П.бр.2824/96 од 30 Јуни 2005 година, ги уважил и тужбеното и против -тужбеното барање. Ваквата пресуда повторно е укината од страна на Апелациониот суд во Битола, при што на 14 Септември 2006 година Основниот суд Битола донел Пресуда П.бр.2824/96 со која се уважува тужбеното барање и се задолжува тужениот да исплати износ на име долг, како и да ги надомести процесните трошоци во износ од 203.530,оо денари. Од друга страна, против-тужбено барање да се изврши пребивање на одреден износ и да се утврди побарување против тужениот се одбива како неосновано. Откако Апелациониот суд во Битола со Решение Гж.бр.4902/2006 овој пат ја усвоил жалбата на тужениот, ја укинал првостепената пресуда и предметот го вратил на повторно судење, Основен суд во Битола донел потполно идентична Пресуда како претходната на ден 12 Јули 2007 година, која меѓу другото на ден 25 Април 2008 година, после 12 години лутање на странките по судовите, со Пресуда Гж.бр.2828/2007, е потврдена од страна на Апелациониот суд во Битола. Хелсиншкиот комитет, смета дека во ваквите случаи претставува повреда на правата на граѓаните е фактот што првостепениот суд заборава на член 10 [4]од Законот за парнична постапка , како и на член 366 став 1[5]. Од друга страна второстепениот суд пак заборава на член 315[6] од истиот закон кој го обврзува да закаже расправа и мериторно да одлучи. Хелсиншкиот комитет, по кој знае кој пат, апелира дека неефикасноста на судството и долгото траење на судските постапки е меѓу главните потфрлања на правосудниот систем и една од клучните точки врз кои треба да се работи при реформата на судството. Тргнувајќи од идејата дека „задоцнетата правда е неправда”, како што се потврдува во горе наведениот и без број други случаи, ваквата практика доведува до недоверба и до губење на кредибилитетот на судството, кое би требало да претставува главен чувар на човековите права, а не да ја загрозува сигурноста на индивидуите и кредибилитетот на државата.

2.2. Случај Рабије Зејадиновска. Членот 6 од Европската конвенција за човекови права на секое лице му гарантира судење во разумен рок. Целта на оваа гаранција е да се заштитат сите странки во судската постапка од преголеми процедурални одлагања. Понатаму, се подвлекува важноста правдата да се спроведе без одлагање кое би ја загрозило нејзината ефикасност и кредибилитет. Значењето на барањето за разумен рок е да се гарантира дека во разумен рок и преку судска одлука, ќе се стави крај на несигурноста во која се наоѓаат страните во однос на нивната правна положба поради кривичното обвинение покренато против едната и оштетената – втора страна, како и гаранција на правната сигурност. Ваквата гаранција, особено треба да се почитува кога станува збор за сложени случаи кои можат да имаат значајни штетни последици по психичкиот и физичкиот интегритетот на странките во постапката, како што е тоа во кривичната постапка на оштетената Рабије Зејадиновска, за која постапка Хелсиншкиот комитет за човекови права ополномошти свои набљудувачи. Имено, до Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија се обрати родителот на Рабије Зејадиновска од Скопје кој не извести за нејзиниот случај. Странката не информираше дека во врска со предметот К.бр.1620/07, за кривично дело Грабнување по член 141 и кривично дело Силување по член 186, во кој како оштетена странка се јавува неговата ќерка Рабије Зејадиновска, се води кривична постапка пред Основниот суд Скопје 1 Скопје, при што главните претреси во континуитет од две и половина години се одложуваат. Хелсиншкиот комитет за човекови права, имајќи ја во предвид тежината на кривичните дела и штетното влијание врз натамошниот психички и физички развој на оштетената, доколку навистина се сторени, ополномошти свој претставник со цел набљудување на кривичната постапка. Врз основа на извештајот подготвен од претставникот на комитетот, а во врска со главните претреси на 17 Април 2008 година, потоа 29 Мај 2008 г. и 26 Јули 2008 г., видливо е дека истите биле одложени поради иста причина, имено, отсуството на вештото лице, од каде произлегува заклучокот дека во текот на три месеци, од кога постапката се набљудува од наша страна, не биле создадени услови за одржување на ниту еден претрес[7]. Уште позагрижувачки е фактот што судијата во конкретниот предмет, на последниот главен претрес изјавила дека вештото лице овој пат не го оправдал својот трет изостанок, но немала ниту доказ дека бил уредно известен за датумот на одржување на главниот претрес, без притоа да преземе соодветни мерки[8], туку едноставно претресот е одложен и закажан за ден 11 Септември 2008 година. Врз основа на ваквиот извештај од набљудувањето, Комитетот се обрати до

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Скопје со барање податоци за случајот и причините поради кои не се преземени мерки за создавање објективни услови за одржување на претресот. Во својот одговор, Претседателот на судот не известува дека на ден 17 Април претресот бил одложен поради службено отсуство на вештото лице кој два дена пред закажаниот датум го известил судот за тоа, а на ден 29 Мај исто така вештото лице било службено отсутно, но овој пат судот бил известен непосредно пред одржување на главниот претрес. Додека за ден 26 Јуни се вели дека претресот бил одложен бидејќи судот немал доказ дека вештакот бил уредно известен.

него на 06 Март 2007 година, до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава бр. 21.5-236 од 06 Март 2007 година, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело - тешка кражба по чл.236 од КЗ на РМ. Мобилниот телефон е пронајден и со потврда за вратени предмети е вратен на оштетениот. Истовремено, Ве известуваме дека целокупната доказна документација врз основа на која е расветлен овој случај е доставена до ОЈО Скопје заедно со кривичната пријава.“

Па се поставува прашањето како може судот да не се погрижи за уредно известување на вештакот, доколку тоа навистина е случај, кога претходно веќе два пати бил одложен главниот претрес поради неговото отсуство?!

Исто така, Хелсиншкиот Комитет инсистира јавните служби да делуваат само ако за тоа им е доделена надлежност, а таа надлежност не можат едноставно да си ја припишат по сопствена сила или да ја избегнуваат. Обврзувањето на државниот авторитет за правото ја обезбедува слободата на граѓанинот, во која може да дојде до мешање само врз основа на законско овластување. Но и неизвршување на законските обврски од страна на јавните служби исто значи повреда на правата на граѓаните.

Комитетот смета дека крајно време е да се надминат ваквите повреди на правото на странката за судење во разумен рок[9], особено кога се работи за сложени предмети и потешки кривични дела. 2.3. Кој ја кажува вистината, Министерството за внатрешни работи или Јавното обвинителство? Во месечниот извештај за месец мај Хелсиншкиот комитет публикуваше случај на несоработување на Јавно Обвинителство и Министерството за внатрешни работи во откривање на кривичното дело и на сторителот на делото. Ваквата појава и феномени во нашето општество на неефикасност одат само на штета на правата и слободите на граѓаните, целта на правдата и внесуваат правна несигурност и недоверба во институциите на системот. Министерството за Внатрешни работи и Јавното обвинителство после објавувањето на наведениов случај во јавноста, не удостоија со писмени одговори. Основното Јавното обвинителство со допис од 7 Јули 2008 година за случајот заведен под бројот КО бр.1074/07 го извести Хелсиншкиот комитет дека – „ Јавното Обвинителство до Секторот за внатрешни работи Скопје има поднесено барање за собирање потребни известувања. До донесување конечна одлука и по повеќе доставени ургенции за ажурирање на постапката од страна на надлежниот орган до кој се обратив, не беше доставен одговор. Воедно дополнително беа извршени уписнички проверки во интерната евиденција која се води во Основното јавно обвинителство, за предмети против непознат сторител како и против познат сторител, користејќи ги податоците на лицето кое беше пријавено, при што констатирав дека ваков настан не е регистриран“. Но на 23 Јули 2008 година Министерството за Внатрешни работи не извести дека – „од страна на СВР Скопје се преземени мерки и активности за расчистување на случајот, откриен е сторителот на кривично дело и против

Хелсиншкиот комитет се прашува што е вистината? Дали правото и законот, се исти за сите?

2.4. Судски превод и судски преведувачи во случајот Бродец На лице обвинето за кривично дело во членот 6 став 3 алинеја д[10] од Европската конвенција за човекови права му се гарантира правото да користи бесплатна помош од преведувач, доколку не го разбира или не го зборува јазикот на кој се одвива судењето. Согласно член 7 став 1 судот обезбедува усно преведување на тоа што лицето, односно другите го изнесуваат, како и на исправите и другиот пишан доказен материјал. Во истиот член став 4 се наведува дека преведувањето го врши судски преведувач[11]. Суштината на обезбедувањето на судски превод преку судските преведувачи во текот на кривичната постапка значи, како што Европскиот суд за човекови права пресудил во случајот Kamasinski, обезбедување превод со цел да обвинетиот ги разбере постапките што се од витално значење за него и да го информира својот адвокат за било кој аспект што треба да се покрене во неговата одбрана, со што на обвинетиот му се обезбедува правото на правично судење согласно Европската конвенција. Мошне јасно и очигледно е да преводот што судот му го обезбедува на обвинетиот преку преведувачот мора да биде компетентен. Во врска со ова, Европскиот суд изјавил дека со цел правото што се гарантира во членот 6 став 3 алинеја д да биде “практично и ефикасно“, обврската на надлежните власти не е ограничена само врз назначувањето на преведувач, туку доколку им се обрне внимание во дадените околности, таа може да се однесува и на соодветниот степен на контрола врз адекватноста на преводот што се обезбедува.[12] Што се однесува до обезбедувањето

на судски превод во текот на судските постапки пред судските органи во Република Македонија, мора да признаеме дека судовите прават напори истото секој пат да биде формално покриено, т.е. да биде присутен судски преведувач во текот на главниот претрес на една судска постапка. Тогаш се поставува прашањето каде е потребата за пишување на овој текст? Проблемот се појавува кога судските преведувачи треба да се “позанимаваат“ со усното преведување во постапката пред судот, односно да извршат симултано преведување. Остварените набљудувања на судските (кривични) постапки пред нашите особено основни судови, на набљудувачите ангажирани од страна на Хелсиншкиот комитет им овозможи да увидат еден конкретен факт, дека не е доволно самото формално присуство на судскиот набљудувач туку нивното компетентно, стручно, веродостојно, практично и ефективно преведување и активност. Имено, иако Хелсиншкиот комитет и порано има реагирано за нестручно и неуредно вршење на должноста преведувач, слободно можеме да кажеме дека се регистрираат судски случаи кога и понатаму се толерира некомпетентно и неефикасно преведување во текот на судските постапки. Свеж пример за неефикасно судско преведување од страна на судските преведувачи е случајот Бродец. Во текот на судските постапки јавно се увиде дека судските преведувачи немаа доволно познавање на двата јазици (македонскиот и албанскиот јазик), ниту пак ентузијазам за ефикасност во преведувањето. Го поздравуваме чекорот кој судијата го презеде во кривичниот предмет и им овозможи на обвинетите судски превод, не само во текот на главните претреси, туку дури и на пишани докази, но го осудуваме начинот на кој им беше преведен текот на главните претреси преку усмено преведување на обвинетите. Не е работа на судијата да има познавање на јазикот на кој се преведува, за тоа се повикани и платени судските преведувачи. За начинот на кој го овозможуваат преводот, судските преведувачи треба и мора да чувствуваат одговорност и да бидат потсетени дека заради нестручно, неуредно или несовесно вршење на должноста преведувач како и за недостојното вршење на таа должност следува разрешување од истата должност. Ги повикуваме претседателите на судовите, како и Министерството за правда да водат повеќе сметка за стручното оспособување на судските преведувачи и ефикасноста при вршењето на должноста преведувач, при што да ги имаат предвид домашните и меѓународните законски норми дека „секој оној што е обвинет за кривично дело има право да биде детално известен на јазикот што го разбира за природата и основата на обвинението против него (6-

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

105

Месечни извештаи 3-а) ... и бесплатно да добие преведувач доколку не го разбира или не го зборува службениот јазик на судот“.(6-3-д) III. ПОВРЕДИ НА ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА 3.1. Случај Мишеви До Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија се обрати брачниот пар Мишеви од Кавадарци во врска со пријавата за нарушување на јавниот ред и мир од страна на нивниот сосед Велков Ифтим кој веднаш до нивната куќа има отворено работилница од која се создава неподнослива бучава секојдневно нарушувајќи го мирот на граѓаните[13]. Според наводите на странките, соседот и покрај претставките да се извршат мерења на гласноста на бучавата, испратени до надлежните институции Општинскиот и Државниот инспекторат за животна средина[14], состојбата со бучавата е неизменета и повеќе од седум години претставува проблем во животот на странките. По обраќањето на Хелсиншкиот Комитет, од страна на Државниот Инспекторат за животна средина добивме допис каде се наведени превземените дејствија на Инспекторатот во врска со овој случај, по воочената неактивност од страна на органите на локалната самоуправа, кои според законските одредби се надлежни за оваа проблематика. Во истиот одговор како превземени дејствија од страна на Државниот инспектор се наведени следните: побарано е од Г-дин Ифтим Велков да достави резултати од мерењата за висината на нивото од штетна бучава предизвикано од активностите во неговата браварска работилница. Исто така до Хелсиншкиот Комитет пристигна и одговор на нашето барање за информации доставено до Градоначалникот на Општина Кавадарци со што не информираат дека општината не располага со лабораторија за вршење на мерења од ваков тип и нема вработено Инспектор за заштита на животната средина, како и дека на 11.04.2008 до нив е доставен допис од Државниот инспекторат за животна средина со кој се информираат дека приватна агенција “Еуро Мак Контрол” ангажирана од страна на Г-дин Ифтим Велков има извршено мерења и контроли на бучавата во браварската работилница на истиот при што е констатирано дека емитираната бучава е во рамки на дозволеното ниво. Во оваа прилика Хелсиншкиот Комитет потсетува дека Законот за заштита од бучава во чл. 31 дава можност да се делегираат ваквите обврски на општинските органи на научни, стручни организации и институции и други правни лица под услови и на начин предвидени со Законот, но истиот подразбира таквото “делегирање” да биде направено од самиот државен орган или општина а не од лицето предизвикувач на бучавата поради очигледниот конфликт на интереси.

106

По ова Хелсиншкиот Комитет се обрати до инспекторатот со прашања од кои причини приватната фирма која го спровела мерењето е ангажирана од страна на самиот г-дин. Ифтим Велков а не од страна на надлежните државни органи за кои законот предвидува обврска и должност да вршат мониторинг на бучавата[15] и за начинот на кој Државниот инспекторат врши увид во правилноста на изведеното мерење (начин, метод, време) од страна на приватната агенција, имајќи ги во предвид тврдењата на странките дека истото било извршено по 20 часот навечер при што од нив било побарано да ги затворат сите свои прозори. Државниот инспекторат за животна средина одговори со тврдењата дека фирмата е овластена за мерење на бучава и дека ако странките не биле задоволни од резултатите истото требале да го докажат со мерења исто така од овластена организација. Хелсиншкиот Комитет се прашува за што служат членовите на Законот за заштита од бучава во кој точно е определено дека органите на државната управа се должни да преземат мерки за заштита од бучава, ако истите бараат од самите странки да ангажираат фирми и да извршат мерења и притоа донесуваат решенија врз основа на истите?

да го оствари правото на користење на станот, дотолку повеќе што од ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор Велес има добиено известување[21] дека има можност и да го откупи истиот. Хелсиншкиот комитет од своја страна се обрати со дописи до Министерството за транспорт и врски и ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор – Велес по што ни беше одговорено дека Министерството го задолжува Јавното претпријатие да го извести за преземените активности по случајот во најкус можен рок, имајќи ја во предвид и Ургенцијата три години претходно (од 31.05.2005) со која Јавното претпријатие било задолжено во најкраток рок да отпочне постапка за иселување на бесправно вселеното лице. Со одговорот од Јавното претпријатие Велес, на 7 Април оваа година сме известени дека пречките за одолговлекување на извршувањето се од објективна природа и дека истото кое е во завршна фаза ќе биде спроведено во најкус можен рок, но за жал и четири месеци по ваквото уверување лицето Лазо Арсовски се уште не може да си го оствари правото на користење на станот, и тоа за иронијата да биде поголема од причини на страна на доверителот, страна која треба да е најзаинтересирана за брзо извршување.

3.2. Случај Лазо Арсовски До Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија се обрати лицето Арсовски Лазо од Велес, кој не извести дека на 25.02.1997 год. склучил Договор[16] за користење на стан со ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор - Велес, меѓутоа од истиот бил насилно исфрлен од страна на лицето Христо Малковски поради што до денес не може да го ужива своето право на користење на станот. Од друга страна за истиот стан, Основниот суд Велес по тужба од тужителите ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор и Р.М има донесено Пресуда[17], подоцна потврдена и од Апелациониот суд Скопје[18], со која на тужениот Христо Малковски му се наложува да се исели од станот на Ул. “Васил Главинов” К-2 Бисер стан бр5. Иако оваа пресуда е станата правосилна и по неа е поведена извршна постапка[19], истата веќе скоро две години не е извршена. Основниот суд во Велес од своја страна има направено низа дејствија за извршување на пресудата, при што има донесено Заклучок за извршување[20] како и Наредба за присилно иселување на луѓе и ствари и во случај должникот да не се најде во станот, но од непознати причини ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор - Велес иако доверител во случајот, на четири наврати има побарано од Судот одложување на извршувањето (последен пат на 19.06.2007 со најава дека дополнително ќе го извести судот кога треба да го спроведе извршувањето). Поради одложувањето на извршувањето на пресудата трпи странката Лазо Арсовски кој не може

Хелсиншкиот Комитет изразува зачуденост од однесувањето на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор Велес и од тенденцијата на одложување на извршување каде истото се јавува како доверител, но исто така сака да потсети на обврската на закуподавачот да му овозможи на закупецот непречено користење на станот[22], право кое на лицето Лазо Арсовски во овој случај му е одземено. Хелсиншкиот Комитет апелира до Министерството за транспорт и врски и ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор Велес за ажурно вршење на своите законски обврски како би овозможиле граѓаните непречено да ги остваруваат своите права. 3.3. Случај Димче Михајловски Веќе 17 години , Г-нот Димче Михајловски води спор со Фондот на пензиско и инвалидско осигурување за признавање на право на надоместок поради помала плата. Врз основа на наод, оцена и мислење бр.352 од 19 Август 1986 година, со решение на ЖТП Погон шински возила од Велес бр.4553/2 од 18 Април 1991 година тужителот од работно место “бравар заварувач” бил распореден на друго работно место “издавач на резервни делови” сметано од 01 Април 1988 година. Со решение бр.4-973/14 од 2 Јули 1991 година укинато му е правото за примање на надомест поради помал личен доход што го исплатувал работодавецот сметано од 15 Јули 1991 година при што е упатен своето право да го оствари во стручната служба на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Велес. Г-нот Михајловски до Подрачната единица на Фондот во Велес поднел барање за признавање на надоместок поради

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

помала плата на друго работно место на ден 20 Септември 1991 година. По одбивањето на неговото барање, а потоа и на поднесената жалба, по поднесената тужба за управен спор, Врховниот суд на Република Македонија донел пресуда У.бр.1527/99 од 30 Ноември 2001 година со која решението Ж.бр.178 од 25 Февруари 1999 година, е поништено со укажување дека органите во постапката не го утврдиле релевантниот факт за утврдување на правото на паричен надоместок поради помала плата од причина што не е со сигурност утврден датумот на настанатата инвалидност, односно датумот кога настанала изменетата работна способност имајќи предвид дека во списите има два наода бр.352 од 19 Август 1986 година но со различни податоци за датумот на настанокот на изменетата работна способност. По неколку години Врховниот суд повторно донел пресуда У.бр.2417/2003 од 22 Февруари 2006 година со која решението Ж.бр.41-2114/2 од 9 Ноември 2003 година е поништено со укажување дека органите во постапката не постапиле по укажувањата во пресудата У.бр.1527/99 од 30 Ноември 2001 година и наместо да го утврдат датумот на настанокот на изменетата работна способност врз основа на кој ќе одлучат за тоа дали на тужителот му припаѓа или не правото на надоместок поради помала плата на друго

работно место, одлучувале надвор од поставеното барање на тужителот не му признавале право на инвалидска пензија. Постапувајќи по оваа пресуда, второстепениот орган со решение УС.бр.43-3091/2 од 01 Февруари 2007 година го поништил решението И.бр.14792 од 24 Февруари 2003 година со кое е одучувано за правото на инвалидска пензија со укажување дека се уште не е утврдена веродостојноста на наодот бр.352 од 19 Август 1986 година врз основа на кој е одучувано за правото на надоместок поради помала плата, поради што се уште постојат различни податоци по однос на периодот на настанување на изменетата работна способност, за првостепениот орган не земајќи ги во предвид напаствијата од страна на повисоките органи повторно да го одбие неговото барање. Управниот суд на Република Македонија на 5 Јуни 2008 год. донел пресуда У.бр.4381/2007 со која тужбата се уважува, оспореното решение на Комисијата на Владата на Република Македонија се поништува и предметот се враќа на повторно разгледување и одлучување. Управниот суд констатира дека и покрај донесените две пресуди на Врховниот суд на Република Македонија, органите не постапуваат по укажувањата во пресудите. Како што се вели во образложението на пресудата У.бр.4381/2007 на Управниот суд на Република Македонија: “за судот е

неприфатливо органите во два наврати да одлучуваат за барање за остварување на право на инвалидска пензија кое од страна на странката воопшто не е истакнато, а да не одлучуваат за барањето да му се признае правото на надоместок поради помала плата”. Исто така, Управниот суд на Република Македонија со донесената пресуда У.бр.4381/2007 година најде за потребно повторно постапување и одлучување на органите при што треба врз основа на укажувањата на пресудите на Врховниот суд на Република Македонија и оваа пресуда органите прво да се произнесат по однос на релевантниот факт – датумот на настанокот на инвалидноста – изменета работна способност кај осигуреникот, врз основа на кој факт ќе донесат одлука на барањето на тужителот, дали има право или не на надоместок поради помала плата на друго работно место. Хелсиншкиот Комитет се обрати со писмен допис до сите органи надлежни за одлучување во конкретниов предмет и побара да биде известен за преземените активности од нивна страна за конечно решавање на овој предмет и зошто во конкретниов случај не е одлучено мериторно, туку постапката постојано се враќа на повторно одлучување, а со тоа правото за остварување на инвалидска пензија и надоместок од плата трае веќе 17 години.

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------[1] ЕВРОПСКА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА Член 3 Забрана на мачење - „Никој не смее да биде подложен на мачење, нечовечко или понижувачко постапување или казнување“. Член 6 Право на правична судска постапка - „1. Секој има право правично и јавно, во разумен рок, пред независен и непристрасен со закон воспоставен суд да бидат разгледани и утврдени неговите граѓански права и обврски или основаноста на какви и да било кривични обвиненија против него. Пресудата се изрекува јавно, а новинарите и публиката можат да бидат исклучени за време на целата или на дел од постапката во интерес на моралот, јавниот ред или националната безбедност во едно демократско општество, кога тоа го наложуваат интересите на малолетник или заштита на приватниот живот на страните во спортот; или кога тоа судот го смета за неопходно затоа што во посебни околности публицитетот би можел да им нанесе штета на интересите на правдата. 2. Секој кој е обвинет за кривично дело се смета за невин се додека неговата вина не се докаже по законски пат. 3. Секој обвинет ги има следните минимални права: а) веднаш, на јазикот што го разбира, да биде детално известен за природата и причините на обвинението подигнато против него; б) да му се обезбедат време и услови неопходни за подготвување на неговата одбрана; в) да се брани самиот или со помош на бранител по свој избир, а доколку не располага со средства да плати бранител, да добие бесплатен службен адвокат кога тоа го наложуваат интересите на правдата; г) самиот да ги сослуша или да бара сослушување на сведоците на обвинението и да бара повикувањето и сослушувањето на сведоците на одбраната да биде под услови што важат и за сведоците на обвинението; д) да користи бесплатна помош од преведувач, доколку не го разбира или не го зборува јазикот на кој се одвива судењето“. Член 13 Право на ефикасен правен лек - „Секој човек чии права и слободи признати со оваа Конвенција се нарушени, има право на ефикасен правен лек пред националните власти, дури и тогаш кога повредата на овие права и слободи ја сториле лица при вршење на службена должност„. Член 1 од Протокол кон Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободиЗаштита на сопственоста - „Секое физичко или правно лице има право на мирно уживање на својот имот. Никој не може да биде лишен од својот имот, освен во јавен интерес и под услови предвидени со закон и со општите принципи на меѓународното право. Претходните одредби не навлегуваат во правото на државите да донесуваат закони кои ги сметаат за неопходни за регулирање на користењето на имотот согласно општиот интерес или заради сигурно плаќање на данокот, другите придонеси и парични казни“. [2] M. de Blois, “The Fundamental Freedom of the European Court”, in: R.A. Lawson & M. de Blois (eds.), The Dynamics of the Protection of Human Rights in Europe – Essays in Honour of Henry G. Schermers, The Hague: Martinus Nijhoff, 1994 г., стр. 57. [3] ECПЧ, 7 декември 1976, Kjeldsen, Busk Madsen and Petersen – Denmark (Series A-23). [4] Законот за парнична постапка член 10 - „(1)Судот е должен да настојува постапката да се спроведе без одолжување, во разумен рок, со што помалку трошоци и да ја оневозможи секоја злоупотреба на правата што на странките им припаѓаат во постапката“ [5] Законот за парнична постапка член 366 „(1)Првостепениот суд е должен да ги изведе сите парнични дејствија и да га расправи сите спорни прашања на кои укажал второстепениот суд во своето решение“. [6] Законот за парнична постапка член 315 „(1)Второстепениот суд одлучува по жалба, по правило, без расправа. (2)Кога советот на второстепениот суд ќе најде дека заради правилно утврдување на фактичката состојба е потребно пред второстепениот суд да се повторат веќе изведените докази, ќе закаже расправа пред второстепениот суд. (3) Кога на седница на советот ќе се утврди дека пресудата против која е изјавена жалба се заснова на суштествена повреда на одредбите на парничната постапка или на погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба, а пресудата веќе еднаш била укината, второстепениот суд ќе закаже расправа и мериторно ќе одлучи“. [7] Член 256 став 5, Закон за кривичната постапка: „Судот по претходно прибавено мислење од вештакот го определува рокот за вештачењето и тој рок може да биде продолжен од страна на судот, по барање на вештакот“. [8] Член 257, ЗКП: „ (1) Лицето кое се повикува како вештак е должно да се јави на поканата и да даде свој наод и мислење. (2) Ако вештакот што е уредно повикан не дојде, а изостанокот не го оправда, или ако одбие да вештачи или не постапи во рокот определен од страна на судот, може да казни парично со казната определена во членот 75 став 1 на овој закон, а во случај на неоправдан изостанок може и присилно да се доведе“. [9] Член 10, Закон за судовите: „Постапката пред судот се уредува со закон и се заснова врз следниве начела...судење во разумен рок, економичност...“ [10] 3. Секој обвинет ги има следните минимални права: д) да користи бесплатна помош од преведувач, доколку не го разбира или не го зборува јазикот на кој се одвива судењето. [11] Преведувачите се лица кои преведуваат говор и писмен текст од македонски јазик на странски јазик и од странски на македонски јазик. Преведувачите преведуваат по барање на судот, државен орган, друга институција или граѓани. [12] Kaminski v. Avstria A 168 para 74 (1989) [13] Член 9, Одлука за утврдување во кои случаи и под кои услови се смета дека е нарушен мирот на граѓаните од штетна бучава "Мирот на граѓаните се нарушува со користење на механички извори на бучава (машини, мотори, циркулари, бормашини, компресори, метални преси, ткајачки машини и сл) во времето од 22,00 до 06,00 на јавно место, односно на место каде постои можност да се вознемируваат граѓаните." [14] Член 31, Закон за заштита од бучава во животната средина, Сл.весник бр. 79/2007 од 25.06.2007 Вршење на мониторинг "...(2) За вршење на определени стручни работи за мониторинг на бучавата, субјектите од ставот (1) на овој член се овластуваат од страна на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, …" [15] Закон за заштита од бучава (Сл.Весник на РМ, бр.79/2007) Чл. 19, (2) Органите на државната управа, органите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје се должни да ги преземаат следниве мерки за заштита од бучава: - да спроведуваат мониторинг на бучавата согласно со програмите за мониторинг на државните и локални мрежи за мониторинг на бучавата во животната средина; [16] Договор бр.09-03 со рег.бр.2545 [17] Пресуда П.бр.441/05 [18] пресуда ГЖ.бр 8940/06 [19] И.бр.2135/06 [20] И.бр.2135/06 [21] Известување бр.09-658/48 [22] Член 12 од Закон за домување, Сл. весник на Р. М. бр. 21/98 од 08.05.1998 год.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

107

Месечни извештаи

МЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБАТА СО ЧОВЕКОВИТЕ Септември 2008 ПРАВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА РЕЗИМЕ Враќањето и процесуирањето на хашките предмети во нашето правосудство предизвикува многу дилеми кои се проследени со крајно спротивставени толкувања во јавноста. Дилемите и начинот на кој може да бидат разрешени хашките предмети од аспект на принципот на владеењето на правото не се чувствителни поради дневно - политичките последици со кои и во моментов се среќаваме, а кои се чини и натаму ќе ескалираат, туку се особено опасни токму заради можноста во еден момент поради вмешувањето и влијанието на политиката, која поради свои потреби може да влијае на институциите во сферата на правосудството демонстрирајќи дека се уште има алатки пресудно да влијаат на неговото работење и извлече дневнополитичка полза. Тоа може времено да ги реши моментните потреби на нашата политичка сцена, но секако крајно негативно ќе се одрази на владеењето на правото и кредибилитетот на правосудството во нашето општество. Токму затоа Хелсиншкиот комитет смета дека во моментов, пред да се заплови во ирационалните емоционални дневно - политички води, ако веќе не е доцна, треба да се вложат сите напори случаите да добијат разрешница до крај почитувајќи го принципот на владеење на правото. Хелсиншкиот комитет смета дека не може во никој случај да има амнестија за случаи на тешко кршење на меѓународното хуманитарно право. Но, притоа сака да укаже дека Собранието на Република Македонија во два наврати усвои закони со кои се дава правната рамка а која се однесува на овие случаи – Законот за амнестија и Законот за соработка меѓу Република Македонија и Меѓународниот кривичен суд за гонење на лица одговорни за тешко кршење на меѓународното хуманитарно право на територијата на Поранешна Југославија. Од одредбите на овие закони недвосмислено произлегува дека правото на одредување дали постојат елементи за кривично гонење на воените злосторства е пренесено на Меѓународниот кривичен суд за гонење лица одговорни за тешко кршење на меѓународното хуманитарно право на територијата на Поранешна Југославија (во понатамошниот текст Хашки Трибунал), и дека прецизно е одредено како треба да се постапува во ситуација кога Трибуналот враќа случаи од својата надлежност на домашото правосудство. Сосема јасно и недвосмислено во ваква ситуација потребно е да постои наредба од судскиот совет на Хашкиот Трибунал или одлука на обвинителот на Хашкиот Трибунал (или самиот Трибунал) за фактот во каква фаза е кривичната постапка која се предава на одлучување на домашните судски органи. Се што е надвор од овие јасни одредби е дневна политика и злоупотреба на правото за нејзини цели.

108

За жал, нашата јавност е ускратена од основната информација во врска со овие случаи – одговорот на прашањето: на каков начин и во каква фаза се вратени хашките предмети во Република Македонија? Официјален документ на Хашкиот трибунал со одговор на ова прашање се уште не и е предочен на јавноста, иако по случаите веќе се постапува. Хелсиншкиот комитет свесен за негативните имликации во однос на принципот на владеењето на правото, и натаму ќе се обидува да го расфетли овој клучен момент околу натамошната судбина на хашките судски предмети. Останатите содржини на нашиот месечен извештај за состојбата на човековите права за жал, било да станува збор за јавни настани и повреди на демократските принципи или за поеднинечни случаи, сосема јасно говорат за нивото на кое се почитуваат човековите права во Република Македонија. Комитетот остварувајќи ја својата улога на мониторинг во наредните денови на јавноста ќе предочи поединечни и општи примери на кршење на човековите права. -------------------------------------------------I. ЈАВНИ НАСТАНИ И ПОВРЕДИ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРИНЦИПИ 1.1. Хашките предмети 1.2. Мерката притвор и двојните аршини 1.3. Акција “Питачење“ 1.4. Потребата за донесување на Законот за заштита од дискриминацијата 1.5. Повеќекратните препораки по реализираните посети во затворените институции на Република Македонија II. ПОЛИЦИСКИ И СУДСКИ СЛУЧАИ 2.1. Случај Роберт Поповски, Струга 2.2. Случај Блага Неделковска, Гевгелија III. ПОВРЕДИ НА ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА 3.1. Случај Мите Ѓорѓиев, Велес 3.2. Случај Зоран Божиновски, Скопје -------------------------------------------------I. ЈАВНИ НАСТАНИ И ПОВРЕДИ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРИНЦИПИ

со законски престој, како и лица кои имаат имот или семејство во Република Македонија (во натамошниот текст: лица), за кои постои основано сомневање дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот во 2001 година, заклучно со 26 септември 2001 година.“ Амнестијата се однесува и на лицата кои и пред 1 јануари 2001 година подготвувале или сториле кривични дела во врска со конфликтот во 2001 година. Со предвидената амнестија се ослободуваат од гонење за кривични дела предвидени во Кривичниот Законик или друг закон на Република Македонија, се запираат кривичните постапки за кривични дела предвидени во Кривичниот Законик или друг закон на Република Македонија, потполно се ослободуваат од извршување на казната затвор за кривични дела предвидени во Кривичниот Законик или друг закон на Република Македонија против лицата за кои постои основано сомнение дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот до 26 септември 2001 година и на крајот наведува дека се определува бришење на осудата и се укинува правната последица на осудата заклучно со 26 септември 2001 година. Во горенаведениот закон истиот член во став 4 се наведува дека одредбите од ставовите 1, 2 и 3 на овој член не се однесуваат на лицата кои извршиле кривични дела поврзани и во врска со конфликтот во 2001 година, кои се во надлежност и за кои Меѓународниот трибунал за гонење на лица одговорни за тешко кршење на меѓународното хуманитарно право на територијата на поранешна Југославија од 1991 година ќе поведе постапка.“ Република Македонија му отстапи 5 кривични постапки на Меѓународниот кривичен суд за гонење лица одговорни за тешко кршење на меѓународното хуманитарно право на територијата на Поранешна Југославија (во понатамошниот текст Хашки Трибунал). Пред Хашкиот трибунал судска разрешница доби судскиот предмет во кој како обвинети се појавија Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски[2]. Другите 4 т.н. хашки случаи во текот на 2008 година беа вратени назад во Република Македонија ... “заради постапување пред надлежните судски органи на Република Македонија“ како што изјавија надлежните државни органи (Министерство за правда, Јавно обвинителство на Република Македонија)...

1.1. Хашките предмети По завршувањето на воениот конфликт од 2001 година, Собранието на Република Македонија на ден 07.03.2002 година го изгласа Законот за амнестија[1]. Во член 1 став 1 од истиот закон се наведува: “Со овој закон се ослободуваат од гонење, се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од извршувањето на казната затвор (во натамошниот текст: амнестија), граѓани на Република Македонија, лица

Собранието на Република Македонија во текот на 2007 година го изгласа Законот[3] за соработка меѓу Република Македонија и Меѓународниот кривичен суд за гонење лица одговорни за тешко кршење на меѓународното хуманитарно право на територијата на Поранешна Југославија. Во членот 7 од истиот Закон се наведува дека Република Македонија ја признава стварната, територијалната и временската надлежност на Хашкиот Трибунал предвидени во статутот на

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

самиот суд. Република Македонија е обврзана да постапува по вратените Хашки предмети согласно член 8 став 3[4] од Законот за соработка на РМ со Хашкиот Трибунал. Понатаму во член 12[5] од истиот закон се наведуваат можностите по кои кривичните постапки предадени во надлежност на Хашкиот Трибунал против истото лице и истото кривично дело можат да продолжат да се процесуираат во Република Македонија само доколку е исполнет еден од условите а тие се: 1) Обвинителот на Хашкиот трибунал покренал обвинителен акт и доколку Судскиот совет на Хашкиот трибунал потоа издал наредба во којашто се наведува дека обвинителниот акт против обвинетото лице или лица се одложува, се до започнување на постапката пред надлежните судови во Република Македонија; 2) Обвинителот на Хашкиот трибунал повел истрага и Судскиот совет на Хашкиот трибунал потоа издал наредба во којашто се наведува дека истрагата против обвинетото лице или лица се одложува, се до започнување на постапката пред надлежните судови во Република Македонија и 3) Хашкиот трибунал издал наредба и се прогласил за ненадлежен. Постапувањето по предметите отстапени од Хашкиот трибунал на надлежните државни органи на Република Македонија се регулира во глава V од член 25 до член 28 од Законот за соработка на РМ со Хашкиот трибунал. Во член 25 став 1 од истиот закон се наведува дека обвинителот на Хашкиот Трибунал или Хашкиот Трибунал кога ќе одлучи да го врати предметот на натамошно постапување на надлежните државни органи на Република Македонија, истиот го враќа: 1) на оној државен орган од кој бил преземен, ако Хашкиот трибунал понатаму не презел никакви дејствија во врска со тој предмет или 2) на органот надлежен за постапување во онаа фаза на постапката, во која е прекината или запрена постапката пред Хашкиот трибунал. Битно е да се утврди дека во трите погоре спомнати услови предвидено е да постои наредба од Судскиот совет на хашкиот трибунал или одлука на Обвинителот на Хашкиот Трибунал (или самиот Трибунал) за фактот во каква фаза е кривичната постапка која се предава на одлучување на домашните судски органи. Останува отворено прашањето како и во која фаза се вратени четирите т.н. Хашки предмети. Хелсиншкиот комитет очекува дека ќе добие одговор, на веќе поставеното прашање, од Хашкиот трибунал, како и од надлежните домашни државни органи, а прашањето е отворено и гласи: НА КАКОВ НАЧИН И ВО КАКВА ФАЗА СЕ ВРАТЕНИ ХАШКИТЕ ПРЕДМЕТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА? 1.2. Мерката притвор и двојните аршини Мерката притвор, како најтешка мерка за обезбедување присуство на

обвинетиот во кривичната постапка, е регулирана во Законот за кривична постапка[6]. Хелсиншкиот комитет во континуитет укажуваше на потребата судските власти да ги почитуваат стандардите за употреба на притворот како средство за обезбедување присуство на обвинети лица, кој воедно претставува последна мерка која се применува доколку целта не се постигнува со поблага мерка[7]. За жал, судските органи и понатаму продолжуваа/т да го злоупотребуваат притворот на начин што го користат како нужна мерка за обезбедување на обвинетиот во водење на кривичната постапка. Хелсиншкиот комитет за човекови права во неколку наврати го критикуваше односот на злоупотреба на мерката притвор, и преку месечните извештаи апелираше до судските органи да ги земаат во предвид алтернативните мерки подеднакво како притворот, со оглед на фактот дека истиот претставува средство за обезбедување присуство, а не казна за обвинетиот, притоа да не се заборави и на пресумпцијата на невиност како уставен принцип[8]. Хелсиншкиот комитет смета дека особено кога се решава за ограничување на слободата на движење на личноста, при определување или продолжување на мерката притвор треба да се пристапи со должно внимание и релевантно правно издржани и образложени причини, како и со итно постапување, бидејќи се работи за едно од основните човекови права. Во еден од хашките предмети кои Република Македонија ги презеде од Хашкиот Трибунал е т.н. “Липковска брана“. Во кривичниот предмет заведен при Основниот суд Скопје 1 - Скопје обвинет е пратеникот на ДУИ Хајрула Мисини. Истражниот судија при Основен суд Скопје 1 – Скопје одлучи да е доволно г. Мисини се појави пред судот, каде истиот даде изјава за кривично – правниот настан, и откако на судот му даде ветување дека нема да го напушти живеалиштето, а и му ја предаде својата патната исправа, следуваше укинување на мерката притвор, која претходно беше определена. Хелсиншкиот комитет смета дека охрабрувачки е фактот да надлежните истражни судии почнаа да ја разбираат суштината на мерката притвор и да не ја определуваат само заради фактот да истата постои и е предвидена во законските норми. Но, тука се појавува еден друг проблем? Сега се поставува прашањето како се чувствуваат сите други притворени лица[9] кои до сега понудиле ветување и гаранција дека нема да се дадат на бегство, и дека ќе се појаваат пред судските органи секогаш кога ќе бидат повикани. Сепак, ним истражните судии упорно им ја определуваа мерката притвор само со формалното продолжување на решенијата за определување на мерката притвор и укажување дека истите ги исполнуваат условите предвидени во Законот за кривична постапка член 199[10] од ЗКП, без да се впуштат во пошироко и

формално објаснување на истите. Хелсиншкиот комитет апелира на соодветна, еднаква и правна примена и употреба на мерката притвор, и ги охрабрува и повикува судските органи на употреба на другите соодветни мерки на обезбедување, се со цел да не се нарушат човековите права и повредата на достоинството на личноста. СЕПАК ВО ЈАВНОСТА ЌЕ ОСТАНЕ ДИЛЕМАТА ЗА ДВОЈНИТЕ АРШИНИ НА УПОТРЕБАТА НА МЕРКАТА ПРИТВОР?!? 1.3. Акцијата “Питачење“ Хелсиншкиот комитет за човекови права континуирано ја следи акцијата на Министерството за внатрешни работи во соработка со Министерството за труд и социјална политика и соодветните центри за социјална работа, т.н. “Питачење“, која започна на 10.09.2008 год. Во врска со истата за добивање на подетални информации се обративме и до Министерството за внатрешни работи и до Министерството за труд и социјална политика со молба да не известат кои активности ги имаат преземено, каде се наоѓаат децата и дали се сместени во некоја институција. Имајќи предвид дека се работи за социјално ранлива група која питачењето го користи како еден од начините за добивање средства за живот, побаравме да бидеме известени дали се предвидени одредени финансиски бенефиции за овие луѓе, пред се во насока на добивање на финасиска помош за покривање на секојдневните трошоци за живот, а потоа и во насока на финансиска помош за да можат истите да ги пратат своите деца на училиште? Фактот дека повеќето од нив се корисници на социјална парична помош не е доволен, затоа што очигледно е дека истата не е доволна ниту за секојдневните трошоци, а камоли за покривање на трошоците кои им се потребни за да ги пратат децата на училиште. Од страна на надлежните органи добивме одговор само од страна на Министерството за труд и социјална политика, во кој меѓу другото не известуваат дека: “Министерството за труд и социјална политика, преку ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа на град Скопје, презема теренски активности, преку непосредни увиди во семејствата на децата и нивно евидентирање... При непосредните увиди и разговорите со родителите на децата кои имаат лична документација, се укажува на нивната обврска да ги запишат своите деца во редовниот образовен систем...“ Меѓутоа во однос на главниот проблем, лошата финасиска состојба на овие семејства, многу малку е одговорено што всушност е главна причина за питањето. Во одговорот на нашето барање е наведено: “Со измените и дополнувањата на Законот за социјална заштита се разгледува можноста условени парични трансфери како посебен стимул за редовно образование на децата од социјално загрозени

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

109

Месечни извештаи семејства и намалување на појавата на трансгенерациска сиромаштија “. НО ШТО ДО ТОГАШ? За жал повторно се избегнува фактот дека обезбедувањето на бесплатни учебници и примањето на социјална парична помош не се решението на овој проблем. Покрај учебниците потребни се и други дополнителни трошоци за да можат родителите да го пратат своето дете на училиште, и беспредметни се сите закани упатени до нив доколку тие ги немаат материјалните средства да го сторат тоа. Хелсиншкиот комитет го поздравува напорот на надлежните институции за намалување на бројот на деца кои не посетуваат училиште, но смета дека за да се оствари истото потребно е од страна на тие институции да се излезе во пресрет на тие семејства со конкретни мерки за финасиска помош кои би спречиле евентуално повторно враќање на децата на улица, но тоа решение во никој случај не може и не смее да се чека на измените на Законот за социјална заштита кои сеуште се во постапка на оформување. Со тоа се прави дополнителен проблем за овие семејства и се започнува со акција чиј финален успех зависи од измени на закон кои сеуште не се ниту донесени. 1.4. Неопходноста од донесување на Законот за заштита од дискриминацијата Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија својот став кон прашањето за потребата од донесување на Законот за заштита од дискриминација, кој би претставувал голем придонес на законската и институционалната рамка за борбата против дискриминацијата, го има истакнато повеќе пати во изминатите години и повторно ја користи оваа прилика да го изрази својот конзистентен однос. За потребата од итно донесување на овој посебен закон беше укажано повеќе пати во месечните извештаи на комитетот. Како резултат на честите дискусии и средби во врска со предлог текстот на законот подготвен од страна на Министерството за труд и социјална политика, Комитетот не може да биде воздржан меѓу големите празнини и недоречености создадени во предлог текстот поради отстранување на клучни одредби од истиот. За таа цел Комитетот го повикува Министерството за труд и социјална политика и сите засегнати актери во неговото донесување внимателно да ги разгледаат сите релевантни прашања, без притоа да се следи досегашната практика на експресно изгласување закони без расправа. Пред се, констатирајќи недостаток од дефиниција за дискриминација во предлог текстот, мора да се води сметка за неопходна потреба од истата и тоа формулирана врз основа на меѓународните документи како што се: Директивите на ЕУ бр. 2000/43/ ЕЦ (расни директиви); Директивите на ЕУ со кои се воспоставува еднаков третман во вработувањето и занимањата

110

бр. 2000/78/ЕЦ и Протоколот 12 кон Конвенцијата за човековите права и базични слободи на Советот на Европа. Дефиницијата може и треба да се аплицира на сите закони и дејствувањето на легалниот систем во јавната и во приватната сфера; таа треба да предвидува прецизни механизми преку кои жртвите на дискриминација можат да добијат адекватна и ефективна заштита; овозможува прецизирање на афирмативната акција на државата (позитивна дискриминација) со цел нејзина соодветна употреба и оневозможување на злоупотребата. Формирањето на специјално тело кое ќе се занимава со спроведувањето на законските одредби, претставува дел од директивите формулирани од страна на ЕУ со цел давање ефективна заштита од дискриминација, и со цел натамошен развој на системот на вредности кои треба да обезбедат атмосфера на недискриминација. На институционален план, постојниот систем на заштита на човековите права ќе биде збогатен со уште едно тело: “Комисија за недискриминација“. Новата институција ќе даде нова основа во борбата против дискриминацијата и ќе соработува со веќе постоечките структури. Меѓутоа, сметаме дека треба да се прецизира кој ќе ја формира истата (со оглед на тоа дека се укажува на можната политизираност на Народниот правобранител). Таквата Комисија сигурно не би била поразлична од институцијата Народен правобранител доколку се основа и избира од страна на Владата или Собранието на Република Македонија. Потребно е прецизирање на заштита во управната постапка, без притоа да се остава празнина од аспект на прашањето до кого се поднесува жалбата (одговорно лице/раководител на сектор или орган од повисока хиерархија) и кои се надлежностите по пријавата, а имајќи ја во предвид огромната разгранетост на органите на државната управа. Понатаму, особено важно е Условувањето на учеството на определено лице во било какви активности да се смета како акт на дискриминација. Потребата да се предвидат превентивни мерки, исто како и допрецизирање на одредбите кои ја регулираат одговорноста на одговорните лица, е исто така неопходна особено: повисоко ниво на соработка меѓу институциите и граѓанскиот сектор, одговорност, односно санкционирање на медиумите кои емитуваат содржини кои поттикнуваат дискриминација, едукација и сензибилизирање на медиумите, регионална соработка и размена на искуства за таа цел ... Со оглед на фактот дека предлог законот во ниту една одредба не споменува повеќекратна, подолготрајна или повторна дискриминација, потребна е потребата за истото, по примерот на хрватскиот закон за спречување на дискриминацијата каде таквата дискриминација е формулирана како тежок облик на дискриминација, за кој судот ќе води сметка при утврдување на

висината на казната за прекршок, како и при утврдување на висина на надомест за нематеријална штета“. Оттука, Хелсиншкиот комитет апелира за континуирано дејствување и притисок за прифаќање и имплементирање на ваквите препораки во предлог законот, имајќи во предвид дека со овој закон треба да се обезбеди заштита и промоција на еднаквоста како најголема вредност на уставниот поредок на Република Македонија, како и да обезбеди создавање претпоставки за еднакви можности преку уредување на заштитата од дискриминација по сите основи (особено и преку прифаќање на родот како основ). 1.5. Повеќекратните препораки по реализираните посети во затворените институции на Република Македонија Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија на 29 и 30 јуни 2004 година изврши посета на затворените институции[11]. Посетата беше извршена од страна на делегација на невладини организации што се занимаваат со проблематиката на човековите права. Хелсиншкиот комитет со објавувањето на извештајот за реализираната посета во текот на 2004 година објави извештај со опис на состојбата на секоја институција поединечно заедно со заклучни препораки[12]. Тогаш Хелсиншкиот комитет укажа на: - прекубројноста на затворската популација, - лошите материјални услови за живот во старата зграда на затворот Идризово, - лошите материјални услови за живот во затворот „Скопје“ – Скопје, - потребата за итно подобрување на условите за живот на пациентите особено на 5-тото и 6-тото одделение на Психијатриската болница во Демир Хисар, - потребата за итно реновирање на санитарните јазли на одделенијата и - потребата за подобрување на условите за живот во одделенијата за пациенти со тешка интелектуална попреченост во невропсихијатриската болница во Негорци. Затворените институции често пати се под будното око и на меѓународни организации, Комитетот за спречување на тортура - CPT, Советот на Европа преку посетата на Високиот Комесар за човекови права, на домашните невладини организации кои се бават со истата проблематика, како и на канцеларијата на Народниот правобранител. Во таа насока одат и последните извршени посети. 1.5.1. Посета на Високиот комесар за човекови права при Совет на Европа Имено, Високиот Комесар за човекови права при Советот на Европа, г. Томас Хамамберг ја посети Република Македонија во февруари 2008 год. Во неговиот извештај[13] како еден од проблемите кои ги детектираше Комесарот беа и условите во затворените институции.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Според него, генерално земено ќелиите во затворите се под сите стандарди и се пренатрупани. Комесарот во својот извештај апелираше до Владата на Република Македонија да определи/ одреди доволно финансиски средства за да се подобрат загрижувачките и подстандардни услови во затворите. Секој затвореник мора да има минимум простор од 4м2, пристојни материјални услови и пристап до здравствена грижа и адвокат. Надворешните објекти мора да бидат адаптирани на начин што ќе му овозможат на секое лице минимум еден час надворешни активности ... се наведува во извештајот на Високиот Комесар за човекови права. Тимот на Комесарот го посетил и Специјалниот Завод за лица со посебни потреби - Демир Капија и утврдил дека материјалните услови се со многу низок стандард, иако одредени реновирања биле направени во скоро време. Старите згради не одговараат за лица со намалена подвижност, а тимот бил информиран дека лицата кои се неподвижни многу ретко или во одредени случаи никогаш не излегуваат од нивните соби или не стануваат од креветите. Во однос на психијатриските болници (Демир Хисар и Негорци), во извештајот е наведено дека во психијатриската болница во Демир Хисар и судското одделение и “хроничните“ одделенија се пренатрупани и во многу лоши материјални услови. Материјалните услови во психијатриската болница во Негорци се многу лоши, посебно санитарните објекти кои се нехигиенски и потребно е итно нивно реновирање. 1.5.2. Посета на претставници на Комитетот за спречување на тортура на Советот на Европа Раководителот на Комитетот за спречување на тортура на Советот на Европа (CPT), г. Мауро Палма на ден 10 Септември 2008 година наведе дека претставници на организацијата годинава (во периодот од јуни до јули 2008 година) повторно ги посетиле истите места каде што биле и минатата година, но условите таму и понатака останале непроменети. Набљудувачите во областа на човековите права на Советот на Европа го испратиле во Република Македонија најновиот извештај за тортура и преку специјално писмо ја повикуваа Владата на Република Македонија да се справи со препораките во Извештајот. Комитетот за спречување на тортура во најновиот извештај наведува дека делумно бил заинтересиран за три области: мерките преземени за неказнивоста (action taken to combat impunity), условите на притворските одделенија во затворите и третманот и грижата на ранливите групи. На Република Македонија и е дадено рок од еден месец до три месеци за исполнување на препораките за подобрување на казненото законодавство во Републиката. Хелсиншкиот комитет го поздравува овој чекор напред преземен од страна на Комитетот за спречување на тортура и децидното барање со рокови за исполнување на дадените препораки. 1.5.3. Посета на Народниот

правобранител Иџет Мемети и евро амбасадорот Ерван Фуере Во текот на септември оваа година[14] посета во затворот “Идризово“ – Скопје и затворот “Скопје“ – Скопје изврши и Народниот правобранител на РМ заедно со евро амбасадорот Ерван Фуере. По извршената посета Народниот правобранител изјави дека “Условите во затворот Идризово се под секакви стандарди, пренатрупаноста и хигиената во македонските затвори дефинитивно и сериозно ги загрозуваат основните човекови права“, додавајќи дека “условите и третманот на лицата лишени од слобода се спротивни на меѓународните акти.“ 1.5.4. Посети на затворените институции од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија Хелсиншкиот комитет во текот на месец август 2008 година реализираше посети на затворените институции и тоа: Психијатриска болница Демир Хисар, Заводот за заштита и рехабилитација “Бања Банско“ – Струмица, Специјалниот завод за лица со посебни потреби Демир Капија и Невропсихијатриската болница во Негорци. Реализираните утврдувачки мисии покажаа дека материјалните услови за живот во болницата во Демир Хисар, заводот во Демир Капија и невропсихијатриската болница во Негорци генерално земено се во многу лоша состојба и се загрижувачки за личното достоинство на секој пациент/ штитеник. За извршените посети Хелсиншкиот комитет најавува во скоро време, објавување на извештаи за сите реализирани посети на затворените институции, како и реализација на посета во Психијатриската болница “Бардовци“ – Скопје. Сепак, Хелсиншкиот комитет со загрижување може да констатира дека Република Македонија не доволно работи во насока на подобрување на материјалните услови за живот во горенаведените институции, иако истите состојби на неколку наврати наназад се констатирани и укажани од страна на релевантни домашни и странски органи и организации. II. ПОЛИЦИСКИ И СУДСКИ СЛУЧАИ 2.1. Роберт Поповски[15], Струга Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во име на Роберт Поповски од Струга на 16.04.2008 год. поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Струга против НН сторители. Како што е наведено во кривичната пријава на ден 01.02.2008 година околу 06.30 часот во домот на лицето Роберт Поповски дошла специјалната единица со налог за негово приведување. За време на приведувањето едно од службените лица без посебна причина го удрил Роберт со кундакот од пушката по вилицата. Лицето се жалело на повреда при што по притворањето е извршен лекарски

преглед, констатирана е скршеница на вилицата и врз него е извршена хируршка интервенција на одделението за максилофацијална хирургија во клиничката болница во Битола, а потоа истиот е пренесен во Арестантското одделение при Клиничкиот Центар во Скопје врз основа на решение Ки.бр.19/08 од 06.02.2008 на Основен суд Битола. Со оглед на тоа дека подолг период немавме добиено информација од страна на Јавното обвинителство во Струга за тоа до каде е постапката по поднесената кривична пријава, а имајќи го во предвид членот 39 од Законот за јавно обвинителство, во кој е предвидено дека: “Јавниот обвинител е должен во најкраток можен рок, а не подолго од 30 дена од денот по приемот на кривичната пријава, да преземе дејствие за кое е овластен со закон“, се обративме до нив и на 09.09.2008 год. добивме изненадувачки одговор дека во изминатиот период од цели 5 месеци, овластените службени лица биле ДУРИ ЕДНАШ повикани со цел да се сослушаат во врска со настанот, меѓутоа не се јавиле на поканата. Истите ќе бидат повторно повикани во наредните денови заради нивно сослушување (СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ЗА ИСТОТО НЕМА ДА БИДАТ ПОТРЕБНИ УШТЕ 5 МЕСЕЦИ). Сослушан е оштетениот Роберт Поповски и од Основниот суд во Битола побарано е известување дали по службена должност е испитана законитоста на лишувањето од слобода на Роберт Поповски, но такво известување не е доставено. Хелсиншкиот Комитет ПОВТОРНО ги повикува СИТЕ надлежни органи, да наложат да се спроведе ефикасна истрага и да се казнат сторителите на овие кривични дела без постојаното прогледување низ прсти само затоа што тие се припадници на Министерството за внатрешни работи – специјална полиција. 2.2. Случај Блага Неделковска, Гевгелија До Хелсиншкиот комитет за човекови права се обрати г-ѓа Блага Неделковска од с. Стојаково – гевгелиско. Преку поднесеното барање бевме известени дека при Основниот суд во Гевгелија нејзиниот сопруг има поднесено тужба на ден 28.07.2005 година, до Основниот суд во Гевгелија, заведена под П. бр. 282/05. Тужбата со основ надомест на материјална штета е заведена против ДПУ “Репромет“- Скопје, за износ 20.000 денари. Тужителот, Антоније Неделковски, кој како 50 годишен пчелар перманентно работел како активен пчелар со големо искуство во одгледувањето на пчелите и технологијата на производство на пчелни производи, мед, восок, млеч, цветен прах и др. во тужбата наведува дека на 21 април 2005 година, неговата сопруга купила од горе именуваната фирма 16 кг. вештачки восочни основи кои се употребуваат за производство на мед и др. пчелни производи. Восочните основи откако биле купени веднаш се однесени во село Стојаково и во текот на мај месец извршено е целосна подготовка

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

111

Месечни извештаи на рамките поставувајќи на го на нив купениот восочен основ, по што рамките биле распоредени по пчелните семејства заради пречек на пролетната сезона. Меѓутоа по дополнителните извршени проверки како се одвивало прифаќањето и градбата на питите, тужителот со разочарување констатирал/увидел дека во сите пчелни семејства во кои било распоредено саќето, ниту една пита не била изградена. Истото било оштетено. Тужителот веднаш се обратил до пчеларското Здружение НЕКТАР – Гевгелија со молба да извршат увид на лице место за причинетата штета. Комисија составена од три члена извршила увид и на записник составен на 01.06.2005 година, констатирала дека тужителот претрпел штета. По составувањето на Записникот и констатираната штета тужителот доставил до тужениот примерок од Записникот со молба вон судски да се најде решение. Тужениот одбил да ја признае штетата и можноста да се договараат двете странки. На ден 06.04.2006 година г-ѓа Неделковска се обраќа до Земјоделската инспекција – Гевгелија – Инспектор по пчеларство, рибарство и водостопанство со молба да се изврши инспекциски надзор на пчеларникот. На ден 18.12.2006 година Универзитет “СВ. Кирил и Методиј“ – Факултет за ветеринарна медицина Скопје до Основниот суд во Гевгелија доставил Наод и мислење со наслов Резултат и мислење по П. бр. 282/05 со резултат дека испитувањата на доставените мостри од восочните сотни основи за пчели укажуваат дека во производството на истите не е употребен чист пчелив восок и мислење дека врз основа на извршената експертиза, сметаме дека станува збор за продажба на восочни сотни основи со сомнителен квалитет, односно фалсификување на пчелниот восок со парафин. Понатаму во мислењето стои “сметаме дека сопственикот претрпел штета поради спречениот нормален развој на пчелните семејства и дека изгубената добивка треба да му се надомести.“ Иако тужбата е поведена уште во текот на 2005 година, сепак до сега Основниот суд во Гевгелија се уште нема донесено судска одлука. Странката страхува дека судската постапка намерно се одолговлекува. Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија на неколку наврати (на 10.06.2008, 25.07.2008, 22.09.2008 година) се обрати до претседателот на Основниот суд во Гевгелија со барање да добиеме одговор за индикациите дека во судскиот предмет има долго траење на постапката пред првостепениот судски орган, односно да бидеме известени кои се причините поради кои до сега Основниот суд во Гевгелија нема донесено судска одлука. Согласно член 77[16] и 78[17] од Судскиот деловник, претседателот или определениот судија претставките и предлозите поднесени до судот треба веднаш да ги зема во работа и по проверката на содржината, најдоцна

112

во рок од 30 дена од приемот да му одговараат на подносителот. Дека државните органи се обврзани да одговараат на поднесените претставки укажува и член 24 став 1[18] од Уставот на Република Македонија, но сепак во конкретниот случај Хелсиншкиот комитет и после неколкуте поминати месеци остана без одговор, а Основниот суд во Гевгелија и понатаму не се одзива на поднесените барања не почитувајќи ги одредбите на Судскиот деловник. Хелсиншкиот комитет во конкретниот случај укажува на континуирано непочитувањето на правилото судење во разумен рок децидно прецизирани во член 6 став 2[19] и член 10 став 1 алинеја 3[20] од Законот за судови, член 10 став 1[21] од Законот за парнична постапка и член 6 став 1[22] од Европската конвенцијата за човекови права. III. ПОВРЕДИ НА ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА 3.1. Случај Мите Ѓорѓиев, Велес Г. Мите Ѓорѓиев од Велес бил вработен во АД „Порцеланка“ Велес од 1975 година па до 25 Јуни 2000 година, кога му престанал работнион однос поради отворање на стечајна постапка на АД „Порцеланка“ Велес. Незадоволен од ваквата одлука Мите Ѓорѓиев повел две постапки пред Основниот суд во Велес, со основ за враќање на работа, како и наплата на долг врз основа на неисплатени плати. Епилогот на овие две постапки се двете Решенија на Апелациониот суд Скопје[23] со кои се потврдуваат Решенијата на Основниот суд во Велес и двете тужби на Мите Ѓорѓиев се отфрлаат како неосновани. Причината за отфрлање на тужбите на Мите Ѓорѓиев, Основниот суд и Апелациониот суд Скопје ја базираат врз основа на решение од Централниот регистар на РМ од 15 Февруари 2006 година, каде е запишано бришење на должникот АД „Порцеланка,, - Велес. Во прилог кон наведеново Апелациониот суд во своето решение Ж.бр.-5375/06 од 7 септември 2006 година наведува: - „Овој суд постапувајќи по службена должност најде дека со обжаленото решение првостепениот суд не сторил суштествени повреди на одредбите на парничната постапка од член 343 став 2 точка 13 од ЗПП бидејќи истото е јасно, разбирливо, непротивречно во себе содржи доволно образложени причини за решителни факти од кои се раководел првостепениот суд при одлучувањето, па во таа смисла е во целост подобно за испитување. Во изјавената жалба на доверителот се оспорува обжаленото решение и во таа смисла се истакнува дека должникот не е избришан од судскиот и централниот регистар бидејќи кај истиот постои даночен број како и жиро сметка дадена од страна на Централниот регистар - регионална канцеларија Велес. Овој суд ги ценеше ваквите жалбени наводи и најде дека се неосновани од причина што првостепениот суд врз основа на изведените докази во текот на постапката, решение од Централниот регистар на РМ од 15 Февруари 2006 година, правилно утврдил да во единствениот трговски регистар

е запишано бришење па должникот „Порцеланка,, АД за производство на порцелан и керамички плочки Велес, и со тоа истиот правилно постапил кога утврдил да предлогот на доверителот биде отфрлен согласно член 74 и член 75 од ЗПП, а вв со член 13 од ЗИП.“ Г. Мите Ѓорѓиев во оваа агонија на остварувањето на своите права од работен однос на 18 Февруари 2007 година се обратил до Основниот суд Скопје I Скопје со барање за доставување на информација од јавен карактер, поточно дали „Порцеланка,, АД е избришано од судскиот регистар на овој суд. На 27 Февруари 2008 година Основниот суд Скопје I Скопје[24] го известил г. Ѓорѓиев дека регистарската влошка на правното лице Производство на порцелан и керамички плочки „Порцеланка“ АД во стечај ул. „Индустриска“ бр. 66 Велес е заведена, и наведеното правно лице постои во судскиот регистар. Во дописот на Основниот суд Скопје I Скопје се наведува дека –„врз основа на извршениот увид во регистарската влошка ...... Ве известуваме дека наведеното правно лице во судскиот регистар на овој суд не е избришано“. Хелсиншкиот комитет укажува дека правната сигурност во Македонското општество бара постоење и почитување на доволно пристапни и прецизни одредби во националното право, кои ги задоволуваат суштинските барања на концептот на “закон”. Дотолку повеќе ова треба да се применува и кога се работи на практичната примена на правото од страна на судската власт. Во случаите кога се постапува за остварувањето на правата од работен однос, не помалку важно е постоењето на правна сигурност и законитост [25] во решавањето и исходот на истите. 3.2. Случај Зоран Божиновски, Скопје До Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија се обрати лицето Зоран Божиновски кој не извести дека до општина Карпош има поднесено барање за издавање на услови за градба со цел да ги покрие веќе изградените тениски терени кои како такви функционираат одреден период. Општина Карпош го одбила барањето на Зоран Божиновски[26] од причина што со генералниот урбанистички план населеното место Злокуќани е утврдено како градско градежно земјиште. Незадоволен од споменатото решение жалителот изјавил жалба до Второстепената Комисија на Влада, која истата ја одбила како неоснована[27]. Но, по поднесената тужба од страна на Зоран Божиновски против Решението на второстепениот орган, Врховниот суд на Република Македонија истата ја уважил[28], го поништил оспореното Решение и предметот го вратил на повторно постапување. По пресудата од Врховниот суд второстепената комисија утврдила дека жалбата треба да се уважи, а предметот да се врати на повторно постапување пред општина Карпош при што првостепениот орган, општина Карпош, бил должен да постапи по забелешките и насоките на Врховниот суд и повторно да одлучи по предметот.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Но, општина Карпош спротивно на сите претходни насоки донесува исто Решение со кое се одбива барањето на странката притоа не трудејќи се ниту да даде поинакво образложение. За истиот предмет, кровна конструкција на постоечки тениски терени, странката поднела ново барање по друг основ како Барање за одобрение на урбани и санациони мерки кое општина Карпош, го одбила[29]. Вложената жалба второстепената Комисија ја уважила[30], го поништила нападнатото решение и дала свои укажувања како да се реши предметот. Првостепениот орган повторно го одбил барањето за урбани и санациони мерки[31] без да даде поинакво образложение. Министерството за транспорт и врски уште два пати го поништува истото решение[32] со забелешка дека првостепениот орган сторил битна повреда на постапката, но општината упорно го носи истото решение без поинакво образложение[33]. Во оваа игра без крај, по барање

на странката Министерството за транспорт и врски на 01.10.2007 год. ја задолжило општина Карпош и тогашниот градоначалник Андреј Петров во рок од 7 дена да ги преземе сите законски мерки и да постапи по предметот согласно насоките на второстепената комисија и Врховниот суд, но без никаков успех. Со цел да се прекине ваквата пинг-понг ситуација на штета на странката, Хелсиншкиот комитет за човекови права се обрати со барање на информации до општината Карпош и надлежното Министерство од каде не известуваат дека ја задолжиле општината да ги извести за преземените мерки по предметот. Согласно законските прописи на Република Македонија управната постапка се води економично и итно без одлагање, со што помалку трошоци и губење време за странката[34]. Согласно истите доколку предметот е вратен на повторна постапка на првостепениот орган тој е должен во се да постапи по второстепеното решение и без одлагање, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на предметот, да донесе

ново решение“[35]. Законот исто така предвидел и можност за второстепениот орган да го поништи првостепеното решение и сам да ја реши работата[36]. За жал, не е тешко да се забележи дека ниту едната ниту другата законска обврска не се исполнети во овој случај во кој странката скоро цели пет години (од 03.11.2003) води постапка за покривање на веќе постоечки тениски терени. Потребно е да се наспомне дека токму со вакви случаи е преплавен Судот за човекови права во Стразбур по чии пресуди сите граѓани на оваа држава ја плаќаат неодговорноста на управните органи. Со ваквиот пример Хелсиншкиот комитет логично го поставува прашањето какво владеење на право овозможува правната држава Република Македонија кога општинските и органите на државната управа ги кршат законите на штета на странката на која и го губат времето и ја подложуваат на непотребни трошоци и притоа без никакви реперкусии по истите. На каква правна сигурност и заштита можат да сметаат граѓаните на оваа држава?

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------[1] Објавен во Службен весник бр. 18/02 од 07.03.2002 година [2] Со првостепена пресуда донесена од страна на Хашкиот Трибунал, Љубе Бошковски е ослободен од обвинение, а Јохан Тарчуловски е осуден на казна затвор во траење од 12 години. [3] Објавен во Службен весник бр. 73/07 од 13.06.2007 година [4] Член 8 Ако Хашкиот Трибунал не донесе конечна одлука или не ја запре постапката покрената пред него и одлучи предметот да го отстапи на решавање на надлежниот јавен обвинител или надлежниот суд на Република Македонија, истите се должни да го прифатат и веднаш да ја продолжат постапката. [5] Член 12 Надлежниот суд во Република Македонија нема да поведе кривична постапка против лице на коешто веќе му судел Хашкиот Трибунал за истото кривично дело. Кривичната постапка предадена на надлежност на Хашкиот трибунал може да се продолжи во Република Македонија против истото лице и за истото кривично дело, само доколку биде исполнет еден од следниве услови, ако: 1) Обвинителот на Хашкиот трибунал покренал обвинителен акт и доколку Судскиот совет на Хашкиот трибунал потоа издал наредба во којашто се наведува дека обвинителниот акт против обвинетото лице или лица се одложува, се до започнување на постапката пред надлежните судови во Република Македонија; 2) Обвинителот на Хашкиот трибунал повел истрага и Судскиот совет на Хашкиот трибунал потоа издал наредба во којашто се наведува дека истрагата против обвинетото лице или лица се одложува, се до започнување на постапката пред надлежните судови во РепубликаМакедонија и 3) Хашкиот трибунал издал наредба и се прогласил за ненадлежен. [6] Мерката притвор е регулирана со членовите 198 до 208 од Законот за кривична постапка. [7] Член 185 од Закон за кривична постапка Мерките што можат да се превземат спрема обвинетиот за обезбедување на негово присуство и за успешно водење на кривичната постапка се покана, приведување, ветување на обвинетиот дека нема да го напушти престојувалиштето односно живеалиштето и други превентини мерки со кои се обезбедува присуство на обвинетито, гаранција, кучен притвор и притвор. [8] Член 13 - Устав на Република Македонија Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука. [9] Најсвеж пример е случајот на обвинетиот Панде Лазаров за кого била понудена гаранција за недвижен имот проценет на 511.000 евра, патна исправа и ветување дека обвинетиот нема да ја напушти државата [10] Член 199 – Закон за кривична постапка Ако постои основано сомневање дека определено лице сторило кривично дело, притвор против тоа лице може да се определи ако: 1) се крие, ако не може да се утврди неговиот идентитет или ако постојат други околности што укажуваат на опасност од бегство; 2) постои основан страв дека ќе ги уништи трагите на кривичното дело или ако особени околности укажуваат дека ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците, соучесниците или прикривачите и 3) особени околности го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, или ќе го доврши обиденото кривично дело или дека ќе стори кривично дело со кое се заканува. [11] Институциите кои беа посетени во текот на 2004 година беа поделени во две групи, и тоа: Институции во надлежност на Министерството за правда: Битолски затвор, Тетовски затвор, Затвор “Идризово“, Затвор за малолетници во Охрид, Штипски затвор, Затвор “Скопје“ – Скопје и Воспитно – поправен дом за малолетници во Тетово. Институции и институционални единици за недоброволно сместување на ментално болни лица и лица со интелектуална попреченост, во надлежност на Министерството за труд и социјална политика и Министерство за здравство: Психијатриска болница во Демир Хисар, Невропсихијатриска болница во Негорци и Специјалната институција за лица со тешка и длабока интелектуална попреченост во Демир Капија. [12] www.mhc.org.mk [13] Извештајот во целост (Eng) [14] 22 септември 2008 година [15] www.mhc.org.mk/мај2008 [16] Член 77 од Судскиот деловник Претседателот или определениот судија претставките и предлозите што граѓаните ги поднесуваат до судот веднаш ги зема во работа и по проверката на содржината, најдоцна во рок од 30 дена од приемот му одговараат на подносителот. [17] Член 78 од Судскиот деловник Претседателот или определениот судија ќе го обезбеди давањето на потребните податоци и објаснувања на надлежните државни органи за оние претставки и предлози кои што се поднесени до нив, и на нивно барање ги известува за преземените мерки. [18] Член 24 став 1 – Устав на Република Македонија Секој граѓанин има право да поднесува претставки до државните органи и другите јавни служби и на нив да добие одговор. [19] Член 6 став 2 од Законот за судови При одлучувањето за граѓанските права и обврски и при одлучувањето за кривичната одговорност, секој има право на правично и јавно судење во разумен рок пред независен и непристрасен суд основан со закон. [20] Член 10 став 1 алинеја 3 од Законот за судови Постапката пред судот се уредува со закон и се заснова врз следниве начела: ........ - судење во разумен рок. [21] Член 10 став 1 од Законот за парнична постапка Судот е должен да настојува постапката да се спроведе без одложување, во разумен рок, со што помалку трошоци и да ја оневозможи секоја злоупотреба на правата што на странките им припаѓаат во постапката. [22] Член 6 став 1 – Право на правично судење Секој, при определување на неговите граѓански права и обврски или кога е кривично гонет, има право на правично и јавно судење во разумен рок, пред независен и непристрасен трибунал основан со закон. [23] Решение на Апелационен суд Скопје ГЖ.бр.4074 /06 од 24 Мај 2006 и Решение на Апелационен суд Скопје ГЖ.бр.5375/06 од 7 Септември 2006 [24] Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на РМ бр.13-06) [25] Член 32 - УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност. Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. Секој вработен има право на соодветна заработувачка. Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор. Од овие права вработените не можат да се откажат. Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори. [26] Решение УП бр.16-4951/2 од 08.12.2003 год. [27] Решение УП.бр.31-293/2 од 10.06.2004 [28] Пресуда У.бр.1812/2004 од 08.06.2005 [29] Решение УП.бр.16-1287/03 од 29.04.2004 год. [30] Решение бр.37-466/1 од 18.02.2005 година [31] Решение бр.08-787/2 од 13.03.2006 година [32] Решение бр.28-333/2 од 15.06.2006 и Решение бр.28-303/1 од 26.02.2007 година [33] Решение бр.08-787/6 од 27.07.2006 [34] Член 17 од Закон за општа управна постапка [35] Член 242 став 2 од Закон за општа управна постапка [36] Член 243 од Закон за општа управна постапка

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

113

Месечни извештаи

МЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБАТА СО ЧОВЕКОВИТЕ Октомври 2008 ПРАВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА I. ЈАВНИ НАСТАНИ И ПОВРЕДИ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРИНЦИПИ 1.1. Повторно игнорирање на начелото на пресумпција на невиност 1.2. Соодветно и правично основаниот Совет за култура 1.3. Средно верско училиште “лебди“ во образованиот систем, никој не ја презема одговорноста за надзор 1.4. Пародија во случајот „Змиско око“ II. ПОЛИЦИСКИ И СУДСКИ СЛУЧАИ 2.1. Мирче Горанчиќ, Скопје 2.2. Сaшо Костадиновски, с. Тромеѓа – кумановско, 2.3. Благоја Ангеловски, “ажурноста“ во работата на судовите --------------------------------------------------I. ЈАВНИ НАСТАНИ И ПОВРЕДИ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРИНЦИПИ 1.1. Повторно игнорирање на начелото на пресумпција на невиност Хелсиншкиот комитет за човекови права во текот на месец јули 2007 година објави соопштение за јавноста[1] во однос на континуираното игнорирање на начелото на пресумпција на невиност барајќи надлежните органи да престанат да ги повредуваат основните човекови права и слободи. За жал, и во текот на месец октомври сме сведоци на исти такви постапки од страна на Министерството за внатрешни работи. И во печатените и во електронските медиуми беше известувано за кумановскиот бизнисмен Бајруш Сејдиу и неговите соработници уапсени во акцијата „Пепел“. “Оваа криминална група со полно право може да ја наречеме и мафијашка структура. Станува збор за хиерархиски поставена структура, со јасно дефинирани правила и обврски, јасно дефинирана хиерархија и начин на издавање и примање на налозите за работа и наредбите за извршување“ ќе изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Меѓутоа, Министерката заборава дека се работи за лица кои се само осомничени, а за евентуално утврдување на нивната вина надлежен е Судот, а не Министерството за внатрешни работи. И повторно како и во минатите месеци, лицата приведени од страна на Министерството за внатрешни работи се снимаат, јавно се прикажуваат, не водејќи сметка за повредата на пресумпција на невиноста и правото на приватноста, достоинството и угледот на личноста гарантирани со Уставот и бројни меѓународни акти. Овие уставни заложби се преточени во Законот за полиција, како и во

114

Кодексот на полициска етика кои ги обврзуваат полициските службеници во извршување на овластувањата да го почитуваат достоинството, угледот и честа на лицата. Согласно Законот за кривична постапка, секој кој е гонет од државата или приватно, го ужива правото на „претпоставка на невиност“. Но, повторно укажуваме дека ова право не може да се ужива кога на телевизиите се вртат снимки од приведени лица, и притоа се рецитираат нивните имиња. Членот 6(2) од Конвенцијата за човекови права одредува дека секој обвинет ќе се смета за невин се додека не се докаже дека е виновен според законот. Не само судовите, туку и другите државни органи се обрзани на начелото на пресумпција на невиност. Во случајот на Allenet de Ribemont против Франција, апликантот додека бил во полициски притвор бил посочен на прес конференција од страна на висок полициски службеник како поттикнувач на убиство. Европскиот суд за човекови права одлучил дека членот 6(2) важи и за другите државни органи, покрај судовите кога апликантот е обвинет за кривично дело. Исто така, повторно потсетуваме на Кодексот на новинарите во Република Македонија и обврската на новинарите да го почитуваат начелото на пресумпција на невиност, и да не поттикнуваат омраза, насилство и дискриминација по било која основа. Покрај повредите во однос на акцијата “Пепел“, уште пошокантна повреда беше направена од страна на новинар кој во весникот Вечер објави напис “Се молат Ромите да не прават цигански работи“ и во него јавно објави податоци за малолетно лице (16 години) осомичено за одредено кривично дело, додека другото лице кое е исто така осомничено за тоа кривично дело беше објавено со иницијали. Хелсиншкиот комитет инсистира на примена на Членот 6 и 8 од Европската Конвенција за човекови права, што подразбира дека при обезбедувањето на информации за осомничени, обвинети или осудени страни во кривичните постапки треба да се почитува нивното право за заштита на приватноста. Повторно напоменуваме дека особено внимание од страна на државните органи и медиумите треба да се посвети на штетниот ефект од презентирањето на информацијата која овозможува идентификација на овие лица кои се само осомничени, а не и докажани сторители на кривични дела. 1.2. Соодветно и правично основаниот Совет за култура Во член 11 од Законот за култура[2] Советот за култура се дефинира како „стручно и советодавно тело

на министерот за култура“: “Во Министерството за култура се основа Совет за култура како стручно и советодавно тело на министерот за култура. Членовите на Советот ги именува министерот за култура, од редот на истакнати уметници, стручни лица од областа на културата и од јавниот и општествениот живот, по принципот на стручност и компетентност и на соодветната и правична застапеност на граѓаните, кои припаѓаат на сите заедници, за време на мандатот на министерот за култура.“ Министерство за култура објави дека Советот за култура на 27 октомври 2008 година ја одржaл првата конститутивна седница. За претседател на Советот за култура е избран академик Цветан Грозданов, а диригентот Борјан Цанев за заменикпретседател на Советот. Другите членови на Советот се: уметничкиот директор на Македонскиот народен театар Љубиша Георгиевски, архитектот Митко Хаџи Пуља, директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман, ликовниот уметник Александар Станковски, писателот Раде Силјан, примабалерината Тања Вуисиќ-Тодоровска, филмскиот критичар Илинденка Петрушевска, епископот Климент Хераклејски, режисерот Милчо Манчевски, археологот Драгиша Здравковски и директорот на Скопскиот џез-фестивал Оливер Белопета. Министерот Елизабета Канческа – Милевска на конститутивната седница на Советот наведе дека “членовите се избрани за да има рамномерна застапеност на сите дејности, а се вклучени и претставници од МАНУ, како врвна институција во земјава, и од МПЦ, отец Климент, кого Комисијата за односи меѓу верските задници го делегирала како член кој ќе ги покрива сите верски заедници во Македонија“. (Членувањето на свештеник во Советот со чудна функција да ги застапува сите верски заедници, за жал остава впечаток дека оваа Влада оддвоеноста на државата од религијата и премногу ја доведува во прашање со вакви и слични решенија) По заедничката реакција на Сојузот на писателите Албанци, друштвата на сликарите (АРТ Визија), на историчарите, на писателите и на историчарите Албанци и Центарот за афирмација на културата „Скопје“ и Друштвото на албанските издавачи, како и на некои медиуми на албански јазик, Министерствоото и министерката изнесоа дополнителни информации според кои за член на Советот е поканет и заменик премиерот Абдилаќим Адеми и дека е вклучен уште неименуван вработен од Министерството за култура. На 18 ноември добивме допис од министерството во кој се вели дека станува збор за господинот Ѓулер Неби. Но, оваа интервенција во составот на комисијата со јасна намера

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

дополнително да се почитува уставниот принцип на соодветна и правична застапеност, предизвикува друг проблем непочитување на принципот на стучност и компетентност. Воколку се покаже дека политичар и вработен во државната администрација се членови на Советот, тешко дека може да се објасни зошто етничката заедница која тие ја претставуваат во Советот не е претставена со видни луѓе од културата, сем ако не се смета дека такви во нејзините редови нема. Хелсиншкиот комитет се прашува дали другите етнички заедници кои се регистрирани во Република Македонија немаат истакнати уметници, стручни лица од областа на културата и од јавниот и општествениот живот, кои би ги исполниле предвидените услови и не би можеле да за време на манадатот на Советот за култура на дадат мислења, предлози, совети, сугестии за прашања што се во надлежност на министерот за култура. Хелсиншкиот комитет очекува г-ѓа Канческа–Милевска да увиди дека не го почитувала законот за чие спроведување постои нејзиното министерство и дека ги има занемарено другите етнички заедници кои живеат во Република Македонија и ќе состави нов состав на членови на Советот за култура, при што ќе ги има предвид сите потребни услови предвидени во законот. 1.3. Средно верско училиште “лебди“ во образованиот систем, никој не ја презема одговорноста за надзор Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во својот извештај за месец јуни, ја извести јавноста за самоволието во Средното исламско училиште „Иса Бег Медреса“ во Скопје. Накратко, станува збор за случајот на вонредниот ученик во трета година во наведеното училиште - Сефадин Емини, чие средно образование на 23.01.2008 година при пријавување на испити е прекинато од страна на одговорните лица на училиштето, со едноставно образложение од страна на Директорот на училиштето дека тој наводно бил против исламската заедница. Како што и претходно беше наведено, Државниот просветен инспекторат, во својот одговор на нашиот допис, не извести дека средното исламско училиште, согласно Законот за средно образование не е опфатено со системот на средни училишта, како и дека Министерството за образование и наука и инспекторатот немаат надлежност за надзор бидејќи училиштето “Иса Бег Медреса“ било верско училиште и како такво не било верифицирано и запишано во регистарот на средните училишта. Уште во тој период, Државниот просветен инспекторат најверојатно ја заборавил одредбата од член 22 на Законот за правната положба на црква, верски заедници и религиозни групи[3], согласно кој: „(1) Црква, верска заедница и религиозна група имаат право да основаат верски образовни установи од сите степени на образование, освен од

основното образование, за школување на свештени лица и верски службеници, како и ученички и студентски домови за сместување на лицата кои се школуваат во тие установи. (2) Верските образовни установи се изедначени со другите образовни установи и нивните ученици и студенти ги имаат истите права и обврски“. Зачудувачки е фактот што Државниот просветен инспекторат, како и Министерството за образование и наука, забораваат дека со Законот за изменување и дополнување на Законот за средно образование од 18.04.2007 година се измени став 1 од член 3 на Законот за средно образование, при што согласно измената: „Средното образование е задолжително за секој граѓанин, под еднакви услови утврдени со овој закон“, додека согласно став 3 од истиот член: „Не се дозволени дискриминации засновани на пол, раса, боја на кожа, национално и социјално потекло, политичко и верско уверување, имотна и општествена положба“. Од друга страна, во член 23 од Законот за правната положба на црква, верски заедници и религиозни групи е пропишано дека: „(1) Црквата, верската заедница и религиозната група се должни известувањето за основање на верска образовна установа, со актот за целите и внатрешната организација на училиштето и наставниот план и програма, во согласност со одредбите на овој закон, да го поднесе до органот надлежен за работите во врска со односите меѓу државата и верските заедници најмалку 90 дена пред денот определен за почетокот на неговото работење“, а во член 26 став 2 јасно одредува: „Одговорното лице во верската образовна установа, ученичкиот или студентскиот дом е должно да му ги стави на располагање на органот на државната управа надлежен за прашања за образованието податоците потребни за вршење увид во нивната работа и во рок определен од тој орган да ги отстрани евентуалните недостатоци“. За жал, Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ и по дописите до Бирото за развој на образованието, Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи при Владата на РМ и Директорот на средното исламско училиште „Иса Бег Медреса“ дојде до заклучок дека ваквите законски одредби претставуваат мртво слово на хартија, кои очигледно меѓусебно се судруваат, создавајќи голема колизија на споменатите закони и правен вакуум во образовниот систем на штета на правата на граѓаните, оставајќи ги учениците во верските училишта на милост и немилост на доброто или лошо расположение на одговорните лица во истите. Имено, како што Државниот просветен инспекторат ни одговори дека не е надлежен да врши надзор и го упати ученикот своето повредено право на образование да си го реши интерно во рамки на училиштето со одговорните кои се виновни за таквата повреда, и како што Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во својот одговор не извести дека стручен надзор во средното училиште врши Бирото за развој на образованието, а средното

училиште е должно да овозможи непречено вршење на стручниот надзор и увид во педагошката документација што се води во средното училиште, а инспекциски надзор врши Државниот просветен инспекторат, па оттука Комисијата нема директна надлежност во разрешување на наведениот случај, така и Бирото за развој на образованието во одговорот доставен до Хелсиншкиот комитет се огласи за ненадлежен, префрлувајќи ја надлежноста за тоа на Министерството за образование и наука и на Државниот просветен инспекторат. За разлика од нелогичните и спротивставени одговори на овие органи, Директорот на училиштето молчи на прашањата во дописите кои беа испратени од наша страна. Врз основа на ваквата ситуација, ученикот своето право на образование во текот на месец мај оваа година реши да го бара пред судските органи. Основен суд Скопје 2 Скопје се уште нема постапувано по поднесената тужба, но Хелсиншкиот комитет се надева дека конечно некој ќе ни одговори на прашањето поставено уште во месец јуни, а имено кој е надлежен да врши надзор во верските образовни установи и дали можеби им е дозволено самоволие на одговорните лица во нивни рамки. Хелсиншкиот комитет повторно ја изразува загриженоста поради фактот што Министерството за образование, Државниот просветен инспекторат, Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и Бирото за развој на образованието ја избегнуваат обврската која за нив произлегува од горе стипулираните законски одредби и ги остава верските средни училишта сами на себе да “лебдат“ во образованиот систем на нашата земја. 1.4. Пародија во случајот „Змиско око“ Случајот „Змиско око“ кој започна пред речиси цела година беше окарактеризиран како најмасовната акција во која против 72 лица беа поднесени кривични пријави за злоупотреба на службена положба и овластувања, меѓутоа истиот поради својата масовност се претвори во своевиден циркус кој судот не успеа да го исконтролира. Хелсиншкиот Комитет преку свои монитори го следеше целиот судски процес и може да констатира дека атмосферата која владееше на добар дел од процесот го нарушува достоинството и угледот на судот а со тоа влијае и на имиџот на Република Македонија. Притоа, Хелсиншкиот Комитет уште еднаш потсетува дека Јавниот обвинител нема повластена положба во еден судски предмет туку тој е само странка во постапката. Посебен белег на целокупниот процес се бројните недоречености во поглед на извршените вештачења и „претпоставената“ штета, поради што биле спроведени три вештачења сите противречни едно на друго. Имено, во текот на главниот претрес беше извршено вештачењето кое се

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

115

Месечни извештаи состоеше од економски и технички дел. Вештачењето само по себе беше контрадикторно од причина што вештото лице во техничката област наведува штета, меѓутоа вештите лица од финансовата и економската област не наоѓаат никаква штета, истите уврдуваат позитивни резултати и остварен вишок во 2006 и 2007 год.

Но и покрај тоа што овие лица, експерти од финансовата и економската област, утврдиле различна состојба од „вештото лице“ од техничката област сепак истите се потпишале на изготвеното вештачење кое зборува за минимална штета?! За да се решат дилемите кои постоеја околу самото вештачење, вештите лица појаснија дека се произнеле само за економскиот дел а не и за техничкиот бидејќи во истото воопшто не ни учествувале, односно дека своите потписи ги ставиле во врска со економскиот дел како што и "вештакот" за техничкиот дел изјави дека не го разбира финансиското вештачење но се сложува со истото и го потпишал ?! Исто така потребно е да се забележи дека вештачењето кое е извршено за техничкиот дел всушност и не е изготвено од страна на вешто лице евидентирано во листата на вештаци, за што потврди и самото лице, кое појасни дека не е вештак. Во неколку наврати беше истакнато дека Фондот за магистрални и регионални патишта не побарува штета за на крај да биде побарана оштета од 169 милиони денари или околу 2.7 милиони евра, која е утврдена согласно спорното вештачење, но како што појасни вештакот вештачењето се однесува на билансот за 2006 и 2007 и го опфаќа целокупното работење на фирмата бидејќи не можат да се издвојат обвинетите од другите вработени. Во текот на главниот претрес нерешителноста на Фондот за регионални и магистрални патишта беше повеќе од очигледна, а немањето цврст став за постоење или непостоење на штетата ги збуни сите. Во текот на овој процес повеќепати беше споменува „претпоставена штета“, штета која всушност е апстрактна а нејзиното постоење се препоставува. Меѓутоа, Фондот истата штета ја претвори во конкретна чие што постоење се утврдува со непосредни правно релевантни докази, кои не беа приложени воопшто од страна на Фондот. Прашањето кое сите го поставуваат е зошто судот е толку инертен и не ги зема во предвид еклатантните законски одредби[4] кои се изречни за овие прашања и не побара ново вештачење од други вешти лица, туку ги прифати веќе извршените вештачења со нивните недоследности. Хелсиншкиот Комитет искрено се надева дека судот ќе ги има во предвид недостатоците и противречностите на извршените вештачења при донесувањето одлука за овој случај бидејќи се работи за судбината на животите на 72 лица обвинети во овој процес.

116

II. ПОЛИЦИСКИ И СУДСКИ СЛУЧАИ 2.1. Мирче Горанчиќ, Скопје За случајот на Мирче Горанчиќ, Хелсиншкиот Комитет ја запозна јавноста преку месечниот извештај за месец јуни 2008 година[5]. Тогаш Хелсиншкиот комитет укажа дека граѓанската судска постапка[6] во која како тужител се јавува г. Мирче Горанчиќ два пати била вратена на повторно судење и одлучување од страна на Апелациониот суд во Скопје[7]. Во текот на судската постапка биле изведени неколку вештачења но како последно од страна на тужениот е предложено судско медицинско вештачење (АД Кјуби Осигурување АД Скопје): кое Основниот суд Скопје 2 Скопје го допуштил. Допуштеното вештачење е заведено на записник за одржана главна расправа на ден 14.02.2008 година, кога судската расправа по граѓанската постапка се одложила на неопределено време. Имајќи го предвид фактот дека и по неколку месеци тужената страна не го уплатила потребниот депозит за спроведување на вештачењето а судот не реагирал, Хелсиншкиот комитет на два наврати[8] се обрати до претседателот на Основниот суд Скопје 2 – Скопје со барање за известување за причините поради кои судот не постапува по член 147 став 1 и 3[9] од ЗПП, односно Судот без никаква реакција толерира тужената страна и по проток од 5 месеци да не го уплати определениот аванс поради што постапката е прекината и се одолговлекува. На ден 23.09.2008 година Хелсиншкиот комитет доби одговор со кој сме известени дека паричните средства за вештачење се уплатени од тужениот на 28.09.2007 година, а предметот е пратен на вештачење на 9.10.2007 година во ЈЗО Клинички Центар Скопје. Понатаму во одговорот се наведува дека поради наведеното судечкиот судија ги презема потребните мерки за да истото се изврши во што пократок рок. Хелсиншкиот комитет се надева дека нема да бидат потребни и дополнителни седум месеци за да се изврши потребното судско медицинско вештачење и да се закаже ново рочиште при Основниот суд Скопје 2 – Скопје. Воедно мора да се предочи дека Судот нема потреба да чека тужениот својата обврска да ја изврши дури после 5 месеци. Во конкретниот случај судот мора да има предвид дека согласно Законот истиот има опција да се откаже од изведувањето на доказот, ако износот потребен за намирување на трошоците не биде положен во рокот што ќе го определи самиот суд, а со ваквото постапување Судот директно придонесува во долгото траење на постапката, односно судење во неразумен рок. Во конкретниот случај постојат индиции за флагрантно кршење на член 6 став 1[10] од Европската конвенција за човекови права, поврзано со член 10 став 1[11] од Законот за парнична постапка и членовите 6 став 2[12] и 10 став 1 алинеја 3[13] од Законот за судови.

За жал, и досегашните апели на Хелсиншкиот комитет во однос на почитување на правото на судење во разумен рок преку детектирање на случаи каде постапката била неосновано одложувана, не влијаеше суштински за подобрување на работата на судовите, при што Хелсиншкиот комитет зема за право да повторно укаже на непочитувањето и флагрантното кршење на начелото на судење во разумен рок од страна на судските органи. 2.2. Сaшо Костадиновски, с. Тромеѓа – кумановско,

Случајот на Сашо Костадиновски од страна на Хелсиншкиот комитет беше предмет на опсервација уште текот на 2003/2004 година[14]. Со тоа од самиот почеток па се до денес неминовно се поставуваат неколку прашања - „ Дали принципот на еднаквоста на сите пред законот доследно се почитува во Македонија?“ ,- „ Дали државата е одговорна за неуспехот „да ги обезбеди“, правата на поединецот не обезбедувајќи ефикасна правна заштита против “Малтретирање во вршење на службата“ од страна вработените во МВР“ - „ Дали вработените во МВР имаат привилегиран статус во нашето општество и немаат обврска да се одзиваат на судските покани и за нив остварувањето на правдата не е обврска?“ Имено во текот на 2002 година г. Костадиновски од страна на припадници на СВР Куманово бил лишен од слобода без судска одлука, без да му бидат кажани причините за приведувањето и без да биде информиран за своите права. Тој во полициската станица бил тепан и малтретиран , не бил изнесен пред истражен судија, ниту против него е покрената кривична пријава, а бил пуштен по час и половина од полициската станица со крварење од устата и носот. Против вработените во СВР Куманово, инволвирани во случајот ОЈО – Куманово покренало обвинителен кат за кривично дело “Малтретирање во вршење на службата“ од чл. 143 од КЗ Основниот суд во Куманово во 2005 година донел Пресуда со која обвинетите ги прогласил за виновни со казна затвор во траење од 6 месеци при што на истите им ја изрекол алтернативната мерка – условна осуда (казната нема да се изврши доколку обвинетите не сторат ново кривично дело за временски период од 2 години). Поостапуваќи по вложените жалби Апелациониот суд во Скопје исто така во 2005 година донел Решение со кое предметот се враќа на повторно разгледување и одлучување Основниот суд во Куманово. Основниот суд во Куманово повторно донел осудителна пресуда[15] за обвинетите со иста казна. Апелациониот суд во Скопје со Решение КЖ. бр. 1304/08 повторно ја укинува пресудата на Основниот суд во Куманово, при што сега наредува да “новиот главен претрес пред

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

првостепениот суд се одржи пред наполно изменет совет“. Она што ја става под сомневање пристрастноста на судот е дека во текот на конкретниот случај судот „имал“ големи потешкотии да ги пронајде обвинетите и истите да се појаваат пред судот, па често пати кривичниот предмет бил одложен токму поради таквите причини, без било какво дополнително образложение. Хелсиншкиот комитет смета дека ваквото тривијално постапување во изрекување на правдата , е резултат на отсуство на волја во решавањето на ваквите предмети од страна на судовите во Македонија. Потребна е ефикасна заштита на лицата кои се подложени на лошо постапување од страна на лица кои се под „старателство на државата“. 2.3. Благоја Ангеловски, “ажурноста“ во работата на судовите Благоја Ангеловски од Скопје веќе 12 години се допишува со институциите за сознавање на вистинската причина поради која фабриката во с. Злокуќани во негова сопственост, никогаш досега не е пуштена во функција, со оглед на тоа да му бил одобрен кредит од Меѓународната банка за обнова и развој преку Комерцијална банка Скопје, но од за него непознати причини истиот бил откажан без соодветно и аргументирано образложение. Притоа, Основниот суд Скопје 1 оформил стечаен предмет, при што на ден 02.12.2003 година, донел Решение[16] со кое се поведува претходна постапка за утврдување на причините за отворање на стечајна постапка над должникот – фабриката во сопственост на Благоја Ангеловски. Од друга страна, на 16.09.2004 г., службени лица при СВР Скопје, со Потврда за привремено одземени предмети од Благоја одзеле моторно возило, без образложение и без судски

налог, со забелешка дека возилото привремено се одзема по основ на Судски Заклучок на Основниот суд Скопје 1. Меѓу другото, неодамна во неколку наврати биле одземени или бил сторен обид за одземање други предмети од претпријатието по основ намирување на пристигнати парични обврски, без притоа да се приложи на увид решение за извршување, поточно судски заклучок. Имајќи го во предвид наведеното, особено наводите на Благоја Ангеловски дека освен решението за поведување претходна постапка не добил друго писмено од Основниот суд Скопје 1 или подоцна надлежниот Основен суд Скопје 2, во врска со натамошното постапување, Хелсиншкиот комитет најпрво се обрати до СВР Скопје во врска со судбината на привремено одземенето моторно возило, од каде добивме одговор дека возилото, на 17.09.2004 г. било предадено на судски извршител од Основен суд Скопје 1 врз основа на Судски заклучок[17]. Понатаму, Комитетот се обрати со допис до Претседателот на Основен суд Скопје 1 и Основен суд Скопје 2, согласно Упатството за преземање на предметите од 2006 г., со цел да не извести за вистинитоста на наводите на лицето Благоја, текот и исходот на стечајната постапка. За жал, Основните судови неколку пати ни доставуваа одговори во кои Основен суд Скопје 2 вели да се обратиме до Основен суд Скопје 1, додека од друга страна пак Основен суд Скопје 1 неколку пати не упатуваше да се обратиме до Основен суд Скопје 2 бидејќи според него тој бил надлежен за предметот. Сомнението за утврдување на севкупната вистина за случајот, се зголеми откако во врска со одземеното моторно возило од Претседателот на Основниот суд Скопје 1 на нашиот допис добивме одговор дека по извршениот увид во списите на предметот[18] утврдено е дека во постапката по наведениот предмет во својство на

странка не се јавува лицето Благоја Ангеловски од Скопје, со упатување да биде наведен точниот број на предметот на кој се однесуваат наводите во поплаката. И покрај повторниот допис со точни и конкретни податоци од службените евиденции на СВР Скопје, Основниот суд Скопје 1 остана на ставот дека како странки во наведениот предмет се јавуваат сосема други лица. Па се прашуваме врз основа на кој предмет во случајот е одземено моторното возило и каде е таквиот предмет??? Хелсиншкиот комитет, во врска со случајот се обрати и до Судскиот совет на Р.М, за “ажурноста“ во работењето на судовите, со надеж за утврдување на причините за ваквото постапување, особено пронаоѓање на грешката во предметот врз основа на кој веќе одамна е одземено моторното возило од Г-дин. Ангеловски, а во кој според Основен суд Скопје 1 странки се други лица. По овие одговори од страна на нашите судови, кога веќе заклучивме дека очигледно Основен суд Скопје 1 и Скопје 2 не можат да се одлучат или пак не знаат каде се наоѓа предметот за поведената стечајна постапка, одеднаш предметот се појави во Основен суд Скопје 2, како би можел истиот во детали да не извести за досегашниот тек на постапката. Хелсиншкиот комитет изразува жалење за ваквата неажурност во работата на Основните судови, што не наведе на заклучок дека во случајот на лицето Благоја Ангеловски направена е грешка од страна на надлежните во истиот, или пак Основните судови се соочиле со големи тешкотии при спроведување на измените на Законот за судовите[19] при што некои предмети едноставно се изгубиле или затаиле. Ваквото постапување е спротивно на законските обврски на судовите за уредно, ефикасно и ажурно вршење на работите[20] и уште повеќе претставува закана за правото на правна заштита на граѓаните.

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------[1] http://www.mhc.org.mk/?ItemID=6F2C84109F368E439246B7E0370D8833 [2] “Службен весник на Република Македонија” бр. 59/03 од 18.09.2003 година, (Пречистен текст) [3] Сл. Весник на РМ бр. 113 од 20.09.2007 година) [4] Закон за кривична постапка Член 264 „Ако податоците на вештаците за нивниот наод суштествено се разликуваат или ако нивниот наод е нејасен, нецелосен или е во противречност сам со себе си или со извидените околности, а тие недостатоци не можат да се отстранат со повторно сослушување на вештаците, вештачењето ќе се обнови со истите или со други вештаци“ Член 255 (1) Вештакот се определува од постојаната листа на вештаци од страна на судот врз основа на стручноста, искуството од соодветна област, техничка опременост, угледот во професијата и други околности кои се од значење за давање на објективен стручен наод и мислење [5] www.mhc.org.mk/juni2008 [6] П. бр. 1433/99 [7] ГЖ. бр. 1841/01 од 31.05.2001 година и ГЖ. бр. 5353/05 од 21.12.2005 година [8] 25.07.2008 година и 22.09.2008 година [9] Член 147 Кога странката ќе предложи изведување на докази должна е по налог на судот однапред да го положи износот потребен за намирување на трошоците што ќе настанат по повод изведувањето на докази. Кога изведување на докази ќе предложат двете странки или кога судот ќе го определи тоа, судот ќе го определи износот потребен за намирување на трошоците да го положат двете странки на еднакви делови. Ако судот определил изведување на докази може да определи износот да го положи само едната странка. Во тој случај судот, со оглед на сите околности, по свое убедување ќе оцени од какво значење е тоа што странката во рокот не го положила износот потребен за намирување на трошоците. Судот ќе се откаже од изведувањето на докази ако износот потребен за намирување на трошоците не биде положен во рокот што ќе го определи судот. По исклучок од одредбата на ставот (3) од овој член, ако судот по службена должност определи изведување на докази заради утврдување на фактите во врска со примената на членот 3 став (3) од овој закон, ќе ги задолжи странките во определен рок да го положат определениот износ. Ако ниту една од странките во определениот рок не го положи определениот износ, трошоците за изведување на доказите ќе се исплатат од средствата на судот, а по правосилното завршување на постапката тие ќе се надоместат согласно со правилата содржани во членот 148 од овој закон. [10] Член 6 - Право на правично судење Секој, при определување на неговите граѓански права и обврски или кога е кривично гонет, има право на правично и јавно судење во разумен рок, пред независен и непристрасен трибунал основан со закон. [11] Член 10 – Закон за парнична постапка Судот е должен да настојува постапката да се спроведе без одолжување, во разумен рок, со што помалку трошоци и да ја оневозможи секоја злоупотреба на правата што на странките им припаѓаат во постапката. [12] При одлучувањето за граѓанските права и обврски и при одлучувањето за кривичната одговорност, секој има право на правично и јавно судење во разумен рок пред независен и непристрасен суд основан со закон. [13] Постапката пред судот се уредува со закон и се заснова врз следниве начела: ........ - судење во разумен рок, [14] www.mhc.org.mk/dekemvri2003_januari2004 и www.mhc.org.mk/mart2005 [15] К. бр. 392/03 од 21.11.2007 година [16] СТ.бр.709/03 [17] Судски заклучок[17] И.бр.5263/97 од 24.02.1998 г [18] предметот[18] И.бр.5263/97 [19] Член 32, став 3 и 4, Закон за судовите, „Службен весник на РМ“ бр.58/06 од 11.05.2006 година: „(3) Основниот суд Скопје 1 Скопје е кривичен суд со основна и проширена надлежност...(4) Основниот суд Скопје 2 Скопје е граѓански суд со основна и проширена надлежност...“ [20] член 2 од Судскиот Деловник

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

117

Месечни извештаи

МЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБАТА СО ЧОВЕКОВИТЕ Ноември 2008 ПРАВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА I. ЈАВНИ НАСТАНИ И ПОВРЕДИ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРИНЦИПИ 1.1. Штрајкот на СОНК 1.2. Извештај наЕвропскиот комитет за превенција на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (КПТ) 1.3. „Мешање на лончињата“ или закани кон судиите и обвинителите 1.4. Новото обвинителство за организиран криминал со старите дилеми 1.5. Недостаток на цитостатици II. ПОЛИЦИСКИ И СУДСКИ СЛУЧАИ 2.1. Случај Арбен Лала 2.2. Полнолетни осудени лица издржуваат казна во малолетнички затвор 2.3. Случај Селим Јусуфи ------------------------------------------------I. ЈАВНИ НАСТАНИ И ПОВРЕДИ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРИНЦИПИ 1.1. Штјакот на СОНК Она што се случуваше со и околу штрајкот организиран од синдикатот на вработените во образованието, науката и културата (СОНК) во најмала мерка претставуваше ново непријатно изненадување од страна на актуелната власт. Пред се заради обидот да се негира правото на штрајк на вработените во образованието, науката и културата. Правото на штрајк е веројатно едно од најскапо платените права на вработените. Првиот познат штрајк е од времето на Рамзес III во XII век пред нашата ера. Современиот штрајк се поврзува со времето на индустриската револуција, како протест поради условите за работа во тогашните рудници и индустрија. Неговото легализирање доаѓа дури во XIX и XX век. Мексико ќе биде првата држава во светот која во 1917 ќе даде уставна гаранција на правото на штрајк. Како најсилно синдикално оружје тоа право денес е неделив дел од демократијата и на било која демократска власт ни на крај памет не и паѓа на било кој начин да го спречува. Така и кај нас правото на штрајк е уставна категорија[1]. Правото на штрајк го гарантира и Законот за работни односи кој поблиску ги пропишува правата и обврските за времето за штрајк. Сосема е јасно дека според она што го пропишува Уставот на РМ правото на штрајк може со закон да се ограничи само во вооружените сили, полицијата и органите на управата. Токму затоа беа депласирани повикувањата на владините претставници дека штрајкот на

118

СОНК е нелегален бидејќи ги крши член 38 од Законот за основно образование и членот 25 од Законот за средно образование[2]. И уште помалку валидни беа „упадите“ на Просветната инспекција која се обиде да го санкционира наводното непочитување на овие закони од страна на штрајкувачите. Ресорниот министер ќе остане запаметен по својата изјава: „Уставот им дава право на штајк, но тоа не значи и престанување во извршувањето на работните задачи“ Сепак она што најмногу загрижи во последниот штрајк на СОНК беше широкиот спектар на закани на сите нивоа со цел штрајкот веднаш да сопре. Градоначалници (припадници на партиите на власт) им се закануваа со смени на директорите (кои по партиска линија) ги поставиле, со казни на училиштата во износи од 2500 до 3000 евра, директорите им се закануваа пак на вработените, особено на оние вработени на определено време. Вистински мали, лични трагедии преживуваа оние наставници кои по долги години чекање на работа добиле шанса да работат макар на договори за една учебна година. Беа организирани „спонтани“ контрапротести на родители, граѓани кои не го одобруваа штрајкот, имаше посети по домови, приватни „советодавни“ препораки за напуштање на штрајкот... Притисокот беше зголемен со инструментализираните медиуми, платените владини одгласи, кои како што се покажа во најмала мерка оперираа со полувистини. И повторно поводот за отрезнување дојде однадвор кога во државата се појавија претставниците на Меѓународниот синдикат за образование, чија членка е и СОНК и беше повеќе од јасно дека на серијата негативни оценки за состојбите во земјата ќе се надоврзат нови чиј повод ќе беше продолжувањето на штрајкот и несмалените притисоци тој да сопре. По иронија на животот, непосредно пред почетокот на штрајкот на СОНК, Freedom House го објави извештајот “Слободата за здружување под закана - Нова ауторитарна офанзива против цивилното општество“ во кој се вели дека „политичките партии, организациите за заштита на човековите права, организациите за заштита на правата на жените, независните синдикати, групите кои истражуваат корупција или ги надгледуваат злоупотребите на тајните служби, организациите кои бараат реформи на законодавствата, групите кои се залагаат за малцинските права или религиозните слободи – оние, со други зборови, кои се обидуваат на обичните луѓе да им

го обезбедат гласот на влијание врз јавната политика – доведени се под растечкиот притисок од страна на режимите кои се определиле да го минимизираат или елиминираат секој извор на опозиција или дисидентство“. Република Македонија, која не е посебно анализирана во овој извештај е рангирана како последна во Централна/Источна Европа со оценка 7 (од можна 12). Над неа се Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Србија, Романија, Литванија. Според оценката Македонија е во друштвото со Грузија, Киргистан, Конго, Лесото, Мозамбик и Танзанија. На СОНК кој достоинствено ги издржа сите притисоци, прифати компромис, сега е обврската заради себе и сите идни штрајкови на овие простори да се избори заслужената казна да ги стигне сите кои ги попречуваа во остварувањето на нивното уставно право. Токму затоа Хелсиншкиот комитет го поддржува СОНК во настојувањето 15-те најагилни директори на училишта во напорите за спречување на штрајкот најмалку да бидат сменети. Како и во покренувањето на кривични пријави за кривично дело “Повреда на правото на штрајк“ согласно член 156 од КЗ, каде децидно се наведува “Тој што на друг со сила или сериозна закана ќе му го одземе или ограничи правото на штрајк, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.“ 1.2. Извештај наЕвропскиот комитет за превенција на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (КПТ) Делегацијата на Европскиот комитет за превенција на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (КПТ) изврши посета на Република Македонија. од 30 јуни до 3 јули 2008. Целта на посетата била „да се испитаат чекорите превземени од страна на националните власти за спроведување на препораките кои ги даде КПТ во посетите од мај 2006 и октомври 2007“. Извештајот за оваа посета е објавен на 4 ноември 2008 година. На самиот почеток на извештајот се вели дека „во светлина на постојаното пропуштање од страна на националните власти да се осврнат на некои фундаментални недостатоци во постапувањето и судовите во притворањето на лицата лишени од слобода, Претседателот на КПТ ги информираше националните власти со писмо од 19 декември 2007 година, за одлуката на Комитетот да ја покрене постапката пропишана со член 10, став 2 од Европската конвенција за превенција на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување“[3].

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Од извештајот ги издвојуваме оние делови за работи за кои и Хелсиншкиот комитет се изјаснуваше во своите месечни извештаи и анализи. Во делот за органите за спроведување на законот, кои не биле примарен фокус на посетата на претставниците на КПТ се вели дека „Значителен број на луѓе интервјуирани во текот на посетата во 2008 наведуваа дека тие биле злоставувани од страна на службениците одговорни за спроведување на законот (органите на прогонот). Наводното злоставување се состоело главно од клоци, удари со тупаници и со пендреци или со кундаци на пиштоли или разни други предмети, очигледно често нанесувани пред испрашувањето и во тек на испрашувањето, било со цел да се добие признание или информации, било како казна. Делегацијата исто така слушна уверлив навод за сексуална злоупотреба од страна на лице кое е држено преку ноќ во полициска станица, од страна на униформиран офицер, по што лицето лишено од слобода било прскано со црево, во својата ќелија, од страна на двајца помлади полициски службеници.“ Во овој контекст во Извештајот се заклучува: „Треба да се забележи дека во многу од наводите за злоставување, се зборуваше повторно за неуниформирани полициски офицери, особено припадници на Специјалната мобилна полициска единица (попознати под кратенката Алфи)“. Што се однесува до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во рамките на Министерството за внатрешни работи (СВКПС) во Извештајот се констатира дека “КПТ изјави дека не е увререн дека...може да се смета за орган независен од полицијата“ и дека „кога станува збор за истражување на наводите за злоставување од страна на службеници одговорни за спроведување на законот, СВКПС не може да се смета за независно тело кое може да врши итни, темелни и делотворни истраги“. „Во однос на гореспоменатата операција Планинска бура, КПТ во феруари 2008 доби документација за наводното злоставување на лицата приведени во тек на таа операција. Делегацијата на КПТ имаше можност да разговара со релевантните лица и беше информирана за исходот на истрагата за наводите за злоставување спроведени од страна на СВКПС. КПТ бара да добие примерок од истражните акти и од формалното заклучување на истрагата. Сепак, имајќи ја предвид неопходноста ваквите истраги да се независни и да бидат сметани за независни, КПТ препорачува да се спроведе целосно независна истрага за наводите за злоставување на лицата лишени од слобода во тек на Планинската бура“, се вели во Извештајот во однос на полициската акција во Бродец. Како заклучок, во Извештајот се вели дека „останува фактот

дека секогаш кога наводите за злоставување не се истражени, или не е видно дека се истражени на делотворен начин, пораката на неказнивост ќе се шири. КПТ препорачува да се преземат посилни напори да се искорени злоставувањето, вклучително преку грижа сите наводи за злоставување да се истражат соодветно од страна на вистински независно тело“. Во заклучоците се констатира дека „Десет години откако за прв пат ја посети Република Македонија., квалитетот на односите на КПТ со националните власти останува од многу аспекти, длабоко незадоволителен... Фрапантниот заклучок е дека се чини дека националните власти не ја сфаќаат сериозно нивната фундаментална обврска да обезбедат заштита за лицата лишени од слобода“, дека „Одговорите кои ги доби Комитетот се, повремено, тривијални (незаинтересирани). Обидите да се замачкаат мошне реалните идентификувани недостатоци... и да се дадат неверодостојни информации (ако воопшто и се даваат некакви информации) не се начин да се напредува, ако целта е превенција на злоставувањето“. КПТ на крајот на извештајот вели: „КПТ е свесен за бројните предизвици со кои земјата се соочува и трпеливо бараше да се промовира конструктивен дијалог.. Ваквиот пристап не беше возвратен од страна на националните власти, а на Комитетот му остана јасен впечаток на рамнодушност. Земја посветена на владеењето на правото и на заштитата на човековите права, како што е случај со Република Македонија., не може да сврти грб на своите меѓународни обврски - да соработува со тела основани според спогодби, какво што е КПТ. КПТ посакува искрени и конструктивни односи со националните власти, врз основа на меѓусебна доверба и разбирање. Ова бара тие власти конзистентно да го подобруваат квалитетот на својот дијалог со Комитетот, преку спроведување на препораките. Се разбира, од суштествена важност е и КПТ да добива комплетни, точни и веродостојни одговори на своите извештаи од посетите. КПТ верува дека тоа ќе биде случај кога, во рок од три месеци, ќе се поднесе одговорот на извештајот од последната посета“

јуни идната година, и кои и пoнатаму ќе постапуваат на ваков начин сигурно е дека ќе одговараат пред Судскиот совет. Дали ќе биде парична казна или ќе бидат разрешени ќе одлучува Советот“. За жал тоа не беше првиот „лапсус“ на Министерот за правда, кој иако е само негов член по службена должност, често ветува дека Судскиот совет ќе расправа за нешто и уште полошо да најавува дека ќе санкционира судии од чија работа тој не е задоволен. Десетина дена пред оваа изјава на господинот Михајло Маневски, Владата на Република Македонија на одделни ТВ станици со денови емитуваше оглас во кој (1) ги потсетуваше граѓаните дека во случај на предолго траење на судски процес можат да се жалат пред Врховниот суд и (2) доколку сметаат дека судии и обвинители ги оштетиле, имаат право да поднесат кривични пријави против нив. Неодамна пак во печатот осамнаа тврдења дека Владата прави црни листи на судии – наводно на владина седница се разгледувани правосилни изречени казни за сексуална злоупотреба на деца, кои биле оценети како несоодветни при што Владата дала препораки до Судскиот совет да превеземе соодветни мерки за одговорност на судиите кои ги изрекле таквите благи пресуди. Создавањето на Судскиот совет, и Советот на обвинителите, органи кои треба да бидат самостојни и независни, се битен дел од реформите во правосудството со кои меѓу другото треба(ше) да се оневозможи политичкото влијание врз правосудството.

1.3. „Мешање на лончињата“ или закани кон судиите и обвинителите

Се разбира дека независноста на судството и самостојноста на обвинителствата не се алиби за неодговорното и лошо работење на судиите и обвинителите, но за тоа во рамките на правосудството постојат и органи и процедури. Законот за судовите содржи детални одредби за дисциплинска одговорност на судиите[4]. Слична е и постапката за обвинителите.[5] Разрешувањето на судиите и обвинителите (сем Јавниот обвинител на РМ кого го разрешува Собранието на РМ) го вршат Судскиот совет и Советот на обвинителите. Никаде во овие одредби не се споменува дека Министерот за правда може да дисциплинира или казнува судии или обвинители[6].

На средбата со претседателите на судовите, како и судиите на Врховниот суд, одржана во средината на ноември, посветена на ажурноста во работењето, Министерот за правда ќе ги искаже и следниве зборови: „Дел од одговорноста ќе ја сносат претседателите на судовите поради лошата организација, а судиите кои нема да ги решат старите предмети до

Иако не се сомневаме дека во овие случаи во прашање е желбата да им се помогне на граѓаните (со поефикасно работење на судовите и преку запознавање на нивните права кога судовите и обвинителствата грешат на нивна штета, и спречување на злото какво што е педофилијата), сепак и Министерот и Владата „ги измешале лончињата“, заборавиле дека

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

119

Месечни извештаи владеењето на правото, како основа на секоја современа демократија, беспоговорно ја почитува поделбата на власта и од тоа произлезената независност на судството и самостојност на обвинителствата. Секаде во светот во државите кои претендираат да се нарекуваат демократски горенаведените примери без многу дилема би се подвеле под категоријата притисок кон правосудството и тоа од најлош вид – од страна на извршната власт, додека стручната јавност не би се либела од оценки за атак врз судиите и обвинителите, нивната независност и самостојност. Во кревки демократии како нашата, ваквите пораки од страна на извршната власт со сета медиумска помпа секако дека создаваат клима на страв и несигурност кај судиите и обвинителите. Имајќи пак во вид дека Министерот за правда има богата професионална кариера во правосудството зачудува леснотијата со која тој се впушта во вакви вербални излети, и притоа е нејасно дали тоа го чини во својство на член на Владата или пак како член на Судскиот совет. Во обата случаи е поразувачки арогантно: ако е во својството член на Владата, апсолутно не води сметка за поделбата на власта, доколку пак изразува став на Владата работите се уште потрагични, а ако пак тоа го прави како член на Судскиот совет, не треба да заборава дека таму е член по службена должност и далеку од тоа дека може да го претставува или пак да дава изјави-закани во негово име. 1.4. Новото обвинителство за организиран криминал со старите дилеми Кога кон крајот на јули државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски, според тогашните свои овластувања донесе одлука за прераспроредување на нови работни места на тројца заменици обвинители од Одделението за гонење на сторители од областа на организираниот криминал и корупција, тој ги негираше шпекулациите во јавноста дека тоа го сторил поради незадоволството од постигнатите резултати особено на двете негови колешки Гордана Ѓешкоска и Вилма Рускоска. Посочените заменички - обвинителки инаку го застапуваа обвинението во низа, за јавноста атрактивни случаи (случаите на градоначалниците на Струмица и Аеродром Зоран Заев и Кирил Тодоровски, „Југ“, „Змеј“, „Охис“, „Бачило“, „Змиско око“, „Тајванските кредити“...). Во медиумите се појави и информацијата според која неименувани дипломати од Брисел го изразиле своето незадоволство со смената (цитиран е нивниот израз „деградирање“) на двете обвинителки и тоа пред да започне да работи Советот на јавните

120

обвинители кој пред себе како една од првите работи го имаше токму изборот на обвинители во одделот за организиран криминал и неговото формирање во посебно обвинителство. Тогаш за „Дневник“ Јавниот обвинител на РМ Шврговски како причина за смената на Ѓешкоска и Рускоска ќе го наведе „нивното непрофесионално однесување во извршувањето на работните задачи“, избегнувајќи да изнесе повеќе детали. Со новиот Закон за јавни обвинители, кој стапи во сила на почетокот на годинава, изборот и разрешувањето на сите јавни обвинители во државата премина во рацете на новото 11-члено тело, во кое партиципираат избрани обвинители, претставници од Собранието, како и Државниот јавен обвинител и Министерот за правда по функција. На конкурсот на крајот, покрај првичното одбивање се јавија и Ѓешкоска и Рускоска. Двете поранешни обвинителки од Одделението за организиран криминал на 25 ноември на седница на Советот за јавни обвинители беа избрани за обвинителки и покрај противењето на Државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски, со чија одлука претходно беа разрешени. Со изборот на последните тројца обвинители, докомплетиран е целиот 10-член состав на новото обвинителство за гонење сторители од организиран криминал и корупција. Обвинителот Шврговски за „Утрински весник“ не криеше дека е разочаран од одлуката на своите колеги од Советот[7]. Тој потврди дека гласал против изборот на Русковска и Гешковска. Зад двете обвинителки отворено застанаа Министерот за правда Михајло Маневски и претседателката на Советот Елена Гешовска со што како да се покажаа за точни шпекулациите дека разрешените заменички-обвинителки нема да бидат оставени на цедило од страна на нивните ментори. И не треба да се биде особено видовит па да се вооочи досегашната практика сите „атрактивни“ судски случаи (оние за кои може да се изрази сомнеж за влијание на дневната политика врз правосудството) да влегуваат во судот преку поранешниот оддел за организиран криминал, сега посебното обвинителство и потоа доследно, според обвинението да бидат спроведувани преку судии кои судат токму по основ на организиран криминал. Впрочем, случаите кои ги водеа старо-новите обвинителки за организиран криминал само по себе беа најдобри примери за ваквите контраверзии. Останува само дилемата, дали и како јавниот обвинител на РМ Љубчо Шврговски ќе го одбрани принципот на субординација и хиерархија (за потсетување една од главните дилеми заради кои Законот за јавното обвинителство долго време

беше закочен во парламентот), со други зборови како ќе се справи со тенденцијата на одметнување на новото обвинителство од Јавното обвинителство (кое ќе има ингеренции да постапува на целата територија на државата). Променетиот статус на Одделот за организаран криминал, кој е воспоставен со новата законска рамка за јавно обвинителство од почетокот на годинава, треба да им овозможи на овие обвинители поголема самостојност и ефикасност во работењето. 1.5. Недостаток на цитостатици Здравствената заштита, односно обврската на државата на секој граѓанин да му го обезбеди правото на здравствена заштита е уставна категорија во Република Македонија. Истото понатаму е разработено и во Законот за здравствена заштита каде граѓаните се обврзани со задолжително здравствено осигурување кое им обезбедува здравствена заштита што меѓу другото подразбира и достапност на лекови[8]. Уште повеќе, истиот закон во продолжение изречно ја пропишува обврската на државата на сите граѓани на Р. Македонија да обезбеди цитостатици како еден од општите интереси на општеството[9] при што истата обврска е и прекршочно регулирана[10]. Но, за жал во изминатиов период провејува впечатокот дека Република Македонија заборавила на своите обврски во однос на обезбедување на лекови. Така пациентите на Клиниката за онкологија и радиологија не можат да ги набават потребните цитостатици, особено оние за третман на рак на дојка. Веќе подолг временски период на Клиниката за онкологија, како што се уверија и претставници на Хелсиншкиот Комитет, недостасуваат цитостатици кои пациентите месечно ги набавуваат за својата секојдневна и долготрајна терапија. Цитостатиците за лекување на рак на дојка доцнат и по повеќе од две недели за кој период пациентите се без терапија, а и кога истите ќе бидат набавени тоа се мали количества и принципот на снабдување со лек е кој прв стигне. На изненадување на Хелсиншкиот Комитет, обвинувањата за недостиг на цитостатици во јавноста, раководните лица од Клиниката за онкологија и радиологија категорично ги отфрлија со тврдење дека цитостатици се добиваат редовно и дека таквите обвинувања се само дезинформации. По ова следуваше реакција на Министерот за здравство и негово уверување дека ситуацијата ќе биде испитана и проблемот надминат што очигледно остана без резултати, затоа што, согласно наодите на Хелсиншкиот Комитет, цитостатиците за третман на рак на дојка се уште доцнат.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Хелсиншкиот Комитет ја потсетува Клиниката за онкологија и радиологија на должноста на пациентите да им обезбеди услови за остварување на своите права според начелото на достапност на здравствени услуги[11] за сите пациенти подеднакво и воедно го повикува Министерството за здравство на соодветна реакција согласно законските надлежности и обврски како би се надминал овој проблем кој претставува ризик по здравјето на особено ранлива група на пациенти. II. ПОЛИЦИСКИ И СУДСКИ СЛУЧАИ 2.1. Случај Арбен Лала До Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија се обрати лицето Арбен Лала со престојувалиште во Тетово, а во врска со постапката по барањето за прием во државјанството на Република Македонија. Арбен Лала е државјанин на Република Албанија кој во Република Македонија живее од 2003 година, а сопругата во текот на 2005 година има купено стан, кој претставува нејзина сопственост, видно видено од Решение Уп бр. 1203/ДН бр. 4633 издадено од Државен завод за геодетски работи – Одделение/Сектор за премер и катастар - Тетово. Во текот на септември 2006 година г. Лала поднел Барање за прием во државјанство по член 9 од Законот за државјанство на Република Македонија. Во текот на 2007 година добивал известувања[12] дека постапката за добивање на државјанство се уште е во тек. Воедно г. Лала бил замолен да “има разбирање околу должината на постапката, бидејќи се работи за специфична постапка која повлекува низа службени дејствија за кои МВР нема добиено одговор“. Министерството за внатрешни работи на ден 26.03.2008 год., после цели 1 година и 6 месеци, донел Решение бр. 17.9.1-52906/1-2006 со кое барањето за прием во државјанството на Република Македонија е одбиено со образложение дека неговиот прием во државјанството ќе ја загрози безбедноста и одбраната на Република Македонија, без да се впуштат во објаснување и образложување на причините заради кои МВР го донел решението. Постапувајќи по навремената жалба изразена од странката, Владата на Република Македонија - Комисија за решавање во управната постапка во втор степен од областа на внатрешните работи, судството, државната управа, локалната самоуправа и работите од верски карактер носи решение УП II бр. 35/II-169/1-2008 од 12.05.2008 година[13] со кое вложената жалба се уважува, првостепеното решение се поништува а предметот се враќа на повторно разгледување и одлучување. После шест месеци г. Лала повторно добил известување[14] со исто

образложение како претходните во текот на 2007 година. По интервенцијата преземена од страна на Хелсиншкиот комитет, Министерство за Внатрешни работи, Сектор за управно - надзорни работи, Скопје не извести за досегашната спроведена постапка, кој факт е неспорен согласно доставената документација. На крајот во одговорот се наведува “Во тек е постапка за утврдување на условите од член 9 а во врска со член 7 став 1 точка 8 од Законот за државјанство на Република Македонија.“ Хелсиншкиот комитет зачудено и гласно прашува, како е можно Министерството за внатрешни работи да донело решение со кое му се одбива барањето за прием на државјанство без претходно да спровела постапка за утврдување на условите од член 9 во врска со член 7 став 1 точка 8 од Законот за државјанство, а за истото г. Лала чекал 1 година и 6 месеци. Воедно во спроведената постапка не бил почитуван член 7 став 5 од истиот закон каде децидно се наведува “Во решението со кое се одбива барањето за стекнување на државјанство на Република Македонија со природување според ставот 1 точка 8 на овој член[15], органот ќе ги образложи причините заради кои го донел решението, а притоа водејќи сметка за заштита на јавниот интерес.“. Во конкретниот случај МВР донело решение без да се почитува горенаведениот член, при што за барањето за прием на државјанство поднесено од г. Лала само донел одбивателно решение, без да образложи за причините на таквото решавање, за кое нешто е обврзан со горенаведениот член. Очекуваме да веќе сторената грешка и непочитувањето на Законот за државјанство на Република Македонија, МВР ќе ја поправи при новото одлучување на истиот орган, но при тоа се надеваме дека на МВР нема да му бидат потребни уште цели 2 години да спроведе постапка за утврдување на условите од член 9 во врска со член 7 став 1 точка 8 од Законот за државјанство на Република Македонија. За истото Хелсиншкиот комитет повторно се обрати до Министерството, од каде очекуваме повратен одговор. 2.2. Полнолетни осудени лица издржуваат казна во малолетнички затвор На 06.11.2008 год. делегација на Хелсиншкиот Комитет го посети Малолетничкиот затвор во Охрид. При посетата, од страна на вработените добивме известување дека со наредба од страна на Министерството за правда кај нив се сместени 3 лица кои не биле осудени како малолетници.

Се работи за лицата Александар Фармак, Димче Ночески и Дејан Латкоски, кои и во времето на сторувањето на кривичното дело било полнолетни. Иако не добивме информација за кои кривични дела се осудени лицата, тоа воопшто не е важно. Врз основа на меѓународната регулатива и националното законодавство, во никој случај не смее да се распореди лице кое било осудено како полнолетно, да ја издржува казната во малолетнички затвор. Прописите на Обединетите нации за заштита на малолетници лишени од слобода предвидуваат дека системот на малолетничко право треба да ги поддржува правата и безбедноста и да ја промовира физичката и менталната добробит на малолетниците. Во Законот за извршување на санкциите на РМ (чл.24, 40 и 259) [16] е предвидено дека малолетните лица казната малолетнички затвор ја издржуваат во посебни установи за извршување на казната малолетнички затвор, одвоено од полнолетните лица. И во Решението на Министерството за правда од 8 август 2008 год. за распоредување на осудените и малолетните лица е определено дека во затвор Охрид се распоредуваат само помлади полнолетни и малолетни машки лица осудени со правосилна пресуда на казна малолетнички затвор. После неколку дена од извршената посета на затворот, од страна на Директорот на затвор Охрид бевме известени дека лицата се префрлени во затвор Струга. Сепак останува фактот дека на денот на посетата беше утврдено дека во него се сместени полнолетни сторители на кривични дела и доколку за истото не беше реагирано прашање е дали тие лица ќе беа префрлени или ќе останеа во затворот Охрид. Хелсиншкиот Комитет се обрати до Министерството за правда со барање на информација кои се причините и законската основа за распоредување на трите полнолетни лица во малолетничкиот затвор во Охрид. 2.3. Случај Селим Јусуфи Во текот на месец октомври бевме сведоци на уште едно насилство извршено врз граѓанин кој за жал тврди дека бил нападнат од страна на заштитниците на јавниот ред и мир, полициски службеници. Имено како што веќе јавноста беше запознаена, лицето Селим Јусуфи од Љуботен се пожали на полициска бруталност од страна на припадници на специјалната полициска единица АЛФИ кои според неговите наводи без никаква причина брутално го претепале нанесувајќи му повреди по целото тело.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

121

Месечни извештаи Според информациите доставени до Хелсиншкиот Комитет настанот се случил на 05.10.2008 год. околу 17часот и 40 минути во слаткарницата Палма во населбата Чаир, каде странката бил физички нападнат од нему познато лице и три лица роднини на истиот, кои согласно тврдењата на странката, се припадници на специјалната полициска единица АЛФИ (двајца кои се со познат идентитет за странката). Согласно неговите наводи, тој повеќе од 10 минути бил подложен на напади со столици, клоци и кундак од пиштол како и на навреди и закани од лицата за кои тврди дека се припадници на единицата АЛФИ. По ваквиот напад и здобиените телесни повреди истиот бил оставен во слаткарницата по што со помош на некој од случајните минувачи бил пренесен во Градската болница на лекување. По третирањето на телесните повреди тој бил однесен во ПС Бит Пазар каде за случајот ги известил полициските службеници од соодветната полициска станица, а подоцна истиот ден бил сослушан и од припадници на Секторот за внатрешна контрола при МВР. Согласно странката, никој од припадниците на АЛФИТЕ не се легитимирал, никаде немало видлива ознака дека се припадници на полицијата и нему не му се познати причините за настанување на инцидентот. Бидејќи според фактичката состојба, постоеја сериозни индиции дека припадниците на МВР ги

злоупотребиле своите овластувања во вршењето на должноста[17], Хелсиншкиот комитет се обрати до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР барајќи информации за превземени активности во врска со случајот. Секторот достави одговор во кој ја потврдува претходно опишаната фактичка состојба но со тврдење дека полициските службеници АЛФИ пристигнале на местото по случувањето на инцидентот и со вперени пиштоли влегле во слаткарницата каде бил повредениот и без да се информираат за самиот настан го напуштиле објектот за да тргнат во потрага по сторителите. По дополнителните разговори во МВР со некои од учесниците, со службена белешка е констатирано дека истите не сакале да појаснат дали во времето на случувањето имало присуство на полициски службеници. Сепак, во продолжение на одговорот Секторот за внатрешна контрола тврди дека физичкиот напад е извршен од лица кои не се припадници на специјалната полициска единица АЛФИ, за да подолу во текстот се наведе дека "од обавените разговори не може со сигурност да се потврди дали полициските службеници се сретнале со извршителите на делото". Секторот понатаму констатирал дека помеѓу сторителот на физичкиот напад и еден од полициските службеници постои роднинска врска но не можело да се утврди дека тоа влијаело на професионалното извршување на службените задачи на

полицискиот службеник. Сепак, од причина што полициските службеници пројавиле недоволно ангажирање во извршувањето на задачите односно не укажале прва помош и згрижување на повредениот и не обезбедиле доволно информации за сторителите на нападот, Секторот информира дека против истите се превземени дисциплински мерки. Како што може да се забележи одговорот од страна на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР изобилува со нејаснотии, контрадикторности и недостаток од факти кои можат да докажат дека припадниците на единицата АЛФИ не биле сторители на делото, но сепак истите категорично се амнестираат од одговорност за сторување на делото, при што неизбежен е впечатокот дека Секторот за внатрешна контрола континуирано ги извртува фактите, и ги заштитува своите колеги. Нејасно е дали ова се должи на неефикасна истрага или на други причини, но во секој случај Хелсиншкиот Комитет повторно укажува на обврската на МВР за спроведување на темелна и ефикасна истрага при постоење на индиции за сторено кривично дело особено кога станува збор за можна вмешаност на полициски службеници[18], зошто во спротивно, ова ќе биде уште еден во низата случаи на повреда на член 3 (тортура) од Европската Конвенција за човекови права во Република Македонија.

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------[1] Член 38 од Уставот на РМ Се гарантира правото на штрајк. Со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на штрајк во вооружените сили, полицијата и органите на управата. [2] Члерновите од двата закона содржат идентичен став според кој „Воспитно-образовната работа не смее да се прекинува во текот на наставната година, освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава оснивачот, а по претходна согласност на Министерството“ [3] Членот 10, точка 2 гласи: "Доколку државата . потписничка не соработува или пак одбива да ја подобри состојбата во светлина препораките на Комитетот, Комитетот може да одлучи, откако Државата-потписничка имала можност да ги изнесе своите гледишта, со мнозинство од две третини од своите ченови да даде јавна изјава за тоа прашање ". Патем ваква изјава, за чија интонација нема никакви сомненија дека е крајно негативна за земјата за која се однесува, според податоците до кои дојде Комитетот е изречена 6 пати. [4] Субјекти кои можат да покренат дисциплинска постапка против судија се : (1) член на Судскиот совет; (2)Претседател на судот; (3) Претседател на повисокиот суд или (4) Општа седница на Врховниот суд. Постапката е итна и тајна, а ја води посебно формирана петочлена дисциплинска комисија од членови на Судскиот совет. [5] Советот на обвинители го утврдува престанок на функцијата јавен обвинител и одлучува во втор степен во постапка за утврдување на дисциплинската одговорност на јавните обвинители. Првостепеното утврдување одговорност е во надлежност на петочлена комисија утврдена од Јавниот обвинител. [6] Во споменатите совети Министерот има еден глас, а кога станува збор за барање за смена на Јавниот обвинител на РМ по иницијатива на Владата задолжително е мислење на Советот на обвинители – во работата на таа седница не учествуваат Јавниот обвинител на РМ, ниту Министерот за правда. [7] Не гледам што можело да се смени од летоска досега за да ја сменам одлуката. И тогаш и сега тврдам дека двете колешки немаат доволен стручен капацитет за да работат на специјалното обвинителство за организиран криминал“,изјави Шврговски за „Утрински“. Тој и во оваа прилика не сакаше да се впушта во оцена на стручноста на двете обвинителки и колку е точно дека главниот мотив за смената била нивната наводна преголема поврзаност со МВР. [8] член 11 ст.8 од Закон за здравствена заштита Основна здравствена заштита Со задолжително здравствено осигурување врз начелата на заемност и солидарност, на осигурениците им се обезбедува право на основна здравствена заштита која опфаќа: … 8) лекови, помошни материјали кои служат за примена на лековите и санитетски материјал потребен за лекување според листата на лекови што ја утврдува Министерството за здравство;... [9] член 33 ст.9 од Закон за здравствена заштита Загарантирани права и утврдени потреби и интереси на општеството На сите граѓани на Република Македонија им се обезбедува остварување на со овој закон загарантираните права, утврдени потреби и интереси на општеството и тоа: …9) обезбедување на цитостатици, инсулин и хормон за раст и... [10] член 191 ст.2 од Закон за здравствена заштита Со парична казна од четири до 15 плати од просечна плата во Републиката исплатена во последниот месец (во натамошниот текст: плати), ќе се казни за прекршок здравствена организација ако: ... 2) не обезбеди услов за континуирана итна медицинска помош или не обезбеди лекови (член 46 став 2); [11] Член 3 ст.3 од Закон за заштита на правата на пациентите, Сл.весник на РМ бр.82/08, од 8.07.2008 год. Начела на заштита на правата на пациентите ... 3) Начелото на достапност се заснова на: 1. здравствени услуги што се постојано достапни и пристапни на сите пациенти подеднакво и без дискриминација;... [12] бр. 17.9.1-52906/1-2006 од 23.01.2007 година; бр. 17.9.1-52906/1-2006 од 14.03.2007 година; бр. 17.9.1-52906/1-2006 од 16.08.2007 година и бр. 17.9.1-52906/1-2006 од 20.11.2007 година [13] Второстепеното решение на г. Лала му е врачена на 01.09.2008 година [14] бр. 17.9.1-52906/1-2006 од 25.09.2008 година – се моли г. Лала да има разбирање околу должината на постапката, бидејќи се работи за специфична постапка која повлекува низа службени дејствија за кои МВР нема добиено одговор, како и дека при одлучувањето ќе му се даде приоритет на барањето [15] Пречистен текст на Законот за државјанство на Република Македонија, Службен Весник на РМ бр. 45/04 од 07.07.2004 година [16] Член 24 Осудените малолетни лица задолжително ја издржуваат казната малолетнички затвор во посебна установа за малолетници. Член 40 (4) Казната малолетнички затвор спрема малолетните лица до наполнување на 23-годишна возраст се извршува одвоено од полнолетните лица осудени на казна затвор. Член 259 (1) Малолетните лица казната малолетнички затвор до наполнување на 23 годишна возраст ја издржуваат во посебни установи за извршување на казната малолетнички затвор (во натамошниот текст: установи за малолетници), одвоено од полнолетните лица. [17] Член 32 ст.2, Закон за полиција: "Во извршувањето на полициските овластувања полицискиот службеник е должен да постапува хумано и да ги почитува достоинството, угледот и честа на лицата како и основните слободи и права на човекот и граѓанинот." [18] Член 37, Кодекс на полициска етика, 04.06,2007 "Полициските службеници не смеат да предизвикуваат, поттикнуваат или толерираат никаков чин на тортура, мачење, нечовечко или понижувачко постапување или казнување, а со чл.56 од истиот Кодекс е предвидено дека Полициските службеници го почитуваат личното достоинство и индивидуалните потреби на лицето кое е повикано, приведено или лишено од слобода заради постоење на основи на сомневање дека извршило кривично дело."

122

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

МЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБАТА СО ЧОВЕКОВИТЕ Декември 2008 Jануари 2009 ПРАВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА I. ЈАВНИ НАСТАНИ И ПОВРЕДИ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРИНЦИПИ 1.1. Забрана на абортусот или пат кон теократија? 1.2. Распределба на средства од буџетот на РМ здруженија на граѓани и фондации 1.3. Венецијанската комисија го потврди ставот на Хелсиншкиот комитет за антидискриминационото законодавство во Македонија 1.4. Ако денот по утрото се препознава... 1.5. Непочитување на законските обврски и должности од страна на Основното јавно обвинителство и истражен судија при Основен суд Скопје 1 – Скопје 1.6. Посета на Ј.У. Меѓу - општински Центар за социјални работи Македонски Брод и згрижувачките семејства во с. Манастирец II. ПОВРЕДИ НА ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВA 2.1. Случај Ѓорѓи Билјаноски 2.2. Законот за платен промет предизвикува повреда на социјалните права на граѓаните 2.2.1. Случај Милка Симоновска 2.2.2. Случај Милош Наумовски III. ПОЛИЦИСКИ И СУДСКИ СЛУЧАИ 3.1. Грубо пречекорување и изигрување на правото на задржување 3.1.1. Случај Тодоровски Гоце, Алексовски Благојче и Велковски Сашо, Битола 3.1.2. Случај Катерина Петро, Скопје 3.2. Случај Ванчо Георгиевски -------------------------------------------------I. ЈАВНИ НАСТАНИ И ПОВРЕДИ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРИНЦИПИ 1.1. Забрана на абортусот или пат кон теократија? Дали Македонија ја тресе тренд каде наместо почитување и унапредување на човековите права и демократијата почнува да се навлегува во период на теократија[1]? Имено, по втор пат, се појави кампањата против абортусот, речиси во исто време со кампањата на Владата на Република Македонија за трето дете. Зачудувачки, но навредливо, оние кои ја организираат, спроведуваат и застапуваат ваквата кампања, иако наводно се уште не е познат организаторот, како да подзаборавиле дека наталитетот не е државна или било чија алатка која може да се промени преку ноќ, да се одржува или зголемува на сметка на човековите права, правото на избор и достоинството на жената. Веднаш потоа се појавија и многубројните негодувања од невладините организации, со исклучок

на невладината „Ревита“ која упорно се бори за забрана на абортусот, користејќи притоа лажни податоци, без да води сметка за државните статистички податоци достапни за секој граѓанин на официјалните интернет страници на надлежните органи. Имајќи ги во предвид Законот за прекинување на бременоста, Правилникот за начинот на работата на лекарот и првостепената и второстепената комисија за одобрување на прекинување на бременоста, многубројните домашни и ратификувани меѓународни конвенции за заштита на човековите права, посебно правата на жената, Хелсиншкиот комитет за човекови права ги подржува реакциите на Коалицијата за промоција и заштита на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници, посебната реакција на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување, како и на сите останати во насока против кампањата за забрана на абортусот. Имено, прекинот на бременоста е на сеопфатен начин регулиран во нашата држава со посебен закон, каде уште во самиот член 1 од Законот за прекинување на бременоста е изречно стипулирано дека: „Прекинувањето на бременоста е посебна медицинска интервенција за која слободно одлучува бремената жена. Правото на прекинување на бременоста може да се ограничи само заради заштита на здравјето на бремената жена“. Сите причини поради кои може да се ограничи прекинувањето на бременоста во полза на здравјето на бремената жена се стриктно уредени во натамошните членови од споменатиот закон. Од друга страна, начинот и условите под кои треба да работат лекарот, првостепената и второстепената комисија во овие случаи се поконкретно и строго уредени со Правилникот донесен за таа цел, каде меѓу другото се одредува дека: „Лекарот во здравствената организација, врши прекин на бременоста по констатацијата дека бремената жена не поминала повеќе од 10 недели на бременост од денот на зачетокот и дека нема основ за сомневање за настапување на штетни последици по здравјето на жената“. Со вака постоечката прецизна законска регулатива при чие донесување целосно се водело сметка за здравјето на жената, нејзиното право на слободен избор и достоинство, сите кампањи за нивна измена во насока на општа забрана на абортусот немаат никаква основа, дотолку повеќе што ратификуваните меѓународни документи кои, меѓу другото, ја обврзуваат и Република Македонија го зборуваат спротивното. Доволно е само да се споменат Универзалната декларација за човековите права и

слободи, Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација против жената, Европската социјална повелба, Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права, и посебно Препораките на Експертската група од конференцијата за раст на популацијата и демографската структура при Обединетите нации кои: „Почитувајќи го правото на брачните парови и индивидуи слободно да го изберат бројот на своите деца, ги повикува Владите и меѓународната заедница да дадат приоритет на зголемување на квантитетот и квалитетот на програмите за здравствена грижа и репродукција“. Значајно е да се споменат и Препораките на Експертската група од конференцијата за популацијата и жената при ООН, кои во Препораката бр. 8 одредуваат: „Жената што сака да ја прекине својата бременост треба да има пристап до доверливи и веродостојни информации, пријатно советување и пристап до сигурен сервис за прекин на бременоста“. Тинејџерите признаваат дека немаат со кого отворено да разговараат за прашања поврзани со сексуалниот живот и со репродуктивното здравје, а родителите најчесто не се подготвени да прифатат дека децата се сексуално активни, па ги избегнуваат таквите разговори. Оттука, подобро би било државата да се посвети повеќе на барање алтернативни начини за намалување на несакана бременост, особено преку стимулирање на младите брачни двојки во полето на планирање семејство, начини за подигање на свеста кај тинејџерите, едукативни програми за сексуалното здравје и контрацепционите средства, наместо да се занимава со мерки со кои на сила ќе го зголемува наталитетот преку повреда на основните права на жената. Зачудува и фактот што само неколку месеци по усвојување на Стратешката проценка на политиката, квалитетот и пристапот до контрацепција и абортус во Република Македонија, документ изработен од страна на Министерството за здравство и Републичкиот завод за здравствена заштита, се прават чекори спротивни на основните задачи и цели предвидени во самиот документ. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, во 2006 година, стапката на наталитетот во Македонија е 11.1 на 1000 жители, а стапката на морталитет е 9.1 на 1000 жители, што покажува стапка на годишен прираст на населението од 2.0 на 1000 жители, како и дека во Македонија во изминатиов период бројот на регистрираните абортуси е во постојано опаѓање, па така во 1991 година бројот на абортуси изнесувал 665.1 на 1000 живо -родени деца, за разлика од 2006 година кога истиот е намален на 272.9 на 1000 живо - родени деца. Охрабрувачки се и податоците дека во Македонија се

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

123

Месечни извештаи бележи силно опаѓање на стапките на доенечка смртност, како и опаѓање на стапката на матернална смртност. Дури и да не е така, Владата на Република Македонија секогаш треба да ги почитува човековите права, особено правото на слободен избор, и согласно Стратешката политика во соработка со Министерството за здравство континуирано треба да работат на планот на идентификување на состојбата, проблемите и пронаоѓање на најадекватни решенија преку ангажман на сите релевантни институции во земјата со кој ќе се подобри сексуалното и репродуктивното здравје. Преку координација да ги остварат главните цели поради кои е донесена таквата Стратешка политика, а имено, само да ги потсетиме, тоа се: како да се намали потребата од абортус, а не како истиот да се забрани, како да се подобри пристапот и достапноста до контрацепција, како да се подобри квалитетот на услугите за абортус и да се заштитат правата на репродуктивно здравје на жената, а не да се воведуваат мерки со кои ќе се зголемат нелегалните услуги за абортус на штета на здравјето на жената. Од друга страна, точно е дека секое дете има право на живот, но право на достоинствен и среќен живот, исполнет со љубов и семејна топлина а не на живот со чувство на непожелност и отфрлање. Дотолку повеќе што Република Македонија нема изградено адекватен систем за згрижување на децата без родителска грижа и отфрлени од семејството чиј број може да се претпостави дека ќе се зголеми во ситуација на забранет абортус. Хелсиншкиот комитет за човекови права ги повикува надлежните државни органи и институции да се заложат за доследно исполнување на целите предвидени во неодамнешната Стратешка политика и насочување на активностите најмногу кон промоција и подобрување на репродуктивното здравје кај жените, со посебен акцент на адолесцентната популација и жените во руралните средини, преку здравствено -воспитна дејност и совети за заштита од несакана бременост и безбедно сексуално однесување. 1.2. Распределба на средства од буџетот на РМ здруженија на граѓани и фондации На 25.12.2008 година во Службен весник на Република Македонија се појави информацијата дека Владата на Република Македонија на седницата одржана на 2.12.2008 донесе одлука за распределување на средства од Буџетот на Македонија наменети за здруженија на граѓани и фондации. Конкурсот беше распишан крајот на февруари 2008г. со рок за поднесување на апликациите до 7 март 2008. И покрај тоа што Владата: има објавено стратегија за соработка со невладиниот сектор, како и акциски план за периодот од 2007-2011 година; заради обезбедување на транспарентност, определување на

124

основни организациски критериуми и ефикасно следење на финансиската подршка на здруженијата на граѓани и фондации има утврдено Кодекс на добри практики за финансиска подршка на здруженија на граѓани и фондации; една од препораките на извештајот на ЕУ за напредокот на Мекедонија е зајакнување на соработката со невладиниот сектор и зголемување на транспарентноста за распределбата на средствата… по стариот добар обичај, средствата повторно беа распределени на 83 организации, но без транспарентни и јасни критериуми за распределба. Еден од организациските критериуми објавени во повикот беше и „Да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес“. Прашање е колку од организациите кои имаат добиено средства имаат искуство со проекти од јавен интерес, а колку со локален развој, ова повеќе што со децентрализацијата, локалните здруженија ја имаат можноста да аплицираат и за средства од локалната самоуправа. Во контекст на претходново, барем според насловите на проектите, дел од проектите сигурно влегуваат и во доменот на други Министерства (математички олимпијади, културни и спортски манифестации и сл.) Според Кодексот, во огласот не беше објавена методологијата за вреднување на предлог проектите, па изгледа затоа организациите кои беа одбиени не добија ни соодветно објаснување зошто се одбиени за да можат во иднина да го подобрат квалитетот на своите апликации. Граѓаните на Македонија имаат право да знаат како се трошат нивните пари. Досега Владата нема објавено ниту финансиски ниту наративни извештаи за проектите за кои претходните години се дале средства. И оваа година, и во одлуката и во соопштенијата на веб страните, фигурира само името на организацијата, насловот на проектот и сумата. Како граѓани на Македонија имаме право да знаеме доколку имаме некој проблем или сакаме да се вклучиме во некоја од активностите кои Владата ги поддржува, каде да се обратиме. Во оваа смисла побаравме одговори од генералниот секретаријат на Владата и добивме писмо во кое Генералниот секретар практично не одговара на ниту едно суштинско прашање. Без понатамошна анализа уште еднаш ќе го повториме ставот на Комитетот кој е ист како и минатата година: Невладините организации постојат за да им помогнат на граѓаните во остварувањата на нивните потреби кои државата не може да ги исполни. Во Република Македонија за жал се уште не е воспоставен механизам преку кој невладиниот сектор ќе добива поддршка врз објективни критериуми кои ќе овозможат вреднување на активностите на невладините

организации без политичко влијание на оние кои се на власт. Ова е уште повеќе потребно во времето кога странските поддржувачи на невладиниот сектор полека но сигурно се повлекуваат од помагањето на македонските здруженија на граѓани и фондации или пак имаат излезни стратегии за наредните години. Владата на Република Македонија која парадно објавува стратегија за соработка со невладиниот сектор, како и акциски план за периодот од 2007-2011 година, токму со воспоставување на овој механизам, и никако поинаку, ќе помогне невладините организации да си го најдат своето место и да ги остваруваат своите заложби во нашето општество. Владата треба да ги почитува документите што ги донела како пример за владеење на правото. 1.3. Венецијанската комисија го потврди ставот на Хелсиншкиот комитет за антидискриминационото законодавство во Македонија Иако Хелсиншкиот комитет во изминативе пет години укажуваше дека има потреба од итно донесување на посебен закон за заштита од дискриминација кој ќе биде јасен и недвосмислен и во согласност со меѓународното право и потребите на граѓаните во Македонија; иако Хелсиншкиот комитет во текот на 2005 година изработи и поднесе ваков предлог на закон до парламентот; иако Хелсиншкиот комитет редовно ја алармираше македонската јавност од потребата за нормативно обликување на оваа сфера како и постоењето на правна празнина и неможност македонските граѓани да бидат заштитени... македонските носители на власта остануваа глуви по ова прашање и изнаоѓаа начини да го одолговлечат овој процес. Со допис од 16 јуни 2008 година, Г-дин Мешков во својство на Министер за труд и социјална политика побарал експертиза од Венецијанската комисија за предлог законот за заштита од дискриминација. Како резултат на ова, претставници од Венецијанската комисија во периодот од 24 до 26 Ноември ја посетија Македонија и спроведоа истражување во областа на анти - дискриминационото законодавство. Воедно беа извршени и работни средби со претставници од Владата, граѓанските организации и експерти кои работат на оваа проблематика. Од резултатите на оваа мисија, во форма на извештај, забелешки и информации кои биле собрани за време на посетата на 77- та Пленарна седница на Венецијанската комисија (Венеција, 12 и 13 Декември) прифатено е „Мислење“ за предлог законот за заштита од дискриминација каде се дадени заклучоци за Македонија. Во нејзиното „Мислење“ Венецијанската комисија ги поздравува и охрабрува интенциите на Владата да се изработи генерален закон за заштита од дискриминација и при тоа смета дека ова е важен чекор во борбата против дискриминацијата и подобрување на правната заштита против

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

дискриминацијата во Македонија. Но, воедно смета дека предлогот на законот не ги соединува во себе меѓународните стандарди и националните потреби за ефективна заштита од дискриминација. Венецијанската комисија и препорачува на Македонската Влада да го модифицира сегашниот предлог на законот пред негово прифаќање од страна на парламентот, при тоа да се земат во предвид забелешките на Венецијанската Комисија како и граѓанскиот сектор да биде активно вклучен во редефинирањето на предлог законот. Исто така една од повеќето препораки е предлог законот да биде појасен и попрецизен. Хелсиншкиот комитет искрено се надева дека македонските граѓани ќе добијат закон кој го заслужуваат и дека Македонската влада ќе направи напор и своите активности за донесување на законот за заштита од дискриминација ќе ги насочи во согласност со препораките на Венецијанската комисија. 1.4. Ако денот по утрото се препознава... Навидум три неповрзани настани од овој извешатаен период на Комитетот само го зајакнуваат впечатокот дека можеби - кога независноста на медиумите, слободата на делување на НВО, реформите во доменот на кривичното право и се „заокружуваат реформите во МВР“ – состојбите и натаму можат да се влошуваат. Деталите за настаните се доволно речити и јасни што и не заслужуваат објаснување и коментар. Ги бележиме само како утеха на совеста – наше е, како и секогаш, добронамерно да предупредиме кон што може да водат. Пораки од Брисел - Амбасадорот Ерван Фуере ја повика македонската Влада да престане да ги стигматизира медиумите и да го маргинализира невладиниот сектор во земјата, бидејќи и едните и другите се неопходни за здрави демократски општества. Ваквото барање тој го упати од говорницата на Европскиот парламент на седницата на Комисијата за надворешна политика на која требаше да се гласа за извештајот за Македонија. „Владата треба да вложи повеќе напори да го вклучи невладиниот сектор. Критицизмот спрема владата треба да се слуша, а не да се маргинализира“, изјави Фуере пред европарламентарците, претставувајќи ги клучните предизвици за Македонија годинава, од кои повеќето ги поврза со идните избори. Според него, треба да се направат крупни напори од страна на судството за пред овие избори да бидат казнети прекршителите во јунските избори, со што ќе се испрати порака дека ваквото однесување е недозволиво. Како клучно, исто така, тој го оцени исполнувањето на препораките на ОБСЕ околу изборите, како и давањето надлежности и ресурси на Советот за радиодифузија за да ја надгледува објективноста на медиумите. Професорот Калајџиев отстранет од семинар - На крајот на јануари, како

што пишува „Дневник“ “Шефицата на Одделот за правда на американската амбасада во Скопје, Синтија Ли, го избркала професорот на Правниот факултет Гордан Калајџиев од семинар за обука на македонските судии и обвинители со образложение дека со своето присуство вршел притисок врз претставниците на третата власт. Обезбедувањето на американската амбасада го исфрлила Калајџиев и од хотелот во кој во четвртокот се одржувал семинарот“. Д-р Калајџиев, покрај тоа што е професор на Правниот факултет на Државниот Универзитет во Скопје е раководител на работната група на Министерството за правда за измени на Законот за кривичната постапка, на кои бил посветен семинарот и е еден од неговите автори, а како претставник на Здружението за казнено право и како претставник на Министерството, има обврска да ги следи проектот и расправата за законот, а здруженијата на судии и меѓународните организации, како ОПДАТ, имаат обврска да го обезбедат тоа.

наречена “Планинска бура“. Но, Основното јавно обвинителство (ОЈО) и истражен судија при Основен суд Скопје 1 – Скопје, ја игнорираат законската обврска стипулирани во член 142 став 1 и став 3[2] од Кривичниот законик. Хелсиншкиот комитет писмено се обрати до горенаведените институции за да не известат кои се причините поради кои од нивна страна не е формално постапено, односно не е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “Мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување“. Одговор се уште нема.

Ова колку што ни е познато е прв случај излезен во јавноста од кој е јасно дека и странските помагачи на нашите реформи имаат свои интереси, но и ефикасни начини за нивно спроведување.

По добиената писмена согласност од страна на четворица обвинети во случајот Бродец, Хелсиншкиот комитет поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Тетово против НН сторители, припадници на полицијата кои земале учество во полициската акција “Планинска бура” во с. Бродец и во Полициска станица “Гази Баба” – Скопје, за едно кривично дело “Мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување” врз основа на член 142 став 1 од Кривичниот законик и едно кривично дело “Малтретирање во вршење на службата” врз основа на член 143 од Кривичниот законик.

УБК сама ќе се контролира – Медиумите објавија, МВР не демантираше дека се подготвуваат измени на Законот за внатрешни работи според кои „Управата за безбедност и контраразузнавање и во иднина ќе функционира без контрола како во развиените демократски држави“. По истите извори додуша оставена е можност тоа да го чинат и надлежната собраниска комисија и Народниот правобраниел, но без можност за каква било истрага.

Хелсиншкиот комитет се уште смета дека надлежните органи ќе ја увидат сторената грешка, поднесената кривична пријава ќе ја подржат и поради очигледноста на веродостојноста на доказите ќе спроведат ефективна и вистинска истрага и ќе спроведат кривична постапка против обвинетите. Во спротивно ова молчење и непревземање на законски обврски може во иднина само да зголеми прекумерната употреба на сила.

УБК инаку веќе доби пошироки можности за употреба на посебните истражни мерки и рекордно зголемен буџет и лани и годинава.

1.6. Посета на Ј.У. Меѓу општински Центар за социјални работи Македонски Брод и згрижувачките семејства во с. Манастирец

1.5. Непочитување на законските обврски и должности од страна на Основното јавно обвинителство и истражен судија при Основен суд Скопје 1 – Скопје Иако,во извештајот од последната посета од 30 јуни до 3 јули на Делегацијата на Европскиот комитет за превенција на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (КПТ) се препорачува – „да се спроведе целосно независна истрага за наводите за злоставување на лицата лишени од слобода во тек на „Планинската бура“, разрешница се уште нема. Неспорно е, а и целата македонска јавност беше сведок дека лицата Тафил Даути, Флурим Амети, Невзат Зибери и Хебиб Амети сите од с. Бродец, биле изложени на мачење, сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување од страна на припадниците на полицијата кои биле овластени за постапување во полициската акција

Претставници на Хелсиншкиот Комитет за човекови права на 25 Декември 2008 год. го посетија Центарот за социјални работи во Македонски Брод. Стручната служба во Центарот се состои само од две лица – социјален работник и психолог, а кој е и воедно и Директор. Техничкиот персонал брои четири лица вработени на неопределено време, како што се: благајник, сметководител, возач и оператор за внесување на податоци. Според Правилникот за систематизација, во моментов во Центарот фалат педагог, правник и дефектолог. Поради очигледниот проблем кој постои во однос на недостигот на стручен кадар, а е во спротивност со Законот за социјална заштита[3], од страна на Центарот не известија дека до Министерството постојано пријавуваат образец за потреба од вработување, но до сега истото не е реализирано. Во Центарот нема соодветен простор за видување кога видувањата е предвидено да се

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

125

Месечни извештаи остваруваат во центарот, нема посебна просторија за работа со малолетници во ризик, па активностите се одвиваат во канцеларијата на Директорот. Исто така, ни беше истакнат и проблемот со неможноста за користење на моторното возило, добиено како донација од страна на UNICEF, поради проблеми при неговата регистрација. Сместување во друго семејство е една од формите на вонинституционална заштита на деца и возрасни лица, која се реализира во рамките на системот на социјалната заштита. Центарот го следи и координира сместувањето и згрижувањето на лицето во згрижувачкото семејство. Згрижувачкото семејство е должно да постапува по дадените насоки од центарот за згрижување на сместеното лице и навреме да го известува центарот за сите промени и потреби на згриженото лице. Центарот може да смести во едно згрижувачко семејство најмногу пет лица, имајќи ги предвид условите и можностите за сместување на семејството. Во Македонски Брод и с. Манастирец има 32 згрижувачки семејства, од кои во моментот се активни само 20 семејства (7 во Македонски Брод и 13 во с. Манастирец). Децата кои се сместени во овие семејства се најчесто деца со посебни потреби, а најголем број се со церебрална парализа и даунов синдром. Возраста на децата кои се згрижени во овие семејства е од 1 до 20 год. Националноста на децата е мешана и иако најголем број се Македонци, има и Роми, а и Албанци. Сите деца имаат матичен лекар во Македонски Брод, а доколку имаат потреба од специјалистички преглед одат во Прилеп или Кичево. За итни случаи се повикува брзата помош од Македонски Брод. Во с. Манастирец во план е изградба на амбуланта, а во моментов лекар го посетува селото еднаш месечно. Во с. Манастирец е формиран и Детски центар во кој работи социјален работник ангажиран со договор. Од разговорот со некои од згрижувачките семејства добивме информација дека претставници од матичните центри ги посетуваат децата по потреба, но најчесто од еднаш до три пати годишно. Телефонски редовно контактираат со семејствата. Само како пример би сакале да посочиме дека мајките со кои разговаравме не известија дека иако порано биле доста ажурни, стручниот тим од Велес немал дојдено веќе цела година. Едно од згрижувачките семејства не добило ниту бесплатни книги за детето, поради што морале самите да си ги купат. Второто семејство кое има згрижено дете преку Центарот за социјална работа во Кавадарци не извести дека неколку пати ги молеле да дојдат, но од таму им одговориле дека се презафатени. Најголеми поплаки имаше од работата на Центарот за социјални работи во Скопје, како за посетите, така и за односот и соработката. Од страна на Центарот во Македонски Брод, мајките не известија дека се посетувани скоро секој ден. Генерално посетата на згрижувачките семејства остави добар

126

впечаток, но сепак Хелсиншкиот комитет смета дека како проблем се појавува надзорот и контролата која мора да се спроведува од страна на матичните центри за социјална работа. Иако ниту во законот ниту во правилникот не стои колку пати треба детето да биде посетено, сепак почестите посети се во најдобар интерес на детето. Исто така во однос на Центарот за социјална работа во Македонски Брод итно е потребно доекипирање на стручниот тим, создавање на просторни услови за работа и набавка на функционлно моторно возило. II. ПОВРЕДИ НА ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА 2.1. Случај Ѓорѓи Билјаноски Лицето Билјаноски Ѓорѓи уште во 2006 год. се обратил до Градежната инспекција при општина Охрид пријавувајќи нелегално изградено поткровје од страна на неговиот сосед. По неговата претставка од страна на градежната инспекција при општина Охрид добил одговор дека е донесено Решение за отстранување на градба[4] како и Заклучок за извршување[5] за надвишување на поткровјето на страна на соседот. Исто така странката била известена дека списите се веќе предадени во Одделението за извршување. Од тогаш, континуирано во текот на изминативе две години, Билјановски е во комуникација со надлежните органи на државната и локалната власт во Охрид во однос на градбата на неговиот сосед која се наоѓа под специјален режим на заштитена урбана целина Стар Дел од градот Охрид. Но дури и по повеќе од две години, градбата за која веќе има Решение за отстранување и истото е веќе во извршно одделение, се уште не е отстранета. За случајот, Хелсиншкиот Комитет се обрати до Извршната служба на Општинската Градежна Инспекција во Охрид, од каде добивме одговор со кој не известуваат дека инвеститорот започнал постапка за легализација на ваквиот објект и покрај фактот што слемето на кровот на спорниот објект е за 35 см повисоко од одобреното. Имајќи во предвид дека станува збор за објект кој се наоѓа во област која е под специјален заштитен режим, Хелсиншкиот Комитет се обрати и до Управата за заштита на културно наследство за информација дали истата има издадено дозвола за градба на спорниот објект, при што добивме негативен одговор. Сепак и покрај ваквиот одговор и фактичката состојба во која соседот на странката има градба над дозволеното, во заштитено подрачје и без дозвола од Управата за заштита на културно наследство, тој и понатаму е во постапка за легализација?! И по повеќе од две години не го отстранува бесправно изградениот објект, притоа институциите молчат.

Хелсиншкиот Комитет изразува зачуденост од односот на институциите (општинската градежна инспекција Охрид), нивната инертност во спроведувањето на законите особено кога станува збор за заштитено подрачје од особен национален интерес, а воедно и заштита и непречено користење на сопственоста. Хелсиншкиот Комитет ги повикува надлежните на исполнување на своите законски обврски како би се обезбедило владеење на правото. 2.2. Законот за платен промет предизвикува повреда на социјалните права на граѓаните Во својот месечен извештај за февруари 2008 година Хелсиншкиот комитет предупреди дека постојат дилеми и нејасности во поглед на практична примена на Законот за платниот промет. Во членот 22 на Закон за платниот промет предвидено е да доколку некое лице (правно или физичко) нема доволно средства на неговата сметка во соодветната банка врз чија основа би требало да се реализира судското решение за присилна наплата на неговите достасани обврски врз разни основи, неговата банка би требало да ги извести сите други банки да го запрат користењето пари од сметките што тоа лице ги отворило во тие банки. Воглавно таквото решение е законски основано и оправдано. Но, проблемот што тука би можел да се појави е дали таквото решение може да се применува и спрема сметки во кои должникот - физичко лице се појавува како нечиј старател, законски застапник, користење на пензија, како полномошник на носителот на сметката итн. Со еден збор оваа одредба бараше поспецифично регулирање, а во контекст на запазување на социјалното постапување. Хелсиншкиот комитет апелираше до надлежните органи навремено да ги расчистат тие и слични дилеми со донесување на посебни упатства за оперативна примена на законот за платниот промет. Но за жал тоа се уште не е сторено и во праксата веќе почнуваат да се појавуваат конкретни случаи. 2.2.1. Случај Милка Симоновска Милка Симоновска е пензионерка која на 29 Мај 2008 година добила Налог за извршување со кој и се определува забрана на 1/3 од пензијата. Два месеци подоцна или поточно на 22 Јуни 2008 добива втор налог за извршување со кој сега од истата трансакциона сметка се бара да се изврши парично побарување во висина од 93.240,00 МКД. Иако постои законска обврска на ограничување во извршувањето врз пензии според Законот за извршување до износ на една третина од пензијата, Милка Симоновска останала без своите редовни примања за задоволување на своите основни животни потреби. 2.2.2. Случај Милош Наумовски Апелациониот суд во Скопје донесол решение со кое жалбата на Милош

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Наумовски во улога на должник ја одбил како неоснована, каде Наумовски приговарал дека неговата сметка е блокирана од 15 Јуни 2008 година, а која сметка служи за прием на пензија. Но, Апелациониот суд во Скопје во поткрепа на својата одлука навел „Значи од налогот произлегува дека истиот се однесува на Комерцијална Банка АД Скопје и во него не е наведено дека средствата ќе бидат од пензијата што ја остварува должникот. Впрочем и од доставените докази во прилог на жалба не може да се утврди дека трансакционата сметка на должникот што ја има во Прокредит банка, а на која е блокирана неговата пензија, дека при тоа основ на блокирањето е оспорен налог на извршителот“. Секако никого не го интересира дали Милош Наумовски останал без своите редовни примања за задоволување на своите основни животни потреби. III. ПОЛИЦИСКИ И СУДСКИ СЛУЧАИ 3.1. Грубо пречекорување и изигрување на правото на задржување Проблематиката на приведувањето и задржувањето на лице лишено од слобода е регулирано со Уставот на Република Македонија, Законот за кривична постапка, Законот за полиција и Правилникот за вршење на работите на МВР, и тоа во член 12 став 4[6] од Уставот на Република Македонија, член 3 став 3 од ЗКП, член 204 став 6[7] од ЗКП, член 50 став 1[8] од Законот за полиција и член 44 став 5[9] од Правилникот за вршење на работите на МВР. Во текот на месец декември 2008 година Хелсиншкиот комитет регистрираше два многу специфични случаи во кои припадниците на полицијата потфрлиле во спроведувањето на полициските овластувања. 3.1.1. Случај Тодоровски Гоце, Алексовски Благојче и Велковски Сашо, Битола Г-ѓа Татјана Тодоровска и г-ѓа Лидија Веловска и двете од Битола при обраќањето не известија за случајот/ настанот на нивните блиски, Гоце Тодоровски и Сашо Веловски, како и Благојче Алексовски. Бевме известени дека на ден 26.10.2008 година некаде околу 24 часот на регионален пат Кратово – Пробиштип, на бензинска пумпа при рутинска контрола извршена од страна на сообраќајни полицајци, лицата, Гоце Тодоровски, Сашо Веловски, како и Благојче Алексовски, се приведени во полициска станица Пробиштип, каде биле задржани со образложение дека се осомничени за извршување на кривично дело Тешка кражба извршено во Пробиштип. Тројцата приведени биле задржани во Полициската станица во Пробиштип. Утредента, на 27.10.2008 година, Сашо Веловски со возило бил однесен

во Скопје во крим - техника заради вештачење, а бил вратен вечерта околу 21 часот. Според наводите на мајките на приведените, откако поминал законскиот рок од 24 часа од моментот на приведувањето, приведените биле однесени во Полициската станица во Кочани, без претходно да бидат изведени пред истражен судија. И во оваа полициска станица биле испрашувани и задржани 24 часа, по што наредна дестинација им била Полициската станица во Штип. На 30.10.2008 година конечно биле изведени пред истражен судија при Основниот суд во Штип, каде им било одредена мерка притвор во траење од 30 дена. После одредувањето на мерката притвор приведените биле однесени во Затворот во Прилеп на издржување на мерката притвор. 3.1.2. Катерина Петро, Скопје На ден 20.12.2008 година во раните утрински часови специјална полициска единица со кршење на влезната врата влегла во домот на г-ѓа Катерина Петро. Според наводите на г-ѓа Петро припадниците на полицијата кои влегле во домот на г-ѓа Петро немале судски налог за претрес на домот. По два часа испрашување во домот и извршувањето на предтесот истата била приведена во Полициска станица Гази Баба. Во истата станица г-ѓа Петро била задржана од 06:00 до 23:00 часот. Потоа била однесена во ПС Чаир, каде била задржана уште дополнителни 10 часа. На г-ѓа Петро и се одземени два мобилни телефони и еден лап топ, за кое нешто е составено Потврда за одземени предмети, и истите се уште не и се вратени. Хелсиншкиот комитет, по регистрирањето и разгледувањето на двата случаи, увиде дека постојат индикации да постапката за задржување на лице лишено од слобода не е почитувано до страна на надлежниот орган за прогон, во конкретниот случај Министерството за внатрешни работи, односно полициските станици каде странките биле шетани и носени од една во друга станица. Во сите гореспоменати закони, подзаконски акти - правилникот и Уставот на Република Македонија децидно е наведено дека “лицето лишено од слобода мора веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од моментот на лишувањето од слобода, да биде изведено пред суд, кој без одлагање ќе одлучи за законитоста на лишувањето“ (член 3 став 3 од ЗКП) или “по истекот на овој рок овластеното службено лице на Министерството за внатрешни работи е должно задржаното лице да го пушти на слобода или да постапи согласно законските одредби“ (член 204 став 6 од ЗКП). Во првиот случај господата биле задржани 3 пати по 24 часа, што е апсолутно недозволиво согласно законските прописи а во вториот случај г-ѓа Петро била задржана околу 19 часа во ПС Гази Баба, а уште дополнителни

10 часа во ПС Чаир. Заради дознавање на причините Хелсиншкиот комитет се обрати до надлежните институции[10] и од секој поединечно побара да биде известен со подетални информации за причините за незаконското повеќекратно задржување. Од страна на Секторот за внатрешна контрола побаравме да бидеме известени пред се дали се запознаени со случајот (иако странките веќе се имаа обратено до истиот), дали имаат спроведена внатрешна контрола и истрага, доколку да каков е исходот од истата. Хелсиншкиот комитет побара да биде известен дали Секторот има покренато постапка против припадниците на полицијата кои очигледно не ги испочитувале законските одредби и приведените лица/лицата лишени од слобода ги задржале во полициските станици повеќе од 24 часа при што истите не ги изнеле пред истражен судија уште при првите поминати 24 часа, т.е. уште на 27.10.2008 година, господата од првиот случај, кога и требало да бидат изведени, а г-ѓа Петро утредента уште пред да биде префрлена во ПС Чаир или пак истите да биле пуштени на слобода како што предвидуваат законските одредби. Од страна на полициските станици беше побарано да не известат за причините поради кои не биле изведени лицата лишени од слобода во законски предвидениот рок пред истражен судија, туку истите биле предадени на нивни колеги во други полициски станици. Полициските станици кои ги прифатиле лицата лишени од слобода и истите ги задржале дополнителни 24 часа, односно дополнителни 10 часа во случајот на г-ѓа Петро беа замолени да не известат за причините поради кои ги прифатиле лицата лишени од слобода знаејќи дека истите веќе го исполниле 24 часовниот период за задржување. И на крајот од сите надлежни институции побаравме да бидеме известени дали се покренати постапки против припадниците на полицијата кои не ги почитували законските одредби. По однос на нашите дописи за првиот случај добиени се одговори од страна на ПС Пробиштип и ПС Кочани, кои не известуваат дека случајот е под лупата на Секторот за внатрешна контрола и не упатуваат да се обратиме таму за поподробни податоци, кое нешто комитетот го има уште на самиот почеток. Што се однесува до вториот случај од страна на Министерството за внатрешни работи е добиен опширен одговор[11] во кој се наведуваат заложбите на Владата за борбата со криминалот, транспарентноста на министерството како и отчетноста во работењето. Воедно во дописот Министерството непотребно го навредува директорот на ТВ АлсатМ осврнувајќи се на искуството и активизмот на директорот во новинарството и невладиниот сектор. Хелсиншкиот комитет очекува дека Секторот за внатрешна контрола и

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

127

Месечни извештаи Министерството за внатрешни работи нема да продолжат со укажувањето за личните и политичките достигнувања, туку ќе одговорат на конкретно поставеното прашање, кои се причините поради кои г-подата и г-ѓата, како лица лишени од слобода се задржани повеќе од 24 часа и префрлени од една во друга па во трета полициска станица. Хелсиншкиот комитет се бара и очекува дека по спроведена контрола Секторот ќе преземе санкции спрема припадниците на полицијата кои не ги испочитувале законските одредби, при што се надеваме дека истите нема да бидат само парично санкционирани преку дисциплинска постапка туку и кривично гонети за кривично дело “Противправно лишување од слобода“ по член 140 став 4 вв со став 1[12] од Кривичниот законик. 3.2. Случај Ванчо Георгиевски Лицето Ванчо Георгиевски од Кочани има добиено пресуда[13] од Основниот суд Кочани со која се задолжува тужениот Промет и услуги "Тутун" АД Скопје, да му исплати нему на име неисплатени плати за период од 01.11.1997 год. до 28.02.2007 год. износ од 637.926,00 денари како и придонеси за пензиско и инвалидско осигурување за истиот период. Оваа пресуда станала правосилна и извршна на 10.07.2007 година. Исто така со пресуда[14] која станала извршна на 24.04.2006 год. Апелациониот суд во Штип го задолжил тужениот на тужителот Ванчо Георгиевски да му ги надомести трошоците на судската постапка во

износ од 173.420,00 ден. Бидејќи и двете пресуди се извршни странката уредно поднел Барање за извршување[15] кај извршителот кој е именуван извршител за подрачјето на Основен суд Кочани. Меѓутоа иако извршителот има законска обврска[16] како и средства да постапува по Барањето за извршување и по уредно подмирената такса за администрирање на предмет од странката тој и по две години се уште ги нема наплатено своите побарувања. Од причина што, согласно известувањето од извршителот, сметката на должникот е блокирана тој побарал известување од МВР - УВР Скопје за евиденција за регистрирани моторни возила на име на должникот. Иако од МВР има добиено известување дека на име на должникот се водат осум моторни возила, извршителот на записник извршил попис и процена на подвижни предмети што се наоѓаат кај трето лице. При увид во сообраќајните дозволи извршителот утврдил дека двете возила што се наоѓаа кај третото лице се во негова сопственост, додека за останатите возила наведени во информацијата од МВР, директорот на правното лице изјавил дека тие не се наоѓаат во возниот парк на фирмата и немаат сознанија каде се. Со ова се завршило и постапувањето на извршителот по овој предмет кој поминал долга судска постапка за да стигне до правосилна пресуда, проследена со судски трошоци, адвокатски трошоци, трошоци за извршување со такса за извршителот, но без извршување!

Во овој случај, надлежниот извршител не само што не постапил по барањето за враќање на работа на што работникот имал право, туку истиот не се ни обидел да собере податоци за имотната состојба на должникот, неговиот движен и особено недвижен имот иако фирмата должник е се уште активна а што претставува НЕГОВА законска обврска[17][18]. Да биде апсурдот поголем, односниот извршител пописот и процената на подвижен имот го завршил само врз основа на изјава на третото лице дека не му е познато каде се останатите возило, без водејќи се по официјалното известување од МВР да ги пронајде и одземе возилата од должникот. За жал овој пример не е единствен во правниот лавиринт во државата што го наметнува прашањето дали граѓаните во Р. Македонија уживаат правна сигурност која ги уверува дека и по долго талкање по судовите сепак ќе можат да си ги намират своите побарувања?! Или пак сите законски реформи се прават во името на граѓаните и правдата но само на хартија?! Хелсиншкиот комитет со овој случај потсетува дека Законот за извршување им дава големи овластувања на извршителите токму за да се постигне поголема ефикасност во извршувањето а не да им се обезбеди поголема лична диспозиција. Затоа го повикува Министерството за правда за поажурно и активно следење на работата на извршителите, како странките не би биле оставени сами на себе и волјата на извршителите.

----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------[1] Теократија е облик на државно уредување во кое владее Бог преку свештенството или преку некој световен поглавар како негов застапник. Главноземено, верата т.е., религијата ја има главната улога со донесените одлуки и управата во теократско општество. [2] Член 142 став 3 – Закон за кривична постапка Секој е должен да пријави кривично дело за кое се гони по службена должност. [3] Закон за социјална заштита (пречистен текст) Член 77 Центар за социјална работа (во натамошниот текст: центар) се основа како јавна установа за социјална заштита со јавни овластувања заради вршење на работи од социјална заштита. Центар може да се основа, ако се исполнети општите услови за основање на јавна установа за социјална заштита од член 55 на овој закон и задолжително ги има најмалку следниве основни образовни профили: социјален работник, психолог, педагог, или специјален педагог за превенција и ресоцијализација и дипломиран правник. Лицата со образовен профил од став 2 на овој член, треба да имаат најмалку високо образование. Центарот може да се основа за подрачјето на една или повеќе општини. [4] Решение за отстранување на градба со Уп.бр.25-1734/6 од 01.02.2006 [5] Заклучок за извршување со Уп.бр.25-1734 од 02.02.2006 год. [6] Член 12 став 4 – Устав на Република Македонија и член 3 став 3 од Закон за кривична постапка Лицето лишено од слобода мора веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од моментот на лишувањето од слобода, да биде изведено пред суд, кој без одлагање ќе одлучи за законитоста на лишувањето од слобода. [7] Задржувањето може да трае најдолго 24 часа, сметано од моментот кога лицето е лишено од слобода. По истекот на овој рок овластеното службено лице на Министерството за внатрешни работи е должно задржаното лице да го пушти на слобода или да постапи согласно законските одредби [8] Полицискиот службеник може да задржи лице за кое постојат основи за сомневање дека сторило кривично дело за кое се гони по службена должност, под услови и на начин утврдени со посебен закон, при што задржувањето може да трае најмногу 24 часа. [9] Задржувањето може да трае најдолго 24 часа, по што овластеното службено лице задржаното лице го пушта на слобода или го приведува до надлежниот истражен судија. [10] За случајот на господата од првиот случај Хелсиншкиот комитет се обрати до Секторот за внатрешна контрола при МВР – Скопје, до ПС Пробиштип, до ПС Кочани и до ПС Штип, а за случајот на г-ѓа Петро Хелсиншкиот комитет се обрати до Секторот за внатрешна контрола, до ПС Гази Баба и до ПС Чаир [11] Дописот циркулира и до Совет за радиодифузија, Ерван Фуере – спцеијалниот претстадвик на ЕУ во РМ и филип Рикер, амбасадор на САД во РМ [12] Противправно лишување од слобода - Член 140 – Кривичен законик (4) Ако противправното лишување од слобода го стори службено лице со злоупотреба на службената положба или овластување, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години. (1) Тој што друг противправно ќе затвори, ќе го држи затворен, или на друг начин ќе му ја одземе или ограничи слободата на движење, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. [13] П.бр.241/2006 [14] ГЖ бр.2959/05 [15] Член 27, Закон за извршување, Сл. Весник на Р. М. бр.35/05, од 18.05.2005 Поднесување на барање за извршување (1) Барањето за извршување на извршната исправа доверителот го поднесува до извршителот. (2) Извршителот е должен да постапува по барањето за извршување. (3) Со врачувањето на извршната исправа чие извршување се бара, извршителот е овластен да избере средства на извршување и предмети на должникот заради целосно извршување на извршната исправа. [16] Член 27, Закон за извршување, Сл. Весник на Р. М. бр.35/05, од 18.05.2005 Поднесување на барање за извршување (1) Барањето за извршување на извршната исправа доверителот го поднесува до извршителот. (2) Извршителот е должен да постапува по барањето за извршување. (3) Со врачувањето на извршната исправа чие извршување се бара, извршителот е овластен да избере средства на извршување и предмети на должникот заради целосно извршување на извршната исправа. [17] Член 40, Закон за извршување, Сл. Весник на Р. М. бр.35/05, од 18.05.2005 "(1) Извршителот ги презема следниве дејствија: …- прибира податоци за имотната состојба на должникот во функција на извршувањето;… - врши попис, процена, пленидба и продажба на подвижни предмети, права и недвижности, прима средства од должникот, предава во владение ...; - врши иселување и други извршни дејствија потребни за спроведување на извршувањето определени со закон и подзаконски акти;… - врши и други дејствија предвидени со закон…." [18] Член 24, Закон за извршување, Сл. Весник на Р. М. бр.35/05, од 18.05.2005 Предмет на извршување "Предмет на извршување заради намирување на парично побарување може да биде секој должников предмет или имотно право, што со закон не се изземени од извршување, односно доколку извршувањето врз нив не е ограничено со закон."

128

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА МЛАДИНСКАТА ГРУПА 2008 Проектот „Школа за човекови права“ е долгогодишен проект реализиран во рамките на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија. Но слободно може да се каже дека во периодот од 2007 па наваму се напави многу за заздравување и проширување на Младинската група која де факто основата на школите. Во таа смисла Младинската група во 2008 година работеше доста напорно во насока на исполнување на предвидените активности и проекти. Освен што овој проект се остварува на локално ниво истиот е дел од активностите на останатите групи на регионално ниво, односно тој се спроведува во земјите од Западен Балкан, во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Косово. Минатата година во Македонија беа одржани 4 школи за човекови права и тоа во месеците јуни- јули и месец август кога течеа паралелно по две школи. Спонзор на активностите на школите за човекови права е Хелсиншкиот комитет за човекови права на Норвешка. Школи во Македонија Во рамките на школите за човекови права активно учество земаа осумдесет средношколци на возраст од 16-18 год. од различни градови како Скопје, Гостивар, Куманово, Струга, Дебар, Битола и Кочани кои истовремено учеа нови работи но напоредно и се забавуваа и дружеа. За време на школата за човекови права беа опфатени најразлични теми поврзани со човекови права, за основниот концепт на човекови права и

слободи и нивната заштита на домашно и меѓународно ниво, почитување на разликите, толеранција, еднаквост и конструктивно разрешување на конфликтите, монокултурно и мултикултурно општество. Во рамките на школата учесниците стекнаа знаења поврзани со половата еднаквост, ЛГБТ правата, правата на децата, теми кои особено беа интересни за учесниците бидејќи се уште овие теми се пропратени со најразлични стереотипи и предрасуди. За остварување на предвидените тематски целини беа инволвирани

универзитетски професори и врвни професионалци, кои несебично им го пренесоа своето знаење на учесниците и ги поттикнаа на размислување за определни теми. За време на школата се зборуваше и за Европскиот суд за човекови права, Советот на Европа, УНИЦЕФ, ОН, но беше одвоено место и за темата: сексуално преносливи болести и дискриминацијата на луѓето кои живеат со овие болести. Темите кои беа опфатени во програмата беа презентирани преку најразлични игри, работилници, дебати и дискусии каде сите учесници можеа да дојдат до израз, да го истакнат својот личен став за определено прашање, отворено да дискутираат за определената тема, а притоа да научат многу за темата. Во секоја од темите кои беа презентирани учесниците активно се вклучуваа со најразлични презентации кои сами ги подготвуваа, работа во групи, игри на симулација, дискусии. Школата за човековите права резултираше и со воспоставување нови пријателства и контакти, надминување на етничките поделби и толеранција помеѓу младите, подобрена комуникација, размена на нивните искуства и нивна соработка и дружења како на самите предавања/работилници така и во слободното време кое им беше на располагање на учесниците по завршување на сесиите.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

129

Извештај за работата на Младинската група 2008 Други локални активности Младинската група при Хелсиншкиот комитет работеше на проект чија што основна цел беше да се осознае за правата на студентите во рамките на универзитетите низ Републиката (државните и приватните), колку нивните права се почитуваат од страна на професорите, дали во рамките на универзитетите се држи настава поврзана со човековите права, колку студентите знаат за ЕКЧП и правата опфатени со оваа конвенција. Беа изготвени анонимни прашалници кои опфаќаа најразлични прашања од кои можеше да се добие одговорот кој беше потребен. Прашалниците беа дистрибуирани до студените, меѓутоа покрај самите анкети кои беа формални на некој начин, со студентите се одржуваа и неформални разговори, каде што истите без страв ги посочуваа проблемите со кои се соочуваат, поделбите кои се вршат од страна на професорите врз социјалната положба, етничка припадност, корупцијата која се јавува во факултетите, работата на институцијата која е задолжена да се грижи за студентските права и сл. Покрај прашалниците беа подготвени и прашања за самите декани, преку кои го добивавме нивното мислењето за состојбата на човековите права на факултетите. Разговорите кои се водеа со деканите беа снимени и истите беа вклучени во краткиот докуметарен филм кој се изготви по завршувањето на проектот. Краткиот документарец покрај одговорите на деканите за почитување на студентските права во рамките на нивната институција ги содржеше и одговорите на студентите, па со тоа се направи една компарација помеѓу мислењата на студентите и деканите. Иако поголемиот број од универзитетите ни дозволија да ги дистрибуираме прашалниците, имаше и Факултетити кои откако ги погледнааа истите не ни дозволија да ја извршиме анкетата, а причината за истото не беше образложена. Откако беа обработени анкетите и сублимирани самите резулати беа воочија бројни повреди на студентските права а со тоа дојдоа до израз и незаконитите работења на дел од факултетите, а општа констатација е дека малкумина од студентите знаат за ЕКЧП и нејзината важност. Тековен проект на младинската група е „Употребата на верските симболи во средните училишта и како тие влијаат врз односите меѓу самите ученици и меѓу учениците и самите професори“. Целта на Младинската група при Хелсиншкиот комитет беше да се истражи како влијае употребата на верските симболи од страна на професорите и учениците во средните училишта. Дополнителен стимул за работа во оваа област ни е и тоа што од месец септември веронауката се воведе како изборен предмет во училиштата. Идејата е да се истражи ставот на учениците за јавното истакнување на верските симболи од страна на нивните соученици или професори и какво чуство истото побудува кај нив;дали верс-

130

ките симболи се злоупотребуваат од страна на определни групи со деструктивни намери за придобивање на поголем број на следбеници за ширење на омраза, верска и етничка нетрпеливост меѓу учениците;дали користењето на верските симболи резултира со дезинтеграција на учениците или пак претставува начин за зближување меѓу различните групи. Овој проект е замислен да се одвива во две фази. Младинската група ја заврши првата фаза која беше предвидена како пилот истражување. Беа избрани 8 средни училишта со кои стапивме во контакт и во кои го спроведовме анкетирањето.Членовите работеа на обработка на прашалникот и ги добивме првите резултати од пилот истражувањето. Во период кој следи Младинската група ќе работи и на втората фаза

во која е предвидено да се спроведе анкетирање и низ останатите средни училишта во другите градови. Регионални школи и активности Младинската група минатата година учествуваше и на две регионални школи за човекови права и една патувачка школа. Школата за човекови права, 12 по ред се одржа во Тиват од 13-20 Март 2008 год. На тема пишување на проекти. Тринаесеттата за човекови права за млади од Западен Балкан на која присуствуваа членовите на Младинската група се одржа во Босна и Херцеговина и Хрватска од 26 Мај до 2 Јуни. Оваа школа е наречена патувачка школа бидејќи за време на истата се посетуваат места кои се погодени од воените конфкликите, се посетуваат

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

најразлчини музеи се разговара со млади луѓе за нивните искустав и сл. Во периодот од 12-17 Ноември 2008 год. во Брезовица - Косово, беше одржана 14 регионална школа за човекови права на тема „Косово како новоформирана држава“. За време на оваа школа членовите на групата се стекнаа со знаења за историјата на Косово, случувањата на Косово за време на 80-90 години, меѓународниот и регионалниот аспект за независноста во Косово. Учесниците имаа прилика да разговараат со жителите на Косово, да посетат српски енклави и да разговараат за проблемите на луѓето кои живеат во нив, да се сретнат со меѓународони претставници. Младинците ги посетија градовите Призрен, Митровица а за време на посетата на Приштина младите одржаа и улична акција на која беа испратени

пораки за мир и солидарност. Се со цел Младинската група да го продолжи контактот со учесниците од одржаните школи за човекови права се одржаа два состаноци на кои присуствуваа и членовите на групата од другите градови ширум Републикава а кои пројавија интерес за работата на групата. На состанокот се разговараше за повеќе теми поврзани со работата на Младинската група како и за импресиите на учесниците од школата за човекови права, што таа променила кај нив, како тие го пренесуваат стекнатото знаење и сл. Целите на овие средби беа реализирани и резултатите се видливи: младите имаат чувство дека се дел од група и дека групата функционира; тие продолжуваат со комуникацијата и пријателството создадени за време на школите; мотивирани се да бидат

активни во некои акции низ кои ги решаваат своите проблеми; создаваат чувство дека нивните идеи и предлози привлекуваат внимание и дека тие така се дел од општеството; се создава простор каде тие секогаш можат отворено да ги споделат своите размислувања и опции. Групата заедно со подршка на регионалиот тим го одбележа 10 Декември, односно 60 год. Од Универзалната декларација за правата на човекот или како што е познат денот на човековите права. Акцијата беше спроведена на плоштадот во главниот град на Македонија Скопје, а членовите ги делеа своите пораки, декларации кои содржеа податоци за тоа што претставува Денот на човековите права, балони кои беа испишани со најразлични пораки а дел од членовите на групата шетаа со натписи во рацете се со цел да го привлечат внимание на граѓаните. Граѓаните ја подржаа целосно оваа акција а нивните реакции беа најразлични. Членовите на младинската група поттикнати од се поголемиот број натписи во печатените медиии кои го содржат говорот на омраза и пасивноста на надлежните органи по ова прашање а особено револтирани од натписот „Се молат Ромите да не прават цигански работи“ во соработка со Невладината организација ИНФО Центар и Младинскиот образовен форум организираа дебата на тема „Зошто Ромите се уште се цигани во јавноста“. На дебата беа повикани гости од најразлична област како новинари, медиуми, претставници на Советот за радиодифузија, претставници од невладините организации а како дебатери се јавија и двајца членови на Младинската група. Членовите јавно ги истакнаа своите ставови и размислувања по ова прашање а со истите ги поттикнаа присутните на плодна дискусија. Целиот овој период членовите на Младинската групаа работеа и на дистрибуција на прирачниците „Во право си“ низ средните училишта како во Скопје така и низ останатите градови ширум Републикава. Младинската група при Хелсиншкиот комитет изготви брошура за групата, чија што цел е да се промовира групата, односно сите заинтересирани да ги добијат потребните информации за групата. Брошурата содржи информации за основањето, целите, приоритетите и карактеристиките на младинската група. Меѓутоа во брошурата се наведени и активностите, проектите кои биле работени од страна на групата и тековниот проект на кој моментално работи групата. Во брошурата беа навeдени и информации за долгогодишниот проект кој се работи од страна на групата „ школите за човекови права“, како се станува член на групата и сл. Брошурата освен на македонски јазик е преведена на албански, турски, ромски и англиски а истата ќе биде дистрибуирана низ средните училишта во Скопје и низ останатите градови. Целта е да се придобијат што поголем број на нови членови кои ќе и се придружат на групата и кои активно ќе се вклучат во работата на групата.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

131

Тркалезни маси

„ЗАШТИТА НА РАЗУМНИТЕ ОЧЕКУВАЊА НА ПРИВАТНОСТА НАСПРОТИ ЕФИКАСНОСТА ВО БОРБАТА СО КРИМИНАЛОТ И КОРУПЦИЈАТА ВО ПРАВНАТА ДРЖАВА“ Во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија на ден 25.11.2008 година беше одржана тркалезна маса на тема „Заштита на разумните очекувања на приватноста наспроти ефикасноста во борбата со криминалот и корупцијата во правната држава“. Целта на оваа трибина беше да се обезбеди размена на мислења и аргументи помеѓу надлежните државни власти и експертската јавност и невладиниот сектор во врска со правното уредување и практичната примена на посебните истражни мерки и други слични методи кои ги применуваат органите со посебни овластувања од аспект на барањата на една модерна правна држава во која владее правото. На тркалезната маса активно учество земаа претставници на акдемските структури, МВР, адвокати и јавни обвинители, Директорат за заштита на лични податоци, Агенција за разузнавање, телекомуникациски провајдери, како и невладиниот сектор.

132

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

ЗАКЛУЧОЦИ ОД ТРКАЛЕЗНАТА МАСА ЗА ПРЕПОРАКИТЕ НА КОМИТЕТОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТОРТУРА КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Организирана од Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија заедно со Министерството за внатрешни работи одржана на 24 април 2008 година во Хотел Арка во Скопје

Н

а тркалезната маса учествуваа 15 претставници од власта (Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, МАРРИ), граѓанското општество, Канцеларијата на Народниот правобранител, Полициската академија и Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права. Примарната цел на средбата беше да поттикне отворена и инклузивна дискусија околу слабостите кои се повторуваат од година во година во однос на работата на Министерството за внатрешни работи (МВР) и наоѓање начин што е можно поитно имплементирање на препораките на Комитетот за превенција од тортура кои се однесуваат на ова министерство. Во оваа насока се разговараше и за ратификација на Факултативниот Протокол кон Конвенцијата за спречување на тортура и формирање на Национален Превентивен Механизам во еден транспарентен процес при што во истото задолжително да биде вклучен и невладиниот сектор, а се со цел превентивно да се делува на службените лица во МВР и да се намали можноста од евентуални случаи на тортура или друго малтретирање на задржаните лица. На тркалезната маса беа донесени следниве заклучоци: - потребна е итна имплементација на препораките на Комитетот за превенција од тортура кои се однесуваат на Министерството за внатрешни работи на Република

Македонија;

биде точно и прецизно пополнувано;

- потребно е навремено спречување на полициските пречекорувања и мониторирање на постапувањето на полициските службеници со задржаните лица во полициските станици;

- законски предвидениот максимум за ограничување на слободата на движење на задржаните лица не смее да се пречекорува;

- да се подобрат материјалните услови во 38-те полициски станици наменети за задржување на лица, што подразбира да се унапреди хигиената (чисти и пристојни услови за задоволување на физиолошките потреби, како и услови за одржување на личната хигиена), осветленоста (природно и вештачко осветлување), вентилацијата, да се предвидат средства за исхрана на задржаните лица и сл.; - полициските службеници задолжително да ги информираат задржаните лица за нивните права, и особено да ги почитуваат трите фундаментални права, односно по избор на лицето: а. да се информира трета страна за задржувањето, б. право на пристап до бранител, и в. право на пристап до доктор; - да се посвети внимание на безбедноста на задржаните лица, но и на полициските службеници (поставување на алармни системи или таканаречени „системи за повикување“ во полициските ќелии, водење на записници за интервјуата - распитите, поставување на камери во полициските станици); - за секое лице кое е задржано во полициска станица задолжително да се води посебно досие (записник), кое ќе

- итно е потребен професионален тренинг и специјални обуки на полициските службеници во МВР (на сите нивоа), а посебно на службеникот за прифат - сменоводителот; - потребно е да се подготват прирачници за начинот на водењето на интервјуто – распитот на задржаните лица, и пожелно е негово електронско (аудио или видео) регистрирање; - да се воспостават посебни процедури за постапување со ранливите групи: деца, стари лица, хендикепирани лица и др.; - потребни се редовни средби меѓу МВР, Народниот правобранител и НВО, на кои ќе се разговара за конкретни проблеми со цел нивно решавање; - да се ратификува Факултативниот Протокол кон Конвенцијата за спречување на тортура; - да се формира Национален Превентивен Механизам во еден транспарентен процес во кој задолжително да биде вклучен и невладиниот сектор. Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија (мај 2008)

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

133

Одгласи во медиумите Хелсиншки: „Змиско око“ полн со апсурди

A1

18.11.2008 15:57

„Проектот ’трето дете‘ дискриминаторски“ 09.03.2009 Стратегијата на Владата за зголемување на наталитетот е дискриминаторска, оценува Хелсиншкиот комитет. Според Комитетот, доделувањето на родителска помош само во општини со природен прираст од 2,1 промил е неправедна во однос на мајките кои живеат во останатите општини. Хелсиншкиот комитет обвинува и за етничка дискриминација, бидејќи само албанските општини Зајас и Осломеј го исполнуваат условот за родителска помош. „Се доби заклучок дека со овие закони е направена дискриминација на граѓаните, пред се врз основа на поделеност на општини. Прашањето е, врз што е определено да биде процентот од 2,1% и зошто не е определено да биде на цела територија на РМ“, рече Ваквата стратегија на Владата се најде и пред Уставниот суд бидејќи законските одредби не важат на целата територија, и со тоа, според Хелсиншкиот комитет, создаваат нееднаквост и не се во функција на заштита на мајчинството и децата. Премиерот Груевски сепак останува на ставот дека законот делува поттикнувачки за брачните парови. Дали ако падне на Уставен, ќе биде прогласено за цела територија на Република Македонија? „Не можам да претпоставувам, ниту да нагаѓам што ќе се случи, како ќе се движат работите, така ќе правиме. Во секој случај, Владата ги почитува одлуките на судовите“, изјави Никола Груевски, претседател на Влада. Од први јануари годинава родителите кои ќе добијат второ дете имаат право на месечен надоместок од 5 илјади денари во траење од девет месеци, а 8.250 денари оние кои ќе се одлучат за трето дете. Помошта родителите ќе ја добиваат 10 години. За четврто дете родителите 15 години месечно ќе добиваат по 11 илјади и 500 денари. Но, тоа не важи и за општините со стапка од над 2,1 промил. --------------------------------------------Полнолетни лица сместени во затвор за малолетници 25.12.2008 18:44 Три полнолетни момчиња кои сториле кривично дело сместени во затвор за малолетници. Ова е една од забелешките на Хелсиншкиот комитет објавена во нивниот последен извештај. Но, наместо да ги заштити, оваа институција во извештајот ги објавува нивните имиња и презимиња. Дали со ова е направена злоупотреба на личните податоци на осудените? „Тука не би знаела дали мораше. Претпоставувам дека не претставува никаков проблем со оглед на тоа дека веќе беше објавено од страна на затворот. Значи беа дадени имињата и презимињата целосно“, изјави Кети Јандриовска, Хелсиншки комитет. Од Хелсиншки коментираат дека до сега објавувале исклучиво иницијали, освен во случај кога самите луѓе барале да се напише нивното име и презиме. Иако имињата на момчињата биле претходно објавени, сепак е направен пропуст, велат во Дирекцијата за заштита на лични податоци. „Дали целта којашто Хелсиншки комитет сака да ја постигне со ова поглавје од извештајот, би се постигнала и без да се објават имињата и презимињата. Според нас би се постигнала целта. Обемот на податоците, треба секогаш да внимаваме да соодветствува на целта. И да биле ставени со иницијали, или чисто да било како статистички показател, три полнолетни лица издржуваат казна затвор во малолетнички затвор, би се постигнала целта“, вели Елена Стојановска, Дирекција за заштита на лични податоци. Според дирекцијата многу често се прават злоупотреби на личните податоци и од страна на медиумите и од страна на институциите. Но, од следната година прекршителите ќе се санкционираат парично. казните се од 500 до 5 000 евра во зависност од тежината на направената злоупотреба.

134

Процесот „Змиско око“ со низа недоречености, спорни и спротивни вештачења, се претвори во циркус врз кој судот ја изгуби сета контрола. Хелсиншкиот комитет ваквата оцена ја појаснува со апсурдот што направената штета ја извршил вештак кој и самиот појаснил дека воопшто не е. За комитетот уште понејасно е што иако не е докажано никаква штета на патарините, судот веќе прифатил побарување од 2,7 милиони евра кон Фондот за патишта, од каде првично пријавуваа вишок на пари. „Нашиот став е дека судот требаше да постапи според она што го пропишува законот за кривична постапка, а тоа е дека кога имате контрадикторни вешатчења да побарате нови. Единствено што ни останува е да се надеваме дека прифаќањето на овие контрадикторни вештачења не е дел од сценариото за овој случај, кој требаше да доведе до пресуда по секоја цена“, изјави Исо Руси, Хелсиншки комитет. Обвинетите неодамна на прес конференција посочија дека видни имиња од политичкиот врв се инволвирани во аферата „Змиско око“ и во шемата на земање пари од патарините. Самите контролори кои беа снимани, станаа главни сведоци во процесот и на снимките, според сега обвинетите, посочувале дека парите ги собираат за одредени политичари и кампањи. Тврдеа дека вештачењето е донесено и прифатено под политички притисок, со цел да бидат осудени и да не пропадне најголемата акција како што до сега се нарекуваше. --------------------------------------------Каква ќе биде политиката на Обама спрема Македонија 05.11.2008 21:18 „Јас не очекувам некоја драматична промена и не верувам во неа, со доаѓањето на администрацијата на Обама“, вели за А1 Исо Руси, претседател на македонскиот Хелсиншки комитет. Господине Руси, како никогаш досега, Американците гласаа на овие избори. Дали е тоа тајната на успехот на Обама? - Па, Американците покажаа дека секогаш кога се соочени со сериозна криза, умеат да направат историски исчекор. Одзивот на овие избори се мери со оној кога беше избран во ’60-те Џон Кенеди, тогаш Америка се соочуваше со кризата на меѓурасните односи и со доаѓањето на изборот на Кенеди се реши сегрегацијата. Сега, 50 години потоа, го избраа за претседател човекот кој беше инфериорен во ’60-те. Одзивот само го потврдува тоа чувство на Американците во криза да прават историски исчекори. Значи, дефинитивно е потврдено дека Америка е подготвена за промени, како што најавува Обама. - Да, јас мислам дека тие ја избраа и единствената опција која им нудеше шанси за промени, Обама од самиот почеток ги промовираше промените и ги мотивираше гласачите да гласаат за него. Во македонското јавно мислење постои еден став дека со промената на администрацијата, со доаѓањето на републиканците на власт, дека можеби ќе се промени и ставот на американската официјална политика кон Македонија во спорот со името. Вие како човек што една година живеевте таму, ги следите тие работи, слушате дека во последно време се зборува за Холбрук, се зборува за Строук Талбот, се зборува за Пауел како висок претставник на американската администрација. Очекувате ли дека Македонија можеби ќе ги загуби пријателите во Вашингтон? - Не, далеку од тоа, но треба да се потенцира дека она што се случи за време на администрацијата на Буш беше среќна околност и која најверојатно нема да се повтори во така блиско време и да бидеме искрени дека тоа време и шансите од тие прилики ги пропуштивме и самите. Значи, јас не очекувам некоја драматична промена и не верувам во неа, со доаѓањето на администрацијата на Обама и нешто што се заборава, дека луѓето кои ги спомнавте, вклучувајќи го и новиот американски потпретседател, се луѓето кои ја креираа американската политика на Балканот во ’90-те.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Нема да дојдат луѓе кои не знаат што се случува во регионот, вклучувајќи ја и Македонија. Значи не не очекуваат црни сценарија, барем што се однесува до Вашингтон? - Па, би било премногу несериозно за една голема сила како САД, работите да може да се одвиваат така црно-бело. --------------------------------------------Каде Хелсиншки гледа кршење на човекови права? 31.10.2008 18:48 По два месеца пратениците седнаа да дебатираат каде Хелсиншкиот комитет за летните месеци забележал кршење на човековите права. Заклучоците се еднострани, не сме непријатели, треба да соработуваме, иницира МВР. „Ние тврдиме дека ние не сме антагонистички страни, напротив“, рече Воислав Зафировски, МВР. „Ние да седнеме и да се договараме со нив, не ни паѓа на памет“, изјави Исо Руси, Хелсиншки комитет. Алфите повторно на тапет, тие не можат да бидат над институциите и затоа посебна работна група ќе ја оценува нивната работа. Дали е можно нивно расформирање во случај на негативен извештај? „Не би прејудицирал, меѓутоа се е можно“, рече Зафировски. Мнозинството забележува зошто се амнестира претседателот Црвенковски, бидејќи не се нотирани случаите на амнестија на криминалци, насилници на избори и на Заев во извештајот на Хелсиншки. Не амнестираме никого, тврди Руси. „Го прозвавме Претседателот и му рековме дека селективно постапува во однос на барањата за помилување, бидејќи евидентен случај за судење на воено злосторство од 2001. година, постои случај на човек кој лежи во затвор, сите заклучно со претседателот на Судскиот совет говорат за грешка, човекот лежи во затвор, а Претседателот не го користи своето право да го помилува“, вели Руси. За хашките случаи, за нив работата е јасна - го бараат писмото со кое случаите се вратени од Хаг за да се види дали се исполнети или не условите за амнестија. Омбудсманот бара брзи и квалитетни истраги, а политиката да ги тргне настрана рацете и влијанието за сите случаи. --------------------------------------------Хелсиншки: Условите во специјалните заводи многу лоши 28.10.2008 13:33 Хелсиншкиот комитет за човекови права со сериозни забелешки за условите во Заводите за лица со посебни потреби низ државава. Хигиенски услови под долната граница на хуманоста, неуспешна ресоцијализација на штитениците, нестручен кадар за медицинска и психосоцијална помош. Ова се само дел од проблемите кои ги детектираше Комитетот при посетата на овие установи. „Обврска на институциите на системот е да се грижат за тие услови и да воспостават не само ова ние што го бараме, минимум на минимумот, туку да одат во остварувањето на она што се очекува од нив во поглед на имплементација на некои нови сознанија за третманот на тие луѓе корисници на услугите во овие институции“, вели Исо Руси, претседател на Хелсиншки комитет. Ништо подобра не е ниту состојбата со психијатриските болници. И таму животните услови се неприфатливи. Без програма за рехабилитација и употреба на каиши за врзување на пациентите. „Потебно е итно осмислување на програмски содржини и активности за подобрување на состојбата, здравствената состојба на пациентите, бидејќи тоа е и ако не главна, една од најголемите причини зошто тие пациенти се сменжстени во установа таква, а не на друго место“, рече Ана Стојковиќ, Хелсиншки комитет. Според Хелсиншки, посебно внимание треба да се посвети на пациентите кои ги напуштаат психијатриските болници. Потребно е нивно вклучување во центри за ментално здравје, социјални клубови и вработување во заштитни фирми.

Не може да има амнестија за четирите хашки случаи 17.10.2008 12:05 Предметите вратени од Хаг не потпаѓаат под закон за амнестија, но македонските судови можат да постапуваат по нив само доколку таква одлука донел Трибуналот или од неговото Обвинителство. Хелсиншкиот комитет смета дека не може во никој случај да има амнестија за случаи на тешко кршење на меѓународното хуманитарно право, но за нив останува отворено прашањето како и во која фаза се вратени четирите предмети. Без одговор на тоа прашање, велат од Хелсиншки, се е дневна политика и злоупотреба на правото за нејзини цели. „Фали одговорот на прашањето, на каков начин и во каква фаза се вратени хашките предмети во Република Македонија? официјален документ на хашкиот трибунал со одговор на ова прашање се уште не и е предочен на јавноста., иако по случаите веќе се постапува. Од страна на хелсиншкиот комитет веќе се постапува, значи до надлежните институции на Република Македонија и до хашкиот трибунал, со барање на одговор на ова прашање“, изјави Кети Јандријевска Јованова, од Хелсиншки комитет. Властите на почетокот на оваа година, кога од Хаг стигнаа предметите, тврдеа дека целиот трансфер е направен согласно законот за соработка со Трибуналот. Јавниот обвинител, Шврговски, уште тогаш толкуваше дека за нив нема амнестија. „Согласно постојниот закон за амнестија што е донесен, за овие случаи неважи. Дали ќе се носи нов закон е работа на политичките партии и работа на Собранието“, вели Љупчо Шврговски, државен јавен обвинител. Партиите на Албанците инсистираат „хашките“ случаи да бидат опфатени со Законот за амнестијата. ДУИ бара домашни и странски експерти да го толкуваат Законот, а ДПА смета дека Собранието треба да даде автентично толкување за него. --------------------------------------------Првите сведоци за Заев утре пред истражен судија 29.07.2008 16:22 Утре кај истражниот судија ќе се појават првите од неколкуте сведоци за случајот Заев, пред се семејствата кои тужат за земјиштето каде што е изграден деловниот центар. Токму адвокатите со документи и денеска убедуваа дека ниту обвинението, ниту притворот не се издржани по ниедна точка. За истите семејства што ќе се појават како сведоци има судска одлука дека немаат право на враќање надомест. „Самото обвинителство има контрадикторност во обвинението. Од една страна, го обвинува господинот Заев дека градел на државно земјиште, а од друга страна се бори да им се врати земјиштето на подносителите на барањето за денационализација“, рече Ване Андреев, адвокат. Адвокатите покажаа договори на ЈП и градежна фирма, исти како и тоа на Заев за право на користење на градежно земјиште. Тие појаснија и дека Министерството за транспорт еднаш дало насоки за изградбата на деловниот центар, по кои е постапено и по што не реагирале повторно. „Инспекторатите од Министерството за транспорт и врски и Управниот инспекторат ги немаат укинати, нити поништено одобренијата за градба и одобренијата за локациски услуги. Обвинителството, истрагата би требало да ја насочи и спрема наведените органи при Министерството“, вели Ване Андреев. Дали по ваквата одлука, некој од Кривичниот совет во догледно време ќе напредува во апелационен судија, прашува одбраната на Заев? Такви примери досега имаше до судската пракса. Заев наместо во „Александар Палас“ да ја прими наградата од 15.000 евра за општината од Фуере за деловниот центар, остана во ќелија со уште седуммина да ја чека посетата на адвокатите. Семејството првпат ќе може да го посети дури на 5 август. Апсењето на Заев беше причина да се јави коалицијата „Сите за правично судење“, поддржана од ОБСЕ и шведскиот Хелсиншки комитет. Го осудуваат спектакуларното приведување на струмичкиот градоначалник, но и поставувањето како топ настан на медиумите. Од коалицијата прашуваат дали со самото сомневање за

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

135

Одгласи во медиумите кривично дело секој ќе биде жигосуван во интерес на МВР, а со цел да се покаже нивната ефикасност во борбата со организираниот криминал? --------------------------------------------ХК: Пресумпцијата на невиност е загарантирана со Уставот 23.07.2008 14:53 Начелото на пресумпција на невиност континуирано се игнорира во секојдневните случаи во кои апсењата на осомничени се снимаат, а настанот е топ тема во сите медиуми. Ова го оценува Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија, укажувајќи дека борбата против корупцијата и криминалот не смее да го урива таквото начело, кое е загарантирано со Уставот. Посочувајќи дека Министерството за внатрешни работи е организатор и реализатор на акциите на приведување, Хелсиншки констатира дека е „симптоматично како медиумите се точно известени за денот, часот и местото на приведување, па се во можност спектаклот на уривање на нечие достоинство да го прикажат на целокупната македонска јавност“. „Ова дотолку повеќе што полицијата е обврзана со Кодексот на полициска етика објективно да ја информира јавноста притоа внимавајќи на принципите на доверливост на податоци и заштита на личниот интегритет, како и заради причините на водење на кривичната постапка“, наведува Хелсиншкиот комитет. Комитетот укажува дека обврска да го почитуваат начелото на пресумпција на невиност имаат и новинарите. „Во ниту еден случај немаме намера да го минимизираме правото на јавно информирање, но ги повикуваме новинарите да бидат внимателни и притоа да не ги повредуваат другите базични права како што се пресумпцијата на невиност и правото на почитување на приватниот и семеен живот, кои се загарантирани и со Европската Конвенција за човекови права“, укажува Хелсиншкиот комитет. --------------------------------------------Во Македонија се уште има тортура 25.06.2008 19:12 Во Македонија се уште има тортура, а само годинава се документирани повеќе сериозни случаи на полициска тортура, се наведува во апелот на Хелсиншки комитет на Македонија по повод Светскиот ден за поддршка на жртвите од тортура 26 јуни. Хелсиншкиот комитет на Македонија побара земјата што поскоро да создаде национални механизми за превенција од тортура, која се уште ја има во државата. „Апелираме новата Влада да ги забрза подготовките за ратификација на протоколот од конвенцијата на ОН, со што државата ќе преземе обврска да формира национално тело за превенција од тортура“, соопшти Хелсиншкиот комитет, барајќи од Владата во тоа национално тело да биде вклучен и невладиниот сектор. --------------------------------------------Хелсиншки: Предизборната кампања ги навести инцидентите 18.06.2008 12:54 Предизборната кампања со сигурност ги навести инцидентите на досега најлошо организираните избори во историјата на Република Македонија, наведува Хелсиншкиот комитет во месечниот извештај објавен денеска. Речиси воопшто не се почитуваше законската одредба според која предизборната кампања трае 20 дена пред денот на гласање. Практично од самораспуштањето на парламентот започна офанзивна предизборна кампања во која се користеа сите расположливи средства. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ пред официјалниот почеток на кампањата во дневниот печат ја дистрибуираше својата изборна програма. Беа потребни десетина дена Владата под притисок на јавноста да ги стопира своите кампањи, но и

136

покрај одлуката за стопирање Министерството за правда продолжи да објавува огласи во наредните денови. Целта сепак беше постигната - партиите од власта преку владините кампањи добија додатна (бесплатна) реклама. Владините (редовни) активности сепак содржеа елементи на предизборна кампања. Камен темелници, пуштања во употреба водоводи, промоции на кредити за самовработување на невработени... се што веќе е востановено како предизборен фолклор во државата. Сомнежот за сериозни злоупотреби на буџетските средства беа најавите, но и конкурсите за предизборни вработувања. Ваквите владини однесувања го потенцираа прашањето на однесувањето на Владата од моментот на распишувањето на изборите до нивното одржување, колку тогаш Владата се однесува како техничка, а колку заборава на тоа решавајќи се на одлуки и потези кои се етички спорни. Хелсиншкиот комитет има сериозни забелешки и на скапата политичка пропаганда емитувана на националните --------------------------------------------Хелсиншки: Најлоши избори во Македонија 09.06.2008 13:45 Првите вонредни парламентарни избори во Македонија беа најлошо организирани избори во нејзината историја, смета Хелсиншкиот комитет во извештајот за изборите. Според Хелсиншкиот комитет, изборите не беа фер и демократски барем за една четвртина од населението на државата. „Прегласувањето за жал ќе биде само шанса симболично да се поправи впечатокот од инцидентите од 1 јуни, кои ќе бидат темна дамка за демократските процеси во земјата“, стои во извештајот на Хелсиншкиот комитет. Понатаму се констатира дека цели сегменти на власта не ги исполнувале обврските согласно Уставот и законите, туку дека се одело на исполнување на партиските интереси. Од Хелсиншкиот комитет ја обвинија Владата дека во предизборниот период трошела буџетски пари за остварување на теснопартиските интереси. Во извештајот има забелешки и за работењето на Државната изборна комисија, која, според Хелсиншкиот комитет, работела по диктат на Владата. Хелсиншки комитет посебно се осврнува на работата на полицијата, оценувајќи дека полицајците не се промениле, туку спроведувале партиски директиви. Забелешките се однесуваат и на пристрасноста при информирањето на повеќе медиуми, чии сопственици непосредно пред изборите се нашле на изборните листи на власта. --------------------------------------------„Амнести интернешнл“: Реформите во Македонија се запрени 28.05.2008 17:27 Спорот меѓу Претседателот и Премиерот и меѓупартиските судири кај албанскиот политички блок ги запреа реформите во Македонија. Тоа е ставот на организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешнл“, наведен во годишниот извештај. Организацијата, иако има дадено позитивна оценка за реформите во полицијата и во правосудството, забележува на кршење на одредени процедури. „Амнести интернешнл“, повикувајќи се на извештаи на Македонскиот хелсиншки комитет, истакнува дека има случаи на малтретирање за време на апсења и притвор, за кои МВР не спровело истраги во согласност со меѓународните стандарди. Како пример се посочува загриженоста и сомневањата за можната прекумерна употреба на сила во операцијата „Планинска бура“. „Амнести интернешнл“ наведува и дека Комитетот за елиминација на расната дискриминација на Обединетите Нации утврдил дека Македонија не ги исполнила своите обврски кон ромската заедница. Се наведува дека нема поддршка на ромските жени и деца кои се соочуваат со двојна дискриминација врз основа на етничката припадност и на полот.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Според организацијата, тие се дискриминирани и кога се обидуваат да пријават домашно насилство кај властите. Во годишниот извештај на „Амнести интернешнл“ се критикува и тоа што Македонија се уште не ја ратификувала Конвенцијата на Советот на Европа против шверцот на луѓе. --------------------------------------------Европа критикува за малтретирање на притворените 24.04.2008 17:56 Лошо постапување и малтретирање на притворените лица од страна на полицијата, неказнување на полицајците кои несоодветно постапуваат со приведените, лоши услови во полициските простории каде престојуваат приведените лица. Ова се само дел од забелешките на Европскиот комитет за превенција од тортура при Советот на Европа, кои се провлекуваат од осамостојувањето на Македонија. Комитетот при својата последна посета на 38 полициски станици минатата година, воочил дека полицијата не ги овозможува минимум потребните услови на приведеното лице. Како куриозитет, во книгата на една полициска станица пишувало дека од 1.300 приведени лица, ниту еден не побарал адвокат, што за експертите претставува нереално прикажување на состојбата. „Не дека е таа санкција со којашто се закануваат некаква сериозна по некакви објективни последици, но политички навистина има голема тежина и тоа кажува дека игнорантноста на државата кон овие препораки не може да се толерира“, изјави Гордан Калајџиев, Хелсиншки комитет. „Ширум се отворија вратите на партизација на полицијата, ширум се отворија вратите на влегување на секакви структури во полицијата, кои објективно за три месеца, колку што траеја тие курсеви, не можат да се квалификуваат“, вели Воислав Зафировски, внатрешна контрола во МВР. Полицијата по низата критики од Европјаните за несоодветно постапување и лошите услови во полициските станици, подготвила акционен план со кој е опфатена обука на полициските службеници при постапување, санација на очајно лошите простории во кои се чуваат приведените. Но, неопходно е и изнаоѓање на механизам за надворешна контрола на полицијата како услов за запазување на човековите права и анулирање на деградирачкото однесување на полицијата кон приведените. --------------------------------------------Хелсиншки комитет против изградба на црква на плоштадот 18.02.2008 18:28 Изградбата на верски објект на скопскиот плоштад е израз на самоволие и ароганција на владејачката структура. Македонскиот хелсиншки комитет вака реагира во последниот извештај, каде што е наведено дека верскиот објект не е предвиден во детално урбанистичкиот план, а и трошењето буџетски пари за таа намена е надвор од законски предвидените процедури. За комитетот е нејасно зошто државата гради ваков објект, а не верската заедница и со тоа најдиректно се доведува во прашање принципот на одвоеност на државата и верските заедници. Во извештајот се наведува дека по ваквиот потег била очекувана реакцијата на врзани садови, односно одлука за изградба на џамија во центарот на Тетово. Оваа одлука е чекор во промоција на „државна религија“ или „државни верски заедници“ видени во Македонската православна црква и Исламската верска заедница, коментираат од Хелсиншкиот комитет. Во таа насока одлуката за изградба на православна црква и евентуалната одлука за градење на џамија во Тетово само ги фаворизира овие две верски заедници. И воведувањето на веронаука во образованието, оспорено пред Уставниот суд, е еден вид услуга на власта на овие фаворизирани верски заедници, со цел да се воспостават поблиски взаемни односи. „Па, затоа и не чуди обидот на Владата (со писмен допис) да влијае на Уставниот суд пред неговото изјаснување по поднесената иницијатива“, се вели во извештајот на Македонскиот хелсиншки комитет.

2007-ма беше година на апсења 08.01.2008 11:29 Година на апсења, групно и поединечно, со скриени камери, со помпа. МВР почна од своите редови. Заврши со „Змиско око“ кај оние кои главно им беа во партиските структури. Но, помеѓу сето ова лисици на рацете почувствуваа многу функционери, поранешни и сегашни, директори, службеници, генерал. Затворите се наполнија. Тесни беа и ходниците, Шутка стана место за многу познати фаци. Ќелијата стана „Александар Палас“. Ги донесоа кралицата на кокаинот Чочоровска. Ослабе петнаесетина килограми, доби 14 и пол години затвор за божиќниот кокаин увезен од Колумбија, кралот на банката Смиленски, синоним за транзиција, но и колапс. Го чекаат многу судења, првата казна му е три години. Лов на белите мантили. И Дејан Докиќ го почувствува притворот. Обвинет за лепливи прсти, судот го казни парично. Кардиологот Борче Петровски го уапсија на граничниот премин Блаце. Не платил данок, а кога го плати, УЈП почна нова постапка, од каде му се тие 280.000 евра. Хирург и поранешен министер, Владо Димов, со долг кон државата ќе влезе во 2008-ма. Така пресметаа даночниците. Тој е во Турција, се уште не се враќа дома. Петра Митева, се обиде лисиците да ги сокрие со чантата. Заврши со обвинение за злоупотреба на службената положба и домашен притвор. Функцијата е важна дури и кога си од другата страна на законот. Така и Јорго Ќука, од дома ја чека правосилноста на затворската казна од четири и пол години. Спектакуларен маркетинг, вака опозицијата реагираше на апсењата, а невладините предупредија: „Во јавноста да се создаде впечаток дека докажано е оти тој го сторил тоа и дека тој е виновен за тоа, иако процедурата не е ни на самиот почеток“, изјави на 23 јуни 2007-ма Исо Руси, Хелсиншки комитет. Но, кулминацијата беше ден спроти Илинден. На поранешниот премиер Владо Бучковски му преседна одморот на Халкидики. И тој доби тужба. Таа ноќ малку фалеше за тепачка во Собранието. Бучковски остана без имунитет, но успеа без лисици да влезе и излезе од судот. Но, не беше се така ажурно. Иако одамна осудени, ќелиите се уште не ги видоа Ламбе Арнаудов, Даравелски, Тамбурковски. Додека ние ги фотографиравме, власта се прашуваше каде се. Но, Македонија и годинава беше вест од регионот за тензичност, криминалци кои станаа терористи, откако на Џезаир Шаќири не му успеа да го востане повторно Танушевци, а на Заим Алили да го освети неговиот уапсен чичко. „Јас им порачувам на Никола Груевски и на Јанкуловска, ако не го ослободат Џемаил Исени за 48 часа, тогаш јас нив ќе ги фатам. На Мендух Тачи, Рефет Елмази и неговите кодоши им порачувам дека ќе бидат убиени“, рече на 2 септември 2007ма Заим Алили. На групата на Нацист во Бродец и успеа да си направи војска. Нацист побегна трет пат. Биланс на акцијата - шестмина убиени, меѓу нив и Шити, 11 уапсени и многу, многу оружје. Помеѓу криминалот и чесноста, тенка беше линијата кој колку заработил и колку ќе пријави. На некои тешко им беше да го пријават имотот, добија и тужби, па Ахмети мораше тракторот да го внесе во анкетниот лист, а Лека се уште прави попис дома. И Црвенковски требаше да даде отчет за миразот и акциите на сопругата Јасна. А СДСМ точно изброи колку е богат првиот контраразузнавач. „Мијалков ја искористил својата позиција за да влијае на случувањата на Македонската берза и за да има навремени информации кои ќе му обезбедат сигурна заработувачка“, изјави на 14 декември 2007-ма Јани Макрадули, СДСМ. „Можам да кажам дека тоа се стварно смешни работи и на таква режија мислам дека дури и Спилберг може и да позавиди“, рече на 14 декември 2007-ма Сашо Мијалков, директор на УБК. Вака беше во 2007-ма. Но, главните фаци останаа за догодина. Случаите „ОКТА“, „Фершпед“, „Порцеланка“, тобако бизнисот, најмалку 40 случаи. Премиерот најави борба со олигарсите, но повеќе остана на најава одошто на акција. Ја начнавме 2008-ма, година на исчекувања, година во која ветувањата треба да станат реалност.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

137

Одгласи во медиумите

АЛФА Бардовци присилно хоспитализира без судско решение 13 декември 2008, 19:01 Министерствата за правда и за здравство итно мора да ја сменат законската процедура за присилна хоспитализација на душевно болни луѓе -сугерираат од психијатриската болница Бардовци согласувајќи се со оценките на Хелсишкиот комитет за брзо решение на проблемот. Сега законот вели дека судот треба во рок од три дена да го одобри присилното хоспитализирање. Но, во пракса оваа процедура трае и по повеќе од 3 месеци. Постојат дури и случи - судското решение да стигне откако болниот ќе биде пуштен на домашно лекување. Од болницата бараат менување и скратување на процедурата. За проблемот со присилната хоспитализација алармираше и Хелсиншкиот комитет во својот последен извештај. Вината ја гледаат не само во судот туку и кај надлежните во Бардовци. Еден од сериозните проблеми во Бардовци на кои алармираше Хелсиншкиот комитет е и сместувањето на женските осудениците, за нив нема место па собата ја делат со најтешко болните. Во болницата објаснуваат дека доцни спроведувањето на договорот меѓу министерствата за правда и за здравство, за женските осуденици, психички болни, да се изгради посебно одделение во затворите во Идризово или Шутка. Во Бардовци, каде се сместени околу 450 лица, проблем се и лошите материјални услови на некои од објектите, особено на одделението за геријатрија, пренатрупаноста на собите, недоволениот број на медицински сестри и малиот број на хигиеничари. --------------------------------------------Штрајкот во образованието заврши 03 декември 2008, 17:49 Компромис е направен, наставата се нормализира – но СОНК не се откажува од кривично гонење на директорите, градоначалниците и просветните инспектори што вршеа притисок наставниците да се откажат од штрајкот и ги прекршија уставот и законите. По осум дена штрајк, СОНК успеа кај власта да излобира дел од барањата – потпишани се колективните договори за основно и средно образование, во финансискиот дел ќе почна да важат дури од први јануари 2010 година, наставниците од јуни ќе добијат за 900 денари повисока хранарина. Најголема придобивка е што ќе се реши статусот на 8 до 10 илјади наставници кои засега работат на неопределено време. До феруари треба да се реши нивниот статус и да добијат решенија на неопределено. Штрајкот на СОНК ја затекна власта која наместо веднаш да седне на преговарачка маса со синдикатот со сите сили се обидуваше да го скрши отпорот на наставниците. Реагираше и интернационалата за образование од Брисел. Притисоците ја забетонираа Македонија на последната позиција по слобода на здружување според Фридам Хаус и го покажаа недемократското лице на власта – реагираа од хелсиншкиот комитет за време на штрајкот. --------------------------------------------Не стивнуваат притисоците да запре штрајкот во образованието 25 ноември 2008, 18:00 Власта не е подготвена за преговори со синдикатот, туку со силен притисок се обидува да ги запре протестите на вработените во образованието, науката и културата – вели Исо Руси претседател на Хелсиншкиот комитет. Ваквата ситуација ја зацементирата Македонија на последната позиција според Фридам хаус во

138

остварувањето на работничките права и синдикално здружување. Штрајкот ќе престане кога ќе се решат причните што го предизвикаа – вели Руси. - Ако се парите проблем со право ќе се прашате зошто таа иста влада е многу дарежлива за реклами. Најважно е граѓаните да бидат слободни да го изразат своето мислење – вели Звонимир Јануловски експерт за човекови права. Правото да се штрајкува го гарантира уставот – јасни се професорите по трудово право. Засега нема сигнали дека министерот Стојановски е подготвен да седне на иста маса и да преговара со синдикалецот Цветановски. --------------------------------------------Трибина за заштита на приватноста наспроти борбата со криминалот и корупцијата 25 ноември 2008, 09:51 Во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија денеска ќе се одржи тркалезната маса на тема „Заштита на разумните очекувања на приватноста наспроти ефикасноста во борбата со криминалот и корупцијата во правна држава“. Цел на трибината е да обезбеди размена на мислења и аргументи помеѓу надлежните државни власти и експертската јавност и невладиниот сектор во врска со правното уредување и практичната примена на посебните истражни мерки и други слични методи кои ги применуваат органите со посебни овластувања од аспект на барањата на една модерна правна држава во која владее правото. На тркалезната маса посебен акцент ќе се стави на стандардите востановени во практиката на Европскиот суд за правата на човекот, компаративните искуства од европските држави, САД и регионот. Според програмата, на тркалезната маса поканети се претставници на академските структури, Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, судии, адвокати и јавни обвинители, Директоратот за заштита на лични податоци, Собраниските комисии за контрола врз УБК и АР, невладиниот сектор, политичките партии, телекомуникациските провајдери и Здружението на електронски провајдери. --------------------------------------------Вработувања по партиска линија 04 ноември 2008, 18:29 Без партиска книшка нема вработување во јавната администрација. На ова се пожалиле 365 граѓани до Народниот Правобранител. Најчестите поплаки се дека не се почитува законот, не се цени стручната подготвеност, а партиската припадност е главен аргумент за да се дојде до работно место во државната администрација. “Луѓето кај нас доаѓаат да се пожалат на безперспективност. Велат дека не постои шанса да дојдат до работно место, без партиски врски” изјави Уранија Пировска- Портпарол на Народниот Правобранител. Ако почуствуваат дека човековите права при вработувањата им се повредени, граѓаните можат да се пожалат и до Хелсиншкиот Комитет. Од оваа институција велат дека мал е бројот на случаи што го спорат партиското вработување, бидејќи според Руси граѓаните се помириле дека без поддршка од партијата на власт тешко ќе се вработат во владините институции. “Системот е дојден до совршенство, бидејќи симпатизерите очекуваат да бидат наградени од партијата на власт. Ова е лош сигнал” Исо Руси- Хелсиншки Комитет. Да не се вработува партиски неодамна алармираа монетарците, а Европската Унија повеќе пати изразуваше загриженост за партизираната администрација. Од Владата стојат на ставот дека главен критериум при изборот е да се вработи стручен, а не партиски кадар. Токму Владата на Груевски остро ги критикуваше претходниците за непотизам и ветуваше дека нема да вработува по партиска линија.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Потребна е итна реконструкција на Специјалниот Завод „Демир Капија“ 29 октомври 2008, 18:23 По загрижувачките извештаи на Хелсиншкиот комитет за човекови права, за катастрофалната состојба на македонските заводи за лица со специјални потреби. „Алфа“ во посета на штитениците во Заводот во Демир Капија. Од една страна реновирани одделенија, парк и ресоцијализација на штитениците, од друга страна загрижувачки хигиенски услови, недостиг на професионален кадар и лекови, како и едно руинирано одделение кое, како што велат вработените, ја дава најлошата слика за Заводот во кој се згрижени околу 300 лица со полу-тежок и тежок хендикеп. „Одговорно тврдам дека во Демир Капија не се користат мерките со врзување на штитеницте“ изјави д-р Оливер Недев „Потребни се средства за хигиена и персонал кој што 24 часа ќе се грижи за штитениците“ изјави Наташа Јанкова, главна медицинска сестра. --------------------------------------------Хелсиншки - институциите треба финансиски да им помогнат на семејствата 19 октомври 2008, 18:44 Во трошната куќа на фамилијата Мемет од скопската населба Топаана живеат дванаесет деца. Малку од нив одат во училиште од кои и шест годишната Даниела која секој работен ден е во дневниот центар во Кисела Вода за социјално вклучување на деца од улица. Таа е дел од акцијата на МВР и Министерството за труд и социјална политика за намалување на бројот на децата кои наместо да одат во училиште, питачат по улиците. Но,социјалната помош од 2000 денари не е доволна за тетратките на Даниела, пари со кои нејзината мајка треба да ги нахрани и другите деца. “Mора да просиме оти нема од каде да живееме.Сите сакаат да учат, а како кога нема пари” раскажува Силвана Мемет, мајка. Со последната полициска акција , околу седумдесет деца од улица ги посетуваат двата дневни центри во Скопје. По дво месечниот третман во центрите неможе да се очекува децата да одат на училиште оти нивните семејства немаат пари-сметаат од Хелсиншкиот комитет. Од хелсиншки велат за да се оствари тоа институциите треба финансиски да им помогнат на тие семејства за да не ги враќаат децата повторно на улица “Од министерството за труд и социјална политика сметаат дека социјалната помош е доволна за критичните семејства и не размислуваат за дополнителна помош” вели Кети Јандријеска Јованова. Во дневните центри дневно ротираат околу шестотини деца.Тие тука се хранат, бањаат, пријавуваат во матична книга на родените, а им се прават и лекарски прегледи. Даниела Мемет сака и понатаму да оди во дневниот центар во Кисела Вода.Овде и е добро оти редовно јаде и си игра со другарчињата. --------------------------------------------Енигма во каква форма се испратени хашките случаи 17 октомври 2008, 18:50 Додека експертската група на владеачката коалиција интензивно работи на политичко решение за четирите хашки случаи - Хелсиншкиот комитет прашува зошто власта не го обелодени документот на хашкото обвинителство во кој е дефинирано на каков начин и во која форма ги враќа четирите предмети во земјава. Клучен момент за да се процесуираат случаите е да постои наредба од судскиот совет на хашкиот трибунал или одлука на обвинителот на трибуналот за фактот во каква фаза е кривичната постапка која се предава на одлучување на домашните судски органи - се што е надвор од ова е злоупотреба на правото - тврдат од Хелсиншкиот комитет. Од Хашкото обвинителство соопштија дека веќе немаат коментари за четирите предети. Обвинителот Шврговски

повторува дека Хаг ги достави случаите на македонските судски власти и дека ако тие не ги работат тогаш треба да ги судат домашните судови. Во меѓувреме хашките случаи на големо се користат за препукувања и собирање политички поени - денеска ДПА ја нападна владеачката ДУИ дека не работи во интерес на Албанците и го крши законот за амнестија. --------------------------------------------Хелсиншки против носење на закони по брза постапка 26 септември 2008, 18:00 Хелсиншкиот комитет, во својот најнов месечен извештај реагира против итната постапка во која беа донесени околу 172 закони во периодот на јули и август годинава. Комитетот смета дека Владата треба прво да ги запознае граѓаните со видот и содржината на законските норми, а потоа во Собранието да се разгледуваат предлозите за донесување на нови закони или нивни измени и дополнувања со што би се овозможила соработка на власта со граѓаните. Според Хелсиншкиот комитет самото отсуство на опозицијата во Парламентот во време на донесување на законите значи непочитување на основните демократски начела. За Либерално – демократската партија не е доволно извинувањето на спикерот Велјановски за брзото донесување на законите. Од таму најавија дека во текот на денешниот ден ќе оствареле средби со другите опозициони партии за да добијат поддршка за нивната иницијатива.

Al-SAT Хелсиншки: Да се покаже писмото од Хаг за вратените случаи 31 .10. 2008 07:42:00 Седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на правата и слободите на граѓанинот Хелсиншкиот Комитет бара домашните институции да го објават писмото со кое беа вратени четирите хашки случаиСпоред оваа влијателна невладина организација само тогаш ќе биде јасно дали на нив треба да им се суди или не во Македонија, и кој закон треба да се спроведува; Законот за амнестија или тој за соработка со Хашкиот Трибунал. „Ние бараме да ни се покаже писмото со кое се вратени случаите за да можеме да кажеме конкретно дали може да се постапува според законот за соработка со хашкиот трибунал или не. Едноставно не гледам каде е проблемот“ изјави Руси. Според Руси, судбината на овие случаи на крај ќе се сведе на политички договор, што дополнително ќе му наштети на судскиот систем. „За жал пак ќе дојдете во ситуација вие како дневна политика кога кризата ќе добие такви рамки да постигнете дневен политички договор и правосудството да го доведете во состојба да биде прост извршител на вашиот политички договор е тогаш во таа ситуација бидејќи тоа ќе се стори бидејќи тоа ќе се стори на поттикнување и со благослов на меѓународниот фактор кој сака да избегне политички кризи во кревки општества како што е нашето и тогаш ќе се соочите со суровата вистина дека треба да турите крст на и вака лошо спроведените реформи во правосудсвото“ рече Руси. Од друга страна пратеникот од редовите на ДУИ Сафет Незири праша за позицијата на МВР за извештајот на Хелсиншкиот Комитет, во врска со акцијата „Планинска бура“. „Врз основа на овој извештај на Хелсиншкиот комитет каква позиција ќе изгради МВР визави овој извештај, конкретно затоа што тука имаме податоци или аргументи и факти со име и презиме почнувајќи на пр. кршење на некои амандмани од Законите како што е насилството во полициската станица Гази Баба за време на апсењето на осомничените за кривични дела“ рече Незири. Од МВР ваквите податоци ги нарекоа еднострани „ Знам како човек кој непосредно работеше на утврдување на фактичката состојба во случајот „Планинска бура“ и ве уверувам, дека ова ниту се факти уште помалку податоци , станува збор за еднострано презентирање на одреден настан. Што се однесува до творците на оние снимки затоа што се

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

139

Одгласи во медиумите прекршени процедурите на полициската работа истите се суспендирани од работа и против нив се покрена постапка за отказ“ изјави Воислав Зафировски. Сите присутни се согласија дека за изготвувањето на таквите извештаи е потребна вистинска соработка меѓу институциите, невладиниот сектор, различните институции кои се залагаат за почитувањето на човековите права и слободи, вклучувајќи ги и медиумите. --------------------------------------------Хелсиншки алармира за состојбите во специјалните Заводи 28.10. 2008 07:36:00

Република Македонија не може да пружи соодветна заштита на човечките права и слободи на граѓаните“ рече Весна Бендевска, претседателка на комисијата од СДСМ „„Делот за европскиот комитет за борба против тортурата комисијата за жал разгледува еден извештај од претходна посета од есента минатата година, а во меѓувреме претставници на комитетот беа тука во јуни и јули и нивната оценка е уште поостра особено во делот на соработката со владата или постапувањето на владата според препораките на комитетот“ изјави Исо Руси, претставник на хелсиншкиот комитет

КАНАЛ 5 (29.10.2008)

Со застарена инфраструктура, голема нечистотија, мал број вработени и недоволно снабдување со лекови се соочуваат Заводите за згрижување на лицата со посебни потреби Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска алармираше на ситуацијата во психијатриските Заводи „Демир Капија“, „Демир Хисар“ и Негорци, додека во Бања Банско состојбата е оценета како позадоволителна. Во заводот во Демир Капија се забележани и многу случаи на разни болести, па и на туберкулоза. „Она што главно може да се констатира во самиот завод сеуште се шири онаа неподнослива миризба на урина што е деградирачко и под секое достоинство на штитениците. Во 2005 година имате случај на заболени од туберкулоза регистрирани се 12 случаи, а 4 починати, во 2008 година имате 4 случаи на заболени од кои две лица веќе се починати“ изјави Тони Мингиновски, претставник на Хелсиншкиот комитет Хелсиншкиот комитет забележал дека во психијатриската болница во Негорци освен тешките услови, недостасува и програма за пациентите. „Она што е многу важно да се напомене за оваа болница се недоволните програмски содржини на пациентите. Хелсиншкиот комитет се соочи со сликата на пациенти кои што само седат или на подот или во своите соби или во ваквите простории кои им служат за да минување на слободното време без да биде сведок на никаква осмислена активност за пациентите која воедно треба да претставува третман за нивно лекување“ изјави Ана Стојковиќ, претставничка на Хелсиншкиот комитет . Од Хелсиншкиот комитет велат дека ќе ја продолжат посетата и во другите слични институции во земјава за да ја откријат реалната состојба во нив. На владата и препорачуваат да има јасен, долгорочен и функционален план за овие институции и да го надгледува квалитетот на нивната работа.

Во Министерството за труд и социјална политика велат дека се свесни за недостатоците кои ги регистрирал Хелсиншкиот комитет при посетите на Специјалниот завод за лица со посебни потреби Демир Капија и Заводот за рехабилитација Бања Банско, но сметаат дека состојбата била подобрена од 2005-та година. Хелсиншкиот комитетот во својот специјален извештај укажа на супстандардни материјални и хигиенски услови. Во нивниот извештај има и загрижувачки податоци за пациенти заболени од туберкулоза па и смртни случаи. Решение за лошите состојби во Демир Капија и Банско од министерството гледаат во реализирање на процесот на деинституционализација кој треба да стартува од 1 јануари 2009-та. Тоа ќе значи сместување на штитениците во групи од по 5 лица во таканаречени станбени единици под постојана грижа на стручни тимови. И од Министерството за здравство под чии ингеренции се психијатриските болници во Демир Хисар и Негорци велат дека се запознаени со лошите услови во посочените установи, најавуваат повеќе пари. За ужаснувачкиот наод на Хелсиншкиот комитет дека пациентите таму се држат врзани со ремени и повеќе од 12 часа, од Министерството за здравство велат дека тоа се правело затоа што некои пациенти биле опасни како за себе така и за околината и тврдат дека тоа се користело ретко. Државниот санитарен и здравствен инспекторат вршел надзор и забележал одредени недостатоци поради староста на објектите, но досега не констатирале нехумано постапување со лицата сместени во психијатриските болници. Хелсиншкиот комитет со вчерашниот извештај понуди и цела листа препораки до властите за подобрување на состојбата во овие заводи.

---------------------------------------------

---------------------------------------------

Процедурата ја одложи собраниската комисија за човекови права 25.11. 2008 07:16:00 Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите права и слободи не успеа да дебатира околу извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија во делот на заштитата на човековите права и слободи. Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ имаше забелешки дека доставениот материјал не бил архивиран додека претседателката на комисијата од редовите на СДСМ истакна дека со ова, парламентарното мнозинство само бара начин да не дебатира за прашање за кое веќе три години по ред добиваме негативна оцена од ЕК. „ Пракса е секое собраниско тело да ги добива материјалите на време. Точно ние ги добивме тие материјали на време меѓутоа тие беа симнати од интернет незаверени во архивата на Собранието. Заради тоа сакавме да укажеме на нерегуларноста која ја прави претседателката на комисијата бидејќи не ги запазува процедурите на Собранието на Република Македонија и за тоа е ова одложување“ изјави Јован Гинев, пратеник на ВМРО ДПМЕ „ Владејачкото мнозинство не сака да се говори за очајните оценки што Македонија ги добива содржани во извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија. Денешното неизгласување на дневниот ред значи класично одбивање јавно да проговориме дека во овој момент

140

Пациентите во Демир Хисар и Негорци биле врзувани со ремени зашто биле опасни

(28.10.2008) Нечовечки и понижувачки услови во психијатриските болници и заводи Понижувачки услови во психијатриските болници и заводи во државава, констатира Хелсиншкиот комитет по посетата на четири специјални установи во државава. Пациентите во психијатриските болници Негорци и Демир Хисар се чуваат врзани со каиши и повеќе од 12 часа. Четворица штитеници заболеле од туберкулоза годинава во специјалниот завод за заштита на лица со посебни потреби во Демир Хисар - двајца од нив починале. Ова се само дел од забелешките во извештајот на комитетот повеќе од шеесет години, тоалетите се руинирани, хигиената на пациентите е под нивото. Годишно во Демир Хисар умирале од 20 до 30 пациенти, информираат од комитетот. Како најголем виновник за лошата состојба ја посочува државата затоа што ги заборавила овие институции. - Она што загрижува е дека државата и институциите нејзини кои се свесни за таквата состојба не реагираат или реагираат од случај до случај. Нивна обврска е да се грижат за тие услови и да воспостават не само тоа што ние го бараме како минимум од минимумот туку да одат во остварување на она што се очекува од нив - вели Исо Руси, в.д. претседател на Хелсиншки комитет. Подобро сместување имало само во Заводот за рехабилитација Бања Банско, но таму се забележува на

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

односот на персоналот со лицата што престојуваат, како и на нестручниот кадар утврдиле претставниците на Хелсиншки. Дел од штитениците во Демир Капија кои се движат со помош на инвалидски колички повеќе од деведесет дена не можеа да излезат од зградата поради дефект на лифтот. Откако Канал 5 пред десет дена го објави проблемот, во заводот се јавиле повеќе фирми кои бесплатно го поправиле лифтот.

примерот со пратеникот Хајрула Мисини, обвинет во хашкиот премет Липковска брана кому судот му го укина притворот. Во неговиот случај беше доволно да даде ветување пред судот дека ќе соработува и ја предаде патна исправа. За разлика од него други притворени лица покрај патна исправа и ветување нудат, стотици илјади евра како гаранција но судот и понатаму им го продолжува притворот. ---------------------------------------------

--------------------------------------------(17.10.2008) (28.10.2008) Хелсиншки комитет за човекови права: Условите во затворените институции се на многу ниско ниво Условите во кои живеат штитениците во затворените институции „Демир Капија“, „Демир Хисар“ и „Негорци“ се загрижувачки, додека во „Бања Банско“ се на задоволително ниво, е заклучокот од анализата при посетите на Хелсиншкиот комитет за човекови права во овие институции. Според претседателот на Хелсиншкиот комитет Исо Руси, условите во кои живеат корисниците, како што рече, се минимум од минимумот. Тој посочи дека загрижува фактот што државата и нејзините институции не реагираат или регираат од случај на случај, кога ќе се соочат со крајно загрижувачки ситуации. Тони Макиновски од правниот тим на Комитетот на денешната прес-конференција истакна дека при посетата на установата во Демир Капија констатирале дека хигиенскосанитарните услови биле на многу ниско ниво. Директорот на болницата е единствениот доктор кој заедно со девет медицински сестри се грижи за 313 штитеници. Тој и порача на Владата на Република Македонија да го подигне нивото на хигиената во оваа установа, да се изготви план и програма за организирање на времето на штитениците во групни и индивидуални добро опремени креативни работилници со поголем број обучени и мотивирани дефектолози, да го зголемат бројот на вработени од други стручни профили и да има повеќе лекари. На прес-конференцијата беше соопштено дека ниското ниво на санитарни и хигиенски услови е забележано и во психијатриските болници „Негорци“ и „Демир Хисар“. Во нив, како што беше посочено, имало случаи и на фиксирање за креветите. Претседателот на Хелсиншкиот комитет за човекови права најави дека во текот на неделава ќе ја посетат и институцијата во „Бардовци“. --------------------------------------------(17.10.2008) Хелсиншки комитет: Четирите хашки предмети не се опфатени со законот за амнестија Хашките предмети, како тешко кршење на меѓународното хуманитарно право, не подлежат на Законот за амнестија е ставот на Хелсиншкиот комитет откако во јавноста излегоа спротивставени толкувања за тоа. Четирите предмети се употребуваат за дневно политички потреби а ситуацијата ескалира до таму што постои опасност политиката да влијае врз правосудните органи, оценува Хелсиншкиот комитет за човекови права во последниот извештај. На каков начин и во каква фаза се вратени хашките предмети во Македонија, прашува Комитетот - За жал нашата јавност е ускратена од основната информација во врска со овие случаи. Потребен е одговор на тоа прашање, на каков начин и во каква фаза се вратени хашките предмети во РМ? Во однос на законот точно е предвидено што и како треба да се постапи и политиката мора да биде надвор од правосудните органи - вели Кети Јандриеска Јованова. Но политичките партии на Албанците продолжуваат со обидот за Автентично толкување на Законот со кое би се опфатиле хашките предмети. ДУИ и ВМРО ДПМНЕ иако најавија се уште не ја формирале експертската комисија. Ставот пак на таа комисија најверојатно би го искористиле и пратениците кои треба да расправаат за иницијативата на ДПА за толкување на законот поднесена во Парламентот. Хелсиншкиот комитет смета дека судот има двојни аршини во одредувањето на мерката притвор. Го истакнуваат

Септемвриски извештај за состојбата на човековите права на Хелсиншкиот комитет Вратените Хашки предмети, мерката притвор и двојните аршини, акцијата “Питачење“, потребата за донесување на Законот за заштита од дискриминацијата и повеќекратните препораки по реализираните посети во затворените институции на Република Македонија се темите кои Хелсиншкиот комитет ги разработува во септемврискиот извештај за состојбата на човековите права. Хелсиншкиот комитет смета дека не може во никој случај да има амнестија за случаи на тешко кршење на меѓународното хуманитарно право, посочувајќи дека враќањето и процесуирањето на хашките предмети во македонското правосудство предизвикува многу дилеми кои се проследени со крајно спротивставени толкувања во јавноста. Хелсиншкиот комитет посочува дека треба да се вложат сите напори случаите да добијат разрешница до крај почитувајќи го принципот на владеење на правото. Во извештајот меѓу другото се укажува дека Собранието на Република Македонија во два навратa има усвоено закони со кои се дава правната рамка, а која се однесува на овие случаи – Законот за амнестија и Законот за соработка меѓу Република Македонија и Меѓународниот кривичен суд за гонење на лица одговорни за тешко кршење на меѓународното хуманитарно право на територијата на поранешна Југославија. - Потребно е да постои наредба од судскиот совет на Хашкиот Трибунал или одлука на обвинителот на Хашкиот Трибунал (или самиот Трибунал) за фактот во каква фаза е кривичната постапка која се предава на одлучување на домашните судски органи. Се што е надвор од овие јасни одредби е дневна политика и злоупотреба на правото за нејзини цели, се наведува во извештајот. За Хелсиншкиот комитет останува отворено прашањето како и во која фаза се вратени четирите Хашки предмети. Во врска со мерката притвор и двојните аршини, Хелсиншкиот комитет во извештајот наведува дека судските органи продолжуваат да го злоупотребуваат притворот на начин што го користат како нужна мерка за обезбедување на обвинетиот во водење на кривичната постапка. Хелсиншкиот комитет апелира на соодветна, еднаква и правна примена и употреба на мерката притвор и ги охрабрува и повикува судските органи на употреба на другите соодветни мерки на обезбедување, се со цел да не се нарушат човековите права и повредата на достоинството на личноста. Хелсиншкиот комитет за човекови права континуирано ја следи акцијата “Питачење“ на Министерството за внатрешни работи во соработка со Министерството за труд и социјална политика и соодветните центри за социјална работа, која започна на 10-ти минатиот месец. Во извештајот меѓу другото се поздравува напорот на надлежните институции за намалување на бројот на деца кои не посетуваат училиште, но смета дека за да се оствари тоа потребно е од страна на тие институции да се излезе во пресрет на тие семејства со конкретни мерки за финасиска помош кои би спречиле евентуално повторно враќање на децата на улица, но тоа решение во никој случај не може и не смее да се чека на измените на Законот за социјална заштита кои се уште се во постапка на оформување. За неопходноста од донесување на Законот за заштита од дискриминацијата, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија го повикува Министерството за труд и социјална политика и сите засегнати актери во неговото донесување внимателно да ги разгледаат сите релевантни прашања, без притоа да се следи досегашната практика на експресно изгласување закони без расправа. Хелсиншкиот комитет во извештајот за септември констатира дека Република Македонија недоволно работи

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

141

Одгласи во медиумите во насока на подобрување на материјалните услови за живот во затворските институции, иако истите состојби на неколку наврати наназад се констатирани и укажани од страна на релевантни домашни и странски органи и организации. --------------------------------------------(25.07.2008) Демантирана информацијата дека малолетник незаконски бил подолго време во притвор од дозволеното Судијката за малолетници од Скопскиот кривичен суд Василка Божиновска ги демантира информациите на Хелсиншкиот комитет за човекови права дека незаконски му определила притвор на малолетник подолго од законскиот максимум од 90 дена. Судот го продолжил притворот до правосилноста на пресудата, како што тврдеше Хелсиншки, но според судијката Василка Божиновска тоа било сторено по барање на обвинителството. Судот наведува дека малолетникот кој бил осуден на две години затвор, сам побарал да биде префрлен на издржување на казната пред пресудата да стане правосилна. Хелсиншки овој пример го наведе во месечниот извештај за јуни како пример каде што надлежните институции ги прекршуваат правата на малолетниците и побара судот да ја преиспита одлуката --------------------------------------------(23.07.2008) Хелсиншки комитет: Континуирано се игнорира пресумпцијата на невиност Хелсиншкиот комитет реагира дека полицијата и натаму го крши начелото на пресумпција на невиност со спектакуларни апсења и на сомнителен начин ги спроведува процедурите пропишани во актите на МВР. Секој осомничен го ужива правото на “претпоставена невиност” се додека не се утврди вина, но во Македонија секојдневно уапсените се снимаат како ги спроведуваат кај истражниот судија или во затвор. Хелсиншки, во соопштението за полициските злоупотреби, посочува дека многу индикативно е како медиумите точно знаат кого и каде апси полицијата. Затоа бараат полицијата да престане со делење на оперативни снимки со кои го повредува правото на приватност, угледот и достоинството. - Со некои спектакуларни акции на апсења во последниов период, стануваше збор за пресумпција на вина а не на невиност. Ако погледнеме наназад ги шетаа со лисици, за подоцна да се утврди дека не биле криви. Затоа државата треба да направи многу повеќе да ги заштити правата на секоја индивидуа - вели Даут Даути од Хелсиншки комитет. Хелсиншки бара полицијата да каже зошто осомничените ги спроведува со лисици на раце. Дали ги шетаат со врзани раце оти се плашат да не ги нападнат полицајците или да не им избегаат, или пак лисиците на рацете на приведените се само еден сегмент на циркуската претстава што МВР ја пласира со помош на медиумите, наведува Хелсиншкиот комитет во денешната реакција. --------------------------------------------(23.07.2008) МВР: Нема да дозволиме воведување цензура во 21 век и покрај нечии авторитарни нагони Министерството за внатрешни работи изразува задоволство што Хелсиншкиот комитет и покрај долгогодишното постоење, сосема неполитички, како што сами нагласуваат одлучи дури од минатата година во континуитет да ги следи случувањата со приведувањата. - Тоа за нас укажува дека полицијата конечно престана да замижува пред криминалот и започна со собирање докази и изведување на осомничените пред лицето на правдата, се наведува во денешното соопштение од МВР. Во соопштението се подвлекува дека тоа е уште еден аргумент, кој ги отсликува заслугите на МВР за прогресот на Република Македонија, која само за две години успеа да се

142

искачи една категорија погоре во рангирањето на земјите во годишниот извештај на Стејт департментот по однос на нивната борба против трговијата со луѓе, како и напредокот во борбата против организираниот криминал препознаен од сите меѓународни фактори. - Претпоставуваме дека Хелсиншкиот комитет бил малку збунет и оти нивната демократска ориентација нема да им дозволи до крај да опстојат на барањата затворање на МВР за јавноста и отфрлање на определбите за транспарентност. Искрено веруваме дека не станува збор за некакви политички интереси и дека Хелсиншкиот комитет нема да инсистира МВР да ја прекине комуникацијата со јавноста и медиумите. Се надеваме дека Хелсиншкиот комитет знае дека одамна помина времето на комунизмот и едноумието, кога службите можеа да приведат одредено лице и за тоа не смееше ниту да се праша, стои во соопштението од МВР. МВР нема да дозволи да биде обвинето дека „киднапира“ лица без никакво сомнение или постапка, без разлика што Хелсиншкиот комитет цени дека не требало ниту да се дадат информации за „поблиската определба на професијата на лицето“. Веројатно само Хелсиншкиот комитет знае како би требало да се информира јавноста, доколку заради злоупотреба на службената положба е приведен полицаец, цариник, градоначалник, директор, се посочува во соопштението, а да се сокрие зошто е приведен и како ја извршил злоупотребата за која што се сомничи. МВР нема да си дозволи да го узурпира правото на слободно информирање на медиумите, ниту пак ќе лаже при одговарањето на нивните прашања. - Потценувањето на медиумите и третирањето на новинарите како машинерија која работи исклучиво водејќи се од некакви интереси, а не од вистината, е нешто на кое што најкатегорично ќе се спротиставиме. Нема да дозволиме воведување цензура во 21 век и покрај нечии авторитарни нагони. Нема да си дозволиме мешање ниту во уредувачката политика во медиумите преку сугерирање какви снимки и стории смеат, а какви не смеат да објавуваат. МВР во сите свои досегашни изјави инсистирал дека се работи за лица за кои постои основано сомнение за сторен криминал, се вели во дел од соопштението на МВР. Од МВР потсетуваат дека судот е тој кој што во независна постапка (без протести и политички притисоци) одлучува за некој вина. Во соопштението МВР изразува уверување дека станува збор само за лош ден на Хелсиншкиот комитет и дека заради заштита на демократијата нема да биде побарана измена на Уставот и законите со која што би се затвориле судските процеси и на јавноста и медиумите би им се забранило присуство во судниците. - Се надеваме дека Хелсиншкиот комитет нема да си дозволи да почне со вршење на притисоци врз Врховниот суд, со чија дозвола медиумите присуствуваат во судниците, иако станува збор за лица против кои е покренато обвинение, што значи лица чија вина се уште не е утврдена со правосилна пресуда, се наведува во денешното соопштение од МВР. --------------------------------------------(08.07.2008) МВР ја повреди пресумпцијата на невиност во случајот “Танески” Хелсиншкиот комитет за човекови права во Македонија констатира дека Министерството за внатрешни работи и натаму ја прекршува пресумпцијата на невиност на лицата против кои поднесува пријави. Со тврдењата дека поседуваат “несоборливи докази” полицијата влијае врз одлучувањето на судот, наведува Хелсиншки посочувајќи дека таков е случајот осомничениот новинар Владо Танески. Анализата на МВР дека Танески ги убивал жените, затоа што тие имале ист профил како неговата покојна мајка со која не бил во добри односи, не е во согласност со македонските закони и со препораката на Комитетот на министри. Полицијата мора да се воздржи од соопштување на информации кои можат да и наштетат на правичноста на постапката, велат во Хелсиншки. - Начинот на кој излегува МВР, т.е. портпаролот, со зачинети шпекулативни новинарски етикети, придонесе на некој начин за ваквиот тек на целата постапка. Прашуваме до каде е човечкото достоинство, до каде е правото за заштита на приватноста, до каде може да оди демократијата. Во која

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

правда сега да веруваме? Што останува? – вели Вјолца Мора Бајрами, од Македонскиот хелсиншки комитет. Комитетот реагира и на квалификацијата “сериски убиец” што беше употребен за Танески, иако тој беше и до неговата смрт остана само “осомничен”. Од оваа организација реагираат и за објавување на фотографиите од местото на увидот, кои ги достави полицијата. Друг аспект во целиот случај, наведува Хелсиншки, е отворањето на прашањето за повторување на судскиот процес против Игор Ристески и Анте Мирчевски без притоа да се обезбеди нов доказ, кој треба да биде единствен основ за ново судење. МВР одби да го коментира извештајот и забелешките на Хелсиншки. За случајот “Танески” тетовското обвинителство го чека уште графолошкото вештачење на ракописот од пронајденото писмо за да донесе одлука има ли основ за отворање истрага за неговата смрт или предметот ќе биде затворен како “самоубиство” и ќе биде запрена досегашната постапка. --------------------------------------------(09.06.2008) Хелсиншки комитет: Изборите најлоши до сега Изборите на 1- ви јуни се најлошо организираните избори во историјата на Македонија констатира Хелсиншкиот комитет во извештајот објавен денеска. Одлуката на ДИК да се прегласува во дури 193 избирачки места значи дека нерегуларно гласале над десет проценти од гласачкото тело, оценува Хелсиншкиот комитет. Хелсиншкиот комитет оценува дека цели сегменти на власта не ја работеле својата работа според законските и уставните должности, а се покажало дека институциите на државата се партизирани и одработуваат за партиски интереси. Оваа оценка најмногу се однесува на полицијата. Во извештајот за изборите хелсиншкиот комитет констатира дека власта злоупотребила медиуми и буџетски пари за скапите владини кампањи што според оваа организација го отвора прашањето за измена на законските решенија во кои треба поконкретно да се прецизира што значи функционирање на техничка влада во услови на вонредни парламентарни избори. За инцидентите на 1 јуни полицијата приведе 40 тина осомничени. Конечната оценка ОДИХР ќе ја соопшти по прегласувањето в недела – во прелиминарниот извештај меѓународните монитори констатираа дека не се исполнети клучните меѓународни стандарди за фер и демократски избори.

СИТЕЛ

на Европската Конвенција за човекови права. Судот нареди Македонија да плати 3.000 евра отштета на Јашар. Организацијата изразува загриженост поради можна прекумерна примена на сила од страна на македонските власти во операцијата „Планинска бура“, чија цел беше апсење на членови на вооружени групи, вклучувајќи и неколку лица кои избегаа од затворот Дубрава на Косово и кои се криеја во областа во близина на границата со Косово. За време на операцијата во Бродец шест луѓе беа убиени, а 13 уапсени. Сведоци пријавија во Македонскиот хелсиншки комитет дека приведените лица биле тепани, а пет лица беа неколку дена хоспитализирани откако давале отпор при апсење, наведува Амнести интернешенел. Интерната истрага од Министерството за внатрешни работи заклучи дека „употребата на огнено оружје од страна на полицијата била соодветна, пропорционална, оправдана и неопходна“ и оти приведените биле повредени бидејќи давале отпор при апсењето, се додава во извештајот. Амнести интернешенел наведува и дека Комитетот за елиминација на расната дискриминација на ОН (ЦЕРД) утврдил дека Македонија не ги исполнила своите обврски кон ромската заедница, во однос на граѓански права, јазикот и пристап до документација потребна за остварување на основните права. Македонските власти не успеаја да ги поддржат правата на ромските жени и деца кои што се соочуваат со двојна дискриминација врз основа на нивната етничка припадност и на полот. Дискриминацијата во образованието доведува до тоа само неколку од ромските девојчиња да успеат да завршат основно или средно образование, а нивната постојана неквалификуваност и дискриминација од работодавците доведува до оневозможување пристап до работа во формалната економија. Ромските жени и девојки се соочуваат со дискриминација и кога се обидуваат да пријават домашно насилство кај властите, се наведува во извештајот. Амнести интернешенел исто така оценува дека на косовските бегалци кои останале во Македонија, државата не успеала да им обезбеди пристап до социјалните и економски права. Во документот се наведува дека Македонија се уште не ја ратификувала Конвенцијата на Советот на Европа против шверцот на луѓе. Вп извештајот се нагласува и дека министерствата за внатрешни работи и за труд и социјална политика потпишале договори се кои се утврдени протоколи за заштита на децата жртви на трговија со луѓе. Министерството потпиша договор и со невладините организации со кој се обезбедува засолниште на луѓето жртви на внатрешната трговија со луѓе, се истакнува во делот за Македонија во извештајот на Амнести интернешенел за почитување на човековите права во светот. ---------------------------------------------

28.05.2008 09.06.2008 АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ПОЗИТИВНО ЗА ПОЛИЦИЈАТА И ПРАВОСУДСТВОТО, НО ПРОДОЛЖУВА ДИСКРИМИНАЦИЈАТА НА РОМИТЕ Во Македонија е постигнат напредок во реформите на полицијата и во правосудството, но продолжува дискриминацијата на малцинствата, особено на ромската популација, се наведува во годишниот извештај на Амнести интернешенел за почитувањето на човековите права. Политичките спорови меѓу претседателот и премиерот, Владата и партиите на Албанците, како и меѓу самите партии на Албанците, ги попречија законодавните реформи, сметаа оваа организација за заштита на човековите права. Македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права продолжи да известува за случаи за малтретирање за време на апсење и притвор, при кои Министерството за внатрешни работи не спровело истраги во согласност со интерните процедури, законот и меѓународните стандарди. Нацртзаконот за јавно обвинителство не вклучува специфични временски рамки за спроведување на истрага, се вели во извештајот. Амнести интернешенел потсетува на пресудата Европскиот суд за човекови права, според која, властите не спровеле истрага за обвинувањата на Пејрушан Јашар, Ром од Штип, кој бил тепан од полицијата за време на притворот во 1998 година, што претставува нарушување на Членот 3

ИЗВЕШТАЈ НА МАКЕДОНСКИОТ ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ВОНРЕДНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ НАЈЛОШО ОРГАНИЗИРАНИ ИЗБОРИ ДОСЕГА Првите вонредни парламентарни избори беа најлошо организирани избори, а тоа го потврдува и одлуката на Државната изборна комисија да се прегласува на близу 10 отсто од територијата на државата каде што живее една четвртина од населението, оценува македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права во извештајот за изборите во Република Македонија(ХК). - Прегласувањето ќе биде само шанса симболично да се поправи впечатокот од инцидентите од 1 јуни, кои ќе бидат темна дамка за демократските процеси во земјата, се вели во извештајот. Покрај непристрасно расчистување на инцидентите и доказите дека тоа е сторено по наредба на партиските врхушки, ХК наведува дека партиските водства и самите партии ќе треба да понесат своја одговорност, а се сугерира и санкционирање на докажаната вина со забрана на вршење на партиска должност или на учество на партијата на некои следни избори. Во односот партија - држава, ХК наведува дека се покажало оти институциите на државата се партизирани и дека единствено што е важно се партиските интереси.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

143

Одгласи во медиумите Критики се упатуваат на адреса на ДИК, која, како што се наведува, пристапила кон поништување на гласањето на голем број избирачки места по добиените сугестии, наместо да делува како непристрасен орган. Критики се упатуваат и до полицијата, која, според ХК, спроведувала партиски директиви. Забелешките се однесуваат и на пристрасноста при информирањето на повеќе медиуми, чии сопственици непосредно пред изборите се нашле на изборните листи. Особено се издвојува Програмата на албански јазик на јавниот радиодифузен сервис поради неизбалансираното и пристрасно информирање. Хелсиншкиот комитет забележува и за користењето на државните капацитети, средства и инфраструктура во предизборните активности за остварување на партиски цели. Во доменот на правнички стручни анализи останува и дилемата на неусогласеноста на Изборниот законик со некои закони кои го регулираат правосудството, во поглед на второстепената жалба на оние кои се сметаат оштетени од одлуките на ДИК. Антикорупциската комисија и Државниот ревизор ќе треба да испитаат и како ќе бидат платени емитуваните предизборни спотови на партиите, смета Хелсиншкиот комитет на РМ. --------------------------------------------26.06.2008 ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ УШТЕ ИМА ТОРТУРА И ЖРТВИ НА ТОРТУРАТА Во Македонија се уште е присутна тортурата и има жртви на тортура, соопшти Хелсиншкиот комитет за заштита на човековите права на Република Македонија по повод 26 јуни – Меѓународениот ден на ООН за поддршка на жртвите од тортура. - И оваа година повеќе сериозни случаи на (полициска) тортура се документираат во Хелсиншкиот комитет. Заклучокот се наметнува сам по себе - Тортурата е се уште меѓу нас! За жал и денес жртвите на тортурата се меѓу нас, се вели во соопштението од Хелсиншкиот комитет. Комитетот апелира новата Влада да ги забрза подготовките за донесување на законот за ратификација на Факултативниот протокол кон Конвенцијата против тортурата и другите нехумани или понижувачки казни. Протоколот е нов механизам за превенција и елиминирање на мачењето или другите форми на нечовечко и понижувачко постапување или казнување и нуди поактивен меѓународен и национален механизам за надзор и превенција на мачењето преку регуларни или периодични посети на местата каде се задржани лицата лишени од слобода. Државите кои го ратификуваат Протоколот ја преземаат обврската да назначат, постават или креираат едно или повеќе тела на национално ниво кои ќе бидат овластени да вршат посета на местата на задржување и да ги публикуваат нивните извештаи. - Со оглед на големата важност на овој проактивен меѓународен и национален механизам за надзор и превенција на мачењето преку регуларни и периодични посети на местата каде се задржани лицата лишени од слобода со цел интензивирање на заштитата на лицата лишени од слобода, Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ ја повикува новата Влада на РМ за поскора ратификација на Протоколот при што невладиниот сектор да биде дел од процесот на креирањето на телото (а) за превенција од тортурата на национално ниво и да учествува во неговата работа, се наведува во соопштението од Хелсиншкиот комитет. --------------------------------------------23.07.2008 ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ-КОНТИНУИРАНО ИГНОРИРАЊЕ НА НАЧЕЛОТО НА ПРЕСУМПЦИЈА НА НЕВИНОСТ Хелсиншкиот комитет во контиунитет ги следи случувањата со приведувањата во последните неколку години, и со жалење констатира дека во најголем број на случаи не се почитува начелото на пресумпција на невиност кое е едно од основните постулати на кривичната постапка

144

заштитено со Уставот на Република Македонија и Европската конвенција за човекови права. “Најнапред во некои случаи постои во најмала рака сомнителна примена на процедурите пропишани со интерните акти на Министерството за внатрешни работи. Согласно Законот за кривична постапка, секој кој е гонет од државата или приватно, го ужива правото на „претпоставка на невиност“. Тоа со сигурност не е она право кое секојдневно го гледаме во Македонија, каде уапсените ги снимаат како ги спроведуваат до истражен затвор или истражен судија, а настанот е топ тема во сите медиуми“, се вели во соопштението од Хелсиншкиот комитет. Од таму додаваат дека, со оглед на фактот дека МВР е организатор и реализатор на полициските акции на приведување, сосема е симптоматично како за истите медиумите се точно известени за денот, часот и местото на приведување, па се во можност спектаклот на уривање на нечие достоинство да го прикажат на целокупната македонска јавност. Поради сето ова, Хелсиншкиот комитет инсистира на примена на Членот 8 од Европската Конвенција за човекови права, што подразбира дека при обезбедувањето на информации за осомничени, обвинети или осудени страни во кривичните постапки треба да се почитува нивното право за заштита на приватноста. “Особено внимание од страна на државните органи и медиумите треба да се посвети на штетниот ефект од презентирањето на информацијата која овозможува идентификација на овие лица кои се само осомничени, а не и докажани сторители на кривични дела“, велат од Хелсиншкиот комитет. Хелсиншкиот комитет појаснува дека во ниту еден случај нема намера да го минимизира правото на јавно информирање, но ги повикува новинарите да бидат внимателни и притоа да не ги повредуваат другите базични права како што се пресумпцијата на невиност и правото на почитување на приватниот и семеен живот. Воедно, од Хелсиншкиот комитет ја охрабруваат и оценуват како позитивна борбата на државата против корупцијата и сузбивањето на криминогените дејствија, но укажуваат дека таквите акции не смеат да ги повредуваат основните принципи и заложби за почитување на основните човекови права и слободи, на начин што директно го рушат принципот на пресумпција на невиност, правото на почитување на приватниот и семеен живот, дигнитетот и угледот на личноста, а за сметка на прибирање политички поени, или можеби само анимирање на јавноста. --------------------------------------------28.10.2008 ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА УСЛОВИТЕ ВО ЗАТВОРЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ СЕ НА МНОГУ НИСКО НИВО Стари руинирани згради, лоши санитарни услови и пренатрупаност е сликата на центрите во кои живеат лицата со посебни потреби. Ова е заклучокот од посетите на Хелсиншкиот комитет на овие институции. Условите за живеење во центарот во Демир Хисар, Демир Капија и Негорци се супстандардни, а недостасува и персонал кој би се погрижил за здравјето на лицата и нивно ресоцијализирање. - Загрижува фатот што никој не реагира а овој проблем се провлекува повеќе децении - вели Исо Руси, претседател на Хелсиншки комитет. Загрижува и фактот што се применува мерката фиксирање, односно врзување на пациентите за кревет. - Препорачуваме и апелираме ваква мерка да се користи само како крајна мерка а не како што е случајот со едно лице кое било врзано повеке од месец дена по 12 часа - вели Кети Андриевска Јованова. Единствено добри услови биле затекнати во центарот Бања Банско. - Материјалните услови се многу добри, пациентите се вклучени во повеќе активности - изјави Велцо Мојра Бајрами. Хелсиншкиот комитет порачува овие забелешки сериозно да бидат сфатени и државата да реагира најбрзо што може. Во текот на идната недела Хелком ќе ја посетат и институцијата во Бардовци.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

ДНЕВНИК 29.05.2008 Продолжува дискриминацијата на Ромите Во Македонија е постигнат мал напредок во реформите на полицијата и во правосудството, а продолжува и дискриминацијата на малцинствата, особено на ромската популација, се посочува во годишниот извештај на Амнести интернешнел (АИ) за почитувањето на човековите права. Предговорот на извештајот е насловен „Неостварени ветувања“ при што се вели дека светските лидери треба да се извинат затоа што не успеале да ја применат во реалноста Универзалната декларација за човекови права донесена пред 60 години.„Политичките спорови помеѓу претседателот и премиерот, Владата и партиите на Албанците, како ипо меѓу самите партии на Албанците, ги попречија законодавните реформи“, смета АИ во извештајот за Македонија. Организација се повикува на Македонскиот хелсиншки комитет (МХК) за човекови права, кој продолжил да известува за случаи за малтретирање при апсење и притвор, при кои Министерството за внатрешни работи не спровело истраги во согласност со интерните процедури, законот и меѓународните стандарди. „Нацрт-законот за Јавно обвинителство не вклучува специфични временски рамки за спроведување на истрага“, се вели во извештајот.Амнести изразува загриженост поради можна прекумерна примена на сила од македонските власти во операцијата „Планинска бура“ во тетовското село Бродец. „Интерната истрага од МВР заклучи дека употребата на огнено оружје од страна на полицијата била соодветна, пропорционална, оправдана и неопходна и оти приведените биле повредени бидејќи давале отпор при апсењето“, се додава во извештајот.Амнести интернешнел истакнува и дека Комитетот за елиминација на расната дискриминација на ОН утврдил оти Македонија не ги исполнила своите обврски кон ромската заедница, во однос на граѓански права, јазикот и пристап до документација потребна за остварување на основните права. Амнести интернешнел исто така оценува дека на 1.860 косовски бегалци што останале во Македонија државата не успеала да им обезбеди пристап до социјалните и економски права.

во историјата на Македонија, констатира Македонскиот хелсиншки комитет за човекови права (МХК) во својот најнов месечен извештај. Комитетот обвинува дека партиите речиси воопшто не ги почитувале законските рокови за предизборната кампања, потрошиле многу повеќе пари од законски предвидените и влијаеле врз начинот на кој медиумите известувале за кампањата. Владејачката ВМРОДПМНЕ пред официјалниот почеток на кампањата во дневниот печат ја дистрибуира својата изборна програма. Владата дури по десетина дена, под притисок на јавноста, ги сопре кампањите, а редовните владини активности содржеа елементи на предизборна кампања - се вели во извештајот, во кој се изразува и сомнеж дека буџетски средства биле злоупотребени во конкурси за предизборни вработувања. Комитетот обвинува и дека во кампањата биле потрошени 23 милиони евра за 68 часа платена политичка програма, колку што била емитувана во кампањите на петте партии што ќе бидат застапени во Собранието. Законското ограничување на парите за таа намена е 1,7 милион евра по партија или коалиција. Комитетот не очекува дека партиите ќе сносат последици за таквото пречекорување и смета дека додатна цена на кампањите е врзување со бизнис-заедницата, на која победниците ќе треба да и’ вратат со услуги.Според МХК, овие избори ќе бидат издвоени според втерувањето страв и по инцидентите. Комитетот обвини за партизација на полицијата и потсети дека и полицајци биле вмешани во изборните инциденти. Непристрасното расчистување на инцидентите, докажувањето на вината на сторителите и доказите дека сето тоа е сторено по наредба на партиските врхушки како дел од нивното сфаќање како се добиваат изборите, треба да биде вовед во процесот во кој партиските водства и самите партиите ќе понесат своја одговорност - смета МХК. Во извештајот, Комитетот обвинува за селективна примена на законите во акцијата „Змиско око“, бидејќи на видеоснимки што се користат како доказен материјал во судскиот процес се гледаат лица што вршат злоупотреби, но не се меѓу 72-та обвинети. МХК го обвини и Секторот за внатрешна контрола во МВР дека дава контрадикторни информации за употреба на сила и пречекорување на овластувањата во акцијата „Планинска бура“. --------------------------------------------09.07.2008

--------------------------------------------Децата-жртви ја алармираа државата 10.06.2008 Хелсиншки: Најлоши избори досега Првите вонредни парламентарни избори беа најлошо организирани избори, а тоа го потврдува и одлуката на Државната изборна комисија да се прегласува на речиси 10 отсто од територијата на државата, каде што живее една четвртина од населението, оценува Македонскиот хелсиншки комитет за човекови права во извештајот за изборите. „Прегласувањето ќе биде само шанса симболично да се поправи впечатокот од инцидентите од 1 јуни, кои ќе бидат темна дамка за демократските процеси во земјата“, се вели во извештајот. Покрај непристрасно расчистување на инцидентите и доказите дека тоа е сторено по наредба на партиските врхушки, ХК наведува дека партиските водства и самите партии ќе треба да понесат своја одговорност, а се сугерира и санкционирање на докажаната вина со забрана на вршење на партиска должност или на учество на партијата на некои следни избори.ХК наведува дека се покажало оти институциите на државата се партизирани и дека единствено што е важно се партиските интереси. Критики се упатуваат на адреса на ДИК, која како што се наведува, пристапила кон поништување на гласањето на голем број избирачки места по добиените сугестии наместо да дејствува како непристрасен орган. Критики се упатуваат и до полицијата, која, според ХК, спроведувала партиски директиви.

Десетината нови случаи на сексуална злоупотреба на деца само во јуни се алармантни и надлежните институции мора веднаш да преземат чекори не само за санкционирање на сторителите, туку и за превенција. Ова се посочува во месечниот извештај на Хелсиншкиот комитет на Македонија, во кој се критикуваат Министерството за труд и центрите за социјална работа дека не покажале „капацитет, знаење, волја и желба навистина да ги извршат обврските што им се доделени во врска со децата“.Од Комитетот во јунскиот извештај реагираат и на процесот на трансформацијата на Клиничкиот центар што владата ја изврши со законски измени, по одлуката за поништување на Уставниот суд „Фактот што власта грубо ги занемарува принципите признати во Уставот, како највисок акт во хиерархијата на правото, укажува на тешки заболувања и деформации во политички систем, бидејќи ниту еден орган на државната власт не е над Уставот, ниту Собранието што го донесува, а ниту Владата“, констатираат од Комитетот.Од таму остро го осудуваат и начинот на информирање за случајот со новинарот Владо Таневски од страна на Министерството за внатрешни работи.„Македонија беше сведок на јавно линчување на личноста и нејзиното достоинство, газење по етичките и моралните стандарди и повредување на начелото на презумпција на невиност како еден од основните постулати на правната држава“, посочуваат од Комитетот. ---------------------------------------------

--------------------------------------------24.07.2008 19.06.2008 Градоначалникот Заев не смее да ја напушти Струмица Предизборната кампања ги навести инцидентите Предизборната кампања со сигурност ги навести инцидентите на досега најлошо организираните избори

Зоран Заев не смее да го напушти подрачјето на општинаСтрумица и секој понеделник треба да се јавува пред истражен судија. Ова е одлуката на истражен судија

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

145

Одгласи во медиумите од Кривичниот суд во Скопје по жалбата на Овинителството откако тој беше пуштен да се брани од слобода. Заев вчера не беше повикан на повторен распит во скопскиот Кривичен суд. Потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица Заев е осомничен за злоупотреба на 7 милиони евра при изградбата на трговскиот центар „Глобал“ во Струмица. Запознаен сум со жалбата на Обвинителството и ова е прв пат некој да се жали на ваква одлука на истражен судија. Не сакам понатаму да коментирам бидејќи не сакам да бидам сфатен дека влијаам на судските одлуки. Верувам во правдата и во правосудните органи на Македонија - вели Заев. Обвинителството се жалеше дека Заев може да влијае на сведоците бидејќи тие работеле со него, во општина Струмица. Истражниот судија како превентивна мерка претходно му го одзеде пасошот на Заев за да не ја напушти државата. Во врска со апсењето на Заев вчера се огласи и македонскиот Хелсиншки комитет, кој смета дека во ваквите и слични случаи се прекршува пресумпцијата на невиност. - Начелото на пресумпција на невиност континуирано се игнорира во секојдневните случаи во кои апсењата на осомничени се снимаат, а настанот е топ-тема во сите медиуми. МВР е организатор и реализатор на акциите на приведување и симптоматично е како медиумите се точно известени за денот, часот и за местото на приведување, па се во можност спектаклот на уривање на нечие достоинство да и’ го прикажат на целокупната македонска јавност - велат во Хелсиншкиот комитет --------------------------------------------18.10.2008 Хелсиншки против злоупотреба на притворот Судските органи и понатаму го злоупотребуваат притворот, користејќи го како нужна мерка за обезбедување на обвинетиот во водењето на кривичната постапка, оцени Хелсиншкиот комитет во септемврискиот извештај за состојбата со човековите права. Во врска со акцијата „Питачење“, која ја спроведуваат министерствата за внатрешни и за труд и социјална политика, заедно со центрите за социјална работа, Хелсиншкиот комитет предлага надлежните да преземат конкретни мерки за парична помош, кои би спречиле повторно враќање на децата на улица. И покрај редовните укажувања, Македонија недоволно ги подобрува услови за живот во затворските институции, оцени Хелсиншкиот комитет во септемврискиот извештај. --------------------------------------------20.11.2008 Македонија последна во Европа по слободата на здружување Владата плете невладина мрежа: Исо Руси Македонија, според слободата на здружување, е на европското дно. Во најновиот глобален извештај на меѓународната невладина организација „Фридом хаус“, наречен „Слободата на здружување под закана“, а се однесува за состојбите од минатата година, Македонија е последнорангирана меѓу земјите од Централна и од Источна Европа, со најниска оценка 7. Иако извештајот, пред се’, се занимава со работничките права и синдикатите, сепак јасно говори и за слободата на здружување кај невладините организации и групите за заштита на основните човекови права и колку тие се вклучени во мониторирањето на владините капацитети и политика. Вниманието е главно насочено кон земјите од Јужна Америка, Африка и некогашниот Советски Сојуз, во кои се актуелни еднопартиски системи или авторитарни режими. Балтичките земји овој пат се поместени во групата Централна и Источна Европа. Во делот на извештајот за Балканот, Албанија и Босна и Херцеговина се оценети со оценка 8, Црна Гора со 10, Србија, Бугарија и Романија со 11, а највисоката оценка 12 ја добиле Хрватска и Словенија.Првиот човек на Македонскиот хелсиншки комитет, Исо Руси, смета дека оценката според која Македонија во она што се вели земји од Централна и Источна Европа е на последното место не говори само за сите три опфатени сегменти - невладини организации, човекови права и синдикати.

146

- Како човек од невладиниот сектор можам да претпоставам дека дел од негативната оценка доаѓа и од тенденцијата присутна последниве години, партиите и особено оние од власта да градат паралелна мрежа на невладини организации под своја контрола за да им парираат на оние што не ги чувствуваат како „свои“ и не ги контролираат. Вториот феномен е дека оваа влада во рамките на соработката на институциите или министерствата со невладините организации де факто ги поткупува со не така мали износи, што негативно се одразува врз самостојноста и критичноста на невладините организации - вели тој. Според него, проблематично е што не постои ефикасен внатрешен механизам за поддршка на невладиниот сектор и, по правило, добрите невладини организации се финансираат со странски донатори, кои најавуваат и реализираат излезни стратегии. Тоа, како што вели тој, значи дека странците наредниве години ќе се повлечат од поддршката на невладините организации, што директно ќе води кон новоизнесените констатации на „Фридом хаус“, како и кон ослабување на борбата против корупцијата, организираниот криминал, кршењето на човековите права, зад кои, пак, стојат државните институции. - Навистина е лошо во поглед на здружувањето во невладини организации и групи за заштита на човековите права и слободи, па и во поглед на синдикатите, Македонија да се става и да се наоѓа во група земји како Конго, Лесото, Танзанија, Зимбабве, Филипини или Киргистан и Русија категоричен е Руси.Меѓу најлошите во светот по слободата на здружување, со оценка нула, се Бурма, Северна Кореја, Либија и Саудиска Арабија. Според „Фридом хаус“, во повеќето земји слободата на здружување не се почитува во доволна мера. Организацијата изразува загриженост поради глобалната тенденција на непочитување на таквата слобода. Во извештајот се наведува дека на многу места во светот се појавиле нов вид авторитарни државни лидери, кои користат новоразработени тактики за потиснување на слободите.

УТРИНСКИ ВЕСНИК 29.02.2008 Почна судскиот процес за даночното затајување во ЕМО Охрид Црногорецот Марковиќ е обвинет дека преку сомнителни трансакции станал доминантен сопственик на фирмата Црногорскиот државјанин Миодраг Марковиќ вчера седна на обвинителната клупа во Основниот суд Скопје 1, каде што му се суди за даночно затајување вредно стотици милиони денари. Тој е обвинет дека преку својата фирма „Арарат“ од Никшиќ со сомнителни трансакции стигнал до 36,16 проценти од акциите во охридски ЕМО и со тоа станал доминантен сопственик на фирмата. Наводно, со испраните пари потоа купувал подвижен и неподвижен имот во земјава. Марковиќ пред пет месеци беше екстрадиран од Србија, каде што беше уапсен, а неговото име се поврзуваше и со поранешниот прв цариник Драган Даравелски, по кого Македонија има распишано меѓународна потерница. Судењето почна, иако вештото лице се’ уште ги нема вештачено доказите, на кои одбраната на Марковиќ имаат сериозни забелешки. Поради тоа, односно по изготвувањето на вештачењето, Марковиќ ќе сведочи уште еднаш. Вчера, рече дека не може да разбере за што е обвинет, од старт негирајќи какви било криминални дејства. Тој тврдеше, а неговите адвокати за тоа поседуваат документ за оставина, дека во 1999 година од своето семејство наследил 12 милиони тогашни марки, чиј дел од парите ги вложил и во Македонија. „Акциите во ЕМО ги купив во 2001 година и тоа преку Берза, што значи дека трансакцијата е направена со сите потребни царински и банковни документи. Кога ги купував акциите, ЕМО беше пред стечај, а до 2003 година, додека управував со акциите, фирмата беше прогласена за една од најуспешните во Македонија“, сведочеше Марковиќ, кој во периодот од 2000 до 2003 година бил управник и на скопската фирма „Скотиха тихама оверсис лимитид“, ќерка на кипарската „Тихама оверсис лимитид“. Марковиќ негираше дека неговата фирма „Арарат“ била фантомска, тврдејќи дека таа преку акциите што ги поседува, функционира и денеска, иако тој бил во притвор.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Случајот со ЕМО се актуализираше во 2004 година, една година откако Марковиќ ја напушти Македонија. Беа донесени мерки за блокирање на имотот на фирмите „Арарат“ и „Скотиха тихама оверсис лимитид“ и беше распишана меѓународна потерница против Марковиќ. Подоцна беа поништени и трансакциите со кои црногорскиот бизнисмен стана доминантен сопственик на ЕМО, а пакетот акции се врати во државна сопственост. „Моите адреси во Никшиќ и во Скопје, каде што останаа да живеат мојата сопруга и двајцата синови, кои тука учат и студираат, се непроменети, но од мене никој не побарал да дојдам и да дадам исказ“, се жалеше Марковиќ пред судот. Тој беше уапсен во декември 2006 година од страна на српската полиција на границата со Црна Гора. По речиси една година во притвор во Ужице, на 17 октомври минатата година беше екстрадиран во земјава, од каде што беше испратен во Истражниот затвор „Скопје“. За овој случај се заинтересираа и Јавното правобранителство, како и Хелсиншкиот комитет, кои побараа да се прекине постапката. --------------------------------------------12.03.2008 Хелсиншки бара МВР да открие кој ги тепал приведените во Бродец Хелсиншкиот комитет го повика Министерството за внатрешни работи да спроведе вистинска истрага за начинот на кој биле третирани приведените лица во полициската акција во тетовското село Бродец. Комитетот бара од полицијата да поднесе кривична пријава против оние што го извршиле бруталното претепување на лицето приведено од Бродец, а не само да се бараат лицата што ја снимиле видеоснимката со исказот на претепаниот. (Макфакс) --------------------------------------------24.03.2008 Построги казни за насилните полицајци Со измените на Законот за внатрешни работи е планирано да се воведе поголема палета казнени мерки за бруталните полицајци Тројца припадници на полицијата се суспендирани од работа од почетокот на годинава, бидејќи прекумерно употребиле физичка сила кон недолжни граѓани. Отказ им се заканува уште на петмина полицајци кои минатата недела приведоа ученици од Основното училиште „Владо Тасевски“ во полициска станица „Карпош“ без да ги известат нивните родители. Претходно, медиумите известуваа за прекумерна употреба на физичка сила од страна на двајца полицајци кои претепале скопјанец додека го превезувале од Гази Баба до станицата во Кисела Вода. Кога дежурниот полицаец видел во каква состојба е приведениот, не сакал да го преземе од колегите кои тврделе дека тој самиот се повредил додека го превезувале. Претепаниот скопјанец веднаш бил префрлен во болница, а двајцата насилни полицајци се суспендирани и им се заканува отказ. Ова се само дел од пријавените случаи кога полициската бруталност излегува од контрола и место да ја штити, ја загрозува безбедноста на граѓаните. Само минатиот месец тројца граѓани поднеле жалби до Хелсиншкиот комитет за човекови права наведувајќи дека полициски службеници се однесувале брутално и понижувачки кон нив. Хелсиншкиот комитет упатил претставка до Внатрешната контрола на МВР, по што биле известени дека место санкции за полицајците, пријави биле поднесени за натепаните! Во последниот извештај на Комитетот како една од забелешките се посочува тоа што во повеќе случаи на поплаки поднесени од страна на граѓаните за насилното однесување на полицајците, Секторот за внатрешна контрола заклучувал дека граѓаните вербално ги провоцирале службените лица, кои морале да употребат одредени зафати за да ги совладаат, што пак завршувало со полесни или потешки телесни повреди. Приказната завршувала на тој начин што полицијата, покрај употребата на сила, им поднесува кривични пријави на граѓаните, со образложение дека нападнале службено лице. Слично искуство имаат и во Канцеларијата на народниот правобранител. Оттаму велат дека често се случува, и покрај силните докази дека е употребена прекумерна сила,

истрагата на Секторот за внатрешна контрола да го покаже токму спротивното. „Во три случаи минатата година за кои поднесовме претставки, Секторот не’ извести дека нема прекумерна употреба на сила. Но, ние имавме сомневања и силни индикации дека била злоупотребена сила. Поради тоа, своите докази ги доставиме до Јавното обвинителство“, вели Уранија Пировска, портпарол на омбудсманот. Во врска со ваквите обвинувања, од Секторот за внатрешна контрола се правдаат дека бројот на пријави поднесени против нивните припадници постојано се зголемува, а се заоструваат и изречените санкции. Така, само минатата година до Секторот биле поднесени 974 претставки против припадници на полицијата. Сепак, поразителни се податоците дека најголем број од нив, или 570 се покажале како неосновани, а за 108 случаи немало доволно докази. Во 251 случај лани било докажано дека полицајците ги прекршиле законите. Од нив, само во 61 случај била пријавена прекумерна употреба на сила од страна на полицијата, за разлика од 2006 година, кога имало 83 претставки. „Ова се ретки случаи кога полицајците се однесувале насилно кон приведените или кон граѓаните и тие се казнети за своите постапки“, велат во Секторот за внатрешни контрола и професионални стандарди во МВР. Раководителот на овој сектор, Воислав Зафировски, вели дека постојат строги правила кои ги утврдуваат условите и причините поради кои може да се употреби сила врз некое лице. Ако полицискиот службеник употреби сила, а за тоа нема основа, тогаш против него ќе биде поведена дисциплинска постапка и ќе биде казнет, додава тој. И покрај обвинувањата дека полицијата знае да биде груба при испрашувањето на приведените, Зафировски вели дека во последниот период никој не се пожалил на тортура од страна на полицијата. „Нема ниедна претставка за тортура или за насилна изнуда на признание од приведен. Досега ниедно лице не се пожалило на тортура пред јавниот обвинител, ако има таков случај тој сигурно би бил пријавен“, тврди Зафировски. Тој признава дека често кон Секторот се упатуваат критики дека казните спрема полицајците се благи, најчесто завршуваат со парична казна, а дека дисциплинските комисии им попуштат на своите колеги кои се огрешиле пред законот. „Дисциплинската постапка може да резултира или со отказ или со казна од 15 отсто од плата во рок од шест месеци. Знаеме дека тоа понекогаш не е соодветна казна, посебно кога има случаи кога отказот е престрога мерка, а втората опција е преблага. Затоа работиме на измена на Законот за внатрешни работи каде што јасно ќе се дефинираат дисциплинските постапки и ќе има поголема палета казнени мерки“, вели Зафировски. За да се избегнат случаите на бруталност и да се обезбеди поголема доверба во полицијата, експертите и невладините организации бараат поголема контрола за спречување на злоупотребата на полициските овластувања. „Најдобра надворешна контрола може да обезбедат институционалните механизми за контрола на работата на полицијата, како на пример народниот правобранител и Јавното обвинителство. Но, сепак, тие не можат да спроведат ефективна истрага. Затоа е важно Секторот да ја зајакне својата независност во рамките на Министерството“, смета Зафировски. Тоа, според него, ќе се постигне преку обуки и тренинзи и со поголем избор на казнени мерки, со кои ќе се влијае на креирање на поинаква свест и култура на полициските службеници. Според Уранија Пировска, новите предложени механизми од страна на експерти кои се однесуваат на поголема улога на јавниот правобранител и народниот правобранител во истрагите и формирање независна комисија за надгледување на работата на полицијата ќе ја подобрат соработката и припадниците на полицијата ќе бидат повнимателни при својата работа. --------------------------------------------19.04.2008 За Хелсиншки оваа година е изгубена Конкурсот за средните училишта е „сапунска опера“, оценува Хелсиншкиот комитет „Сега ќе се занимаваме со предвремените парламентарни избори, кои проблемот со името ќе го поместат настрана, сведувајќи го на едно од прашањата во предизборната

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

147

Одгласи во медиумите кампања, како што името го покри недобивањето покана за НАТО и грчкото вето што доведе до тоа. А ветото и недобивањето покана, кога беа топ-тема, наполно го одвлекоа нашето внимание од она што дотогаш се бараше од нас како предуслов за добивање покана. Да бевме кучиња, одамна ќе го стекневме Павловиот рефлекс и ќе знаевме дека секоја изборна година за нас е неповратно изгубена година“, вели во писмената изјава Исо Руси, в.д. претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија. Хелсиншкиот комитет во извештајот за март за состојбите во Македонија упати забелешки за Конкурсот за упис во средните училишта, како и за ширење јазик на омраза од страна на Министерството за култура. Случувањата околу конкурсот за средните училиште од Хелсиншки ги нарекуваат сапунска опера во која се вклучија и помалку невообичаени организации, како борците против анархија, со барање советите на пелагониските општини да одржат итни седници, а за проблемот да се произнесат и наставничките и родителските совети, упатувајќи притоа и предупредување дека „ќе преземат активности со порадикални мерки доколку Владата не го спречи самоволието на министерот Рушити“. „Реакциите на објавениот конкурс беа политички обоени и, за жал, од позиции на очигледна заштита на ’македонската кауза‘, која ете се брани и со тоа што ќе се спречи образование на мајчин јазик на другите етнички заедници, особено албанската“, велат од Комитетот. Според Хелсиншки, проблемот воопшто не е нов, ниту може да се врзе за оваа влада и помалку или повеќе се јавува речиси секоја нова учебна година. „Во минатото ваквите состојби беа ’надминувани‘ на тој начин што по протестите во општините и училиштата Министерството се повлекуваше, а за учениците кои имаат право да се школуваат на мајчин јазик во средното образование се бараа хибридни решенија, како што се носење во други општини и сместувања во интернати. А работата е крајно едноставна, се разбира, ако се остави настрана дневното политикантство“, се констатира во извештајот. (П. ---------------------------------------------

против градоначалници и лидери на опозицијата се добро осмислени сценарија. „Тоа е смислена политика за втерување страв меѓу граѓаните“, вели Руси. Дали и кога ќе биде приведен Арнаудов, кој веќе 18 месеци игра криенка со полицијата, веројатно ќе биде познато веднаш по изборите. Имено, според некои гласишта, полицијата ќе успее да го „пронајде“ Арнаудов веќе наредната недела, кога се очекува негово спектакуларно апсење. Панде Лазаров беше уапсен минатиот четврток. Според МВР, Лазаров како генерален директор на „Електростопанство“, во периодот од 1996 до 1998 година, зел провизија за склучени договори за деловна соработка со фирмите „МАН такраф фордертехник“ од Лајпциг, Германија, и кинеската корпорација „Хајнан“, кои требало да испорачаат опрема за РЕК „Осломеј“ и ХЕЦ „Козјак“. МВР тврди дека Лазаров, со намера да го прикрие потеклото, движењето и локацијата на паричните средства, најпрвин ги конвертирал марките во долари и ги префрлил на друга сметка, а потоа сите пари ги префрлил на нова банкарска сметка во Ландесбанк, Берлин – Германија, со што полицијата се сомнева дека го сторил делото перење пари. Арнаудов, поради проневера на еден милион евра, правосилно е осуден на четиригодишна затворска казна. Тој најпрво беше осуден на две години затвор, бидејќи правел штетни договори на сметка на фирмата, но Апелациониот суд двојно му ја зголеми казната. Додека првостепената пресуда чекаше да стане правосилна, тој беше на слобода. Арнаудов требаше да се појави во „Идризово“ уште на 30 ноември 2006 година. Полицијата 18 месеци го води за недостапен, иако граѓани на Скопје и на Охрид тврдат дека Арнаудов слободно се шета по улиците на двата града. --------------------------------------------04.06.2008 Големи критики за однесувањето на полицијата Дали полицијата на изборите беше полојална кон партиите или кон државата

30.05.2008 Лазаров во затвор за сомневање, Арнаудов на слобода со пресуда Според претседателот на Хелсиншки, станува збор за добро смислени сценарија за страв „Предметот против Панде Лазаров беше готов пред неколку месеци и за тоа пишуваа медиумите. Но, темпирањето на неговото апсење е сосема јасно“, вака Исо Руси, претседател на Хелсиншкиот комитет, го коментира апсењето на поранешниот прв човек на Јавното претпријатие „Електростопанство на Македонија“, Панде Лазаров, кој беше уапсен поради сомневање за проневера на 190.000 марки и 300.000 американски долари. Шеесет и четиригодишниот ексдиректор на ЕСМ е во притвор, за разлика од неговиот претходник Ламбе Арнаудов, кој, иако правосилно осуден за милионска проневера, никако да почне да ја издржува четиригодишната затворска казна, бидејќи, наводно, бил недостапен за полицијата и за државните институции. Сомневања за криминал во енергетскиот сектор има се’ повеќе, што експертите го оправдуваат со големиот капитал и пари што ги поседуваат овие компании. Но, дали станува збор за селективна правда, имајќи предвид дека еден директор е зад решетки поради сомневање за криминал, а друг е на слобода, иако Обвинителството докажа дека ја оштетил државата за еден милион евра. „Дефинитивно се создава впечаток дека во Македонија правдата се применува селективно. Место да се реализира една правосилна пресуда и со тоа лицето да си го врати долгот кон државата што го направил со криминални дејства, се атакува кон другите директори на поранешното „Електростопанство на Македонија“, иако за овој случај морам да се оградам, бидејќи за квалификациите на обвинувањата единствено сум слушал од медиумите“, вели професорот на Правниот факултет во Скопје, Никола Тупанчевски. Адвокатот на Панде Лазаров, Стеван Павлевски се воздржа од коментар, имајќи предвид дека неговиот клиент се’ уште нема дадено одбрана пред судот. За претседателот на Хелсиншкиот комитет нема дилеми дека сите овие апсења, инциденти и најави за кривични тужби

148

Зголемен број полицајци на гласачките места, хеликоптери, „ебри“, „алфи“ на секој чекор. Ваквото рекордно присуство на полицијата како превентива за изборните инциденти беше најавено само неколку дена пред да се одржи неделното гласање. Целта беше да се спречат и избегнат инцидентите, а земјава да го обели образот и да си го олесни трнливиот пат за влез во НАТО и во ЕУ. Но, работите тргнаа во сосема спротивна насока. Се вративме пред 2001 година, оценуваат аналитичарите, додавајќи дека полицијата не само што не помогна во спроведувањето фер и демократски избори туку дека демонстрираше оти, и покрај бескрајните домашни и странски реформи, се’ уште е она што беше во поранешниот систем – партиска полиција. Американската амбасада преку соопштение побара од Владата да ги отстрани сите официјални лица од органите на редот чија лојалност е спрема политичка партија, а не спрема професионална полициска работа. Амбасадорката на САД, Џилијан Миловановиќ, изразува загриженост за сериозните недостатоци што ги согледале домашните и странските набљудувачи. „Мора да се постават и целосно да се спроведат стриктни полициски процедури за заштита на гласачите, членовите на Изборната комисија и набљудувачите за да не се повторат случувањата од 1 јуни. Владата мора жестоко да ги истражи, гони и соодветно да ги санкционира оние кои ги попречиле настаните, а кои и’ го одзедоа демократскиот имиџ на оваа земја“, е ставот на амбасадата на САД. На многубројните критики од странските претставници во земјава, од МВР одговараат дека ќе бидат бескомпромисни спрема секого што бил инволвиран во инциденти, особено ако станува збор за припадници на полицијата. Како прв чекор го најавуваат тоа што против тројца припадници на МВР веќе се поднесени кривични пријави за учество во изборни инциденти. Аналитичарот Суад Мисини оценува дека е жално тоа што треба странските набљудувачи да ни ја кажуваат очигледната катастрофа. „Полицијата не помогна во спроведувањето фер и демократски избори. Ако се најавуваше пред изборите дека ќе има полициско присуство повеќе од кога било, а се случи да има насилство повеќе од кога било, може ли некој поинаков заклучок да се изведе од тоа дека полицијата не ја

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

заврши својата работа, односно вршеше туѓа работа“, прашува Мисини. За него е нејасно зошто е дозволено во толку многу места локалните набљудувачи да бидат бркани од избирачки места, но и дека „на неколку места униформирани лица ги спречувале граѓаните да гласаат, каде што потоа се покажало дека се донесени наполнети гласачки кутии“. „Поентата е многу едноставна, дали Албанците во Македонија се див народ и го урнисуваат угледот на земјава или институциите го уништуваат угледот со тоа што не функционираат или функционираат според одредени сценарија што му одговараат некому“, прашува Суад Мисини. Гласачко место во Ново Село е затворено затоа што неидентификувани лица упаднале за време на гласањето. Неидентификувана група направила неред и го избркала набљудувачот на „Мост“ и во Боговиње. Во Желино повторно е повлечен набљудувачот на „Мост“ откако била наполнета гласачката кутија... Ова се само дел од изборните неправилности што ги регистрираа мониторите на граѓанската асоцијација „Мост“. Претседателот на „Мост“, Дарко Алексов, потврдува дека беше забележливо големо присуство на полицијата на гласачките места, но, според него, бројката и не е толку важна колку што е важно како тие реагирале во дадени ситуации. „Ако се сеќавате, ДИК непосредно пред денот на изборите ја повика полицијата да се придржува до Кодексот за постапување донесен од страна на ДИК. Задача на полицијата е на повик на претседателот или член на ИО да влезе во избирачкото место и да воспостави ред. Оттука се поставуваат неколку прашања - дали и кога ОИК или ИО барал интервенција од полицијата и дали полицијата реагирала само кога била повикана“, прашува Алексов, нагласувајќи дека, сепак, факт е тоа што сите оружени инциденти се случија надвор од избирачките места. Тој нагласува дека случаите во кои нивни набљудувачи биле избркани од избирачките места не се случувале во присуство на полицијата. „Информација за реакција на полицијата во случај кога наш набљудувач бил избркан од гласачкото место до нас не стигнала“, децидни се од „Мост“, кои со 3.500 набљудувачи мониторираа 70 отсто од гласачките места во земјава. „Како и за организацијата на сите избори одговорноста, пред се’, лежи во државните институции и во оние кои раководат со нив. Ја плаќаме цената на она што беше очигледно од самиот почеток. Се’ беше подредено на победа по секоја цена: предвреме започната агресивна и скапа кампања финансирана од нелегални пари надвор од сите законски лимити, јавно искажаниот збор никогаш не бил на пониско ниво, до крај контролирани и замолчени медиуми во кои воскреснаа партиските пропагандисти и активисти и серија сериозни инциденти кои останаа нерасчистени и практично ја отворија вратата за грдите настани од 1 јуни“, вели претседателот на Хелсиншкиот комитет, Исо Руси. Според него, се покажа дека институциите на државата се партизирани до крај. „Не се знаеше кој пие, ама се знае кој плаќа. Полицијата демонстрираше дека, и покрај бескрајните домашни и странски реформи, се’ уште е она што беше во поранешниот систем – партиска полиција. И уште полошо, полицијата во служба на коалицијата на власт се подели по етничка основа. Прв пат значајна вертикала во МВР е контролирана и злоупотребувана од албанскиот партиципиент во власта. Јалови беа предупредувањата дека функционер во МВР може да го контролира партискиот активист во истата личност, туку дека ќе се случува обратното – целата структура партиски активисти во МВР да го злоупотребуваат Министерството за партиски цели“, дециден е Руси. Сепак, според него, вината не може да се генерализира или партиски да се балансира. Инцидентите имаат конкретни сторители во конкретни личности, чија професија не е етничката припадност. Треба да се разоткријат сторителите и челниците на политичките партии кои барале вакви активности од нив, вели Руси. Разоткривање на „лошите момчиња“ кои учествуваа во изборните инциденти вчера побараа речиси сите меѓународни фактори во земјава. Од МВР најавуваат дека ќе бидат бескомпромисни спрема секого што бил инволвиран во инциденти. „Инсистиравме и ќе инсистираме на индивидуална одговорност. Нема да дозволиме поединци заради лични или политички интереси да го уриваат угледот на полицијата. За секого што ќе се утврди одговорност ќе следуваат санкции без разлика дали е влезен во МВР според Рамковниот договор

заради правична застапеност“, вели помошник-министерот за односи со јавност, Иво Котевски. --------------------------------------------10.06.2008 За Хелсиншкиот комитет изборите беа најлошо организирани досега Гласањето е нерегуларно за над 10 отсто од вкупното гласачко тело Првите вонредни парламентарни избори во Република Македонија беа најлошо организираните избори во историјата, констатира Хелсиншкиот комитет во својот последен извештај. Фактот дека Државната изборна комисија одлучи да се прегласува во 193 избирачки места со околу 190.000 потенцијални гласачи во Првата, Втората и Шестата изборна единица е експлицитна потврда за нерегуларно гласање за над 10 отсто од вкупното гласачко тело и во половина од постојните изборни единици. Или, гледано низ етничка призма, како што се наведува, изборите не беа фер и демократски барем за една четвртина од населението. Хелсиншкиот комитет забележува дека „не може да се победи дома кога се губи надвор - не може сопствениот успех на изборите да се слави како победа ако релевантни меѓународни организации ги оцениле како пораз на демократијата“. Причината за сето она што се случуваше на 1 јуни се лоцира во нерасчистените предизборни инциденти кои „само ја отворија вратата за посериозни инциденти на денот на гласањето. Ненаоѓањето на виновниците го засили впечатокот дека нема казна за ваквите кривични дела“. Оттаму, во извештајот се поставува директно прашање: „Ако веќе сме сведоци на множењето на изборните инциденти, зошто тогаш не се размисли за санкционирање на докажаната вина со забрана на вршење партиска должност или забрана за учество на партијата на некои следни избори?“ За Хелсиншкиот комитет едно од најпоразителните сознанија во врска со последните избори е пукањето на институциите на државата речиси по сите шевови, а „одговорноста за организацијата на сите избори лежи во институциите и кај оние што раководат со нив“. Наедно, констатираат дека институциите на државата се докрај партизирани и единствено им се важни партиските интереси. Остри забелешки се упатени и на адреса на „полицијата која во служба на коалицијата се подели по етничка основа“, а оваа значајна вертикала во МВР „првпат е контролирана и злоупотребувана од албанскиот партиципиент во власта“. Наедно, се посочуваат разните видови притисоци, вклучително и „шетањето на ‘анкетари’ кои евидентираа кој и како ќе гласа, колку од нивните соседи сигурно ќе гласаат... Иако најголем дел од овие и слични ’партиски активност’ се случуваа во изборната единица во која листата ја предводеше Гордана Јанкулоска, министерката се задоволуваше со изјавата дека полицијата ги презема сите неопходни дејства за разоткривање на случаите“, се заклучува во извештајот на Хелсиншкиот комитет. (Б.Ј.) --------------------------------------------19.06.2008 Хелсиншки комитет: Предизборната кампања ги навести инцидентите од 1 јуни Oд самораспуштањето на парламентот започна офанзивна предизборна кампања Предизборната кампања со сигурност ги навести инцидентите на досега најлошо организираните избори во историјата на Република Македонија, наведува Хелсиншкиот комитет во месечниот извештај објавен вчера. Речиси воопшто не се почитуваше законската одредба според која предизборната кампања трае 20 дена пред денот на гласање. Практично од самораспуштањето на парламентот започна офанзивна предизборна кампања во која се користеа сите расположливи средства. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ пред официјалниот почеток на кампањата во дневниот печат ја дистрибуираше својата изборна програма. Беа потребни десетина дена Владата под притисок на јавноста да ги стопира своите кампањи, но и покрај одлуката за стопирање Министерството за правда

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

149

Одгласи во медиумите продолжи да објавува огласи во наредните денови. Целта, сепак, беше постигната – партиите од власта преку владините кампањи добија додатна (бесплатна) реклама. Владините (редовни) активности, сепак, содржеа елементи на предизборна кампања. Камен-темелници, предавања во употреба водоводи, промоции на кредити за самовработување на невработени... се’ што веќе е установено како предизборен фолклор во државата. Сомнежот за сериозни злоупотреби на буџетските средства беа најавите, но и конкурсите за предизборни вработувања. Ваквите владини однесувања го потенцираа прашањето на однесувањето на Владата од моментот на распишувањето на изборите до нивното одржување, колку тогаш Владата се однесува како техничка, а колку заборава на тоа решавајќи се на одлуки и потези кои се етички спорни. Хелсиншкиот комитет има сериозни забелешки и на скапата политичка пропаганда емитувана на националните телевизии. --------------------------------------------24.07.2008 Хелсиншки: Континуирано се урива принципот на пресумпција на невиност За Министерството за внатрешни работи Хелсиншкиот комитет бил „малку збунет“ и „имал лош ден“

За Министерството за внатрешни работи Хелсиншкиот комитет бил „малку збунет“ и „имал лош ден“. Во вчерашната реакција, меѓу другото, се вели: „МВР искрено верува дека не станува збор за некакви политички интереси и дека Хелсиншкиот комитет нема да инсистира МВР да ја прекине комуникацијата со јавноста и медиумите. Се надеваме дека Хелсиншкиот комитет знае дека одамна помина времето на комунизмот и едноумието, кога службите можеа да приведат одредено лице и за тоа не смееше ниту да се праша. МВР нема да дозволи да биде обвинето дека ’киднапира‘ лица без никакво сомнение или постапка, без разлика што Хелсиншкиот комитет цени дека не требало ниту да се дадат информации за ’поблиската определба на професијата на лицето‘“, стои во соопштението од МВР. МВР, се додава во соопштението, нема да си дозволи да го узурпира правото на слободно информирање на медиумите, ниту, пак, ќе лаже при одговарањето на нивните прашања. Од МВР потсетуваат дека судот е тој кој во независна постапка (без протести и политички притисоци) одлучува за нечија вина. „Се надеваме дека Хелсиншкиот комитет нема да си дозволи да почне со вршење притисоци врз Врховниот суд, со чија дозвола медиумите присуствуваат во судниците, иако станува збор за лица против кои е поведено обвинение, што значи лица чија вина се’ уште не е утврдена со правосилна пресуда“, се наведува во денешното соопштение од МВР. ---------------------------------------------

Во најголем број случаи не се почитува начелото на пресумпција на невиност кое е едно од основните постулати на кривичната постапка заштитено со Уставот на Република Македонија и Европската конвенција за човекови права, се вели во вчерашната реакција на Хелсиншкиот комитет по повод последните спектакуларни апсења. Од оваа невладина организација подвлекуваат дека во некои случаи постои сомнителна примена на процедурите пропишани со интерните акти на МВР. Иако, во Уставот се гарантира принципот на пресумпција на невиност и правото на приватност, достоинство и углед на личноста, сепак, она што секојдневно се гледа во Македонија е како уапсените ги снимаат, спроведуваат до истражен затвор или истражен судија, а настанот е топ-тема во сите медиуми. „Со оглед на фактот дека МВР е организатор и реализатор на полициските акции на приведување, сосема е симптоматично како истите медиумите се точно известени за денот, часот и местото на приведување, па се во можност спектаклот на уривање на нечие достоинство да го прикажат на целокупната македонска јавност“, се вели во реакцијата на Хелсиншки комитет. Според нив, со прикажувањето на оперативните снимки се повредува и правото на приватноста, личниот и семеен живот, угледот и достоинството кои, исто така, се гарантирани со Уставот и меѓународните акти. „Ова право не може да се ужива кога на телевизиите се вртат снимки од приведени лица и притоа се кажуваат нивните имиња, или пак како во некои случаи кога, за да биде иронијата поголема, МВР информира со иницијали проследени со слика и поблиска определба на професијата на лицето“, нагласуваат од Хелсиншки. Поради сето ова, Хелсиншкиот комитет инсистира на примена на членот 8 од Европската конвенција за човекови права, што подразбира дека при обезбедувањето информации за осомничени, обвинети или осудени страни во кривичните постапки треба да се почитува нивното право за заштита на приватноста. За нив е интригантно и прашањето дали во ваквите акции полицијата може да ги оправда средствата за врзување лица (лисици), со спречување на отпор спрема полициски службеник, бегство или самоповредување на лицето, или пак лисиците на приведените лица се само еден сегмент на „циркуската“ претстава што Министерството ја пласира со помош на медиумите! Хелсиншкиот комитет потсетува и на Кодексот на новинарите и на нивната улога во градењето на демократијата и цивилното општество и слобода. Тие сметаат дека во ниту еден случај немаат намера да го минимизираат правото на јавно информирање, но ги повикуваат новинарите да бидат внимателни и притоа да не ги повредуваат другите базични права.Од оваа невладина организација ја охрабруваат и оценуваат како позитивна борбата на државата против корупцијата и спречувањето на криминогените дејства, но укажува дека таквите акции не смеат да ги повредуваат основните принципи и заложби за почитување на основните човекови права и слободи.

150

20.09.2008 Хелсиншки: Македонија како црна дупка Владата води евтина популистичка наместо популациона политика, оценува Хелсиншки комитет Експресно донесените закони во Собранието без каква било дискусија и процедури, целосна партизација на судството, либерализација на прислушувањето, продолжување на проблемот за образование на мајчин јазик, евтина популистичка наместо популациона политика, законот за лобирање, се само дел од забелешките на Хелсиншкиот комитет за човекови права, нотирани во извештајот за јули и август годинава. Во поглавјето насловено „Македонија како црна дупка“, Хелсиншки наведува бројни забелешки за политичката активност во изминатите два месеца, која битно ќе се одрази на состојбата со човековите права во Македонија. „Новиот состав на парламентот неславно ја започна својата работа во ситуација кога новата Влада не беше избрана и во која се случи членови на старата владапредлагач воедно да бидат и пратеници кои гласаа за законите. Но, и тоа беше малку, па новиот парламентарен состав донесуваше закони за 35-40 секунди, а во јули и август беа донесени рекордни 172 закони“, се наведува во извештајот на Хелсиншки. Законите, покрај тоа што беа донесувани речиси без каква било дискусија, тие беа изгласани без присуство на опозицијата и без да расправаат за нив собраниските тела, сметаат од Комитетот, според кој за нив е слабо оправдувањето дека законите се носат по итна постапка, за што оценуваат дека претставува само „елегантен начин за одбегнување на задолжителните фази што ги бара редовната процедура. „Ваквото искривоколчување, невидена вулгаризација на функцијата на законодавниот дом, е директна атака на овој основен принцип на функционирањето на која било држава што претендира да биде демократска и поради тоа партиите на власт до апсурд ја доведуваат во прашање потребата од парламент“, остро критикува Комитетот. За реформите во правосудството се констатира дека тие се свртени во обратен правец, односно наместо поголема самостојност и стручност е направено се’ тие и натаму да се тесно поврзани со дневната политика. „Откако во согласност со тоа се рекомпонира Судскиот совет, како и Советот на обвинителите, се зеде под кумовска контрола Врховниот суд, а Јавното обвинителство е ставено во сенка од својот Оддел за организиран криминал. Стравот од последици по диктат на дневната политика не само што не се искорени туку, се чини, сега е поголем од кога било“, наведува Хелсиншки. Либерализацијата на прислушувањето, се вели во извештајот, отвора можности МВР, такво какво што го имаме, до крај да почне да се однесува како партиска полиција, притоа воопшто не почитувајќи ги предупредувањата на

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

експертите дека проширувањето на овластувањата во делот на примената на специјални истражни мерки е крајно опасно, затоа што тоа не контролира колку долго и за која цел се врши прислушување. „При последниот ребаланс на буџетот, МВР, односно УБК, доби на располагање 25 милиони евра, иако досега годишно трошела до 400 илјади евра. Фактот што тајната полиција добива средства колку што не потрошила во последниве десетина години е сигнал за загриженост, особено во поглед на заштитата на човековите права“, алармираат од Хелсиншки. Оттаму забелешки упатуваат и на нереализираните ветувања за компјутер за секој ученик во задолжителното средно образование, како и за проблемот со правото на образование на мајчин јазик, а кампањата за стимулирање на наталитетот ги става во нерамноправна положба идните мајки. „Во државава имаме евтина популистичка наместо популациона политика“, се наведува во извештајот, во кој и Законот за лобирање повторно е оценет „како уште еден пример за глупоста на власта“. --------------------------------------------18.10.2008

постапка на оформување. За неопходноста од донесување на законот за заштита од дискриминацијата, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија ги повикува Министерството за труд и социјална политика и сите засегнати актери во неговото донесување внимателно да ги разгледаат сите релевантни прашања, без притоа да се следи досегашната практика на експресно изгласување закони без расправа. Хелсиншкиот комитет во извештајот за септември констатира дека Република Македонија недоволно работи во насока на подобрување на материјалните услови за живеење во затворските институции, иако истите состојби во неколку наврати се констатирани и укажани од страна на релевантни домашни и странски органи и организации. (П.Р) --------------------------------------------29.10.2008 Хелсиншки: Условите во специјалните заводи се катастрофални Изминатите зими имаше случаи кога штитеници умираа од студ, а им беа давани и застарени лекови, вели Исо Руси

Хелсиншки бара хашките случаи да добијат разрешница Вратените хашки предмети, мерката притвор и двојните аршини, акцијата “Питачење”, потребата за донесување на Законот за заштита од дискриминацијата и повеќекратните препораки по реализираните посети во затворените институции на Република Македонија се темите кои Хелсиншкиот комитет ги разработува во септемврискиот извештај за состојбата на човековите права. Хелсиншкиот комитет смета дека во никој случај не може да има амнестија за случаи на тешко кршење на меѓународното хуманитарно право, посочувајќи дека враќањето и процесуирањето на хашките предмети во македонското правосудство предизвикува многу дилеми кои се проследени со крајно спротивставени толкувања во јавноста. Хелсиншкиот комитет посочува дека треба да се вложат сите напори случаите да добијат разрешница до крај почитувајќи го принципот на владеење на правото. Во извештајот, меѓу другото, се укажува дека Собранието на Република Македонија во два наврата има усвоено закони со кои се дава правната рамка, а која се однесува на овие случаи - Законот за амнестија и Законот за соработка меѓу Република Македонија и Меѓународниот кривичен суд за гонење лица одговорни за тешко кршење на меѓународното хуманитарно право на територијата на поранешна Југославија. “Потребно е да постои наредба од Судскиот совет на Хашкиот трибунал или одлука на обвинителот на Хашкиот трибунал (или самиот Трибунал) за фактот во каква фаза е кривичната постапка што се предава на одлучување на домашните судски органи. Се’ што е надвор од овие јасни одредби е дневна политика и злоупотреба на правото за нејзини цели”, се наведува во извештајот. За Хелсиншкиот комитет останува отворено прашањето како и во која фаза се вратени четирите хашки предмети. Во врска со мерката притвор и двојните аршини, Хелсиншкиот комитет во извештајот наведува дека судските органи продолжуваат да го злоупотребуваат притворот на начин што го користат како нужна мерка за обезбедување на обвинетиот во водење на кривичната постапка. Хелсиншкиот комитет апелира на соодветна, еднаква и правна примена и употреба на мерката притвор и ги охрабрува и повикува судските органи на употреба на другите соодветни мерки на обезбедување, се’ со цел да не се нарушат човековите права и достоинството на личноста. Хелсиншкиот комитет за човекови права континуирано ја следи акцијата “Питачење” на Министерството за внатрешни работи во соработка со Министерството за труд и социјална политика и соодветните центри за социјална работа, која започна на 10 септември. Во извештајот, меѓу другото, се поздравува напорот на надлежните институции за намалување на бројот на деца кои не посетуваат училиште, но смета дека за да се оствари тоа, потребно е од страна на тие институции да се излезе во пресрет на тие семејства со конкретни мерки за финансиска помош кои би спречиле евентуално повторно враќање на децата на улица, но за тоа решение во никој случај не може и не смее да се чека на измените на Законот за социјална заштита кои се’ уште се во

Состојбата со специјалните заводи за лицата со посебни потреби во државава се на загрижувачко ниво. Хигиената, условите за престој, непостоење активности и содржини за штитениците, програми за нивна ресоцијализација, како и употреба на мерката фиксирање на пациенти се само дел од забелешките на Хелсиншкиот комитет за човекови права, по посетата на заводите во Демир Капија, Демир Хисар, Негорци и Бања Банско. Иако ваквата ситуацијата во овие институции од поодамна е добро позната, за Хелсиншки она што најмногу загрижува е што државата не презема ништо барем минимално да се подобрат условите за престој на лицата на кои им е потребна посебна грижа. „Ако кажеме дека во некои од институциите има некакво напредување, тоа се граничи со црн хумор. Изминатите зими имаше случаи кога штитеници умираа од студ, им беа давани и застарени лекови, а објаснувањата дека тендерот доцнел или немале нафта не е оправдување“, вели претседателот на Хелсиншки, Исо Руси. При посетата на заводот во Демир Капија е забележано дека изминативе неколку години континуирано бележи случаи на заболени од туберкулоза, од кои неколкумина починале, а директорот на оваа институција е единствениот доктор кој заедно со девет сестри се грижи за 313 штитеници. Покрај ова, се бележи и ниско ниво на хигиенско-санитарни услови, кое е карактеристично и за заводите во Демир Хисар и Негорци, каде што се посочува и примена на методи за фиксирање на кревет. Со поквалитетни услови за живот е заводот во Бања Банско кој е изградена со средства од фондацијата „Сју Рајдер“ и каде што постои посебно основно училиште за децата со пречки во развојот. Хелсиншкиот комитет во текот на неделава ќе ја посети и болницата „Бардовци“. (Св.У.) --------------------------------------------19.11.2008 Хелсиншки укажува на низа недостатоци во вештачењата на „Змиско око“ Комитетот бара судот да ги земе предвид укажувањата пред да донесе пресуда за десетина дена Хелисиншкиот комитет вчера уште еднаш изнесе забелешки за случајот „Змиско око“, појаснувајќи дека особен белег на целокупниот процес се бројните недоречености во поглед на извршените вештачења и „претпоставената“ штета, поради што биле спроведени три вештачења и сите биле противречни едно на друго. Во својот извештај Хелсиншкиот комитет наведува дека на главниот претрес било извршено вештачењето кое се состоело од економски и технички дел. Вештачењето само по себе, заклучува Комитетот, е контрадикторно, бидејќи вештото лице во областа на техниката наведува штета, а вештаците од сферата на финансиите не наоѓаат такво нешто и притоа утврдуваат позитивни резултати и остварен вишок во текот 2006 и 2007 година. „Но, и покрај тоа што овие лица, експерти од финансиската и економската област, утврдиле различна состојба од

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

151

Одгласи во медиумите ’вештото лице’ од техничката област, сепак, тие се потпишале на изготвеното вештачење кое зборува за минимална штета?! За да се решат дилемите што постоеја околу самото вештачење, вештите лица појаснија дека се произнеле само за економскиот дел, а не и за техничкиот, бидејќи во него воопшто и не учествувале, односно дека своите потписи ги ставиле во врска со економскиот дел како што изјави ’вештакот’ за техничкиот дел дека не го разбира финансиското вештачење, но се согласува со него и го потпишал?! Хелсиншкиот комитет се надева дека судот ќе ги има предвид недостатоците и противречностите на вештачењата при донесувањето одлука, бидејќи станува збор за судбината на 72 лица обвинети во овој процес“, се наведува во извештајот. Според најавите од судот, пресудата за „Змиско око“ ќе биде донесена на 28 ноември, со што предметот ќе се затвори по повеќе од 14 месеци, откако беше приведена првата група осомничени. Полицијата, во четири групи приведе 72 лица поради сомневање дека направиле штета од пет милиони евра. Приведувањето на вработените на патарините започна ланскиот септември, а потоа продолжи и во наредните два месеца со приведување на уште три групи осомничени. Дел од оние кои проговорија за криминалот на патарините најпрво беа третирани како сведоци во преткривичната постапка, но имаше и такви кои подоцна беа приведени под сомнение дека се дел од големата група вработени кои со злоупотреби на службената положба успеала да ја оштети државата за милионски износи.

спротивното. - Не гледаме дека во извештајот на Комитетот преовладува негативноста, напротив тие само најдоа забелешка околу бројноста на персоналот, што се во право, се друго околу техничкиот аспект условите во болницата се на завидно ниво. Сепак критиките не се пресудни. Позитивна оценка и високи стандарди комитетот посочи во однос на одделението за психијатриска рехабилитација, каде се сместени пациенти кои се подготвуваат за интеграција и враќање дома, наречен “Хостел”. Во него условите за престој се беспрекорни, хигиената е на високо ниво, инвентарот и кујната се нови, собата за дневен престој, тоалетите беа во одлична состојба стои во месечниот билтен на комитетот. Тргнувајќи од целта за унапредување на состојбите во психијатриските институции во Македонија, Хелсиншки препорачува целосна примена на одредбите на Законот за вонпарнична постапка за задржување на лица на лекување во специјализирана здравствена институција, особено на одредбите за присилната хоспитализација. Меѓу препораките на комитетот се вбројуваат и преземање дополнителни активности за стимулирање на контактите на пациентите со семејствата преку соработка со центрите за социјална работа и постојан надзор над овие установи од страна на надлежните органи, како и надзор од страна на граѓанските организации, со цел за подобрување на нивната работа низ призмата на конструктивната критика. ---------------------------------------------

--------------------------------------------2008-10-29

19.11.2008

Лоши услови за штитениците

Нема пресумпција на невиност во „Пепел“ Хелсиншкиот комитет за човекови права реагира дека МВР го прекрши начелото за пресумпција на невиност во случајот „Пепел“, чија цел беше империјата на тутунскиот бос Бајруш Сејдиу. Хелсиншки констатира дека „за жал, и во текот на октомври сме сведоци на континуирано игнорирање на пресумпцијата на невиност од страна на МВР“. Комитетот и’ забележува на министерката Јанкуловска дека го прекршила начелото на невиност со изјавата дека групата на Сејдиу „со право можеме да наречеме и мафијашка структура“. „Министерката заборава дека станува збор за лица, кои се само осомничени, а за евентуално утврдување ма нивната вина е надлежен судот, а не МВР“, стои во извештајот на Хелсиншки. (Г.А.)

Условите во кои живеат штитениците во затворените институции “Демир Капија”, “Демир Хисар” и “Негорци” се загрижувачки, додека во “Бања Банско” се на задоволително ниво. Ова е заклучокот од анализата при посетите на Хелсиншкиот комитет за човекови права во овие институции. Според нив, условите во кои живеат корисниците се минимум од минимумот. При посетата на установата во Демир Капија е констатирано дека хигиенско-санитарните услови биле на многу ниско ниво, директорот на болницата е единствениот доктор кој заедно со девет медицински сестри се грижи за 313 штитеници. Ниско ниво на санитарни и хигиенски услови е забележано и во психијатриските болници “Негорци” и “Демир Хисар”, каде имало случаи и на фиксирање за креветите. ---------------------------------------------

ВЕЧЕР

2008-07-09

2008-12-11

Aлармантно зголемен бројот на силувани деца

Пренатрупаноста - главен проблем во Бардовци Не гледаме дека во извештајот на Комитетот преовладува негативноста, напротив тие само најдоа забелешка околу бројноста на персоналот што се во право, се друго околу техничкиот аспект и условите во болницата се на завидно ниво Неопходност од бојосување на некои одделенија, замена на опремата и инвентарот и пред се уредување на тоалетите со промена на санитарните елементи, лошите материјални услови на некои од објектите, пренатрупаност на собите, недоволен број на медицински сестри, малиот број на хигиеничари, се проблемите кои се присутни во Психијатриската болница Скопје - Бардовци, констатира Хелсиншкиот комитет за човекови права. Во однос на материјалните услови во здравствената установа Комитетот во својот извештај забележува дека се разликуваат од едно одделение до друго. Најлоши материјални услови и незадоволително ниво на хигиена постојат во одделенијата за геријатрија, како и во одделенијата за хронично болни, особено машките одделенија. Понатаму во извештајот комитетот најмногу забелешки дава околу состојбата со тоалетите. Со оглед да тоа дека еден тоалет користат сите пациенти сместени во рамките на едно одделение. Надлежните од болницата Бардовци го тврдат

152

Хелсиншкиот комитет во својот месечен извештај го критикува Министерството за труд и Центрите за социјална работа дека не покажале капацитет, знаење, волја и желба да ги заштитат децата Надлежните институции да преземат мерки за да се спречи се почестата сексуална злоупотрена на деца, бара Хелсиншкиот комитет. Според Комитетот десетината нови случаи на сексуална злоупотреба на малолетници само во јуни се алармантни поради што е потребна превенција. “Само санкционирање на сторителите не е доволно. Нужно е надлежните институции да ги преземат потребните чекори” - велат од Хелсиншки. Хелсиншкиот комитет на Македонија во својот месечен извештај го критикува Министерството за труд и Центрите за социјална работа дека не покажале капацитет, знаење, волја и желба навистина да ги извршат обврските кои им се доделени во врска со децатаа. Центрите за социјална работа се служби кои имаат клучна улога во заштитата на децата од злоупотреба. Таа улога е заснована на нивните значајни функции во социјалната заштита на семејството и децата, но и на нивните законски надлежности за заштита на правата на децата. Тие треба да бидат иницијатори и координатори на целокупниот процес на заштита на децата од злоупотреба. Тој процес вклучува активности на повеќе различни државни органи, како полиција и правосудство, како и стручни институции меѓу кои здравствени, социјални и

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

образовни. Распределбата на улогите на сите учесници во заштитата треба да овозможи ефикасно запирање на насилството и да обезбеди адекватна заштита на децата со што е можно помали дополнителни трауматски последици” - коментираат од Хелсиншки. Според нив не се знае дали се почесто се случува сексуална злоупотреба на деца или пак се работи на зголемување на бројот на пријавени случаи. Сепак, додаваат од Комитетот, тоа не ги оправдува надлежните органи кои во текот на изминатите години можеле и требало да преземат нешто за да не дојде до вакви злоупотреби.

ВРЕМЕ 14.01.2008 На настава во училиште без клозет! Во училишна зграда стара повеќе од 50 години, меѓу влажни, необоени ѕидови што се ронат, со под без плочки од кој зјае гол бетон и две прозорчиња низ кои едвај се пробива светлина, учат 16 ученици во комбинирана паралелка од прво до трето одделение во подрачната единица на основното училиште „Братство“ во скопското село Сушица, кое се наоѓа на околу 40 километри од главниот град. Ниту двете светилки, ниту светлината што продира низ двата мали прозорци не им е доволна на децата за да пишуваат и да читаат. Ова ни од далеку не ги задоволува правилата за нормално одвивање на наставата, според кои, во училницата треба да има што повеќе прозорци и повеќе светлина. Од наставен материјал децата во ова училиште имаат само табла и креда. Користат полско веце, кое се наоѓа надвор, оддалечено десетици метри од училишната зграда. За фискултурна сала засега само сонуваат, а часови по физичко имаат само во потоплите денови, во дворот на училиштето. Единствената работа што ги прави весели овие деца е секогаш топлата училница, која се загрева од ќумбето со дрва. Во зградата има уште една просторија, некогашна училница, која денеска е складиште за дрва за огрев. Наставничката Силвана Василевска, која предава во ова училиште 11 години, вели дека сите ученици се солидни и мирни, и покрај лошите услови во кои учат. - Малку ни е тешко во исто време да учиме лекции од различни предмети и од различни наставни програми. Во паралелката има две шестгодишни и три седумгодишни првачиња. Останатите се второ и трето одделение. Наставата почнува во девет часот зашто е студено ако почнуваме порано наутро. Децата си заминуваат до 13 часот. Откако ќе завршат четврто одделение, децата продолжуваат да учат од петто до осмо во селото Средно Коњари, кое се наоѓа на околу четири километри од Сушица - објаснува наставничката Василевска. Освен неа, во ова училиште има уште еден вработен, кој ја чисти училницата откако децата ќе си заминат и го пали огнот пред тие да пристигнат. Жителите во ова село раскажуваат дека многу им е тешко на децата од околните села, кои се принудени да пешачат и по неколку километри за да доаѓаат на настава во Сушица. Тие раскажуваат дека на децата особено им било тешко да пешачат кога има снег, зашто тогаш патот до училиштето бил блокиран и тешко прооден. Надлежните во Министерството за образование и наука велат дека веќе знаеле во какви услови учат децата во ова село. Комисија од Министерството деновиве треба да направи увид во училиштето. За жал, има многу вакви случаи во кои нема елементарни услови за нормално одржување на наставата. Правиме се за да ја смениме ваквата слика за нашето образование. Подрачното училиште во Сушица ќе добие прозорци и врати, а потоа ќе го решиме и проблемот со санитарните јазли - вели Љупчо Спасовски, раководител на секторот за основно и средно образование во Министерството. Тој додаде дека и ова училиште ќе добие нови клупи и столчиња како дел од новиот проект на Владата за набавка на нова училишна опрема. И македонскиот Хелсиншки комитет веќе предупреди за лошите услови во основните училишта во земјава. Според еден од нивните извештаи, учениците во околу 50 училишта во земјава учат во простор што не ги задоволува ни минималните затворски услови, пропишани со стандардите на ООН и на Советот на Европа.

20.02.2008 Владата промовира државна религија Верските објекти треба да гради црквата, а не државата, оценува Хелсиншки комитет, коментирајќи ја изградба на православниот храм на плоштадот во Скопје во последниот извештај. Невладината организација тврди дека со промена на Деталниот урбанистички план би се дезориентирала целокупната слика на тој простор. „Владата предизвика ситуација со која мора да се справува: ако се обновува старата црква на истиот простор, според истиот принцип треба да ги обнови и другите верски објекти што постоеле во минатото, а се од други конфесии. Друга опција нема“, се вели во извештајот. Во целата работа, според Хелсиншки комитет, најпроблематично е што Владата со оваа одлука директно го доведува во прашање принципот на одвоеност на државата и верските заедници. „Оваа одлука е едноставно чекор напред во промоцијата на државна религија. За оваа влада на ВМРОДПМНЕ ова е и логичен чекор, по обидот во предизборието за последните парламентарни избори да се добие благослов од МПЦ за кандидатите за членови на парламентот, додека нејзиниот албански коалициски партнер, пак, и не крие дека ја контролира ИВЗ“, стои во извештајот. --------------------------------------------25.02.2008 Осуден според неважечки закон Хелсиншки комитет во својот последен извештај констатирал дека со пресудата на судијата Ристо Петков се повредени правата на кавадарчанецот Ангел Димитров и затоа бара дополнителна контрола за стручноста на конкретниот судија. Во меѓувреме, десетици граѓани од Кавадарци се организираа и објавија апел со кој ги повикаа сите граѓани што имаат докази за нестручност и несовесност на судијата Ристо Петков да ги достават до Републичкиот судски совет. Лазар Нанев, претседател на кавадаречкиот суд, ваквиот потег го оцени како несериозен. Според него, да имало некакви незаконитости во работењето на кој било судија од овој суд, повисоките органи би му наложиле да преземе мерки. Судијата Петков и Републичкиот судски совет не сакаа да го коментираат овој случај. Ангел Димитров и Перо Андов се сограѓани што ги поврзала маката. Тие велат дека ни криви ни должни трпат огромна загуба поради незаконски судски одлуки. Димитров ќе ја изгуби кафеаната ако не го намири долг што не го направил. - Судијата Ристо Петков ме задолжи на една струмичката фирма да и платам 160.000 денари плус камата, а со тоа претпријатие немав никакви должничко-доверителски односи. Пресудата ми е изречена со закон кој престанал да важи четири години пред да поднесат кривична пријава за мене - истакна Димитров. Во извештајот на Хелсиншки комитет стои дека при решавање на овој спор во 2000 година судијата Петков се повикал на законот за претпријатија кој бил укинат во 1996 година. Според комитетот, судијата требало да го користи Законот за трговски друштва бидејќи тужбата против Димитров е поднесена во период кога во примена бил овој Закон. Димитров вели дека апсурдот станал уште поголем кога судијата Петков се јавил како извршител во предметот што тој го судел. На Перо Андов судот му ги одзел машините поради неплатен кредит кон Стопанска банка, иако банката не побарала таква интервенција од судот. Андов е сопственик на фирмата „Колорадо 2000“, која вршела преработка и производство на електрозаварени цевки и профили. За набавка на суровини и репро материјали претпријатието од Стопанска банка земало кредит од три милиони евра. Во меѓувреме, поради долг му ја исклучиле струјата поради што не можел да го отплаќа и долгот кон банката. Тој вели дека со банката склучил договор да и ја врати главницата, а таа да го ослободи од хипотеката. Од Стопанска банка побарале судот да назначи администратор кој ќе надгледува опремата во фирмата за да не настане оштетување додека Андов не и го врати долгот. - Тогаш судијата Ристо Петков на своја рака донесе одлука да ми бидат одземени алатот и машините, банката на која и должев никогаш не побара такво нешто. Опремата ми беше одземена без да се направи попис на тоа што се изнесува од погонот. Сакав на суд да ја докажам правдата. Но барав друг судија - тврди Андов. По петтото барање за изземање бил сменет судијата Петков. За судија во

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

153

Одгласи во медиумите спорот бил назначен Зоран Јосифов. - Овој судија целосно ги усвои моите барања. Констатира дека во решението со кое било определен администраторот не било наложено да ми биде одземена опремата. Во решението на Јосифов стои дека претходниот судија ги пречекорил границите на извршувањето - објаснува Андов. Тој вели дека откако Јосифов констатирал незаконитости во извршувањето, наложил судот да му ја врати одземената опрема. - Поради неправдата која ми беше нанесена, случајот го пријавив во Основното јавно обвинителство во Кавадарци. Елизабета Мишева Јорданова, заменичка на јавниот обвинител ми рече дека не може да пронајде докази со кои ќе докаже дека судијата Петков ги пречекорил границите на овластување - вели Андов. Андов вели ќе ја тужи државата поради претрпената штета од над пет милиони евра. Хелсиншки му порачува на РСС Комитетот смета дека Судскиот совет треба внимателно да го испитува работењето на судиите и нивната стручност во примена на законската регулатива кога е повикан да го стори тоа. Иако тоа е предмет на второстепена судска контрола и можност за укинување на таква пресуда, сепак е индикатор за познавањето и примената на законите кои можат да бидат на директна штета на граѓаните, што бара и дополнителна контрола за стручноста на конкретниот судија. --------------------------------------------13.03.2008 Во Бродец, сепак, имало тортура МВР да спроведе вистинска истрага за начинот на кој биле третирани приведените лица во полициската акција во тетовското село Бродец и да поднесе кривична пријава за сите што сториле кривични дела, без селективна примена на законот, побара вчера Хелсиншкиот комитет за човекови права. Во најновиот извештај Комитетот со жалење констатира дека место да преземе конкретни мерки за службениците што извршиле тортура, МВР ја насочило активноста кон снимателите на видеоклипот, со што само докажува дека во акцијата, навистина, имало прекумерна употреба на сила. Од МВР тврдат дека снимките ја потврдиле веродостојноста на извештајот на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди и дека во акцијата се почитувани законските процедури за третман на приведените. Полицијата уверува дека нејзините службеници употребиле соодветна, сразмерна и основана сила за приведување зашто било неопходно за да се совлада вооружениот отпор на осомничените за тероризам, кои ги довеле во опасност животите на полицајците и на цивилите од Бродец. МВР потсетува дека осомничените, кои се повредени во акцијата, биле опасни криминалци, барани со домашни и меѓународни потерници за тешки кривични дела, меѓу кои бил и Хабип Ахмети, осуден на доживотна казна затвор за убиство на чувар во тетовскиот затвор, кој се наоѓа и на последната црна листа на ЕУ. Повредените биле пренесени в болница за да им биде укажан неопходниот медицински третман, а по истрагата на внатрешната контрола е поведена постапка против откриените полицајци, кои ги снимале осомничените спротивно на овластувањето. --------------------------------------------13.03.2008 Жртвите добиваат пријави за напад на полицајци Хелсиншкиот комитет апелира до МВР и до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди да не го злоупотребуваат кривичното дело напад на службено лице при вршење на работите на безбедноста. Комитетот предупредува дека од Секторот се затскриваат зад должноста да поведат темелна истрага и да преземат санкции за полициските службеници што ги пречекориле овластувањата и да ја спроведуваат декларираната заложба за заштита и почитување на човековите права. Во Хелсиншки комитет велат дека во претставките за понижувачко однесување и бруталност од полициски службеници, Боге Угриновски од селото Подбреѓе, скопјаните Андон Спасов и Грозде и Злате Денчовски, тврдат дека биле физички нападнати и претепани од полициски службеници. Од нападите четворицата добиле повреди по телото и по главата, за што имаат медицински

154

документи, кои им оставиле последици по здравјето. Проверката од Хелсиншки покажала дека фактичката состојба потврдува сериозни индиции дека припадниците на МВР ги злоупотребиле овластувањата и постапиле спротивно на правната регулатива. Но, во писмените одговори, Секторот за внатрешна контрола ги известил дека, всушност, полициските службеници биле испровоцирани од странките. Нивното образложение било дека од наведените навредливи зборови и пцости, со кои, божем, жртвите им се обраќале на полициските службеници, се заклучува дека полицајците биле предизвикани да употребат сила. Во Хелсиншки реагираат дека во два од споменатите три случаи МВР поднело кривични пријави токму за жртвите за кривично дело напад на службено лице при вршење на работите на безбедноста. За Внатрешна контрола претставките биле неосновани, што за Хелсиншкиот комитет е сосема нејасно. Тие се прашуваат како може во период од два месеца, во три одвоени поплаки од граѓани, истрагата на Секторот да констатира дека професионално обучените полициски службени лица биле предизвикани од вербални провокации од граѓани. За нив е нејасно како полицајците морале да интервенираат за да се заштитат и не можеле да ги совладаат, туку морале да употребат сила и да нанесат телесни повреди. А, најчудно од се е, велат во Комитетот, дека граѓаните се обвинуваат за напад на службениците. Во Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР велат дека секоја претставка што ја добиваат за пречекорување на службено овластување на полициски работник ја ставаат во процедура. - Ако се утврди дека службените овластувања се пречекорени, може да следуваат дисциплински мерки. По потврдата за постоење елементи на кривично дело следува и кривична пријава, а ако се потврди дека е делото направено, следува барање за да се поведе постапка за отпуштање од работа вели одговорниот за Секторот, Восилав Зафировски. --------------------------------------------24.04.2008 Полицајци ги тепале приведените до несвест? Комитетот за борба против тортура на Советот на Европа и упати остри критики на Македонија за лошо постапување со осудениците, стои во извештајот на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Тој е изработен по десетдневната посета во шест затвори и притвори во земјава. Комитетот укажува на тоа дека значителен број осуденици, меѓу кои и малолетници, изјавиле дека полициските сили постапувале лошо со нив. Се пренесуваат и изјави на затвореници, кои тврдат дека полицајци во цивилна облека ги испрашувале и ги удирале со нозе и со раце за да проговорат. Некои од нив од малтретирањата загубиле свест. Се укажува на тоа дека сила применувале и неискусни полицајци, кои површно ги воделе истрагите. Комитетот побарал од македонските власти да спроведуваат политика на „нулта толеранција“ кон насилството и да спроведат вистинска истрага во случаи кога има сомневање за малтретирање. Според забелешките на Комитетот, правото на пристап до адвокат мора да му биде обезбедено на секој осомничен и да може со него да зборува насамо по приведувањето во полициската станица. Но, стои понатаму во извештајот, тоа не треба да ја спречи полицијата, ако станува збор за итност, да го испрашува приведениот и пред пристигнувањето на адвокатот. Во однос на приведување малолетник, треба да е присутен некој од родителите или старателот. „Правото на задржаните од полицијата да имаат пристап до доктор се уште не е формално загарантирано. Треба да се забележи дека дури и новиот Закон за полицијата не го предвидува тоа право. Во текот на посетата, одреден број приведени изнеле примери за лошо постапување од страна на полицајци и изјавуваат дека не им била понудена можноста да контактираат со лекар“, стои во извештајот. Делегацијата на Комитетот против тортура забележува дека најголем дел од просториите за задржување во полициските станици се чисти, но вкупната состојба е незадоволителна. Конкретно, нема доволно или воопшто нема природна светлина, а во одредени места нема дури ни вештачка светлина. Споменати се полициските станици во Центар, Карпош, Тетово. Ѕвона за повикување помош немало во повеќе притворски простории во станиците, а вработените не можеле да чујат дали на приведениот му е потребна помош или сака да оди в тоалет. Такви случаи се констатирани во полициските станици на Бит Пазар, Центар, Гази Баба, Тетово.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Ќелиите во полициската станица во Куманово се темни, влажни, а душеците и ќебињата се нечисти и стари. Во ќелиите во полициската станица во Чаир нема услови за одмор на приведените ако се задржани во полициската станица преку ноќ, што често се случува. Комитетот е загрижен што осум години по првата посета не се преземени никакви напори за да се подобрат материјалните услови во одредени полициски станици. Конвенцијата ќе се ратификува Во текот на изминатите месеци, Хелсиншкиот комитет упати два јавни апела до Владата за ратификација на Факултативниот протокол кон Конвенцијата против мачењето, нехуманите и понижувачки казни и постапки. Македонија е потписник на Конвенцијата од први септември 2006 година и, според информациите од Министерството за надворешни работи, во тек се подготовки за негова ратификација. Од ратификувањето, државата мора во рок од една година да воспостави Национален механизам за превенција. --------------------------------------------23.09.2008 Многу закони, државата црна дупка Со тоа што за само два месеци од јули до август годинава беа донесени вкупно 172 закони, од кои 50 целосно нови, Владата ја направи Македонија црна дупка, обвинуваат од Хелсиншкиот комитет за човекови права во последниот извештај. Оттаму велат дека освен тоа што во јули биле донесени 23 нови закони, а во август 27, и 122 измени на акти, рекордот бил постигнат со тоа што на три седници едноподруго биле донесени дури 66 закони. Со овие бројки, сметаат од Хелсиншки комитет, се потврдува недостигот од демократија во државата, предизвикан од староновиот состав на Собранието и од новата влада. Комитетот предупредува дека експресното носење нови закони се одразува многу негативно, а во иднина може да се одрази и на состојбата со човековите права. - Во ситуација кога новата влада не беше избрана, таа заседаваше и донесуваше закони предложени од старата гарнитура, а новиот состав на парламентот гласаше за нив. Се случи и речиси невозможната ситуација за демократски земји - членови на старата влада што предложувале, да бидат и членови на новиот парламент - во една личност да се спојат и предлагач и тој што гласа за предлогот. Но, и тоа беше малку, па новиот парламентарен состав почна да донесува нови закони за рекордни времиња. Времето на донесување закон изнесувало 35-40 секунди - подвлекуваат од Хелсиншки комитет. Експертите од Хелсиншки комитет забележуваат на усвојувањето на законите по итна постапка, осмислена да биде спроведувана во исклучителни случаи. Тоа, според нив, е користено како „елегантно“ решение за одбегнување на трите задолжителни фази кои ги бара редовната процедура. - За Комитетот, чиј темел на активностите е инсистирањето на владеење на правото, ваквата невидена вулгаризација на функцијата на законодавниот дом е директен атак на демократијата. Заклучокот произлегува од фактот што до апсурд се доведуваат односите меѓу законодавната и извршната власт - констатира македонскиот Хелсиншки комитет. Како пример за однесување од позиција на моќ се наведува тоа што полицијата, и покрај новиот Закон за полиција, и натаму поттикнува страв со спектакуларни апсења со директен ТВпренос. Комитетот предупредува дека давањето поголеми овластувања на МВР во делот на примената на специјалните истражни мерки е крајно опасно затоа што никој не може да контролира колку долго траело прислушувањето и за каква цел. --------------------------------------------25.10.2008 Шврговски крие клучен документ од Хаг Хелсиншки комитет бара од Јавното обвинителство да одговори дали за секој од вратените четири хашки предмети има наредба или одлука од Меѓународниот кривичен трибунал за натамошно постапување пред надлежните државни судски органи, како што е предвидено според Законот за соработка со трибуналот. Доколку има таков документ, Комитетот го повикува јавниот обвинител Љупчо

Шврговски да и го покаже на јавноста, а во случај да нема, да се престане со манипулации за дневно-политичка полза. Комитетот бара од судството да се почитуваат Законот за амнестија од 2002 година, со кој Македонија го пренела правото за воените злосторства од 2001 година да одлучува трибуналот, и Законот за соработка со хашкиот трибунал од 2007 година, во кој точно е прецизирано во кои случаи може да продолжат да се процесираат хашки предмети во националните судови, доколку се вратат. Ова е возможно само доколку се исполни еден од трите услови прецизирани во Законот за соработка со Трибуналот, велат во Комитетот. Првиот е ако обвинителот на хашкиот трибунал покренал обвинителен акт и доколку Судскиот совет на хашкиот трибунал потоа издал наредба во која се наведува дека обвинителниот акт против обвинетото лице се одложува се до почнување на постапката пред надлежните судови во Република Македонија. Понатаму, ако обвинителот на хашкиот трибунал повел истрага и Судскиот совет на хашкиот трибунал потоа издал наредба во која се наведува дека истрагата против обвинетото лице се одложува се до почнување на постапката пред надлежните судови во Република Македонија и ако хашкиот трибунал издал наредба и се прогласил за ненадлежен. - Клучот е тука. Во сите три случаи е предвидено да постои наредба од Судскиот совет на хашкиот трибунал или одлука на обвинителот на хашкиот трибунал за тоа во каква фаза е кривичната постапка која се предава на одлучување на домашните судски органи. Претпоставуваме дека ја нема, во спротивно зошто би се криела - прашува Исо Руси, претседател на Хелсиншки комитет. Руси тврди дека, независно во која фаза се вратени предметите, па дури за некои од случаите да има и обвинение, одлука или наредба од Меѓународниот кривичен суд за нивно идно процесуирање „едноставно мора да има“. Според Комитетот, хашките предмети се особено чувствителни поради можноста во еден момент да ескалираат поради вмешувањето и влијанието на политиката, која поради свои потреби може да влијае на институциите во сферата на правосудството. Хелсиншки препорачува, додека не е доцна, да се вложат напори случаите да добијат решение до крај со почитување на принципот на владеење на правото. - Ако дневните политички одлуки влијаат врз одлуките на судството, за какви реформи станува збор - прашува Руси. Република Македонија му отстапи пет кривични постапки на Меѓународниот кривичен суд за гонење лица одговорни за тешко кршење на меѓународното хуманитарно право на територијата на поранешна Југославија. Пред хашкиот трибунал судско решение доби само судскиот предмет во кој како обвинети се појавија Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски. Со првостепена пресуда на трибуналот, Бошковски беше ослободен од обвинение, а Тарчуловски беше осуден на казна затвор во траење од 12 години. Другите четири случаи, „Мавровски работници“, „Липковска брана“, „Непроштено“ и „Раководството на ОНА“ во текот на 2008 година беа вратени назад во Република Македонија. Од Комитетот напоменуваат дека нема разногласие оти воените злосторства не застаруваат и дека за нив нема амнестија. --------------------------------------------29.10.2009 Во специјалните заводи работат лаици Условите во специјалните заводи за луѓе со посебни потреби се многу лоши, а персоналот е нестручен за медицинска и за психосоцијална помош, тврдат од Хелсиншки комитет. Иако постои минимално подобрување од последната проверка во 2005 година, според Хелсиншкиот комитет има уште многу работи што треба да се променат. Од посетите во четири од вкупно пет вакви институции во Македонија заклучиле дека постојат многу недостатоци и проблеми, почнувајќи од условите за живот во институциите, па се до недоволните програмски содржини и активности, со исклучок на Заводот за заштита и рехабилитација „Бања Банско“ во Струмица, каде што условите биле нешто подобри од останатите. Тони Микиновски од Хелсиншкиот комитет смета дека условите во Специјалниот завод во Демир Капија се на многу ниско ниво. - Бараме Владата да овозможи услови за подигање на нивото на хигиената во целата установа, да се подготви план и програма за организирање на времето на штитениците во креативни работилници и да се обезбедат средства за дополнителна обука на вработените

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

155

Одгласи во медиумите - вели Микиновски. При посетата на Заводот за заштита и рехабилитација „Бања Банско“ - Струмица е утврдено дека условите во оваа затворена институција се најдобри, меѓутоа персоналот кој е вработен таму е нестручен и неадекватен за медицинска и за психосоцијална помош. Од Хелсиншки комитет велат дека е потребно вработување на повеќе социјални работници и психотерапавти, како и редовно и задолжително носење на корисниците на прошетки надвор од објектот. Според анализата, најлоши услови за живеење имаат пациентите во Психијатриската болница во Демир Хисар. - Под итно бараме подобрување на условите за живот на пациентите, особено реновирање на санитарните јазли, обезбедување лични шкафчиња за сите пациенти, зголемување на бројот на хигиеничари, посебно во оние одделенија, каде што луѓето не се способни да помагаат во одржувањето на хигиената - изјави Микиновски. Лошите материјални услови и презафатеност се главните проблеми во Психијатриската болница „Негорци“. Затоа од Хелсиншки комитет бараат изградба на нови и реновирање на постојните капацитети, вработување на повеќе социјални работници.

припадници на ромската популација. Притоа се повторуваат барањата итно да се испита вистинитоста на сите обвинување и да се зајакне работата на правобранителот. Клоци по казна, возење во багажник Најострите забелешки за работата на „Алфите“ се содржани во последниот извештај на Комитетот за превенција на тортура при Советот на Европа. Во интервјуа со нивни претставници, „значителен број“ македонски граѓани се пожалиле на малтретирање од страна на „Алфите“. Многумина од испрашуваните биле клоцани со нога, со тупаници, удирани со пендрек или со дршка од пиштол и со други предмети пред или за време на сослушувањето. Целта била од сослушуваните да се извлече некое признание или едноставно да се „казнат“. Нивната делегација евидентирала и една поплака за сексуално изживување од страна на припадници на единицата врз лице кое било задржано преку ноќ во полициска станица. Најчести и најконзистентни биле поплаките за претерана употреба на сила при апсење, врзување на уапсените па дури и нивното ставање во багажник од автомобил при транспортот до полициска станица.

---------------------------------------------

---------------------------------------------

15.11.2008

156

17.11.2008 Клуч за „Алфите“?

Јанкуловска не ги дава Алфите

Македонските власти уште во мај годинава пред Комитетот за тортута на Обединетите нации најавиле дека наскоро ќе ја расформираат специјалната полициска единица „Алфи“ поради многуте поплаки од страна на граѓаните за пречекорување на овластувањата и за прекумерна употреба на сила. На состанок на Комитетот за борба против тортура на ООН, што се одржал на 8 мај во Женева, претставници на македонското МВР и на Министерството за правда најавиле дека единицата „Алфи“ наскоро ќе биде распуштена. „Секторот за професионални стандарди има добиено многу поплаки од граѓаните, а бројот поплаки добиени од народниот правобранител и од невладините организации е намален. Тоа покажува дека механизмот за поплаки е прифатен од јавноста. Околу 30 проценти од поплаките се однесуваат на работата на специјалната мобилна единица „Алфи“. Како и да е, таа единица наскоро ќе биде укината“, се вели во извадокот од излагањето на Војче Зафировски, тогашен директор на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди. На состанокот присуствувал и министерот за правда Михајло Маневски. На нашето прашање кога точно ќе биде укината единицата, Зафировски, кој во меѓувреме е префрлен во одделението на МВР за организација и стратегиско планирање, изненадено праша: - Од каде ви е идејата дека единицата „Алфи“ ќе биде расформирана? Кога му посочивме дека таква негова изјава е цитирана во записникот од 825. состанок на 14 сесија на Комитетот за борба против тортурата, Зафировски одрече дека рекол такво нешто. - Тоа не е точно! Реков само дека ќе формираме работна група која ќе ги разгледа забелешките на работата на припадниците на единицата. Тоа веќе го сторивме и кога ќе биде направена целосна анализа, таа комисија ќе донесе одлука - рече Зафировски. Иако имале рок од десет дена за да побараат корекции на содржината на записникот, МВР и Министерството за правда не го сторила тоа, па во него и натаму стои ветувањето дека единицата наскоро ќе биде укината, на што во иднина државата би можело да биде повикана да го почитува ветеното. Контроверзната полициска единица од неуниформирани и вооружени полицајци, позната како „Алфи“, е честа цел на критики во извештаи на домашните и на странските организации и институции за заштита на човековите права. Домашниот Хелсиншки комитет за човекови права во неколку последователни извештаи укажува дека формирањето на единицата не е во согласност со Законот за внатрешни работи, но тоа остана без соодветен одговор од надлежните. Во заклучоците од истата сесија на спомнатиот комитетот на ОН во Женева, се изразува загриженост што недостига независен и надворешен механизам за испитување на случаите на пречекорувања на овластувањата од страна на полицајците и се бараат мерки и активности во тој правец. Сведочења за злоупотреби и слични констатации се изнесени и во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, во кој уште се нагласува дека, според сведочењата, претераната и неоправдана употреба на сила од страна на „Алфите“ најчесто е насочена врз

Министерството за внатрешни работи негира дека нивен претставник се заложил пред Комитетот за тортура при ОН дека полициската единица „Алфи“ ќе биде наскоро укината. За разлика од нив, домашната експертска јавност смета дека оваа специјална единица треба што поскоро да се расформира поради тоа што таа воопшто не е предвидена со закон и заради многубројните критики за нивната работа, како од граѓаните така и од многубројни меѓународни организации. - Од нас воопшто не е побарано укинување на единицата, ниту, пак, размислуваме во таа насока. Неколкупати ни беше само посочено да преземеме мерки за зголемување на ефикасноста и во рамките на тие мерки ние ги расформиравме единиците „Алфи“ во неколку градови во Македонија - изјави вчера Гордана Јанкуловска, министерка за внатрешни работи. Полициската единица „Алфи“ досега неколкупати е критикувана во извештаите на домашни и на странски организации што се борат за заштита на човековите права. Забелешки за работата на „Алфите“ и за нивната прекумерна употреба на сила во изминативе неколку години стигнаа од Комитетот за превенција на тортура при Советот на Европа, од Обединетите нации, Европската унија, како и од домашниот Хелсиншки комитет. Професорката Слаѓана Тасева вели дека формирањето на единицата „Алфи“ не постои во ниту еден официјален документ во Министерството. - Таа единица е формирана наменски и тогашниот министер за внатрешни работи сметаше дека има право на тоа. Во секој случај, треба да се почитуваат препораките што македонските претставници ги даваат надвор за нешто што воопшто не е предвидено со закон - вели Тасева, професор на Европскиот универзитет. Во извештајот на Комитетот против тортура при ОН, во кој има изјава и од претставникот на македонското МВР, Војче Зафировски, во која тој најавува нивно распуштање, се вели дека сите наводи за тортура извршени од службени лица вклучувајќи ги и тие од единицата „Алфи“ треба да бидат истражени, а виновниците да бидат соодветно обвинети и казнети. Жарко Трајановски, експерт за човекови права, вели дека е неразбирливо зошто официјален претставник на Македонија ја негира сопствената изјава. - Факт е дека тоа било сериозно сфатено од страна на Комитетот, за што сведочи и документот со завршните забелешки - дека единицата наскоро ќе ги заврши своите активности. Ветувањето дека башибозукот наречен „Алфи“ ќе замине во историјата се уште не е остварено - вели Трајановски. --------------------------------------------28.11.2008 „Алфите“ ги претресуваат прибежиштата на криминалците Полицијата уште во средата вечерта го пронајде автомобилот „фолксваген голф 3“ со темно сина боја и со затемнети стакла, од кој беше стрелано во тројцата

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

припадници на единицата „Алфи“. Вчера и завчера беа приведени четириесетина осомничени, кои се испитуваат за можна поврзаност со случајот, а кај нив е најдено и поголемо количество нелегално оружје, информира МВР. - По нападот беше направена масовна акција, при што беа анкетирани двесте граѓани, беа направени дваесетина претреси и беа приведени четириесет осомничени - изјави за медиумите министерката Гордана Јанкуловска. Таа потврди дека полицијата и натаму смета дека мотивот за нападот врз патролата на „алфите“ е одмазда. МВР информира дека автомобилот, чии таблички биле фалсификувани, е најден во месноста Кучевишки пат, кај Скопска Црна Гора. Во полициските акции, кои почнаа веднаш по нападот, се приведени околу четириесет осомничени од подрачјето на Скопје и на Куманово. Кај осомничените е пронајдено и оружје кое недозволено го поседувале, запленети се автоматски пушки и пиштоли, кои се предадени за вештачење. Полицијата и вчера продолжи со засилени контролите на главните крстосници во Скопје и на граничните премини, а особено се проверуваат населбите што се сметаат за прибежиште на криминалците. Сомнителните области и натаму се надлетуваат со полициски хеликоптери. Се очекуваат резултатите од вештачењето на 70 пронајдени чаури, за кои веќе се знае дека потекнуваат од четири автоматски пушки. Специјалната единица „Алфи“ е формирана пред четири години, од кога предизвикува контроверзни реакции во јавноста, а критики добива и од меѓународни институции и од граѓанскиот сектор. Главните забелешки претежно доаѓаат од македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права и од Советот на Европа, кои реагираат на бруталноста во полициските акции. И експертите имаат поделени мислења за работата на оваа специјална единица, па одат и во крајности, така што едни тврдат дека тие придонесуваат земјава да заличи на полициска држава, а други дека „алфите“ се покажале како најефикасната алатка досега во сузбивањето на уличниот, но и на организираниот криминал. Дел од нив беа посочени како учесници во изборното насилство. Жителите од неколку македонски општини се побунија против нивното присуство во градовите, како што беше случајот во Дебар. Но, тие добиваат и поддршка, па и пофалби, особено за успешноста во борбата со урбаниот и со организираниот криминал, особено во Скопје. Полицајците од оваа специјална полициска единица само годинава фатиле околу 800 криминалци барани со потерници, велат извештаите на МВР. Тие успеале да расветлат повеќе од 300 кражби и разбојништва, приведени се 443 наркодилери, двојно повеќе од лани, а регистрирана е и поголема ефективност во запленувањето нелегално огнено оружје. Најголемиот број од успешните акции биле во главниот град, каде што криминалот е со највисока стапка. Арифи погребан во Блаце Африм Арифи вчера беше погребан во Блаце. Во вооружениот напад врз тројцата припадници на единицата „Алфи“ на паркиралиштето кај Природно-математичкиот факултет во скопска Гази Баба, 39-годишниот Африм Арифи два часа по нападот им подлегна на повредите на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување. На истата Клиника за живот се бори 33-годишниот Едвард А. кој, според објаснувањата на лекарите од КАРИЛ, поради тежината, местото и видот на повредите, се уште е во критична состојба. Од Клиниката истакнуваат дека продолжува динамичното преземање на сите мерки за лекувањето на повредениот Алексоски. Во нападот полесно повреден беше и 37-годишен полицаец кој е на лекување во Градската болница, а чиј идентитет не се соопштува. Хелсиншки најгласен Хелсиншкиот комитет во неколку извештаи по ред укажува дека формирањето на единицата не е во согласност со Законот за внатрешни работи, што остана без соодветен одговор од надлежните. Најостри забелешки за работата на „алфите” беа изречени во последниот извештај на Комитетот за тортура при Советот на Европа. Во интервјуа со нивни претставници, „значителен број“ македонски граѓани се пожалиле на малтретирање од страна на „алфите“. Многумина од испрашуваните сведочеле дека биле удирани со нога, со тупаници, со пендрек, со дршка од пиштол и со други предмети, пред или за време на сослушувањето. Најчести и најконзистентни биле поплаките за претерана употреба на сила при апсење, врзување на уапсените, па дури и нивното ставање во багажник од автомобил при транспортот до полициска станица.

10.12.2008 Под надзор и сапунот за пациентите во Бардовци Емилија СтефановаНедостиг од 40 медицински сестри и од 20 хигиеничарки, лоша хигиена во тоалетите, многу пациенти сместени во една соба и задржување на пациентите без соодветна судска одлука, се само дел од недостатоците што ги констатирале претставниците на Хелсиншкиот комитет за човекови права, кои неодамна ја посетија Психијатриската болница „Скопје“, која се наоѓа во близина на Бардовци. Комитетот главно ги насочува своите забелешки кон условите во кои живеат пациентите што се сместени таму. Според нив, и покрај тоа што собите се пространи, креветите се пренатрупани и во една соба се сместени од 6-8 пациенти. Според Хелсиншки, тоалетите генерално биле во добра состојба, со оглед на тоа што биле неодамна реновирани, но затоа што еден тоалет го користат сите пациенти во тоа одделение и поради големата влага, тие многу бргу се уништуваат. - Неколкуте тоалети кои не се реновирани се во многу лоша состојба. Ниту во тоалетите, ниту во собите, немаше поставено тоалетна хартија, сапун, шампон и други средства за лична хигиена. Едно од објаснувањето на лекарите беше дека оставањето сапун е ризично за здравјето на дел од пациентите - забележуваат од Хелсиншкиот комитет. На ваквата забелешка од Комитетот, болничката управа одговара дека се планира наскоро да постават пластични држачи за течен сапун. Позитивна оценка од Комитетот добило одделението за психијатриска рехабилитација, каде што се сместени пациенти што се подготвуваат за враќање дома, наречено Хостел. - Во ова одделение условите за престој се беспрекорни, хигиената е на високо ниво, инвентарот и кујната се нови, а и собата за дневен престој и тоалетите се во одлична состојба. Пациентите тука се поттикнуваат сами да се грижат за себе, сами подготвуваат оброци, сервираат и раскреваат. Ова одделение, изградено неодамна, остава впечаток на топлина и на чувство на смиреност, слика што е многу поблиска до вистински дом, отколку до болница - тврдат од Хелсиншки. Но, и покрај објективноста на претставниците на Хелсиншкиот комитет, во граѓанскиот сектор реагираат дека утврдената состојба сепак не мора да е вистинита, бидејќи посетата била однапред најавена. При обиколката на болницата подот во некои простории бил се уште влажен од средствата за чистење, постелнината била уредно наместена и чиста, што, како што забележуваат од другите покритични невладини организации, не мора да значи дека секогаш е така.

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

157

Годишен извештај 158

2008

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2008

Related Documents


More Documents from "Michael"